Годишен Извештај. за работењето на Охридска Банка АД Скопје во 2013 год

Similar documents
АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

РАЗВОЕН ПЛАН И ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА СО ФИНАНСИСКИ ПЛАН на Охридска банка АД Скопје

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работењето на Стопанска банка а.д. Битола. за 2016 година

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Народна банка на Република Македонија Годишен извештај за 2016 година

Народна банка на Република Македонија Годишен извештај за работењето на НБРМ во 2012 година

РАФОМЕТРИКС. Страна 1 Г О Д И Н А 2, Б Р О Ј 3 ФОКУС

АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ ОД ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ВО ГРЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ со состојба година објавен на година

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Последни трендови и предизвици на финансиските пазари во РМ

ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА, РАЗВОЕН И ФИНАНСИСКИ ПЛАН. на Стопанска банка а.д. Битола за период година. Март, 2015 година

Oдржливост на дефицитот на тековната сметка и можноста за. криза на билансот на плаќање во РМ

Годишен Извештај 2007

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ОДРЖЛИВОСТ НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ ВО 2009 ГОДИНА

1. Извештај на независните ревизори Финансиски извештаи Белешки кон финансиските извештаи 31 декември

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2013 УНИКА АД Скопје

ЗБИРЕН ПЕРИОДИЧЕН ДЕЛОВЕН ИЗВЕШТАЈ за 2009 година

Годиштен извештај 2011 Macedonia. Годишен извештај 2011

ГЛОБАЛНАТА ФИНАНСИСКА КРИЗА И ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ ОДГОВОР НА КРИЗАТА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Март Opinion research & Communications

ПРОГРАМА НА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА И ФИНАНСИСКИ ПЛАН НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА 2012 ГОДИНА

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

3AnA EH 6A/\KAH. PEAOBEH EKOHOMCKH H31BEWTAJ..

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Финансиски извештаи изготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

УПРАВУВАЊЕ СО ПОРТФОЛИОТО HA БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ -МАГИСТЕРСКИ ТРУД-

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Светска Банка Партнерство со Република Македонија Слика на програмата на земјата. Април 2014 година

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

Лов на сенки Динамката на даночната евазија и измама во Македонија

Финансиски извештаи и Извештај на независните ревизори. М-НАВ АД, Скопје. 31 декември 2014 година

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

МЕТОДОЛОШКИ ОБЈАСНУВАЊА Монетарна статистика и статистика на каматните стапки

КОРПОРАТИВЕН МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Г.Р.Державин - Свети Николе - Р.Македонија З Б О Р Н И К. на научни трудови

Е - МАПАС бр. 10. јули 2014 година. Следете не и на: MAPAS.MK РАБОТЕЊЕТО НА МАПАС ВО 2013 ГОДИНА

Содржина. Вовед. Заклучок

Методи на финансиска анализа

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО периодот година

Годишна инвестициска стратегија на КД Фондови

Стратегија за промоција на извозот и препораки зa реорганизирање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот -Инвест Македонија

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2008 година

Извештај на независните ревизори 1. Извештај за сеопфатната добивка 3. Извештај за финансиската состојба 4. Извештај за промените во капиталот 5

СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА РАДИОДИФУЗНАТА ДЕЈНОСТ ЗА 2012 ГОДИНА

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ CASH - FLOW STATEMENT

БИЗНИС ИНФО. Број Македонска асоцијација на рударството - МАР

Народна банка на Република Македонија Дирекција за истражување. Работен материјал. Одржливост на тековната сметка на Република Македонија

Агробизнис Финансиски прирачник

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

м-р Маја Кадиевска - Војновиќ Вицегувернер АБИТ - Семинар за млади и идни банкари Скопје, 22 јуни 2016 година

Реформиран пензиски систем и бенефиции за членување во Трет столб преку фирма

Контекст на земјата. Кратка содржина

Определување на минималната плата - Бриф за јавните политики во Македонија

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите

2015 YEARBOOK VOLUME 9 GOCE DELCEV UNIVERSITY STIP FACULTY OF ECONOMICS

Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Документ на Светска банка САМО ЗА СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА МЕЃУНАРОДНА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ МЕЃУНАРОДНА ФИНАНСИСКА КОРПОРАЦИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

Народната банка на Република Македонија

ПР објави во медиуми

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА И СТРУКТУРАТА НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Од финансиска криза, до пресвртница Како американската subprime криза се претвори во светска криза која ќе ја смени глобалната економија

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 Декември 2014 УНИКА ЛАЈФ АД Скопје

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

Мониторинг извештај за скриената економија во Македонија Прелиминарни податоци

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ АКЦЕЛЕРАТОР НА СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЛИЧНА И ПРОИЗВОДНА ПОТРОШУВАЧКА

ПОЛИТИКАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА POLITIKA PЁR ZHVILLIMIN E BARABARTЁ RAJONAL NЁ MAQEDONI

ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ПРОИЗВОД ВО ФАЗАТА НА ВОВЕДУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС. Тамара Јованов Марјанова, Љупче Давчев, Ристе Темјановски

Извештај за работењето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје за 2011 година Скопје, Март 2012

МАГИСТЕРСКИ ТРУД ИЗБОР НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ФУНКЦИЈА НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ЦЕЛИ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

КРЕДИТНИ АРАНЖМАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД -НИВНАТА СТАБИЛИЗАЦИСКА И ПРЕВЕНТИВНА УЛОГА

РЕДИЗАЈНИРАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ФИНАНСИСКА АРХИТЕКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА СТАБИЛЕН ЕКОНОМСКИ СИСТЕМ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП

Transcription:

Годишен Извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје во 2013 год Февруари 2014

ОКРУЖУВАЊЕ МАКРОЕКОНОМСКО ОКРУЖУВАЊЕ Показателите за реалниот сектор со третиот кваратал од 2013 упатуваат на позасилено закрепнување од очекуваното. Глобалниот амбиент во споредба со априската проекција не се промени значително, меѓутоа позитивно влијание имаа промените во домашната производна структура од влезот на новите странски инвестиции, што доведе до извозна диверзификација и раст на извозот, но и силниот фискален импулс во делот на инвестициите, којшто има позитивни влијанија да се оствари раст од 3,4% во првата половина од годината. Воедно, странските директни инвестиции во првата половина на годината забележаа солиден номинален годишен раст од 36%, а забележано е и посилното закрепнување на личната потрошувачка од очекуваното, при поволни поместувања на пазарот на труд и зајакната кредитна поддршка од банките особено во овој пазарен сегмент. Истовремено, движењата во текот на 2013 година упатија на помала увозна побарувачка од очекуваната, пред сѐ на енергија, што исто така има придонес за подобрите економски остварувања. При вакви појдовни услови, како и при задржување на претпоставките за понатамошна поддршка на растот преку странските и јавните инвестиции, надополнети со закрепнувањето на приватната потрошувачка, НБРМ во октомвриските проекции изврши нагорни корекции на растот на БДП на 3,3% за цела 2013 од 2,2% во априлската проекција и соодветно наредните години. Промените во монетарната политика и после намалувањето на основната КС за дополнителни 0,25% во јули 2013 со што каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка се сведе на историски најниското ниво од 3,25%, и во текот на третиот квартал на 2013 година одеа кон монетарно олабавување. Монетарните услови беа олабавени преку основната каматна стапка, како и преку промените во инструментот задолжителна резерва. Инфлациските притисоци постепено се намалуваа, и во отсуство на поголеми промени во клучните претпопставки нема промени во октомвриската проекција и се предвидува годишната инфлација за 2013 да биде 2,8%, додека девизните резерви се одржуваат на адекватното ниво. Последните оцени за позицијата на билансот на плаќања во 2013 и 2014 година упатуваат на можност за помал дефицит во тековната сметка од претходно очекуваниот. Во овие две години се очекува дефицит од 3% и 4,6% од БДП (4,2% и 6% во претходните проекции), при што промените помеѓу двете проекции се комбиниран ефект од помалите увозни притисоци од очекуваните и подобрите извозни остварувања, особено на новите странски капацитети. Кај трговскиот дефицит не се очекуваат поголеми промени, и евентулани повисоки увозни притисоци се оценува дека ќе бидат неутрализирани со растот на извозот на странските компании. Сегашната патека на дефицитот во тековната сметка и неговата структура не укажуваат на поголеми нерамнотежи во економијата, односно укажуваат на отсуство на големи увозни притисоци од непродуктивна потрошувачка. Притоа, и во октомврските сценариа за билансот на плаќања се очекува дека капиталните приливи целосно ќе го финансираат дефицитот од тековните трансакции и ќе доведат до дополнителен раст на девизните резерви. Се очекува дека капиталните приливи и понатаму ќе претставуваат комбинација на должнички и недолжнички текови. Проектираната патека на девизните резерви за 2014-2015 година е нагорна, со задржување на показателите за адекватност на резервите на соодветното ниво. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 2

Ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио и натаму клучно се од надворешна природа, а се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст, нестабилноста на финансиските пазари и повисоките цени на енергенсите поради геополитичките тензии, со оглед на нашата висока енергетска увозна зависност. НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели. 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 1Q 2013 2Q 2013 3Q 2013 4Q 2013 F 2014 F 2015 F 2016 F GDP (meur) 5.965 6.720 6.703 7.057 7.473 7.486 GDP rate of growth 6,1% 5,0% -0,9% 2,9% 2,8% -0,2% 2,9% 3,9% 3,3% 3,3% 3,7% 4,4% 4,5% Industrial production 12,6% 2,4% -10,7% 3,4% -0,5% -8,3% 2,7% 1,1% 2,6% 2,3 Export (meur) 2.472 2.693 1.933 2.530 3.179 3.093 720 802 823 Import (meur) 3.653 4.455 3.492 3.978 4.861 4.877 1.094 1.241 1.165 Trade deficit (MEUR) -3.526-1.763-1.560-1.448-1.682-1.784-374 -439-342 Trade deficit (% of GDP) -19,8% -26,2% -23,3% -20,8% -22,3% -23,8% -20,8% -21,5% -21,6% Current account deficit (meur) -421-862 -457-144 -224-291 -113-110 136 Current acc deficit (% of GDP) -7,1% -12,8% -6,8% -2,0% 3,0% 3,9% -3,0% -4,6% -5,7% FDI 506 400 145 160 337 105 81 32 71 FDI / GDP 8,5% 6,0% 2,2% 2,3% 4,5% 1,4% 2,7% 4,0% 4,5% Nett Transfers 988 936 1098 1337 1403 1572 304 368 467 Nett Transfers/GDP% 16,6% 13,9% 16,4% 19,0% 18,8% 21,0% 19,5% 19,1% 18,0% Inflation - CPI average 2,3% 8,3% -0,8% 1,6% 3,9% 3,3% 3,5% 3,6% 2,8% 2,3% FX reserves (meur, eop) 1.524 1.494 1.597 1.715 2068 2193 2230 2039 2064 Import coverage ( in months) 4,3 3,5 4,7 4,5 4,4 min 4 Budget incomes (meur) 1.955 2.227 2.097 2.148 2.230 2.244 486 587 601 2.405 Budget expenses (meur) 1.920 2.289 2.275 2.320 2.416 2.533 672 626 633 2.692 Budget suficit/deficit (meur) 35-62 -178-171 -187-289 -186-38 -22-288 Budget def (% of GDP) 0.6% -0,9% -2,7% -2,4% -2,5% -3,9% -3,6% Public debt ( % of GDP ) 24,0% 20,6% 23,9% 24,6% 27,5% 28,7% 37,6% Gross external debt 2.841 3.304 3.780 4.105 4846 5163 5492 5602 5504 Gross external debt / GDP 47,6% 49,2% 56,4% 58,2% 64,6% 68,9% Unemployment rate 34,9% 33,8% 32,2% 32,0% 31,4% 31,0% 29,9% 28,9% 28,7% 28,0% 26,2% Од страна на меѓународните рејтинг агенции, со октомври 2013 Fitch ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен ББ+. Рангирањето, се базира врз подобрените проекции за економски раст на земјата, умерениот буџетски дефицит и државен долг, стабилната валута и стабилниот банкарски сектор. Според Фич, растот на македонската економија во 2013 година, благодарение на одличните резултати во градежништвото, ќе биде 2,7 проценти а за 2014 и 2015 година, предвидуваат поинтензивен раст како резултат на зголемувањето на извозот и капиталните инвестиции. Исто така, агенцијата ги нотира и странските инвестиции во технолошко индустриските зони како важен контрибутор во трговското салдо во земјава, кои сега учествуваат со една петтина во вкупниот извоз. На среден рок, Фич оценува дека Владата ќе ги исполни целите кои ги има дадено во фискалната стратегија, односно дека буџетскиот дефицит ќе биде во утврдените рамки од 2,6 проценти од БДП до 2016 година. Исто така според прогнозите на Фич, Европската унија - најголемиот трговски партнер на Македонија, постепено ќе се опоравува од економската криза, што ќе влијае позитивно на трговскиот биланс на Македонија. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 3

