РАЗЛИЧНАТА УПОТРЕБЛИВОСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Структурно програмирање

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Преглед на државите во Западна Африка

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

КУЛТУРНИТЕ ИДЕНТИТETИ ВО ПОЛИТИКАТА - аспекти на мултикултурализмот -

КУЛТУРАТА, ДРУГОСТА И ЛИТЕРАТУРАТА. Ранко Младеноски Филолошки факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, Македонија

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ

НОВИТЕ МЕДИУМИ И ОТСУСТВОТО НА КОРПОРАЛНОСТА:

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

Коисмение.Штозначиме.

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Task Force Education And Youth

TEORITË PËR IDENTITETIN NË GLOBALIZIM ТЕОРИИ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА THEORIES OF IDENTITY IN GLOBALIZATION

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

Автор: м-р Маја Котевска Октомври, 2015 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Биланс на приходи и расходи

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Биланс на приходи и расходи

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

Смислата на учењето на класичните јазици денес

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ Дидактика

ИМИЏОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОДЛУКАТА ЗА КУПУВАЊЕ КАЈ КУПУВАЧИТЕ

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Жените и културното гето: балкански перспективи

288 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

Археологија: теории, методи и практики. ISBN: Табернакул страници

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО НАУКА ВО СВЕТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

СОЦИОЛОГИЈА НА ФИЗИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТОТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. Студиска програма: Училишна педагогија. Ирена Манева

НЕРАМНОМЕРНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ ВО ЕРА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

СОВРЕМЕНИ ДИПЛОМАТСКИ МЕТОДИ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Рецензенти: д-р Димитар Бајалџиев д-р Миодраг Мицајков д-р Рената Дескоска. Ликовен уредник и цртежи: Илија Прокопиев

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

ПР објави во медиуми

ВОДИЧ ЗА КОРПОРАТИВНА ФИЛАНТРОПИЈА

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ЛИТЕРАТУРНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО СОВРЕМЕН КОНТЕКСТ

Христови Патишта Исус Христос, духовност и Земја:

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

политичка мисла political thought Локалната самоуправа и учеството на граѓаните Local Self-Government and Citizen Participation

Оригинален научен труд UDC :297.05(=163.3)

Клучни зборови: МИР, СТАБИЛНОСТ, ВОЈНА ОРГАНИ- ЗАЦИЈА, ВОЈНИК, КОНФЛИКТ, КРИЗНИ РЕГИОНИ, ГРАДЕЊЕ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Тања МИЛОШЕВСКА УДК: : СОРАБОТКА И ФОРМИРАЊЕ СТРАТЕГИСКИ СОЈУЗИ ПОМЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Transcription:

Различната употребливост на глобалните 316.77(497.7)172(100) РАЗЛИЧНАТА УПОТРЕБЛИВОСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ ОДРЕДНИЦИ, ЕТИЧКИ КОДЕКСИ / КОДОВИ И НОРМИ И ПОДЛОЖНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ И МЕМОРИЈА ОД ВЛИЈАНИЈА Радомир Поповски Универзитет Св.Кирил и Медтодиј - Скопје Апстракт: Овој труд се однесува на т.н. културна ситуација во Р. Македонија, како една од малите или помалку моќни држави, во контекст на големата глобална карта и моќта што флуктуира во тие рамки. Поконкретно, се работи за претпоставката дека востановените меѓународни кодекси не рефлектираат подеднакво врз сите општества и култури, туку на штета на помалите. Ако при тоа се земе предвид и процесот на глобализација, логично е да се очекува дека културниот идентитет на помалите ќе биде посилно инхибиран отколку на оние култури што доминираат во светот. Генерално, тоа е основната поента на ова излагање, оставајќи го отворено прашањето за разрешување на споменатата несразмерност, пред сè на полето на културата и во сообразност со моќта Клучни зборови: културна меморја, универзална етика, културен идентитет, културните проекти како алатки на моќта, најмомоќното оружје на иднината... Егзистенцијата на човештвото едноставно значи: дека луѓето треба да живеат; следен императив е тие да живеат добро... Онтолошки императив: дека и натака треба да продолжат да бидат. Ханс Јонас (Das Prinzip Verantwortung) Ова излагање е во прилог на хипотезата дека глобализацијата го продлабочува јазот помеѓу големите и малите или, попрецизно, основната поента на овој труд е да укаже на можноста дека етичките кодекси/кодови (во глобални рамки) можат да вршат различни рефлексии врз големите, т.е. малите. Неспорно е дека моралните принципи, норми и кодекси (особено нивните меѓународ- 165

