ЗА СПЕЦИФИКИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПЕРИОДОТ ГОДИНА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР

Биланс на приходи и расходи

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

Биланс на приходи и расходи

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

АНАЛИЗА НА КРИМИНАЛНОТО ЗДРУЖУВАЊЕ И ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ОД КАЗНЕНО ПРАВЕН АСПЕКТ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

КВАЛИФИЦИРАНИ УБИСТВА СПОРЕД НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА НА БЕЗБЕДНОСТА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА УЧЕСНИЦИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ВО Р.МАКЕДОНИЈА

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

КРИВИЧНОТО ДЕЛО НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИ ВО МАКЕДОНСКО ПРАВО

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

ПРАВНА АНАЛИЗА НА КОНЦЕПТОТ НА КАЗНЕНОТО ДЕЛО НА ОМРАЗА И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

ВЛИЈАНИЕТО НА ОБЈЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ ВРЗ УТВРДУВАЊЕТО НА НЕПРЕСМЕТЛИВОСТА ВО КАЗНЕНОТО ПРАВО

Структурно програмирање

ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ТЕОРЕТСКИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

март - јуни 2006 година

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Коисмение.Штозначиме.

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Социо политички и правни аспекти на аболицијата во меѓународната заедница

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Број јануари 2015, среда година LXXI

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Преглед на државите во Западна Африка

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

- Пом. Асс. Олга Ѓуркова Универзитет Гоце Делчев - Штип Правен факултет

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

J.Z.U. Centar za javno zdravje-skopje Republika Makedonija

УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ 2. Подвижни тротоари на Париската изложба во 1900 година

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Лидија Брашер Тајд (Lydia Brashear Tiede) Анализа на македонската казнена политика и препораки за нејзиниот иден развој: Кон поеднообразен систем

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

МЕЃУНАРОДЕН ТУРИСТИЧКИ СООБРАЌАЈ

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

БОРИС МУРГОСКИ П. Фах 103 Скопје.

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Transcription:

Доц. д-р Александра Деаноска Трендафилова 1 ЗА СПЕЦИФИКИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПЕРИОДОТ 2002-2011 ГОДИНА УДК 343.346.1/.5(497.7) 2002/2011 1.02 Прегледна научна статија 1. Општо за сообраќајниот криминалитет; разграничување на поимите сообраќајни прекршоци и сообраќајни казнени дела Кривичните дела против безбедноста на јавниот сообраќај претставуваат специфична група на дела инкриминирани во македонскиот Kривичен законик чија казненоправна заштита поаѓа, односно е фокусирана врз финалниот резултат од дејствието на учесниците во сообраќајот. 2 Се работи за дела кои по својата природа претставуваат дела против сигурноста на луѓето и имотот, но се детерминирани и издвоени како посебна систематска целина поради тоа што најчесто претставуваат дела на конкретно загрозување извршени во специфичната сфера на сообраќајот. Сообраќајните кривични дела претежно се карактеризираат со голема материјална штета и повреда или смрт на некое лице учесник во сообраќајот (вклучително и пешаците). Според Светската здравствена организација, околу 1,3 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи (или околу 3.500 лица дневно), а околу 50 милиони се повредени или се здобиваат со траен физички инвалидитет во текот на една година. Во популацијата на возраст од 15-29, тие се главна причина за смртност. 3 Како највулнерабилни групи се детектираат децата, пешаците, велосипедистите и мопедистите, како и постарите луѓе. 4 Бројот на собраќајни незгоди бележи пораст, кој според криминолозите се должи на повеќе групи фактори: објективни и субјективни. 5 Меѓу објективните фактори, најбројни се зголемувањето на бројот на возила, состојбата на патиштата, несоодветната регулираност на сообраќајот, временските услови итн., додека субјективни фактори се: неспособноста за возење, слабиот вид и слух, намалената концентрација, психичките фактори, како што е т.н. секунда на стравот, неразвиената сообраќајна свест и култура, прекумерното уживање на алкохол и сл. 6 Казнивите дела, воопшто, во сферата на јавниот сообраќај се делат на сообраќајни прекршоци и сообраќајни казнени дела, при што, според казненоправните теоретски гледишта на определени автори (Камбовски, Тупанчески и др.), првите се определуваат како дејствија кои претставуваат 1 Доцент, Правен факултет Јустинијан Први Скопје. 2 Камбовски, В., Тупанчески, Н. (2011), Казнено право посебен дел, Скопје, стр. 395. 3 Подетално в. на url.: http://www.who.int/mediacentre/events/annual/road_victims/en/index.html 4 http://www.who.int/violence_injury_prevention/road_traffic/en/index.html 5 Подетално, в. Milutinovic, M. (1969), Kriminologija, Beograd, стр. 187-188. 6 Ваквата поделба освен кај Milutinovic се среќава и кај Кајзер, Игњатовиќ, а ваквата поделба во нашата криминолошка мисла ја застапува и проф. Арнаудовски, подетално в. Арнаудовски, Љ. (2007), Криминологија, Скопје, стр. 411. 1

