Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Similar documents
С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Број ноември 2015, среда година LXXI

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Март Opinion research & Communications

С Т А Т У Т НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Структурно програмирање

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАПИСНИК ДЕВЕТО СОБРАНИЕ СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. Доц. Д-р. Бистра Ангеловска

Централна кооперативна банка АД Скопје

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Системот на јавните набавки во Република Македонија

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

КАРАКТЕРОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

Коисмение.Штозначиме.

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. "Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

ГЛАВА I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

Број јули 2016, четврток година LXXII

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

П Р О С П Е К Т. Акционерско друштво фабрика за чоколади, вафли и бомбони АД ЕВРОПА- Скопје ул.808 бр.8 Скопје

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

Планот за акција е подготвен според Минималниот Основен Пакет за Услуги 1 (МОПУ) за СРЗ при итни и кризни состојби и катастрофи

ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ЗАПИСНИК ОД КОНСТИТУТИВНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА НА СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОДРЖАНА НА ГОДИНА

Transcription:

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША Пречистен текст СТАТУТ нa Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША Куманово, Mарт,2011 година

Содржина I. Општи одредби II. III. IV. Цели на здружението Дејности со кои се остваруваат целите Членување V. Права,обврски и одговорности на членовите VI. VII. VIII. IX. Органи на Здружението Застапување по Закон Стекнување и располагање со средства. Донесување на планови и програми за работа како и финансиски и други извештаи. X. Јавност и отчетност во работата. XI. XII. XIII. XIV. XV. Судир на интереси Донесување,изменување и дополнување на статутот. Односи со други институции Престанок на Здружението. Преодни и завршни одредби 2

Врз основа на членот 104 од Законот за здруженија и фондации 2010(Сл.весник на РМ бр:51/2010) Собранието на Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША Куманово на седницата одржана на 19.03.2011 година го донесе следниов: Пречистен текст на СТАТУТ На Здружение Регионален Центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША I. Општи одредби Член 1 Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША (во понатамошниот текст Здружение) е доброволно, нeпрофитно, невладино,непартиско, самостојно,родителско здружение на граѓани формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување,заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници,како и заради вршење на дејности и активности за потикнување на моралните вредности,зајакнување меѓуетничките односи и економскиот развој на територијата на Република Македонија и пошироко,а во согласност со Уставот и Законот. Член 2 Граѓаните се здружуваат во Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША, заради обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства како и остварување и заштита на нивните, економски, социјални, хуманитарни, здравствени, културни, образовни, спортски и други права утврдени со Уставот na Република Македонија и Законот како и Стандардните правила за изедначување на 3

можностите на лицата со попреченост(резолуција 48/49 усвоена на 48 - та Седница одржана на 20.12.1993 година во ОН). Член 3 Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово, дејствува на територијата на РМ, а се организира на подрачјето на општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане.Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално ниво и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законот на РМ и овој Статут. Член 4 Името на здружението е Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША Името на англиски јазик е: Association Reginal center for persons with intellectual disability PORAKA NAŠA Името на албански јазик е:qendra Regionale pёr persona me pengesa intelektuale PORAKA NASHA Скратеното име на здружението е: ПОРАКА НАША Организациските единици на Здружението работат под името на ПОРАКА НАША, при што се наведува називот и седиштето на организациската единица. Член 5 Седиштето на Здружението е во Куманово на ул.,,бајрам Шабани,, б.б. Здружението се организира и дејствува на територија на општините : Куманово,Липково и Старо Нагоричане но и пошироко на територија на Република Македонија и останатите земји. Член 6 Логото на Здружението e стилизиран графички приказ на подадена рака на која стои гулаб во лет,а околу нив небесна ширина (симболизирајќи ги лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства како еднакви граѓани во општеството). Веднаш до раката и гулабот стои името ПОРАКА НАША, а околу е испишано полното име на здружението. Член 7 Здружението има свој печат и штембил. Печатот е тркалезен и го содржи името на Здружението на Македонски јазик со кирилично писмо, а на средината стои логото на Здружението. 4