БДП и Индустриско производство Реалниот раст на БДП во третото тромесечие од 2013 изнесуваше 3.3%, со што продолжуваат позитивните движења пет тромесечија последователно, од кои последните три имаат значителен раст од 2.9%, 3.9% и 3.3%. Од аспект на производството, анализите покажуваат раст во повеќето сектори, а најголем раст е забележан во секторите Градежништво од 30.5% и Транспорт и комуникации од 5.8%. Анализирано од аспект на потрошувачката, финалната потрошувачка на домаќинствата пораснала за 4,0% во номинална вредност споредено со истиот период во 2012 година, со што нејзиниот удел во структурата на БДП изнесува 72.8%. Во истиот период, извозот на добра и услуги се зголемил за 7.2% во номинална вредност, додека пак увозот се намалил за 2.1%. Значителни позитивни движена се исто така забележани кај индексот на индустриското производство, кој во месец ноември изнесуваше 3.1% споредено со истиот месец минатата година. Анализирано по сектори, придонес кон зголемувањето се забележува во Преработувачката индустрија од 7.1%, додека пак Рударството и Снабдувањето со енергија бележат намалување. Индустриското производство по главни индустриски групи во ноември 2013 година во споредба со истиот месец минатата година беше поголемо кај интермедијарните добра за 10.6%, капитални добра за 0.1%, трајните производи за широка потрошувачка за 11.9% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4%, но намалено во Енергетскиот сектор за 9.1%. Кумулативниот индекс на индустриско производство за периодот Јануари - Ноември 2013 беше 2.6% во споредба со истиот период лани. Предвидувања на НБРМ на надворешното окружување и БДП Македонија, како мала и отворена економија со високо ниво на европеизација и зависност од надворешна трговска размена, за реализирација на предвидениот економски раст, главно зависи ос глобалните економски активности, особено во земјите кои се најголеми трговски партнери. Заклучно со ноември 2013 година, во вкупниот обем на меѓународна трговска размена, земјите членки на ЕУ учествуваат со 72.6%, додека пак земјите од Западен Балкан со 17.9%, каде во основа земјите од ЕУ се нивни најголеми трговски партнери, со што овие две групи земји учествуваат со околу 90% во извозот на добра од Република Македонија. Анализирано по земји, околу 56% од вкупниот обен на надворешно - трговска размена се реализира со 6 земји од претходно наведените групи: Германија, Грција, Велика Британија, Србија, Италија и Бугарија. Генерално, глобалните економски активности во првата половина на 2013 беа послаби од очекуваното, но економските трендови по групи на земји се сеуште дивергентни, а последните анализи покажуваат постепено зајакнување на економиите на развиените земји и забавен раст на земјите во развој. Глобално се очекува дека опоравувањето ќе продолжи и во 2014 година со Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 4

позитивен глобален раст, а главниот импулс се очекува да дојде од развиените земји. Последните индикатори за третиот квартал на 2013 година за дел од развиените земји, укажуваат дека процесот на економско закрепнување е веќе започнат. Ефективната странска побарувачка за македонските производи е ревидирана надолу во споредба со априлската проекција, но не се направени промени во очекуванат траекторија. На годишна основа, во 2013 година, странската побарувачка се очекувано да опаѓа нешто побрзо, за -0.4% во однос на проекциите од април за нејзина стагнација поради забавувањето на економската активност со повеќето од нашите трговски партнери оваа година. Анализирано преку придонесот на поединечни земји, надолните прилагодувања доаѓаат првенствено од редуцираниот позитивен придонес на Германија и поголем негативен придонес е очекуван од страна на италијанската и бугарската економија. Моменталната проекција за странската побарувачка за 2014 година, исто како и априлската проекција, индицира враќање во позитивната зона, со очекување развојот да изнесува 1.2%, што е под претходната проценка од 1.4%. Се очекува економските активности на нашите трговски партнери уште повеќе да се засилат во 2015 година, кога и растот на странската побарувачка се очекува да достигне 1.8%. Во однос на странската ефективна побарувачка, се направени значителни надолни ревизии на проекцијата за тековната година, со што се очекува помал раст на нивото на странските цени, или 2.3%, споредено со априлската проценка од 2.8%. Ревизијата на проекциите за инфлација во сите земји придонесе кон пониска годишна странска инфлација. Анализирано по земји, Србија има најзначајно влијание врз ревизијата, главно поради очекувањата за пониска вкупна инфлација и депрецијација на валутата, наспроти претходните очекувања за апрецијација. Исто така, слично делуваа и очекувањата за пониска инфлација во Италија, Германија и Бугарија, како и дефлаторните движења во Грција. Во 2014 година се предвидува дека странската инфлација ќе се намали на 2%, што е надолно отстапување за 0,4 п.п. во однос на априлската проекција. Во 2015 година се очекуваат слични инфлациски движења, при што странската инфлација во текот на годината ќе биде стабилна и ќе изнесува 2,2%, во просек. Според горенаведеното, значителното зголемување на економските активности во првото полугодие од 2013 се должи најмногу на растот на инвестициите и извозот. Врз основа на проценките на НБРМ, е проектирано дека релативното високо ниво на раст на БДП на годишно ниво ќе се задржи и во второто полугодие на 2013 година, со што е направена нагорна ревидирана проекција на економскиот раст за цела 2013 година на 3.3% во споредба со априлската проекција од 2.2%. Позитивните трендови на домашната и извозната побарувачка ќе Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 5

придонесат кон понатамошно забрзување на стапката на раст на 3.7% во 2014 година (наместо 3.0% од априлската проекција) и 4.4% во 2015 година. Organization Month of Real GDP growth, % publication 2013 2014 IMF Oct 2013 2,2 3,2 World bank June 2013 1,0 2,2 Europian commision May 2013 1,5 2,0 EBRD May 2013 1,5 2,6 Consensus Forecast Oct 2013 1,4 2,6 National bank of Greece Oct 2013 3,2 2,6 Fitch Oct 2013 2,7 NBRM Oct 2013 3,3 3,7 Од страна на признатите меѓународни институции, некои од проекциите се исто така се ажурирани со нагорни ревизии во однос на претходните, но за некои од нив сеуште нема нови проекции. Но, сите се позитивни и согласно последните објавени податоци секако се во голема мерка остварливи. Инфлација Во третиот квартал на 2013 година домашните потрошувачки цени забележаа квартален пад од 0,7%, наспроти растот од 1,4% во претходниот квартал. Падот на цените произлегува од пониските цени во прехранбената индустрија, особено како резултат на намалувањето на цените на непреработениот зеленчук. Истовремено, енергетската компонента веќе трет последователен квартал предизвикува намалување на стапката на инфлација, при што е забележан пад на цените од 1,4% во третиот квартал, што произлегува од намалувањето на регулаторните цени на електричната енергија и парното греење. На годишно ниво, стапката на инфлација бележи забавување од 3.6% во вториот квартал на 2.8% во третиот квартал. Со тоа, инфлацијата продолжува да се движи во рамки на проекциите, со избалансирани ризици во однос на проектираната просечна стапка на инфлација од 2.8% за 2013 година, со што во октомвриската проекција нема промени. Во 2014 година се очекува дека стапката на инфлација ќе забави и во просек ќе изнесува 2,3%. Растот на цените во 2014 година го одразува пренесениот ефект од претходната година, како и очекуваните движења за дел од увозните цени и закрепнувањето на домашната побарувачка. Ризиците за проектираната патека на инфлацијата се оценуваат како врамнотежени, при ризик за помал надолен пренесен ефект од идните движења на цените на светските берзи врз домашната инфлација и поголем притисок во нагорна насока од домашната побарувачка. Се очекува дека забавувањето на инфлацијата ќе продолжи и во 2015 година, кога таа полека би се приближила кон историскиот просек и би изнесувала околу 2%. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 6

Девизни резерви и девизен курс Девизните резерви во ноемви 2013 изнесуваа 2.020 меур, односно бележат намалување од 44 меур во однос на крајот на септември како резултат напромените во курсевите и цената на златото, трансакциите на владата и задолжителното ниво на резерви на банките во девизи, а од друга страна и од интервенциите на девизниот пазар, т.е нето купување на девизи од страна на НБРМ, со што трансакциите на НБРМ влијаеа во спротивен правец. Споменатите активности и движења беа во рамки на проектираните од страна на НБРМ. Генерално, девизните резерви подолг период имаат стабилно ниво, покривајќи четири месечен увоз на стоки и услуги што е соодветно ниво кое може да се земе во предвид за да обезбеди покриеност за почетно абсорбирање на негативните ефекти предизвикани од движењата во меѓународната трговија и платежните операции. Соодветното ниво на девизни резерво е значаен поддржувач за стабилно ниво на девизен курс од 61.5 мкд за 1 евро, како основа, столб на монетраната политика за одржување на стабилноста на цените. Девизниот курс е стабилен подолг период, и ставовите на Гувернерот и Владата се исти, како две независни институции, се дека девизниот курс е реален и нема економски причини истиот да се промени. Тоа, исто така е вклучено во стратегијата на НБРМ за 2014 и 2015 година, НБРМ да продолжи кон успешно одржување на ценовната стабилност преку реализација на соодветната монетарна стратегија и да одржи стабилно ниво на размена на денарот кон еврото. Надворешна трговија Јануари - Ноември2013 Вкупната вредност на надворешната трговија во периодот јануари - ноември 2013 изнесува 9.845 мусд, односно е зголемена за 3.1% во однос на истиот период минатата година. Вкупната вредност на извозот е 3.863 мусд, а на ивозот 5.982 мусд, со што трговскиот дефицит изнесува 2.118 мусд, односно е помал за 6% во однос на истиот период минатата година. Покриеност на увозот со извозот изнесува 64,6% и зголемена за 2,8 п.п. во однос на истиот период минатата година, кога изнесувал 61.8%. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 7

Anализирано по производи, најзначајни извозни производи се катализаторите од благороден метал, феро - никелот, железото и производите од челик, облеката и нафтените деривати. Во однос на увозот најзначајни производи се нафтата, платинум, струјата и моторните возила за превоз на патници. Export Import Structure Increase/decrease % Commodity exchange 000 US $ % 000 US $ % export import export import I-XI 2012 I-XI 2013 I-XI 2013 I-XI 2013 I-XI 2012 I-XI 2013 I-XI 2012 I-XI 2012 I-XI I-XI 2013/2012 Total 3 656 938 3 863 059 105,6 5 921 034 5 981 590 101,0 100,0 100,0 105,6% 101,0% Manufactured goods class by materials 961 472 923 562 96,1 1 659 919 1 846 477 111,2 23,9 30,9 96,1% 111,2% Miscellaneous manufactured articles 696 273 752 947 108,1 355 041 384 394 108,3 19,5 6,4 108,1% 108,3% Chemicals and related products, n.e.s. 620 904 752 077 121,1 679 282 794 827 117,0 19,5 13,3 121,1% 117,0% Machinery and transport equipment 359 961 500 658 139,1 916 066 1 038 288 113,3 13,0 17,4 139,1% 113,3% Food and live animals 313 728 336 088 107,1 617 840 611 439 99,0 8,7 10,2 107,1% 99,0% Crude materials, inedible, except fuels 245 760 258 198 105,1 279 847 197 040 70,4 6,7 3,3 105,1% 70,4% Beverages and tobacco 209 422 228 842 109,3 68 564 71 182 103,8 5,9 1,2 109,3% 103,8% Mineral fuels, lubricants and related mat 233 797 98 957 42,3 1 264 162 972 305 76,9 2,6 16,3 42,3% 76,9% Animal and vegetable oils, fats and waxes 14 713 8 757 59,5 74 842 60 596 81,0 0,2 1,0 59,5% 81,0% Најзначајни извозни партнери на Република Македонија се 28-те земји членки на ЕУ со 72,6% учество и земјите од Западен Балкан со 17,9% учество, чии бизниси се главно поврзани со ЕУ. Во однос на увозот 28-те земји членки на ЕУ учествуваат со 62.4%. Во однос на вкупниот обем на меѓународна размена по земји, најзначајни трговски партнери на Македонија се Германија, Грција, Велика Британија, Србија, Италија и Бугарија со кои се реализира 56,6% од вкупната меѓународна трговија. Country Volume Export Import Coverage Structure Structure Structure kusd kusd kusd import/export Total 9 844 649 100,0 3 863 059 100,0 5 981 590 100,0 64,6% Germany 1 991 649 20,2 1 369 405 35,4 622 243 10,4 220,1% Greece 827 151 8,4 197 093 5,1 630 057 10,5 31,3% Great Britain 731 530 7,4 74 000 1,9 657 530 11,0 11,3% Serbia 721 147 7,3 246 545 6,4 474 602 7,9 51,9% Italy 638 964 6,5 251 762 6,5 387 202 6,5 65,0% Bulgaria 631 119 6,4 297 511 7,7 333 607 5,6 89,2% China 438 692 4,5 94 695 2,5 343 997 5,8 27,5% Turkey 354 596 3,6 73 208 1,9 281 388 4,7 26,0% Kosovo 1) 283 227 2,9 254 965 6,6 28 262 0,5 902,1% Slovenia 205 840 2,1 55 323 1,4 150 517 2,5 36,8% Croatia 197 823 2,0 91 835 2,4 105 988 1,8 86,6% Romania 186 798 1,9 76 036 2,0 110 762 1,9 68,6% Russia 181 441 1,8 29 212 0,8 152 230 2,5 19,2% Austria 175 174 1,8 43 733 1,1 131 441 2,2 33,3% Switzerland 158 574 1,6 37 512 1,0 121 061 2,0 31,0% USA 144 130 1,5 29 594 0,8 114 535 1,9 25,8% BiH 143 481 1,5 86 494 2,2 56 988 1,0 151,8% Netherlands 126 945 1,3 62 319 1,6 64 625 1,1 96,4% Poland 110 196 1,1 16 836 0,4 93 360 1,6 18,0% France 109 083 1,1 22 202 0,6 86 881 1,5 25,6% Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 8

