25 YEARS OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD 25 години од донесување на "Конвенцијата за правата на детето" Д-р Срѓан Керим
Насловна: Девојче игра во својот дом во Ромската населба Топаана во главниот град Скопје UNICEF The statements in this publication are the views of the authors and do not necessarily reflect the policies or the views of UNICEF. Additional essays by experts and opinion leaders are available on UNICEF s dedicated portal on the Convention on the Rights of the Child: <www.unicef.org/crc>. Permission is required to reproduce any part of this publication. Permission will be freely granted to educational or non-profit organizations. Others will be requested to pay a small fee. Please contact: Division of Communication, UNICEF Attn: Permissions 3 United Nations Plaza New York, NY 10017, USA Tel: +1 (212) 326-7434 Email: nyhqdoc.permit@unicef.org For the latest data, please visit <www.childinfo.org> United Nations Children s Fund (UNICEF) November 2014
25 ГОДИНИ ОД ДОНЕСУВАЊЕ НА "КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО" by DR. SRGJAN KERIM Д-р Срѓан Керим Претседател на 62-то заседание на Генералното собрание на ОН На одбележувањето на 25-годишнината од "Конвенцијата за правата на детето" ценам дека е соодветно својот есеј да го започнам парафразирајќи го г. Ентони Лејк, извршен директор на УНИЦЕФ: "... Децата се идните лидери на своите општества, идните лекари и иноватори, сонувачи и чинители." Човек не може, а да не се согласи. Сепак, можат ли тие сами да го постигнат тоа? Секако не. Ние имаме одговорност, и со "ние" мислам на целиот систем на Обединетите Нации, да најдеме начини и средства за поддршка на децата во целиот свет. Во 2002 бев делегат на Специјалната седница за децата во 2002 на Генералното собрание на ОН. Кога во 2007 станав претседател на Генералното собрание на ОН организирав Комеморативен пленарен состанок на високо ниво посветен на следењети на заклучоците од Специјалната седница за децата. Тоа го направив не само за освежување на институционална меморија, туку пред сè со цел да ги потврдиме нашите заложби. На Светскиот самит за децата во 1990 година нашите лидери го потврдија принципот дека децата треба да имаат предност во однос на ресурсите и во лоши и во добри времиња. Во 2000 година, тие повторно се обврзаа на тоа како дел од Милениумските развојни цели до 2015 година, да се постигнат и конкретните цели во врска со образованието и здравјето на децата. 1
И во мај 2002 година на Специјалната седница на Генералното собрание за децата, владите ветија да создадат свет по мерка на децата како мост кон светот по мерка за сите нас. Генералното собрание на 61. и 62. заседание посвети, исто така, значително внимание на утврдување на напредокот кој е постигнат на полето на елиминирање на насилството врз децата. Доколку не инвестираме во децата, најосновните долгорочни проблеми со кои се соочува човештвото ќе останат неразрешени. Доколку сме сериозни во врска со колективните ветувања што ги дадовме, тогаш имаме огромна одговорност кон нашите деца нив да ги исполниме. Не постои ниту едно прашање од висок приоритет во ОН кое не е релевантно од гледна точка на нашите деца. Било да се тоа климатските промени или трговијата со луѓе и човековата безбедност или последно, но не и најмалку важно, спроведувањето на Милениумските развојни цели. Сите тие треба да бидат разгледани од гледна точка на тоа како да го направат светот по "мерка на децата". Климатските промени се прашање на социјална правда и човекова безбедност. Децата се едни од најранливите во сите земји и општества. Тие најверојатно ќе бидат оние кои најмногу ќе страдаат од климатските промени. Кога зборуваме за одговор на климатските промени со апстрактни концепти како што се ублажувањето и приспособувањето, ние не треба да ја заборавиме човечката димензија. И покрај тоа што климатските промени ќе влијаат врз сите, сепак тие најмногу ќе влијаат врз најсиромашните и најнесигурните групи. Децата се едни од најранливите во сите земји и општества. Тие најверојатно