Штембилот на Здружението е правоаголен со следниот текст: Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША на Македонски јазик со кирилично писмо и број, дата и место. Член 8 Здружението има својство на правно лице со права,обврски и одговорности кои произлегуваат од овој Статут и законските прописи.здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША го претставува застапува Застапник (претседател).здружението е основано на неопределено време. Член 9 Иницијатoри и основачи на Здружението се родители на лица со интелектуална попреченост, професионалци кои работат во полето на интелектуална попреченост и ентузијасти. Член 10 Основачите на Здружението своите права и одговорности ги имаат исцрпено со чинот на основање на Здружението. Со Статутот, со општите и со посебните акти, не можат да се утврдат посебни права и одговорности за основачите на Здружението. II. Цели на Здружението Член 11 Главен деловен процес на Здружението е раководење со програми од јавен интерес дефинирани во Законот за здруженија на граѓани и фондации 2010(Сл.весник на РМ бр:51/2010) Член 74. Граѓаните родители на лица со интелектуална попреченост се здружуваат во Здружението, заради остварување на следниве цели : обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства како и остварување и заштита на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени,културни,образовни, спортски и други права. 5

III. Дејности со кои се остваруваат целите Член 12 Здружението како Здружение со своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут и Законите на Р. Македонија. Член 13 Здружението ги остварува своите цели преку застапување, развој и социјално-хуманитарна работа.здружението e непрофитно, не се води од комерцијални интереси, не е основано за стекнување на добивка, Здружението може да остварува активности со кои се стекнува добивка, при што приходите, имотот на организацијата се користат единствено за остварување на нејзините цели наведени во Член 19. Здружението со посебна одлука може да формира акционерско друштво, друштво со ограничена одговорност и друг облик, согласно Законот за трговски друштва на РМ. Здружението работи врз основа на план и програма за работа. Член 14 Визијата, долгорочните цели, мисијата и начелата на Здружението се утврдуваат со соодветни документи за генерална политика и стратегија. Член 15 Визијата на Здружението е обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на ниво на општините:куманово, Липково и Старо Нагоричане но и пошироко на територија на РМ. Член 16 Мисијата на Здружението е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правaта на лицата со интелектуална попреченост и нивните семјества така што секој граѓанин на општините; Куманово, Липково и Старо Нагоричане но и пошироко на територија на РМ, коj на било каков начин е поврзан со интелектуалната попреченост, ќе биде во можност да добие соодветна поддршка и ресурси кои му се потребни. 6

Член 17 Долгорочните цели на Здружението за обезбедување на еднаков третман на лицата со интелектулана попреченост и нивните семејства се: Почитување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост; Вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот; Недискриминација на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства; Поттикнување на лицата со интелектуална попреченост за самостојно живеење; Самостојност на лицата со интелектуална попреченост како корисници на услуги; Економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства; Социјална правда, социјална интеграција и инклузија. Член 18 Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности: - Организирање на конкретни програмски активност; - Спроведување на заеднички проекти; - Организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности; - Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението; - Медијација; - Врши и други работи предвидени со овој Статут; 7

Член 19 Во рамките на своите програмски активности Здружението ги извршува следните задачи: 1. Застапување- застапување за подобрување на постојните закони или воведување на нови закони, подзаконските акти, националните и локалните стратегии и програми, застапување за измени на законските регулативи за подобрување на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. 2. Иницирање и организирање на сервисни служби за поддршка и обука на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства (дневни центри, информативни центри, советувалишта, мали групни домови, домови за самостојно живеење, центри за времено опфаќање,центри за рехабилитација, мобилни тимови, персонална асистенција,сервиси за асистенција во инклузивно образование, центри за работно оспособување,сервисни служби за поддржано вработување, социјални клубови,информативна, издавачка, културна, рекреативна, спортска аkтивност, и сл.) 3. Учествување во спречувањето и отстранувањето на бариерите вo физичката и социјалната средина. 4. Обуки и градење на капацитети, организирање на обуки за граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и одговорните институции за правата,потребите и можностите на лицата со интелектуална попреченост. 5. Истражувања, собирање на податоци за актуелната состојба на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на локално и национално ниво. 6. Залагање да се усвои единствен Регистар на лицата со интелектуалната попреченост во општините:куманово, Липково и Старо Нагоричане каде ќе бидат опфатени лицата со интелектуалн попреченост по возраст,пол, категорија, место на живеење и други податоци. 7. Поттикнување активности на соодветни органи и организации за поуспешно решавање на прашањета во врска со лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. 8. Застапување, заштита и почит на правата, интересите и можностите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на локално,регионално и државно ниво но и пошироко во останатите земји. 9. Поврзување со други сродни организации во земјата и странство и имплементирање на заеднички проекти. 8