ФИНАНСИСКИ СЕКТОР Со оглед што податоците за структурата на финансискиот сектор достапни се на годишно ниво, во приложениот преглед дадени се детални податоци со крајот на 2012, додека за 2013 со цел да се индицираат движењата, промените се изведени од споредливи извори. Генерално финанискиот сектор се карактеризира со едноставна структура во која банкарскиот систем со 88,5% со крајот на 2012 е со доминантно учество, ниско ниво на меѓусебна поврзаност и отсуството на сложени финансиски инструменти и услуги, што овозможуваат стабилност со низок ризик од прелевање на ризиците на одделните институционални сегменти врз останатите делови на финансискиот систем. На крајот на 2012, вкупните средства на финанискиот систем изнесуваа 399 милијарди мкд, односно зголемување од 6,5%, кое е за 2,7 пп помало од истиот период минатата година како последица на забавениот раст на активата на банкарскиот систем, како и од намалениот обем на активности на друштвата за лизинг и штедилниците. Согласно расположивите споредливи податоци, банкарсккот сектор со 30.09.2013, изнесува 363 милијарди мкд што преставува раст од 10 милијарди мкд, но кој кој е исто помал за 12 милијарди од минатогодишниот раст, што како тренд ќе биде вградено и во подтаоците со крајот на година. Financial Institution Total Assets in bill mkd Number 09.2013 2012 2011 2010 2009 2008 2012 2011 2010 2009 2008 09.2013 2012 2011 2010 2009 2008 Deposit FI 366 356 334 308 272 254 89,2% 89,3% 90,1% 89,8% 90,5% 20 23 25 25 28 29 Banks 363 353 331 305 269 251 88,5% 88,5% 89,2% 88,7% 89,2% 16 16 17 17 18 18 Change 10 22 26 37 18 Saving Organizations 3 3 3 3 3 3 0,7% 0,8% 0,9% 1,1% 1,2% 4 7 8 8 10 11 NON Deposit FI 43 40 34 31 27 10,8% 10,7% 9,9% 10,2% 9,5% 104 98 75 76 74 Insurance Comp.&Agencies 13 13 12 12 12 3,3% 3,5% 3,5% 4,0% 4,2% 15 15 15 13 12 Leasing 7 9 8 9 9 1,7% 2,5% 2,5% 2,8% 3,1% 10 5 10 9 8 Pension Funds&Agencies 21 16 12 9 5 5,3% 4,3% 3,7% 2,9% 1,8% 4 4 4 4 2 Brokerage 0 0 0 1 1 0,1% 0,1% 0,1% 0,2% 0,3% 10 12 12 18 20 Investments & private funds 0 0 0 0 0 0,1% 0,1% 0,1% 0,1% 0,0% 13 12 12 13 13 Total 399 374 342 303 281 100% 100% 100% 100% 100% 127 123 100 104 103 Според големината и значењето, се поголемо значење имаат задолжителните пензиски фондови со учество од 5,3% и осигуритлените органзации со 3,3%. Како резултат на промените во регулативата, но и како резултат на ограничениот обем на активности и високата конкуренција од страна на банките, штедилниците учествуваат само со 0,7%, кое релативното учество постојано се намалува и во блиска иднина се очекува намалување на бројот и на значењето на штедилниците. Најдинамичен раст бележат пензиските средства што главно се должи на раст на средствата врз основа на уплати од нивните членови и сѐ уште минималните одливи врз основа на пензии (имајќи предвид дека овие фондови се формирани во 2006 година и просечната старост на нивните членови е сѐ уште далеку од старосната граница за пензионирање). Според поставеноста на пензискиот систем и сѐ уште краткиот период изминат по неговото формирање, реално е да се очекува дека овие институции ќе добиваат сѐ поголемо значење. Во иднина може да се очекуваат одредени промени во структурата на домашниот финансиски систем во делот на лизинг компаниите, како резултат на намалениот број на активности и непрофитабилното работење на друштвата за лизинг, а од друга страна кај осигурувањето остварен е значителен напредок во регулативната рамка и супервизорската функција на осигурителниот сектор, којшто покажува голем потенцијал за понатамошен развој, особено во сегментот на осигурување на живот. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 9

Банкарско окружување Заживувањето на реалниот сектор во 2013 година имаше позитивно влијание врз растот на активата, а особено врз растот на депозитното јадро на банките. Aктивата на банкарскиот систем растеше со забрзано темпо, пред сѐ како резултат на забрзаниот раст на депозитите додека кредитирањето исто така забележа раст, но со забавено темпо во најголем дел кај корпоративниот сектор поврзано со риск критериумите, кредитните услови и политики на деловните банки. Поголемо забрзување на крединиот раст НБРМ очекува во наредните години, поаѓајќи од континуираниот и стабилен раст на домашните депозити како основен извор на потенцијалот на банките, посебно во услови на очекувано натамошно закрепнување на домашната економија како и подршка од надворешните извори. Со континуираниот надпросечен раст на вкупните средства, како и на кредитите и депозитите како најзначајни пазарни сегменти, Охридска Банка СГ групација, според интерната сегрегација на НБРМ од крајот на 2012 и соглансо последната сегрегација со 30.09.2013, според вкупните средства е дел од групата на Големи банки. Big > 26,9 assets mmkd 30.09.2013 % of BS 6,7 < Middle > 26,9 assets mmkd 30.09.2013 % of BS Small > 6,7 assets mmkd 30.09.2013 % of BS Komercijalna 85.607 23,6% Halk banka 18.651 5,1% Eurostandard 6.272 1,7% Stopanska 77.851 21,4% Prokredit banka 16.056 4,4% Alfa banka 6.255 1,7% NLB Tutunska 60.038 16,5% Sparkasse banka MK 15.580 4,3% Kapital banka 1.737 0,5% Ohridska 26.325 7,3% MBPD 14.016 3,9% Postenska 1.379 0,4% UNI banka 11.070 3,0% CKB 8.075 2,2% Stopanska banka BT 7.172 2,0% TTK banka 6.864 1,9% Total 249.821 68,8% 97.484 26,9% 15.643 4,3% Движењето на вкупните кредити односно алокацијата на расположивиот потенцијал во кредитни пласмани во банкарскиот систем, беше со различно темпо и циклични движења во текот на целата 2013 годината, поготово во сегментот компании додека сегментот население бележеше постабилен и континуиран раст. Во текот на првото полугодие растото беше забавен и со крајот на јуни 2013 изнесуваше 3,7% и беше значитлено испод проекциите. Мегутоа во последните месеци на годината, кредитирањето бележи подинамичен раст и со 30.11.2013 годишниот раст на кредити изнесува 4,9%, со зголемувања кај двата сегменти и се доближи до проектираниот 5,2% за цела 2013 година. Порастот на кредитите на ОБСГ е во линија со наведните карактеристики за движењето на вкупните кредити на банкарскот систем, при што позначајно зголемување на нивото на кредитни пласмани има со ноември и декември 2013. Пазарното учество со 30.09.2013 е 7,5% со што во континуитет е четврта банка во банкарскиот систем според големината на кредитното портфолио. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 10

Big > 26,9 loans mmkd % of loans mmkd % of loans mmkd % of diff 6,7 < Middle > 26,9 diff Small > 6,7 sep13 dec12 sep13 jun13 dec12 sep13 jun13 dec12 sep13 diff Komercijalna 53.778 52.833 24,1% 945 Halk banka 12.938 9.501 5,8% 3.437 Eurostandard 3.585 3.405 1,6% 181 Stopanska 52.477 50.499 23,5% 1.978 Prokredit banka 12.277 11.449 5,5% 829 Alfa banka 4.115 4.058 1,8% 57 NLB Tutunska 38.485 39.635 17,2% -1.150 Sparkasse banka MK 9.220 10.369 4,1% -1.149 Kapital banka 1.169 851 0,5% 318 Ohridska 16.742 16.545 7,5% 197 MBPD 162 177 0,1% -16 Postenska 488 479 0,2% 9 UNI banka 6.786 6.800 3,0% -14 CKB 2.204 1.437 1,0% 768 Stopanska banka BT 4.543 3.974 2,0% 569 TTK banka 4.319 4.214 1,9% 105 Total 161.481 159.511 72,3% 1.970 52.449 47.921 23,5% 4.528 9.358 8.793 4,2% 565 Циклични движења и различна динамика се присутни и кај движењето на вкупните депозити во 2013. Покрај влијанието на економските состојби, на циклучните движења кај депозитите посебно влијание има еднократната исплата на дивиденда кон една странска компанија и кон државата што предизвика висок еднократен одлив на депозити од домашните банки, кој што не беше компензиран со делувањето на останатите фактори. Позначаен пораст е евидентиран во последните шест месеци при што со 30.11.2013 е е видентирна пораст од 4,9% кој е над проекцијата од 4,8% за цела 2013 година. Во третиот квартал вкупните депозити на нефинансиски субјекти на ОБСГ изнесуваат 16.809 ммкд, односно се зголемени за 838 ммкд или 5.2% во однос на претходниот квартал, што претставува остварување над просекот на ниво на банкарски сектор, што придонесе за зголемување на пазарното учество за 0.1 пп кое сега изнесува 6.6% во однос на претходниот квартал. Big > 26,9 deposits mmkd % of deposits mmkd % of deposits mmkd % of diff 6,7 < Middle > 26,9 diff Small > 6,7 sep13 dec12 sep13 sep13 dec12 sep13 sep13 dec12 sep13 diff Komercijalna 70.646 67.750 27,9% 2.896 Halk banka 10.306 9.613 4,1% 693 Eurostandard 4.411 3.976 1,7% 436 Stopanska 61.405 58.049 24,3% 3.356 Prokredit banka 9.502 8.887 3,8% 615 Alfa banka 4.374 3.941 1,7% 433 NLB Tutunska 43.014 42.606 17,0% 408 Sparkasse banka MK 7.968 7.336 3,1% 631 Kapital banka 1.051 934 0,4% 117 Ohridska 16.809 19.445 6,6% -2.637 MBPD 0 0 0,0% 0 Postenska 890 754 0,4% 135 UNI banka 8.992 8.723 3,6% 270 CKB 4.028 3.511 1,6% 517 Stopanska banka BT 4.859 4.996 1,9% -136 TTK banka 4.708 4.851 1,9% -143 Total 191.873 187.850 75,9% 4.023 50.363 47.917 19,9% 2.446 10.726 9.606 4,2% 1.121 Во првите девет месеци од годината, банкарскиот систем на Република Македонија оствари добивка од 1.187 милиони денари, како резултат на зголемениот нето каматен приход, но и забавениот раст на исправката на вредноста и намалените оперативни трошоци. Структурата на вкупните приходи е речиси непроменета, во споредба со истиот период претходната година, со најголемо учество на нето каматниот приход. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 11