апстрактно загрозување на заштитениот објект, а вторите се дела на конкретно загрозување. 7 Сепак, ова не може да се земе за докрај издржан критериум, затоа што конкретна опасност (и штета) може да се забележи и кај определени прекршоци кои се разликуваат од казнените дела преку поставувањето на т.н. посебен услов на инкриминацијата или поточно објективен услов на казнивоста. 8 Исто така, и некои облици на сообрачајни казнени дела, може да претставуваат дека на апстрактно загрозување. Критериумот вид на опасност се забележува и кај криминолозите, па така, и Milutinovic, смета дека апстрактната опаснот е својствена за прекршоците во сферата на сообраќајот, додека конкретната опасност по животот и/или имотот на луѓето, за казнените дела. 9 Арнаудовски, пак, истакнува дека иако сообраќајните казнени дела и сообраќајните прекршоци се квалитативно и квантитативно различни деликти, тие се обединуваат во единствен поим на сообраќајна деликвенција, затоа што се меѓусебно блиску поврзани. 10 Сообраќајните прекршоци (како и сите други прекршоци) од позитивноправно гледиште претставуваат противправни дела кои со закон се определени како такви и за кои е пропишана прекршочна санкција. 11 Тие се опфатени со повеќе закони: Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата 12, Закон за безбедност во железничкиот сообраќај, Закон за воздухопловство итн. За нив (за полнолетни сторители) се предвидени следните санкции: глоба, опомена, престанок на важење на возачка дозвола, забрана на управување со моторно возило, забрана на вршење професија, дејност или должност, протерување на странец од земјата и задолжително лекување на алкохоличари и наркомани (лица со болести на зависности). 13 Сообраќајните прекршоци се многубројни по своите облици и претставуваат едни од најзастапените во вкупниот број на сторени прекршоци воопшто. 2. Карактеристики на казнените дела против безбедноста на јавниот сообраќај 7 Камбовски, В., Тупанчески, Н. (2011), Казнено право посебен дел, Скопје, стр. 396. 8 Камбовски, В. (2011), Казнено право општ дел, Скопје, стр. 187-188; Марјановиќ, Ѓ., Каневчев, М. (2010), Казнено право општ дел, Скопје 9 Milutinovic, M. (1969), Kriminologija, Beograd, стр. 185. 10 Арнаудовски, Љ. (2007), Криминологија, Скопје, стр. 404-405. 11 Закон за прекршоците ( Службен весник на Република Македонија бр.62/2006; 69/2006 и 51/2011). Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.21/2009 од 9 декември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр.157/2009. 12 Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата ( Службен весник на Република Македонија бр. 54/2007; 84/2007; 86/2008; 98/2008; 106/2008; 64/2009; 161/2009; 36/2011; 51/2011 и 114/2012). Одлуки на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.114/2007 од 16 јануари 2008 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 15/2008; У.бр.41/2008 од 24 септември 2008 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 128/2008 и У.бр.144/2007 од 14 јануари 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 16/2009. Закон за возила ( Службен весник на Република Македонија бр. 140/2008); Закон за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај ( Службен весник на Република Македонија бр. 161/2009); Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта ( Службен весник на Република Македонија бр. 44/2012) и Закон за изменување и дополнување на Законот за возила ( Службен весник на Република Македонија бр. 123/2012). 13 Закон за прекршоците, чл.13. 2