Култура / Culture, 8 /2014 ни формулации и важења) играат важна улога при водењето на надворешната политика, односно дека моралот учествува во профилирањето на целите и стремежите на државите и другите актери (Amstuc, 2008:35). Или, како што забележува John C. Bennett, моралните вредности (и покрај тоа што не ги даваат насоките за политиката во една дефинирана и дефинитивна смисла), сепак, учествуваат во разјаснувањето и одредбите на виталните интереси на некоја земја, односно, придонесуваат во јавните политички расправи за целите на надворешната политика, давајќи конечна перспектива, широки критериуми, мотиви, вдахновенија, чувства, предупредувања, морални ограничувања (Bennett, 1966:36). Тоа го забележува и Маrk R. Amstuc, заклучувајќи дека, сепак, моралните норми можат да постават граници во чии што рамки можат да се донесуваат и спроведуваат политичките одлуки (Amstuc, 2008:35-36), а оттука пак моралните норми (...) даваат етички темел при надворешнополитичките проценувања на државите, (...) како и одредување на правилата и структурата на меѓународното општество (Amstuc, 2008:36). Со оглед дека постојат различни патишта по кој што моралните норми влијаат врз меѓународните односи, при што, според Robert W. McElroy особено се важни: совеста на оние кои ги донесуваат одлуките, улогата на меѓународната репутација и влијанието на домашното јавно мнение, ние, пред с, ќе го потенцираме значењето на можностите да се влијае врз домашното јавно мнение. Тоа секако, е она поле врз кое што и тоа како влијаат (и го профилираат) културните феномени. А со оглед на тоа што моето окружение е средината која ми е најблиска и најподатлива за да ги изложам основните поенти во овој труд, е Република Македонија. Поинаку кажано, не би можеле да ја одречеме штетата која, заради глобализациските процеси и нивната логика (и потреби), ќе ја претрпат т.н. мали држави, односно култури. Како поткрепа на оваа хипотеза, кусо кажано, ќе ги истакнеме слабите колена врз кои се држи Универзалната етика, нејзините невоедначени рефлексии (или, ако сакате рецепции) и, конечно можноста големите да манипулираат со нејзините норми и стандарди (таков е примерот со т.н. двојни стандарди, применуван и на просторите на бивша СФРЈ). Во тој контекст, не може да се пренебрегне забелешката на Клод Леви-Строс дека сосема успешната и реализирана комуникација со другиот/другите во пократок или подолг рок ја потенцира или мојата или креативноста на другиот значи, имаме една безмилосна конкуренција помеѓу различните култури, а чиј што најсилен spiritus movens е моќта: во името на и со помош на моќта. * * * Ова излагање сепак ќе го започнеме со еден оправдан оптимизам, повикувајќи се на Бахтин кој, по повод комуникацијата помеѓу (две) култури, вели: Во (...) дијалошката средба помеѓу две култури, тие не се соединуваат и не се мешаат, секоја го задржува своето единство и отворена целовитост, но при тоа заемно се збогатуваат (Бахтин, 2013:206). Понатаму, според Бахтин, разбирањето на туѓата култура не би смеело да биде еднострано (да се гледа светот со очите на таа туѓа култура, при што треба да се заборави својата), туку со творечко раз- 166