10. Залагање за доследна примена на сите усвоени меѓународни документи кои се однесуваат на остварување на човековите права и правата на лицата со попреченост, а посебно на лицата со интелектуална попреченост. 11. Организирање и менанџирање на мрежа од сервисни служби за поддршка на лица со интелектуална попреченост и нивните семејства на Здружението. 12. Обезбедување поддршка и создавање можности за развој за самопомош и добротворност. 13. Потенцирање и иницирање на волонтерство како составен дел од Здружението. 14. Применување на методологија за планирање насочено кон личноста и планирање насочено кон семејствата за лицата со интелектуална попреченост. 15. Организирање на спортски,културни и други настани за подигање на јавната свест за потребите,можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост. Член 20 Целната група на Здружението сe лицата со интелектуална попреченост и семејства кои имаат член со интелектуална попреченост. Член 21 Начелата врз кои се зaснова работата на Здружението: се учество, транспарентност, одговорност, партнерство, толеранција, инклузија, интеграција, оддржливост и еднакави можности. IV. Членство Член 22 Членството во здружението e доброволно.во Здружението членуваат семејствата на лицата со интелектуална попреченосот како и самите лица со интелектуална попреченост,старатели, волонтери, стручни лица,пријатели,ентузијасти и други членови.член на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија и/или странец, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава. 9

Малолетно лице со наполнети 14 години и лице со ограничена или одземена деловна способност се зачленува во здружението со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување, во согласност со Закон. Член 23 Зачленувањето на Здружението се врши со пристапница односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава. Извршниот одбор го претставува и го препорачува членот кој сака да пристапи кон Здружението пред Собранието, по што пат на мнозинско гласање се потврдува неговото членство. Член 24 Членовите го задржуваат својот статус се додека не починат,доброволно се повлечат, или се додека не се суспендирани или исклучени од Здружението. Членот доброволно се повлекува од Здружението со писмена изјава и предавање на сите материјали, нагледни средства кои ги има користено/задолжено за време на своите активности. Одземањето на право на членство се остварува кога членот: - Не се придружува до статутарните одредби на Здружението и не дејствува во интерес на целите пропишани со неговата програма - Ако создава конфликтни ситуации со останатите членови на организацијата со што ја нарушува тековната работа на Здружението - не учествува активно во Здружението. - Ако дејствува против целите на Здружението - Други причини што го загрозуваат дејствувањето на Здружението Извршниот одбор донесува одлуки за суспензија на членството со мнозинство гласови од присутните членови. Суспендираниот член времено го губи правото на глас, не смее да учествува во активностите ниту на кој било начин да го претставува Здружението. Укинувањето на суспензијата се спроведува со одлука на мнозинството на Собранието по отворена дискусија за надминатите причини за суспензија. Извршниот одбор предлага укинување на членството. Членот кој е предложен да биде исклучен пред изјаснувањето на Собранието има право да се обрати. Собранието донесува одлука за исклучување на членот со 51% гласови при постигнат кворум од членовите со право на глас. Губењето на членството значи дека лицето не може повторно да стане член на Здружението. 10

Член 25 Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША за своите членови води регистар и евиденција на членовите на органите.податоците за членството се ажурираат еднаш на две години. Здружението ја гарантира анонимноста на личните податоци на членовите кои тоа го побарале.податоците од регистарот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации V. Права,обврски и одговорности на членовите. Член 26 Членот има право да бира и да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението, да придонесува во развојот, промовирање и популарноста на Здружението, доброволно да се откаже од членувањето, да ги изнесува своите ставови по поставени прашања. Правото да бидат избрани е ограничено само за лицата со ограничена или одземена деловна способност,малолетните членови и членови вработени во стручните сервисни служби на Здружението. Член 27 Членовите на Здружението се должни: Да го почитуваат Статутот, Да присуствуваат на состаноците, да доставуваат податоци и извештаи за работата на Здружението во остварувањето на целите на Здружението Да земаат активно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението, Да ги извршуваат активностите предвидени со Програмата за работа. 11