Казнените дела против безбедноста на јавниот сообраќај се претставени во гл. 27 од Кривичниот законик (чл.297-304) како свој објект на заштита ја имаат безбедноста на луѓето и имотот во сферата на сообраќајот како една типична и широка сфера на опасност. Оттука, како што веќе напоменавме, овие дела се слични со делата против општата сигурност на луѓето и имотот, но имаат и значителни разлики, како што се: различен обем/интензитет на опаснот, различен извор на опасност (кај едните општоопасно средство или дејствие, кај другите не) итн. Внатрешната систематика на оваа глава опфаќа две групи дела: казнени дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и казнени дела против безбедноста во воздушниот сообраќај. 1. Загрозување на безбедноста на сообраќајот (чл.297). Ова претставува дело на конкретно загрозување, при што се разликуваат два облици. Првиот е делото на загрозување на патниот сообраќај, а вториот ги опфаќа делата на загрозување на другите видови сообраќај. Кај загрозувањето на безбедноста на патниот сообраќај, дејствието на извршување се состои во непридржувањето кон сообраќајните прописи, при што како последица настапува опасност за животот или телото на луѓето или за имот од значителен обем. Тука како објективен улов на инкриминација се поставени телесната повреда на некое лице или настапувањето на значителна имотна штета. Законот ги инкриминира, во поглед на субјективното битие на делото, и умисленото и небрежното извршување. Објективниот услов на инкриминација е надвор од законското битие на делото и тој не мора да е опфатен со умислата на сторителот. 14 Вториот облик ги опфаќа другите видови сообраќај: автобуски, железнички, воздушен, бродски, на жичари и сл. и во другите елементи е истоветен со оние од првиот облик. 2. Загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство (чл. 298). Ова дело ги покрива дејствијата што не можат да се покријат со прекршувањето на сообраќајните прописи, а што се општоопасни по својата природа. Кај него не е предвиден објективен услов на инкриминација, а се казнуваат и двата облици на вина: умисла и небрежност. 15 3. Несовесно вршење надзор над сообраќајот (чл.299). Ова дело претставува дело на конкретно загрозување и специјално дело, затоа што извршител може да биде само лице чија професионална должност е да се грижи за безбедно одвивање на сообраќајот. Инкриминацијата опфаќа два основни облици, при што првиот го врши одговорно лице за надзор над сообраќајниците и објектите на нив кој таквата должност несовесно ја врши при што настанува конкретна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од значителен обем, додека вториот облик го врши одговорно лице што издава налог за возење и истото го дозволува иако знае дека возачот од определени причини не може безбедно да управува со возилото или дека возилото е неисправно и сл. Во поглед на субјективното битие, се казнува умисленото извршување на делото. 16 14 Камбовски, В., Тупанчески, Н. (2011), Казнено право посебен дел, Скопје, стр. 399-402. 15 Ibid, стр. 404-405. 16 Камбовски, В., Тупанчески, Н. (2011) Казнено право посебен дел, Скопје, стр. 405-407. 3

