ВИНАРСКА ВИЗБА ТИКВЕШ АД - СКОПЈЕ

Similar documents
ВИНАРСКА ВИЗБА ТИКВЕШ АД-СКОПЈЕ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Март Opinion research & Communications

ЗБИРЕН ПЕРИОДИЧЕН ДЕЛОВЕН ИЗВЕШТАЈ за 2009 година

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ПРЕКУ ИНТЕГРИРАНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ ДО ПОДОБРО ПАЗАРНО ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВИНО

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Коисмение.Штозначиме.

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

П Р О С П Е К Т. Акционерско друштво фабрика за чоколади, вафли и бомбони АД ЕВРОПА- Скопје ул.808 бр.8 Скопје

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

РАФОМЕТРИКС. Страна 1 Г О Д И Н А 2, Б Р О Ј 3 ФОКУС

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Структурно програмирање

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

PRESS CLIPING (May 4 th, 10)

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

We re. вработување. и кариера. Понуда за соработка

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ПРОИЗВОД ВО ФАЗАТА НА ВОВЕДУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС. Тамара Јованов Марјанова, Љупче Давчев, Ристе Темјановски

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПР објави во медиуми

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

T-Mobile. Годишен извештај 2006

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

УЛОГАТА НА Е-МАРКЕТИНГОТ ВО УСЛОВИ НА ПРОМЕНЕТА ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Е - МАПАС бр. 10. јули 2014 година. Следете не и на: MAPAS.MK РАБОТЕЊЕТО НА МАПАС ВО 2013 ГОДИНА

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Мобилност МК Mobility MK

Стратегија за промоција на извозот и препораки зa реорганизирање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот -Инвест Македонија

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

ГОДИНА НА РЕКОРДИ YEAR OF RECORDS

Преглед на државите во Западна Африка

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

Годишен извештај 2016

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Ценовник за закуп на огласен простор. 1

АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ ОД ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ВО ГРЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

Годишен Извештај. за работењето на Охридска Банка АД Скопје во 2013 год

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Економски Факултет - Прилеп МАГИСТЕРСКИ ТРУД

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЛИЧНА И ПРОИЗВОДНА ПОТРОШУВАЧКА

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

ГЛОБАЛНАТА ФИНАНСИСКА КРИЗА И ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ ОДГОВОР НА КРИЗАТА

E-ИНФО 22 АКТИВНОСТИ НА ПАКОМАК ВО ПЕРИОДОТ ОД АПРИЛ ДО ЈУНИ 2017 ГОДИНА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Грозда Костадинова

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ ВО 2009 ГОДИНА

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД СКОПЈЕ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

1. Извештај на независните ревизори Финансиски извештаи Белешки кон финансиските извештаи 31 декември

E-ИНФО 17 АКТИВНОСТИ НА ПАКОМАК ВО ПЕРИОДОТ ОД ЈАНУАРИ ДО МАРТ 2016

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА РАДИОДИФУЗНАТА ДЕЈНОСТ ЗА 2012 ГОДИНА

ЗАПИСНИК ДЕВЕТО СОБРАНИЕ СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА

Transcription:

АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ПРЕРАБОТКА НА ВИНО ВИНАРСКА ВИЗБА ТИКВЕШ АД - СКОПЈЕ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ април 2014 година 22

СОДРЖИНА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ... 3 ПАЗАРНО ОКРУЖУВАЊЕ... 6 КОМЕРЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ... 7 МАКЕДОНИЈА... 10 СРБИЈА... 12 БОСНА... 13 ХРВАТСКА... 14 КОСОВО... 15 ЦРНА ГОРА... 16 МЕЃУНАРОДНИ ПАЗАРИ... 17 МАРКЕТИНШКИ АКТИВНОСТИ... 18 НОВИТЕТИ ВО ПОРТФОЛИО - РЕБРЕНДИРАЊЕ НА Т ГА ЗА ЈУГ... 18 НОВИ ПАЗАРИ... 19 ПРОДАЖНИ ПРОМОЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА... 19 ПРОДАЖНИ ПРОМОЦИИ ВО СРБИЈА... 20 ВИНСКА ЕДУКАЦИЈА... 21 НАСТАНИ И СЛУЧУВАЊА - МАКЕДОНИЈА... 22 НАСТАНИ И СЛУЧУВАЊА - СРБИЈА И РЕГИОНОТ... 26 МАРКЕТИНШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО 2013 ГОДИНА... 28 СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ И ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА... 28 ПР ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ... 29 НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА... 30 ПРОИЗВОДСТВЕНИ АКТИВНОСТИ... 32 БЕРБА 2013... 35 РАЗВОЈНИ ПЕРСПЕКТИВИ... 37 ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ... 38 БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА 2013 ГОДИНА... 38 БИЛАНС НА СОСТОЈБА НА ДЕН 31 ДЕКЕМВРИ 2013 ГОДИНА... 40 ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ЗА 2013 ГОДИНА... 41 ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИ ВО ГЛАВНИНАТА ЗА 2013 ГОДИНА... 43 ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ... 44 ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСАКЦИИ СО ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ... 46 ИЗВЕШТАЈ НА НЕЗАВИСНИОТ РЕВИЗОР... 48 22

Органи на управување ВВ Тиквеш има двостепен систем на управување - Управен одбор (УО) и Надзорен одбор (НО). Органи на управување и раководење на Друштвото се: Собранието на Друштвото, НО и УО. УО, согласно со Законот за трговски друштва на РМ (ЗТД) и Статутот на ВВ Тиквеш, го има во надлежност менаџирањето на компанијата како и носењето одлуки што се од суштинско значење за нејзиното работење. НО е орган што врши надзор врз управувањето со Друштвото што го врши УО. Во текот на 2013 година УО одржа 12 седници, на кои беа водени низа дискусии и беа донесени бројни одлуки и заклучоци за работењето на компанијата. Беа дискутирани финансиските резултати од работењето во 2012 година и во континуитет се следеше ликвидноста на компанијата. Исто така, УО го одобри концептот и основите на бизниспланот за 2014 година. Од страна на УО беа прифатени односно одобрени: - Годишната сметка и резултатите од работењето на ВВ Тиквеш за 2012 година; - Извештајот од контролата на годишната сметка од Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје за 2012 година; - Извештајот за остварените резултати од работењето на ВВ Тиквеш во 2012 година; - Одлуката за распределба на остварената добивка од работењето на ВВ Тиквеш за 2012 година; - Извештајот за работата на членовите на УО на ВВ Тиквеш за 2012 година. Сите овие одлуки и извештаи беа доставени на одобрување до НО и до Собранието на акционери. Во текот на 2013 година, НО одржа 4 седници. Дополнително, членовите на НО беа присутни и на седниците на УО и активно учествуваа во дискусиите, давајќи свои мислења, препораки и сл. На седниците, членовите на НО го разгледуваa генералното работење на компанијата, финансиските резултати како и низа поважни прашања што според Статутот на ВВ Тиквеш и ЗТД се во надлежност на НО. Во текот на 2013 година, покрај низата теми што беа разгледувани, беше дадена согласност за основите на деловниот план за 2014 година, со што беа предочени целите и насоките за дејствување на менаџерскиот тим. Од страна на НО беа разгледани и усвоени: - Годишната сметка и резултатите од работењето на ВВ Тиквеш за 2012 година; - Извештајот од контролата на годишната сметка од Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје за 2012 година; - Извештајот за остварените резултати од работењето на ВВ Тиквеш во 2012 година; - Одлуката за распределба на остварената добивка од работењето на ВВ Тиквеш за 2012 година; - Извештаи за работата на членовите на УО и на НО на ВВ Тиквеш за 2012 година. 3 of 49

Членовите на УО и на НО се со долгогодишно искуство на извршни функции што придонесува за избалансирани, сигурни и квалитетни бизнис-одлуки во однос на управувањето на компанијата. Донесените одлуки и насоки за работењето на компанијата се базираат на професионални и етички норми во духот на одговорното корпоративно управување. Управниот одбор на ВВ Тиквеш брои вкупно седум члена. Тројца од нив се поранешни директори на Пивара АД Скопје. Своето долгогодишно искуство на извршни позиции го пренесуваат во носењето на клучните деловни политики во раководењето со ВВ Тиквеш. *Табела бр.1 - Членови на Управниот одбор на ВВ Тиквеш АД Скопје Име Презиме Пол Возраст (години) Место на раѓање Датум на раѓање Државјанство Занимање Моментална функција Член на УО на Хонорар/ ВВ Тиквеш од плата Позиции во други одбори Светозар Јаневски машки 66 Велес 19.07.1947 Македонско Технолог Претседател на УО на ВВ Тиквеш" АД Скопје 01.11.2003 нема Мате Настески машки 66 Крушево 10.02.1948 Македонско Агроном Член на УО на ВВ Тиквеш" АД Скопје 01.11.2003 нема Член на Одбор на директори на АД Охрид Турист" Снежана Славкова женски 62 Скопје 24.12.1951 Македонско Технолог Член на УО на ВВ Тиквеш" АД Скопје 01.11.2003 нема Игор Илиевски машки 37 Скопје 03.09.1976 Македонско Економист Јордан Настов машки 54 Кавадарци 11.01.1960 Македонско Економист Член на УО и Генерален директор на ВВ Тиквеш" АД Скопје Член на УО и Менаџер за корпоративни и регулаторни работи на ВВ Тиквеш" АД Скопје 25.10.2011 нема 01.11.2003 нема Член на НО на Пакомак" ДОО Скопје Ангеле Чолески машки 59 Охрид 14.11.1954 Македонско Архитект Член на УО на ВВ Тиквеш" АД Скопје 15.04.2009 нема Љупчо Крстевски машки 57 Скопје 01.01.1957 Македонско Машински инженер Член на УО на ВВ Тиквеш" АД Скопје и проект-менаџер во Агрометал Производство" ДОО 01.11.2003 нема 4 of 49

