Здружение на преведувачи на РМ ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Структурно програмирање

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Време за патување, кое може да биде за бизнис и за задо волство.

ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ПРОИЗВОД ВО ФАЗАТА НА ВОВЕДУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС. Тамара Јованов Марјанова, Љупче Давчев, Ристе Темјановски

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Безбедност и здравје на работа

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Утврдување на способноста на економските оператори

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

tour Е г и п е т ЦРВЕНО МОРЕ

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Reform in water sector on central level

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Штип. Кристина Анчевска

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Штип. Слаџана Стефанова

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

INTELLECTUAL PROPERTY

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЛИЧНА И ПРОИЗВОДНА ПОТРОШУВАЧКА

Имплементација и користење на JDF

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Коисмение.Штозначиме.

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Организатори на програмата

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Климент Охридски Битола Економски факултет Прилеп

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

AGIA TRIADA - GREECE

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Елена К. Ангелевска-Скепароска МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД-ОСНОВА ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ЕФЕКТИ.

Системот на јавните набавки во Република Македонија

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Прирачник за управување со општинскиот имот

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Преглед на државите во Западна Африка

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

INSTRUCTIONS. To fill in anonymous questionnaires. Table 1 Minimum number of vessels to be filled out questionnaires

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Transcription:

Здружение на преведувачи на РМ ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ 2015

Февруари 2011 година Постулати: Преводот е специфична интелектуална услуга. Преводот не е стока за широка потрошувачка. Преводот е производ од процес на создавање. Секој превод е уникат и претставува авторско дело. Цената на преводот треба да му овозможи на професионалниот преведувач да ги покрие сите деловни трошоци и да оствари заработка. Елементите што ја одредуваат цената на преводот се: оспособеност (+стручност) + време + процес на создавање. Токму затоа, преводот не може да се дефинира само како напишани зборови или јазични знаци и број на страници. Но, од причини што е тешко мерлив, а ни треба мерлива вредност, преводот ќе го изразуваме во страница превод од 1800 јазични знаци со празни простори. Процесот низ којшто се доаѓа до конечен превод се состои од повеќе фази: основни фази и фази што додаваат вредност на преводот. Оспособеноста на преведувачот директно влијае врз употребливоста на преводот. 2

Според Европскиот стандард за преведување EN 15038 преведувачот треба да ги има следните оспособености: А) оспособеност за преведување: способност да го пренесе значењето од изворниот на целниот јазик и да создаде текст што ги задоволува лингвистичките правила на целниот јазик и инструкциите за конкретната преведувачка работа, притоа водејќи сметка за терминологијата, граматиката, лексиката, стилот, специфичностите на културата и други конвенции, форматирањето, целната група и целта на преводот. Б) лингвистичка и текстуална оспособеност и во изворниот и во целниот јазик: способност да се разбере изворниот јазик и комплетно познавање на целниот јазик. Тоа подразбира познавање на карактеристиките на различни текстови, од стандарден јазик до многу специјализирани текстови и способност да се примени ова знаење при создавањето на преведените текстови. В) оспособеност за истражување, наоѓање информации и преработка на информациите: способност за ефикасно здобивање со дополнително лингвистичко и специјализирано знаење коешто е неопходно за разбирање на изворниот текст и создавање на преводот. Ова, исто така, подразбира искуство во примена на алатки за истражување и способност за развивање соодветни стратегии за ефикасна примена на достапните извори на информации. Г) оспособеност за разбирање на културните специфичности: способност да се користат информациите како за изворната така и за целната култура и нејзините конвенции, како и стандардите на однесување и системите на вредности со кои се одликуваат изворната и целната култура. Д) техничка оспособеност: ги опфаќа способностите и вештините што се потребни за професионална подготовка и создавање на преводот, вклучително и способноста за примена на технички ресурси (комуникациска опрема, хардвер и софтвер, компјутерски преведувачки алатки, пристап до извори на информации и медиуми). Фактори што треба да се земат предвид при одредување на цената на преводот: 1. Секоја преведувачка работа е специфична и од тие причини не може да има една стандардна цена. Се препорачува цената да се одредува посебно за секоја преведувачка работа врз основа на потребите, барањата и карактеристиките на таа преведувачка работа. 2. Секоја фаза во процесот на создавање на преводот има своја вредност = цена. Секоја фаза (на пр. превод + стручна редакција + лектура) може да има посебна цена или може да се одреди цена за целокупниот процес што ќе претставува збир од цените на фазите од кои е составен процесот. 3. Треба да постои разлика во цената зависно од степенот на специјализираност што се бара од преведувачот за областа од која е преводот, фазите за проверки/обезбедување квалитет, рокот на испорака, техничките барања за уредување на текстот и др. 4. Многу важно! Цената треба да се утврди во согласност со пазарот од кој потекнува нарачката за преведувачката работа, односно локален наспроти глобален пазар. Секој преведувач што работи на глобалниот пазар мора да води сметка за опсегот цени што се нудат на пазарот од каде што доаѓа нарачката за да не ја дампира цената на тој пазар. 3