4. Тешки дела против безбедноста на луѓето и на имотот во сообраќајот (чл.300). Овој член ги опфаќа тешките облици на делата од чл. 297 до 299 каде што настапиле тешки телесни повреди, смрт или имотна штета од големи размери. Со оглед на тоа што кај некои од основните дела веќе е предвиден објективен услов на инкриминацијата, некои автори овие дела ги нарекуваат дела квалифицирани со потежок услов на инкриминација. 17 5. Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода (чл.301). Оваа инкриминација е специфична по многу карактеристики. Прво, таа претставува едно од ретките дела на пропуштање (несторување) инкриминирани во нашиот Кривичен законик, поточно ја содржи идејата на гарантниот омисивитет; зад неа не стои прохибитивна, туку императивна норма. Второ, ова дело претставува специјално дело на излагање на опасност. Трето, извршителот на ова дело има специфично својство, а тоа е лицето (лицата) со чие возило/возила е повредено лицето на кое треба да му се укаже помош. Должноста за укажување помош на лицето повредено во сообраќајна незгода сторителот ја има дури и ако други лица можат или веќе му ја укажуваат таквата помош. Субјективната страна на делото е умислена, а инкриминацијата одржи и потежок облик кој го опфаќа настапувањето на тешка телесна повреда или смрт на повредениот како последица на неукажувањето помош. По однос на потешката последица потребно е сторителот да постапувал од небрежност, во спротивно би се работело за дело на тешка телесна повреда или убиство. 18 6. Дела против безбедноста на воздушниот и/или бродскиот сообраќај(чл.302-304). Во оваа група спаѓаат следните дела: грабнување на воздухоплов или брод (чл.302), загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај (чл. 303) и уништување или отстранување на знак што служи за безбедност на воздушниот сообраќај (чл. 304). Делата од чл.302 и 304 се дела на апстрактно загрозување, а тоа до чл. 303 дело на конкретно загрозување. Во поглед на вината, делата од чл. 302 и 304 се умислени, додека кај делото од чл. 303 се казнува и умисленото и небрежното сторување. Прашањето за вината кај казнените дела против јавниот сообраќај. Вината кај оваа категорија казнени дела е едно од посложените прашања. По дефиниција, вината или казнената одговорност претставува индивидуална и субјективна одговорност на сторителот за неговото дејствие што ги исполнува законските обележја на казнено дело. 19 Вината се појавува во два основни облици: умисла и небрежност, при што умислата доминантно се казнува, за разлика од небрежноста која се казнува по исклучок, само кога законот тоа изречно го пропишува. Кај сообраќајните деликти небрежната вина е предвидена кај скоро сите дела. Целисходноста и криминалнополитичката определба на казнувањето на делото и кога е извршено од небрежност, тука се оправдува тргнувајќи од фактот дека кај повеќето од овие дела постои посебен услов на инкриминацијата, т.е. се предизвикува материјална штета од значителен обем или телесна повреда на некое лице, па дури и смрт. 17 Ibid, стр. 407. 18 Ibid, стр. 408-409. 19 В. Камбовски, В. (2011), Казнено право општ дел, стр. 246. 4

Сепак теоретичарите и практичарите укажуваат на тешкотиите на кои наидуваат во утврдувањето на точниот облик на вина. Имено, ако го земеме предвид фактот дека најчесто учесниците во сообраќајот немаат намера некому (па и себеси) да наштетат и да го доведат во опасност својот и животот на другите лица (освен доколку сообраќајот се злоупотребува за извршување на некое дело), недостасува волевата компонента во структурата на вината во конкретен случај. 20 Оттука, тешкотиите се најизразени во случајот на разграничување на евентуалната умисла од свесната небрежност, што е казненоправно релевантно и за точната правна квалификација и консеквентно, за видот/висината на казната. Евентуална умисла постои кога сторителот бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување. 21 Свесната небрежност, според законската одредба од чл. 14 од Кривичниот законик 22 постои кога сторителот бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи. Во нејзината структура се забележуваат два елементи: свест за делото и лекомислен однос кон последицата. 23 И кај овие дела, за разграничување на едниот од другиот облик на вина се употребува критериумот на безобѕирност; имено, ќе постои евентуална умисла доколку сторителот крајно безобѕирно смета дека нема да настапи штетната последица, т.е. својата желба (надеж) не ја заснова врз нешто сигурно. Такви се случаите кога едно лице управува во алкохолизирана состојба и сл. 24 Специфичноста на обликот на вина кај сообраќајните дела ја детектираат и криминолозите. Така, тие претежно ги набљудуваат овие дела низ призмата на небрежното извршување (така, Арнаудовски), истакнувајќи дека кај оваа појава, криминалното не е така нагласено како кај другите видови криминалитет. 25 3. Движењето на одделни облици сообраќаен криминалитет во периодот 2002-2011 г. 3.1 Бројот на сообраќајни незгоди со телесни повреди и со смртни последици во периодот 2002-2010 година 26 Сообраќајните незгоди, често именувани и како сообраќајни несреќи и со слична терминологија, од позитивноправен аспект се најчесто последица на дејствие кое е забрането и претставува повреда на некој материјален пропис со кој 20 Вака и Камбовски, В., Тупанчески, Н. (2011) Казнено право посебен дел, Скопје, стр. 398 21 В. Каневчев, М. (2010), Кривичен законик интегрален текст со кратки упатства, објаснувања и регистар на поимите, стр. 16 (чл. 13). 22 Каневчев, М. (2010), Кривичен законик интегрален текст со кратки упатства, објаснувања и регистар на поимите, стр. 16 (чл. 14). 23 Подетално в. Камбовски, В.(2004), Казнено право општ дел, Скопје, стр. 574-579. 24 В. Камбовски, В., Тупанчески, Н. (2011) Казнено право посебен дел, Скопје, стр. 398. 25 Арнаудовски, Љ. (2007), Криминологија, Скопје, стр. 401. 26 Табелите од овој наслов се преземени ос сајтот на Министерството за внатрешни работи, www.mvr.gov.mk, и за однесуваат за период до 2010 година. Податоци за 2011 година, сèуште не се објавени. 5