Во Надзорниот одбор на ВВ Тиквеш има вкупно 5 члена. Име Презиме Пол Возраст (години) Место на раѓање Датум на раѓање Државјанство Занимање Моментална функција Ратко Чадиковски машки 67 Скопје 15.01.1947 Македонско Економист Светлана Пендаровска женски 64 Скопје 08.01.1950 Македонско Економист Братољуб Рајичковиќ машки 81 Берово 20.11.1932 Македонско Правник Тихомир Атанасовски машки 61 Скопје 01.04.1953 Македонско Електроинжинер Ѓорѓи Петрушев машки 44 Скопје 04.12.1969 Македонско Економист Претседател на НО на ВВ Тиквеш АД Скопје Член на НО на ВВ Тиквеш АД Скопје Член на НО на ВВ Тиквеш АД Скопје Член на НО на ВВ Тиквеш АД Скопје и советник во Пивара Скопје АД Член на НО на ВВ Тиквеш АД Скопје и управител на М-6 Инвестиции Член на НО на ВВ Тиквеш од: Хонорар/ плата 01.11.2003 нема 01.11.2003 нема 06.05.2005 нема 01.11.2003 нема 31.07.2012 нема *Табела бр.2 - Членови на Надзорен одбор на ВВ Тиквеш АД Скопје Позиции во други одбори Член на НО на Охридска банка АД Охрид и член на Одбор на директори на АД Охрид Турист Член на Одбор на директори на Инвест брокер АД Скопје Член на УО на Стопанска комора на РМ и член на Одбор на директори на АД Охрид Турист Траењето на мандатот на членовите на Управниот и на Надзорниот одбор на ВВ Тиквеш изнесува 4 години. Структурата на основната главнина на ВВ Тиквеш е следна: Обични акции со право на глас: 270,450 во вредност од 13,828,108.5 ЕУР. Номиналната вредност на една акција изнесува 51,13 ЕУР. Обичните акции им даваат на акционерите право на: глас во Собранието на Друштвото, исплата на дел од добивката (дивиденда) и исплата на дел од остатокот од ликвидационата маса, односно стечајната маса на Друштвото. Акционери со учество над 5% во основната главнина на ВВ Тиквеш се: M-6 Светлана и останати со 216,589 акции и 80.08% учество во основната главнина. Во табелата подолу се прикажани другите акционери, кои се членови на УО и на НО на ВВ Тиквеш. Акционер Број на акции Учество во основната главнина Тихомир Атанасовски 4,643 1.71% Ангеле Чолески 2,967 1.09% Љупчо Крстевски 2,545 0.94% Јордан Настов 7 0.002% *Табела бр.3 Договори за наградувања на членовите на одборите и на лицата со посебни одговорности и овластувања не постојат, односно не беа извршени наградувања во 2013 година. ВВ Тиквеш има трансакции со М-6 Светлана и останати и тие се дел од тековното управување со Друштвото. ВВ Тиквеш нема распределено дивиденда во 2013 година. 5 of 49

Пазарно окружување Економските индикатори и показатели во 2013 година беа на поизразено позитивно ниво споредено со 2012 година, што беше резултат на поголемата активност и стимулација во домашната економија. Македонија заедно со Србија, беа меѓу првите десет земји во Европа во поглед на порастот на БДП. Бруто-домашниот производ во 2013 година забележа пораст од 2,8 pp. Реалната стапка на раст во индустријата исто така забележa пораст од 2,1 pp. Стапката на инфлација забележа мало намалување и изнесуваше 2,8%. Физичкиот обем на извозот забележа годишен пад од 13% и вредносен раст од 3,2%. Крајниот ефект беше намалување на трговскиот дефицит за 9,8% во споредба со 2012 година. Вкупните приходи и расходи забележаа пораст, соодветно за 1,6%, односно 2,4%. Во декември 2013 година, индустриското производство оствари пораст од 9,5%. Во индустриското производство секторот преработувачка индустрија забележа најголем пораст на производството - од 13,1%. Во рамките на преработувачката индустрија, пак, гранката производство на пијалаци забележа пораст од дури 51,6%. Стапката на невработеност во 2013 година изнесуваше 29%, што претставува намалување за 2 pp во споредба со 2012 година. (1) Порастот на БДП во Србија во 2013 година изнесуваше 2,5%. Невработеноста забележа пад од 3,9 pp. Во споредба со 2012 година, забележано е благо зголемување на просечната плата, која изнесувала 388 ЕУР. (2) (1) Министерство за финансии на РМ (2) Народна банка на Србија 6 of 49

Комерцијални резултати *Табела бр.4 - Преглед на волуменска и вредносна реализација за сите пазари вкупно Нето варијации % Продажба (HL) 2013 План 2013 2012 2013/план 2013/2012 2013/план 2013/2012 ВИНО 77,822 88,337 87,843-10,515-10,021-12% -11% РАКИЈА 6,927 7,082 6,861-155 66-2% 1% ВКУПНО ФЛАШИРАНО 84,749 95,419 94,703-10,670-9,955-11% -11% НАЛИВНО ВИНО 8,042 10,155 38,512-2,113-30,469-21% -79% ДЕСТИЛАТ (100%) 2,800 2,782 2,529 18 272 1% 11% ОСТАНАТО 68 46 63 23 6 50% 9% ВКУПНО НАЛИВНО 10,911 12,983 41,103-2,073-30,192-16% -73% ВКУПНО ТИКВЕШ 95,660 108,402 135,806-12,743-40,147-12% -30% БРУТО-ПРИХОДИ (мкд) 2013 План 2013 2012 2013/план 2013/2012 2013/план 2013/2012 ВИНО 861,998,202 981,005,243 916,377,902-119,007,041-54,379,700-12% -6% РАКИЈА 157,134,461 152,547,505 136,752,729 4,586,956 20,381,732 3% 15% ВКУПНО ФЛАШИРАНО 1,019,132,663 1,133,552,748 1,053,130,631-114,420,085-33,997,968-10% -3% НАЛИВНО ВИНО 18,739,886 22,356,265 87,300,596-3,616,380-68,560,710-16% -79% ДЕСТИЛАТ (100%) 41,708,254 41,323,156 35,161,873 385,098 6,546,380 1% 19% ОСТАНАТО 1,297,838 880,057 1,372,161 417,781-74,323 47% -5% ВКУПНО НАЛИВНО 61,745,977 64,559,478 123,834,630-2,813,501-62,088,652-4% -50% ВКУПНО ТИКВЕШ 1,080,878,640 1,198,112,226 1,176,965,260-117,233,586-96,086,620-10% -8% 0-1 3 РАБАТИ (мкд) Нето варијации % 2013 План 2013 2012 2013/план 2013/2012 2013/план 2013/2012 ВИНО 49,672,099 62,882,856 63,491,555-13,210,756-13,819,456-21% -22% РАКИЈА 30,519,535 15,409,058 15,635,663 15,110,477 14,883,872 98% 95% ВКУПНО ФЛАШИРАНО 80,191,634 78,291,913 79,127,218 1,899,721 1,064,416 2% 1% НАЛИВНО ВИНО 754,819-754,819 0-100% #DIV/0! ДЕСТИЛАТ (100%) 0 0 #DIV/0! #DIV/0! ОСТАНАТО 10,394-10,394 0-100% #DIV/0! ВКУПНО НАЛИВНО 0 765,213 0-765,213 0-100% ВКУПНО ТИКВЕШ 80,191,634 79,057,126 79,127,218 1,134,508 1,064,416 1% 1% 0 1 0 Нето варијации % НЕТО-ПРИХОДИ Нето варијации % (мкд) 2013 План 2013 2012 2013/план 2013/2012 2013/план 2013/2012 ВИНО 812,326,102 918,122,387 852,886,347-105,796,285-40,560,244-12% -5% РАКИЈА 126,614,926 137,138,447 121,117,066-10,523,521 5,497,860-8% 5% ВКУПНО ФЛАШИРАНО 938,941,028 1,055,260,834 974,003,413-116,319,806-35,062,384-11% -4% НАЛИВНО ВИНО 18,739,886 21,601,446 87,300,596-2,861,561-68,560,710-13% -79% ДЕСТИЛАТ (100%) 41,708,254 41,323,156 35,161,873 385,098 6,546,380 1% 19% ОСТАНАТО 1,297,838 869,663 1,372,161 428,175-74,323 49% -5% ВКУПНО НАЛИВНО 61,745,977 63,794,265 123,834,630-2,048,288-62,088,652-3% -50% ВКУПНО ТИКВЕШ 1,000,687,006 1,119,055,099 1,097,838,042-118,368,093-97,151,037-11% -9% Вкупната волуменска продажба на ВВ Тиквеш во 2013 година достигна 95,660 HL. Во оваа вредност флашираното вино учествуваше со 81%, наливното вино со 8%, ракијата со 7% и винскиот дестилат со 3%. Вкупниот вредносен ефект од реализацијата изнесуваше 1,081 мил. денари. 7 of 49

Од вкупно 95,660 HL реализирана продажба во 2013 година, 45% отпаѓа на продажба реализирана на домашниот пазар, а 55% на извозните пазари. Од вкупно 1,081 мил. денари генерирани бруто-приходи во 2013 година, 56% отпаѓа на продажба реализирана на домашниот пазар, а 44% на извозните пазари. Во 2012 година, процентуалното учество на вкупните бруто-приходи од домашниот и од извозните пазари било на исто ниво, односно по 50%. Учеството на бруто-приходите генерирани од домашниот пазар во 2013 година забележало пораст од 6 pp. Генерираната продажба се класифицира под 4 сектори. Сектор 1 ја вклучува вкупната продажба од домашниот пазар. Сектор 2 ја вклучува вкупната продажба на пазарот во Србија. Сектор 3 ги вклучува регионалните пазари: Босна, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија. Сектор 4 ги вклучува меѓународните пазари како Германија, Данска, Америка, Кина, Русија, Франција, Белгија, Австралија и други. Распределбата на вкупната волуменска и вредносна продажна реализација по сектори е прикажана во следната табела. 2013 2012 2013/2012 Бруто-приходи Бруто-приходи HL HL HL мкд (мкд) (мкд) Сектор 1 42,659 604,607,700 43,251 584,928,306-1% 3% Сектор 2 31,700 268,659,429 42,473 354,715,863-25% -24% Сектор 3 8,295 91,572,379 8,284 97,817,974 0% -6% Сектор 4 13,006 116,040,132 41,798 139,503,117-69% -17% Вкупно 95,660 1,080,879,640 135,806 1,176,965,260-30% -8% *Табела бр.5 8 of 49

