Kратки и горко-слатки, инспиративни и мотивациони приказни за најважните работи во животот

Similar documents
A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Март Opinion research & Communications

Copyright за македонското издание Издавачка куќа Сакам книги, 2011 Сите права обезбедени и задржани во договор со DARLEY ANDERSON BOOKS

Сите права обезбедени и задржани во договор со Susan Elizabeth Phillips c/o The Axelrod Agency

Збогум, најмила. Кристин Хана. Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

ИЗДАВАЧКА КУЌА ХАРТ БУКС ПАБЛИШЕР

А што по бакнежот? Лорен Лејн. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ.

ГОСПОДИН НЕОДОЛИВ. Сузан Елизабет Филипс. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

Редни броеви (или песни со посвета)

Пред улица Јамајка Саманта Јанг

Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

Бенјамин Штајн ПЛАТНО

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ

Структурно програмирање

Жан Калвин ( )

Коисмение.Штозначиме.

ОЛИВЕР СЕРАФИМОВСКИ ГО ВДИШУВАШ МОЈОТ ЗБОР

Првиот последен бакнеж Али Харис

Темјанушки во март Сара Џио

Песната на речните птици Лиса Вингејт

Миљенко Јерговиќ МАМА ЛЕОНЕ

На раб на лудило Б. А. Парис

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА ГРИЖИТЕ. Христијанска Црква Оаза во Република Македонија

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Margina #19-20 [1995] okno.mk 1

Најдобриот настан што може да се раскаже

ЉУБОВТА ЗА АНА ЕКСКЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ

Зима со мирис на капини Сара Џио

Учењата на Исус Христос во

ЖИВОТОТ Е ДОБАР АКО НЕ СЕ ОТКАЖУВАШ

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

ВиГ ЗЕНИЦА Видое Смилевски-Бато 85/1-14 Скопје Upotreba čoveka Белград, Нолит, 1980

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Таков сум - каков што сум: Не безгрешен, туку грешен, Гладен, страден, безутешен. Таков сум - како што сум, Немирен и смирен, недопирен,

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Снежана Букал. Тајната на детето Иво

тим: Секулоска Вероника, Наумоска Ана, Балоска Ивана, Ристеска Георгина

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

Издавачка куќа Готен Пролет 25, Скопје

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Ајде да одиме на работа. Текст: Илустрации: Брунел Марјан. Ауде. Манчек

Преглед на државите во Западна Африка

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

Добредојдовте на страниците на оваа приказна од Нашата прва библиотека

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Биланс на приходи и расходи

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

Макани. Текст. и илустрација: Марјан Манчек

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Биланс на приходи и расходи

СОВЕТИ З А П О Д О Б РА. с а б о т н а ш к о л а

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

Смислата на учењето на класичните јазици денес

Маргарет Атвуд ПРИКАЗНАТА НА РОБИНКАТА

ПРОЕКТОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО : ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Издавач: Младите можат Автори: Горјан Славковски Стефан Јовановски. Дизајн: Креативно студио Преплет Лектор:

Мобилност МК Mobility MK

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

Жените и културното гето: балкански перспективи

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Семејството и заедницата

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

Водич на мислителot за ЛОГИЧКИ ГРЕШКИ

Dear Parents/Guardians,

Вики и очилата. Текст: Ивона Брежинова Илустрации: Ментор Лапаштица


ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

ОПИС И СВОЈСТВА. СОСТАВ Природно рибино масло, масло од каламари, маслиново масло, масло од лимета (природен аромат), ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

Health South Eastern Sydney Local Health District

Хомеопатски информатор

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2017 YEARBOOK

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

СОДРЖИНА. 41.Кратка Биографија за Авторот

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

Во овој број ќе читате: Детска недела. Меѓународен ден на Старите лица. Ден на гладта. Проекти. Инфо. Млади писатели. Дали знаеш? Бонка.