се регулира сообраќајот воопшто или некој негов сегмент или облик. 27 Оттука, тие се квалифицираат како сообраќајно казнено дело или сообраќаен прекршок, зависно од дејствието, но (почесто) и од настанатата последица. Во полициската статистика најчесто се именуваат како сообраќајни незгоди, па во овој труд, во делот на нивниот статистички приказ, ќе се користи истата терминологија. Сообраќајните незгоди во кои има и настрадани лица претставуваат сообраќајни казнени дела, од причина што фактот дека некое лице е повредено или го загубило животот го исполнува објективниот услов на инкриминацијата. Нивниот број кај нас и во светот постојано се зголемува и тоа е карактеристика не само на последнава, туку и децении наназад. Ваквиот пораст се должи на многу фактори, но генерално на т.н. дезорганизација во сообраќајот. 28 Податоците кои се презентирани подолу го претставуваат движењето на оваа категорија во последните десетина, а се преземени од Министерството за внатрешни работи. Преглед на настрадани лица по возраст за периодот 2002-2010 година 29 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 од 0 до 13 од 14 до 17 од 18 до 24 од 25 до 65 260 71 338 466 497 543 619 600 623 200 39 223 284 366 492 416 416 370 643 101 732 1019 1230 1552 1711 1594 1340 1497 2657 1784 2550 2983 3719 4140 4281 4204 ВКУПНО 2600 2868 3077 4319 5076 6306 6886 6891 6537 Како што може да се забележи, бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди бележи тренд на значаен пораст. За период од само 4 (2002-2006) тој е удвоен, а во следните 4 исто така расте, но со намалено темпо. Во 2010 година се забележува благо опаѓање во однос на претходните 2. Најбројни се жртвите на возраст од 25 до 65, потоа жртвите на возраст од 18-24 и децата од 0 до 13. Категоријата настрадани лица претставува вкупна бројка на загинати и повредени лица. 27 Арнаудовски, Љ. (2007), Криминологија, Скопје, стр. 401. 28 Ibid., стр. 403. 29 Ги опфаќа повредените и загинатите лица. 6

