Стратегии за реформа

Similar documents
Март Opinion research & Communications

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Инвестиции во секторот отпад Прирачник за комуналните претпријатија за управување со отпадот во Југоисточна Европа

Reform in water sector on central level

Биланс на приходи и расходи

Коисмение.Штозначиме.

Биланс на приходи и расходи

Прирачник за управување со општинскиот имот

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Структурно програмирање

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

64 Izvještaj Pokazatelji fiskalne decentralizacije za Jugoistočnu Europu: 2011

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

Разбирање на проширувањето

Контекст на земјата. Кратка содржина

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

Опасни врски. Ризиците од јавно приватни партнерства во централна и источна Европа

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Policy Position Papers Од областа на Царина

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

ПР објави во медиуми

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Национални механизми за поддршка на ОИЕ и ЕЕ

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Родово буџетирање.

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

Светска Банка Партнерство со Република Македонија Слика на програмата на земјата. Април 2014 година

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОРПОРАТИВЕН МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Г.Р.Державин - Свети Николе - Р.Македонија З Б О Р Н И К. на научни трудови

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ТУРИЗМОТ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ОДЛУКА. за доставување на предлог за именување на член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје. Член1

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА ТЕМА:

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

Отворање на владата. Водич за најдобри практики на транспарентност, отчетност и граѓанско учество во јавниот сектор.

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Методи на финансиска анализа

ЗБИРЕН ПЕРИОДИЧЕН ДЕЛОВЕН ИЗВЕШТАЈ за 2009 година

Штип. Кристина Анчевска

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

Спречување стрес на работното место

ЗА СЛУЖБЕНИ ЦЕЛИ. Анекс 4. Систем за управување со животната средина и социјалните аспекти (СУЖССА) на програмата Зелени градови

ПРИРАЧНИК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ИЗВРШЕНИ РЕВИЗИИ

Transcription:

Програма за приоритетни инвестиции во животната средина за Jугоисточна Европа (PEIP) Стратегии за реформа Прирачник за комунални претпријатија за водоснабдување во Jугоисточна Европа Kанцеларија во Makedonija

Програма за приоритетни инвестиции во животната средина за Jугоисточна Европа (PEIP) Стратегии за реформа Прирачник за комунални претпријатија за водоснабдување во Jугоисточна Европа Подготвиле: Елен Балтзар Кристел Капоен Андраш Киш Душан Севиќ Венелина Варбова Руслан Жечков Сентендре, Унгарија Април 2009 Kанцеларија во Makedonija

За РЕЦ Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) е непартиска, непропагандна, непрофитна меѓународна организација која има мисија да помага во решавањето на проблемите поврзани со животната средина во Централна и Источна Европа (ЦИЕ). РЕЦ ја остварува оваа мисија преку унапредување на соработката помеѓу невладините организации, владите, фирмите и другите засегнати страни во областа на животната средина, како и преку обезбедување поддршка за слободната размена на информации и учество на јавноста во донесувањето одлуки за прашања од областа на животната средина. САД, Европската комисија и Унгарија го основаа РЕЦ во 1990 година. Денес, РЕЦ од правна гледна точка се заснова на повелба потпишана од владите на 29 земји и Европската комисија, како и на меѓународен договор со Владата на Унгарија. Главната канцеларија на РЕЦ се наоѓа во Сентендре, Унгарија, а покрај неа постојат канцеларии на национално ниво и теренски канцеларии во 17 земји-кориснички: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Турција. Во последно време донатори се Европската комисија и владите на Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Канада, Хрватска, Чешката Република, Естонија, Финска, Германија, Унгарија, Италија, Јапонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Македонија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Обединетото Кралство и САД, како и други меѓувладини и приватни институции. Целокупната содржина на оваа публикација претставува авторско право. 2009 Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа Ниту еден дел од оваа публикација не смее да се продава во било каква форма или да се умножува заради продажба без претходно писмено одобрение од носителот на авторското право. Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа Ady Endre ut 9-11, 2000 Szentendre, Hungary Tel: (36-26) 311-199, Fax: (36-26) 311-294, E-mail: info@rec.org, Website: http://www.rec.org/ Отпечатено во Унгарија од страна на Typonova Оваа и сите други публикации на РЕЦ се печатени на рециклирана хартија или на хартија произведена без употреба на хлор или на хлорни соединенија

С О Д Р Ж И н А Акроними и кратенки 5 Предговор 7 Благодарност 8 Вовед 9 Поглавје 1: Преглед на состојбите во кои се наоѓаат комунални претпријатија за водоснабдување во земјите од Jугоисточна Европа 13 Поглавје 2: Институционална реформа 23 Вовед 25 Корпоратизација 28 Учество на приватниот сектор 31 Спроведување на институционална реформа 40 Поглавје 3: Организациска реформа 43 Стратегиско планирање 45 Управување со човечки ресурси 47 Аутсорсинг 52 Регионализација 53 Инвестиции со кои се прават заштеди 56 Мерење на потрошувачката со мерни инструменти 62 Поглавје 4: Ценовни реформи и подобро остварување на приходи 73 Актуелни состојби 75 Редоследот на ценовните реформи 79 Стимулирачки плаќања 92 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 3

С О Д Р Ж И н А Поглавје 5: Студии на случаи 95 Реформи во претпријатието во Карловац Хрватска 97 Реформскиот процес во претпријатието за водовод и канализација во Корча 104 Воведување на дводелни тарифи за трансдунавскиот водовод 108 Анекси 111 Анекс 1: Програма за водоснабдување и канализација во Република Македонија 113 Анекс 2: Листа за проверка: Распределување на ризици и одговорности 114 Анекс 3: Водоснабдување и третман на отпадни води во Чешката Република пример за договор за закуп 115 Фусноти 117 Користена литература 118 4 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

А К Р О н И М И И К Р А т Е н К И ACP БиХ BOT ЦИЕ CRM ХВ КП DABLAS DANCEE EBRD EK ЕУ EUR ФБИХ FOPIP HRK HUF IBNET МФИ IMIR ISPA KfW KTA нво NRW PEIP Apa Canal Pitesti Босна и Херцеговина Изгради работи - пренеси Централна и Источна Европа Управување со односите со клиентите Хрватски води Комунални претпријатија Подунавска и црноморска иницијатива Данска еколошка помош за Источна Европа Европска банка за обнова и развој Европска комисија Европска унија Евро Федерација на Босна и Херцеговина Програма за подобрување на финансиските и на резултатите од работењето Хрватска куна Унгарска форинта Меѓународна мрежа за споредување (бенчмаркинг) за комунални претпријатија за водовод и канализација Меѓународна финансиска институција Интегриран технолошки контролен систем Инструмент за структурни политики за предпристапниот период Германска банка за развој Косовска старателска агенција Невладина организација Испорачана вода што не може да се наплати Програма за приоритетни инвестиции во животната средина С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 5

