К Ј А Н И К О М П Е Н З А Ц И О Н Е Н П Л А Н Е В Р О П А

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Структурно програмирање

Биланс на приходи и расходи

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Биланс на приходи и расходи

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Преглед на државите во Западна Африка

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Health South Eastern Sydney Local Health District

Dear Parents/Guardians,

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

Започнете овде Водич за брз почеток

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

Започнете овде Водич за брз почеток

Методи на финансиска анализа

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Организатори на програмата

ОПИС И СВОЈСТВА. СОСТАВ Природно рибино масло, масло од каламари, маслиново масло, масло од лимета (природен аромат), ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Сакај го своето срце. Брз водич што ќе ве поддржи додека закрепнувате од срцева болест. Во болница. План за закрепнување. Заминување од болница

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈАТА ДЕСТИНАЦИЈА - НОВ ЗЕЛАНД

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

Line Interactive UPS уреди за непрекинато напојување

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Извештај за НОВ ЗЕЛАНД

Штип. Кристина Анчевска

Постапување правилно ЕТИЧКИ КОДЕКС

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Бидете беспрекорни со новиот

за спроведување обука за полициски интегритет Прирачник DCAF DCAF a centre for security, development and the rule of law

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

Мобилност МК Mobility MK

Имплементација и користење на JDF

Blu-ray диск/dvd систем на домашно кино. Започнете овде Здраво, ова е вашето упатство за брз почеток

1 Ова брошура е подготвена од страна на Олга Михајлова Тикваровска и Кирил Миноски за проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, со

Елена К. Ангелевска-Скепароска МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД-ОСНОВА ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ЕФЕКТИ.

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

Што е ментална болест?

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

3. Записи: Доколку можете да добиете одобрувања од луѓе кои имаат кредибилитет во јавноста, сѐ што ќе кажете ќе биде многу поприфатливо.

Коисмение.Штозначиме.

ОДРЖЛИВОСТ НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Програма на Семинарот за обука за пред тргнување Обединето Кралство

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

Transcription:

К Ј А Н И К О М П Е Н З А Ц И О Н Е Н П Л А Н Е В Р О П А ДОБРЕДОЈДОВТЕ Добредојдовте во Кјани. Нашата мисија е да им помогнеме на оние кои се подготвени да искусат повеќе и да го остварат својот потенцијал што подразбира подобро здравје, поголемо богатство и подолг живот. Компензациониот план на Кјани е составен дел на таа мисија. Следниве неколку страници ќе ви послужат како водич низ сите области на компензациониот план на Кјани. Од голема важност е да го разберете овој компензационен план, меѓутоа нема потреба да станувате експерт за да ја постигнете финансиската слобода која ја посакувате. Кога одбирате помеѓу целосно познавање на планот и посветено работење, работењето е секогаш победнички избор. Уште еднаш, добредојдовте во Кјани. Се надеваме на долгогодишна соработка со вас. Заедно ќе изградиме огромно наследство и ќе помогнеме на илјадници луѓе. Извршниот тим на Кјани. 1

Генеалошки дрвја Генеалошкото дрво е средство за следење на врските помеѓу сите Кјани дистрибутери. Во компензациониот план на Кјани постојат две генеалошки дрвја и тоа Дрво на спонзорство и Дрво на поставеност. Новозачленетиот Кјани дистрибутер се појавува во двете дрвjа. Дрво на спонзорство (Sponsor Tree) Дрвото на спонзорство е слично на семејно дрво. Секој оној кој вие лично ќе го регистрирате ќе се појави директно под вас во вашето прво ниво. Кога членовите кои вие лично сте ги регистрирале регистрираат нови дистрибутери, новите дистрибутери ќе се појават под дистрибутерите кои вие сте ги регистрирале во вашето второ ниво. Поставувањето е автоматски подесено според тоа кој го регистрира новиот дистрибутер. Ширината на дрвото на спонзорство ја одредува бројот на луѓето кои сте ги регистрирале. Бонуси кои се пресметуваат со помош на дрвото на спонзорство Тимски бонус Генерациски чек меч 2