VI. Органи на Здружението Член 28 Органи на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША се: 1. Собрание 2. Застапник(претседател) 3. Извршен одбор 4. Надзорен одбор Со Статутот на Здружението може да се предвидат и други органи. Собрание на здружението Член 29 Собранието е највисок орган на Здружението.Собранието на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША го сочинуваат сите полнолетни членови на Здружението. Собранието е составено од најмалку 51% од претставници на родители или старатели на лицата со интелектуална попpеченост,а останатиот се членови стручни лица, ентузијасти и други од територијата на Куманово, Липоково и Старо Нагоричане. Собранието избира најмалку 20 делегати избрани од членството кои донесуваат одлуки во нивно име. Собранието избира Застапник (претседател) со мандат од 4 години со право на повторен избор.претседателот го застапува и претставува Здружението. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно. Член 30 Изборното Собрание се свикува на секои 4 години и конституирањето на органите и телата мора да се изврши 30 дена пред истекот на мандатот на членовите на органите и телата. Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма се доставуваат најмалку 7 дена пред одржување на седницата. Член 31 На изборното собрание се избира: - Работно претседателство од три члена; - Записничар; - Двајца оверувачи на записникот; - Органи на управување на Здружението. 12

Член 32 Седници на Собрание свикува Застапникот(претседател) на Собранието по сопствена иницијатива. Седници на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието. Ако Застапникот (претседателот) на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите. Седницата на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по предлог на Надзорниот одбор. Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието. Член 33 Собранието на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово од редовите на своите членови на редовни или вонредни собранија избира Извршен одбор. Член 34 Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови. Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови. На собранието се одлучува со јавно гласање, но по потреба и на предлог од 1/3 од членовите / делегатите гласањето може да биде и тајно. Членовите на Собранието во секое време треба да ги имаат целите и интересите на Здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна. Член 35 Собранието ги врши следните работи: - Донесува Статут на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША и врши измени и дополнувања на истиот. - Усвојува годишен извештај, насоки и план за работа, - Усвојува завршна сметка и финансиски план, 13

- Одлучува за промена на целта на здружувањето - Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението - Oдлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации. - Констатира прием на нови членови и престанок на членувањето; - Избира Застапник (претседател) на Здружението; - Донесува програма за работа на Здружението; - Избира и разрешува членови на Извршниот одбор; - Го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија; - Ја следи материјално финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија; - Расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението; - Донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението; - Избира и разрешува членови на Надзорниот одбор. - Разгледува и одлучува врз основ на наодите на Надзорниот одбор. - Собранието донесува одлуки и ги разгледува и прилагодува условите за вработување, финансиските правила и останати процедури за непречена работа на Здружението - Врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите - Одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство; Член 36 Собранието на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово од редовите на своите членови на редовни или вонредни собранија избира Извршен одбор. Извршен обор Член 37 Извршниот Одбор на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово е Извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развој на Здружението во согласност на Статутот.Мандатот на членовите е 4 години со можност за повторен избор. Член на Извршниот одбор се изема од гласање за прашања поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина до втор степен и за прашања кои се однесуваат на некое лице врз кое тој има контрола или економски интерес. Членот на извршниот одбор ќе биде разрешен ако не се појави на три состаноци еден по друг без да го оправда своето отсуство. 14