А К Р О н И М И И К Р А т Е н К И PLC PPIAF ЈПП PSP ЈКП РЕЦ РС SCADA ЈИЕ UfW UWWTP ВиК WB WWRO WWTP Јавна компанија со ограничена одговорност Советодавен фонд за јавно-приватна инфраструктура Јавно-приватно партнерство Учество на приватниот сектор Јавно комунално претпријатие Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа Република Српска (Босна и Херцеговина) Супервизорска контрола и стекнување на податоци Југоисточна Европа Вода за која не се испорачани фактури Постројка за пречистување на урбани отпадни води Водовод и канализација Светска банка Регулаторна канцеларија за вода и отпад (во Косово) Постројка за пречистување на отпадни води С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

Предговор Овој прирачник за реформа на комунални претпријатија за водоснабдување е изготвен во рамките на Програмата за приоритетни инвестиции во животната средина за Jугоисточна Европа (PEIP). Една од главните цели на PEIP е да ги олесни и забрза инвестициите во клучните области како што се водата, отпадот и воздухот. Изготвувањето на прирачникот беше инспирирано од цврстата убеденост на авторите дека одржливи еколошки инвестиции во водниот сектор се можни само бидат реализирани од страна на силни, професионални и независни комунални претпријатија. Ваквото мислење го споделуваат земјите од Jугоисточна Европа (ЈИЕ), а идејата за прирачникот беше усвоена на регионалната средба на PEIP одржана во црногорскиот град Будва во јуни 2008 година. Претпоставката во врска со овој прирачник е дека главната пречка за инвестиции во водната инфраструктура е капацитетот на комуналните водоводни претпријатија, а не достапноста до финансиски средства. Посилните водоводни претпријатија се и ќе бидат способни да привлечат и во целост да искористат повеќе средства од ЕУ и повеќе неповратни средства од билатерални донатори, како и средства од меѓународни финансиски институции и од комерцијални банки. Непречените инвестиции во областите на водоснабдување и третман на отпадни води ќе ги приближи земјите кон состојба на усогласеност со законодавството за животна средина на ЕУ, особено со Директивите на Европската комисија за третман на урбани отпадни води и за вода за пиење, кои се главни директиви кои бараат најголеми инвестиции. Се разбира, крајната цел и натаму останува обезбедувањето подобри услуги за граѓаните и дополнителни придобивки за животната средина и за здравјето на луѓето. Марта Cигети Бониферт, Извршен директор Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 7

Благодарност Би сакале да им се заблагодариме на сите кои обезбедија вредни податоци и коментари и помогнаа да се подобри содржината на прирачникот: Работна група DABLAS, Европска комисија Јоана Фидлер, Европска комисија Сохаил Хасан, Фонд за подготовка на инфраструктурни проекти Дејвид Крамер, Швајцарско федерално министерство за економски работи (FDEA), Државен секретаријат за економски работи (SECO) Енкелејда Патози, советник на премиерот на Албанија за прашања во врска со водите Петрит Таре, систем за водоснабдување и канализација на градот Корча Данчо Узунов, ПоинтПро консалтинг, Македонија Димитар Закула и Драгана Миловановиќ, Дирекција за води,министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија Едуарт Цани, канцеларија на РЕЦ во Албанија Сунита Селак, канцеларија на РЕЦ во Босна и Херцеговина Жељка Медвен, канцеларија на РЕЦ во Хрватска Ана Петровска и Корнелија Радовановиќ, канцеларија на РЕЦ во Македонија Мира Васиљевиќ, канцеларија на РЕЦ во Црна Гора Ивана Томашевиќ, канцеларија на РЕЦ во Србија Маргарита Хашани, РЕЦ Косово (дефинирано според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации) 8 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

Вовед Инвестиции во инфраструктурата за водоснабдување во ЈИЕ се итно потребни за да им се обезбеди вода за пиење на сите граѓани, за да се подобри нејзиниот квалитет и за да се намали притисокот врз животната средина преку пречистување на отпадните води. Општините, односно комунални претпријатија за водоснабдување се главните чинители во проектите за водоснабдување и пречистување на отпадни води, поради што нивните капацитети се предмет на внимателна анализа од страна на сите потенцијални финансиери Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Моментно, секторот на комунални претпријатија за водоснабдување е соочен со сериозни предизвици што се однесуваат на процесот на пристапување во ЕУ, потрагата по нови клиенти и општата економска криза. Од друга страна, од најголема важност е централните влади да започнат реформа на секторот на комунални претпријатија за водоснабдување. Некои земји ова веќе го спроведуваат во пректика, а во други земји реформата сè уште е предмет на дискусија. Но, исто така, нештата многу зависат и од самите комунални претпријатија за водоснабдување. Тие ќе бидат во состојба да се справат со сите овие предизвици само доколку го подобрат своето работење, односно основните операции. Овој прирачник е наменет пред сè за оперативците вработени во комуналните претрпијатија и во единиците на локалнaта самоуправа, но може да биде од корист и за креаторите на политики на национално ниво, финансиерите, невладините организации и потрошувачите. Програмата за приоритетни инвестиции во животната средина е создадена со цел да се олесни влезот на инвестиции во неколку сектори, вклучувајќи го и секторот на водите. Веруваме дека овој прирачник ќе одигра значајна улога во смисла на насочување на раководителите на комунални претпријатија за водоснабдување во спроведувањето делумна или посеопфатна реформа. Само откако ќе достигнат определени стандарди (репери) во делот на управувањето и повратот на трошоците, комунални претпријатија за водоснабдување ќе бидат подготвени да привлечат финансиски средства за инвестиции во инфраструктурата. Подобрата организациска и финансиска кондиција на комунални претпријатија за водоснабдување исто така ќе послужи како гаранција дека новоизгра- дената инфраструктура оптимално ќе се искористи и ќе ги даде предвидените придобивки за животната средина. С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 9