Во 2013 година е остварен пад во продажбата во сектор 4 од 28,800 HL, што е резултат на помалата продажба на наливно вино и поголемата продажба на флаширано вино. 50,000 45,000 40,000 35,000 30,000 25,000 20,000 15,000 10,000 5,000 0 *Табела бр.6 Волуменска реализација (HL) Сектор 1 Сектор 2 Сектор 3 Сектор 4 2013 2012 700,000,000 600,000,000 Бруто-приходи (мкд) 500,000,000 400,000,000 300,000,000 2013 2012 200,000,000 100,000,000 0 *Табела бр.7 Сектор 1 Сектор 2 Сектор 3 Сектор 4 Меѓународните пазари се од особено значење за волуменскиот и вредносниот раст во продажбата, а со сè поинтензивниот продажен фокус на флашираниот сегмент во иднина, сигурно ќе придонесат за поуспешни резултати. Во вкупното продадено флаширано вино во 2013 година, лидер во производите на ВВ Тиквеш е виното Смедеревка 1л со 36% учество во литри и 25% учество во вредност. Учеството на виното Т га за Jуг 0,75л изнесува 5% во волумен и 9% во вредност во вкупно флаширано вино. Високо-квалитетниот сегмент и тероар вината заедно учествуваат со вкупно 4% во волумен и 14% во вредност во вкупно флаширано вино. 9 of 49

Македонија *Табела бр.8 - Преглед на волуменска и вредносна реализација во Македонија (HL) MKD '000 2013 2012 13/12 % 2013 2012 13/12 % ТРАДИЦИОНАЛНИ 21,318 23,432-2,114.5-9% 153,280 163,814-10,534-6% КЛАСИК 12,909 10,674 2,235.0 21% 225,024 210,253 14,771 7% ПРЕМИУМ 1,742 1,556 186.1 12% 63,927 56,373 7,555 13% ТЕРОАР 119 150-30.8-21% 11,468 10,724 745 7% ФЛАШИРАНО ВИНО 36,090 35,819 271.4 1% 453,846 441,608 12,238 3% ФЛАШИРАНА РАКИЈА 6,500 6,323 177.0 3% 149,464 127,813 21,651 17% ФЛАШИРАНО ВИНО И РАКИЈА 42,591 42,142 448.4 1% 603,310 569,421 33,889 6.0% ОСТАНАТО 68 63 5.6 9% 1,298 1,372-74 -5% ВИНО, РАКИЈА И ОСТАНАТО 42,659 42,205 454.1 1% 604,607 570,793 33,815 5.9% НАЛИВНО ВИНО 3-3.0 20-20 ДЕСТИЛАТ 1,043-1,043.0-100% 14,115-14,115-100% ВКУПНО НАЛИВНО 0 1,046-1,046.0 0 14,135-14,135-100% СЕ ВКУПНО 42,659 43,251-591.9-1% 604,607 584,928 19,680 3.4% Пазарот во Македонија за ВВ Тиквеш е од клучно значење имајќи го предвид волуменскиот и вредносниот ефект како и профитабилноста што ја носи за компанијата. Тој учествува со 46% во вкупната волуменска продажба на флаширано вино и со 53% во вкупните приходи генерирани од продадено флаширано вино. Волуменската реализација на флаширан производ во 2013 година е зголемена за 1% во споредба со 2012 година, додека вредносното зголемување изнесува 6%, што е резултат на подобрената структура во продажното портфолио. Во волуменската структура од продажбата на домашниот пазар најголем дел зазема традиционалниот сегмент со 50%, класик сегментот со 30%, врвниот сегмент со 4,5% и сегментот на ракија со 15,5%. Во вредносната структура со најголем дел учествува класик сегментот со 37%, традиционалниот сегмент со 25%, ракијата со 25% и врвниот сегмент со 13%. Најголемиот вредносен раст (17%) доаѓа од сегментот на ракија, каде што и покрај покачувањето на цените во текот на 2013 година, волуменот порасна за 3%. Пазарот на вино и натаму останува фрагментиран со голем број винарници, од кои само десетина се присутни во повеќето продажни објекти. И покрај бројната конкуренција, ВВ Тиквеш и натаму ја одржува цврстата лидерска позиција на домашниот пазар на вино, особено во каналот угостителство. Од аспект на волуменската реализација, трговијата учествува со 63%, а угостителството со 37%. Потканалот К/А (клучни купувачи) на каналот трговија учествува со 16% во вкупната волуменска реализација. 10 of 49

По промената во 2012 година и преземањето на дистрибуцијата од страна на ВВ Тиквеш (притоа не користејќи ги постојните дистрибутери), во 2013 година се продолжи со истиот начин на дистрибуција и комуникација со К/А. Во овој канал на продажба, особено во четвртиот квартал од годината, беше поинтензивно присуството на промо-тимови на продажните места, со што се реализираа голем број промоции. Ова резултираше со зголемување на пазарното учество за 5%. Во однос на дистрибутивната мрежа, во текот на 2013 година се продолжи со промените што се иницираа во 2012 година во однос на намалување на бројот на дистрибутерите и нивна промена, односно зголемување на реоните на едните за сметка на другите. Бројот на дистрибутери што во 2011 година изнесуваше 16, со промените во 2012 година се сведе на 14, а во 2013 година беше дополнително намален на 13. Поради проблеми со дистрибуцијата во реонот на Струмица, дистрибутерот од Штип го презеде поголемиот дел од реонот што ги опфаќа Струмица и Радовиш, а дистрибутерот од Кавадарци го презеде делот на Дојран, Богданци и Валандово. За подобро следење и побрзо и посоодветно да се одговори на потребите на пазарот, во 2013 година беше воведен ЦРМ (customer relationship management) систем, кој со редовна системска синхронизација со сите дистрибутери овозможува следење на продажбата до крајните купувачи. 11 of 49

Србија *Табела бр.9 - Преглед на волуменска и вредносна реализација во Србија (HL) MKD '000 2013 2012 13/12 % 2013 2012 13/12 % ТРАДИЦИОНАЛНИ 25,951 33,308-7,356.4-22% 183,899 226,380-42,481-19% КЛАСИК 5,342 8,376-3,034.5-36% 72,956 105,606-32,650-31% ПРЕМИУМ 362 678-315.2-47% 9,732 18,192-8,459-47% ТЕРОАР 25 72-47.2-66% 1,727 3,889-2,162-56% ФЛАШИРАНО ВИНО 31,680 42,433-10,753.3-25% 268,314 354,066-85,752-24% ФЛАШИРАНА РАКИЈА 20 40-20.0-50% 345 649-304 -47% ФЛАШИРАНО ВИНО И РАКИЈА 31,700 42,473-10,773.3-25% 268,659 354,716-86,056-24.3% Во 2013 година продажбата во Србија се намали за 25% во волумен и 24,3% во вредност. 12 of 49

Босна Покрај двата примарни пазари, Македонија и Србија, ВВ Тиквеш перманентно се развива и на пазарите во Босна, Хрватска, Косово и во Црна Гора. *Табела бр.10 - Преглед на волуменска и вредносна реализација во Босна S3 (HL) MKD '000 2013 2012 13/12 % 2013 2012 13/12 % ТРАДИЦИОНАЛНИ 3,206 3,420-213.6-6% 23,779 26,382-2,603-10% КЛАСИК 1,918 1,629 289.0 18% 22,741 27,232-4,491-16% ПРЕМИУМ 76 69 6.1 9% 2,223 2,738-514 -19% ТЕРОАР 5 4.5 370 370 ФЛАШИРАНО ВИНО 5,204 5,118 86.0 2% 49,113 56,352-7,238-13% ФЛАШИРАНА РАКИЈА 0 0 0.0 0 0 0 ФЛАШИРАНО ВИНО И РАКИЈА 5,204 5,118 86.0 2% 49,113 56,352-7,238-12.8% На пазарот во Босна во текот на 2013 година беа остварени голем број активности, кои резултираа со волуменски пораст на продажбата од 2%. Порастот се должи на зголемената продажба на вина во класик и во премиум сегментот. Во текот на 2013 година беа остварени 100 промоции со дегустации во маркети и 60 ноќни промоции на територијата на цела Босна. Постигната е пенетрација во повеќе од 500 HORECA објекти. При крајот на 2013 година беа започнати преговори за нов дистрибутер во Федерацијата. 13 of 49

Хрватска *Табела бр.11 - Преглед на волуменска и вредносна реализација во Хрватска S3 (HL) MKD '000 2013 2012 13/12 % 2013 2012 13/12 % ТРАДИЦИОНАЛНИ 163 242-78.7-33% 1,236 1,709-472 -28% КЛАСИК 1,498 1,405 93.7 7% 17,952 17,010 942 6% ПРЕМИУМ 0 70-69.8-100% 0 1,701-1,701-100% ТЕРОАР 9 9.0 738 738 ФЛАШИРАНО ВИНО 1,671 1,716-45.8-3% 19,927 20,419-493 -2% Во Хрватска се продолжи со соработката со дистрибутерот Орбико во правец на креирање силно портфолио за настап во каналот трговија (супермаркети) и следствено даде резултат исклучиво во тој канал. Беа направени обиди за пенетрација во HORECA, но не со некои позначајни резултати. 14 of 49

