ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Similar documents
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ГЛАВА I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Март Opinion research & Communications

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

Број јануари 2015, среда година LXXI

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Скопје, август 2017 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

Број ноември 2015, среда година LXXI

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ЗАКОН ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

2.1. Закон за енергетика и подзаконските акти Закон за енергетика Правилник за енергетски карактеристики на зградите

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 14 год. LXVII 7 февруари 2011, понеделник Цената на овој број е 190 денари. Стр.

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Системот на јавните набавки во Република Македонија

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број јули 2014, среда година LXX

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Структурно програмирање

С О Д Р Ж И Н А. Број 105 Год. LXVI Четврток, 5 август 2010 Цена на овој број е 220 денари. Стр.

Безбедност и здравје на работа

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број јули 2016, четврток година LXXII

ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ТЕОРЕТСКИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

март - јуни 2006 година

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО. I. Податоци за раководителот на предметната програма и предметните наставници

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Централна кооперативна банка АД Скопје

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

С О Д Р Ж И Н А. Број 73 Год. LXV Петок, 12 јуни 2009 Цена на овој број е 220 денари.

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

ЈУ Старски дом Сју Рајдер -Битола; - ЈУ Старски дом Киро Крстевски Платник -Прилеп;

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

social and adult aspects Abstract

Transcription:

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ Член 1 Во Законот за вештачење ( Службен весник на Република Македонија број 115/10 и 12/14), во членот 1 зборовите: како и други прашања кои се однесуваат на вештачењето се заменуваат со зборовите: надлежностите на Бирото за судски вештачења (во натамошниот текст: Бирото), организацијата и работењето, како и други прашања од значење за судските вештачења, супервештачења, процени и грижа за унапредување на работите на вештачењето. Член 2 По членот 43 се додава нова Глава IV и 14 нови члена 43-а, 43-б, 43-в, 43-г, 43-д, 43-ѓ, 43-е, 43-ж, 43-з, 43-ѕ, 43-и, 43-ј, 43-к и 43-л, кои гласат: IV. БИРО ЗА СУДСКИ ВЕШТАЧЕЊА Член 43-а (1) Бирото е орган на државна управа во состав на Министерството за правда, со својство на правно лице. (2) Бирото врши стручни работи од областа на вештачењата и супервештачењата за потребите на судовите и јавните обвинителства во Република Македонија, за потребите на државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва основани од државата, физичките и правните лица, како и за други субјекти за кои е потребно да се изврши вештачење. (3) Бирото за потребите на судовите и јавните обвинителства, државните органи, јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата, изготвува Програма за вештачење и процени. (4) Бирото ги врши и работите на процена согласно со закон. Член 43-б Вршењето на работите од својата надлежност, особено вршење на вештачења, супервештачења и процена, Бирото ги заснова врз научни и стручни методи со примена на методологија и сознанија според достигнувањата на науката и искуствата на практиката во соодветната област. Член 43-в Во делокругот на Бирото од областа на вештачењето спаѓа: - следење на научните, стручните и техничките достигнувања во областите во кои врши вештачења и процени, преземање мерки за усовршување на работата, методите на вештачењата и стручно усовршување на вработените и надворешните соработници, - запознавање на барателите на вештачењата со достигнувањата во определените области, заради нивно упатување во можностите за користење на вештачењата и процена, - преземање мерки за оспособување лица за вештачења и процени во рамките на Бирото, - предлагање мерки за унапредување на дејноста вештачење, - вршење советодавна стручна работа за подобрување на квалитетот во дејноста вештачење,

- учествување во спроведувањето на обуки за вештаци и проценители, со цел практично и теоретско усовршување на знаењата и вештините, - обезбедување на меѓународна помош во областа на вештачењата и соработка со меѓународни организации и здруженија и - вршење и на други работи утврдени со закон. Член 43-г Во вршењето на работите од својот делокруг и за определени работи од надлежност на Бирото кои бараат посебна стручност и за чие извршување се потребни соодветни стручни лица, опрема и уреди кои не ги поседува Бирото, Бирото може да склучи договор за соработка со друг орган на државната управа, државен орган, високообразовна установа, научна установа или стручна установа. Член 43-д (1) На Бирото за извршените вештачења, супервештачења и други услуги на барање на правни и физички лица, му следува награда и трошоци во согласност со законот кој ја уредува предметната област. (2) Наградата и трошоците за вештачење и супервештачење ги подмируваат барателите на услугата. (1) Со работата на Бирото раководи директор. Член 43-ѓ (2) Директорот го именува Владата на Република Македонија за период од четири години. (3) За именување на директор се објавува јавен оглас во три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. (4) За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: 1) е државјанин на Република Македонија; 2) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 4) има минимум пет години работно искуство; 5) поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English : First) - положен, - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и 6) има положено психолошки тест и тест за интегритет. (5) Функцијата директор е неспојлива со вршење други јавни функции или професии. Член 43-е

