ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Similar documents
Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Извештај за транспарентност за 2016 година Deloitte ДОО Скопје

2015 Deloitte Macedonia. Извештај за транспарентност Deloitte ДОО Скопје 2014 година

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Март Opinion research & Communications

Резултати од спроведените проверки на контрола на квалитетот во 2014 година. Охрид, 08 јуни, 2015 година

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ВО РМ - магистерски труд -

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО периодот година

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ПРИРАЧНИК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ИЗВРШЕНИ РЕВИЗИИ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

Коисмение.Штозначиме.

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Како постапувањето согласно МСР ги отстранува вообичаените ревизорски проблеми

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Интерна ревизија на побарувањата од купувачите кај деловните субјекти во Република Македонија

Безбедност и здравје на работа

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Структурно програмирање

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ПРОГРАМА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗВАЊЕТО РЕВИЗОР

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

Подготвување на финансиските извештаи во согласност со Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување (МСФИ/IFRS)

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски - Битола. Економски факултет - Прилеп. Магистерски труд

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ТД МАКОШПЕД АД СКОПЈЕ. ГОДИШЕН РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ на службата за внатрешна ревизија на ТД Макошпед АД Скопје

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

КОАЛИЦИЈА СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРОЕКТОТ

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

МОНИТОРИНГ МАТРИЦА ЗА РАБОТАТА НА АВМУ И АЕК

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

Доцент д-р Јанка Димитрова Универзитет Гоце Делчев, Економски факултет Штип

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. Доц. Д-р. Бистра Ангеловска

Утврдување на способноста на економските оператори

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Штип. Кристина Анчевска

Централна кооперативна банка АД Скопје

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Прирачник за управување со општинскиот имот

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2013 УНИКА АД Скопје

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ТУРИЗМОТ

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

Скопје, август 2017 година

Transcription:

Согласно член 35 од Законот за ревизија во Република Македонија ("Службен Весник на Република Македонија" бр. 158/2010, 135/2011, 50/12, 188/2013, 43/2014, 138/14, 145/15, 192/15 и 23/16), ТП Ревизија Чулева-Скопје го објавува следниот: ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ 1. Опис на правна структура и сопственост Целосен назив на субјектот ТП Ревизија Чулева трговец-поединец за ревизија, проценка и судско вештачење Соња Митко Чулева- Скопје Опис на правната форма Трговец-поединец Место на основање и регистрација, и држава Скопје, Република Македонија Дата на основање според тековна состојба 30.10.2006 Регистарски број во регистар при Институтот на овластени ревизори на Република Македонија ТП001 Број на лиценца за работа за вршење на работи за ревизија издадена од Советот и датумот на издавање ТП Ревизија Чулева-Скопје поседува Лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на овластен ревизор-трговец поединец-регистарски број на лиценца 05, број 07-448/1 од 25.11.2013 година, издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија. Соња Чулева поседува Лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на овластен ревизор- Регистарски број на лиценца 115, број 07-98/1 од 07.06.2013 година, издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија. Број на вработени лица во субјектот, согласно Законот за работни односи, со состојба на 31 декември и со состојба на датум на објавување на Извештајот Вработени на неопределено полно работно време на 31 декември 2017: 3 (тројца) Вработен на неопределено скратено работно време на 31 декември 2017: / (нема) Вработени на неопределено полно работно време на 31 март 2018 3 (тројца) Вработен на неопределено скратено работно време на 31 март 2018: / (нема) Опис на сопственичка структура на овластениот ревизор - трговец поединец Сопственост на 1 (едно) физичко лице, овластен ревизор, Соња Чулева, Скопје 1 од 3