Член 38 Извршниот Одбор на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово брои од пет до девет члена, од кои 51% се родители,старатели на лица со интелектуална попреченост. Мандатот на членовите на Извршниот Одбор трае четири години. Извршниот одбор од своите редови избира Претседател со мандат од 4 години со можност да биде повторно избран. Претседателот на Извршниот Одбор истовремено е и претседател на Собранието на Здружението и Застапник (претседател) на Здружението и тој го претставува и застапува Здружението и е наредбодавател и во областа на материјално и финансиско работење на здружението. Член 39 Претседателот на Извршниот одбор ги свикува седниците на Извршниот одбор, предлага дневен ред и ги раководи седниците. Во случај на отсутност на претседателот на Извршниот одбор на седницата го заменува еден од членовите на Извршниот одбор по предлог на претседателот. Претседателот е должен да свика седница на Извршниот одбор најмалку еднаш во три месеци, а по потреба повеќе пати по барање на 1/2 од членовите на Извршниот одбор. Член 40 Извршниот Одбор ги врши следниве работи: - Ги подготвува седниците на Собранието, припрема материјали за седниците на Собранието; - Го подготвува нацрт статутот, предлага измени и дополнување на статутот и ги подготвува другите одлуки што треба да ги донесе Собранието; - Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени на собранието; - Ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението; - Формира Стручна служба и врши контрола на нејзината работа; - Управува и одговара за управувањето со имотот на здружението; - Подготвува годишен и периодичен извештај за својата работа; - Донесува и реализира годишна програма за работа; - Донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори; - Констатира прием на нови членови и престанок на членување доколку за тоа биде овластен извршниот одбор од страна на собранието; - Именува и разрешува Секретар на Здружението; 15

- Донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и комисии и ја насочува нивната работа; - Организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации; - Доделува одлуки за награди, пофалници и признанија; - Дава согласност за набавка и отуѓување на основните средства; - Дава согласност на Правилникот за организација и работните задачи на стручната служба на Здружението, и врши контрола на нејзиното работење; - Донесува одлуки по приговори и жалби; - Предлага и спроведува финансиски план и изготвува завршна сметка на Здружението; - Решава за формирање на ограноци на Здружението; - Именува членови на стручната служба на Здружението; - Донесува акти со кои се уредува работата на Стручната служба; - Врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот. Член 41 Извршниот Одбор за својата работа одговара пред Собранието на Здружението. Извршниот Одбор се состанува и одржува седници по потреба.седницата на извршниот Одбор ја свикува Застапникот (претседателот).предлог за свикување на Извршниот Одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор или една третина од членовите на Собранието.Со седницата раководи и претседава Застапникот (претседателот), а во негово отсуство ќе раководи член од Извршниот одбор кој ќе го назначи Застапникот (претседателот).начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот Одбор се уредува со Деловникот за работа.членовите на Извршниот одбор во секое време треба да ги имаат целите и интересите на здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна. Член 42 Заради извршување на статутарните и програмските задачи и Одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот одбор формира други работни тела Член 43 Извршниот одбор може да има Секретар на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово Секретарот ги врши сите работи за кои е овластен со овој Статут и посебните акти кои ги донесува Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША и кои не се спротивни со законските прописи. Секретарот се избира на 4 години со можност за повторен избор. 16

Член 44 Секретарот на Здружението се грижи и е одговорен за: - Ажурирање на список на членовите на Здружението со (име презиме и адреса) и на сите други списоци кои ќе бидат потребни - Испраќа и се грижи да стигнат на време поканите и известувања за состаноци - Подготвува програма/дневен ред за состаноците заедно со застапникот(претседател). - Води евиденција за присутните членови на Собранието и на седниците на Извршниот Одбор. - Изготвува забелешки/записници од состаноците кои се доставуваат до членовите и (застапникот) претседателот за нивно усвојување, по што ги архивира. - Советува и внимава на запазување на процедурите при заседавање на Управниот одбор и Собранието - Се грижи и обезбедува почитување на овој статут, регистрација на Здружението и воспоставува поврзување со други авторитети и обезбедува правни поуки за хуманитерните активности на Здружението - Се грижи за комуникацијата со членовите на Здружението помеѓу две собранија - Ги изложува на разгледување предлозите од членовите пред Извршниот Одбор на Здружението. - Постојано соработува со Застапникот на Здружението. - Секретарот врши и други работи предвидени со Статутот и посебните акти кои ги донесува Здружението.. Секретарот за својата работа е одговорен пред Застапникот, Извршниот одбор и Собранието на Здружението. Надзорен одбор Член 45 Надзорниот одбор на Здружението брои 3 членови кои се избираат од редот на надворешни лица, кои не се членови на Собранието. Членовите на Надзорниот одбор во исто време не можат да бидат и членови на други органи врз чија работа вршат надзор. Вработените во Здружението не можат да бидат членови на Надзорниот одбор. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години. 17