В О В Е Д За време на изготвувањето на прирачникот, се продлабочи глобалната економска криза, па тешко дека постои некоја област од животот што не е засегната од неа. Поради финансиската и економска криза, некои од проблемите со кои се соочуваат комунални претпријатија за водоснабдување се влошуваат, како што се, на пример, неплаќањето на сметките за вода, тешкотиите да се добие заем и помали субвенции од државите кои се соочени со поголеми буџетски дефицити во споредба со минатото. Многу банки и инвеститори имаат помалку капитал. Сведоци сме и на девалвација на националните валути во државите од Централна и Источна Европа, што го зголемува притисокот за отплата на кредитите. Сите овие причини значат дека финансиерите се помалку склони кон преземање големи ризици и дека повеќе би сакале да инвестираат во солидни и добро менаџирани бизниси. Во светлината на овие нови околности, реформските предлози се дури и порелевантни денес отколку што беа пред една година. Постојат неколку прирачници и упатства што се фокусираат на различни аспекти од комплексните мерки кои авторите на овој прирачник ги означуваат со изразот реформа на комунални претпријатија за водоснабдување. Меѓутоа, она што недостасуваше досега беше еден единствен документ во кој би биле синтетизирани сите релевантни и итни мерки за комунални претпријатија за водоснабдување во ЈИЕ. Целта на овој прирачник е да ја пополни оваа празнина. Тој, исто така, има намера да предложи интервенции скроени според конкретните потреби на земјите од регионот на ЈИЕ, а како основа за ова е направен преглед на постојната ситуација во регионот (поглавје 1). Поглавјето 2 се осврнува на институционалната реформа на комунални претпријатија за водоснабдување. Во него се дадени насоки за тоа како да се подготви овој процес преку корпоратизација како еден од првите чекори во реформата на комуналните претпријатија, но и преку учество на приватниот сектор како можен начин за рационализирање на работењето, кратење на трошоците и обезбедување на дополнителен капитал. Дадените предлози соодветствуваат на посебната ситуација во поединечните земји. Поглавјето 3 се фокусира на организациската реформа на ниво на комунални претпријатија за водоснабдување, започнувајќи со подобро стратегиско планирање и елаборирајќи ги темите на управување со човечки ресурси и опции за правење заштеди. Финансиските тешкотии на една компанија може да се олеснат, генерално земено, на следниве два начина: преку намалување на расходите или преку создавање дополнителен приход. Постои голем простор за подобрување и во двете области. Ова поглавје се занимава со прашања од типот: како да се заштеди во делот на трошоците за работната сила; како да се искористи можноста за економија на обемот; како да се искористи моќта на конкурентните пазари преку аутсорсингот; како да се намалат трошоците на работењето преку соодветни инвестиции. Поглавјето, исто така, ги третира и релативно новите концепти бенчмаркинг (процес на споредување на различни аспекти од работата во неколку организации заради одредување на релативната успешност во работењето, идентификување на најдобрите практики и учење едни од други со цел да се подобри ефективноста) и независни 10 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

В О В Е Д ревизии на работењето, нo и воспоставува врска со развојот на информативни системи како предуслов за подобро управување со комунални претпријатија за водоснабдување. Поглавјето 4 се осврнува на другата страна од равенката, посветувајќи се на зголемувањето на приходите преку: соодветно проектирање на ценовникот; адекватно високи цени за обезбедување на поврат на трошоците; подобрена наплата; и заштита на сиромашните од негативните ефекти од повисоките сметки. Поглавјето 5 содржи три студии на случаи од Хрватска, Албанија и Унгарија, со кои се илустрираат некои од теоретските аспекти на текстот. С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 11

12 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

Поглавје 1: Преглед на состојбите во кои се наоѓаат комунални претпријатија за водоснабдување во земјите од Jугоисточна Европа С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 13

14 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА Информациите презентирани во ова поглавје се темелат на истражување спроведено од страна на авторите есента 2008 година. Истражувањето е надополнето со информации од националните работилници одржани во Албанија, Хрватска, Црна Гора и Србија, од индивидуалните разговори со клучните засегнати страни и од веќе објавените национални и регионални извештаи. Ова поглавје ја опишува општата ситуација во регионот, како и одредени специфични карактеристики на земјите. Таму каде што има потреба, е дадена подетална анализа на одреден аспект од секторот на водоводните претпријатија во рамките на секое поединечно поглавје. Во сите земји од ЈИЕ се соочуваат со помалку или повеќе слични проблеми, со тоа што тежината на проблемите е различна од земја до земја. Еве неколку заеднички проблеми: Релативно ниско ниво на снабдување на населението во руралните средини со вода за пиење; Големи загуби на вода како последица на застарената инфраструктура за водоснабдување; Значителни количини вода за која не се испорачани фактури (Uf W), чиј главен дел е токму загубата на вода спомната погоре; Слаба оперативна ефикасност на претпријатијата; Цените за вода и отпадна вода не се на ниво што обезбедува поврат на трошоците; Голем процент на ненаплатени сметки. Сите овие проблеми доведоа до ниско ниво на поврат на трошоците, односно до низок однос на приходи наспрема трошоци на работењето. Табелата 2 се заснова на истражувањето IBNET спроведено од Светска банка. Во табелата е дадено резиме на овие информации, надополнето со податоци од неколку други централноевропски земји. Заради споредба, вклучивме и неколку централноевропски земји. Недостасуваат податоци за земјите каде што не беше спроведено истражувањето. Овие бројки укажуваат дека голем број водоводни претпријатија во регионот се соочуваат со секојдневни финансиски тешкотии, што ја загрозува и самата испорака на услугите. Од друга страна, не е доволно само да се покријат тековните трошоци на работењето: во многу случаи постои потреба да се подобрат квалитетот на услугите и сигурноста на нивното обезбедување, за што се потребни дополнителни ресурси. Проширувањето на опсегот на работа, што опфаќа развој на нови мрежи и изградба на пречистителни станици за отпадни води, е уште една област за која се потребни уште повеќе пари. Јасно е дека најголем број водоводни претпријатија треба да го стабилизираат својот готовински тек, а потоа континуирано да го зајакнуваат, во спротивно, справувањето со бројните предизвици со кои е соочен секторот едноставно нема да биде можно. С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 15