Дрво на поставеност (Placement Tree) Дрвото на поставеност е уште едно средство за следење на врските. За разлика од дрвото на спонзорство, кај ова дрво ја имате слободата да ги поставувате дистрибутерите кои лично сте регистрирале каде сакате во вашата долна структура. Постојат повеќе причини поради кои лидерите ги поставуваат новозачленетите дистрибутери на различни позиции во дрвото на поставеност и тоа: А) Синергија во градење на тимот; Б) Географски причини; В) Лични врски помеѓу членовите; Г) Издигнување на повисок ранг. Правилното поставување на новите дистрибутери во дрвото на поставеност е од голема важност и помага во градењето на широка, длабока и профитабилна структура. Веднаш штом регистрирате нов дистрибутер, истиот можете да го поставите каде сакате во дрвото на поставеност или пак привремено да го сместите во резервоарот каде што може да седи до 72 часа додека се одлучите каде да го поставите. Доколку не го поставите до 72 часа по регистрирањето, системот автоматски ќе го постави во првото ниво на вашето дрво на поставеност. Ширинита на дрвото на поставеност не е ограничена, можете да го проширите колку сакате. За да имате право на сите бонуси морате да имате три гранки. На илсутрацијата подолу ќе забележите дека Ѓорѓи е поставен под Маре. Истата структура е претставена и во дрвото на спонзорство и во дрвото на поставеност. Елементи кои се одредуваат според дрвото на поставеност Ранг Брз почеток Ранг бонуси Кјани месечен пејгејт акумулатор 3

Услови за квалификација Постојат две нивоа на квалификација. Првото ниво се достигнува со 25QV поени месечно. Со ова ниво станувате Дистрибутер. Се стекнувате со право на неделни потрошувачки бонуси и на 20% од SV поените на тимските бонуси, но само доколку сте спонзор на новозачленетите дистрибутери. Со QV поени месечно станувате Квалификуван дистрибутер и имате право на сите бонуси. Треба да се квалификувате секој месец одново. За да се квалификувате потребно е да купите доволен број на продукти кои ќе ви донесат QV, да обезбедите доволен број на потрошувачи кои ќе ви донесат QV или пак комбинација од двете. РАНГОВИ Ранговите се пресметуваат врз основа на QV поените од дрвото на поставеност. Можете да сметате на 500QV поени од вашите лични набавки за ранговите од Бисер надолу и QV за ранговите од Сафир нагоре. За ранговите до Бисер, вклучувајќи го и Бисер, потребни се две активни (QV) гранки, а пак за ранговите од Сафир нагоре, вклучувајќи го и Сафир, потребни се три активни гранки (QV). Табела за одредување на ранг со помош на QV поени од дрвото на поставеност QV поени вон QV поени вон двете MQV Вкупно GQV најголемата најголеми Ранг потребни потребни гранка гранки Член Дистрибутер 25 Квалификуван дистрибутер Гранат 300 Жад 2 000 800 Бисер 5 000 2 000 Сафир 10 000 4 000 500 Рубин 25 000 10 000 1 250 Смарагд 50 000 20 000 2 500 Дијамант 000 40 000 5 000 Син дијамант 250 000 000 12 500 Зелен дијамант 500000 200 000 25 000 Виолетов дијамант 1 000 000 400 000 50 000 Црвен дијамант 2 000 000 800 000 000 Дупло црвен дијамант 4 000 000 1 600 000 200 000 Црн дијамант 10 000 000 4 000 000 500 000 Дупло црн дијамант 25 000 000 10 000 000 1 250 000 4