На директорот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е именуван: - заради смрт, - ако тоа сам го побара, - ако е утврдена трајна неспособност за работа и - ако ги исполнува условите за пензионирање. Член 43-ж Владата на Република Македонија го разрешува директорот на Бирото пред истекот на мандатот за кој е именуван: - ако со правосилна одлука му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност, - ако со правосилна судска одлука е осуден на казна затвор во траење од најмалку шест месеци и - поради нестручно, пристрасно и несовесно вршење на функцијата и надлежностите кои му се доверени. Член 43-з (1) Во Бирото вработените се групираат во групи и подгрупи согласно со Законот за вработените во јавниот сектор: - aдминистративни службеници и - помошно-технички лица. (2) Вработените Бирото имаат статус на административни службеници. (3) За вработените од ставот (2) на овој член категориите, нивоата и звањата се утврдуваат согласно со Законот за административните службеници. (4) Вработените од ставот (2) на овој член кои вршат вештачења и процени потребно е да ги исполнуваат и условите за вештаци и проценители предвидени со овој закон и Законот за процена. (5) За прашањата кои се однесуваат на класификацијата, евиденцијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособување, мерењето на учинокот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници во Бирото се применуваат одредбите од Законот за административните службеници. (6) Вработените во Бирото кои вршат помошно-технички работи, имаат статус на помошнотехнички персонал. (7) За прашањата кои се однесуваат на класификацијата, евиденцијата, вработувањето и други прашања во врска со работниот однос на помошно-техничкиот персонал во Бирото, се применуваат одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи. Член 43-ѕ (1) За вршење на работите од своја надлежност Бирото може да ангажира и надворешни соработници од соодветна област. (2) Надворешните соработници вештачењата и процените ги вршат во име и за сметка на Бирото за судски вештачења.

(3) Надворешните соработници на Бирото се должни да ги исполнуваат условите определени со закон. (4) Бирото за судски вештачења е должно да објави листи на надворешни соработници вештаци и проценители на својата веб страница. (5) Образецот за аплицирање за надворешен соработник (вештак или проценител), на предлог на Бирото го пропишува министерот за правда. Член 43-и (1) Вештачењата и процените по правило ги вршат вработените вештаци во Бирото за судски вештачења. (2) Надворешните соработници од членот 43-ѕ Бирото може да ги ангажира заради: - особено сложени случаи - ангажираност - за вештачењето, односно процената е потребно и учество на други вештаци, односно проценители со иста или друга специјалност, - по барање на надлежните органи и - други причини предвидени со актите на Бирото. Член 43-ј (1) За извршеното вештачење или процена или учество во вештачење, односно процена, надворешните соработници на Бирото имаат право на надоместок и награда. (2) При утврдување на наградата и надоместокот на надворешните соработници ќе се земат предвид критериумите сложеност, времетраење, обем и потребни ресурси за извршеното вештачење. (3) Уредбата за наградата и надоместокот на надворешните соработници на предлог на министерот за правда ја донесува Владата на Република Македонија. Член 43-к (1) Бирото за својата работа доставува Годишен извештај до Владата на Република Македонија. (2) Програмата за вештачења и процени на предлог на Бирото за судски вештачења ја донесува Владата на Република Македонија. Член 43-л (1) Средствата за финансирање на Бирото се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. (2) Бирото може да остварува сопствени приходи, приходи од донации и од други извори утврдени со закон. Член 3 Подзаконските акти предвидени во овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 4 Директорот на Бирото именуван до денот на започнувањето на примената на членот 2 од овој закон со кој се дополнува нов член 43-ѓ продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван. Член 5 Одредбите од членот 2 од овој закон со кој се дополнува нов член 43-з ќе започнат да се применуваат со отпочнувањето на примената на Законот за административните службеници ( Службен весник на Република Македонија број 27/14) и Законот за вработените во јавниот сектор ( Службен весник на Република Македонија број 27/14). Одредбите од членот 2 од овој закон со кој се дополнува нов член 43-ѓ ќе започнат да се применуваат по една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен одредбите кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик, кои ќе започнат да се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 6 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за основање и работа на Републичкиот завод за судски вештачења во областа на финансиите, материјалното работење и сообраќајот( Службен весник на СРМ број 9/77). Член 7 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.