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА ТАБЕЛА 1: ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ СО ВОДОСнАБДУВАњЕ И ОтПАДнИ ВОДИ ВО ЈИЕ АЛБАнИЈА БИХ ХРВАтСКА МКД КОСОВО* ЦРнА гора СРБИЈА Број на 56 136 98 84 7 21 150 водоводни претпријатија Број на 1 8**(4% од 89 (28% од 5* 0 2 28** пречистителни населението) населението) станици за отпадни води Процент на 85% 91% 80% 72% 44%** 80% 83% население (урбани) (урбани) (урбани) снабдено со 65% 48% 49% вода*** (рурални)* (рурални) (рурални)* Процент на 40% 73% 70-75%** 70% 28%** 38% 60%** население (од кои само (урбани) (урбани) (урбани) поврзано со 1 % се од 15% канализација рурални (рурални) средини) загуби на вода Големи 50% 40% 10-60% / / 35% Вода за која 67% / 67% До 60% 59% 50-75% / не се испорачани (NRW) (NRW) фактури Неплатени 27% 30% / 40-80% 43% 25-40% 40% сметки Вработени 13 10 / / 7.6 8-12 / на 1000 приклучоци Извор: истражување на РЕЦ * Косово дефинирано според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации ** Податоци од извештајот на РЕЦ Општински инвестиции во инфраструктурата за води и отпад во ЈИЕ, 2007 *** Постојат голем број рурални населби што имаат свои сопствени мали водоснабдителни системи кои се јавни, но нив обично ги одржува локалното население (т.е. нема учество на водоводно претпријатие). Албанија Согласно со истражувањето на Светската банка, само едно од 55 анкетирани албански водоводни претпријатија имаше однос на приходи од работењето наспрема поврат на трошоците поголем од 1,00, а просекот изнесуваше 0,47. Ова значи дека, во просек, приходите покриваат помалку од една половина од трошоците на работењето, при што преостанатиот дел од потребните приходи се обезбедува со субвенции. Сепак, планот е субвенциите во Албанија да се елиминираат во фази. Последниве две години, секторот на водоснабдување и канализација во земјата покажа значајни подобрувања, и од техничка и од финансиска гледна точка. И покрај тоа што се направени подобрувања, и понатаму опстојуваат 1 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА голем број недостатоци во секторот на водите, особено во руралните средини. Во 2007 година, Владата на Албанија започна обемна реформа на секторот на водоснабдување и отпадни води. Иницијативата се засноваше на децентрализација и комерцијализација и ги вклучи сите надлежни министерства и релевантни тела. Албанската реформа е пример за тоа како силната политичка волја и индивидуалното лидерство на владино ниво може да создадат поттик за сеопфатни и конкретни реформски мерки. Јасно поделените одговорности за секоја индивидуална мерка значително би ја зголемиле веројатноста дека тие ќе бидат спроведени во практика. Во 2007 и 2008 година, сопственоста над комуналните препријатија беше во целост пренесена од владата на единиците на локалната самоуправа. Реформата е насочена кон дефинирање на национална политика и програма со цел сите комунални претпријатија за водоснабдување и канализација да станат финансиски самоодржливи. Првиот и пионерски пример за регионализација во Албанија е спојувањето на јавните комунални претпријатија за водоснабдување на Берат и Куцова, што заврши во 2008 година, седум години подоцна од она што беше планирано во почетокот. Неповратна помош во износ од 6 милиони евра од германската влада е стимулацијата за ова спојување и ќе се искористи за (ре)конструкција на инфраструктурата за водоснабдување (истражување на РЕЦ и Патози и Олдаши, 2008). ТАБЕЛА 2: ВРЕДнОСтИ на ОДнОСОт на ПРИХОДИ наспрема трошоци на РАБОтЕњЕтО ЗА ВОДОВОДнИтЕ ПРЕтПРИЈАтИЈА ВО ЦЕнтРАЛнА ЕВРОПА ЗЕМЈА година БРОЈ на ПРОСЕЧнА ПРОЦЕнт на АнКЕтИРАнИ ВРЕДнОСт ПРЕтПРИЈАтИЈА ПРЕтПРИЈАтИЈА СО ВРЕДнОСт над 1,00 Албанија 2007 55 0.47 2% БиХ 2004 16 1.13 25% Хрватска 2004 16 1.10 50% Македонија / / / / Косово* 2006 7 1.00 43% Црна Гора / / / / Србија / / / / Чешка 2005 9 1.39 100% Унгарија 2004 22 1.18 73% Романија 2004 24 1.07 58% Извор: www.ib-net.org, освен за Косово дефинирано според Резолуцијата 1244 на Обединетите нации (WWRO, 2007a) Забелешкa: за секоја земја беше избрана најблиската година за која има податоци. Во Унгарија, сите претпријатија имаа однос приходи наспрема трошоци на работењето над 0,9, што упатува на релативно стабилно работење, и покрај тоа што сите не го постигнале нивото 1,00. Во Романија, две компании имаа вредности под 0,90. * Косово дефинирано според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 17