Процес на утврдување ранг Процесот на утврдување ранг е следниот: 1. Пресметајте го вкупниот GQV и проверете во табелата дали се квалификувате за некој ранг 2. Проверете дали износот на поени вон најголемата гранка (вклучувајќи ги личните и потрошувачките поени) ги задоволува миниманите услови за тој ранг. Доколку одговорот е не, започнете да сметате одново за еден ранг пониско. 3. Проверете дали износот на поени вон двете најголеми гранки (вклучувајќи ги личните и потрошувачките поени) ги задоволува минималните услови за тој ранг. Доколку одговорот е не, започнете да сметате одново за еден ранг пониско. Ако ги задоволува условите тоа значи дека сте го достигнале тој ранг. Примери Примерите подолу илустрираат процес на утврдување ранг Пример 1: Имате три гранки. Најголемата гранка има 30 000QV поени. Втората по гранка има 20 000QV поени, а третата 3 000QV поени. Процесот на пресметување е следниот: 1. Вкупниот износ на поени од сите три гранки е 53 000QV. Според табелата, со тој износ може да се квалификувате за Смарагд. 2. Збирот на поени вон најголемата гранка е 23 000QV. За рангот Смарагд потребни се 20 000QV. Условот е задоволен. 3. Збирот на поени вон двете најголеми гранки е 3 000QV. За рангот Смарагд потребни се 2 500QV. Условот е задоволен. Го достигнавте рангот Смарагд. Пример 2. Структурата има четири гранки. Најголемата гранка има 120 000QV, втората гранка има 17 000QV, третата 3 000QV, а четвртата 300QV. Процесот на пресметување е следниот: 1. Вкупниот износ на целата структура е 140 300QV. Тоа спаѓа во категоријата Дијамант. 2. Збирот на поени вон најголената гранка е 20 300QV. Тоа не го задоволува минималниот услов за Дијамант. Почнувме да сметаме за еден ранг подолу т.е. за рангот Смарагд. 3. Збирот на поени вон најголемата гранка е 20 300QV. За рангот Смарагд потребни се 20 000QV. Условот е задоволен. 4. Збирот на поени вон двете најголеми гранки е 3 300QV. За рангот Смарагд потребни се 2 500 QV. Условот е задоволен. Го достигнавте рангот Смарагд. 5

Бонуси од лични потрошувачи БОНУСИ Малопродажен профит бонус (Retail Profit Bonus) Секоја пат кога ќе продадете некој продукт на регистриран потрошувач, вие ја заработувате разликата помеѓу големопродажната и продажната цена. Разилката помеѓу големопродажната цена и износот кој го платил вашиот привилегиран или малопродажен потрошувач е всушност малопродажниот профит бонус. Овој бонус се исплаќа во склоп на неделните бонуси. Го заработите секој пат кога некој од вашите лични потрошувачи купува производ. Морате да сте барем на платен ранг Дистрибутер (минимум 25QV ) кога се пресметува бонусот за да можете да го заработите. Пример: Да претпоставиме дека потрошувач прави нарачка на производи во вкупен износ од ден 6000, што дистрибутерот би го чинело ден 5000. Во овој случај, дистрибутерот заработува малопродажен профит бонус од ден 6000 ден 5000 = ден. Потрошувачки бонус (Customer Bonus) Кога вашите лични потрошувачи купуваат производи од Кјани, вие добивате 60% од CV поените на секоја нивна нарачка. Овој бонус се добива секој пат кога некој од вашите лични потрошувачи купува некој производ, а се исплаќа во склоп на неделните бонуси. Морате да сте барем на платен ранг Дистрибутер (минимум 25QV ) кога се пресметува бонусот за да можете да го заработите. Пример: За претпоставиме дека потрошувач прави нарачка со 50CV поени. За вас тоа подразбира профит од ден 1350. Овој износ се добива со помножување на потрошувачките CV поени со 60%, односно 60% x 50CV = ден 1350. Еднократен потрошувачки CV бонус (Customer One-time CV Bonus) Кјани ве наградува кога го развивате својот бизнис. Ако во месецот успеете да соберете доволно лични потрошувачки CV поени, ќе бидете наградени со еднократен бонус. Постојат две нивоа кај овој бонус и тоа ниво до 500CV и ниво до 1 000CV поени генерирани од вашите потрошувачи. Морате да сте барем на рангот Квалификуван дистрибутер (минимум QV) за да можете да го заработите овој бонус. 500 потрошувачки CV = ден 4500 заработка 1 000 потрошувачки CV = ден 22500 заработка Заеднички потрошувачки фонд (Customer Pool) Секој месец Кјани зема 2% од целовкупниот глобален потрошувачки износ на CV поени и ги става во заеднички фонд. За овој заедничкиот фонд се квалификуваат сите дистрибутери кои имаат минимум 500CV поени од личните потрошувачи. Износот кој можете да го заработите од заедничкиот фонд се одредува според износот на поени кои лично ги ставате во истиот во споредба со вкупниот износ на квалификациски потрошувачки CV поени на сите квалификувани дистрибутери. На пример, ако еден дистрибутер има вкупно 1 000CV поени од своите лични потрошувачи и доколку тој месец се собрани 000 потрошувачки CV поени од сите квалификувани дистрибутери, тогаш дистрибутерот би заработил 1 000/ 000 = 1% од фондот. *Вашите лични нарачки не се сметаат. Само нарачките на вашите потрошувачи се сметаат за тоа колку можете да заработите од заедничкиот фонд. 6