Task Force Education And Youth

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Христови Патишта Исус Христос, духовност и Земја:

Transcription:

Kратки и горко-слатки, инспиративни и мотивациони приказни за најважните работи во животот

ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ www.sakamknigi.mk Tолку многу книги, а толку малку време... Строго избрани одлични наслови за сите кои сакаат книги со уникатни приказни достојни за нивното време... Наслов на оригиналот The echo 2009 Geries O. Awwad Copyright за македонското издание Издавачка куќа Сакам книги, 2013 Превод Ивана Николовска Стручна редакција Ана Кулеванова Лектор Марија Иванова Главен уредник Ивана Николовска Маркет менаџер Деана Николовска Дизајн и компјутерска обработка Диме Спасев Сите права за книгата се задржани. Ниту еден дел од ова издание не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во која било форма или на кој било начин, без писмена согласност од издавачот. Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

Крадец на колачиња Џерис. О. Авад

Посветено на моите родители, моето семејство, моите пријатели и сите оние кои се во потрага по мудроста како праг кон среќата. Им ја нудам мојата книга како свеќа која ќе им го осветли патот, како рибарска трска која ќе им улови насмевка. Џерис. О. Авад НАЗАРЕТ

Џерис. О. Авад Вовед Секој од нас проживува случувања од некоја приказна на еден или на друг начин. Можеби приказните и ликовите се разликуваат едни од други, една приказна е за некој возбудлив и ентузијастички лик кој ја контролира својата судбина и управува со настаните во својот живот, а пак друг лик игра незначителна улога во животот, но секој живот е прекрасна приказна која вреди да се слушне. Она што го карактеризира секој еден од ликовите е општественото наследство, објективните и субјективните околности со кои се соочува секој човек и сето она што го поседува за време на неговиот живот, материјално или морално. Несомнено е дека секој еден од нас има за цел да создаде удобен и пријатен среќен живот. Соодветно е да се спомене значењето на приказните кои ги наследуваме со генерации, приказни полни со поуки кои се всушност суштината на искуството на народите во текот на целата историја. Општо земено, приказната е едно од најважните културни средства кое на наједноставен начин ни овозможува да ги разбереме и да станеме свесни за основните вредности во животот. Ова, само по себе, придонесува за социјални реформи и претставува подобрување на доминантните вредности во општеството. Почнав да собирам мотивациони и инспиративни раскази многу одамна. Дел од нив ги преработив со цел да ги сместам во една убава литературна рамка. Други, пак, се преведени од други јазици. 5

Крадец на колачиња Она што ги карактеризира овие приказни се нивните непознати автори и непознати извори, освен за неколку приказни кои се напишани пред многу години и чии автори се познати. Тешко е да се каже со сигурност кога и како се појавиле овие приказни, но голем број од нив можат да се најдат во многу култури и во популарното културно наследство. Корените на овие приказни им припаѓаат на старите времиња, во времето на Месопотамија, Источна Азија и Античка Грција. Приказни кои до ден денешен учат на морал. Другиот дел од приказните имаат арапски корени, а третиот дел пак се модерни во однос на ликови и настани. Рејнхолд Нибухр и Томас Харт напишале: Драг Господе, дај ни сила со ведрина да ги прифатиме нештата кои не можеме да ги промениме. Дај ни храброст да го промениме она што можеме и она што треба. И дај ни мудрост да го разликуваме едното од другото. Ние како човечки суштества имаме способност да размислуваме и да го промениме она што може да се промени, со цел да го поправиме нашиот пат, така што нашите животи ќе се вклопуваат во концептот на општеството. Постои една изрека која вели дека: Само глупавите учат од своите искуства - мудриот учи од искуството на другите. Додека ја пишував оваа книга се обидов да дадам совет, мудрост и морални лекции скриени индиректно помеѓу редови. Џерис Авад 6