Приоритетна дејност/главна приходна шифра 69.10/4-Други правни работи Дејности во внатрешниот промет 69.20-Сметководствени,книговодствени и ревизорски работи; даночно советување 70.22-Дејности на советување во врска со работењето и останато управување 73.20-Истражување на пазарот и испитување на јавното мислење 74.90-Останати, стручни, научни и технички дејности, неспомнати на друго место Годишно осигурување од одговорност согласно Законот за ревизија Минимална сума на покривање по штетен настан: Еур 250.000 Полиса бр. 13001О034562 од UNIQA АД Скопје Период на осигурување: 01.01.2017-01.01.2018 Минимална сума на покривање по штетен настан: Еур 120.000 Полиса бр. 130010042807 од UNIQA АД Скопје Период на осигурување: 01.01.2018-01.01.2019 2. Опис на професионалната мрежа и правните и структурните ангажмани во мрежата каде што припаѓа ТП Ревизија Чулева-Скопје делува како овластен ревизор на територија на Република Македонија и не припаѓа на други професионални мрежи, освен членството во ИОРРМ. ТП Ревизија Чулева-Скопје е основана и работи со цел давање на услуги на клиенти кои делуваат на пазарот во Република Македонија. 3. Опис на управувачката структура на субјектот Трговец поединец сопственик, Соња Чулева, Овластен ревизор 4. Опис на внатрешниот систем на контрола на квалитет на субјектот и изјава од овластениот надлежен орган на субјектот за ефективноста на функционирањето системот Цели и поставеност внатрешниот систем на контрола на квалитет според МСКК1 Политиката на ТП Ревизија Чулева-Скопје е да одржува високо ниво на интегритет, професионални стандарди и квалитетна услуга со константно следење на правната и економската легислатива, како и одржување на висок степен на професионално знаење. Внатрешниот систем на контрола на квалитет на ТП Ревизија Чулева-Скопје е воспоставен во согласност со Меѓународниот стандард за контрола на квалитет бр.1-контрола на квалитет за фирми кои вршат ревизии и проверки на финансиски извештаи и други ангажмани за уверување и поврзани услуги, Меѓународниот стандард за ревизија 220-Контрола на квалитетот на ревизии на историски финансиски информации, во насока дека Ревизорот и неговиот персонал се придржуваат на професионалните стандарди и регулативните и правните барања и дека извештаите што се издадени од Ревизорот се соодветни во околностите, и како и останатата регулатива во земјата. Системот за контрола на квалитет на ТП Ревизија Чулева-Скопје вклучува документирани политики и процедури за контрола на квалитетот на работењето (Правилник за етика и контрола на квалитет,) стриктно дефинирани улоги и одговорности за имплементирање не политиките и процедурите, и надзор врз креирањето и оперативната ефикасност на изградениот систем на контрола на квалитет. 2 од 8