Член 46 Надзорниот одбор работи на седници Седниците ги свикува претседателот и раководи со нивната работа. Претседателот на Надзорниот одбор свикува седници најмалку еднаш годишно и по потреба. Член 47 Надзорниот одбор ги врши следниве работи - Врши надзор на правилното спроведување и примена на одредбите од статутот и другите општи акти на Здружението; - Врши надзор на извршувањето на одлуките на Собранието, Извршниот одбор и на другите тела на здружението; - Врши надзор за наменско трошење на средствата; - Еднаш годишно поднесува извештај за направениот увид; - Предлага мерки за спречување и отстранување на неправилностите во работата; - Врши и други работи согласно законот и актите на здружението; - Своите наоди и одлуки надзорниот одбор ги доставува до Собранието и Извршниот Одбор на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово. VII. Застапување по Закон Член 48 Претседателот на Извршниот Одбор истовремено е и претседател на Собранието на Здружението и Застапник (претседател) на Здружението и тој го претставува и застапува Здружението и е наредбодавател и во областа на материјално и финансиско работење на здружението. - Застапник (претседател) може да биде родител на лице со интелектуална попреченост,но во случај кога не би можел да се избере Застапник од членовите родители се пристапува на избор од останатите членови. - Застапникот мора да има најмалку три години активно работно искуство во органите на Здружението.Треба да има и основни познавања на работа со компјутер, на пишување и раководење на проекти, висок степен на познавање на областа во која делува здружението, како и изразени организациони и менаџерски способности и квалитети. - Застапникот (претседател) е правен застапник на Здружението - Застапникот во рамките на своите овластувања може да даде на друго лице писмено полномошно за склучување на одредени видови договори или презeмање на други правни дејства, како и застапување пред судовите и други органи 18

- За извршување на работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението Извршниот одбор му дава јавни овластувања на Застапникот (претседателот). - Застапник заседава со седниците на Извршниот одбор и со Собранието - Застапникот ги раководи активностите на Здружението согласно со одобрениот работен план и одобрениот финансиски план, и останатите одлуки на годишното Собрание. - Застапникот (претседателот) е потписник на сметката на Здружението; - Застапникот (претседателот)се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор; - Застапникот во правниот промет презема мерки и дејствија во име и за сметка на Здружението; - Застапникот се грижи за правилната примена на законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението. - Застапникот го следи и контролира административно финансиското работење на Здружението. - Застапникот врши промоција на активностите на организацијата - Застапникот предлага и учествува во подготока на нови проекти - Застапникот имплементира тековни проекти - Застапникот вработува и отпушта лица кои ќе ги изведуваат тековните проекти - Застапникот за својата работа е одговорен пред Извршниот одбор и Собранието. Член 49 Здружението може да формира стручна служба за извршување на административно стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението. Организацијата и работата на Стручната служба се уредува со акти кои што ги донесува Извршниот одбор. VIII. Стекнување и располагање со средства. Член 50 Здружението остварува средства од: - Донации,доброволни прилози, подароци, чланарини и сл. - Буџетот на Република Македонија - Буџетот на локалната самоуправа - Меѓународни организации и фондации 19

- Здружението може да ги остварува и следниве дејности со кои се стекнува добивка која што се користи исклучиво за исполнување на целите дефинирани во овој Статут: - Добивки, на трговски друштва основани со средствата на здружението. Заедници и од други извори. - Провизии од органи,организации. - Давање услуги на други здруженија,организации и институции: консултантски и социјални услуги, спроведување на истражувања, организирање и спроведување на обуки - Од други услуги(имотни права и сл.) и други приходи согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации и Статутот на и Здружението Член 51 Средствата се стекнуваат врз основа на претходно изготвени програми (проекти) од Здружението, кои ќе бидат одобрени од Владата на Република Македонија, односно надлежните министерства, Советот на единицата на локалната самоуправа, во согласност со Закон, исто така и одобрени од меѓународни организации и фондации. Член 52 Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми, утврдени со финансискиот план и врз основа на валидни документи Член 53 Средтсвата што Здружението ги стекнува се исклучивово негова сопственост. Член 54 За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежносите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отсранување на незаконитостите. 20