Косово *Табела бр.12 - Преглед на волуменска и вредносна реализација во Косово S3 (HL) MKD '000 2013 2012 13/12 % 2013 2012 13/12 % ТРАДИЦИОНАЛНИ 233 240-7.4-3% 1,558 1,757-199 -11% КЛАСИК 388 151 236.9 156% 5,453 3,388 2,065 61% ПРЕМИУМ 94 61 32.8 54% 2,911 2,162 748 35% ТЕРОАР 10 4 5.9 144% 814 246 568 231% ФЛАШИРАНО ВИНО 724 456 268.2 59% 10,736 7,553 3,182 42% ФЛАШИРАНА РАКИЈА 100 101-0.9-1% 1,816 1,839-24 -1% ФЛАШИРАНО ВИНО И РАКИЈА 824 557 267.2 48% 12,551 9,393 3,158 33.6% Во Косово се разви и се подигна на повисоко ниво соработката со дистрибутерот Agro Тrade, со што се оствари зголемување на волуменската реализација во делот на флаширан производ од 48% и вредносната реализација за 34%. Во 2013 година, во Косово беше зголемена нумеричката дистрибуција во Приштина, Призрен и во Гњилане и беше зголемено портфолиото во премиум сегментот. Се постигна влез во 300 нови HORECA објекти и следствено се организираше винска едукативна и сомелиерска академија за претставниците на клучните објекти од HORECA каналот. Воедно, се организираше и посета на винарницата од клучни купувачи што значително помогна во промената на свеста и перцепцијата за ВВ Тиквеш како најиновативна винарница во регионот. 15 of 49

Црна Гора *Табела бр.13 - Преглед на волуменска и вредносна реализација во Црна Гора S3 (HL) MKD '000 2013 2012 13/12 % 2013 2012 13/12 % ТРАДИЦИОНАЛНИ 173 277-104.4-38% 1,054 1,602-548 -34% КЛАСИК 100 136-36.1-27% 1,682 1,671 11 1% ПРЕМИУМ 24 49-25.0-51% 713 1,346-633 -47% ТЕРОАР 5 2 3.6 200% 329 96 233 244% ФЛАШИРАНО ВИНО 301 463-161.9-35% 3,779 4,715-936 -20% Во 2013 година од продажбата во Црна Гора се реализираа 301 HL флаширан производ со 3,8 мил. денари промет. Се промени дистрибутерот и се постави план на продажба поткрепен со сет активности за брза пенетрација во сите канали на продажба. 16 of 49

Меѓународни пазари Покрај регионалните пазари, ВВ Тиквеш со своите производи е присутен и на пазарите пошироко во ЕУ, Америка, Русија, Кина и во Австралија. Од европските пазари, производите на ВВ Тиквеш се достапни, меѓу другите, и на пазарите во Германија, Финска, Данска, Швајцарија и во Белгија. Портфолиото креирано од страна на врвниот енолог Филип Камби и претставувањето на барикуваните црвени и бели вина од серијата вина од еден лозов насад, како и бодувањето на овие вина и Vranec Special Selection од страна на винскиот критичар Роберт Паркер, внесоа пресврт во продажбата на меѓународните пазари. Во Америка увозник на вината на ВВ Тиквеш е European Cellars - Eric Solomon Selections, компанија водена од првиот Master of Wine во Америка, Ерик Соломон. Линиите на вина што се пласираат преку овој увозник на американскиот пазар, со дистрибуција во сите 50 држави, се тероар и Special Selection. Во Данска увозник на вината на ВВ Тиквеш е H.J. Hansen-vin, дел од групацијата H.J. Hansen, која покрај други бизниси работи со увоз и дистрибуција на вина веќе 140 години. Нивниот фокус е на HORECA сегментот. Продажбата се реализира во 48 специјализирани продавници за вино и алкохолни пијалаци, кои се во нивна сопственост. Вината Special Selection на ВВ Тиквеш на пазарот во Данска се пласираат во сите продавници што се дел од групацијата. Во 2013 година за одбележување е влезот на вината на ВВ Тиквеш од два различни сегменти, Special Selection blend и Classic blend, во рамките на еден од најпознатите светски трговски синџири Marks & Spencer. Вината се продаваат под приватна етикета на синџирот, што беше и нивна одлука, при што јасно е назначено дека производител на вината е ВВ Тиквеш. *Табела бр.14 - Преглед на волуменска и вредносна реализација во сектор 4 S4 (HL) MKD '000 2013 2012 13/12 % 2013 2012 13/12 % ТРАДИЦИОНАЛНИ 500 630-129.6-21% 4,477 5,523-1,046-19% КЛАСИК 409 331 77.5 23% 7,485 6,085 1,400 23% ПРЕМИУМ 1,016 555 461.6 83% 30,227 9,177 21,050 229% ТЕРОАР 129 163-34.1-21% 11,278 8,119 3,159 39% ФЛАШИРАНО ВИНО 2,055 1,679 375.5 22% 53,468 28,905 24,563 85% ФЛАШИРАНА РАКИЈА 109 124-15.7-13% 2,124 2,271-147 -6% ФЛАШИРАНО ВИНО И РАКИЈА 2,163 1,804 359.7 20% 55,592 31,176 24,416 78.3% НАЛИВНО ВИНО 8,042 38,509-30,466.5 18,740 87,280-68,540 ДЕСТИЛАТ 2,800 1,486 1,314.6 88% 41,708 21,047 20,661 98% ВКУПНО НАЛИВНО 10,842 39,994-29,151.9 60,448 108,327-47,879-44% СЕ ВКУПНО 13,006 41,798-28,792.2-69% 116,040 139,503-23,463-16.8% На меѓународните пазари волуменската продажба на флаширан производ во 2013 година се зголеми за 20%, а вредносно за 78% во однос на 2012 година. Големиот пораст се должи на иницијалната соработка со пазари во Кина и создавање солидна основа за идна поинтензивна соработка. 17 of 49

Маркетиншки активности Новитети во портфолио - Ребрендирање на Т га за Југ Кога во далечната 1973 година ВВ Тиквеш го создаде виното од сортата вранец, а поетите од Струшките вечери на поезијата му го дадоа името Т га за Југ, никој не можеше да претпостави дека е создадено виното што ќе биде белег за македонската винска индустрија. Денес со право можеме да кажеме дека Т га за Југ е еден од најсилните брендови што во континуитет опстанал на македонскиот пазар. Освен во Македонија, виното е популарно во целиот регион и е едно од најпродаваните на ВВ Тиквеш. Дел од приказната што трае веќе четири децении се повеќе од 11 милиони произведени шишиња досега. Приказната не застанува тука. По повод овој значаен јубилеј, старата добра Т га доби нов, модерен естетски изглед, кој во себе ги содржи македонскиот дух и емоција, претставен преку елегиската песна на Константин Миладинов, која е впишана на заднината на новата етикета. Во 2013 година, по повод 40 години од креирањето на еден од најпознатите македонски брендови, го реализиравме новото визуелно решение на Т га за Југ. Решението е направено така што овозможува лесна приспособливост при лансирањето на новитетите од брендот Т га за југ што ќе следат во иднина. 18 of 49

Нови пазари UK По извозот во САД и во Данска од минатата година, ВВ Тиквеш во 2013-та се најде и на полиците на еден од најголемите светски трговски синџири Marks & Spencer. Вината на Винарската визба Тиквеш го освоија престижниот пазар на Велика Британија. На еден од најпребирливите вински пазари, првите пратки на вината од сортите смедеревка - ркацители и вранец - мерло веќе се во продажба во познатите маркети Marks and Spencer во високиот ценовен сегмент, што е дополнителна потврда за квалитетот на вината. Првата пратка за Велика Британија ВВ Тиквеш ја реализираше во септември 2013 година, а денес вината се присутни во 156 продажни места на овој синџир во Велика Британија. За пласманот на вината на ВВ Тиквеш во познатиот трговски синџир Marks and Spencer во Велика Британија пишуваше и водечкиот британски весник The Times. Во текстот под наслов Alexander the grape invades M&S, авторот на текстот, правејќи асоцијација на Македонија, пишува за производствотo на вино во Македонија, потенцирајќи ја долгата традиција на производство на вино уште од античко време. Кина Во 2013 година, ВВ Тиквеш исто така за првпат оствари позначаен извоз во Кина. Беа извезени повеќе од 73.000 шишиња врвно вино, а фокусот беше ставен на вината од линиите Тероар и Limited Edition, како и најстариот наш бренд, Т га за Југ. Продажни промоции во Македонија Во 2013-та го промовиравме концептот СИТЕ ПРОДАВАМЕ, каде што сите вработени од Скопје беа распоредени на продажните места најмалку еднаш во неделата. Целта на овој проект беше сите подобро да ги запознаеме нашите потрошувачи, да го доближиме ВВ Тиквеш до нив и крајната цел беше да ја зголемиме продажбата т.е. нашиот пазарен удел во таргетираните објекти. Овој пилот-проект траеше 40 дена и беше катализатор за формирањето на посебен промо-тим на ВВ Тиквеш со единствена цел - промоции во клучните трговски објекти во Скопје. Во текот на ноември и декември беа направени повеќе од 100 промоции во трговските синџири Веро, Тинекс, Рамстор, Керфур, СП. Беа применети различни механизми за зголемување на продажбата, како гратис чаша за секое купено вино, гратис украсна кеса за купено вино, гратис зачин за готвење со секое купено bag-in-box 3л вино итн., со постојана дегустација на продажните места. Резултатот од ваквиот 19 of 49

пристап кон пазарот е константно зголемување на пазарниот удел во објектите каде што има промоции. Во текот на октомври и ноември беа организирани неколку afterwork забави во Intermezzo и Barbakan во Скопје, со акцент на промоција на линијата Special Selection, а концептот го проширивме и во другите градови низ Македонија. Главна цел на овие забави беше да се актуализира пиењето на вино, да се креира навика на пиење вино, а атрактивноста на виното како пијалак за остварување на оваа цел беше стимулирана со организирање промотивни цени и добра атмосфера. Продажни промоции во Србија Беа организирани 255 трејд-промоции во најголемите КА во Белград, Ниш и во Нови Сад, во најударните периоди: април/мај и ноември/декември. На овие промоции беа делени подароци за вината од сериите Класик и Премиум. Трејд-акции во КА објекти. Одржани беа 20 HORECA промоции во Ниш, на нишката тврдина, во разни HORECA објекти. Одржани беа 240 комбо-промоции вино+вода во периодот април/мај во Белград, Нови Сад и Ниш, Крагуевац и во Смедерево. HORECA акција Вино на неделата, 20 локали месечно, по 5 во секој регион. По повод Осми март беа организирани промоции во два елитни белградски ресторани, Има дана и Деветка, каде што се промовираа вината од линијата Alexandria Cuvée и пригодни подароци. Воедно беше започната соработка со Eko Hellenic пумпи. 20 of 49