Дупло црн дијамант Црн дијамант Дупло црвен дијамант Црвен дијамант Виолетов дијамант Зелен дијамант Син дијамант Дијамант Смарагд Рубин Сафир Бисер Жад Гранит Квалификуван дистрибутер Дистрибутер (само Спонзор) Compensation_Plan_Detail-08.16-МК-EU Дистрибутерски бонуси Тимски бонус (Team Bonus) Секој пат кога некој во вашата долна структура регистрира нов член во тимот, вам ви се отвора можност за заработување на Тимскиот диференцијалнен бонус. Овој бонус се пресметува со помош на дрвото на спознорство. Се исплаќа врз основа на почетничкиот пакет на новиот член, вашиот ранг и ранговите на дистрибутерите помеѓу вас и новиот член. Тимскиот бонус ги кориси поените од почетничкиот пакет т.е. SV поените за да ја одреди заработката. Секој почетнички пакет носи одреден број на SV поени. Во зависнот од вашиот ранг, вие добивате процент од SV поените како бонус. Рангот кој ќе го постигнете до 31-от ден од денот на зачленување се вика Грејс ранг. Овој ранг има удел во пресметувањето на заработката од Тимскиот бонус. По истекот на 31-от ден, рангот кој сте го достигнале до тогаш Грејс рангот, се споредува со рангот од тековниот календарски месец и со рангот од претходниот календарски месец. За пресметување на Тимскиот бонус се користи највисокиот ранг од сите три. Грејс рангот се користи до 31-от ден, остатокот од календарскиот месец по истекот на 31-от ден и целиот нареден календарски месец. На пример, ако сте се зачлениле на 15ти август, периодот од 31 ден ви истекува на 15ти септември што значи дека Грејс рангот можете да го користите од 15ти август до 31-ви октомври. Ако посветено работите можете да достигнете и повисок ранг, но, во секој случај, за време на овој период никогаш нема да бидете исплатени за понизок ранг од Грејс рангот. (Овој ранг се користи само за пресметување на Тимскиот бонус). Заработката од Тимскиот бонус по истекот на овој период ќе се пресметува според рангот од тековниот и од претходниот месец. Табелата подолу покажува колку проценти ќе заработите врз основа на вашиот ранг. 10% 10% 25% 40% 55% 65% 70% 75% 80% 85% 90% 94% 96% 98% 99% % 7

Примери за Диференцијален тимски бонус Дупло црн дијамант Виолетов дијамант Дијамант Дупло црните дијаманти имаат право на % од SV поените. Сепак, 10% се исплатени на Квалификуваните дистрибутери, 30% на Жадовите, 15% на Бисерите, 15% на Рубините, 10% на Дијамантите, 14% на Виолетовите дијаманти што значи дека % - 10% - 30% - 15% - 15% - 10% - 14% = 6% за Дупло црните дијаманти Виолетовите дијаманти имаат право на 94% од SV поените. Сепак, 10% се исплатени на Квалификуваните дистрибутери, 30% на Жадовите, 15% на Бисерите, 15% на Рубините, 10% на Дијамантите, што значи 94% - 10% - 30% - 15% - 15% - 10% = 14% за Виолетовите дијаманти. Дијамантите имаат право на 80% од SV поените. Сепак 10% се исплатени на Квалификуваните дистрибутери, 30% на Жадовите, 15% на Бисерите, 15% на Рубините, што значи 80% - 10% - 30% - 15% - 15% = 10% за Дијамантите. Рубин Рубините имаат право на 70% од SV поените. Сепак 10% се исплатени на Квалификуваните дистрибутери, 30% на Жадовите, 15% на Бисерите, што значи 70% - 10% - 30% - 15% = 15% за Рубините. Член Членовите немаат право на овој бонус. Тие добиваат 0%. Бисер Бисерите имаат право на 55% од SV поените. Сепак, 10% се исплатени на Квалификуваните дистрибутери и 30% на Жадовите, што значи 55% - 10% - 30% = 15% за Бисерите. Гранит Гранитите имаат право на 25% од SV поените. Бидејќи 40% се веќе исплатени, а тоа го надминува износот на кој Гранитите има право, тие не заработуваат ништо. Жад Жадовите имаат право на 40% од SV поените. Сепак, 10% се веќе исплатени на Квалификуваните дистрибутери што значи Жадот заработува 40% - 10% = 30%. Квалификуван дистрибутер Квалификуваните дистрибутери имаат право на 10% од SV поените. Бидејќи немало исплати претходно, тие ги добиваат сите 10%. Нов член 8