Преглед на загинати лица по возраст за периодот 2001-2010 година 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 од 0 до 13 од 14 до 17 од 18 до 24 од 25 до 65 11 10 10 6 5 7 7 4 6 11 3 10 8 4 15 6 5 4 27 16 13 21 14 25 19 28 22 127 89 122 108 117 126 130 123 130 ВКУПНО 176 118 155 143 140 173 162 160 162 Во вкупниот број на настрадани лица, бројот на загинати лица се движи од 6,7% во 2002, 2,8% во 2006 година, до 2,47% во 2010 година. Како апсолутна бројка, бројот на загинати е прилично константен, со благо опаѓање имајќи го предвид целиот период, но всушност се намалува учеството на бројот на загинати лица во вкупниот број на настрадани, затоа што таа бројка е доста зголемена (од 2600 во 2002 година на 6537 во 2010 година). Најголемиот број од жртвите припаѓаат на категоријата од 25 до 65, а најмалку учестува возрасната група од 14 до 17. Преглед на повредени лица по возраст за периодот 2002-2010 година 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 од 0 до 13 од 14 до 17 од 18 до 24 од 25 до 65 249 61 328 460 492 536 612 596 617 189 36 213 276 362 477 410 411 366 616 85 719 998 1216 1527 1692 1566 1318 1370 2568 1662 2442 2866 3593 4010 4158 4074 ВКУПНО 2424 2750 2922 4176 4936 6133 6724 6731 6375 7

Иако констатиравме дека бројот на загинати лица се намалува, бројот на повредени лица во сообраќајните незгоди се зголемува како што се зголемува и вкупниот број на настрадани лица. Бројот на повредени учествува во вкупниот број на настрадани со над 92% во 2002 година, 97% во 2006 година, до околу 97,5% во 2010 година. Во поглед на припадноста на жртвите по возрасни групи, се забележува истиот тренд како и во претходните случаи. Според статистиките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, најчеста причина за сообраќајните незгоди се: брзото возење, потоа доаѓаат непочитувањето на правилата на првенство на минување, непрописното движење и свртување, недржењето страна и правец на движење, непрописното престигнување и дури на крајот доаѓа управувањето под дејство на алкохол. 30 Ако ги земеме предвид, пак, бројките за сообраќајни незгоди со настрадани лица (едно или повеќе), го забележуваме следното: 31 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 сообраќајн и незгоди со загинати лица 144 105 133 123 130 147 155 149 134 сообраќајн и незгоди со повредени лица 1.48 4 1.82 1 1.85 4 2.69 8 3.18 3 3.89 0 4.24 8 4.20 4 4.08 9 вкупно 1.62 8 1.92 6 1.98 7 2.82 1 3.31 3 4.03 7 4.40 3 4.35 3 4.22 3 Нивниот број константно расте сè до 2008 година, кога се забележува стагнација со тренд на благо опаѓање. Сепак, бројот на сообраќајни незгоди во анализираниот период пораснал за повеќе од 2,6 пати што е загрижувачки податок. Опишаниот тренд најдобро се гледа од следниов приказ: 32 30 Подетално в. http://moi.gov.mk/desktopdefault.aspx?tabindex=0&tabid=387 31 http://moi.gov.mk/desktopdefault.aspx?tabindex=0&tabid=388 32 Извор: www.mvr.gov.mk 8

3.2 Географски карактеристики на сообраќајните незгоди со последици по здравјето и животот на луѓето Статистиките изготвени од Министетството за внатрешни работи на Република Македонија, ни даваат можност за увид во т.н. географија на сообраќајниот криминал во поглед на делата кои имаат како резултат телесна повреда или смрт на некое лице. Преглед на загинати лица по во периодот 2002-2010 година 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 СКОПЈЕ 25 31 33 44 42 36 51 57 45 БИТОЛА 36 26 27 24 14 28 28 21 18 ВЕЛЕС 25 7 12 16 10 11 11 15 16 КУМАНОВО 11 7 19 11 20 10 7 10 12 ОХРИД 16 9 20 11 11 28 22 15 19 СТРУМИЦА 22 14 12 8 13 18 18 14 16 ТЕТОВО 29 6 14 22 19 24 12 9 14 9

