АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ГРАВЕ СКОПЈЕ И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ ВО 2009 ГОДИНА С О Д Р Ж И Н А 1. ВОВЕДНИ ЗАБЕЛЕШКИ (НАПОМЕНИ) 2. ФИНАНСИСКА ПОЛОЖБА И ФИНАНСИСКА СТРУКТУРА 3. ФИЗИЧКИ ОБЕМ НА РАБОТЕЊЕТО 4. ПОДАТОЦИ ЗА ОСНОВНИОТ КАПИТАЛ 5. ПОКАЗАТЕЛИ НА ЕФИКАСНОСТА НА РАБОТЕЊЕТО 6. ЗАКЛУЧОК Скопје, фебруари 2010 Извршниот директор Марко Микиќ 1/10
ВОВЕДНИ ЗАБЕЛЕШКИ Акционерското друштво за осигурување Граве Скопје (во понатамошниот текст Друштво) со седиште на ул. "Железничка" бр.32/1/10 Скопје, по добиеното Решение за издавање дозвола за вршење работи на осигурување од Министерството за финансии бр. 11-18652/3 од 15.01.2007 година е запишано во Централниот регистар на РМ под деловоден број 30120070001886 од 19.02.2007 година. ЕМБС: 6192491 Единствен даночен број: 4030007623705 Друштвото е регистрирано за обавување на следните работи: Осигурување на живот, осигурување од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда), Основната главнина изнесува: а која на ден 31.12.2009 година изнесува 3.000.000,00 евра 183.998.795,00 денари Единствен акционер и сопственик е Акционерското друштво за осигурување Грацер Векселзајтиге од Грац со 100% учество во основачкиот капитал. Работите со платниот промет во 2009 година Друштвото ги обавуваше преку сметките кај следните банки: - Зираат банкаси - Комерцијална банка а.д. Скопје - Стопанска банка а.д. Скопје - Про Кредит банка - Уни банка - НЛБ Тутунска банка а.д. Скопје Средствата од капиталот се пласирани во вид на краткорочни и долгорочни денарски депозити, долгорочни девизни депозити и долгорочни депозити со евро клаузула а согласно законските прописи процентуално одделени во деловните банки. ФИНАНСИСКА ПОЛОЖБА И ФИНАНСИСКА СТРУКТУРА 2.1.Финансиски резултат Граве осигурување а.д. Скопје ја заврши деловната 2009 година со позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 7.540.918,00 денари. По одбивањето на данокот по годишна сметка во износ од 138.928,00 денари остварената добивка за финансиската година изнесува 7.401.990,00 денари. 2/10
На ден 31.12.2009 година износот на остварената добивка за финасиската година во целост се искажува како нераспределена добивка за тековната година. Позитивен бруто финансиски резултат според видови на осигурување изнесува : денари 2008 2009 осигурување на живот: 2.348.763,00 7.401.990,00 Основни показатели на финансиското работење на Граве осигурување а.д. Скопје на ниво на Друштвото во целина во 2009 година се следните: 2.1.1.Оперативен резултат: 2008 2009 Оперативни приходи: 112.418.409,00 152.027.671,00 Оперативни расходи: 29.205.279,00 71.650.713,00 Трошоци на спроведување на 85.296.576,00 81.895.700,00 осигурување: Оперативен резултат: -2.803.446,00-1.518.742,00 Структура на оперативните приходи Приходи од премија на осигурување - нето: Приходи од вложување на технички резерви Останати приходи: 110.433.281,00 144.753.812,00 1.985.128,00 7.273.859,00 Структура на оперативните расходи: Расходи за надомест на штети - нето: 2.632.076,00 1.970.657,00 Резервирања за штети нето: 1.863.618,00 2.232.002,00 Промена во останатите технички 24.709.585,00 67.448.054,00 резерви - нето: Трошоци за спроведување на 85.265.427,00 81.887.244,00 осигурување: Останати расходи: 31.149,00 8.456,00 Намалувањето на продукцијата за осигурување на живот во деловната 2009 година се одрази на висината на приходите по основ на премија на осигурување, но и на намалување на трошоците за споведување на осигурувањето. 2.1.2.Финансиски резултат 2008 2009 Финансиски приходи: 5.182.752,00 9.967.814,00 Финансиски расходи: 406.252,00 908.154,00 Финасиски резултат: 4.776.500,00 9.059.660,00 3/10