Различната употребливост на глобалните бирање (кое не заборава на себе, на својата култура, на своето место во времето, кое не заборава ништо од својата културна севкупност), за, конечно, да се разбере дека туѓата култура само во очите на другиот се разоткрива себеси попотполно и подлабоко (но не во својата севкупна полнотија, затоа што ќе дојдат и други култури, кои ќе согледаат и разберат уште повеќе) (Бахтин, 2013:206). Ова е едната страна на медалот. Секако - дека би било бесмислено да се става негативен предзнак пред комуникацијата или можностите за комуникација помеѓу културите. Меѓутоа, ние говориме за еден друг аспект кој што ја допира културата и се користи со неа тоа е феноменот на моќта. Ако пак се земе предвид дека еднаквата дистрибуција на моќ помеѓу државите претставува исклучително ретка појава (без оглед на тоа како моќта се мери) тоа неспорно ја допира и сферата на културата. Уште историчарите на древна Грција изворите на големите војни секогаш ги објаснувале во контекст на хегемониска транзиција. Република Македонија не може да биде исклучок и, како претставник на малите во големата глобална мрежа на моќ, секако ќе го почувствува (веќе го чувствува, а и го чувствувала) тој удар на моќта. Да го разгледаме малку повеќе ова прашање. * * * Најпрво би забележал една невообичаена реакција (која целосно не ја проникнува македонската култура, ама сепак е значително присутна), реакција која најчесто е вообичаена при средбата на различните култури: различноста на културите на луѓето попрво им се чини како нешто нелагодно, нешто што тие не го прифаќаат така лесно. Клод Леви-Строс вели: Најстариот став, кој што несомнено почива на солидни психолошки темели (...) тежнее да се појави кај секој од нас кога ќе се најдеме во неочекувана ситуација, се состои во тоа што просто ги отфрламе културните форми: моралните, религиозните, социјалните, естетските, кои се најоддалечени од оние со кои се идентификуваме. (...) тоа го нема кај нас, тоа не би требало да се дозволи итн., (...) груби реакции кои пренесуваат слична нелагодност, слична одбојност, кога се соочуваме со начин на живеење, верувања и мислења кои нам ни се туѓи (Klod Levi-Stros, 2011:36) И во античкиот свет сето она што не ѝ припаѓало на грчката култура било именувано како варварство. Интересно е што во Р. Македонија, секако, покрај изразеното чувство на патриотизам и респектирање на својот културен идентитет, постои, за жал и воодушевување што ескалира до еуфорија кога станува збор за напредната, големата, волшебната западна култура. Ова остава простор за размислување дека нам не н е потребен никаков тројански коњ, ние изгледа не само што сме ги оставиле отклучени своите културни порти, туку сме дозволиле и портите да н ги однесат (секоја култура треба да има одредени долни граници на својата презервација, превенција и профилактика). Како светла точка, меѓутоа, не можеме а да не ја евидентираме истрајноста во спорот со името, бидејќи името е најзначајниот сигнификатор на македонскиот културен идентитет. Очекувано е спротивната страна да се обиде да ја продолжи и суптилизира својата стратегија, при тоа обидувајќи се да влијае врз измени во културната историја, да пер- 167