НОВИНА! Задолжително изразување и наплаќање на цените за превод во бруто износ од 1 јануари 2015 г.: Цената задолжително се изразува и се наплаќа во вкупен бруто износ во кој се пресметани сите трошоци, персоналниот данок и обврските за задолжително социјално осигурување (здравствено и пензиско). Данокот и придонесите потоа се одбиваат од бруто износот, или од страна на нарачателот на преводот или од самиот преведувач, во согласност со законските одредби. Формулата за пресметување на бруто сумата врз основа на нето сумата е следнава: нето сумата (10 евра) се дели со коефициент 0,647 (за данок и придонеси) и се добива бруто сумата (15,5 евра). Кога плаќањето оди преку авторска агенција вкупната бруто сума може да биде пониска поради намалување на основицата на која се плаќаат данокот и придонесите. Основна услуга, превод 5. На домашниот пазар, се препорачува основната цена за поопшти текстови кон директни клиенти да не биде пониска од 950,00 денари бруто за една страница превод. Оваа цена опфаќа истражување, превод и проверка од страна на преведувачот. Исто така, оваа цена во никој случај не претставува единствена препорачана цена и е дадена само заради ориентација. Таа мора да се приспособи во однос на другите околности на преводот: ако текстот е од специјализирана област, цената на преводот треба да се зголеми во согласност со специјализираноста на текстот и оспособеноста на преведувачот да направи таков специјализиран превод (30-100%). ако преводот е итен, цената на преводот треба да е во согласност со степенот на итност: превод до 5 страници за еден преведувач во 24 часа се смета за нормално барање, превод од 6 10 страници за еден преведувач во 24 часа е итен (+50%), превод над 10 страници за еден преведувач во 24 часа е многу итен (+100%), превод за време на национални празници се смета за многу итен (+100%). ако текстот содржи табели и графикони што бараат време за да се обработат, тогаш преведувачот треба да се договори за тоа да му биде платена саатница или да ја зголеми цената за да надомести за вложеното време (самостојна проценка и договор со клиентот). Пристапот е ист и за сите други технички работи, како на пример посложени работи околу форматот на документот, што може да бараат дополнително време од преведувачот. Се препорачува саатницата да изнесува толку колку што преведувачот би заработил за тој час доколку преведувал. Ако го земеме примерот со цената за поопшт текст и претпоставката дека преведувачот би превел во просек две страници за еден час, тогаш саатницата би изнесувала околу 2.000,00 денари бруто. Се препорачува преведувањето на Power- Point презентации да се наплаќа по слајд а не по број на јазични знаци, на пр. 280,00 денари, бруто, по слајд, за да се надомести за несразмерноста на потрошеното време и бојот преведени јазични знаци (кондензиран јазик што бара многу истражување, многу нејаснотии, ракување со програмата, преведувачот не може да ги користи вообичаените алтаки што му помагаат при работата... сето тоа бара повеќе време). Кога се користат алатки за преведување, ако клиентот побара слични и идентични парови да се засметуваат по пониска цена, се препорачува цената на преводот малку да се зголеми за да надомести за лажни парови, ова особено се однесува за превод од друг на македонски јазик, поради природата на македонскиот јазик (род, кратки и долги заменски форми, сложен предмет...). 4