Винска едукација Минатата 2013 година беше шеста година по ред како ВВ Тиквеш организира сомелиерски академии за винска едукација за угостителите, како и едукативни работилници за лозарите. Секоја сомелиерска академија е посетена од претставници на хотели, ресторани и кафетерии (HORECA сегментот), кои се запознаваат со техниките на дегустација, начините на послужување и карактеристиките на вината. Досега на вакви обуки присуствувале околу 650 лица од повеќе од 350 угостителски објекти ширум Македонија и регионот. Обуки за сомелиери Дел од нашите заложби за подигнување на регионалната винска култура беше и винската школа, која ја организиравме за угостители од Македонија и од Косово. Едукативни таблети Како винарница, постојано работиме на темата унапредување на домашната винска култура, а во таа насока се и последните решенија, едукативни таблети, со кои на иновативен начин се обидуваме да допреме до потрошувачите и да го доближиме виното како благотворен пијалак до што поголем број консументи. Преку едукативните таблети, кои беа поставени во некои од најголемите маркети во Скопје и во Битола кон крајот на 2013 година, на потрошувачите им нудиме можност да се едуцираат за виното и за најдобрите комбинации со храната уште на самите продажни места. Ова технолошко решение им овозможува на консументите полесно да го направат најдобриот избор на вино. На информативните таблети поставени на винските полици, купувачите можат да се информираат за карактеристиките на секое вино и за храната со која тие идеално си одговараат. За едукација на потрошувачите за комбинирањето на врвно вино и храна, во континуитет се организираат вистински хедонистички искуства, познати како wine&dine. Овие уникатни вечерни доживувања беа организирани за различни целни публики од Македонија, Србија и регионот. 14.09.2013 Скопје Едукација за комбинирање храна и вино при изборот на Венето за ресторан со 3 мастер шеф ѕвезди Вината на ВВ Тиквеш беа единствените вина што се служеа на овој уникатен настан каде што беа комбинирани со светски специјалитети приготвени од мастер шефови. Бевме дел од еден значаен настан за македонската угостителска индустрија. 21 of 49

Вино на обуките на СЕРСА/ВОСОМ во Србија Како дел од годишната соработка со веб-порталот vino.rs беа организирани 6 работилници на тема вино во периодот април-јуни и октомври-ноември, на кои учесници беа љубители на виното. ВВ Тиквеш редовно испраќа свое вино што се презентира/дегустира на професионалните обуки за сомелиери на Здруженијата на сомелиери на Србија и Војводина (СЕРСА и ВОСОМ). Wine&Dine, ресторан Ѓорѓе, Белград, февруари Денови на македонската традиција и промоција на ресторанот Македонска куќа, преку креирање македонско мени и промоција на најдобрата комбинација со вината на ВВ Тиквеш. Wine&Dine во хотел Хајат, ресторан Фокача, март-мај Секој последен петок во месецот беше организиран комерцијален wine&dine со посебно избрано мени на храна и вина од ВВ Тиквеш, а гостите беа забавувани од стендапкомичари и со пригодна музика. Настани и случувања - Македонија 14.02.2013 Кавадарци Одбележан денот на заштитникот на лозјата, Св. Трифун Нашата агенда за 14 февруари беше исполнета со активности повеќе од вообичаеното. Оваа година, симболично ги закроивме нашите лозови насади во месноста Курија кај Неготино, во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Љупчо Димовски, претседателот на УО, г. Светозар Јаневски, и извршниот директор на ВВ Тиквеш, г. Игор Илиевски. Денот продолжи со традиционалната средба со долгогодишните партнери, лозари, која се случи во нашиот вински ресторан во Кавадарци. На средбата уште еднаш беше констатирано дека врвното вино почнува да се прави на лозјето и оттаму е неопходно соработката меѓу двете страни да продолжи и да се развива. Одбележувањето на денот на лозарите и винарите го завршивме со вечерна 22 of 49

забава за нашите пријатели, соработници и потрошувачи, која се случи во клубресторанот МКЦ во Скопје. 16-17.11.2013 Кавадарци Славење на виното на четвртиот Фестивал на младото вино на ВВ Тиквеш Ја продолживме традицијата на организирање на Фестивалот на младото вино како единствен настан од ваков вид во Македонија за промоција на вината од последната берба и афирмација на домашната винска култура. На четвртиот фестивал, љубителите на виното имаа единствена можност да присуствуваат на првото отворање на бочвите и да го дегустираат младото вино од бербата 2013-та. Пред дипломатскиот кор, бизнисзаедницата и другите почитувачи на виното, на 16 и 17 ноември, ги претставивме нашите адути од годинешната берба. Во третата недела од ноември отворањето на бочвите со младо вино е традиција ширум светот. Во земјите со винска традиција, како и на овој фестивал, се оценува потенцијалот на младите вина и се дава предвидување на идниот квалитет на виното по конечното одлежување. Енолозите на ВВ Тиквеш искажаа задоволство од првичниот квалитет на виното од годинешната берба. Најдобри резултати се очекуваат кај шардоне и темјаника, но по ништо не заостануваат ниту црните сорти вранец и каберне совињон. 06-08.12.2013 - Скопје Вински фестивал Скопски саем ВВ Тиквеш беше дел и од Винскиот фестивал што од 6-8 декември се одржа во Метрополис арената на Скопскиот саем. 08-12.05.2013 Скопје Веро-винофест Со сите оние што го посетија штандот на ВВ Тиквеш, повторно се дружевме на вториот по ред пролетен вински фестивал, кој се одржа од 8-12 мај на паркингот пред Вероцентарот. 13-15.09.2013 Кавадарци Тиквешки гроздобер Традиционално, бербата на грозјето беше одбележана и со манифестацијата Тиквешки гроздобер, која се одржа од 13-15 септември во Кавадарци. Како и секоја година, бевме присутни со свој штанд на кој можеа да се дегустираат нашите вина. 16-20.10.2013 Скопје Вино-скоп, 7-ми вински фестивал 23 of 49

промотивни цени. Скопје сè повеќе станува град на виното, барем кога се во прашање различните вински настани. Скопјани и оваа година покажаа дека вистински го сакаат виното, па студеното време не ги спречи во голем број да го посетат седмиот Вино-скоп. ВВ Тиквеш и во 2013 година беше дел од овој урбан настан и на сите посетители им овозможи да уживаат во Врвното од Македонија по 16.02.2013 Скопје Спонзорство на концертот на Јосипа Лисац Бевме поддржувачи на концертите на балканската дива Јосипа Лисац, кои се одржаа во Скопје и во Белград. 19.04.2013 Скопје Спонзорство на концертот на Балашевиќ Еден од настаните со кои го одбележавме јубилејот 40 години Т га за Југ беше концертот на Балашевиќ што се одржа на 19 април, во СЦ Борис Трајковски во Скопје. Сите посетители можеа да уживаат во Т га за Југ наточена од новото пакување. 01-06.05.2013 Скопје Спонзорство на OFFest За првпат ВВ Тиквеш беше спонзор на веќе реномираниот фестивал на кој се презентира т.н. музика на светот (world music). Изведувачите и посетителите на 11-тото издание на OFFest имаа можност да уживаат во вината од серијата Special Selection. 21-24.08.2013 Охрид Спонзорство на Охрид-фест Дадовме поддршка на дел од настаните што традиционално го одбележуваат летото во Охрид. ВВ Тиквеш беше главниот поддржувач на јубилејното 20-то издание на фестивалот Охридфест, Охридски трубадури. 24 of 49

21.08.2013 Охрид Спонзорство на Охридскиот пливачки маратон Дадовме и свој придонес во традиционалниот Охридски пливачки маратон, кој е дел од официјалниот календар на Светската пливачка федерација. 01-06.10.2013 Скопје ВВ Тиквеш дел од Скопската недела на дизајнот 2013 (Skopje Design Week 2013) Виното подразбира култура и стил на живеење, нешто што веќе неколку години успешно го промовира Скопската недела на дизајнот. Во обидот да дадеме свој придонес во промовирањето на убавината на живеењето, ВВ Тиквеш беше вклучен во Скопската недела на дизајнот 2013 со повеќе активности. Во почетокот на август се распиша меѓународен повик за дизајн на етикета за виното Шардоне од бербата 2013. Изборот на најдобрите етикети меѓу 463 пристигнати решенија од 247 креативци од 29 земји, ги надмина и нашите најоптимистички очекувања, и токму поради тоа решивме да го зголемиме бројот на наградените и вредноста на наградниот фонд од 500 на 5.000 евра. Во рамките на Skopje Design Week 2013 беше организирана и специјална изложба на ВВ Тиквеш Најдоброто од југот, која совршено се вклопи во автентичноста на Куршумли ан и која поради одличниот прием кај посетителите, ќе биде дел и од другите регионални фестивали и изложби за дизајн што ќе се одржуваат во текот на 2014 година. 08-10.10.2013 Охрид Инвестициски самит Македонија 2025 ВВ Тиквеш беше еден од главните поддржувачи на овој настан. Во Врвното од Македонија се уживаше за време на крстосувањето по Охридското Езеро и на коктелот по повод затворањето на Самитот и на хуманитарниот концерт во црквата Св. Софија. 17-21.10.2013 Скопје Спонзорство на Скопски џез-фестивал 2013 Традиционално, го поддржавме и годинешното издание на Скопскиот џез-фестивал. На паузите гостите можеа да уживаат во нашите вина Special Selection. Секоја година изработуваме и посебна етикета за вината на ВВ Тиквеш, кои им се подаруваат на музичарите од целиот свет што настапуваат на фестивалот. 25 of 49