Култура / Culture, 8 /2014 вертира во културната меморија, да предизвикува внатрешни идеолошки, политички, етнички, верски или некои други конфликти. При тоа секако дека ќе се обидува да влијае и однадвор во смисла што ќе ги поттикнува, стимулира или подложува на демагогија надворешните лоби групи на јазлите на внатре-македонската матрица (ова првенствено имплицира меѓуетничка затегнатост, по можност и конфликт). Едно од епицентралните прашања во ова излагање е прашањето на моќта во смисла на една комплементарна нераскинливост помеѓу: процесот на глобализација (како потреба наметната од најсуштествениот, постаментален чинител на моќта капиталот и неговата нужност од движење, пенетрирање ), културниот дискурс што глобализацијата го покренува и наметнува (а за кој сметам дека е унифицирачки ) и матрицата што тие ја чинат со културната меморија, идентитетот и самосвојноста или, ако сакате разнообразноста, како позитивна културна одредница која, во тие услови мора да мине низ многу филтри и, според мене, да се унифицира. Сметам дека културата на глобализацијата оди на штета на самосвојноста и идентитетот на малите народи, на помалку моќните култури. Зошто...? (Затоа што оние кои што имаат поголема моќ во процесот на глобализација во секој поглед наивно е да се мисли дека влечат потези кои всушност не се во склопот на претходно промислена, конструирана и иницирана стратегија. Е сега, некој може да се запраша Каква врска имаат одредени кодекси особено етички кодекси, со нанесување штета на помалите? Ќе се обидам да одговорам на ова прашање прегнантно, и покрај тоа што тоа е клучно прашање во ова излагање. Постојат многу етички кодекси без кои не се може. Тоа е факт. Без етиката и моралот човештво не би опстанало. i Да разјасниме. Мноштвото етички кодекси, не само што се конструктивни, потребни туку и нужни. Така на пример Етичкиот кодекс на Универзитетот Св. Кирил и Методиј е указ со кој се кажува како и зошто одредени етички вредности и норми треба да бидат сообразени на однесувањето, работењето, целите/целењата и (над)градбата на личноста не неговите дејци. Овој Етички кодекс е потребуван, погоден и пожелен акт за секој интелектуалец и пошироко: за секоја личност што тежнее кон збогатување и усовршување на својата културнообразовна објективација. Етичкиот кодекс ii претставува морална дефинираност која има нормативна природа, а неговиот нормативен профил, заснован врз прописите и принципите на дејствување, ни посочува или налага што треба да се прави и како треба да се постапува. Меѓутоа, сите кодекси немаат целосно етичка димензија и преку таквите кодекси оние кои во иднината можат да бидат манипулативно креирани моќните столбови (иницијатори и реализатори) на глобализацијата, за побрзо и поефикасно реализирање на своите цели (транслиферација на капитал и моќ), можат да вршат различни видови културни инхибиции и трансформации (до степен на девастација) онаму каде тоа ќе биде од потреба за нивните цели. Спротивно на унификацијата и хомогенизацијата (како резултати на глобализацијата) постојат културните разлики што е повторно комплексно и отворено прашање, прашање што повлекува дилема при признавањето на културните разлики (кај етнолозоте како експерти за тој културен про- 168

Различната употребливост на глобалните фил). Како што забележува Кристијан Џордано, првична е опасноста од диференцијалистичкиот релативизам. Се работи за доктрина, раширена во културната антропологија, која што ги нагласува и позитивно ги конотира социо-културните разлики позитивно предзначувајќи ги со аргументот на нивната културна специфичност. И тоа без оглед дали се работи за мафијашки престапи, ритуален канибализам, спалување на луѓе во Индија или Вендета (во Албанија, на Сицилија, Црна Гора итн.). Работите одат дотаму што, како што забележува М. Шуваковиќ: Еден исказ останал забележан како ознака за епохално-нетранспарентна и афективнокритична, можеби цинична идентификација на односите помеѓу уметноста и катастрофата, т.е. терористичкиот напад од 11. септември 2001 (Šuvaković, 2012:302). Станува збор за изјавата на германскиот композитор Карлхајнц Штокхаузен, според која (парафразирам) она што се случило... е најголемото уметничко дело на сите времиња, очигледно е аксиолошко первертирање par excellence, без оглед што тоа е иманентно за авангардата. Да не заплеткуваме, мојот став ја поддржува културната различност (наспроти глобалистичките хомогенизации и културни стерилизации), но при тоа, секако, држам до стандардите кои уште повеќе би требало да се потенцираат во рамките на една Универзална етика. Постојат и други проблеми во претходниов контекст. Голем проблем на пример е неспоивоста на официјално признаените културни специфичности на одредени групи (од една страна) и правната еднаквост и рамноправност помеѓу индивидуите (од друга страна). Токму тука има простор за манипулации однадвор преку повикување на одредени кодекси и, повторно, примена на т.н. двојни стандарди (често пати применувана од велесилите при нивните хумани интервенции). Во тој контекст е и промената на стратегија (во Ирак, на пример, Садам прво бил инструиран на определен начин да повлекува одлуки, за потоа тоа да биде искористено како аргумент против ). На просторите на бивша СФРЈ најтипичен двоен стандард беше различниот став на Западната алијанса по едно, во суштина исто прашање: алијансата зазема сосема инаков став за еден ист проблем, што се пројави на Косово и во Хрватска (Крајина). Без оглед на мотивите на алијансата (санкционирање на Србија како главен иницијатор за воените дејствија и крвопролевања на просторите на бивша СФРЈ), светот сепак не смееше да дозволи сметката да ја плаќа цивилното население. Практично и самата алијанса прекрши многу правила (и права) гарантирани со Женевската конвенција (бомбардирање на болници, на автобус полн недолжни цивили на Косово... итн.). Каква може да биде нивната одбрана пред Dike?! * * * Чинам дека Р. Македонија се надмина себе си во изградбата на една арихетектура на плуралитетот, таа покажа значајна умешност при артикулирањето на различностите. Не само што го избегна братоубиственото крвопролевање во рамките на судирите при распаѓањето на СФРЈ (конфликтот од 2001. е од друга природа), туку успеа да востанови мултикултурно општество и да обезбеди мир на својата територија. Секако дека не можеше да го сруши и главниот столб на својата државотворност и културна архитектоника името, и покрај тоа работите не одеа на рака во поширок кон- 169