IX. Донесување на планови и програми за работа како и финансиски и други извештаи на Здружението Член 55 Деловното планирање се состои од планирање, спроведување, набљудување, оценување и известување. Извршниот Одбор е одговорен за деловното планирање. Член 56 Финансиската година се совпаѓа со календарската година. Висината и распределбата на финансиските средства се определува со годишен финасиски план врз основа на годишната програма за работа. Годишната програма за работа и финансискиот план ги донесува Извршниот одбор. Годишната програма за работа и финансискиот план се донесуваат на крајот од тековната календарска година, за наредната година. Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението. Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 50 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, материјали, трошоци за работа на Здружението и други расходи сврзани со работата на Здружението. Финансискиот план може во секое време да се измени. Член 57 Здружението води сметководство, води и чува книги, поднесува годишна сметка и врши попис на начин уреден со Законот. Извршниот Одбор со општ акт го уредува финансиското работење. Извршниот Одбор го одобрува извештајот за попис. Член 58 Здружението изработуvа годишен извештај, годишна сметка и финансиски извештаи во согласност со Законот за сметководство, за непрофитни организации и Стatутот и општите акти на Здружението. 21

Годишниот деловен извештај се соsтои од иzвештај за работа и финасиски извештај. Одговорни за годишниот деловен иzвештај, за годишната сметка и за финансиските извештаи, односно за нивната подготовка се членовите на Извршниот Одбор. Годишниот финансиски извештај ќе биде подложен на ревизија од страна на Надзорен Одбор. Годишниот деловен извештај, вклучувајќи го и финансискиот извештај го донесува Собранието. Член 59 Годишниот финансиски извештај ќе биде подложен на ревизија од страна на Надзорен Одбор,но ако треба Здружението ќе изврши независна годишна ревизија на своето финасиско работење и ревизија во согласност со меѓународните сметководствени стандарди.извештајот за ревизија заедно со извештајот од членот 77 став(2)алинеја 4 од Законот за здруженија и фондации 2010(Сл.весник на РМ бр:51/2010 ке ги поднесува најмалку еднаш годишно, но и ќе ги објавува на веб страница до 30 април во тековната година за предходната година. Член 60 Вишокот на приходите над расходите (добивката) остварен од Здружението не смее да биде дистрибуиран како таков на ниедно лице, туку мора да биде употребен исклучиво за остварување на целите, задачите и активностите на Здружението. X. Јавност и отчетност во работата Член 61 Работата на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување ( на членовите, други здруженија или пошироката јавност) за работењето и активностите на Здружението,со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално финансиско работење и друго. Информирање на членовите и пошироката јавност се врши: - преку издавање на сопствено информативно гласило; - со давање на известувања преку средствата за јавно информирање, - со присуство на претставници на средствата за јавно информирање на Седниците на органите на Здружението (по потреба); - преку издавање на разни печатени соопштенија, информации, билтени, монографии и сл. пропаганден материјал; - сопствена интернет страница 22

-табла за јавно огласување која стои на видно место во просториите на самото здружение. -преку сите соодветни начини за запознавање на пошироката јавност со целите, задачите и активностите на Здружението. Годишниот и финансискиот извештај ќе бидат објавени и ќе бидат достапни за јавноста преку веб страница на Здружението најдоцна до 30 април за претходната година. XI. Судир на интереси Член 62 Членовите на органите за управување и надзор се должни да управуваат и работат со Здружението со внимание и со начелата за добро управување,а над други лични или посебни интереси, односно во интерес на исполнување на целите и деловните планови на Здружението во согласност со Законите и со Статутот. Член 63 Членовите на Собранието како и на другите органи за управување и надзор,се одговорни за повреда на своите одговорности предизвикани од нивната работа или поради нејзино запоставување и одговараат за причинетата штета како солидарни должници со Извршниот Одбор,ако при одлучувањето не постапувале со внимание на добар управувач. Член 64 Не е дозволено едно лице истовремено да врши две функции во Извршниот одбор или во друг одбор формиран од Собранието. Член 65 Вработени во било која служба на Здружението немаат право да бидат избирани во ниедно тело.сите членови кои имаат судир на интереси при донесување на одлукити нема да можат да гласаат при донесување на одлуки поврзани со обезбедување на материјали или услуги. 23