Џерис. О. Авад 1 Зборовите се како пердуви на ветрот Еден ден, една добра жена ја повреди својата најдобра пријателка кажувајќи ѝ нељубезни и груби зборови. Таа веднаш се покаја, но веќе беше премногу доцна. Беше невозможно да си ги врати зборовите назад, а нејзината пријателка не беше подготвена да ѝ прости. Жената се обиде да го подобри односот, но нејзините напори беа залудни. Во своите обиди да ја исправи грешката, еден ден таа отиде кај еден мудар старец во селото за да побара негов совет. Стариот човек трпеливо слушаше, обидувајќи се да утврди колку беше искрена жената и колку далеку беше подготвена да оди за да ја поправи ситуацијата. Тој објасни дека понекогаш, со цел да се вратат работите назад на место, мора да се направат големи напори. Тогаш праша: Што би направила за да ја поправиш штетата која си ја нанела? Одговорот беше искрен: Сè. Слушајќи ја, мудриот старец ја почувствува болката на младата жена и знаеше дека мора да ѝ помогне со цел да го реши нејзиниот проблем, но исто така и да ја натера да извлече поука. Тој рече: Има две работи кои треба да ги направиш за да ја исправиш грешката. Првата е исклучително тешка. Вечерва земи ги најубавите перници и отвори мала дупка во секоја од нив. Потоа, пред да изгрее сонцето, стави по еден пердув на 7

Крадец на колачиња прагот пред секоја куќа во селото. Кога ќе го направиш тоа, врати се пак кај мене. Ако ја направиш првата работа, ќе ти кажам што е следно. Младата жена побрза дома за да се подготви за задачата, иако перниците ѝ беа многу драги и многу скапи. Цела ноќ работеше сама на студот, одеше од праг на праг, внимавајќи да не изостави ниту една куќа. Нејзините прсти беа замрзнати; ветрот беше остар, а очите ѝ солзеа. Трчаше низ затемнетите улици, благодарна што сепак имаше нешто што можеше да се стори за работите да се вратат на старо, какви што беа некогаш. Конечно, кога небото почна да се осветлува, таа го стави последниот пердув на скалите од последната куќа. Кога сонцето изгреа, таа се врати кај старецот. Беше преморена, но ѝ олесни што знаеше дека нејзините напори ќе бидат наградени. Готово. Моите перници се празни. Ставив по еден пердув на прагот од секој дом. Сега, рече мудриот човек, врати се назад, собери ги сите пердуви и повторно наполни ги перниците со нив. Потоа сè ќе биде исто како порано. Младата жена беше запрепастена. Знаете дека тоа е невозможно! Ветрот беше толку силен што го разнесуваше секој пердув уште во истиот миг штом го спуштам на прагот! Не ми кажавте дека ќе морам повторно да ги соберам и да ги вратам назад! Ако ова е вториот услов, тогаш работите никогаш нема да бидат исти како порано. Тоа е точно, рече старецот. Никогаш не заборавај. Секој еден од твоите зборови е како пердув на ветрот. Еднаш кажан, никаков труд, без оглед колку е искрен или добронамерен, не може да го врати назад во твојата уста. Избирај ги добро зборовите, особено оние кои ги кажуваш во присуство на оние кои ги сакаш. 8

Џерис. О. Авад 2 Крадец на колачиња Жената на аеродромот мораше да чека неколку часа пред да се качи на нејзиниот следен лет. Таа купи една книга и една кутија со колачиња. Еден млад човек седна до неа кога таа почна да ја чита книгата. Тој ја испружи раката и без никаква загриженост ниту обѕир, ја грабна кутијата што стоеше помеѓу нив и почна да јаде од колачињата, едно по едно. Благо вознемирена, не сакајќи да крева врева околу сето тоа, жената одлучи да го игнорира, па и таа посегна по колачињата и погледна на часовникот. Бесрамниот човек продолжуваше и понатаму, па жената сега почна навистина да се лути и си помисли, Да не бев толку добра и образована личност, досега ќе му го помодрев окото на овој дрзок човек. Секојпат кога таа ќе посегнеше по бисквита и тој земаше една. Дијалогот помеѓу нивните очи продолжи и кога остана само уште едно колаче, таа се запраша што следно имаше намера да направи овој човек. Младиот човек го грабна последниот кекс и го скрши на два дела. Тој ѝ ја понуди едната половина на жената, додека загризуваше од другата половина. Жената смирено го зеде понуденото половина колаче и си помисли, Колку безобразен човек! Колку необразован! Тој дури не ми се ни заблагодари! По некое време, навистина ѝ олесни кога слушна дека нејзиниот лет наскоро полетува. 9