Култура / Culture, 8 /2014 текст. Сметам дека дури и постмодерната, како главен архитект на мас-културата и иницијатор на потрошувачкиот аспект само ја отежна работата со идентитетот. Еве и зошто. Најкусо кажано, човековите потреби, можеме, подведувајќи ги под една дихотомија, да ги класифицираме како материјални и духовни. Во матрицата на духовните потреби пак, доминантната улога припаѓа на потребата од идентитетот (Роџерс, Маслов...). Антрополошкиот редукционизам, за жал доминантен на Западот, е радикално спротивен на почитта и прифаќањето на Другиот (tat twam asi), што пак е иманентно на културите на Истокот. И тука Македонија се соочува со тешки проблеми. Додека во своето мултикултурно општество обезбедува еднакви услови за Другиот (другите етнички групи), на македонските малцинства во соседството не им се возвраќа според стандардот на реципроцитет. И повторно виновникот е малата економска моќ што рефлектира со мал авторитет кај големите пријатели (економската моќ е клучот за глобалните порти). Извонредната геостратешка позиционираност на Македонија не е од голема помош, бидејќи моќните настапуваат императивно, а на нивните императиви (воена моќ, политичка моќ, економска моќ и доминација), немаме соодветни аргументи за одговор. Меѓународните комуникации од типот на договор преговор немаат ама баш никакво значење и важење, доколку немаат соодветна политекономска тежина. Сензибилниот македонски полит-економски профил не може а да не рефлектира и врз културните состојби, врз културните феномени. Рековме, тие можат да бидат иницирани и однадвор. Како пример, ќе ја наведеме тезата за социјална драма од Виктор Тарнер iii. Според него постои феномен кој го нарекува општествена драма, која се манифестира како прекршување на некоја норма, нарушување на правилата на моралноста, на законот, обичаите, или на прикладното однесување во некоја јавна арена. Кога еднаш ќе стане видлива, таа (општествената драма) тешко може да се отповика (таков е случајот со моштите на Левски во соседна Бугарија iv ). Во случајот со Васил Левски, доминантната теза (дека неговите мошти биле префрлени и повторно закопани во црквата Св. Петка во Софија) била оспорена внатре научната заедница, дури и внатре една институција, Археолошкиот институт (како што забележува Марија Тодорова). Не треба да се биде многу умен па да се разбере дека вакви социјални драми (особено во мултиетнички општества, каква што е Македонија), и тоа како можат да бидат во продукција однадвор. Настапува конфликт со неизвесни последици, in ultima linea и по самиот културен идентитет. Рековме, македонскиот културен идентитет боледува од многу болести, од кои, како најважни би ги споменале: когнитивното (вродено) заболување (ако не од раѓање ама десетици векови) кое се состои секогаш да биде во заедница со подоминантниот/те, или, во превод под окупација; секојпат да биде во комуникација со содружници кои имаат говорни потешкотии па не можат да го изговараат крсното име и имаат потреба од негови видоизменувања... и уште еден куп полесни заболувања. За идентитетот, пак, од големо значење е културната меморија. * * * Културната меморија, со оглед дека се работи за веќе омнипрезентен и омнипотентен феномен, фе- 170

