Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 21 УДК: 551.435.8(497.7) ПОВРШИНСКА РАСПРОСТРАНЕТОСТ НА КАРСТНИТЕ КАРПИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Марјан ТЕМОВСКИ докторант по карстологија, Факултет за постдипломски студии, Универзитет во Нова Горица, Словенија Владо Стојаноски 37а, Прилеп, e-mail: temovski_m@yahoo.com ИЗВОД Извршена е дигитализација на површинската распространетост на карстните карпи (варовници; мермери; бигорливи варовници, бигори и травертин; карбонатни шкрилци и мермери; гипс и анхидрит) користејќи ја основната геолошка карта на СФРЈ во размер 1:100 000 (листовите кои се однесуваат на Македонија), при што се дигитализирани вкупно 1443 полигони, со вкупна планарна површина од 3078,46 km 2, што претставува 11,97 % од вкупната површина на Р.Македонија (25713 km 2 ). Врз основа на дигитализираните податоци беа пресметани површините на карстните карпи според типот и староста, при што најголемиот дел се мермери со 51,05 %, додека според староста најзастапени се тријаските (варовници и доломити) со 37 %. Изготвени се и две карти на површинска распространетост на карстните карпи: според типот на карпите и според староста на карпите, а воедно извршена е и пресметка на застапеноста на карстните карпи по општини, при што како општина со најголема површина на карстни карпи се издвојува општината Македонски Брод со површина од 531,72 km 2. Векторските податоци и дигиталните карти ќе послужат како основа за понатамошни проучувања на карстот во Македонија, лесно ќе може да се комбинираат со останати податоци (раседи, пештери, карстни извори, врнежи, морфометриски анализи на теренот и др.), а ќе послужат и за што попрецизно дефинирање и систематизација на карстните терени во Македонија. Клучни зборови: карстни карпи, распространетост, Македонија, карта ABSTRACT Digitalization of karst rock outcrops in Macedonia was carried using the Basic geological map of SFRJ published in 1 : 100 000 scale (sheets covering Republic of Macedonia). The work resulted with 1443 polygons being digitized, with total planar area of 3078.46 km 2 which is 11.97 % of the total area of Republic of Macedonia (25713 km 2 ). Area of karst rock outcrops was calculated using the vector
22 Темовски М. Површинска распространетост на карстните карпи... data from the digitalization, with marbles being the most common rock type (51.05 %), and Triassic (limestone and dolostone) with 37 % the most common rock age. Also two maps of karst rock outcrops were produced, one based on karst rock types, the other based on age of karst rocks, and area of karst rock outcrops in municipalities was calculated, with municipality Makedonski Brod having the biggest karst rock outcrop area of 531.72 km 2. The data and maps produced can be used for future research combining with other data such as cave and spring locations, precipitation, faults, morphometric terrain analyses etc., as well as for more precise definition and systematization of karst in Macedonia. Keywords: karst rocks, extension, Macedonia, map ВОВЕД Карстот претставува посебен терен формиран врз силно растворливи и испукани карпи, што резултира со развој на посебни релјефни форми (карстни релјефни форми; пр. карстни полиња, вртачи, пештери и др.) и подземна (карстна) хидрографија. Карстните карпи најчесто се претставени со карбонатни карпи, како варовници, мермери и доломити, но карст се формира и врз евапоритни карпи како гипс и анхидрит (Ford & Williams, 2007). Во понатамошниот текст под поимот карстни карпи ќе бидат опфатени карбонатни и евапоритни карпи. Најголемиот дел од карбонатните карпи се подложни на карстификација, меѓутоа не сите се добро карстифицирани. Со оглед на тоа, вкупната површина на која се распространети карбонатните карпи претставува горна граница на површината на која може да се очекува појава на карстот. Имено доста често се случува површинскиот карст да не е добро претставен, но да е поврзан со доста развиен подземен карст (Ford & Williams, 2007). Што се однесува до евапоритните карпи, со оглед на нивната голема растворливост, веројатноста за формирање на карст кај нив е доста голема. Според тоа познавањето на распространетоста и разместеноста на карстните карпи на одредена територија претставува добра почетна точка за понатамошни проучувања на карстот. Вкупната површина на карстните карпи во Македонија (разгледувани се само карбонатните карпи), според Андоновски (1981) изнесува 2440 km 2 (9,5 % од територијата на Македонија), додека според Колчаковски & Бошковска (2007) изнесува 2724 km 2 (10,6 %). Податокот на Колчаковски & Бошковска (2007) е придружен со доста генерализирана, ситноразмерна карта (слика 1) на разместеноста на карбонатните карпи (Колчаковски, 2001). Различна карта, но со слични детали и размер е дадена и од Кекиќ (1980).
Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 23 Слика 1. Распространетост на карстните карпи според Колчаковски, 2001 (лево) и Кекиќ, 1980 (десно). Поради малата прецизност на овие карти (што е резултат на ситниот размер и генерализацијата), се јави потребата од изработка на нова, прецизна дигитална карта и база на податоци користејќи ГИС методи. Оваа дигитална карта ќе послужи како основа за понатамошни проучувања на карстот во Македонија, лесно ќе може да се комбинира со останати податоци (раседи, пештери, карстни извори, врнежи, морфометриски анализи на теренот и др.), а ќе послужи и за што попрецизно дефинирање и систематизација на карстните терени во Македонија. МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ Како основа за изработка на дигиталната карта на распространетост на карстните карпи во Македонија беше користена основната геолошка карта на СФРЈ во размер 1 : 100 000 (листовите кои се однесуваат на територијата на Република Македонија). За таа цел 22 листови на кои површински се застапени карстни карпи беа скенирани и геореференцирани во гаус-кригерова проекција. За потребите на дигитализацијата беше изработен шифрарник во кој беше дефинирано кои литолошки единици ќе бидат дигитализирани. Одредени проблеми произлегоа со литолошките единици кои покрај карстни карпи, содржат и кластични карпи (најчесто карстните карпи се застапени како помали леќи и не се посебно издвоени на картите). Во тој случај истите не беа опфатени со дигитализацијата.
24 Темовски М. Површинска распространетост на карстните карпи... Слика 2. Дигитализација на карбонатните карпи во софтверскиот пакет Global Mapper. Дигитализацијата беше извршена во софтверскиот пакет Global Mapper, при што беше креирана база со податоци за секој полигон на површински претставени карстни карпи. Базата на податоци се состои од 11 атрибути (табела 1), при што за 7 од нив податоците беа добиени од геолошките карти (опис, извор, симбол, и четири атрибути за старост на карпите: ера, период, епоха, доба); за 3 атрибути податоците беа добиени при дигитализацијата (површина, површина на острови, периметар), додека 1 атрибут се однесува на типот на карстните карпи, дефиниран со 6 можни вредности (варовници; мермери; бигорливи варовници, бигори и травертин; карбонатни шкрилци и мермери; гипс и анхидрит), во зависнот од описот даден за секоја литолошка единица. Табела 1. Атрибути на полигоните во базата на податоци. атрибут Ера период епоха Доба извор опис на атрибутот атрибути за старост на карпите листот од геолошката карта каде се наоѓа извор на податоци податоци добиени од геолошка карта
Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 25 Опис симбол површина површина на острови периметар Тип описот на литолошката единица симболот за литолошката единица планарна површина планарна површина на острови од други карпи во полигонот периметар на полигонот тип на карстни карпи податоци добиени со дигитализацијата податок доделен на полигонот Податоците за општините беа добиени со дигитализација на општинските граници од административната карта на Република Македонија во размер 1 : 260 000 (ЈППУП, 2005). Користејќи ги податоците од дигитализацијата, во софтверскиот пакет ArcMap беа изработени две карти карти на површинска распространетост на карстните карпи: според типот на карпите (прилог 1) и според староста на карпите (прилог 2). РЕЗУЛТАТИ И ДИСКУСИЈА Во процесот на изработка вкупно беа дигитализирани 1443 полигони, со вкупна планарна површина од 3078,46 km 2, што претставува 11,97 % од вкупната површина на Р.Македонија (25713km 2 ). Од карбонатните карпи застапени се варовници, мермери, бигори, травертин, доломит, карбонатни шкрилци, додека евапоритните карпи се претставени со мали површини на гипс и анхидрит, северно од Дебар. Староста на карпите се движи од прекамбриум до квартер (табела 2). Табела 2. Површинска распространетост на карстните карпи во Р.Македонија според типот и староста карбонатн и карпи / старост (km 2 ) предкамбриум палеозоик тријас мезозоик јура креда палеоген кенозоик неоген и квартер ВКУПНО мермери 966,17 605,29 1571,45 варовни ци 1116,52 67,34 139,74 11,2 1337,05 доломити 22,53 20,29