Структура на финансиските приходи Приходи од вложувања: 4.767.603,00 9.030.885,00 Позитивна курсна разлика 285.292,00 434.262,00 Останати приходи 129.857,00 502.667,00 Структура на финасиските расходи Негативни курсни разлики: 406.252,00 908.154,00 Останати расходи: ДОБИВКА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ 2.693.054,00 7.540.918,00 Данок по годишна сметка (10%) 344.291,00 138.928,00 ДОБИВКА ПО ОДАНОЧУВАЊЕ (ДОБИВКА ЗА ФИНАСИСКАТА ГОДИНА) 2.348.763,00 7.401.990,00 Приходите од вложувања се однесуваат на приходи од камати по основ на вложување на средствата од капиталот во депозити по деловните банки како и приходи од камати на депозити во видување. 2.2. Технички резерви 2.2.1. Резерви за преносни премии Заради покривање на обврските од договорите за осигурување што се пренесуваат во идниот пресметковен период, Друштвото формира резерви за преносни премии. Резервите за преносни премии се пресметуваат за секој договор поединечно, по принципот pro rata temporis, со точни временски разграничувања. Бруто резервите за преносни премии на 31.12.2009 година изнесуваат 76.676.997,00 денари, при што уделот во реосигурување е 4.175.664,00 денари, така што, резервите за преносни премии на крајот на 2009 година се во износ од 72.501.333,00 денари. 2.2.2. Резерви за штети Резервите за штети се состојат од: - Резерви за пријавени, а сèуште неликвидирани штети; и - Резерви за настанати, а непријавени штети. Резервите за пријавени, а сèуште неликвидирани штети се пресметуваат врз основа на поединечна проценка за секоја штета. Нивниот бруто износ на 31.12.2009 година е 5.749.629,00 денари. Резервите за настанати, а непријавени штети се пресметуваат според Правилникот за формирање на технички резерви на друштвото, при што во предвид се зема износот на ликвидираните штети, како и износот на резервираните пријавени, а сèуште неликвидирани штети. На 31.12.2009 година тие изнесуваат 793.835,00 денари. 4/10
Оттука, вкупниот износ на бруто резервите за штети на 31.12.2009 година е 6.543.464,00 денари, при што уделот во реосигурување е 1.953.368,00 денари, така што на крајот на 2009 година, резервите за штети изнесуваат 4.590.096,00 денари. 2.2.3. Математичка резерва Математичката резерва се пресметува со проспективна актуарска метода за секој договор за осигурување поединечно. Таа претставува разлика од сегашната вредност на проценетите идни обврски на Друштвото кои произлегуваат од договорите за осигурување и сегашната вредност на идните обврски на договорувачот на осигурувањето. Математичката резерва на 31.12.2009 година изнесува 88.367.929,00 денари. Резерви на сигурност Резервите на сигурност изнесуваат најмалку 1/3 од остварената добивка на друштвото и ќе биде формирана со одлука на Годишно собрание. Депозити и останати вложувања Средствата од основниот капитал во домашна валута (денари) се вложени во вид на краткорочни депозити во банки. Најголем дел од расположливите средства Друштвото го пласирало во краткорочни депозити кај деловните банки и државни обврзници и државни записи. Ликвидни средства Ликвидните средства Друштвото ги држи на трансакциони сметки отворени за уплата на премиите од осигурување во неколку деловни банки. Ликвидните средства на ден 31.12.2009 година изнесуваат: 23.024.131,50 денари ФИЗИЧКИ ОБЕМ НА РАБОТЕЊЕ Продукција склучени осигурувања во 2009 година Во текот на деловната 2009 година примени се 1.635 понуди за склучување на договори за осигурување на живот, од кои 988 со дополнително осигурување од последици на несреќен случај. Вкупната осигурена сума на продукцијата на осигурување на живот изнесува 19.928.569 евра. Портфолио на Друштвото на ден 31.12.2009 година Осигурителното портфолио на Друштвото се сосотои од следните договори за осигурување: 1. 4.489 договори за осигурување на живот за случај на смрт и доживување (мешовито осигурување со учество во добивка), 5/10