Брз почеток бонус (Fast Start Bonus) За повеќе детали, погледнете ја моменталната промоција за Брз старт. Кјани пејгејт акумулатор (Kyäni Paygate Accumulator) Кјани пејгејт акумулаторот се пресметува врз основа на CV поените генерирани на месечно ниво во дрвото на поставеност. Кјани пејгејт акумулаторот ја пресметува нето заработката на месечно ниво со тоа што поените почнуваат да се акумулираат од дното на дрвото на поставеност па нагоре, сѐ до наредниот дистрибутер со квалификуван пејгејт, кога всушност се исплаќа заработената провизија. Овој процес се повторува за сите пејгејт нивоа. Со зголемување на поените можете да се квалификувате за нови пејгејти според распореденоста на поените во вашето дрво на поставеност. Секој пат кога се квалификувате за нов пејгејт, вам ви се зголемува нето заработката. Подолу се наоѓа табела со сите пејгејти, процентот на CV поени за секое ниво и поените кои ви се потребни за секој пејгејт посебно. 9

Табела за пејгејт акумулатор со CV поени од дрвото на поставеност Пејгејт Стапка Потребни поени во најголемата гранка Вкупно поени во помалите гранки Минимум поени во третата гранка 1 5,00% 200 2 7,00% 700 500 3 8,00% 2 200 1 500 4 7,00% 4 500 3 000 5 6,00% 9 000 6 000 400 6 5,00% 18 000 12 000 1 000 7 3,00% 40 000 27 000 2 000 8 1,00% 90 000 55 000 6 000 9 1,00% 200 000 125 000 12 000 10 0.50% 400 000 260 000 18 000 11 0,25% 1 000 000 450 000 40 000 12 0,25% 2 000 000 900 000 000 10

Пејгејт 1 графикон Ден 2250 Ден 450 Ден 900 Ден 1125 Б A Ден 1575 Ден 675 Ден 675 Пример пејгејт 1 Погледнте го примерот за пејгејт 1 погоре. (Сите исплати се прикажани во евра). Акумулирањето на CV започнува од дното на структурата па нагоре до првиот дистрибутер кој се квалификува за пејгејт 1 кога всушност и се пресметува колку CV поени ќе му бидат исплатени (означено со жолто поле). До првото жолто поле А (дистрибутер А) акумулирани се вкупно 900 CV поени. Процесот на пресметување на износот кој треба да биде исплатен за достигнатиот пејгејт е следниот: 1. Се собираат сите акумулирани CV поени низ структурата од самото дно или од последната пејгејт исплата - зависи што е поблиску. 2. Се одзема основниот пејгејт износ (потребни поени во најголемата гранка). За пејгејт 1 потребни се 200CV. Овој износ од 200CV се движи нагоре заедно со личните и потрошувачките CV до наредниот дистрибутер. На пример, собрани се 900CV 200CV = 700CV. Овој износ од 700CV се множи со 5 % за пејгејт 1. Заработувачката е ден 1.575. Од дистрибутерот А (жолто поле А) па нагоре преостануваат 300CV ( 200CV основен пејгејт износ + лични CV). Следниот дистрибутер кој се квалификува за пејгејт 1 е дистрибутерот Б (жолто поле Б). Тој/таа добива вкупно 500CV. Се повторува процесот од претходно, притоа имајќи на ум дека пејгејт износот од 200CV заедно со личните CV се движат нагоре. Дистрибутерот Б би заработил ден 675. Личните CV на дистрибутерот Б заедно со 200CV основен пејгејт износ продолжуваат да се движат нагоре. Сите жолти полиња означуваат дистрибутери кои се квалификуваат за пејгејт 1. Штом одреден пејгејт стигне до врвот на структурата, следува истиот пејгејт процес одново, со почеток од дното на структурата и користејќи ги истите поени. 11