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА Босна и Херцеговина Во Босна и Херцеговина, за услугите на водоснабдување и отпадни води се одговорни над сто водоводни претпријатија што се во сопственост и под контрола на општините. Моменталната состојба од оперативен и финансиски аспект на овие комунални претпријатија, генерално, е лоша. Според една студија на УНДП, ниту едно од овие претпријатија не е профитабилно ниту способно да создаде доволно приходи за да ги покрие своите трошоци. Континуирано лошата финансиска состојба во државата е исправена како пречка пред напорите за подобрување на услугите во делот на водите и отпадните води (УНДП/ГЕФ 2004). Околу 56 % од населението има пристап до водоснабдителна мрежа, а стапката на приклучоци кон водоводната мрежа во урбаните средини изнесува 91 %. 73 % од населението што живее во урбани средини е поврзано со систем за собирање на отпадни води. Во Република Српска, 48 % од населението се снабдува со вода од јавен водоснабдителен систем. Двата државни субјекта на БиХ, односно Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, имаат сопствени закони ситуација што влијае врз испораката на услуги во делот на водите и отпадните води, како и врз техничките, административните и финансиските аспекти. Постојат две јавни претпријатија за вододелнички области во Федерацијата на Босна и Херцеговина, додека администрацијата во Република Српска е многу централизирана. Не постои национално тело што го регулира формирањето на цените. Не е спроведена реформа на водоводните претпријатија ниту во Федерацијата ниту во Република Српска. Законот за води, на државно ниво, беше донесен во 2006 година и е во сила од јануари 2008 година. Процесот на усогласување на законодавството со тоа на ЕУ е во тек, а стратегиите за управување со водите за Федерацијата и за Република Српска ќе бидат завршени до крајот на 2009 година. Одредени индивидуални реформски иницијативи се предвидени во новото законодавство, како што е на пример спојувањето на јавните претпријатија за речниот слив на реката Сава и за Јадранското Море во Агенција за водната област на реката Сава и Јадранското Море. Со Законот за води се предвидува и трансформација на Републичката дирекција за води во Република Српска, со тоа што оваа трансформација ќе се спроведе откако ќе биде завршена реформата на министерствата во Република Српска. Учеството на приватниот сектор во областа на водите сè уште не е развиено, но се разгледува можноста за зголемување на учеството на приватниот капитал во овој сектор (истражување на РЕЦ и УНДП 2004). Хрватска Според истражувањето IBNET на Светска банка, вредноста на односот приходи наспрема трошоци на работењето за 16 водоводни претпријатија во Хрватска, земја со највисок БДП во регионот, изнесуваше 1,10 во 2004 година. Половина од овие претпријатија не го достигнаа прагот од 1,00, што упатува на заклучокот дека краткорочната финансиска одржливост на овие претпријатија е под ризик. 18 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА Досега не е спроведена систематска реформа на водоводните претпријатија. Одговорноста за управување со водите е централизирана, под капата на владината институција Хрватски води. Водоводните претпријатија се во јавна сопственост и тоа во форма на комунално претпријатие, комунална установа или индивидуална установа во сопственост на единицата на локалната самоуправа. Хрватска има долга традиција на комунални претпријатија во секторот на водите, па секоја идна реформа треба да се стреми кон намалување на нивниот број и зголемување на нивната ефикасност. Досега, реформите беа само на ниво на индивидуални претпријатија. Комуналните претпријатија во средните и во големите градови постигнаа целосен поврат на трошоците со приходите од работењето, и покрај тоа што во најголем број случаи цената на услугите не ги одразува реалните трошоци на работењето. Формирањето на цените на ниско ниво води кон ситуација во која системите не се одржуваат добро, објектите и опремата се стари и амортизирани, а некои се надвор од функција; интервенции се вршат само во критични моменти; се случуваат големи загуби на вода. Техничките резултати од работењето на водоводните претпријатија во Хрватска се сметаат за подобри од она што значи просек во регионот (истражување на РЕЦ). Македонија Во Македонија, комуналните претпријатија се јавни претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа и се во нивна сопственост. За обезбедување комунални услуги на територијата на две или повеќе општини, општините можат да формираат заеднички комунални претпријатија. Водоводните претпријатија во најголем дел се слабо организирани и се карактеризираат со слаби оперативни капацитети. Комуналните претпријатија работат на границата на рентабилноста односно имаат минимален доход што не дозволува никакви посериозни инвестиции. Генерално, цените се премногу ниски, што резултира со недоволно ресурси за капитално одржување, а камоли за инвестиции во инфраструктурата. Ниските цени, во комбинација со недостигот на волја за реформирање на општинските претпријатија, доведуваат до недоволно финансирање на она што би значело третман на отпадните води според стандардите на ЕУ. Што се однесува до степенот на изграденост на канализациски мрежи во населбите и на пречистителни станици за урбани отпадни води, овој сегмент во Македонија заостанува во однос на сегментот на водоснабдителните мрежи. Наплатата е подобрена, но состојбата околу ова прашање е сè уште незадоволителна. Водоснабдителниот систем е релативно развиен и покрива 72 % од населението, но постојат и одредени проблеми што опстојуваат долго, како што е високото ниво вода за која не се испорачуваат фактури. Во Македонија има 7 пречиститителни станици за урбани отпадни води, кои покриваат 12 % од населението. Неколку проекти поддржани од меѓународни финансиски институции и билатерални донатори вршат подготовки за реформа на водниот сектор во Македонија. Владините стратегии зацртуваат конкретни С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 19

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА задачи во врска со услугите поврзани со водата. Ќе се воспостави минимален стандард за услугите заради пресметка на цената на услугите, подигнување на нивото на грантови и спроведување на ефективна фискална еквилизација (истражување на РЕЦ). Црна гора Во Црна Гора, единиците на локалната самоуправа формираат јавни комунални претпријатија за водовод и канализација. Активата останува во рацете на централната власт. Општините се одговорни за обезбедувањето на услугите, додека владата е одговорна за инвестиционо одржување (поправки) и за замена на амортизираните основни средства. И покрај тоа што на хартија ЈКП, се правно независни субјекти, нивната реална самостојност е мала, а контролата врз работите од нивна страна ограничена, на пример, контролата врз цените, примањето и отпуштањето вработени и инвестициите. Црна Гора има релативно добро развиен водоснабдителен систем, на кој е приклучено 80 % од населението. Канализацискиот систем не е толку добро развиен (покрива 38 % од населението). Во Црна Гора функционираат две пречистителни станици за отпадни води во Подгорица и во Никшиќ. Често се случува да нема вода, а нивото на вода за која не се испорачуваат фактури е високо. Планот за реформа на водоводните претпријатија, донесен од Владата на Црна Гора во јули 2007 година, прави осврт на структурата, сопственоста, управувањето, ефектот и финансиската одржливост на секторот на водоводни претпријатија. Треба да се напомене дека досега не се спроведени никакви реформски активности. Според овој реформски план, активата и сопственоста треба да и се префрлат на локалната самоуправа, која ќе биде во целост одговорна за почитување на сите важечки закони и прописи со кои се уредуваат стандардите за услугите, тарифните стапки и формирањето на цените, како и за собирањето, третманот и одведувањето на општинските отпадни води. Министерството за туризам и заштита на животната средина е во потрага по заинтересирани донаторски организации што би ја поддржале натамошната имплементација на планот за реформа на водоводните претпријатија. Примери за регионализација може да се најдат во приморскиот регион, како што е на пример компанијата за заеднички услуги и координација "Водаком", формирана во регионот на Тиват (истражување на РЕЦ). Србија Во Србија, јавните комунални претпријатија се во сопственост на општините. Секој град и општина има свое водоводно претпријатие. ЈКП се карактеризираат со слаби технички перформанси. Загубата на вода е во просек 35 %, а во некои општини достигнува дури 50 %. Најголем дел од ЈКП не се поделени по сектори (отпад/вода/паркови и зеленило), а карактеристика на нивното сметководство е недостигот на транспарентност. Поради тоа, тешко е да се одвојат приходите од различните сектори и од различните услуги, а камоли да се стават во корелација трошо- 20 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА ците и цените. Приходите од испорачаните услуги не се доволни за покривање на трошоците на работењето. Општоприфатена констатација е дека цените на услугите што ги даваат јавните комунални претпријатија во општините се прениски и дека ова претставува голем проблем. Цените се утврдуваат на ниво на општина, често со политичка одлука што е чувствителна на желбата да им се допадне на гласачите. Ваквата состојба доведува до застарена инфраструктура за водоснабдување чија кондиција постепено се влошува, а последици на тоа се растечки трошоци на работењето и трошоци за одржување. Моментно не постојат комунални претпријатија во приватна сопственост, а согласно со важечките закони активата на ЈКП не може да се приватизира. Законодавството предвидува можност за јавно-приватни партнерства, но во практика сè уште нема вакви примери, ниту пак, се очекуваат во блиска иднина. Сепак, владата размислува за можноста водниот сектор да се приватизира во иднина, иако ова сè уште не е дефинирано во ниту една стратегија, политика или план. Подготовките што ги прави владата за реформа на ЈКП се во рана фаза. Реформата моментно се изготвува во Министерството за финансии. Косово дефинирано според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации Во Косово, дефинирано според Резолуцијата 1244, секторите на вода и отпад неодамна беа консолидирани под раководство на Косовската старателска агенција (КТА), при што со процесот на консолидација посебните оперативни единици за вода и отпад поврзани со поединечни општини беа споени во седум поголеми регионални единици за води и единици за собирање на отпад. Под раководната палка на КТА, процесот на здружување кај секторите за води и за отпад почна во февруари 2007 година. КТА, која управуваше со регионалните водоводни компании, престана да работи во јуни 2008 година, а оттогаш сè уште не е дефинирана сопственоста на ЈКП. Сега општините се во можност да им ја предадат одговорноста за водоснабдување на регионалните водоводни компании преку потпишани договори што опфаќаат широка палета на права и обврски. Законот за јавните комунални претпријатија е изготвен, но сè уште не е донесен. Очекувањата се дека со донесување на нови закони на општините ќе им се даде сопственост во форма на акции во водоводни компании кои ќе претставуваат акционерски друштва. Состојбата во која се наоѓаат давателите на услуги во оваа сфера покажува дека тие единствено можат да ги покријат директните трошоци на работењето, но немаат капацитет за финансирање на капитални инвестиции, вклучувајќи го тука и инвестиционото одржување. Заради исполнување на стандардите на ЕУ и коригирање на актуелната нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката, готовинскиот приход мора значително да порасне, што може да се постигне преку поефикасна наплата или зголемени цени, или со комбинација на двете можности. Систе- С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 21