mmkd OBSG Banking sector Big Middle Small sep13 sep12 sep13 sep12 sep13 sep12 sep13 sep12 sep13 sep12 Net interest income 577 504 8.943 8.482 6.193 5.538 2.447 2.576 302 367 73 461 655-129 -65 change 14,6% 5,4% 11,8% -5,0% -17,7% Net fees income 169 148 2.894 2.775 2.135 1.976 643 670 115 129 22 119 159-27 -14 change 14,7% 4,3% 8,1% -4,0% -10,6% Net f/x gain 56 43 427 507 295 326 106 146 26 34 13-80 -31-40 -9 change 29,5% -15,8% -9,5% -27,5% -25,4% Expenses* -517-520 -7.982-8.262-4.731-4.518-2.615-2.702-635 -1.042 3 281-214 88 407 change -0,5% -3,4% 4,7% -3,2% -39,0% Impairment on financial assets -170-119 -3.655-3.458-3.263-2.468-290 -687-103 -304-51 -197-795 397 201 change 43,2% 5,7% 32,2% -57,8% -66,1% Profit before tax 119 88 1.187 644 1.094 1.279 277 126-183 -760 31 543-185 151 577 change 35,3% 84,3% -14,5% 119,9% -75,9% C/I ratio 64,5% 74,9% 65,1% 70,2% 54,9% 57,6% 81,8% 79,7% 143,4% 196,5% Позитивните остварувања на ОБСГ продолжија во континуитет и третиот квартал од 2013 година, при што сите елементи на нето-банкарскиот приход бележат натпросечен пораст на ниво на банкарски сектор раст: нето каматните приходи се зголемени за 14.6%, провизиите за 14.7% и курсните разлики за 29.5% повеке од истиот период минатаат година, со што и вкупниот оперативен резултат е 119 ммкд или 35.3% повеќе од минатата година и е во линија со оставрувањето на планираниот резултат со крајот на годината. Проекции на НБРМ за растот на кредити и депозити Во 2013 година, кредитната поддршка на економијата е малку послаба од очекувањата, во услови на сѐ уште присутна воздржаност на банките за кредитирање, при оценки за присутни високи ризици во корпоративниот сектор и конзервативни стратегии на големите банкарски групации присутни во македонскиот банкарски систем. Сегашните процени покажуваат годишна стапка на раст на кредитите во 2013 година од околу 5% и очекувања за негово зголемување до околу 6% и 8% во 2014 година и 2015 година, соодветно. Оценките за забрзан кредитен раст во следните две години се засноваат врз претпоставките за солиден раст на основниот извор на финансирање односно депозитите, во услови на закрепнување на позицијата на реалниот сектор и пораст на девизните приливи. Воедно, се очекува дека закрепнувањето на економијата ќе го подобри квалитетот на кредитната побарувачка и согледувањата за ризик на банките, што ќе придонесе и за постепено намалување на нивното ограничувачко влијание врз кредитниот раст. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 12

Се очекува дека засилувањето на економската активност и стабилизирањето на согледувањата за ризик ќе придонесат за зголемено кредитирање во текот на наредниот период. Така, се оценува дека очекуваниот годишен раст на кредитите од 5,2% во 2013 година ќе забрза достигнувајќи до 6,4% во 2014 година и до 8,5% во 2015 година. Овие движења треба да бидат одраз на постепено надминување на негативните ефекти од присутните конзервативни стратегии за кредитниот ризик, поготово на дел од поголемите банкарски групации. Мерките на НБРМ во поглед на каматната стапка и останатите мерки преземени од НБРМ би имале стимулативен ефект во наредниот период. Позитивен импулс се очекува и од стабилизирањето на глобалните финансиски пазари и очекуваниот раст на домашната побарувачка. Се проценува дека растот на личната потрошувачка и корпоративните инвестиции ќе имаат дополнителен позитивен придонес преку зголемување на побарувачката за кредити. Сепак, основната проекција за кредитирањето од страна на банките е придружена со надолни ризици, поврзани со евентуалното натамошно воздржување од кредитирање како дел на стратегијата на некои од странските групации присутни на макеоднскито пазар, односно банките-мајки. Со цел реално согледување на поставеноста на Банките околу активностите поврзани со кредитирањето, пред се од аспект на перцепција за обемот на идната побарувачката како и кредитните услови во нареден период, и соодвтено вградување во предвидувањата за идните движења како и соодвтените ревизии на ниво на Банкарски сектор, НБРМ на редовна основа прави Анкета за идната Кредитна аквтивност на Банките по групи на Банки. Резултатите од Анкетата за кредитната активност на банките за третото тримесечје на 2013 година, на нето-основа, покажуваат нето-олеснување на кредитните услови кај корпоративниот сегмент и кај сегментот население. Кај корпоративниот сектор ова е прво нето-олеснување на вкупните кредитни услови за првпат по шест квартали. Ваквите движења се спротивни на очекувањата на банките за нето-заострување на кредитните услови, дадени во претходната анкета. Во однос на секторот население, нето-олеснувањето на кредитните услови има и во третиот квартал со речиси непроменет интензитет. Од аспект на побарувачката на кредити, кај корпоративниот сектор и кај секторот население е забележано понатамошно зголемување на побарувачката на кредити на нето-основа, но послабо во однос на претходниот период. Согласно анкетата, банките се изјасниле дека очекуваат натамошно зголемување на нето побарувачката на кредити од страна на претпријатијата и населението во четвртото тримесечје на 2013 година. Во поглед на очекувањата за промена на кредитните услови во наредните три месеци, банките укажуваат на нето-олеснување на кредитните услови на корпоративниот сегмент, наспроти нето-заострувањето во претходната анкета. Кај населението, се очекува натамошно нето-олеснување на условите во следниот квартал, но посилно во однос на претходните очекувања. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 13

Растот на депозитите, и покрај послабите остварувања во првата половина на годината, се очекува дека забрзувањето во третиот квартал во комбинација со вообичаено посилниот раст на депозитите во последниот квартал ќе придонесат за оставрување на годишна стапка на раст од 4,8% во 2013 година. Понатаму, се очекува дека засилувањето на домашната економска активност, под влијание на растот на вработеноста, платите и инвестициите, ќе придонесе за значително закрепнување на депозитната база, којашто би се зголемила со стапки од 9,1% во 2014 и 9,3% во 2015 година. Стапки на адекватност на капиталот Стапката на адекватност на капиталот не бележи промени во последните три квартали, и нејзиното ниво е повеќе од двојно повисоко од законски пропишаниот минимум. Солвентноста на банкарскиот систем не забележа позначителни промени во третиот квартал од 2013 година, при што стапката на адекватност на капиталот повторно е на истото ниво од претходните два квартали, 17,3%, што е за 0.2 процентни поени повеќе во споредба со крајот на 2012 година. Group of Banks - CAR % 31.12.2011 31.3.2012 30.6.2012 30.9.2012 31.12.2012 31.3.2013 30.6.2013 30.9.2013 Big 15,0% 15,7% 15,8% 15,6% 15,3% 15,6% 15,9% 15,9% Middle 17,2% 18,3% 18,2% 18,2% 22,2% 22,1% 21,5% 20,9% Small 38,6% 36,1% 32,9% 28,0% 18,8% 17,5% 16,0% 17,3% Banking Sector 16,8% 17,5% 17,4% 17,1% 17,1% 17,3% 17,3% 17,3% Зголемувањето на стапката на адекватност на капиталот во 2013 година произлегува од повисоките стапки на раст на капиталните позиции на банките, а особено на сопствените средства, во споредба со стапките на пораст на активностите на банкарскиот систем (актива пондерирана според ризиците). Сопствените средства на банките се зголемени, како резултат на растот на ревалоризациските резерви, издавањето два нови субординирани инструментa и намалувањето на тековната загуба како одбитна ставка од основниот капитал. Имајќи предвид дека над половината од сопствените средства на банките се над нивото на капиталот потребно за покривање на ризиците, може да се заклучи дека банкарскиот систем во целина располага со доволен обем на сопствени средства за апсорпција на неочекувани загуби. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 14

2. БИЛАНС НА СОСТОЈБА НА ОБСГ Билансот на состојба на Банката достигна износ од 28 милјарди мкд на крајот на 2013 година, што е годишен пораст од 1 милијарда мкд (4%). Реализираниот пораст на Билансот на состојба во тековната година е резултат на успешните и значителните постигнувања во порастот на депозитните извори, како и обезбедената значајна поддршка од постоечките и новите кредитни линии од меѓународни финансиски институции, притоа овозможувајќи финансирање на активностите и креирање на поповолна структура на изворите на финансирање во однос на придонесот кон профитабилноста на банката со компензација на поскапите видови на извори. Покрај поконзервативниот пристап на банкарскиот сектор во делот на кредитирање на реалниот сектор, поради сеуште присутната неизвесност и зголеменото ниво на нефункционални кредити и ризик, Банката ги пласира зголемените извори во комерцијалниот дел (кредити на клиенти) во целост, притоа задржувајќи ја цената на ризик на контролирано и пониско ниво во споредба со банкарскиот сектор. во ммкд 31.12.2012 31.12.2013 Дек 13 / 12 износ % Парични средства и депозити кај НБРМ 3.551 3.006-545 -15,3% Банки 2.140 1.748-392 -18,3% Хартии од вредност 5.243 5.706 463 8,8% Кредити на клиенти 15.380 16.515 1.135 7,4% Основни средства 389 880 491 126,5% Останата актива 291 221-70 -24,1% ВКУПНА актива 26.994 28.076 1.082 4,0% Депозити од клиенти 19.445 18.193-1.252-6,4% Депозити од финансиски институции 980 1.342 362 37,0% Кредитни линии 4.415 6.125 1.710 38,7% СГ 1.230 1.538 308 25,0% субординиран кредит 492 861 369 75,0% ЕБРД 560 801 241 43,1% ЕИБ 1.317 1.973 656 49,8% ИФЦ 308 547 240 77,9% Останати 509 405-104 -20,4% Капитал 1.703 1.831 128 7,5% Останата пасива 1.703 1.831 128 7,5% ВКУПНА пасива 26.994 28.076 1.082 4,0% Истовремено, Банката ја одржа ликвидносната позиција на оптимално и задоволително ниво, имајќи ја во предвид целосната усогласеност со регулативата, интерните акти, лимити, валутна усогласеност, со постигнување на максимална профитабилност од пласманите во ликвидна форма на средства и успешно управување со големите одливи и плаќања на клиентите во текот на годината. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 15

На крајот на 2013 депозитите на клиентите забележаа состојба од 18,1 милјарди мкд и се за 1,2 милјарди мкд или 6,4% пониски од претходната година што се должи на пониска состојба на депозити од најголемиот депонент на Банката кој минатата година имаше околу 105 меур депозити, додека на крајот на 2013 година износот на неговите депозити беше околу 40 меур. Доколку се исклучи ова влијание, депозитите од клиенти се за 2,7 милијарди денари односно 13% повисоки, како резултат на контнуираниот пораст на депозитите од население во текот на годината како и зголемување на депозитите од останатите корпоративни депоненти чија состојба забележа повисоко ниво и во делот на трансакциските сметки и во делот на орочените и ограничените депозити. Според валутната структура, депозитите во странска валута учествуват со 59,2% во вкупните депозити од клиенти. Најголемиот дел се депозити во еур. Од аспект на рочноста најголем дел од депозитите односно 78,5% се со рок до 1 година (од нив 65% се депозити на правни лица, а 35% депозити на физички лица). Депозитите по видување имаат учество од 33,6%. 12.500 1.6% 7.500 7.0% 6.4% 6.3% 5.9% 10.000 7.500 5.000 43.2% 6.7% 61.4% 7.4% 57.9% 6.1% 57.8% 6.000 4.500 3.000 59.2% 60.3% 62.0% 63.7% 2.500 0 55.3% 31.9% 34.6% 36.1% Mar 13 Jun 13 Sep 13 Dec 13 Restricted deposits Term deposits Sight deposits 1.500 0 33.8% 33.3% 31.7% 30.4% Mar 13 Jun 13 Sep 13 Dec 13 Restricted deposits Term deposits Sight deposits Кредитните линии од МФИ изнесуваат 3.7 милјарди мкд и се 1 милјарди мкд или 37% поголеми споредено со крајот на 2012 поради новите и зголемените кредитни линии од ЕБРД, ЕИБ и ИФЦ. Во текот на годината забележан е пораст на депозитите на финансиски институции (компании за осигурување и пензиски фондови), кои исто така се еден од сегментите кои ги депонираат нивните средства на подолг период од 3 години, споредено со компаниите од реалниот сектор кои претпочитаат краткорочни депозити. Зголемувањето на СГ фандингот од 1,2 на 1,5 милијарди денари односно 5 меур е резултат на долгорочниот кредит за финансирање на Новата управна зграда во Скопје на период од 10 години, додека останатиот фандинг остана непроменет. Во текот на годината, односно на крајот на јуни 2013 година по завршувањето на формалните и процедурални работи се реализира и вториот субординиран кредит во износ од 6 меур. Во делот Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 16