Пејгејт 4 графикон Ден 47250 Ден 12600 Ден 25200 A Ден 17325 Пример пејгејт 4 Графиконот погоре илустрира пример за пејгејт 4. Структурата е иста како од примерот за пејгејт 1, меѓутоа поените се зголемени на 1 000CV со цел да се задржи големината на илустрацијата за полесна демонстрација на овој пејгејт. Имајте на ум дека пред да биде обработен пејгејт 4, претходно се исплатени пејгејт 1-3. Најмалку 4 500CV во најголемата гранка и најмалку 3 000CV од сите останати гранки заедно се потребни за квалификација. Сите дистрибутери означени со жолто се квалификувани за заработка од пејгејт 4. За да се пресмета износот на исплата за дистрибутерот А (жолто поле А) најпрво се собираат поените од сите гранки. Дистрибутерот А има акумулирано вкупно 10 000CV. Следниот чекор е да се одземе основниот пејгејт износ (4500CV за пејгејт 4) односно 10 000CV 4500CV = 5 500CV. Добиениот износ се помножува со 7% и резултатот е ден 17325. Износот од ден 17325 се додава кон другите пејгејт бонуси (Пејгејт 1-3) кои ги заработува дистрибутерот. Основниот износ за пејгејт 4 од 4 500CV продолжува нагоре заедно со личните 1 000CV до наредниот дистрибутер. Овој процес се повтроува за секој дистрибутер кој е квалификуван за пејгејт 4. Во овој пример вкупно четворица дистрибутери го добиваат бонусот за пејгејт 4. 12

Дупло црн дијамат Црн дијамант Дупло црвен дијамант Црвен дијамант Виолетов дојамант Зелен дијамант Син дијамант Дијамант Смарагд Рубин Сафир Генерации Compensation_Plan_Detail-08.16-МК-EU Генерациски чек меч (Generation Check Match) Генерацискиот чек меч е еден од највозбудливите бонуси. Можете да заработите процент од секоја пејгејт исплата на дистрибутерите во вашата долна структура од дрвото на спонзорство до 9 генерации во длабочината. Една генерација започнува од дистрибутер на платен ранг Сафир или повисоко сѐ до наредниот дистрибутер во длабочината кој е исто така на платен ранг Сафир или повисоко. Колкав процент ќе заработите од пејгејт заработките на вашата долна структура зависи од вашиот платен ранг. Деталите за сите генерации и проценти се прикажани на табелата подолу. 1 15% 15% 15% 15% 15% 15% 15% 15% 15% 15% 15% 2 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 3 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 10% 4 5% 5% 5% 5% 5% 5% 5% 5% 5% 5 5% 5% 5% 5% 5% 5% 5% 5% 6 4% 4% 4% 4% 4% 4% 4% 7 3% 3% 3% 3% 3% 3% 8 2% 2% 2% 2% 2% 9 1% 1% 1% 1% 13

Пример за Генерациски чек меч Дијамант Сафир Рубин Смарагд Генерација 1 Генерација 2 Генерација 3 Во примерот погоре, дистрибутерот на врвот е на платен ранг Дијамант што значи дека има право на исплата од 5 генерации (прикажани се само три). Дистрибутерите означени со црвено спаѓаат во генерација 1, што значи дека Дијамантот ќе добие 15% од пејгејт бонусите на сите нив. Дистрибутерите означени со зелено спаѓаат во генерација 2, што значи дека Дијамантот ќе добие 10% од пејгејт бонусите на сите нив. Дистрибутерите означени со жолто спаѓаат во генерација 3, што значи дека Дијамантот ќе добие 10% од пејгејт бонусите на сите нив. Ранг бонуси (Rank Bonuses) Смарагд бонус Искачете се на платен ранг Смарагд до крајот на месецот во текот на вкупно два месеци и освоите ден 225000. Син дијамант бонус Искачете се на платен ранг Син дијамант до крајот на месецот во текот на вкупно три месеци и освоите ден 1125000. Виолетов дијамант бонус Искачете се на платен ранг Виолетов дијамант до крајот на месецот во текот на вкупно три месеци и освоите ден 4500000. Дупло црвен дијамант Искачете се на платен ранг Дупло црвен дијамант до крајот на месецот во текот на вкупно три месеци и освоите ден 22500000 (ден 4500000 месечно за пет месеци). Дупло црн дијамант Искачете се на платен ранг Дупло црн дијамант до крајот на месецот во текот на вкупно три месеци и освоите ден 45000000 (ден 4500000 месечно за десет месеци). 14