Различната употребливост на глобалните номен кој што се изучува и во контекст со политиката, социо-психологијата, идентитетот... итн. претставува значајна алатка при нивелирањето и унапредувањето на општеството (но исто така би можела да повлече и во спротивна, општествено деструктивна насока). Како мошне интересно, меѓу мноштвото релации, ќе го истакнеме прашањето на односот меѓу јазикот и меморијата. Практично се работи за една студија на Џералд Ештерхоф под наслов Јазик и меморија: социјални и когнитивни процеси. Според овој автор можноста јазикот да ја обликува меморијата како еден вид на знаење фасцинирал мноштво научници во различни дисциплини: психологијата, философијата, социологијата, лингвистиката, антропологијата и културните студии. Ова е мошне сериозно поле за уште посериозни истражувања и експерименти (отворени секако). На пример, кога во средствата за јавно информирање еден ист инцидент различно ќе се етикетира, тој ќе евоцира и различни претстави и различни проценки кои ќе влијаат врз преобликувањето на инцидентот при подоцнежни навраќања (сеќавање) на него: едно е инцидентот да се претстави како акт на самоодбрана, а сосема друго како несовесен напад врз невини цивили. Сосема е оправдано (со оглед на безбројните примери во историјата, политиката, медиумите и меѓучовечките комуникации) да се истражува феноменот на инфлуенца на јазичните форми; јазичните форми може да резултираат со длабоки ефекти врз меморијата во своите индивидуални, колективни и културни маинфестации. Значи, и влијанието на јазичните ефекти врз меморијата ја профилира културната димензија на меморијата. Со оглед дека во САД когнитивните науки веќе на големо ја имаат прескокнато кибернетиката, може само да претпоставиме колку далеку е внурнато во длабочините на науката, а научните резултати, за жал, се практикуваат и во функција на растежот и пенетрацијата на моќта. Сметам дека можеме, што се однесува до Р. Македонија (или некоја друга мала држава, но со автентична и богата културна заднина) да изнајдеме разно-разни настани и можности, врз кои би можеле да се применат достигнувањата од когнитивнонаучните истражувања. На прашањето дали може да се влијае врз културниот идентитет мојот одговор не само што е позитивен, туку таа можност ја сметам за една од клучните алатки на моќта. Она што ќе се избрише од културната меморија или на некој друг начин ќе го инхибира културниот идентитет (преку, јас би ја нарекол, проектирана меморија) неповратно ќе биде и изгубено. Таков е примерот со Скопје пред и после земјотресот, особено со Скопје пред и после 2000. ЗАБЕЛЕШКИ [1] Етика и морал се два мошне слични поими, првиот е од грчко вториот од латинско потекло. Ќе бидам краток: Етика значи како личноста, како Јас, го промислува и практикува моралот. [2] Кодекс (лат.) зборник на закони или порписи; пропис, правило/ правила на постапување во одредена ситуација или професија, најчесто со етичка димензија (кодекс на новинарите, на лекарите и сл.) [3] Victor Turner: Social dramas, во he anthropology of performance, Paj Publication, New York, 1987, стр. 146. [4] Види: Marija Todorova: Dizanje prošlosti u vazduh, Čigoja štampa, Beograd, 2010. 171

Култура / Culture, 8 /2014 ЛИТЕРАТУРА [1] Amstuc, Mark R. (2008). Меđunarodna etika. Beograd: Službeni glasnik [2] Бахтин, Михаил. (2013). Естетика језичког стваралаштва. Нови Сад: Издавачка књижарница Зорана Стојновића, Сремски Карловци [3] Bennett, John C. (1966). "Foreign Policy", in: Christian Perspective. New York: Scribner s [4] Levi-Stros, Klod. (2011). Rasa i istorija; Rasa i kultura. Beograd: Karpos [5] Serple, Robert. (1978). Uticaj kulture na ponašanje.beograd: Nolit, 1978. [6] Šuvaković, Miško. (2012). Umetnost i politika: savremena estetika, filozofija, teorija umetnosti u vremenu globalne tranzicije, Beograd: Službeni glasnik, 2012. [7] Todorova, Marija. (2010). Dizanje prošlosti u vazduh. Beograd: Čigoja štampa [8] Victor Turner. (1987). The anthropology of performance. New York: Paj Publication, 1987. 172