Член 66 Застапникот, вработените и членовите на извршните органи даваат детална изјава за судир на интереси со самото стапување на должност која се обновува при продолжување на договор за работа или повторен избор на членот во органите на Здружението. Со самото тоа ниеден член не смее да стекнува директна или индиректна финансиска или материјална добивка преку користење на својата позиција. Ова се однесува на секаква продажба, дистрибуција, промоција на материјали или сервисни услуги. Членот не смее да прима подароци или материјални добра од давател на услуги или набавувач на материјали. Уште повеќе не смее да учествува во донесувањето на одлука за вработување на брачен другар или роднини (дедо, баба, родители, брат или сестра, син или ќерка, внук или внука или роднини на брачниот сопружник). Поставувањето на роднини на членовите на законодавните тела и вработените на работни позиции, дури и како консултанти е забрането. Вработено лице во било која служба на Здружението има право да присуствува, но нема право да гласа на ниеден законодавен состанок на здружението, исклучувајќи ги секојдневните работни состаноци.. Член 67 Освен надокнада за трошоците произлезени при одвивање на активности на Здружението, членовите кои волонтираат не смеат да добиваат други средства. Членовите кои волонтираат не смеат да земаат позајмици од фондовите на Здружението. Остварената добивка мора да биде искористена согласно член 12 став 3 од Законот за здруженија на граѓани. Член 68 Валидност на одлуките на Здружението ПОРАКА НАША. Ниедна одлука на било која средба на Здружението нема да биде прогласена за неважечка поради несоодветности утврдени отпосле. XII. Донесување,изменување и дополнување на статутот. Член 69 Собаранието на Здружението донесува Статут, деловник за работа и други општи акти за кои ќе утврди потреба. Нацртот на општите акти што ги донесува Собранието го утврдува Извршниот одбор и ги доставува до Собранието на донесување. 24

Извршниот одбор ако се утврди дека е потребно, може пред утврдување на нацртот на општиот акт од претходниот став на овој член, како преднацрт да го достави на разгледување пред членовите,при што го утврдува и рокот во кој може по истиот да се достават предлози, мислења и забелешки. Постапката за изменување и дополнување на општите акти е иста како и за нивно донесување. Во рамките на своите надлежности Извршниот одбор донесува правилници, одлуки, решенија, заклучоци и други акти. XIII. Односи со други институции Член 70 Здружението воспоставува односи со други институции и тоа преку заедничко дејствување со стапување на сојуз или влегување во членство, партнерства, стратешки алијанси и конзорциум. Член 71 Здружението може заеднички да дејствува со други организации со стапуавање во сојуз или со влегување во членство во домашни и во меѓународни организации и сојузи, како и со стапување во стратешки алијанси и конзорциуми. Одлука за заедничко дејствување на програмска и на ад-хок основа, во краткорочен и среднорочен период донесува Извршниот одбор. Одлука за заедничко дејствување на организациска основа и на неопределeн период донесува Собранието на здружението. Член 72 Здружението во односите со други институции го застапува Застапникот. XIV. Престанок на работа на Здружението Член 73 Здружението престанува со работа во следниве случаи: - Ако за тоа се изјаснат 2/3 од членовите на Собранието на Здружението; 25

- Ако бројот на членовите се намали под бројот определен со Закон за основање на Здружение ; - Ако настапат причини утврдени по член 63 од Законот за здруженија и фондации. Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство. Член74 Во случај на престанок на работатата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на организација истоветна на здружението. Член 75 Доколку неможат да се исполнат условите утврдени во Членот 74, во случај на престанување на работата на здружението неговиот имот преминува во сопственост на Локалната самоуправа илирепублика Македонија. XV. Преодни и завршни одредби Член 76 Толкување на одредбите на овој Статут дава Собранието на Здружението, а помеѓу две Собранија, Извршниот одбор на Здружението. Член 77 Измени и дополнување на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување. Член 78 26

Со денот на стапување во сила на овој Статут престанува да важи Статутот на Регионалниот центар за лица со интелектуалнa попреченост,,порака НАША,, - Куманово од 22.03.2010 година. Член 79 Овој Статут стапува во сила од денот на донесувањето на ден 19.03.2011година. Застапник ( Претседател) Благица Димитровска 27