Контролата на квалитетот на ревизорската работа се имплементира како на ниво на ТП Ревизија Чулева-Скопје, така и на секоја поединечна ревизија. Имено, МСКК 1 ги уредува прашањата кои се однесуваат на контрола на квалитетот на ниво на ревизорска канцеларија, додека МСР 220 се однесува на контролатa на квалитет за поединечни ангажмани. Основните цели на интерната контрола и интерниот контролен систем на квалитет во ТП Ревизија Чулева- Скопје се направени со цел да се етаблира и оддржи таков систем на контрола на квалитет кој: Обезбедува фирмата и персоналот да ги почитуваат и да работат со професионалните стандарди и соодветната правна и регулаторна легислатива; извештаите направени во фирмата да бидат соодветни во дадените околности. Нашиот интерен контролен систем базира на 6 елементи на контрола на квалитет, и тоа: 1) Сопственик одговорен за квалитетот во рамките на фирмата 2) Релевантни етички норми 3) Прифаќање и континуирана соработка со клиенти и специфични ангажмани 4) Човечки ресурси (кои вклучуваат не само избор на вработени, туку и внимателен избор на надворешни соработници 5) Извршување на ангажманот 6) Надгледување (мониторинг) Се обидуваме сите овие наведени елементи да ги инкорпорираме во нашиот интерен контролен систем. Одредени елементи на нашиот интерен контролен систем се предмет на контрола од страна на ИОРРМ,односно СУНР. Во зависност од нивната контрола и добиените препораки, се трудиме да го подобриме контролниот амбиент во фирмата. Кон ова придонесуваат и задолжителните едукации што ги спроведува ИОРРМ, како и информирањето и едукацијата на вработените. Врз основа на барањата на Законот за ревизија и Меѓународни Стандарди за Ревизија, ТП Ревизија Чулева- Скопје доследно се придржува во својата работа кон донесените политики за контрола на квалитетот. Изјава на управителот на ТП Ревизија Чулевa-Скопје за ефективноста на функционирањето на внатрешниот систем на контрола на квалитет Прилог 1 кон овој Извештај Мерки кои се преземаат заради исполнување на етичките принципи Придржување кон релевантните етички норми и формирање на соодветно однесување е нешто кон кое во фирмата многу сериозно се однесуваме. Во таа смисла се вршат разговори кои треба да овозможат вработените,односно соработниците да ги разберат етичките и професионалните барања во рамките на кои работиме. Истотака, сопственикот и вработениот/соработниците еднаш годишно потврдуваат дека ги разбираат и дека прифаќаат да ги следат релевантните етички и професионални обврски. Професионални принципи на кои се придржуваме Свесни сме дека репутацијата и успехот на нашата фирма зависи од степенот на професионалност и интегритет на сопственикот и вработениот/соработниците. Во таа смисла сопственикот, вработениот/соработниците мора да се придржуваат кон следните принципи: Да се работи професионално Да се работи со интегритет Да се сочува репутацијата на фирмата и на клиентот Да се однесуваме со респект кон луѓето и околината Да бидеме општествено одговорни Да работиме заедно Да размислуваме за начинот на извршување на нашата работа Секогаш да ја земаме во предвид етичката димензија во нашето работење 3 од 8

Мерки кои се преземаат заради обезбедување на доверливост и заштита на податоците Настојуваме да обезбедиме: заштита на информациите од интерни и екстерни упади, зачувување и оддржување на доверливост и интегритет на информациите. Работење во согласност со превземените регулаторни и договорни обврски. Во оваа смисла ги имаме инкорпорирани следните политики: Енкрипција на сите лаптопи во сопственост на фирмата и мемориски уреди Рестриктивен софтвер за бришење/вадење на информации од лаптопите во сопственост на фирмата Редовен back up на податоци за секој посебен лаптоп Заштита на хард копи фајли кои не се употребуваат (на друга локација) Политика за трансфер на податоци по email надвор од просториите на фирмата Политики кои се следат за прифаќање, продолжување или повлекување на ангажманите Во фирмата се обидуваме да обезбедиме ригорозни процедури во однос на прифаќање и/или континуитет на работа сé со цел да се заштити фирмата и нејзината репутација. Во таа смисла користиме форма за прифаќање/континуитет која е дизајнирана така што ни овозможува: утврдување на ризикот кој постои кај потенцијалниот или постојниот клиент; прашања кои бараат консултација со други ревизори или регулаторни тела. Во случај на преголем ризик утврден на горенаведениот начин се повлекуваме од ангажманот. Во таа смисла користиме политики кои пред сé базираат на соодветни консултации кои ги обавуваме во рамките на нашата фирма, и разговори со раководните лица на клиентот. Исто така користиме и информации кои ги добиваме по писмен пат од предходните ревизори. Конфликт на интереси Пред да прифатиме нов клиент, односно ангажман, се обидуваме да направиме контрола и да идентификуваме постоење на релевантни односи. Таму каде што постои конфликт на интерес, најчесто се откажуваме од ангажманот, освен доколку не сме сигурни дека потенцијалниот конфликт на интереси можеме соодветно да го менаџираме. Политики и процедури кои се однесуваат на човечките ресурси Сметаме дека најважната критична компонента на квалитетот се вештините, личните квалитети и вредностите на вработениот/соработниците. Во таа смисла нашата стратегија обрнува посебно внимание на ангажирање/вработување професионален развој и соодветно наградување на вработениот. Оцена на вработениот се прави најмногу со чесен фидбек. Фидбекот се дава редовно во тек на целата година и сметаме дека е клучен елемент за годишниот процес на оценување. Процесот на оценување опфаќа техничка компетентност и квалитет, земајќи во обзир не само тоа што вработениот постигнал, туку и како го постигнал. Унапредувањето на вработениот е во зависност од неговите индивидуални перформанси и вештини. Одговорно лице на ангажман е овластениот ревизор. Назначувањето на членови на ангажманот Назначување на членови на ангажманот го врши овластениот ревизор (сопственик,) земајќи ги во предвид искуството и вештините потребни за соодветниот ангажман. Назначување на експерти и специјалисти За одредени типови на ангажмани за кои што се бара специфично ниво на искуство и специфични знаења се ангажираат компетенти лица надвор од фирмата. За одредени области се бара формална акредитација на пример: за ангажирање на актуар се бара сертификат и се проверува дали истиот е зачленет во професионално здружение, и тн. 4 од 8