на капиталот промената се должи на алокацијата на минатогодишниот резултат од 128 ммкд во резервите и нераспределена добивка. На страната на активата, најголемиот апсолутен пораст е забележан кај кредитите на клиенти кои забележаа нето состојба од 16,5 милјарди мкд и вкупен пораст од 7,4% или во износ од 1,1 милијарди мкд, што го претставува во износ вкупниот годишен пораст на Билансот на состојба. Кредитите на население во текот на годината забележаа континуирано месечно зголемување што резултираше со годишен пораст од речиси 1 милијарда денари односно 19,6%. Кредитите на правни лица во текот на годината бележаа циклично движење со значаен пораст во третиот и последните два месеци од годината при што на годишно ниво е забележан пораст од 1,7%. Соодносот меѓу кредити и депозити е 90,8% и е значително повисок отколку на крајот на 2012 година како резултат на пониските депозити. Според рочноста, најголем дел се долгорочни кредити со 61,7% учество. По сектори, кај правните лица долгорочните учествуваат со 49,5%, краткорочните со 39% и 10,1% се сомнителни, но краткорочните кредити кај физичките лица се само 9,7% од вкупните во кои преовладуваат пречекорувања на тековни сметки и изложеност по кредитни картички. Односот помеѓу сомнителните и вкупните кредити е 5,5% кај физички лица. Анализирани од валутен аспект кај кредитите доминантни се кредитите во денари со валутна клаузула со учество од 57,9% (кај кредитите од правни лица учествуваат со 51,6%, додека кај кредитите од физички лица со 69,6%), 27,6% се девизни и 14,5% денарски. Готовината и пласманите кај Централната банка се пониски во споредба со минатата година како резултат на намалената задолжителна резерва и реалокацијата на дел од ликвидниот потенцијал од 7 дневен депозит кој на крајот на 2012 година беше на повисоко ниво како резултат на повисоко просечно ниво на денарските трансакциски сметки на депонентите споредено со претходниот период и краткорочните депозити од компании вклучувајќи повисок износ на депозитите од ДТ компаниите во денари со краток рок (неделни депозити) во благајнички записи после одобрувањето на повисокиот лимит од страна на СГ во последниот квартал на 2013 година притоа обезбедувајќи повисок принос на средствата. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 17

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ Кумулативниот финансиски резултат на крајот на годината изнесува 158,3 ммкд што е 100,4% реализација на планираниот за изминатата година. Во споредба со истиот период минатата година, резултатот е за 27 ммкд или 20,6% повисок, пришто е реализиран 18,3% повисок бруто оперативен приход со пораст на сите редовни приходи: Нето приходите од камати во тековнат агодина се за 60,7 ммкд или 8,8% повисоки од минатата година како резултат на зголемени приходи од камати по кредити како резултат н аповисока реализирана состојба и пониски каматни расходи претежно во делот на депозити како резултат на пониски каматни стапки и помало учество на изворите со повисока каматна стапка; Нето приходите од провизии се за 26 ммкд или 12,6% повисоки споредено со јануаридекември 2013 како резултат на зголемени приходи за 35,1 ммкд и помало зголемување на расходите од 9,1 ммкд.приходите од провизии бележат пораст кај скоро сите видови на провизии од население и кај правни лица е евидентирано значајно зголемување на провизиите по гаранции и девизно работење; Повисоките курсни разлики за 15 ммкд или 26,8% се должи на позитивното влијание од зголемените активности на девизниот пазар со големи клиенти. Оперативните трошоци се повисоки за 16,6 ммкд или 2,4% споредено со минатата година. Како резултат на контролата на трошоците и мерките за заштеда е евидентирано намалување кај скоро сите ставки на оперативните трошоци, а зголемување е забележано кај трошоците кои се поврзани со зголемените активности (картично, транспорт на готовина, осигурување на депозити...); Нето резервациите се повисоки во однос на минатата година за 56,3 ммкд или 18,3% во чиј износ е вклучено позитивното влијание на наплатата. Реализацијата на нето чинењето на ризик во 2013 е во согласност со реализираните активности за односниот период имајќи предвид дека евидентираната разлика споредено со минатата година произлегува и од позитивното влијание на нивото на резервации на наплатата на еден голем фајл во првиот квартал на 2012. во ммкд јан-дек 12 јан-дек 13 2013-2012 2013 / 2012 Нето банкарски приход 987,0 1.059,9 72,9 7,4% Нето камати 692,2 752,9 60,7 8,8% Нето провизии 205,6 231,6 26,0 12,6% Нето курсни разлики 55,9 70,9 15,0 26,8% Останати приходи 33,3 4,5-28,8-86,5% Оперативни трошоци -680,1-696,7 16,6 2,4% Бруто оперативен приход 306,9 363,2 56,3 18,3% Нето резервации -175,6-204,8 29,2 16,6% Добивка пред оданочување 131,3 158,3 27,0 20,6% - Зголемени комерцијални активности Заштеди и контрола на опер.е трошоци - Ефикасно управување со ризици - Позитивно влијание од наплата и намалување на правниот ризик. Коефициент на трошоци 68,9 65,7 Имајќи го во предвид зголемениот нето банкарски приход како и позитивното влијание од реализираните заштеди во OPEX и зајакната контрола на трошоците, коефициентот на трошоци во декември 2013 забележува значително намалување од 68.9% на 65.7% во однос на истиот период минатата година. Во структурата на нето банкарскиот приход, најголем удел има нето каматниот приход со 71%, зголемено учество на нето провизиите со 21.9%, нето курсни разлики креираат 6.7% од вкупниот нето банк. приход. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 18

Нето каматен приход Во периодот јануари декември 2013 е реализиран нето каматен приход од 752.9 ммкд што претставува раст за 8.8% во однос на минатата година како резултат на зголемениот каматен приход од 24.9 ммкд или 1.8% во однос на истиот период минатата година кадешто најголем удел има зголемениот каматен приход од кредити на клиенти додека каматните трошоци се намалени за 35.8 ммкд или 5.4% воглавно како резултат на намалените каматни трошоци на депозити од клиенти. in K MKD Jan - Dec 12 Jan - Dec 13 2013 / 2012 diff % Interest income 1.355.614 1.380.534 24.920 1,8% CB and banks 36.982 40.295 3.313 9,0% Securities 207.023 174.988 32.034-15,5% Clicom loans 708.201 724.902 16.701 2,4% Clipri loans 399.772 438.528 38.756 9,7% Self- employers 3.637 1.821 1.815-49,9% Interest expens 663.426 627.650 35.776-5,4% Clipri deposits 175.846 158.872 16.974-9,7% Clicom deposit 240.273 166.239 74.034-30,8% Fin inst deposi 46.187 57.241 11.054 23,9% SG funding 91.418 112.152 20.734 22,7% SG sub loan 66.199 72.166 5.966 9,0% EBRD 20.251 21.208 957 4,7% EIB 10.752 15.681 4.929 45,8% IFC 3.194 16.401 13.207 413,5% MBDP, MF 3.658 5.808 2.149 58,8% Other funding 5.647 1.882 3.765-66,7% NII 692.188 752.884 60.696 8,8% Нето каматните приходи за тековната година се зголемени споредено со претходната година како резултат на повисоките каматни приходи, профитабилниот аранжман и управување на ликвидните средства и покрај пониската референтна каматна стапка и пониската просечна каматна стапка на обврските како резултат на зголемено учество на ресурсите со пониски трошоци и намалена просечна каматна стапка кај депозитит во услови на нивен значаен годишен раст. Нето приход од провизии Со реализирани 231.6 ммкд бележи значителен раст од 12.6% или 25.9 ммкд во однос на претходната година. Од вкупниот приход од провизии 69.3% е приход од правни лица, 21.8% од население и самостојни вршители на дејност, додека 8.9% се провизии од финансиски институции. Приходите од провизии од население и самостојни вршители на дејност изнесува 66.4 ммкд и се зголемени за 13.1% во однос на претходната година. Приходите од провизии од трансакции имаат значаен пораст во споредба со минатата година, односно 41.7% повеќе во однос на 2012. Релативно зголемување е забележано во е-банкарство (40.5%) но сеуште има мал удел во однос на вкупните надоместоци од население. Во тековната година е забележан релативно зголемен пораст од 37.9% во однос на надоместоци од кредити и картично работење. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 19

Приход од надоместоци од правни лица изнесува 210.7 ммкд и претставува раст од 12.9% во однос на претходната година. Во рамки на тековната година најголем пораст бележат провизиите од платните промети во износ од 20.3 ммкд, и тоа: пораст од 15.6 ммкд во девизниот промет, 4.7 ммкд во рамки на домашниот промет, додека надоместоците од гаранции бележат раст од 8.8 ммкд во однос на минатата година. Со забелжаниот пораст, провизиите од платните промети го имаат зголемено нивното учество во вкупниот износ на провизии од правни лица на 64.3% односно зголемување за 2.6 бп во однос на 2012 (61.7%). Оперативни трошоци Оперативните трошоци во износ од 696.7 ммкд се зголемени за 2.4% во однос на минатата година. Зголемување кај оперативните трошоци е забележано кај овие видови кои се поврзани со зголемените активности (осигурување на депозити, картички, софтвер). Во однос на другите видови, забележано е намалување кај скоро сите трошоци како резултат на зајакната контрола, интерниот план за штедење и иницијативите за штедење на СГ. Како резултат на зголемените приходи и контрола на трошоците, показателите за коефициентот на трошоци и покриеност на оперативните трошоци и трошоци за вработени со провизии се значајно подобрени во однос на претходната година. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 20

4. БАНКАРСКИ АКТИВНОСТИ ПО СЕГМЕНТИ НА РАБОТЕЊЕ 4.1 Работа со корпоративни клиенти СЕКТОР ЗА КОРПОРАТИВНО И ИНВЕСТИЦИСКО БАНКАРСТВО (ЦИБ СЕКТОР) Економскиот раст во текот на изминатата 2013 година беше доминантно воден од страна на странските инвестиции и инфраструктурни проекти.во услови на продолжени ефекти на светската економска криза и стагнација на македонската економија, дополнително изразени со влошената кредитна способност и зголемена неликвидност на претпријатијата, ЦИБ секторот реализираше уште една успешна година. Фокусирајќи се на најквалитетното корпоративно јадро на домашниот пазар, со континуирано инвестирање во развој и прилагодување на услугите и издигнување на квалитетот на највисоко ниво, постепено успеа да ја придобие довербата на голем дел од пазарот. Уште повеќе пак, спроведувајќи ја стратегијата за пружање одговорна финансиска поддршка, надополнета со екпертизата од СГ Групата, и овозможија да го добие приматот на банка-прва врата на која се обраќаа странските инвеститори, партнер во кој веруваат и кој ги задоволува нивните барања локално,но им овозможува и поддршка од СГ Групата пошироко. Корпоративното кредитирање и депозитната база во 2013 продолжи да ја одржува долгогодишната стабилност. Во доменот на девизниот пазар, Банката продолжи да остварува солидни резултати, со што овие активности даваат значаен придонес кон профитот, при што се очекува трендот на раст на прометот да се задржи и во наредните години. Клиентско портфолио Во 2013 успеавме да одржиме пошироко признавање од јавноста како Банка со највисока стапка на стабилност, безбедност и потенцијал за развој. Работењето на Охридска банка со големи и меѓународни корпоративни клиенти во 2013 година беше континуирано во знакот на зголемување на бројот на квалитетни клиенти од овој пазарен сегмент, зголемување на волуменот на нивниот бизнис реализиран преку Банката, покриен со диферзифицирана понуда на производи и услуги, како и пораст на остварениот профит од истите. Успешната година за Банката се должи во голема мерка на приоритизацијата на квалитетот на услугите проследена со перманентен развој на нови решенија кои целосно одговараат и ги задоволуваат потребите на клиентите од една страна, а позитивно влијаат на категоријататрошоци од друга страна. Сето тоа неминовно доведе до зајакнување на позицијата на Банка која стана прв избор на меѓународните компании кои инвестираат во земјата. Клиентското портфолио се зголеми со бројни, значајни големи и меѓународни корпоративни клиенти од диферзифицирани пазарни дејности, со што крајно се подобри корпоративната база. Во 2013 година ЦИБ Секторот уште понагласено профитираше од стабилниот имиџ на СГ Групата и од регионалните синергии, кои ја поддржаа и зголемија пенетрацијата на Банката на тој пазар и и овозможија да стане доминантен банкарски партнер на значајни меѓународни компании што започнаа со работа во Македонија. Покрај улогата на партнер од доверба што го поддржува редовното работење на добро познатите профитабилни компании, Банката исто така настојуваше да дејствува како стратешки партнер кој е подготвен да обезбеди финансиска поддршка на плановите за експанзија и значајни инвестициони проекти на овие компании. Фокусот на корпоративното кредитирање и во иднина останува во тоа да се одржи стабилно и ефикасно портфолио кое остварува максимална добивка при минимум ризик. Со преселбата на Централата од Охрид во Скопје ја зголемивме претпознатливоста, името и брендот на Охридска банка СГ во свеста на постоечките и потенцијални клиенти. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 21