Дополнителни услуги терминолошките работи какви што се изработка на поимник или обемно и специфично истражување на терминологија, и работи за оцена и контрола на квалитетот, по барање на клиентот, треба дополнително да се наплатат. Се препорачува и ваквите дополнителни работи да се наплаќаат по час (саатница), или ако се однапред познати и ако е возможно, да се засметаат во цената на преводот. Се препорачува саатницата да изнесува најмалку толку колку што преведувачот би заработил за тој час доколку преведувал. При одредување на износот на саатницата треба да се земе предвид и степенот на стручност и искуство што се неопходни за да се заврши работата. проверката од друго лице (редакција или стручна редакција) треба да чини најмалку 50% од цената на преводот. Се препорачува точниот износ на цената да се утврди во согласност со обемот и видот на интервенција, до 100%. ако редакцијата е итна, цената треба да е во согласност со степенот на итност: редакција над 15 страници во 24 часа е итна (+50%), редакција над 20 страници во 24 часа е многу итна (+100%), редакција за време на национални празници се смета за многу итна (+100%). лектурата се препорачува да чини околу 30% од цената на преводот. послободната адаптација или пресоздавање на текстот (transcreation) во согласност со одредени параметри што се важни за целната група, често бара дополнителни истражувања односно време, што треба да се земе предвид при договарање на цената. Се препорачува цената да се одредува за секој случај одделно. (Колку чини еден слоган?) уредувањето машински превод, зависно од степенот на интервенција, се препорачува да се наплати 50 100% од цената што би се наплатила за превод на тој текст. транскрипцијата се препорачува да се наплаќа по минута. Треба да се земе предвид дека времето што е потребно за транскрипција на аудио запис е најмалку 5 пати подолго од должината на самиот аудио запис. Значи 1 час аудио запис = најмалку 5 часа работа. Повторно, цената треба да биде реален одраз на потрошеното време. транскрипција и превод се препорачува цената да претставува збир од времето што е потребно за транскрипција и чинењето на преводот. превод на видео (ТВ) програми - се препорачува да се наплаќа по минута (на пример, 230 денари бруто за 1 мин.) од филмот/програмата со добиена дијалоглиста. 6. Цената на индивидуалните преведувачи кон преведувачките агенции може да биде 0-30% пониска од вредноста на преводот поради придонесот што агенцијата го има во наоѓањето на работата и олеснувањето на работата преку обезбедување материјали, поимници, насоки за стилот и сл. 7. Цените на агенциите за преведување треба да ги одразуваат сите фази од процесот на преведување и од контролата на квалитетот што ги побарал клиентот и/или што се задолжително предвидени со стандардот EN 15038. Се препорачува членовите на Здружението да ги ревидираат цените периодично (на пр. годишно) за да ги усогласат со животните и деловните трошоци. 5