Политики и процедури кои се однесуваат на спроведување на ангажманите и вршење на внатрешната контрола на квалитет Користење на компјутерски ревизорски техники (софтвер и останати ревизорски алатки) Во ТП Ревизија Чулева-Скопје постои интерно генерирана програма според која ги работиме ревизорските ангажмани. Вршење надзор на внатрешниот систем на контрола на квалитет Мониторингот (контрола и прегледи) го врши овластениот ревизор. Тој раководи со извршување на ревизијата и изработка на потребната документација. Работи на постојано подобрување на квалитетот. Секојдневно контактира со членовите на тимот и обавува потребни консултации и има целосна одговорност за разгледување и оцена на квалитетот на извршената работа, точноста и потребното документирање и донесување на заклучоци. Критериум за селекција на ревизорски ангажмани-предмет на внатрешна контрола на квалитет Постапката на избор оди преку дефинирање на четири категории на ангажмани: позитивно мислење мислење со квалификации воздржување од давање на мислење негативно мислење Во зависност од тоа, избираме предмет што го контролираме. Број на спроведени внатрешни контроли на квалитет Во 2017 година се спроведени 4 внатрешни контроли на квалитет. Опфат на спроведени внатрешни контроли на квалитет Опфатот изнесува 20% од вкупно извршени ревизии. Во направените контроли не се констатирани отстапувања во однос на основните принципи на квалитет. Критериум за избор на лица кои вршат внатрешна контрола на квалитет Освен партнерот, во случај кога се работи за ревизија на клиенти кои котираат на берза, фирми од општ интерес, фирми за кои е идентификуван повисок ризик или регулаторни тела, се ангажира надворешен контролор. Контролорот се избира од друга ревизорска куќа и негова одговорност е да ги разгледа клучните аспекти во ревизорскиот ангажман, вклучувајќи аспектот на независност,утврдување на значајни ризици, некорегирани грешки, документирање на извршената работа, финансиски извештаи, комуникација со оние кои што се одговорни за издавање на ревизорскиот извештај. Навремено комплетирање на ревизорската документација На крај на секој ангажман, тимот е задолжен да ја среди документацијата и да ја архивира, било да се работи за документи во hard copy или електронски досиеа. Ова се работи во согласност со професионалните стандарди и Законот. Архивирање и чување на ревизорската документација Документацијата во хартиена форма се архивира надвор од просториите на седиштето на ТП Ревизија Чулева-Скопје, меѓутоа во иднина се планира ангажирање на надворешна куќа специјализирана за архивирање. После периодот утврден со закон,односно професионални стандарди, оваа документација се уништува.за документацијата во електронска форма немаме воведено автоматизиран процес на архивирање, ниту пак оневозможување на пристап и измени во истите.тоа се планира да се направи во наредниот период. Политики и процедури кои се однесуваат на следење на внатрешниот систем на контрола на квалитет Мониторингот на нашиот систем на контрола на квалитет се состои од внатрешен и надворешен мониторинг. Квалитетот на мониторингот претставува интегрален дел на политиката на ТП Ревизија Чулева-Скопје постојано да го подобрува своето работење. Во таа смисла постојано се трудиме да ги подобриме нашите политики, процедури и да одржиме конзистентност во нашето работење. 5 од 8