ШТИП 12 18 18 7 11 18 13 19 22 ВКУПНО 176 118 155 143 140 173 162 160 162 Ако ги собереме прикажаните бројки, вкупно за сите анализирани, може да забележиме дека најмногу сообраќајни незгоди со смртни последици има на територијата на секторот за внатрешни работи Скопје (364), потоа следи секторот за внатрешни работи Битола (222), Охрид (151), Тетово (149), Штип (138), Струмица (135), а помалку на територијата на Велес (123) и Куманово (107). Состојбата во поглед на повредените лица по сектори за внатрешни работи е малку поразлична: повторно бројките се најголеми за подрачјето на Скопје, имено, во анализираниот период од 9 повредени се 15.369 лица, следат Тетово (5.296), Битола (4.580), Куманово (4.417), Штип (3946), Струмица (3317), Велес (3191) и Охрид (3055). По, состојбата изгледа вака: 33 Преглед на повредени лица по во периодот 2002-2010 г. 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 СКОПЈЕ 408 720 407 1.30 7 1.60 2 2.23 9 2.87 3 3.01 1 2.80 2 БИТОЛА 464 472 437 410 551 621 580 523 522 ВЕЛЕС 249 291 333 330 409 412 410 388 369 КУМАНОВ О ОХРИД СТРУМИЦ А 310 347 425 531 586 507 633 488 590 133 65 232 307 318 471 509 538 482 347 324 272 348 333 366 413 481 433 ТЕТОВО 173 136 471 546 753 1.01 4 819 752 632 ШТИП 340 395 345 397 384 503 487 550 545 ВКУПНО 2.42 2.75 2.92 4.17 4.93 6.13 6.72 6.73 6.37 33 Извор: www.mvr.gov.mk 10

4 0 2 6 6 3 4 1 5 3.3. Статистички приказ на движењето на кривичните дела против безбедноста на јавниот сообраќај во периодот 2002-2011 година Број на полнолетни осудени лица за казнени дела против безбедноста на јавниот сообраќај 34 Вкупно осудени за сите видови КД против безбедноста на ј.сообраќај 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 6283 7661 8097 8451 9280 9639 9503 9801 9169 9810 1126 1395 1348 1306 1572 1753 1885 1903 1764 1770 Од изложеното може да дојдеме до следните констатации: гледано според бројот на осудени полнолетни лица, криминалот е во постојан пораст последнава деценија, при што се забележува тренд на стагнација во последните 3. Истите карактеристики ги имаат и сообраќајните казнени дела, при што бројките во последниве 3 се во благо опаѓање. Процентот на осуди кај полнолетната популација за сообраќајните казнени дела во вкупниот број на осуди учествува со 17,9% во 2002 година, 16,9% во 2006 година, до 18% во 2011 година. Може да заклучиме дека сообраќајните казнени дела учествуваат со помалку од 20% во вкупниот број казнени дела во последнава деценија. Осудени полнолетни лица за одделни сообраќајни казнени дела 35 2007 2008 2009 2010 2011 Загрозување на безбедноста во сообраќајот 1737 (103 жени) 1872 (105 жени) 1897 (114 жени) 1752 (94 жени) 1742 (97 жени) Загрозување на безбедноста во сообраќајот со опасно дејство или средство 9 1 2 3 7 34 Извор: Државен завод за статистика, www.stat.gov.mk 35 Извор: Државен завод за статистика, www.stat.gov.mk 11