П О Г Л А В Ј Е 1 ПРЕгЛЕД на СОСтОЈБИтЕ ВО КОИ СЕ наоѓаат КОМУнАЛнИ ПРЕтПРИЈАтИЈА ЗА ВОДОСнАБДУВАњЕ ВО ЗЕМЈИтЕ ОД ЈУгОИСтОЧнА ЕВРОПА мот за вода и отпадни води во Косово е во прилично лоша техничка кондиција. Едни од најголемите проблеми се прекините во водоснабду вањето: рестрикциите на вода негативно влијаат и врз граѓаните и врз индустрискиот и земјоделскиот сектор (истражување на РЕЦ). 22 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

Поглавје 2 Институционална реформа С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 23

24 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

П О Г Л А В Ј Е 2 И н С т И т У Ц И О н А Л н А Р Е Ф О Р М А Вовед Состојбата во Jугоисточна Европа Услугите во делот на водоснабдувањето и отпадните води во ЈИЕ традиционално се во надлежност на општините. За време на неодамнешните реформи, сопственоста врз објектите, исто така, им е пренесена на општините. Повеќето комунални претпријатија во регионот се интегрирани во општинската администрација, поради што финансиската и оперативната состојба на претпријатијата не е транспарентна во целост. Општините немаат доволно податоци за приходите, расходите, инвестициските потреби и за квалитетот на дадените услуги. Згора на сето тоа, многу се исполитизира донесувањето одлуки во врска со работењето, квалитетот на услугите и новите инвестиции. РАМКА 1: РЕФОРМА на СЕКтОРОт на ВОДОСнАБДУВАњЕ И ОтПАДнИ ВОДИ ВО АЛБАнИЈА Албанија почна една сеопфатна реформа во 2007 година. Покрај преносот на сопственоста врз претпријатијата од државата на општините, целта на реформата беше и дополнително да се комерцијализира системот на водоснабдување и канализација и претпријатијата да се направат самоодржливи врз основа на долгорочни планови за подобрување на индикаторите на успешноста и исполнување на обврските кон потрошувачите. РАМКА 2: РЕФОРМА на СЕКтОРОт на ВОДИтЕ ВО РОМАнИЈА Во Романија, Европската комисија и Европската банка за обнова и развој понудија финансиска поддршка во деведесеттите години од минатиот век за проширување и ревитализација на секторот на водите и отпадните води, но побараа реформа на претпријатијата од овој сектор со цел да се подобри на нивната оперативна и финансиска одржливост. Паралелно со финансиската помош за развој на инфраструктурата, беше обезбедена и помош за градење на капацитетите со цел општинските комунални претпријатија да се трансформираат во самостојни јавни комунални претпријатија со подобрени параметри од типот на оперативна ефективност, ефикасност и поврат на трошоци. Од помалите општини беше побарано да го регионализираат работењето за да се зголеми опсегот на работата, а со тоа и рентабилноста. На овој начин, водоводното претпријатие на градот Клуж беше претворено во регионална водоводна компанија што обезбедува вода за Клуж, Салај и за седум мали села во близина на Клуж и Салај. Беа добиени финансиски средства за модернизирање на системот за води и отпадни води на Клуж, како и на системите на помалите градови и села. за поголемите градови се спроведе реформска стратегија, која во некои од нив беше целно насочена кон учество на приватниот сектор. Главната цел беше да се привлече приватен капитал за неопходните инвестиции во ревитализација и проширување на мрежата, притоа подобрувајќи ги ефикасноста и финансиската одржливост. На овој начин, ЕУ, ЕБОР и другите обезбедија помош во реформскиот процес во вид на консултантски услуги, заеми и грантови со цел да се подготват претпријатијата за приватизација. На пример, на приватниот оператор Веолиа му беа доделени концесии во Букурешт и во Плоиести по спроведена тендерска постапка. С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 25