Политики и процедури за документирање на внатрешниот систем на контрола на квалитет Во ТП Ревизија Чулева-Скопје се вршат контроли на годишно ниво, со кои се прави: контрола на комплетноста на ревизорското досие до негово архивирање. Доколку се утврдат одредени недостатоци, се врши негово доработување. 5. Датум на извршена последна проверка за уверување во квалитетот на ревизорот согласно член 20а од Законот за ревизија во Република Македонија ("Службен Весник на Република Македонија" бр. 158/2010, 135/2011, 50/12, 188/2013, 43/2014, 138/14, 145/15, 192/15 и 23/16) Период на извршена контрола Февруари, 2016 Период за кој се однесува контролата Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2014 година Предмет на контрола Оценка на системот на контрола на квалитет 02 11/2014 02 122/2014 6. Субјекти на кои е извршена и ревизија во текот на претходната година ЈКП Дервен-Велес Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Скопје АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост Скопје Државна Видеолотарија на Македонија доо Скопје АД МИА Скопје во државна сопственост Скопје Комисија за хартии од вредност на РМ Скопје АД МЕР во државна сопственост Скопје Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош Скопје АД Водостопанство на РМ во државна сопственост Скопје Агенција за планирање на просторот Скопје ДРИСЛА Скопје доо Скопје ЈП Македонски Шуми Скопје Универзитет Св.Климент Охридски, Европска Комисија Проект: Soil degradation assessment and rehabilitation strategies for sustainable land use planning TERRA MED Европска Комисија Проект: Cross border stem cell regenerative medicine centre /Remedic Здружение Избор Струмица - Проект на MCMS и CIVICA Здружение ЕКО СВЕСТ Скопје Коалиција на здруженија на граѓани Сите за правично судење Скопје -Проект на MCMS и CIVICA Здружение Субверзивен фронт Скопје - Проект на MCMS и CIVICA Фондација Фокус Велес - Проект на MCMS и CIVICA Здружение Солидарност-Скопје Проект MCMS и CIVICA Агенција за супервизија на осигурување Скопје Симпо ДОО Скопје Агенција за управување со одземен имот Скопје Здружение Македонско еколошко друштво Скопје 6 од 8