ЛИДЕРСКИ БОНУСИ Заеднички фонд на Дијаманти (Diamond Pool) Секој месец, 1,5% од CV поените на глобално ниво се ставаат во заедничкиот фонд на Дијаманти. Заедничкиот фонд се пресметува и се исплаќа на месечно ниво со задоцнување од 60 дена. На пример, заработки од заедничкиот фонд за месец јануари би биле исплатени во месец март. За да учествувате во овој заеднички фонд, морате да сте на платен ранг Дијамант или повисоко во тековниот месец и еден од претходните два месеци. Учесниците добиваат делови од заедчничкиот фонд во зависност од својот ранг и тоа: Дијамант 1 дел Син дијамант 2 делови Зелен дијамант 4 делови Виолетов дијамант 8 делови Црвен дијамант 8 делови Дупло црвен дијамант 8 делови Црн дијамант 8 делови Дупло црн дијамант 8 делоци Црвените, Дупло црвените, Црните и Дупло црните дијаманти учествуваат во овој заеднички фонд сѐ додека не се квалификуваат за друг заеднички фонд. Доколку некој од учесниците во фондот помогне на некого од својата долна структура во дрвото на спонзорство да се искачи на ист платен ранг како нивниот или повисок ранг, тогаш нивните делови со множат со 1,5. Учесниците имаат право на помножување само еднаш. Месечниот платен ранг ја одредува квалификацијата. Дистрибутерите можат да заработат само од еден лидерски фонд во текот на еден ист месец. Заеднички фонд на Црвени дијаманти (Red Diamond Pool) Секој месец, 0,5% од CV поените на глобално ниво се ставаат во заедничкиот фонд на Црвени дијаманти. Заедничкиот фонд се пресметува и се исплаќа на месечно ниво со задоцнување од 60 дена. На пример, заработки од заедничкиот фонд од месец јануари би биле исплатени во месец март. За да учествувате во овој заеднички фонд, морате да сте на платен ранг Црвен дијамант или повисок во тековниот месец и еден од претходните два месеци. Учесниците добиваат делови од заедчничкиот фонд во зависност од својот ранг и тоа: Црвен дијамант 1 дел Дупло црвен дијамант 2 делови Црн дијамант 2 делови Дупло црн дијамант 2 делови Доколку некој од учесниците во фондот помогне на некого од својата долна структура во дрвото на спонзорство да се искачи на ист платен ранг како нивниот или повисок, тогаш нивните делови со помножуваат со 1,5. Учесниците имаат право на помножување само еднаш. Месечниот платен ранг ја одредува квалификацијата. Дистрибутерите можат да заработат само од еден лидерски фонд во текот на еден ист месец. 15

Бонус Бесконечност (Infinity Bonus) Бонусот Бесконечност им овозможува на оние со платен ранг Црн дијамант или Двојно црн дијамант да заработат 1% на сите CV поени од нивната долна структура на спонзорство. Доколку Црн дијамант или Двојно црн дијамант има уште еден Црн дијамант или повисок ранг во својата долна структура, тогаш бонусот Бесконечност исплатен под нив се преполовува. Со секој нов Црн дијамант во дрвото на спонзорство бонусот се преполовува, но никогаш не престанува да се исплаќа. За да имате право на овој бонус, морате да сте на платен ранг Црн дијамант или повисок во тековниот месец и во еден од претходните два месеци. Црн Дијамант Црн Дијамант Црн Дијамант Црн Дијамант 1% ½% ¼% Легенда Kyäni кола од соништата (Kyäni Drive Your Dream Car Program) Станете Сафир и добијте шанса да возите ваш личен Мерцедес Ц класа и тоа не е сѐ. Оваа програма има пет нивоа кои ви даваат можност да освоите месечна заработка од ден 450000! Нивоата се делат според ранговите Сафир, Дијамант, Зелен дијамант, Црвен дијамант и Црн дијамант. За да се квалификувате за нивото Сафир, единствено што треба да направите е да се искачите на платен ранг Сафир во два различни месеци. За да се квалификувате за нивоата Дијамант, Зелен дијамант, Црвен дијамант и Црн дијамант, морате да сте на соодветниот платен ранг во текот на три месеци од вкупно пет последователни месеци. Во вашата веб-канцеларија можете да најдете документ со сите детали за оваа програмата. 16