26 бигорливи варовни ци, бигори и травертин карбонат ни шкрилци и мермери гипс и анхидрит ВКУПНО 966,17 694,13 Темовски М. Површинска распространетост на карстните карпи... 58,67 58,67 88,84 88,84 2,15 2,15 1139,06 67,34 141,89 11,2 58,67 3078,46 (11,97 1348,29 69,87 %) Најголемиот дел од карстните карпи се мермери (51,05 %) и варовници (43,36 %), потоа карбонатни шкрилци и мермери (2,89 %), езерски и изворски карбонати: бигорливи варовници, бигори и травертин (1,91 %), доломити (0,73 %) и евапорити: гипс и анхидрит (0,07 %). Што се однесува до староста, најголемиот дел од карстните карпи се тријаски (варовници и доломити) со 37 %, па следат прекамбриумски (мермери) со 31,38 % и палеозојски (мермери, карбонатни шкрилци) со 22,55 %. Помали површини се претставени со кредни варовници и евапорити (4,61 %), јурски варовници (2,19 %), палеогени (еоценски) варовници со 0,36 % и неогени и квартерни (бигорливи варовници, бигори и травертин) со 1,91 %. Основна карактеристика на површинската распространетост на карстните карпи е што не зафаќаат некоја поголема површина, туку се раздвоени во поголеми или помали делови оази (Манаковиќ, 1980; Колчаковски, 2001). Најголемиот полигон е претставен со прекамбриумски (доломитски) мермери, зафаќа површина од 427,49 km 2 (13,89 % од вкупната површина на карстни карпи), и го опфаќа просторот на Порече и преку Сува Планина до с. Говрлево (слика 3). Најголемата континуирана површина (два или повеќе споени полигони) изнесува 1017,38 km 2 (33,05 % од вкупната површина на карстни карпи) и го опфаќа претходно спомнатиот полигон, заедно со теренот на масивот Јакупица, Сува Гора и Осој, при што 171,89 km 2 се тријаски (варовници и доломити), 7,85 km 2 се палеозојски (карбонатни шкрилци и мермери) додека 837,64 km 2 се прекамбриумски (мермери, доломитски мермери и циполини). Сепак со оглед на тоа дека најголемиот дел од карпите во оваа континуирана карстна површина е изграден од доломитски мермери, формиран е типичен флувиокарстен површински релјеф. Истото не спречило формирање на позначајни подземни карсни форми, како на пр. Словачка Јама (2466 m/-598 m), Солунска 5 (- 450 m), Солунска Јама (-274 m), Леденик (-200 m) и др., и појава на
Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 27 значајни карстни извори како Коритиште, Белички извори, изворот на Бабуна и др. Слика 3. Поглед на најголемиот полигон, најголемата континуирана површина и општината со најголема површина под карстни карпи. Од административен поглед (табела 3), во однос на распространетоста на карстните карпи по општини, од вкупно 84 општини во Република Македонија, 18 општини воопшто немаат карстни карпи, 7 општини имаат површина на карстни карпи до 1 km 2, 20 општини имаат површини од 1 до 10 km 2, 23 се со површина меѓу 10 и 50 km 2, 6 од 50 до 100 km 2. Девет општини имаат површина на карстни карпи меѓу 100 и 200 km 2, и тоа: Маврово и Ростуше, Струга, Охрид, Другово, Кавадарци, Сопиште, Прилеп, Гостивар и Желино, додека општина со најголема површина на карстни карпи е Македонски Брод со 531,72 km 2. Десетте општини со повеќе од 100 km 2 површина на карстни карпи прават 65 % од вкупната површина на карстни карпи во Република Македонија.