2. 0 договори за осигурување на живот за случај на смрт (ризико осигурување), 3. 8.257 дополнителни осигурувања на полисите на осигурување на живот. На ден 31.12.2009 година Друштвото имаше 4.489 активни полиси на осигурување на живот на кои се склучени 4.487 дополнителни осигурувања за случај на смрт поради незгода. Штети Заклучно со 31.12.2009 година Друштвото бележи расходи по основ надомесоци за штета од осигурување на живот и осигурување од последици на несреќен случај. Во текот на 2009 година исплатени се штети во следните износи: - Осигурување на живот: 1.346.621,00 денари - Дополнително осигурување за случај на смрт поради незгода: 0,00 денари Во резерва на пријавени штети: - За дополнително осигурување од последици на несреќен случај се наоѓаат 44 штети за кои е резервирано вкупно: 3.824.439 денари - За осигурување на живот се наоѓаат 3 штети со вкупно резервиран износ од: 1.925.190 денари ПОДАТОЦИ ЗА ОСНОВНИОТ КАПИТАЛ Друштвото во 2009 година спроведе регистрација на капиталот. Основниот капитал на ден 31.12.2009 година изнесува: односно: 183.998.795,00 денари 3.000.000,00 евра ПОКАЗАТЕЛИ НА РАБОТЕЊЕ Профитабилност Повратот на капитал претставува однос помеѓу бруто добивката од редовното работење и капиталот на друштвото, додека повратот на средства е показател на оперативната способност на друштвото да ги употреби средствата за остварување на профит. Бруто добивка 7.540.918 ROE = = = 3,87% Просечен капитал 195.050.239 Бруто добивка 7.540.918 ROА = = = 2,21% Просечна актива 341.636.652 6/10
Солвентност Суфицитот на капиталот над маргината на солвентност изнесува: Капитал Маргина 198.737.154 15.112.119 Solvency Ratio = = = 1.215,08% Маргина 15.112.119 Степенот на задолженост на друштвото е мал и отвора можност во иднина преку нови задолжувања да се зголеми вредноста на капиталот: Просек(Технички резерви+ Тековни обврски + Нетековни обврски) Debt / Equity Ratio = Просечен капитал 126.293.694 + 20.278.641 + 0 = = 0,75 195.050.239 Ликвидност Коефициентот на ликвидност ја покажува способноста на друштвото да ги подмири достасаните обврски: Current Ratio = Тековни средства 173.878.899 = Тековни обврски 16.034.206 = 10,84 ЗАКЛУЧОК Врз основа на искажаните податоци може да се заклучи дека деловната 2009 година беше успешна. Одржување на нивото на продукцијата, позитивниот развој на осигурителното портфолио и внимателната инвестициска политика со многу рационални трошоци на спроведување на осигурувањето придонесе за висината на искажаниот деловен резултат. Друштвото ќе ги вложи сите напори да со средствата кои му стојат на располагање и со своите вработени оваа тенденција на пораст на бројот на осигурувањата и успешно водена деловна политика да се продолжи и во наредната деловна година. Извршен директор Марко Микиќ 7/10
АКТИВА 2,07% 0,20% 30,72% 57,49% Материјални средства Вложувања Побарувања Останати средства АВР 9,52% ПАСИВА 4,15% 1,60% 42,81% 51,43% Капитал и резерви Технички резерви Останати обврски ПВР 8/10
Пресметани премии 200.000.000 150.000.000 100.000.000 нето бруто 50.000.000 0 2009 Исплатени штети 3.000.000 2.000.000 1.000.000 нето бруто 0 2009 9/10
денари 200.000.000 Пресметани бруто премии 2007 2009 Бруто премии по години 150.000.000 100.000.000 50.000.000 0 2007 2008 2009 денари 4.000.000 Бруто исплатени штети 2007 2009 Бруто штети по години 3.000.000 2.000.000 1.000.000 0 2007 2008 2009 10/10