7. Опис и изјава за независно работење на ТП Ревизија Чулева-Скопје со која се потврдува постоење на интерни процедури за проверка на усогласеноста на независноста и дека истите се спроведени Врз основ на барањата на Меѓународните стандарди за ревизија, Кодексот за етика за професионалните сметководители на IFAC и та регулатива во Земјата, ТП Ревизија Чулева-Скопје спроведува интерни процедури за проверка на усогласеноста на независноста. Овие процедури се спроведуваат преку годишна проверка на усогласеноста и изјави на независноста од сите вработени во ТП Ревизија Чулева-Скопје и изјави за независност на ниво на ангажирани членови во тим при поединечен ангажман. Изјава за независно работење на Канцеларијата со која се потврдува постоење на интерни процедури за проверка на усогласеноста на независноста и дека истите се спроведени Прилог 2 кон овој Извештај. 8. Опис и изјава за политиката што ја следи ТП Ревизија Чулева-Скопје за ревизија за континуирано професионално усовршување на овластениот ревизор и останатите вработени во текот на претходната година Согласно одредбите од Законот за ревизија овластениот ревизор во текот на 2017 година има посетено обука од 40 часа годишно во рамките на континуираното професионално усовршување заради надградување на знаењето од областа на сметководството и ревизијата. Обуката е организирана од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Овластениот ревизор континуирана едукација остварува и преку следење на странска стручна литература од областа на сметководството и ревизијата. Во рамките на ТП Ревизија Чулева-Скопје е извршена интерна едукација за одредени прашања. Оваа едукација е извршена од овластениот ревизор, а четири презентации се извршени од страна на едниот вработен. Исто така едниот вработен е во постапка на полагање испити за добивање на лиценца овластен ревизор во ИОРРМ, паралелно посетува едукација/полагање на АССА и континуирана едукација при ИОРРМ, Комора на проценувачи на РМ и ИСОС.Додека другиот вработен, посетува едукација/полагање на АССА и континуирана едукација при ИСОС. Изјава за политиката што ја следи Канцеларијата за ревизија за континуирано професионално усовршување на овластениот ревизор и останатите вработени во текот на претходната година Прилог 3 кон овој Извештај 9. Финансиски информации Преку ТП Ревизија Чулева-Скопје се нудат следните услуги: Ревизија и проверка на финансиски извештаи и други ангажмани за уверување и поврзани услуги Проценка на вредноста на капиталот Проценка на трговски марки Вештачења од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење Консултантски услуги 2017 2016 Вкупен приход (во 000 МКД) 4,948 6,570 Поделба на приходот по услуги (%) (%) ревизорски услуги на годишни и консолидирани сметки 58 43 дополнителни услуги на уверување во квалитет - - даночни советодавни услуги - - други неревизорски услуги 42 57 Вкупно 100 100 7 од 8

10. Информација за основата по која се утврдува хонорарот на овластениот ревизор Во утврдување на вредноста на хонорарот, внимателно се балансира помеѓу следните елементи: општа економска клима, вреднување на трудот, и квалитетот на извршената работа; вкупното финансиско работење на фирмата и вложување во идниот развој. Фирмата обезбедува регуларни плати и утврдува бонуси кои што се исплаќаат на крај на година. Во ТП Ревизија Чулева-Скопје постои Правилник за самооценување, оценување и наградување на вработениот. број 3-12/2 Скопје, 30 март, 2018 година Управител Соња Чулева, Овластен ревизор 8 од 8

ПРИЛОГ 1: Изјава за ефективноста на функционирање на внатрешниот систем на контрола на квалитет Јас, Чулева Соња, како основач и управител на ТП Ревизија Чулева-Скопје, а врз основа на спроведените постапки за контрола на квалитет во текот на годината согласно Законот за ревизија и Меѓународни Стандарди за Ревизија, изјавувам дека ТП Ревизија Чулева-Скопје доследно се придржува на политиките и процедурите кои го сочинуваат внатрешниот систем на контрола на квалитет, и истите функционираат најефективно. Скопје, 30 март, 2018 година Соња Чулева, Овластен ревизор Управител Client focused, solution driven.

ПРИЛОГ 2: Изјава со која се потврдува дека постојат интерни процедури за проверка на усогласеноста на независноста на ТП Ревизија Чулева-Скопје Јас, Чулева Соња, како основач и управител на ТП Ревизија Чулева-Скопје, согласно Законот за ревизија, како и донесените политики и постапки за контрола на квалитетот на работата, изјавувам дека ТП Ревизија Чулева-Скопје работи независно од клиентите за ревизија, потврдувам дека постојат интерни процедури за проверка на усогласеноста со барањата за независност и дека истите се спроведени. Скопје, 30 март, 2018 Соња Чулева, Овластен ревизор Управител Client focused, solution driven.

ПРИЛОГ 3: Изјава за политиката што ја следи ТП Ревизија Чулева-Скопје за континуираната едукација на овластениот ревизор Јас, Чулева Соња, како основач и управител на ТП Ревизија Чулева-Скопје, изјавувам дека ТП Ревизија Чулева-Скопје ги почитува актите и насоките за континуирана едукација на ИОРРМ согласно барањата на Законот за ревизија. Скопје, 30 март, 2018 Соња Чулева, Овластен ревизор Управител Client focused, solution driven.