Патувања Кјани ги наградува оние кои растат со мотивациони патувања. Патувањата варираат според пазарот. Проверете во вашата веб-канцеларија за актуелната промоција Неделни бонуси Тимски бонус Малопродажен профит бонус Потрошувачки бонус Брз почеток Исплата 1 Објавено во вебканцеларија КЈАНИ РАСПОРЕД НА БОНУСИ Легнува на сметка Легнува на Payoneer Вторник Петок Петок *Неделните бонуси се пресметуваат за претходната недела (понеделник недела) според локалното време во државата каде сте регистрирани. Месечни провизии/бонуси Кјани пејгејт акумулатор Генерациски чек меч Заеднички фонд на потрошувачи Еднократни потрошувачки бонуси Брз почеток Исплата 2 и 3 Објавесно во вебканцеларија Лидерски бонуси Легнува на сметка Легнува на Payoneer 8ми 14ти 14ти Заеднички фонд на Дијаманти* Заеднички фонд на Црвени дијаманти* Бонус Бесконечност Ранг бонуси Објавесно во вебканцеларија Легнува на сметка Легнува на Payoneer 8ми 25ти 25ти * Заработките од Заедникчиот фонд на Дијаманти и Црвени дијаманти се исплаќаат вториот месец по заработувањето. На пример, заработките од јануари нема да бидат исплатени до 25ти март. Забелешка: Кога денот на објавување или исплата се паѓа за време на викенд или празник, тоа ќе се случи првиот работен ден кој следува. 17

ДЕФИНИЦИИ Гранка (Leg) Целата група на дистрибутери во првото ниво на индивидуални дистрибутери. И дрвото на спонзорство и дрвото на поставеност имаат гранки. Ако имате три индивидуални дистрибутери во првото ниво значи дека имате три гранки. Долна структура (Downline) Сите гранки во структурата. Автопратка (Authoship) Нарачка која автоматски се испорачува секој месец. И дистрибутерите и потрошувачите можат да постават автопратка. Има повеќе опции од кои може да се бира, меѓутоа, продуктите варираат според пазарот. Автопратката може да се постави преку веб-канцеларијата или директно преку центарот за поддршка на корисници. Веб-канцеларија (Backoffice) Сигурносна интернет програма што ви овозможува да го прегледувате и контролирате својот бизнис. Во веб-канцеларијата можете да гледате извештаи за својот тим, да нарачувате продукти, да регистрирате нови потрошувачи и дистрибутери, да превземате материјали за обука и да ја следите својата автопратка. Резервоар (Holding Tank) Кога регистрирате нови дистрибутери, истите можете привремено да ги сметите во резервоарот до 72 часа. Ова ви дава време да размислите каде да ги поставите во дрвото на поставеност. Ако ги немате поставено до истекот на првите 72 часа по регистрирањето, системот автоматски ќе ги постави во првото ниво на вашето дрво на поставеност. Генерација (Generation) Сите Кјани дистрибутери помеѓу еден Сафир или дистрибутер на повисок платен ранг сѐ до (вклучувајќи го и) наредниот Сафир или дистрибутер на повисок платен ранг во структурата. Генерациите се утврдуваат за секоја гранка посебно. Платен ранг (Paid-as Rank) Рангот на кој сте во моментот кога се исплаќаат бонуси или провизии. Платниот ранг варира според поените во вашиот тим. Платниот ранг можете да си го проверувате во веб-канцелријата. Животен ранг (Lifetime Rank) Највисокиот ранг кој го имате достигнато. Приоритетен потрошувач (Preferred Customer) Потрошувач кој си ги поставува нарачките како автопратка. На овој начин тие добиваат попуст на куповината. Малопродажен потрошувач (Retail Customer) Потрошувач кој нарачува прозиводи од време на време. За да нарача, малопродажниот потрошувач може директно да го контактира дистрибутерот или службата за корисници, или пак да се најави на корпоративниот вебсајт и самиот да си нарача. QV Поени од нарачани прозиводи кои се користат за одредување на ранг или минимална квалификација. MQV Поени за квалификација кои се добиваат од членовите (Ги вклучува нарачките на потрошувачите) GQV Групни поени за квалификација. (Ве вклучува вас и целата ваша група заедно со потрошувачите) CV SV Поени кои се користат за пресметување на бонуси. Поени од почетничките пакет кои се користат за пресметување на Тимски бонус. 18