28 Темовски М. Површинска распространетост на карстните карпи... Табела 3. Преглед на застапеноста на карстните карпи по општини. р.б. Општина површина (km 2 ) површина на карстни карпи (km 2 ) затапеност на карстни карпи во општина (%) застапеност во однос на карстните карпи во Р.М. (%) 1. Македонски Брод 882,06 531,72 60,28 17,27 2. Маврово и Ростуше 679,28 182,14 26,81 5,92 3. Струга 488,99 175,48 35,89 5,70 4. Охрид 390,93 173,35 44,34 5,63 5. Другово 380,73 171,81 45,13 5,58 6. Кавадарци 998,78 169,84 17,00 5,52 7. Сопиште 222,34 159,72 71,84 5,19 8. Прилеп 1187,10 150,25 12,66 4,88 9. Гостивар 524,79 145,82 27,79 4,74 10. Желино 201,84 128,39 63,61 4,17 11. Брвеница 164,60 99,32 60,34 3,23 12. Сарај 230,49 95,69 41,52 3,11 13. Ресен 550,45 90,06 16,36 2,93 14. Дебарца 419,90 83,09 19,79 2,70 15. Демир Хисар 477,38 66,70 13,97 2,17 16. Јегуновце 174,67 55,00 31,49 1,79 17. Куманово 509,26 47,50 9,33 1,54 18. Тетово 263,05 46,32 17,61 1,50 19. Чашка 817,21 39,48 4,83 1,28 20. Студеничани 276,17 33,65 12,19 1,09 21. Велес 438,78 32,82 7,48 1,07 22. Зајас 161,85 32,67 20,18 1,06 23. Новаци 752,49 30,49 4,05 0,99 24. Струмица 320,65 24,69 7,70 0,80 25. Центар Жупа 113,57 22,44 19,76 0,73 26. Гевгелија 487,32 22,07 4,53 0,72 27. Вранештица 110,55 20,65 18,68 0,67 28. Дебар 150,71 17,28 11,46 0,56
Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 29 29. Дојран 130,51 15,98 12,24 0,52 30. Боговиње 141,54 15,91 11,24 0,52 31. Валандово 329,19 15,09 4,58 0,49 32. Демир Капија 307,55 14,72 4,79 0,48 33. Росоман 137,05 14,64 10,68 0,48 34. Градско 283,83 14,36 5,06 0,47 35. Чучер Сандево 242,67 11,63 4,79 0,38 36. Пласница 54,17 11,06 20,42 0,36 37. Долнени 417,88 10,29 2,46 0,33 38. Радовиш 501,66 10,28 2,05 0,33 39. Конче 233,51 10,03 4,29 0,33 40. Липково 267,93 9,45 3,53 0,31 41. Карбинци 230,91 9,30 4,03 0,30 42. Старо Нагоричане 433,69 7,25 1,67 0,24 43. Чешиново и Облешево 133,42 6,00 4,49 0,19 44. Ѓорче Петров 66,93 5,31 7,93 0,17 45. Василево 230,38 4,64 2,02 0,15 46. Петровец 201,97 4,59 2,27 0,15 47. Делчево 425,58 4,56 1,07 0,15 48. Вевчани 22,97 4,52 19,66 0,15 49. Кичево 48,88 4,35 8,90 0,14 50. Свети Николе 481,67 3,52 0,73 0,11 51. Карпош 34,38 3,32 9,65 0,11 52. Теарце 136,99 2,73 1,99 0,09 53. Пробиштип 326,16 2,27 0,70 0,07 54. Виница 430,12 2,04 0,47 0,07 55. Штип 598,87 1,96 0,33 0,06 56. Врапчиште 158,43 1,96 1,24 0,06 57. Неготино 416,10 1,80 0,43 0,06 58. Зрновци 50,93 1,36 2,66 0,04 59. Кисела Вода 31,36 1,32 4,21 0,04 60. Осломеј 120,29 0,93 0,77 0,03 61. Зелениково 176,45 0,89 0,50 0,03 62. Гази Баба 112,70 0,74 0,66 0,02
30 Темовски М. Површинска распространетост на карстните карпи... 63. Арачиново 31,56 0,53 1,67 0,02 64. Богданци 115,98 0,18 0,16 0,01 65. Шуто Оризари 7,54 0,07 0,93 0,002 66. Кратово 374,23 0,06 0,02 0,002 67. Центар 7,23 0,003 0,046 0,0001 68. Берово 602,12 0 0 0 69. Битола 788,77 0 0 0 70. Босилово 161,32 0 0 0 71. Илинден 96,95 0 0 0 72. Кочани 360,13 0 0 0 73. Крива Паланка 480,26 0 0 0 74. Кривогаштани 96,25 0 0 0 75. Крушево 190,18 0 0 0 76. Лозово 152,68 0 0 0 77. Македонска Каменица 189,29 0 0 0 78. Могила 258,55 0 0 0 79. Ново Село 239,58 0 0 0 80. Пехчево 206,63 0 0 0 81. Ранковце 239,70 0 0 0 82. Аеродром 23,39 0 0 0 83. Бутел 54,38 0 0 0 84. Чаир 3,10 0 