07.12.2013 Скопје Отворањето на новиот објект на Македонскиот народен театар На свечениот коктел по премиерата на претставата Вечната куќа, гостите од јавниот живот на Македонија имаа можност да уживаат во вината од серијата Alexandria Cuvée, но и во младите вина од бербата 2013. 23.12.2013 - Скопје Забава за успешната 2013 година Со новогодишна забава во клубот Миднајт во Скопје, заедно со нашите пријатели и соработници прославивме за исклучителната 2013 година, во која нашите вина се закитија со дури 45 награди и признанија на престижните вински фестивали. Настани и случувања - Србија и регионот 22.02.2013 Белград Концерт на Петар Грашо на Калемегданска тераса 24.05.2013 Белград Rose fashion blogger gathering, Србија На едно место ги собравме 15-те највлијателни модни блогери од регионот. Целиот настан беше во знакот на розовата боја и Alexandria Cuvée розе. Приказната за виното што ги воодушеви блогерите веднаш беше пренесена на социјалните мрежи. 14.12.2013 Белград Промоција на книгата на Славимир Стојановиќ Дегустација на вината на ВВ Тиквеш на коктелот организиран по повод промоцијата на книгата на познатиот уметник и дизајнер Славимир Стојановиќ, белградска галерија Озон. 14.11. 2013 Белград Тиквеш на Cosmopolitan Beauty awards, 26 of 49

Дегустација на вината на ВВ Тиквеш на коктелот по повод шестиот Cosmopolitan Beauty awards, кој се одржа во хотелот Хајат. На настанот беа присутни познати лица од светот на модата, уметноста, музиката, а гостите уживаа во вината на ВВ Тиквеш и во музичкиот настап на британската музичарка Џули Даске и бендот Еутерпа. 03-05.10. Нови Сад Food and wine chat, Меѓународен саем на туризам ВВ Тиквеш беше спонзор и учесник на првата регионална конференција за храна Food talk, која беше организирана како панел-дискусија на тема вино и храна, во организација на групата Color Press. Учесници беа еминентни новинари, музичари, актери, познати готвачи, енолози и сл. 05.10. 2013 Мокра Гора Меќавник фестивал Кустендорф На реномираниот фестивал Кустендорф беше организирано предавање и претставување на вината на ВВ Тиквеш и винарницата од страна на г. Јаневски, а по завршувањето на предавањето беше организирана дегустација на вината на ВВ Тиквеш. 10.06.2013 Будва Кавали ВИП-забава со Alexandria Cuvée Вината од серијата Alexandria Cuvée беа ексклузивен и официјален пијалак на забавата за ВИП-гостите, која се одржа по модната ревија на славниот италијански дизајнер Роберто Кавали во Будва, Црна Гора. Елеганцијата на брендот Alexandria Cuvée беше потврдена уште еднаш. Бројните гости од џет-сетот на Црна Гора, манекенките што беа дел од ревијата, но и самиот Кавали, можеа да ја почувствуваат раскошната хармонија на вкусови и впечатливи ароми на врвната тројка Alexandria Cuvée. 07.07.2013 Белград Концерт на Џорџ Бенсон Го поддржавме концертот на една од најголемите музички легенди, Џорџ Бенсон, кој се одржа на 7 јули во Сава центар, во Белград. Овој концерт беше организиран од нашата домашна продукција Авалон и Сава центар, а како дел од фестивалот Самертајм џез (Summertime Jazz). 13.04.Белград петти по ред Wine Style салон вина 20.07. Белград 27 of 49

Wine Jam Drink Pink салон вина Маркетиншки истражувања во 2013 година Во 2013 година беше спроведена Image Study за српскиот пазар, при што телефонски беа контактирани 1.000 испитаници по однапред утврдени критериуми како пол, возраст и, најважно, консумација на вино. Целта на студијата беше утврдување на тековната позиција на ВВ Тиквеш и неговите брендови во перцепцијата на консументите. Резултатите беа охрабрувачки, со тоа што се утврди дека Alexandria е еден од најпознатите вински брендови на српскиот пазар. Во јули, 2013 година од Nielsen беа купени податоци што се однесуваат на пазарните удели на различните винарници на македонскиот и на српскиот пазар за период од една година до февруари-март 2013 година. Овие податоци беа искористени како дополнителен извор за моментната положба на ВВ Тиквеш во однос на конкуренцијата. Социјални медиуми и директна комуникација Во 2013 година ВВ Тиквеш имаше секојдневно присуство на социјалните медиуми: Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Линкедин, со акцент на Фејсбук како најатрактивен канал. Базата на фанови на ВВ Тиквеш порасна од 40.700 на 74.497 фанови, или пораст од 45% благодарејќи на многубројните Фејсбук-апликации и интерактивната природа на секојдневната корпоративната комуникација. Исто така, во текот на 2013 година беше направен закуп на google ads и facebook ads со цел насочување на посетителите што бараат одредени клучни зборови (Маcedonia, Macedonian wine итн.) кон нашата Фејсбук-страница и корпоративна интернет-страница. Сето ова придонесе кон уште поголемо етаблирање на ВВ Тиквеш како најприсутен онлајн вински бренд во Македонија и во регионот. Во 2013-та беа активни фанстраниците на македонски и на српски јазик. Просечна стапка на интеракција е 8% со вкупно 370 различни објави. Фејсбук-кампања - Во рамките на маркетинг-кампањата за ребрендирање на Т га за Jуг, активно ги вклучивме и нашите Фејсбук-фанови. Дигиталната кампања за лансирање на редизајнираната Т га за Jуг се одвиваше во 2 фази, каде што беа вклучени околу 9.000 лица во првата и околу 4.000 лица во втората фаза. 28 of 49

Испраќање електронски билтен до 2.000 корисници Веритас Тиквеш веќе 5-та година по ред изработува тримесечен билтен Веритас, со кој ги информира потрошувачите за новитетите во работењето, настаните што ги организира и поддржува во земјата и во регионот, пробивот на нови пазари, настап на саеми, воведување нови вина во портфолиото, вински лекции и сл. Во текот на 2013 година беа испратени 4 изданија на нашиот е-билтен до сите потрошувачи што на нашата веб-страница побарале дополнителни информации за ВВ Тиквеш, како и до сите соработници и пријатели на ВВ Тиквеш. ПР односи со јавност Македонија Во текот на 2013 година беа користени повеќе алатки за комуникација со јавноста и со медиумите: - 5 прес-конференции; - 1 медија-патување во Будва, на ревија на Кавали; - 15 соопштенија за печат; - 4 изданија на е-билтенот Веритас ; - голем број ПР-текстови и интервјуа; - корпоративни настани за нашите партнери и соработници, на кои беа присутни и новинари. Носечки комуникациски пораки во текот на оваа година беа: Награди и признанија Grenaches du Monde, Chardonnay du Monde, Le Mondial du Rosé, IWC, Decanter, Concours Mondial de Bruxelles, Les Citadelles du Vin, Mundus Vini Производи Индиректно покривање на теми поврзани со извоз на вино, награди и признанија Винска култура и едукација Извоз Континуирана комуникација за пробив на нови пазари Од сите медиуми каде што ВВ Тиквеш беше присутен во текот на 2013 година, најзастапен беше на интернет, а од темите кои беа обработени најмногу објави имаше за реализираните промоции во Македонија. Интернет Радио ТВ Магазини Информати вни агенции Печатени медиуми Извоз Корпоративн о деловно работење Промоција во странство Откуп на грозје Промоција во Македонија Награди и признанија 29 of 49

Србија Дружење со уредниците на економските редакции, ресторан Ловац, 27.02.2013 Под покровителство на ВВ Тиквеш и ПР-агенцијата, еднаш квартално беа организирани ПР-настани, дружења со новинари од разни редакции на најтиражните дневни весници/магазини. Во неформална атмосфера, со добра храна, музика и со вината на ВВ Тиквеш се дружевме со ГОУ на економските редакции. Интернационален ПР ВВ Тиквеш во својата аспирација и потенцијал да стане регионален па и светски бренд беше застапен и во интернационалните медиуми. Во 2013 година беше претставен како успешна приказна од Македонија и дестинација што вреди да се посети во магазините Forbes и The Times. Присутноста на ВВ Тиквеш на пазарот во Велика Британија беше тема на статијата Alexander the grape invades M&S (The Times), која детално ги опишува растот, модернизацијата и иновативноста на ВВ Тиквеш, кој полека но сигурно станува препознатлив на светската винска мапа. ВВ Тиквеш, исто така, се најде и во полскиот Manufacturing Journal Magazine како предводник во технологијата на производство на вино и третирање грозје. Беше реализирано и интервју со The American Times каде што фокусот беше ставен на растот на компанијата и на промената на стратегијата од масовно производство на наливно вино во стратегија на производство на висококвалитетно вино, а соговорник беше г. Јаневски, претседател на УО на ВВ Тиквеш. ВВ Тиквеш во 2013 година беше посетен и од група словенечки новинари, со цел претставување на Македонија како туристичка дестинација и винска земја, како лидер во оваа област. Награди и признанија Вината на ВВ Тиквеш во 2013 година постигнаа огромен успех на светските вински натпревари и освоија дури 45 високи награди и признанија. Овој рекорд е потврда за квалитетот и за врвната енолошка умешност на тимот на винарницата, но и за тоа дека вината на ВВ Тиквеш се веќе препознатливи и за најстручната јавност ширум светот. Grenaches du Monde 2013 Grenache Blanc Special Selection Gold Bela Voda white Silver Bela Voda white Silver Chardonnay du Monde 2013 Chardonnay Limited Edition Chardonnay Special Selection Silver Bronze Le Mondial du Rose 2013 Rose Classic Silver VinoBalkanika 2013 Temjanika Special Selection Rkaciteli Special Selection Barovo red Gold Silver Silver 30 of 49