Активности, насоки и политики кон задоволување на клиентските потреби и понуда на нови производи- Двигател на работењето на ЦИБ Секторот е зголемување на квалитетот на услугите и производите кои се нудат на клиентите, адекватно одговарање на нивните потреби, како и зајакнување на деловните односи воспоставени со големите профитабилни компании, со намера да создаде цврста основа за вкрстена продажба помеѓу различни сегменти на пакети производи. ЦИБ Секторот изминатата година го продолжи спроведувањето на стратегијата за зајакнување на темелите на своите деловни операции и процеси преку имплементирање на нови производи и услуги. Како резултат на следењето на промените на пазарот во 2013 година се лансираа нови кредитни производи, а палетата на постојните кредитни производи беше унапредена и збогатена со нови карактеристики и функционалности. Одговоривме на потребата на компаниите - увозници, извозници, инвеститори да ги заштитат своите идни парични текови со воведување на терминските девизни трансакции -форварди кои се користат од страна на учесниците на пазарот за да се одредат курсевите за иден датум. Како дел од Меѓународната мрежа за интернационално банкарство на Сосиете Женерал, формирана е нова организациона единица Global Transaction & Payment Services (GTPS). GTPS е дизајнирана за да овозможи целосна банкарска поддршка во работењето на интернационалните компании и институции кои се клиенти на СГ групата. Целта е да се обезбеди развој, пораст на ефикасноста и квалитетот на услугите кои ги даваат банките од СГ групата, зголемување на прометот и ликвидноста меѓу банките, со особена поддршка на документарното работење и со тоа зголемување на синергијата во рамки на групата. ОБСГ е активно вклучена во активностите на GTPS и целосно ја користи поддршката од групата за да им излезе во пресрет на потребите на своите клиенти и да им обезбеди квалитетни и конкурентни услуги, а воедно и за унапредување на понудата на банкарски услуги и имплементирање на т.н Glob umbrella services за меѓународните компании, а што води кон зголемување на базата на клиенти. ЦИБ Секторот континуирано ги следи потребите на клиентите и успешно одговора на нивните барања понудувајќи соодветни и иновативни софтверски решенија за компаниите со кои се врши автоматизација на процесите и усовршување на деловните операции и се олеснува работењето како за клиентите така и за Банката. Покрај проектот на поврзување на електронското банкарство со системите SAP и Biling системот може да се истекне и проектот за поврзување за генерирање на плаќање налози во девизнито работeње. Во 2013 година се продолжи со усовршување и автоматизација на репортингот со кои се следи работењето на клиентите и остварувањата на Дирекцијата за големи и меѓународни клиенти. На овој начин може навремено да се добиваат точни информации, да се сигнализираат промените и навремено да се превземат акции за дејствување. Кредитно портфолио Кредитното портфолио на големите и меѓународни компании во 2013 година бележи стабилен и прогресивен раст наспроти забавената динамика на раст на кредитната активност на пазарот. Реализацијата од 96,27 милиони евра за 2013 година ги надмина очекувањата за пласмани на кредити во големи компании. Високото ниво на квалитет на кредитното портфолио се задржа со градењето на трајни и стабилни односи со клиентите, прудентното управување со кредитниот ризик со зачестена проценка, како и ефикасно организирана функција на наплата. Со адекватен пристап кон секој клиент и прилагодена понуда проследена со детална финансиска анализа и ефикасна процедура на Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 22

одбрување се овозможи пласирање на нови кредити и превземање на нови реномирани компании. Покрај улогата на партнер од доверба што го поддржува редовното работење на добро познатите профитабилни компании, Дирекцијата за големи и меѓународни клиенти настојуваше да дејствува како стратегиски партнер кој е подготвен да обезбеди финансиска поддршка на плановите за експанзија и значајни инвестициони проекти на овие компании. За остварување на бизнис идеите, за инвестициони и долгорочни вложувања во профитабилни проекти понуди широка и диверзифицирана палета на корпоративни кредити обезбедени од сопствени извори, како и од различни кредитни линии. Охридска Банка годинава уште еднаш го потврди приматот на лидер во проектното финансирањето. Изминатата 2013 година Банката успешно финансираше повеќе проекти почнувајки од инвестиции за примена на мерки за енергетска ефикасност па се до позначајни инвестиции во обновливи извори на енергија. Наскоро се очекуваат да протечат првите киловати електрична енергија од финансираните проекти за изградба на фотоволтаици во реонот на Штип и Демир Капија. Во изминатата година, концептот на проектно финансирање беше исто така успешно имплементиран при кредитирање и на два позначајни хотелски капацитети. Охридска Банка е стратешки ориентирана на понатамошен развој на интерните потенцијали за проектно финансирање и понатаму ке продолжи со практицирање на стекнатото искуство во оваа област поддржувајќи ги и во иднина одржливите и профитабилни проекти. Депозитно портфолио Депозитната база на портфолијата на големите и меѓународни компании е стабилна и покрај падот на депозитите од корпоративните клиенти на пазарот кој се должи на зголемената потреба за користење сопствени средства за финансирање на ликвидност и инвестиции во нови проекти. Суштинско е значењето на депозитното портфолио на Дирекцијата на големите и меѓународни компании, кои преставуваат значаен извор на средства на Банката. Привлекувањето на депозитите како резултат на изградениот имиџ на Банка од доверба и посветеноста на градење на трајни односи со клиентите резултира со нивен удел во базата на корпоративни депозити од 80%, кое уште еднаш докажува дека оваа Дирекција останува важна движечка сила на Банката. Тргување и пазари на капитал - Во првата половина на 2013 година меѓународните финансиски пазари беа под влијание на кипарската криза, што резултираше еврото да изгуби 3% од својата вредност во однос на доларот до крајот на месец март. По преземените мерки од страна на Европската Комисија, Европската Централна Банка и ММФ, се почувствува смирување на финансиските пазари и остатокот од годината еврото ја поврати својата вредност, водено од информациите за стабилизирање и раст на европската економија. Исто така, во втората половина од годината падот на доларот беше резултат на информациите за т.н. квантитативно олеснување од страна на Федералните Резерви во САД, како мерка за подигнување на нивната економија и намалување на невработеноста. Монетарната политика на НБРМ во 2013 година во однос на стратегијата за фиксен девизен курс остана непроменета и во понатамошниот период се очекува стабилност на домашниот девизен пазар. Додека вкупниот промет на девизниот пазар во Република Македонија во 2013 година доживеа стагнација, Охридска банка во 2013 година евидентира зголемување на вкупниот промет на девизниот пазар од 28% во споредба со 2012 година, со што пазарниот удел се зголеми на Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 23

12.47%. Износот на реализираните курсни разлики во 2013 година бележи зголемување за 27% и изнесува 70,92 милиони денари. Износот на надоместоците реализирани на девизниот пазар е за 9,7% поголем во споредба со претходната година и изнесува 33,69 милиони денари. 4.1.2 Работа со Мали и средни претпријатија Резултатот на активностите на Банката насочени кон финансиската поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во 2013 ја отслика ориентацијата на растечките и просперитетни претпријатија и привлекувањето бонитетни клиенти. Се остварија солидни резултати во услови на сеуште присутни неизвесности околу реализација на проектираниот раст на БДП на земјата, тенденции на рецесија што надвладаа во првите два квартали и присутните ликвидносни проблеми со кои се соочени повеќе македонски МСП веќе неколку години наназад. Кредитниот пораст се одржа и продолжи со задоволително темпо и во 2013 година. Во оваа предизвикувачка средина, МСП кредитните пласмани се зголемија за 9,3%, достигнувајќи 94 милиони евра на бруто основа до крајот на годината со бруто пораст за над 8 милиони евра, значајно надмнувајќи го кредитниот раст кај МСП во банкарскиот сектор. Вкупниот број на активни МСП клиенти во банката изнесува 6.083 што е на ниво од претходната година, додека бројот на нови производи пласирани кај МСП клиентите бележи раст од над 50% во однос на 2013 година. Побарувачката за МСП кредити беше забавена во 2013 годината кога компаниите ги намалија инвестициските активности или ги одложија заради последиците од кризата во Еврозоната и намалената извозна побарувачка. Позначајна побарувачка постоеше за субвенционираните кредити на ЕИБ со значително пониски камати од пазарните, со тенденција на барања на кредити за трајни обртни средства пред инвестиционите кредити. Банката во 2013 година во делот на финансирање се насочи кон обезбедување на поевтини средства за МСП клиентите со потреба на финансирање нови инвестицииски проекти. Управувањето со странски извори на финансирање достапни за подобни проекти беше зајакнато. Најзабележително беше користењето на кредитните линии од ЕИБ (преку МБПР), ЕБРД и ИФЦ кои придонесоа за пристојниот раст на МСП кредитните пласмани и оттаму вкупното кредитно портфолио на правни лица во банката. Од странските кредитни линии во 2013 година на правни лица (Мали и Средни Претпријатија и Големи Меѓународни Клиенти) беа исплатени кредити во вкупен износ од 39 милиони евра. Тоа претставува пораст од 11.5% во однос на вкупниот износ на исплатени кредити од странски кредитни линии во претходната 2012 година.во 2012 година беа исплатени 35 милиони евра од странски кредитни линии. Главна цел на МСП кредитната политика беше постојано присуство на продажната сила на терен со интензивирање на бројот на посети на клиенти и презентирање на можностите за финансирањето на квалитетни проекти. Таргетирани беа поголеми МСП клиенти од производната и трговската дејност, пазарни лидери, со добра репутација во бизнис заедницата. Како резултат на овие активности банката се здоби со неколку десетици нови МСП комитенти со потенцијал за кредитирање и натамошен раст во делот на платен промет и целокупната соработка со банката. Деталното и квалитетно следење на отплатата на кредитите и интензивните напори за наплата кај портфолиото на МСП клиенти, унапредување на деталните кредитни анализи во соработка со службата за кредитна анализа помогнаа да се зачуваат квалитетот на кредитното портфолио и нивото на резервации за кредитне ризик под контрола. ОБСГ ќе продолжи да следи прудентна политика на балансиран раст прилагоден кон ризичното опкружување и одговорно кредитирање на МСП. Посветени сме на подржување на потребите на компаниите за капиталните инвестиции, модернизација и обртен капитал преку помагање на одржувањето на задолженоста на клиентите на одржливо ниво погодно за идниот развој. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 24

4.1.3 Девизни кредити од странски кредитни линии Охридска Банка во континуитет последните неколку години ја зацврсти позицијата на пазарот и понудата на производи наменети за кредитирање на стопанството нудејќи производи од странски кредитни линии. Тековно Банката има потпишано договори со Македонска Банка за Поддршка на Развојот (МБПР), Меѓународната Финасиска Корпорација, дел од Светска Банка (ИФЦ) и Европска Банка за Поддршка на Развојот (ЕБОР). ИФЦ Охридска Банка потпиша договорот со ИФЦ на износ од 10 меур. Цел на финасирање се исклучиво мали и средни претпријатија по пат на избор на соодветни проекти. Она што е важно е да проектот што се финасира исполнува пропишани критеруими за заштита на животна и социјална средина. Во текот на 2013 година преку кредитната линија ИФЦ се финасирани 203 проекти во вкупен износ од 12.087.514,21 ЕУР. Во јули 2013 година Охридска Банка потпиша договор со ИФЦ за програма за конфирмација за Гаранции и акредитиви и trade finance. Согласно договорот Охридска Банка има одобрен лимит од 10 мил. ЕУР коишто може да се искористат за конфирмации на гаранции и акредитиви и за trade finance. ЕБРД Охридска Банка има потпишано 8 договори со ЕБРД во вкупен износ од 40 меур.за финансирање на Мали и средни претпријатија потпишани се 2 кредитни линии на вкупен износ од 15 мил. ЕУР. Во текот на 2013 година преку овие линии се финасирани 51 проекти во вкупен износ од 5.656.102 ЕУР. Во Мај 2010 година банката го потпиша вториот договор со ЕБРД којшто се однесува на кредитирање на проекти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија како и финасирање на проекти за зголемување на конкурентноста на компаниите. Вкупниот износ на линијата изнесуваше 10 мил. ЕУР подеднакво поделени, 5 мил. ЕУР за енергетска ефикасност и 5 мил. ЕУР за конкурентност. Со кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија досега се финасирани 15 проекти. Кредитната линија за конкурентност во декември 2012 беше проширена за дополнителни 3 М ЕУР, а во декември 2013 за уште 1М ЕУР. Со кредитната линија за подршка на конкурентноста досега се финасирани 23 проекти. Во Мај 2013 година Охридска Банка потпиша договор со ЕБРД за заедничко финасирање МЦФФ. Вкупниот кредитен лимит изнесува 5 мил. ЕУР. Во декември 2013 Охридска Банка го потпиша вториот договор со ЕБРД за енергетска ефикасност. Со линијата може да се кредитираат правни субјекти во Република Македонија без разлика на нивната големина. Линијата е проширена и на можноста за кредитирање на општини. МБПР Охридска Банка во моментот користи 7 кредитни линии коишто се пласираат преку МБПР. Најискористена е кредитната линија ЕИБ со субвенционирана каматна стапка од 5,5 % кон крајниот корисник. ЕИБ кредитната линија е наменета за кредитирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Средствата од линијата може да се користат за инвестициони проекти како и за обртен капитал. Приоритетните проекти се наменети за кредитирање на компании кои не влегуваат во категоријата мали и средни претпријатија. Каматната стапка е фиксна и изнесува 5,5 % годишно. Во 2013 година од оваа кредитна линија се исплатени 17 мил. ЕУР. Развојна Банка на Совет на Европа (Council of Europe Development Bank) На 5 Декември 2013 година Охридска Банка потпиша договор со ЦЕБ за кредитна линија во износ од 8.000.000 ЕУР. Рамковниот договор е наменет за поддршка на продуктивни инвестициони проекти (основни Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 25