0 0 ЗАКЛУЧОК Со дигитализација на карстните карпи во Република Македонија, користејќи ја Основната геолошка карта на СФРЈ (листовите кои се однесуваат на територијата на Р. Македонија) во размер 1:100 000, добиени се 1444 полигони, за кои е изготвена база на податоци со 11 атрибути (7 со податоци добиени од геолошките карти, 3 со податоци добиени за време на дигитализацијата и 1 атрибут за типот на карст ните карпи). Вкупната површина под карстни карпи во Република Македонија изнесува 3078,46 km 2, што претставува 11,97 % од површината на Републикa Македонија. Најголемиот дел од карстни карпи се мермери (51,05 %) и варовници (43,36 %), па следуваат карбонатни шкрилци и
Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 31 мермери (2,89 %), бигорливи варовници, бигори и травертин (1,91 %), доломити (0,73 %) и евапорити: гипс и анхидрит (0,07 %). Според староста најголемиот дел од карстните карпи се тријаски (37 %), па следат прекамбриумски (31,38) и палеозојски (22,55 %). Помали површини се претставени со кредни варовници и евапорити (4,61 %), јурски варовници (2,19 %), палеогени (еоценски) варовници со 0,36 % и неогени и квартерни (бигорливи варовници, бигори и травертин) со 1,91 %. Од административен поглед, од вкупно 84 општини во Република Македонија, 18 општини воопшто немаат карстни карпи, 7 општини имаат површина на карстни карпи до 1 km 2, 20 општини имаат површини од 1 до 10 km 2, 23 се со површина меѓу 10 и 50 km 2, 6 од 50 до 100 km 2, 9 општини имаат површина на карстни карпи меѓу 100 и 200 km 2, додека општина со најголема површина на карстни карпи е Македонски Брод со 531,72 km 2. Користејќи ги податоците добиени со дигитализацијата изготвени се и две карти на површинска распространетост на карстните карпи во Република Македонија: според староста и типот на карпите. Векторските податоци и дигиталните карти ќе послужат како основа за понатамошни проучувања на карстот во Македонија, лесно ќе може да се комбинираат со останати податоци (раседи, пештери, карстни извори, врнежи, морфометриски анализи на теренот и др.), а ќе послужат и за што попрецизно дефинирање и систематизација на карстните терени во Македонија. ЛИТЕРАТУРА Андоновски Т. (1981): Преглед на карстните подземни облици во СР Македонија, Осми југословенски спелеолошки конгрес, Белград, стр. 207-213 Думурџанов Н., Ивановски Т. (1978): Толкувач за листовите Охрид и Поградец, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-51 Думурџанов Н., Стојанов Р., Петровски К. (1979): Толкувач за листот Крушево, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-58 Думурџанов Н., Христов С., Павловски Б., Иванова В. (1981): Толкувач за листовите Витолиште и Кајмакчалан, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-61 Карајовановиќ М., Ивановски Т. (1979): Толкувач за листовите Битола и Лерин, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-58 Ивановски Т., Ракичевиќ Т. (1970): Толкувач за листот Гевгелија, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-52 ЈППУП - Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови (2005): Административна карта на Р. Македонија, Министерство за локална самоуправа, Скопје