П О Г Л А В Ј Е 2 И н С т И т У Ц И О н А Л н А Р Е Ф О Р М А РАМКА 3: БЕнЧМАРКИнг ВО МАКЕДОнИЈА Во Македонија, германската банка за развој KfW го воведе пристапот бенчмаркинг пред да финансира проекти за водоснабдување во комуналните претпријатија. Програмата на KfW исто така го воведе пристапот управување со квалитет преку еден консултант за институционално зајакнување кој ќе им помогне на општините во исполнувањето на реперите (стандардите) во првата фаза. Програмата ги опфаќа општините Гостивар, Тетово, Кавадарци, Неготино, Битола, Кочани, Гевгелија и Радовиш. Исто така, преку еден грант од KfW ќе се обезбеди техничка помош за изработка на проекти. Примери за стандради можете да најдете во анексот 1. РАМКА 4: ИЗгОтВУВАњЕ на РЕФОРМСКИтЕ ПЛАнОВИ ВО ЈИЕ Реформски планови беа изготвени или моментно се изготвуваат од владите на неколку држави од регионот на ЈИЕ, како на пример Албанија, Македонија и Црна Гора. Во Црна Гора беше изготвена реформска стратегија низ партиципативен пристап, во што учествуваа и централната и локалната власт, како и засегнатите комунални претпријатија. Услугите во делот на водоснабдувањето и канализацијата се сметаат за суштински важни за економскиот раст, особено во однос на туристичката индустрија во Црна Гора. Преку реформирање, секторот може да ги подобри својата ефикасност, рентабилност и успешност. заедно со реформите треба да се изготвуваат нови закони и да се менуваат и дополнуваат постојните, да се воспостави регулаторен орган (регулаторна функција), да се склучат договори за обезбедување на услуги со давателите на водоснабдителни услуги и да се изградат капаци-тетите на единиците на локалната самоуправа и на водоводните претпријатија. Институционалната реформа би можела да придонесе за ефикасност на водоводните претпријатија со тоа што би ги разјаснила прашањата на сопственоста и на обврските на раководството. Покрај тоа, зголемената самостојност на овие претпријатија ќе овозможи поефикасно работење, поголем ефект и пристап до пазарот на капитал. Токму ова се подразбира под терминот корпоратизација. Понапредни форми на институционална реформа се јавно-приватните партнерства и приватизацијата, кои би можеле да ја донесат стручност и капитал неопходни за постигнување на посакуваниот квалитет на услугите. Програмите за инвестиции во водната инфраструктура на меѓународните финансиски институции како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската комисија (ЕК), Светската банка (СБ) и германската банка Kf W често се придружени со барање за институционална реформа чија цел е намалување на оперативниот и финансискиот ризик преку подобрување на транспарентноста и отчетноста, но и преку подобрување на техничкото работење, квалитетот на услугите и организациската ефикасност. Изготвување политика Одредени комунални претпријатија имаат мошне мало влијание врз изготвувањето на политиката и на регулаторната рамка, но тие функционираат во тие 2 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

П О Г Л А В Ј Е 2 И н С т И т У Ц И О н А Л н А Р Е Ф О Р М А рамки и сите аспекти на нивното управување и работење се директно зависни од нив. Поради тоа, постоењето добра политика и регулаторна рамка во секторот на водите и отпадните води е од суштинско значење за подобри резултати на водоводните претпријатија и за нивното реформирање. Владата мора да ја дефинира рамката и да ја поддржува преку соодветно менување и дополнување на својата стратегија и политика, вклучувајќи тука и одлуки и закони/акти за учество на приватниот сектор, либерализација, регулација и социјална (финансиска) помош. Покрај тоа, постоењето силен институционален систем за регулација на секторот е од најголема важност за спроведување и почитување на политиката. Повеќе информации за преточување на институционалната реформа во политики, закони и регулаторни функции може да се најде во документот под наслов Приоди кон учеството на приватниот сектор во услугите поврзани со водите кутија со алатки, изготвена од страна на Светската банка и PPIAF (отворете www.world-bank.org за онлајн обука). Опции за институционална реформа Во текстот што следува подетално се објаснети опциите за институционална реформа и дадени се насоки за подготовка на еден таков процес. Опишани се два типа на реформа: корпоратизација и учество на приватниот сектор. Најчесто, корпоратизацијата го покрива целокупниот спектар на реформата на управувањето потребен за да му се обезбеди самостојност во работењето на комуналното претпријатие; учеството на приватниот сектор и јавно приватното партнерство повлекуваат со себе комбинација на опции за реформирање на управувањето и сопственоста. СЛИКА 1: ОПЦИИ ЗА ИнСтИтУЦИОнАЛнА РЕФОРМА КОРПОРАтИЗАЦИЈА И УЧЕСтВО на ПРИВАтнИОт СЕКтОР Приватно УПРАВУВАњЕ Јавно Public water PLCs Netherlands, Germany, Cluj (RO) Corporatised Macedonia Municipal utility Croatia Lease France Management contract Gjakova 02-04 (KO), Kavaja 02-06 (AL) Service contract Tirana 01-05 (AL) СОПСтВЕнОСт Full privatisation United Kingdom, Prague (CZ), joint ownership in other CZ towns Concession Hungarian towns and regions, France, Sofia (BG) Elbasan (AL), Bucharest and Romanian towns (RO) BOT/PBOT The Hague WWTP (NL) Zagreb WWTP (HR), Maribor WWTP (SLO) Приватно С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 27

П О Г Л А В Ј Е 2 И н С т И т У Ц И О н А Л н А Р Е Ф О Р М А Иако корпоратизацијата може да биде крајната станица во процесот на институционална реформа на комуналното претпријатие, таа може да послужи и како основа за напредни форми на учество на приватниот сектор. Приватните оператори повеќе ги привлекуваат оние комунални претпријатија што работат во едно транспарентно опкружување, со јасна поделба на задачите и улогите. Едно самостојно, корпоратизирано комунално претпријатие што работи на транспарентен начин, и кое дава отчет за своето работење и за финасиите, ја намалува неизвесноста за приватните оператори. На овој начин се трасира патот за понапредни форми на институционална реформа. Сликата 1 покажува едно множество на опции за институционална реформа. На координатната оска (y) презентирани се различни начини на реформа на управувањето или корпоратизација, вклучително и неколку примери. Опциите за учество на приватниот сектор ги комбинираат во едно реформата на управувањето и на сопственоста. Тука се прикажани различни категории, а наведени се и одредени регионални примери. Корпоратизација Форми на корпоратизација Терминот корпоратизација се однесува на реформата на управувањето со едно комунално претпријатие, при што се обезбедува сопственоста од страна на владата врз активата и стратегискиот правец. Корпоратизацијата ги покрива сите можни структури помеѓу општинско комунално претпријатие и јавна водоводна компанија што егзистира според приватното право (слика 1). Корпоратизацијата се смета за инструмент за зголемување на ефикасноста, за остварување поврат на трошоците и за воспоставување квалитетни принципи на управување. Со корпоратизацијата, комуналните претпријатија стануваат самостојно управувани претпријатија. Со закон или официјален договор помеѓу општините и комуналните претпријатија, од вториве се бара да станат одржливи и отчетни. Постои силна мотивација за воспоставување комерцијални финансиски принципи и принципи на управувањето. Со организациска и финансиска реформа, комуналните претпријатија можат да ги подобрат ефикасноста во работењето, изведувањето на услугите и повратот на трошоците/финансиската одржливост. Корпоратизацијата е алатка за подобрување на ефективноста на комуналните претпријатија. Сепак, самото претпријатие е тоа кое мора да изгради пат кон поголема оперативна и финансиска одржливост. Следниве поглавја презентираат неколку програми за оргaнизациска реформа и даваат насоки за осмислување и спро-ведување на овие активности. Како што може да се види од сликата 1, корпоратизацијата започнува со реформа на општинското (владино) комунално претпријатие. Тука се разликуваат три основни форми: Општинско комунално претпријатие, засебен оддел; 28 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А