средства) чијашто основна намена е создавање, одржување, унапредување и зачувување на работни места преку олеснат пристап до кредити за инвестицииски намени. Средствата се наменети за финансирање до 50% од инвестцииски трошоци за подобни проекти спроведувани од микро, мали и средни претпријатија (СМЕ), како и за лица кои извршуваат занаетчиска дејност или фамилијарни бизниси вклучени во редовната стопанска дејност. Систем на управување со ризици од животна и социјална средина (ЕСМС) Охридска Банка како финансиски партнер на меѓународните финансиски институции го воспостави системот за управување со ризици од животна и социјална средина при што успешно беше интегрирано управувањето со ризиците на животна и социјална средина во работните процеси за финансирање на проекти и одобрување на кредити на крајни корисници користејќи средства од ИФЦ кредитната линија. Воспоставувањето на овој систем беше од клучно значење за успешно управување на кредити со потенцијални социјални и еколошки ризици преку спроведување на детална анализа на овие ризици пред процесот на исплата на кредитите и соодветен мониторинг на социјалните и еколошките перформанси на клиентот за целокупното времетраење на договорот за кредит. ESMS (Environmental & Social Management System) референтот, назначен од страна на Банката, е одговорен за администрација на системот за управување со ризици за животна и социјална средина. Овој систем вклучува механизми за оценка и следење на ризици и истиот вклучува: a. прелиминарна проценка на ризик од животна и социјална средина; b. категоризација на клиентот во соодветната категорија на ризик за да се осигура соодветна проценка на ризиците поврзани со животната средина и социјалните прашања; c. детална анализа на клиентот и подпроектите сразмерно на согледаните ризици, структурирање на подпроектите на клиентите со цел да се осигура исполнување на националните одредби за заштита на животната средина, здравјето, безбедноста, и останатите социјални прашања; d. следење на подпроектите со цел да се осигура усогласеност на клиентот со националните прописи за заштита на животната средина, здравјето, безбедноста, и останатите социјални прашања, и доколку е потребно спроведување на корективни акциони планови од страна на клиентите. 4.2 Платен промет Платен Промет со Странство Во 2013 година остварен е платен промет со странство во двата правци во вкупен износ од над 1.844 мил. ЕУР, што е за 27,93% повеќе во однос на остварениот промет минатата 2012 година. Зголемувањето е евидентно и во делот на девизните приливи за 24,84% како и во делот на девизните одливи за 31,23% во однос на минатата година. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 26

Кај инструментите во платниот промет со странство евидентирана е следната состојба: Instrument 2012 2013 Index nr. 000 еур nr. 000 еур nr amount P/O 50.946 1.007.030 59.744 1.303.777 117,27 129,47 nostro 20.560 632.404 24.376 798.623 118,56 126,28 loro 30.386 374.626 35.368 505.154 116,40 134,84 L/C 107 4.794 109 14.332 101,87 298,96 nostro 96 4.622 88 13.643 91,67 295,18 loro 11 172 21 689 190,91 400,58 Во период од 01.01.2012-31.12.2012 год. изработени се 3.255 МТ940 - Customer statement message (свифт пораки кои се изработуваат на барање на коминтентите, во зависност од бројот на трансакци извршени на нивните сметки), додека за истиот период во 2012 год. тој број изнесува 6.416 МТ 940 што е за 3.161 повеќе од минатата година. Вкупниот девизен промет на Охридска Банка АД Скопје во период од 01.01.2013-31.12.2013 год. изнесува 1.125.160.468 УСД или 12.47% од вкупниот девизен промет на ниво на РМ, наспроти прометот во 2012 год. кој изнесуваше 834.889.296 УСД или 9.22% од вкупниот промет. Структурата и движењето на девизниот промет е прикажана во следната табела: INFLOW in (000 eur) 1.From companies P/O and L/G foreign banks through domestic banks 2.From individuals througn foreign banks through domestic banks in cash in the country 3.Nonresidents Companiees Individuals 4.Currency exchange authorized F/X offices accounts as individuals 5.Меѓубанкарско работење TOTAL Inflow OUTFLOW in (000 eur) 1.From companies P/O and L/G foreign banks through domestic banks 2.From individuals througn foreign banks in cash in the country 3.Nonresidents Companiees Individuals 4.Currency exchange cash sales 5.Interbank activities TOTAL Outflow TOTAL PAYMENT OPERATIONS 31.12.2012 31.12.2013 2013/2012 411.209 610.610 148,49 362.358 498.975 137,70 48.851 111.635 228,52 56.170 54.822 97,60 20.628 21.204 102,79 2.844 2.807 98,70 32.698 30.811 94,23 22.168 34.703 156,55 20.598 32.996 160,19 1.570 1.707 108,73 224.131 210.856 94,08 183.623 176.530 96,14 40.508 34.326 84,74 31.250 18.990 60,77 744.928 929.981 124,84 31.12.2012 31.12.2013 2013/2012 634.267 808.362 127,45 621.178 796.037 128,15 13.089 12.325 94,16 19.809 18.193 91,84 1.548 1.694 109,43 18.261 16.499 90,35 14.913 30.906 207,24 13.748 30.088 218,85 1.165 818 70,21 7.996 10.304 128,86 7.996 10.304 128,86 19.402 46.113 237,67 696.387 913.878 131,23 1.441.315 1.843.859 127,93 Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 27

Приходите од провизии по основ на дознаки (лоро и ностро) бележат зголемување и тоа за 190 илјади денари кај лоро дознаките односно од 8.127 мил ден на 31.12.2012 на 8.317 на 31.12.2013 и за 9.2 мил ден кај ностро дознаките односно од 37.335 мил ден на 31.12.2012 на 46.577 мил ден на 31.12.2013. Службата за платен промет со странство нуди квалитетен, комплетен и ефикасен банкарски сервис. Девизните приливи пристигнати од странство, претставуваат и најповолен извор на девизи за работењето на девизниот пазар. Предноста кај девизните приливи е тоа што средствата се наоѓаат на девизните сметки на Банката кај контокорентните банки во странство а тоа значи дека нема дополнително ангажирање на финансиски и човечки ресурси, а со тоа се намалени ризиците во работењето со ефективни странски пари (фалсификати, ризици при транспортот на готовината и др.) Девизните приливи се карактеризираат и со уште еден позитивен финансиски ефект, а тоа се наплатените провизии за пристигнатите девизни приливи на коминтентите на банката. Платен Промет во земјата Обемот и динамиката на платниот промет во интерниот и меѓубанкарскиот клиринг за периодот 01.01.-31.12.13 е како што следува: Transactions by number Amounts in mil mkd 31.12.2012 % 31.12.2013 % Index 13/12 31.12.2012 % 31.12.2013 % Index 13/12 Internal 2.183.763 55,9 2.285.836 54,27 104,67 189.607 37,95 260,838 39,25 137,56 Interbank 1.723.066 44,1 1.926.132 45,73 111,78 309.937 62,05 403,633 60,75 130,23 Sent 1.074,701 62,37 1.206.328 62,63 112,25 154.686 49,91 201,901 50,02 130,52 Received 648.365 37,63 719,804 37,37 111,02 155.251 50,09 201,731 49,98 129,94 Total 3.906.829 100,0 4.211.968 100,0 107,81 499.545 100 664,472 100 133 Според податоците, во 2013 година евидентирани се позитивни движења во доменот на денарскиот платен промет како во поглед на број на трансакции исто и по вредност на реализиран промет. Бројот на реализирани трансакции е зголемен за 7,81% додека вкупниот промет за 33 %. Од вкупниот број на извршени трансакции 54,3% се извршени преку интерниот клиринг додека 45,7% се реализирани преку меѓубанкарскиот клиринг. Заклучно со 31.12.2013 година отворени се вкупно 151.510 сметки, од кои 16.135 сметки се на правни лица, а 135.370 се на физички лица. Само во 2013 година отворени се 945 сметки на правни лица. Пазарното учество на Банката во денарскиот промет на ниво на РМ е како следува: 1. Учеството на Охридска банка во вкупниот платен промет во земјата изнесува... 14,24% - меѓубанкарски платен промет... 12,85% - интерен платен промет... 17,10% 2. Учеството во вкупниот број на налози во платниот промет во земјата изнесува... 6,44% - меѓубанкарски платен промет... 6,57% - интерен платен промет... 6,34% 3. Во вкупниот број на отворени сметки (правни и физички лица) 4,21% Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 28

4.3 РАБОТА СО НАСЕЛЕНИЕ ОБСГ, и покрај предизвиците и изменетите пазарни услови поради ефектите од глобалната финансиска криза кои се уште се чувствуваа и во 2013, го продолжи својот раст и развој во сите области на своето работење во секторот за население. Во овој сегмент се бележи пораст кај сите производи и услуги. Банката е фокусирана на клиентите и нивните потреби, константно унапредувајќи ја понудата на производите и услугите за население и прилагодувајќи ја на потребите на пазарот, со цел градење и одржување на долгорочни односи со клиентите. Во текот на 2013 година фокусот во сегментот население беше насочен кон пораст на пазарното учество на банката во делот на кредитирањето на население, на депозитите и на бројот на активни клиенти. Заради остварување на овие цели, во текот на 2013 година понудата на производи и услуги во делот на население беше збогатена со следниве иновативни производи и кампањи: Станбен кредит за инвеститори,со кој клиентите имаат можност за финансирање на купувањата на становите од селектирани инвеститори во неколку транши, и во фаза на изградба, по повластени каматни стапки и без административни трошоци и трошоци за проценка. Со овој производ нашата намера е да креираме поповолна понуда со која планираме да привлечеме нови клиенти на долг рок; Иновативните депозитни производи депозит Таргет и Детско штедење воведени во мај 2013 ја збогатија палетата на депозитни производи на Охридска банка со цел комплетно задоволување на потребите на депонентите за креативни депозитни продукти според нивните потреби. - Таргет депозитот е тип на депозит во кој може да вложуваат повеќе клиенти кои притоа основаат група на штедачи која ги користи бенефитите кои произлегуваат од групното штедење. Депонентите - членови на таргет групата добиваат преференцијални каматни стапки за своите депозити при што каматната стапка зависи од вкупниот износ на депозитите во групата како и од рокот на кој е орочен нивниот депозит. - Детскиот депозит е воведен како одговор на растечките барања на депонентите за депозит специјализиран за малолетни лица со подолги рокови на штедење. Детскиот депозит има карактеристики на отворен депозит депонентот може во текот на целото времетраење на рокот на орочување покрај првично депонираниот износ да депонира и други дополнителни износи на парични средства (преку поединечни уплати), со тоа што секоја дополнителна уплата на парични средства доспева на датумот на доспевање на депозитот, а каматата на дополнителните уплати на парични средства се пресметува од денот на секоја уплата до денот на доспевање на депозитот. Освен мотивот за зголемување на депозитната база на ОБСГ, со овој депозит Охридска банка ја потенцира и својата општествено одговорна функција, нудејќи стимулативни каматни стапки за младата популација со што директно учествува во едукација на младата популација и градење на културата на штедење во Р.Македонија; Потпишани се повеќе спогодби за преференцијални услови за кредитите за население со повеќе државни институции и значајни Големи меѓународни клиенти и МСП клиенти со што успешно беа привлечени нови квалитетни клиенти на платен список; Во насока на поддршка на растот на кредитите за население и одговор на зајакнатата конкуренција на пазарот, Охридска банка во 2013 воведе повеќе промотивни кампањи со ограничено времетраење за кеш кредитите, компакт кредитите за рефинансирање и за станбените кредити. Во рамки на кампањите беа промовирани преференцијални каматни стапки за клиентите на платен список вработени кај селектирани институции и Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 29