Останати дела 7 12 (1 4 9 21 жена) вкупно 1753 1885 1903 1764 1770 Гледано низ призмата на одделни дела, доминира казненото дело загрозување на безбедноста во сообраќајот и тоа учествува со околу 99% во вкупниот број сообраќајни казнени дела. Во поглед на полот, доминираат машките извршители на ова казнено дело (жените се застапени со максимум 6% последнава деценија), што е и логично ако се има предвид фактот дека сèуште е помал бројот на жени возачи, иако таквата слика драстично се менува од година во година. Еден од факторите за малото учество на жените во вкупниот број на осуди може да е и мислењето дека жените се поплашливи и попретпазливи по природа, па, оттука, и повнимателни во поглед на почитувањето на сообраќајните прописи воопшто. Посебно внимание заслужуваат и малолетните извршители на вакви казнени дела, имајќи го предвид фактот дека според возраста нивното учество во сообраќајот е многу ограничено, односно тие не ни смеат да бидат определени категории учесници (на пр.возачи на моторни возила и сл.) Осудени малолетни сторители на казнени дела против безбедноста на јавниот сообраќај 36 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 КД против безбедноста на јавниот сообраќај 38 38 36 27 35 22 50 46 35 39 Забележуваме дека бројот на осудени малолетни лица е прилично константен, освен во 2008 и 2009 година кога бележи забележлив пораст. Нивното учество во сообраќајните казнени дела е околу 3%, а може да претпоставиме дека учеството е поголемо во бројката на сообраќајни прекршоци. 4. Заклучни согледувања Сообраќајниот криминалитет е специфична појавна форма на криминалитет чија специјалност се огледа и во казненоправното и во криминолошкото студирање на оваа појава. Произлегувајќи од неопходнопотребната и корисна сфера сообраќајот, која, сепак претставува и сфера на голема опасност, кај овие дела потенцијален сторител на сообраќајните казниви дела е секој учесник во сообраќајот, а потенцијална жртва е секое лице воопшто без оглед на возраста и другите карактеристики. 36 Извор: Државен завод за статистика, www.stat.gov.mk 12

Овој облик на криминалитет од позитивноправно гледиште се јавува во форма на сообраќајни прекршоци и сообраќајни казнени дела, зависно од видот на опасноста и/или предизвиканите штетни последици. Карактеристично за поголемиот дел на инкриминации од овој вид е поставениот објективен услов на инкриминацијата, а посебно карактеристичен е и обликот на вина. Кај овие дела понагласено се казнува небрежното извршување на делото за разлика од другите казнени дела (систематизирани во други глави), а посебна тешкотија претставува разграничувањето на евентуалната умисла од свесната небрежност во конкретен случај. Во вкупниот криминалитет, сообраќајните казнени дела во последнава деценија учествуваат со околу 20%, при што доминира казненото дело од чл. 297 од Кривичниот законик и машките извршители со околу 95% учество наспроти жените (околу 5-6%). Бројот на сообраќајни незгоди постојано се зголемува и правопропорционално на тоа се зголемува и бројот на повредени лица. Набљудувајќи ја апсолутната бројка на загинати лица, пак, таа е прилично константна, но гледано во вкупниот број на настрадани лица, која од година во година се зголемува, учеството на бројката на загинати лица, се намалува. Имајќи го предвид фактот што сообраќајот се повеќе станува дел и потреба во секојдневното живеење, но истовремено претставува и голема опасност по здравјето и животот на луѓето, како и за сигурноста на имотот, потребно е да се направат систематски истражувања преку кои би се дошло до сознанија за круцијалните криминогени фактори и, консеквентно, до изготвување на ефикасна превентивна стратегија. 13

Assistant Professor Aleksandra Deanoska - Trendafilova, PhD 37 ON THE SPECIFICS AND TRENDS OF THE TRAFFIC CRIME IN THE PERIOD 2002-2011 - Summary - The author of this paper elaborates the issue of the traffic crimes in the period 2002-2011. At the beginning, the author introduces the problem of determination of the concept of traffic crimes, pointing out that the positive legal view determines the categories of traffic violations and traffic crimes in the meaning of criminal offences. She points out and describes several questions that are characteristic for this type of crime: the negligence as a form of guilt in the meaning of criminal liability, the often-determined lack of the willing component, the severe consequences consisting of bodily injuries or death and/or great property damages. The later usually makes the distinction between the traffic violations and the traffic crimes. Further, in this paper the author elaborates on the elements of the different incriminations in the Macedonian Criminal Code. Regarding the trends of the traffic crimes in the last decade, the author presents relevant figures and concludes that the number of traffic crimes continually increases and that this type of crime represents less than 20% of the total number of crimes in the analyzed period. Male are dominant perpetrators and the number of traffic accidents is also increasing. While the absolute number of deaths because of traffic accidents is generally constant, the number of persons with body injuries rapidly increases. 37 Faculty of Law Iustinianus Primus Skopje 14