П О Г Л А В Ј Е 2 И н С т И т У Ц И О н А Л н А Р Е Ф О Р М А Корпоратизирано комунално претпријатие; Јавна водоводна компанија. Следниве поглавја даваат краток опис на трите главни форми. ТАБЕЛА 3: ИнСтИтУЦИОнАЛнА РЕФОРМА: КОРПОРАтИЗАЦИЈА Клучни засегнати страни Главни влијанија Потребно време Ниво на трошок Водоводно претпријатие, општина, потрошувачи. Претпријатието станува самостојно, отчетно и одржливо. Основа за програми за унапредување на состојбите во делот на финансиите, работењето и квалитетот на услугите. Помала инволвираност и политичко влијание од страна на владините тела. Веројатно зголемување на цените и на напорите за наплата. Веројатно преструктуирање на човечките ресурси. Од 1 до 3 години, во зависност од големината. Средно вложување, зависно од целите на реформата. Можност да се зголемат приходите или да се постигне целосен поврат на трошоците. Подобрување на влијанијата врз животната средина преку подобрен ефективност и програми за подобрување на квалитетот. Веројатни социјални трошоци доколку реформата оди заедно со план за преструктуирање на човечките ресурси, и покрај придобивките (бенефициите) за оние што ќе бидат вклучени во програмата за развој на човечките ресурси. РАМКА 5: УСЛУгИ на ВОДОСнАБДУВАњЕ И КАнАЛИЗАЦИЈА ВО ХРВАтСКА Во Хрватска, услугите на водоснабдување и канализација се во надлежност на локалната самоуправа и главно ги обезбедуваат општинските јавни акционерски друштва. Одлуките за годишниот буџет, капиталните инвестиции и политиката ги донесуваат Управните одбори на друштвата, во кои учествуваат градоначалниците на соодветните општини. РАМКА 6: КОМУнАЛнИтЕ ПРЕтПРИЈАтИЈА ВО МАКЕДОнИЈА Македонија ги има организирано услугите поврзани со водите и отпадните води во јавни комунални претпријатија (ЈКП) со одделни системи за управување и финансии. Овие јавни комунални претпријатија ги извршуваат следниве функции: работа и одржување; ревитализација и проширување на системите; фактурирање; наплата на сметки; грижа за корисниците. Не постојат договори за услуги помеѓу општините и ЈКП. Исто така, општината именува две третини од членовите на Управниот одбор, како и директорот на претпријатието. Ваквата структура може да доведе до големо мешање на политиката во секојдневното управување со јавните комунални претпријатија. С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А 29

П О Г Л А В Ј Е 2 И н С т И т У Ц И О н А Л н А Р Е Ф О Р М А Општинско комунално претпријатие, засебен оддел Традиционалната опција е општинско комунално претпријатие, во кое дејностите водоснабдување, канализација или управување со цврстиот отпад ги врши општината како дел од генералната општинска администрација. Приходите и расходите се содржани во генералниот буџет на општината. Со создавањето засебен оддел со што се одвојува обезбедувањето на услугата во засебно тело владата може да има корист до одреден степен од зголемената самостојност. Кај засебниот оддел, услугата сè уште потпаѓа под утврдените политики, процедури и буџет на владата, но одделот има посебна сметка и одредено ниво на самостојност во однос на секојдневното управување. Генерално, засебните оддели функционираат поефикасно, но врз нив сè уште во голема мера влијаат владините управни постапки, а покрај тоа тие се подложни и на мешање од страна на политиката. Корпоратизирано комунално претпријатие Корпоратизирано комунално претпријатие е полусамостојна општинска агенција каде комуналната услуга ја обезбедува општината како посебен субјект со независно раководство и сметководство според јавното право. Во оваа форма, сопственоста врз активата од страна на општината е јасно одвоена од обезбедувањето услуги од страна на корпоратизираното комунално претпријатие. Корпоратизираните комунални претпријатија се самостојни визави локалната администрација. Во зависност од законската регулатива, овие засебни водоводни претпријатија можат да ја подобрат ефикасност преку замена на владините управни практики со комерцијален управувачки и сметководствен систем, како и преку воведување на финансиски норми и норми во делот на работниот ефективност. Ако тоа се одобри, овие претпријатија можат да постигнат отчетност и поврат на трошоците. Можно е дури и да се привлече приватен капитал (со владини гаранции) благодарение на зголемените транспарентност и отчетност. Јавни водоводни компании Јавна водоводна компанија е општинско претпријатие што работи според приватното право. Ова претставува најнапредна форма на корпоратизација. Сопственоста (во форма на акции) е исклучиво во рацете на владата, и покрај тоа што општинското претпријатие дејствува како комерцијална компанија што подлежи на правилата кои важат за приватниот сектор. Една јавна водоводна компанија целосно се води според комерцијални принципи на управување и услови за вработување. Во ваква форма, организацијата може да е кадровски пополнета од истите раководители и персонал, но таа сега има слобода да воспостави работно опкружување и услови што можат да ја стимулираат и мотивираат работната сила да функционира поефикасно и поефективно. Всушност, јавните водоводни компании мораат во целост да ги повратат трошоците преку имплементација на соодветни ценовни структури, 30 С Т Р А Т Е Г И И з А Р Е Ф О Р М А