Крадец на колачиња Таа тргна кон портата, без да сака да погледне назад кон местото каде што седеше некултурниот крадец. Откако се качи во авионот, бркна во чантата за да ја земе својата книга од која сега ѝ остануваа само уште неколку непрочитани страници. На нејзино изненадување и срам, кутијата со бисквити стоеше недопрена во нејзината торба. Ох, Боже! Ако моите колачи се тука, си помисли таа, онаа кутија со колачиња мора да беше негова... и тој се обиде да ги подели со мене! Премногу доцна за да му се извини на младиот човек, таа со болка сфати, кој беше сега дрзок, необразован и крадец. Колкупати во животот сме биле сигурни дека нешто се случува на одреден начин, за подоцна да откриеме дека тоа не било вистина? Ајде двапати да размислиме пред да донесеме одлука. Ајде да оставиме простор за сомнеж пред да им пресудиме на другите. Ајде да се обидеме барем за момент да му дадеме шанса на доброто во другиот пред да помислиме лошо за него. Еве некои работи кои никогаш не можат да се вратат назад... Каменот откако ќе се фрли во океан. Зборот откако ќе се каже. Посебниот миг откако ќе заврши. Пријателството откако ќе се изневери. Љубениот откако ќе си замине. 10

Џерис. О. Авад 3 Морската ѕвезда Еднаш, многу одамна, си живееше еден многу мудар човек кој уживаше да седи покрај океанот и да пишува книги. Имаше навика да шета по плажата пред да почне со работа. Еден ден, додека се движеше по должината на брегот, тој погледна кон крајот на плажата и виде една човечка фигура како се движи и танцува. Се насмевна и се запраша кој ли би можел да танцува во ова време, па тргна кон човекот со намера да дознае. Кога се доближи, забележа дека тоа беше еден млад човек кој не танцуваше, туку посегаше по нешто на брегот, го земаше и многу нежно го фрлаше во океанот. Кога се доближи, тој извика: Добро утро. Што правиш, младо момче? Младото момче застана, погледна нагоре и одговори: Фрлам морски ѕвезди во океанот. Претпоставувам дека требаше да прашам - зошто фрлаш морски ѕвезди во океанот? Сонцето е високо на небото, а брановите се силни. Ако не ги вратам во океанот, ѕвездите ќе умрат. Но, мој драг млад човеку, зарем не гледаш дека плажата е долга илјадници километри, а морски ѕвезди има по целата нејзина должина. Каква разлика прави ако спасиш неколку? Младиот човек учтиво слушаше. 11

Крадец на колачиња Потоа се наведна, зеде уште една морска ѕвезда и ја фрли во океанот, пресекувајќи ги брановите: Ѝ прави разлика на оваа. Поука: Не секогаш сме во можност да направиме огромно добро, да им помогнеме на сите или да ги спасиме сите. Но запомнете, секое добро дело, без разлика колку мало и безначајно ви се чини вам, за некого може да значи живот. 12

Џерис. О. Авад 4 Ѕидови и мостови Еднаш, многу одамна, двајца браќа кои живееја на соседни фарми, влегоа во конфликт. Тоа беше првиот сериозен судир помеѓу нив во последните четириесет години поминати рамо до рамо, споделувајќи машини за земјоделство, тргувајќи со работна сила и стока колку што беше потребно, без никаков конфликт. Тогаш долгата соработка се распадна. Почна со мало недоразбирање, прерасна во голема кавга и, конечно, експлодираше во размена на жестоки зборови проследени со недели поминати во молк. Едно утро се слушна тропање на вратата на Џон. Тој ја отвори и виде човек со кутија за дрводелски алат во рацете. Барам работа за неколку дена, рече тој. Можеби имаш неколку мали работи тука и таму со кои би можел да ти помогнам? Да, рече постариот брат. Имам работа за тебе. Ја гледаш онаа фарма кај потокот? Тоа е мојот сосед; всушност, тоа е мојот помлад брат. Минатата недела имаше една ливада помеѓу нас, но тој го однесе својот булдожер, ископа огромна бразда и сега меѓу нас има поток. Го направи тоа за да ми напакости мене, но јас двојно ќе му вратам. Го гледаш купон граѓа што стои од страна на шталата? Сакам да ми изградиш ограда - осум метри висока ограда - за да не морам повеќе да го гледам ниту неговото место, ниту неговото лице. 13