Decanter 2013 Barovo white Silver Bela Voda white Bronze Bela Voda red Bronze T ga za Jug Bronze International Wine Challenge 2013 Bela Voda White Silver Muscat Ottonel Special Selection Silver Rkaciteli Special Selection Silver Sauvignon Blanc Special Selection Silver Alexandria Cuvée Rose Bronze Alexandria Cuvée White Bronze Barovo White Bronze T ga za Jug Bronze Concours Mondial de Bruxelles 2013 Barovo red Gold Temjanika Special Selection Gold The Balkans International Wine Competition 2013 Temjanika Special Selection Gold Sauvignon Blanc Special Selection Silver Barovo white Silver Vranec Special Selection Silver Rkaciteli Special Secetion Bronze Barovo red Bronze Les Citadelles du Vin 2013 Barovo Red Gold Rkaciteli SS Silver Bela Voda white Silver Mundus Vini 2013 Barovo white Gold Temjanika SS Silver Slovenian Wine Festival 2013 Barovo white Gold Проектот Вински бонтон меѓу 25 најуспешни кампањи на Weekend Media Festival Weekend Media Festival е регионален фестивал со повеќе од 4.000 учесници од целиот регион. Во рамките на фестивалот има ревијален дел наречен BalCannes каде што во 2013-та кампањата Вински бонтон на ВВ Тиквеш влезе во најдобрите 25 кампањи од регионот што беа претставени на фестивалот. 31 of 49

Производствени активности Со имплементацијата на последните достигнувања во техниката за преработка на грозје и вино, денес ВВ Тиквеш со гордост може да се споредува со технолошко-технички најразвиените винарници во регионот. Инвестициите не завршуваат само во опрема туку перманентно се вложува и во вработените. Нашите енолози и инженери, преку континуирана доедукација и доусовршување со учество во берби во Јужна Африка и Нов Зеланд, како и со посети на сите поголеми светски саеми за технологија и опрема, се клучниот фактор за врвниот финален производ од комбинација на квалитетно грозје и најсовремена технологија. Иновациите што се имплементирани во технолошките линии, независно од енолошка или од техничка природа, резултираат со драстично зголемување на квалитетот на виното. Размената на искуства, знаење и најдобри практики се во насока на стандардизација и подобрување на квалитетот на производите. ВВ Тиквеш, како компанија чијашто примарна и долгорочна одредба е раководење со квалитетот на своите производи и процеси по највисоките светски стандарди и нивно континуирано подобрување, во 2013 година изврши ресертифицирање на следниов систем: - ISO 14001 (Систем за управување со заштита на животната средина) Ресертификацијата се изврши од TŰV NORD од Германија, а е со важност од три години. Во работната единица Финализација, во текот на 2013 година беше обработено вино во количина од вкупно 9,243,456 литри, од кои во РЕ Полнилница е предадено вкупна количина од 8,439,236 литри (за флаширање) и 804,220 литри (наливно вино). Во 2013 година беше произведен гроздов концентрат во количина од 21,000 литри (бел) и 5,200 литри (црвен) концентрат. Во делот на РЕ Полнилница во 2013 година се инсталираше депалетизатор за празна стаклена амбалажа, со што се доавтоматизираше линијата за полнење, при што се намали расходот на оштетени шишиња. Стаклена Расход (оштетени Наполнето вино Расход (оштетени Наполнето вино амбалажа шишиња) 2012 2012 (шишиња) шишиња) 2013 2013 (шишиња) 1l Bordo 8,824 5,257,943 2,764 4,766,390 750 ml 6,391 2,555,022 4,569 2,479,200 0,187 ml 3,546 2,524,669 3,974 2,492,791 *Табела бр.15 Преглед за оштетени и наполнети шишиња 2013/2012 Стаклена Расход/наполнето Расход/наполнето Расход амбалажа 2012 2013 2013/2012 1l Bordo 0.17% 0.06% -69% 750 ml 0.25% 0.18% -29% 0,187 ml 0.14% 0.16% 12% *Табела бр.16 Преглед за процентуална разлика во расход на шишиња 2013/2012 32 of 49

Во 2013 година се продолжи со испитување и подобрување во делот на TPO (Total package oxygen) во флаширано вино, при што континуирано се подобруваше менаџирањето на дозирањето на SO2 во виното и можноста за одлежување на виното во шише, без ризик за намалување на квалитетот. *Табела бр.17 Споредба на состојба на TPO во шишиња TPO 2013 TPO 2012 TPO (ppm) (ppm) 2013 /2012 1 L Screw cup 1.52 1.84-17% 0,75 pluta 1.33 2.28-42% 0,75 Stelvin 2.21 2.87-23% 0,187 Screw cup 2.29 5.33-57% O 2 - Dissolved oxygen во вино во танк DO - Dissolved oxygen во вино после полнење HS - Headspace oxygen TPO = DO+HS (Total packaging oxygen) Со технологијата, знаењето и искуството што го поседуваат вработените во винарницата, во секој од процесите на преработка на грозјето и виното се внимава нивото на кислород што се раствора во производот да биде што е можно помало. Ова, пак, значи дека дозирањето на ЅО2 е во минимални односно соодветно избалансирани количини, доволни за да го минимизираат процесот на оксидација а да не дејствуваат контрапродуктивно во консумацијата и уживањето на виното. Нашите флаширани вина, со посебното внимание што се посветува во оваа сфера, реално имаат до трипати помало количество на ЅО2 од максимално дозволените количини пропишани со стандардите на ЕУ. Вака добиените вина ја задржуваат својата свежина и арома многу подолго и се исклучително попријатни за консумирање, без последици од главоболка. 33 of 49

Во 2013 година беа наполнети вкупно 10,223,148 шишиња вино. Флаширано вино Шишиња Традиционално вино 1Л 4,766,390 Класик вино 0,187л 2,269,940 Класик (бело вино) 0.75л 762,803 Класик (црвено) вино 0.75л 1,147,237 Special Selection вино 0.187л 40,912 Special Selection вино 0,75л 289,640 Тероар вино 0,75л 92,828 Александија куве вино 0.187л 181,939 Александија куве вино 0.75 л 173,615 Limited Edition вино 0.75л 13,077 Шампањ 175 Вино од југ 2л PET 312,272 Bag in box вино 3л 170,373 Bag in box вино 5л 1,947 Вкупно наточено вино 10,223,148 *Табела бр.18 Во 2013 година, под мониторинг на странски консултанти и енолози, се започна со проект за мониторинг на грозјето. Проектот опфати испитување на антоцијани, полифеноли и нискомолекуларни и високомолекуларни проантоцианидини во црвените сорти грозје од различни реони што се во сопственост на М6 Аграр. Целта беше да се даде карактеризација на одделните сорти грозје и на испитување на локациите каде што сортата вранец се издвојува со своите единствени карактеристики. Досега добиените резултати се многу охрабрувачки и можат да најдат примена во повеќе области, вклучително и во медицината, како превенција од разни болести. Во делот на заштеда на енергенси во процесите на производство, ВВ Тиквеш продолжи со истото темпо како и во 2012 година. Во делот на заштеда на електричната енергија беа инсталирани стратификациони танкови за акумулација на разладна енергија (во ноќните часови - периоди кога тоа е најповолно) за употреба во текот на денот (особено ефективно во период на берба). Со ова се постигна намалување на потрошувачката на електрична енергија од 4,96 ден/kwh за 2012 година на 4,53 ден/kwh за 2013 година, односно заштеда од 1,8 мил. ден. на годишно ниво или 8% намалување (при зголемена количина обработено грозје). Во делот на потрошувачката на мазут, со добра организација и групирање на процесите што го користат овој енергенс, се постигна намалување на потрошувачката за 188,985 кг помалку споредено со 2012 година. 34 of 49

Берба 2013 Контролата врз обработката на лозовите насади од почетокот на кроењето до крајот на бербата, одличната организација во делот на откупените дневни количини како и зголемената контрола и примената на најсовремените технологии во спој со традицијата од нашите стручни тимови и енолози, резултираше со одличен квалитет на откупеното грозје. Тоа несомнено влијаеше вината од бербата 2013 да резултираат со извонредно високо ниво на квалитет. Бербата 2013 започна на 12 август 2013 година со прием на сортата на грозје бургундец, наменета за виното Розе. Откупени беа вкупно 24,927,236 кг грозје, од кои 60,9% бели и 39,1% црвени сорти грозје. Откупеното грозје беше со однапред одредени критериуми за квалитет. Откупот за општа берба започна една недела порано во однос на минатата година. Климатските услови беа поволни за квалитетот на белите сорти грозје бидејќи температури не беа превисоки, ниту, пак, сушата беше интензивна. Планот за откуп на грозје од сортата вранец не беше остварен од причина што квалитетот на грозјето не ги задоволуваше дефинираните критериуми. Откупувањето на количини од белите сорти на грозје се заврши со 12% над планираното бидејќи климатските фактори беа особено поволни за белите сорти грозје. Кај црвените сорти, пак, планот не беше остварен поради слабата шеќерност на сортата од грозјето вранец. ПЛАНИРАН ОТКУП 2013 КГ % ОД ПЛАН ОТКУП РЕАЛИЗИРАН ОТКУП 2013 КГ РЕАЛИЗИРАНO vs. ПЛАНИРАНО РЕАЛИЗИРАНO vs. ПЛАНИРАНО % ВКУПНО БЕЛИ СОРТИ 13,625,000 53% 15,194,162 1,569,162 12% ВКУПНО ЦРВЕНИ СОРТИ 12,140,000 47% 9,733,075-2,406,925-20% ВКУПНО ГРОЗЈЕ 25,765,000 100% 24,927,237-837,763-3% *Табела бр.19 35 of 49