корпоративни клиенти на банката, како и кредитирање без административен трошок за кредитните апликации во пакет со Кредитно животно осигурување. Ваквиот тип на поддршка на Кредитното животно осигурување како релативно нов производ на Охридска банка и пионерски производ на македонскиот пазар резултираше во масовно ширење на препознатливоста на производот и негово прифаќање од страна на потрошувачите; за што доказ се и растечките стапки на пенетрација на Кредитното животно осигурување кај постоечките и кај новоодобрените кредити за население; Продолжува соработката на Охридска банка со Агенцијата за вработување на Р.Македонија во проектот Самовработување. Во 2013 година ОБСГ зеде учество и во новиот проект за Самовработување на правни лица со кои се кредитираат новоотворените работни места на постоечките фирми. Учеството во овие проекти за банката претставува дополнителен извор на нови клиенти физички лица на платен список, со кои остварува долгогодишна соработка; Охридска банка исто така го продолжува своето учество во проектот Купи куќа купи стан. Согласно измените на условите кај овие кредити, остварена е зголемена реализација на кредитите од проектот Купи куќа купи стан; Успешно се продолжува и со кампањата на Western Union за лојални клиенти, преку која секој клиент зависно од бројт на остварени Western Union трансакција добива еден од палетата вредни подароци. На овој начин Охридска банка се стекнува со долгорочни лојални клиенти кои ги користат единствено услугите на ОБСГ за брз трасфер на пари; Во рамки на деловната мрежа во 2013 беа извршени следниве активности: Во јули 2013 е завршен проектот на дислокација на експозитурата Центар во Скопје на нова локација. Оваа експозитура претставува значајна инвестиција на Охридска банка од повеќе причини: таа е носечка експозитура за работа со население, нуди удобен сервис за клиентите на површина од 300м 2 во строгиот центар на главнот град, опремена е со граѓански сефови и ги има имплементирано нормативните стандарди на Социете Генерале од аспект на безбедност; Успешно е комплетирано и дислоцирањето на експозитурата во Штип во нова, помодерна експозитура која одговара на потребите на деловното окружување и нуди квалитетни и посовремени услови за работа; Во рамки на новата деловна зграда во Скопје функционира ново Продажно место Скопје Централа; Започна функционирањето на ВИП Експозитурата наменета за опслужување на клиенти кои ги исполнуваат претходно дефинираните критериуми. Експозитурата нуди можност за посветен пристап кон работата со клиентите, и понуда на високостручна и супериорна банкарска услуга наменета за ВИП клиентите; Во 2013 година беше отворена и новата експозитура во економско-индустриската развојна зона Бунарџик, со банкомат во рамки на експозитурата. Оваа експозитура која се наоѓа во центарот на индустриската зона Бунарџик, нуди конкурентска предност за освојување на нови клиенти на платен список вработени во компаниите кои делуваат во индустрискоразвојната зона; Поради оптимизација на деловната мрежа, при крајот на годината беше затворена Експозитурата Универзална Сала и банкоматот кој беше во рамки на оваа експозитура. Банкоматот ќе биде преместен на нова локација во непосредна близина на старото место на експозитурата. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 30

Кредитното портфолио кај кредитите за население е во постојан пораст. Во 2013 остварен е раст од 18% на кредитното портфолио на население, или раст од 15,29 милиони евра во споредба од претходната 2012 година. Движењето на кредитите за физички лица според вкупна изложеност и според тип на кредит се представени на следните графикони. Вкупниот број на издадени и активни картички исто така бележи тренд на пораст споредбено со 2012 година. Депозитите за физички лица пораснале за 1,5% во споредба со депозитите во 2012 година, или изразено во апсолутни износи, депозитната база за физички лица од крајот на 2012 година, кога изнесувале 118 милиони евра, пораснала на 131,5 милиони евра до крајот на 2013. Растот на депозитите пред се се должи на иновативните депозитни продукти кои се воведуваа од 2010 до денес, како и на силната репутација на Социете Генерале групацијата. Од аспект на рочноста значителен е растот на депозитите со подолг рок, особено на орочените депозити над 24 месеци.краткорочните и останатите видови на депозити бележат стагнација или благо опаѓање во споредба со 2012, додека орочените депозити во 2013 бележат значителен пораст од 14,18 милиони евра. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 31

Бројот на реализираните Western Union трансакции во 2013 е повисок споредено со 2012 година.во 2013 год. реализирани се вкупно 10.753 трансакции, споредено со 10.363 трансакции во 2012год. На следниот графикон е претставен вкупниот број и движењето на клиентската база на физички лица за периодот од декември 2011 до декември 2013 година. Падот на клиентската база во 2013 се должи на чистењето на клиентската база од неактивни сметки кое е извршено кон крајот на 2013. 5. УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ 5.1 Кредитен ризик Вкупната изложеност на Банката на кредитен ризик на 31.12.2013 година е 28.512 ммкд и е зголемена за 8,92% споредено со 31.12.2012 година кога вкупната изложеност на Банката била 26.175 ммкд. Вкупните издвоени резервации за кредитен ризик на 31.12.2013 година се во износ од 1,426 ммкд и за 21,36% се зголемени во споредба со издвоените резервации во 2012 година во износ од 1,175 ммкд. Вкупната изложеност на Банката кон финансискиот сектор изнесува 7.486 ммкд. Споредено со минатата година кога изложеноста била 7.412 ммкд, има зголемување од 0,99%. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 32

Вкупната кредитна изложеност на Банката кон нефинансискиот сектор на 31.12.2013 година е 21.026 ммкд и споредена со крајот на 2012 година кога изложеноста кон нефинансискиот сектор е 18.763 ммкд има зголемување од 12,06%. Изложеноста на корпоративни клиенти во 2013 година е 14.380 ммкд и е за 9,9% поголема во споредба со изложеноста од 13.085 ммкд кон корпоративни клиенти во 2012 година. Изложеноста кон индивидуални клиенти на 31.12.2013 година е 6.645 ммкд и за 17,05% е поголема во споредба со минатата година кога изложеноста изнесувала 5.677 ммкд. Од аспект на учеството на поединечните ризични категории, во 2013 година во вкупната изложеност на кредитен ризик на нефинансиски сектор А и Б учествуваат со 92% споредено со 2012 година кога нивното учество е 92,77%. Учеството на ризичните категории В, Г и Д на крај на 2013 година е 8% во споредба со минатата година кога учеството е 7,23%. Од вкупната изложеност на индивидуалните клиенти 5% се клиенти класифицирани во В, Г и Д ризична категорија.учеството на најдобрите ризични групи А и Б изнесува 95%.Кај корпоративните клиенти 9% се клиенти класифицирани во В, Г и Д ризична категорија. Учеството во најдобрите ризични групи А и Б е 91%. Десетте најголеми изложености на корпоративни клиенти претставуваат 25% од вкупната изложеност на корпоративните клиенти. Показателот резервации наспроти изложеност на нефинансиски сектор на 31.12.2013 година е 6,67% споредено со 31.12.2012 година кога учеството на резервациите во вкупната изложеност на кредитен ризик е 6,26%. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 33

Показател ОБСГ 31.12.2013 Банкарски сис 30.09 2013 Големи б-ки 30.09 2013 Средни б-ки 30.09 2013 Мали б-ки 30.09 2013 Вкупна изложеност на кредитен ризик (во ммкд) 28,512 380,557 267,693 97,71 15,154 (В, Г и Д) / Вкупна изложеност на кредитен ризик 6,70% 10,60% 11,80% 6,70% 14,10% Д / Вкупна изложеност на кредитен ризик 3,90% 5,00% 5,30% 3,50% 9,60% Пресметана исправка на вредност и посебна резерва / Вкупна изложеност на кредитен ризик Нефункционални кредити / Вкупни кредити ( кон нефинансиски субјекти) Покриеност на нефункц. кредити со исправката на вредност за нефун. кредити (нефинансиски субјекти) 5% 7,80% 8,50% 5,30% 10,70% 8,50% 11,80% 12,10% 9,40% 19,60% 74,20% 77,10% 78,70% 71,80% 75,10% На 31.12.2013 година, вкупната изложеност на кредитен ризик на Банката е 28.512 ммкд. Учеството на ризичните групи В, Г и Д во вкупната изложеност на кредитен ризик изнесува 6,7%, а само учеството на Д ризичната категорија во вкупната изложеност на кредитен ризик е 3,9%. Износот на издвоени резервации за кредитен ризик во вкупната изложеност на кредитен ризик учествува со 5%. Показателот за учество на нефункционалните кредити во вкупните кредити на нефинансискиот сектор на 31.12.2013 година изнесува 8,5% и има пораст споредено со вредноста на овој показател 7,2% на 31.12.2012 година. Показателот за покриеноста на вкупните нефункционални кредити со издвоените резервации за нефункционални кредити (нефинансиски субјекти) на Банката на 31.12.2013 година изнесува 74,2%. 5.2 Управување со актива и пасива (АЛМ) Управувањето со ликвидносен, валутен и ризик од промена на каматни стапки во портфолио на банкарски активности е составен дел на целокупниот систем на управување со ризици. Банката има воспоставено посебни Политики и процедури за управување со секој поединечен структурен ризик, во согласност со стратегијата на Банката за управување со ризици, локалната регулатива и прописи, како и групациските правила и норми. Интерните документи ги интегрираат сите важни компоненти на системот за управување со поединечен ризик: организациона структура, начин на оценување, следење и известување за ризикот, информациски систем, перманентна контрола и стрес тестирање. Соодветните Политики и процедури се предмет на редовно следење и усогласување со евентуалните промени. Правилата на Групата во однос на управувањето со ликвидносен и структурен ризик се дефинирани со Нормативната банка и Директивата 34 - Управување со структурни ризици: каматни стапки, девизен курс и ликвидност кои со финансиска консолидација на банката со СГ Групата се дел од правилата на работење на банката. Согласно пропишаните стандарди и правила, банката известуваше со дефинирана фреквенција до Централата во Париз со доставување на Групациските АЛМ извештаи. Во текот на 2013 година, структурните ризици беа редовно следени за што на редовна месечна основа беа информирани органите на Банката преку редовната месечна информација која претставува интегрирано известување за ликвидносниот, валутниот и ризикот од промена на каматни стапки во портфолио на банкарски активности. Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 34

Ликвидносен ризик Вкупната ликвидна актива на крај на 2013 не забележа промена во однос на претходната година. Во текот на годината поголем пораст ликвидните средства забележаа во периодот февруари- март 2013 што е поврзано со структурните промени во делот на корпоративнте депозити и пренос на околу 3 милијарди денари од орочени на трансакциски депозити заради овозможување на сервисирање на најавениот одлив во Април 2014, на што се должи и намалувањето на ликвидната актива во овој месец. По повторното зголемување на депозитите повторно забележан е раст на ликвидните средства со што на крајот на годината е задржано нивото од претходната година, но забележителни се промени во нивната структура односно во одделните компоненти. Промените се воглавно во насока на зголемување на благајничките записи а намалување на седумдневниот депозит како резултат на менаџирањето на ликвидните средства во рамки на зголемениот лимит за благајнички записи од октомври 2013 година овозможувајќи нивен попрофитабилен ангажман. Промените во пласираните средства во државни записи се должи на промените во валутната структура на билансот на состојба и усогласувањето со регулаторниот лимит за отворената девизна позиција. Задржувањето на ликвидната актива на исто ниво како и на крајот на претходната година во услови на значаен апсолутен пораст на вкупните извори на средства за околу 1 милијарда денари е индикатор за невоздржаноста на банакат за поддршка и кредитирање на реалниот сектор и истовремено задржување односно зголемување на профитабилноста за разлика од банакрскиот сектор каде согласно податоците од третиот квартал речиси половина од новите извори на средства банките ги пласирале во ликвидни финансиски инструменти забележувајќи повисока годишна стапка на раст на ликвидната актива од годишната стапка на раст на кредитите (на 30.09.2013 година 13,1% и 4,6% соодветно). Движењето на состојбата на ликвидните средства овозможи одржување на високо ниво на показателите за ликвидноста дефинирани со Политиката за управување со ликвидносен ризик со цел дефинирање на оптимална структура на активата и пасивата и следење на изворите на средства и нивото на концентрација. Во текот на 2013 година вредностите на ликвидносните индикатори беа во целост и постојано во согласност со интерно утврдените лимити. Ликвидната актива во текот на целата година го задржа учеството над 30% во вкупната актива, а како резултат на пласирањето на новите извори во нефинансискиот сектор, кредитите го зголемија своето учество во вкупната актива притоа задржувајќи го квалитетот на кредитното портфолио и учеството на А и Б ризичната категорија над 90%. Секунадарните извори на средства односно кредитните линии го зголемија своето учество во структурата на изворите на финансирање, а како резултат на движењето на депозитите, забележана е повисока покриеност на вкупните и краткорочните депозити со ликвидна актива. Во однос на структурното управување со ликвидносниот ризик, Банката ја следи на месечна основа договорната и очекуваната рочна структура на Билансот на состојба. Резидуалната договорна рочна структура ја зема предвид договорната рочност (преостанатиот период до Годишен Извештај за работењето на Банката за 2013 Page 35