Крадец на колачиња Дрводелецот рече: Мислам дека ја разбирам ситуацијата. Ќе ми требаат само неколку шајки и дополнителен алат и ќе завршам одлична работа која ќе ве задоволи. Постариот брат мораше да отиде до градот за да му помогне на дрводелецот да ги набави материјалите кои му беа потребни, а потоа отиде да си ја врши својата работа. Дрводелецот работеше напорно цел ден, мереше, лепеше, коваше. Кога фармерот се врати токму пред зајдисонце, дрводелецот веќе ја имаше завршено својата работа. Очите на фармерот широко се ококорија, а вилицата му падна надолу. Таму воопшто немаше ограда. Имаше мост - мост кој се протегаше од едната страна на потокот до другата! Прекрасно завршена работа, ограда со држачи од двете страни и соседот, неговиот помлад брат, дојде кон нив со подадени раце. Ти си вистински пријател што го изгради овој мост после сè што кажав и направив, рече тој. Двајцата браќа стоеја така, еден на едниот, друг на другиот крај од мостот, а потоа се приближија еден кон друг и се најдоа во средината, подавајќи си рака. Тие се свртеа за да го видат дрводелецот како си ги собира алатките и ги префрла преку едното рамо. Не, чекај! Остани неколку дена. Имам многу други проекти за тебе, рече постариот брат. Би сакал да останам, рече дрводелецот но имам уште многу вакви мостови за градење.» Имате ли вие? 14

Џерис. О. Авад 5 Стапица за глувци Еден глушец погледна низ пукнатината во ѕидот и ги виде земјоделецот и неговата сопруга како отвораат една кутија. Каква ли храна имаше внатре? Тој се шокираше кога откри дека станува збор за стапица за глувци. Повлекувајќи се во селскиот двор, глувчето го разгласи предупредувањето: Има стапица за глувци во куќата, стапица за глувци во куќата! Кокошката закокодака и се оптегна, ја крена главата и рече: Извинете, господине Глушец; можам да забележам дека ова претставува сериозна опасност за Вас, но не и за мене. Мене тоа не ме загрижува. Глувчето се сврте кон свињата и ѝ рече: Има стапица за глувци во куќата, стапица за глувци во куќата! Мене ми е многу жал, господине Глушец, рече свињата со сочувство но не постои ништо што можам да направам во врска со тоа, освен да се молам за тебе. Биди уверен дека ќе бидеш во моите молитви. Глувчето се сврте кон кравата, но таа рече: Молам? Ууу, господине Глушец. Стапица за глувци! Во голема опасност сум, така? Па така, глувчето се врати во куќата со сведната глава, тажен и потиштен што требаше сам да се справува со стапицата на земјоделецот. Истата ноќ, во куќата се слушна еден звук - звукот на стапица која веќе го фатила својот плен. 15

Крадец на колачиња Сопругата на фармерот побрза да види што уловиле, но во мракот не успеа да види дека тоа беше опасна змија чија опашка се имаше заглавено во стапицата, па кога жената се доближи, змијата ја гризна за ногата. Земјоделецот ја однесе жената во болница, но таа се врати дома со треска. Сега, секој знае дека треска се лекува со свежа пилешка супа, па земјоделецот ја зеде секирата од селскиот двор и тргна по главната состојка за супата... кокошката. Болеста на неговата сопруга продолжи, па нивните пријатели и соседи почнаа да доаѓаат на посета. За да ги угости сите нив, земјоделецот ја закла свињата. Но, сопругата на фармерот не се чувствуваше подобро. Напротив, таа почина, а толку многу луѓе дојдоа на нејзиниот погреб, што земјоделецот мораше да ја заколе и кравата за да обезбеди храна за сите нив. Помогнете им на ближните секогаш кога можете, помогнете им кога се во неволја и не им посакувајте ништо што не сакате да ви се случи вам. Животот е непредвидлив. Никој не знае што може да го снајде утре. 16