*Табела бр.20 Преглед на откупено грозје во берба 2013 Ред.бр Сорта Откупена количина (кг) Вредност на откуп со ДДВ (мкд) Просечна цена/кг 1 Кратошија-Вранец 6,480,394 93,252,253 14 2 Смедеревка 10,446,105 127,734,308 12 3 Станушина 275,506 3,429,501 12 4 Белан 238,766 4,629,098 19 5 Жилавка 563,070 8,712,880 15 6 Семијон 15,794 208,389 13 7 Рекацители 364,545 4,808,980 13 8 Совињон 182,684 3,458,645 19 9 Каберне Совињон 913,894 17,234,014 19 10 Ризлинг 996,899 16,906,990 17 11 Темјаника 424,189 9,595,610 23 12 Траминец црвен 132,555 3,434,549 26 13 Црн Бургундец 353,057 6,292,586 18 14 Шардоне 1,506,449 29,693,723 20 15 Мерло 745,235 13,031,426 17 16 Жупјанка 70,870 744,135 11 17 Кадарка 110,675 1,158,113 10 18 Мускат Отонел 125,200 2,181,595 17 19 Италијански Ризлинг 98,196 1,793,349 18 20 Неопланта 28,841 326,332 11 21 Мускат Хамбург 465,640 7,811,776 17 22 Теран 111,350 1,636,845 15 23 Кардинал 89,790 942,795 11 24 Плавец 89,424 1,632,209 18 25 Кабарне Франк 21,829 412,558 19 26 Ширас 76,283 1,424,675 19 Вкупно 24,927,237 362,487,332 15 Како и секоја година, така и за оваа берба тимот за grape management и енолозите работеа во насока на подобрување на квалитетот на грозјето и на виното. Заради спречување оксидација, како и зачувување на свежината и сортните карактеристики на грозјето, од бербата 2012 се отпочна со дозирање точно дефинирани количини заштитни средства уште за време на самиот транспорт од лозовите насади до винарницата. Со овие преземени мерки, како и со користењето инертни услови при секој третман на грозјето, ширата и виното, се добија вина што имаат карактеристична свежина со овошни ноти и со продолжен век на траење. Од бербата 2013 најдобри резултати како поодделни сорти грозје дадоа шардоне, темјаника и мерло. Во категоријата традиционални бели вина е забележан подобар квалитет од минатогодишната берба. Карактеристично за бербата се поголемите количини вина од премиум сегментот како, на пример, Аlexandria бела cuvée, Chardonnay Special Selection, Merlo Special Selection и Alexandria црвена cuvée. 36 of 49

Со особена гордост можеме да се истакнеме како единствена винарница во Македонија што го препозна потенцијалот на сортата Grenache Blanc на ова поднебје. Оваа сорта е присутна во купажите на тероар вината Barovo (бело вино) и Bela Voda (бело вино), а како чиста сорта е присутна во виното Grenache Blanc Special Selection. На натпреварот за вино Grenache Du Monde, кој за првпат се одржа во јануари 2013, на кој се оценуваа вина од сортите Grenache Blanc и Grenache Noir, Grenache Blanc Special Selection доби златен медал, додека виното Bela Voda (бело) беше наградено со сребрен медал. Развојни перспективи Развојните перспективи за 2014 година се главно во три категории: - Пазар - Организација - Процеси Во насока на посилен раст во продажбата, промената на дистрибутерот во Србија значително би придонела за подобри резултати. За пазарот во Босна се планира промена на постојниот, односно започнување соработка со нови дистрибутери. Пазарот во Хрватска во 2014 година со засилен фокус би се стимулирал дополнително како би се зголемила продажбата. За линијата Alexandira Cuvée е планирано освежување што позитивно би влијаело на премиум сегментот на вина. Во текот на 2014 година се планирани бројни организациски активности и мерки што би придонеле кон финализирање на организациската структура. Во склоп на ова е и консолидирањето и централизирањето на протокот на податоци релевантни за секторите логистика, набавка, магацини и полнилница. Од технолошки аспект, планирана е набавка на опрема за микровинификација и почеток на процесот за реконструкција поддржан од ИПАРД-фондот. Во насока на зголемена ефикасност во организацијата, уште во 2013 година се започна со имплементација на процедури и контролни механизми, како, на пример, кредитната контрола. Во 2014 година е предвидено продлабочување на постојните системи за поквалитетно менаџирање на процесите во насока на консолидација и квалитетен проток на податоци. Значајно ќе биде и одржувањето на континуитетот во креирањето, имплементацијата и мониторингот на процедурите за користење на клучните компаниски ресурси. 37 of 49

Финансиски резултати Биланс на успех за 2013 година 38 of 49

Вкупните приходи од продажбата во 2013 година во износ од 1,081 милиони денари се пониски за 8% односно за 96 мил. денари, како резултат на намалената продажба на наливно вино и дестилат во 2013 година споредено со претходната година. Приходите од продажбата на домашниот пазар се повисоки за 3%, односно за 19,4 мил. денари, додека, пак, приходите од продажбата на странските пазари се пониски за 19%, како резултат на намалената продажба на наливен производ и намалената продажба на флаширан производ во Србија. Сите други пазари бележат пораст на приходите генерирани од флаширан производ. Oстанатите приходи исто така бележат зголемување од 17% или 9,7 мил. денари. Приходите по основ на субвенции за извоз на флаширано вино изнесуваа 12,5 милиони денари. Финансиските приходи забележаа намалување од 5,4 милиони денари. Приходите по сите основи во 2013 година беа во износ од 1,143 милиони денари. Вкупните расходи во 2013 година во износ од 1,138 милиони денари се пониски за 8% или 92 мил. денари. Ова се должи во најголем дел како резултат на пониски финансиски расходи за 9% или 7,1 мил. денари и ефект на трошоци содржани во залихи. Како резултат на горенаведеното, добивката пред оданочување за 2013 година е во износ од 4,9 мил. денари. Данокот на добивка во износ од 3,3 милиони денари резултира со нето-добивка за 2013 година во износ од 1,6 мил. денари. Консолидираните финансиски извештаи ги вклучуваат финансиските извештаи на ВВ Тиквеш, Винојуг ДООЕЛ Гевгелија и Машински сервис ДООЕЛ Кавадарци и не се разликуваат значајно од посебните финансиски извештаи. Консолидираните вкупни приходи се на износ од 1,145 мил. денари, а консолидираните вкупни расходи на износ од 1,140.2 мил. денари, со што се оствари консолидирана добивка пред оданочување од 4,8 милиони денари. Данокот на добивка е на износ од 3,3 мил. денари а консолидираната нето добивка на износ од 1,5 мил. денари. 39 of 49

Биланс на состојба на ден 31 декември 2013 година 40 of 49

Директните зголемувања на материјалните средства во 2013 година се во износ од 64 мил. денари. Со најголемо учество во овие зголемувања, влегуваат инвестициите во градежни објекти во износ од 39 мил. денари и постројки и опрема во износ од 23 мил. денари. Нетековните средства беа на релативно исто ниво како и во 2012 година. Оптимализацијата на залихите што беше остварена во 2012 година, овозможи во 2013 година да се реализира откуп на релативно поголем износ што резултираше и со зголемување на залихите за 11% или за 102 мил. денари. Во 2013 година посебно се посвети внимание на постојниот систем на кредитна контрола што резултираше со намалување на краткорочните побарувањата од продажба за 40 мил. денари или 8% во споредба со претходната година. Вкупните обврски во однос на 2012 година се зголемија само за 25,8 мил. денари. Ова е резултат на нето-разликата од зголемените тековни обврски за 173 мил. денари (во најголем дел откуп на грозје) и намалените долгорочни обврски по основ на отплата на кредити за 147,2 мил. денари. Консолидираните обврски се на износ од 1,447 мил. денари т.е се повисоки за 1,3 мил. денари од обврските во посебните извештаи, додека консолидираните средства на износ од 2,898 мил. денари се пониски за 2 мил. денари. 41 of 49

Извештај за парични текови за 2013 година Нето-паричните текови од оперативните активности во 2013 година се зголемија за 71,2 мил. денари во споредба со 2012 година. Паричните текови од вложувачки активности во износ од 50,7 мил. денари и паричните текови од финансиски активности во износ од 117,6 мил. денари резултираа со релативно исто ниво на парични средства на крај на годината во 2013-та, како и во 2012 година. 42 of 49

Извештај за промени во главнината за 2013 година 43 of 49

Финансиски показатели Показатели за финансиска ликвидност 2013 2012 Тековна ликвидност 67.9% 100.3% Општа ликвидност 217.2% 283.2% Работен капитал 800,176 918,771 Во 2013 и 2012 година се постигна оптимална тековна ликвидност, а работниот капитал има тенденција на движење кон оптимално ниво. Показатели за финансиска стабилност 2013 2012 Финансиска сигурност 50.0% 50.4% Степен на кредитна способност Степен на 158.2% 164.7% самофинансирање 60.0% 61.5% Во 2013 година се задржа оптималната финансиска сигурност, т.е главнината и резервите учествуваат со 50% во вкупната пасива. Степенот на кредитна способност и показателот за самофинансирање е речиси на исто ниво како и претходната година. 44 of 49

Показатели за деловна успешност 2013 2012 Коефициент на обрт на вкупните средства 0.39 0.43 Коефициент на обрт на нетековните средства 0.82 0.86 Вкупни приходи (во 000 мкд) 1,143,087 1,233,439 Вкупни расходи (во 000 мкд) 1,138,141 1,230,998 ДОБИВКА/ЗАГУБА 4,946 2,440 НЕТО ДОБИВКА / НЕТО ЗАГУБА 1,570 167 Нето добивка по работник (во мкд) 6 1 Просечна бруто плата по работник (во мкд) 31,343 29,884 Просечен број на вработени врз основа на часови на работа 245 249 Во 2013 година со ангажираност на единица деловни средства се остварија приходи во износ од 0,39 денари. Остварената добивка во 2013 година е за 2,5 милиони денари повисока од претходната година и учествува со 0,4% во вкупниот приход. 45 of 49

Извештај за трансакции со поврзани субјекти 46 of 49

47 of 49

Извештај на независниот ревизор 48 of 49

49 of 49