Додаток: ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ ПРИ ТОЛКУВАЊЕ (во согласност со препораките на Здружението на конференциски толкувачи на Република Македонија) НАДОМЕСТОЦИ 2. За ангажман во местото на живеење, доколку нарачателот заради покусо работно време инсистира да се тарифира понизок износ од дневниот надоместок, тогаш за ангажман до 2 часа надоместокот ќе изнесува 2/3 од дневниот надоместок, без оглед на фактичкото времетраење на ангажманот. За ангажман подолг од 2 часа се тарифира цел надоместок. 1. Толкувачите имаат право самите да го одредат својот дневен надоместок. 2. Тој надоместок нема да биде понизок од минималниот надоместок наведен во овие Препораки. 3. Тарифирањето секогаш е во бруто износ во кој се вклучени и процентите за персоналниот данок и за социјалните придонеси (пензиско и здравствено осигурување). 4. За нарачатели со седиште во Република Македонија дневниот надоместок изнесува 230 ЕУР (14.200 мкд) во бруто износ (или 150 ЕУР нето (9.270 мкд)). 5. За нарачатели со седиште во земја од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора) дневниот надоместок изнесува 390 ЕУР бруто (250 ЕУР нето). 6. Ако нарачател е организација која има склучено договор со Меѓународното здружение на конференциски толкувачи (AIIC), ќе се применува бруто надоместокот утврден со тој договор. Надоместоците можат да се најдат на интернет страницата на AIIC (http://aiic.net/viewsection.cfm/section12.htm). Списокот на организации што имаат склучен договор со AIIC може да се најде на http://aiic.net/viewsection.cfm/section27.htm. 7. Ако нарачател е организација која нема склучено договор со AIIC, а е со седиште во земја членка на ЕУ, ќе се применува бруто надоместокот од договорот склучен помеѓу AIIC и ЕУ (http://aiic.net/viewpage.cfm/article179). РАБОТЕН ДЕН НА ТОЛКУВАЧОТ Со оглед на ограничувањата во врска со квалитетот на работата и здравјето на толкувачите, нормалната должина на работниот ден на толкувачот нема да надминува две сесии, секоја во траење од најмногу четири часа со соодветна пауза помеѓу сесиите која нема да биде покуса од 1 час, а во која толкувачите нема да бидат ангажирани за дополнителни задачи. Притоа, вкупниот број работни часови, со сите паузи, не треба да надмине 8 работни часа. 1. Ако работниот ден е подолг од 8 работни часа, надоместокот се зголемува за 77 ЕУР бруто (50 ЕУР нето) соодветно за секој дополнителен час работење. 6 НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ За ангажман на толкувачот надвор од неговиот професионален домицил, договорот ќе содржи одредби со кои ќе бидат покриени сите денови на ангажманот, почнувајќи од денот на тргнување до денот на враќање во професионалниот домицил, вклучувајќи ги и неработните денови, деновите поминати на пат, деновите овозможени за адаптација по долго патување и деновите со информативни состаноци. 1. Кога толкувачот треба да патува до местото на ангажман во истиот ден на ангажманот, работниот ден почнува да се пресметува од моментот на започнување на патувањето, а завршува во моментот на враќање во местото на живеење. 2. Доколку местото на ангажман е надвор од Република Македонија и треба да се патува еден ден претходно, толкувачот за денот поминат на пат ќе побара паушален надоместок за патување во износ од 50% од утврдениот дневен надоместок. 3. Доколку толкувачот не може да се врати во своето место на живеење до полноќ на денот на настанот, или патува наредниот ден по настанот, тарифира паушален надоместок за патување во износ од 50% од утврдениот дневен надоместок. 4. За секој дополнителен ден на патување толкувачот тарифира цел надоместок. 5. Доколку се предвидени денови за адаптација и други неработни денови помеѓу состаноци надвор од неговото место на живеење, толкувачот за тие денови тарифира цел надоместок. ПАТУВАЊЕ Сите трошоците за патувањето ги покрива нарачателот.

ДЕНОВИ ЗА ОДМОР Условите на патувањето треба да бидат такви што нема да му нанесуваат штета ниту на здравјето на толкувачот ниту на квалитетот на неговото/нејзиното работење по патувањето. По долго патување, или по патување што вклучува големи промени на временските зони, треба да се предвиди овозможување на денови за одмор. 1. За деновите за одмор што биле овозможени по долго патување, или по патување што вклучува големи промени на временските зони, толкувачот тарифира исто како и за работни денови. СМЕСТУВАЊЕ И НАДОМЕСТ НА ДНЕВНИТЕ ТРОШОЦИ 1. Толкувачите ќе бараат да бидат сместени на истото место со делегацијата за која се ангажирани. 2. Трошоците за сместување се на сметка на нарачателот. 3. За настани во Република Македонија, за сите денови поминати надвор од местото на живеење, при тарифирањето, толкувачите имаат право на надомест на дневните трошоци, најмалку во износ на дневните трошоци предвидени со прописот со кој се регулираат дневните трошоци за вработените во државната администрација на РМ. 4. За ангажман во странство, толкувачите ќе побараат надомест на дневните трошоци што е соодветен со трошоците на живот во соодветната земја. Како репер треба да им послужат трошоците што ги признаваат институциите на ЕУ, што се достапни на интернет. 7