ќе бидат оние кои најмногу ќе страдаат од климатските промени. Ние сите имаме заедничка одговорност за нивната безбедност. Преку подигање на свеста за аутизмот на глобално ниво, Генералното собрание за време на неговото 62 заседание во 2008 година го отвори патот за да им даде глас и препознавање на милиони деца и возрасни низ целиот свет кои се погрешно разбрани, погрешно претставени и со поглешна дијагноза. Многу деца со аутизам се маргинализирани. Ова не е само поради тоа што нивната способноста за комуникација е поинаква. И не само поради тоа што тие дејствуваат на начин кој ние не го разбираме. Освен тоа, децата со аутизам се дискриминирани и социјално стигматизирани - конвенционалното општеството понекогаш е тесноградо да прифати различност. Многу сум охрабрен од тоа што УНИЦЕФ ги има идентификувано овие прашања и се има посветено на преземање дејства во координација со останатите агенции, фондови и програми на Обединетите нации. Напредокот во исполнување на нашите цели треба да се мери пред сè преку преземените активности во рамките на системот на ОН или во 2 AUTHOR S Д-Р СРЃАН NAME КЕРИМ HERE
UNICEF/Photo ID Here партнерство со другите засегнати страни како бизнис заедницата, медиумите и невладините организации. Ова беше водилка за мене како претседател на Генералното собрание и мојата сопруга да организираме хуманитарен настан во соработка со поранешниот извршен директор на УНИЦЕФ, г-ѓа Ан Венеман, Мадона и Гучи во февруари 2008 година. На овој уникатен настан во седиштето на ОН беа собрани финансиски средства во износ од 5.500.000 $. Целта беше да се помогне на деца без со ХИВ / СИДА во Малави и на сиромашните деца во други држави. Овој охрабрувачки пример не е поврзан само со борбата против ХИВ/ СИДА, туку повеќе со грижата за секое дете. Овозможувањето на добра здравствена заштита и солидно образование се главните теми во грижата за секое дете. Тоа е исто толку важно како и нивното достоинство и права. Партнерствата и учеството треба да игра клучна улога во спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето. Со тоа мислам на приватниот сектор и корпоративни субјекти, медиумите и нивната организација, регионалните и меѓународни организации, како и верските, духовените, културолошки и локални лидери. Не постои подобар начин за подигање на свеста во врска со ситуацијата и предизвиците од соочувањето со нив; усвојување и спроведување на практики кои покажуваат општествена одговорност во обезбедувањето на ресурси; евентуално, мобилизирање и инспирирање на луѓето да преземат активности во корист на децата. Ако сакаме светот да го направиме подобро место треба да бидеме сигурни дека самиот свет станал подобро место за живеење. Тоа ќе се случи доколку ние како меѓународна заедница сме во состојба да се справиме со глобалните предизвици како што се климатските Девојче за време на час по македонски јазик во село во близина на Радовишs. 25TH ANNIVERSARY OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD 3
UNICEF/Photo ID# Две момчиња од село Десово уживаат во слободното време во училишниот двор по часовите. промени, обновливи енергии, одржлив развој и миграцијата. Овие се клучните прашања кои мора да бидат земени предвид, ако сакаме да ги надминеме ограничувањата, границите и тесните грла со кои се соочуваме на планетарно ниво во областа на индустријата, енергетиката, земјоделството, здравјето и безбедноста. За тоа, невозможно е да се справиме со кое било од приоритетните прашања на економскиот раст и финансиска стабилност на ниво на националните економии, додека ние и понатаму ги игнорираме глобалните предизвици и нивните импликации на целата планета. Со други зборови светот не може да биде подобар ако ние не посветиме време, енергија и вештини да започнеме со негово подобрување вклучувајќи ја тука и грижата за нашите деца. 4 AUTHOR S Д-Р СРЃАН NAME КЕРИМ HERE
Published by UNICEF Orce Nikolov 74, 1000 Skopje e-mail: skopje@unicef.org www.unicef.org.mk www.facebook.com/unicef.mk Twitter: @unicefmk United Nations Children s Fund (UNICEF) November 2014