32 Темовски М. Површинска распространетост на карстните карпи... Јанчевски Ј., Галабов К., Темкова В. (1984): Толкувач за листот Скопје, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр.1-57 Карајовановиќ М., Хаџи-Митрова С. (1982): Толкувач за листот Велес, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр.1-66 Карајовановиќ М., Христов С. (1972): Толкувач за листот Куманово, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-58 Каровиќ Ј., Коскал М., Менкович Љ. (1982): Толкувач за листот Призрен, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр.1-58 Кекиќ А. (1980): Значај карстних терена за водоснабдевање у СР Македонији, Седми југословенски спелеолошки конгрес, Титоград стр. 222-232 Ковачевиќ М., Петковски П., Темкова В. (1981): Толкувач за листот Делчево, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-55 Колчаковски Д. (2001): Спелеоморфолошки карактеристики на карстниот релјеф во Република Македонија, Географски разгледи, 36, МГД, Скопје, стр. 23-34 Колчаковски Д., Бошковска Г. (2007): Распространетост и старост на карбонатните карпи во Република Македонија, Билтен за физичка географија, Институт за географија ПМФ, 3/4, Скопје, стр. 77-82 Манаковиќ Д. (1980): Оазни тип карстне хидрографије Македоније. Седми југословенски спелеолошки конгрес, Титоград, стр. 293-309 Основна геолошка карта на СФРЈ, 1:100 000, листови: Битола, Велес, Витолиште, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Кавадарци, Кајмакчалан, Качаник, Кичево, Кожуф, Крушево, Куманово, Охрид, Подградец, Призрен, Прилеп Скопје, Струмица, Ќустендил, Штип, Сојузен геолошки завод, Белград Петковски П. (1982): Толкувач за листот Гостивар, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-75 Петковски П., Ивановски Т. (1980): Толкувач за листот Кичево, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-69 Петковски П., Павиќ А., Каровиќ Ј., Менковиќ Љ. (1985): Толкувач за листот Качаник, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр.1-72 Ракиќевиќ Т., Думурџанов Н., Петковски П. (1976): Толкувач за листот Штип, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-70 Ракиќевиќ Т., Ковачевиќ М., Радовиќ Н., Пенџерковски Ј. (1980): Толкувач за листот Струмица, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-69 Ракичевиќ Т., Пенџерковски Ј., (1970): Толкувач за листот Кожуф, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-52 Ракиќевиќ Т., Стојанов Р., Арсов М. (1973): Толкувач за листот Прилеп, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр.1-65 Ford D., Williams P. (2007): Karst hydrogeology and geomorphology. Wiley, Chichester, 576 Христов С., Карајовановиќ М., Јанчевски Ј., Иванова В. (1976): Толкувач за листот Кратово и Ќустендил, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр. 1-68
Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 33 Христов С., Карајовановиќ М., Страчков М. (1973): Толкувач за листот Кавадарци, Основна геолошка карта на СФРЈ, Сојузен геолошки завод, Белград, стр.1-62 EXTENSION OF KARST ROCK OUTCROPS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA Marjan TEMOVSKI SUMMARY With the digitalization of the karst rock outcrops in Republic of Macedonia, using the the Basic geological map of SFRJ published in 1 : 100 000 scale (sheets covering Republic of Macedonia), 1443 polygons were digitized and data base was created with 11 atributs for every polygon (7 with data obtained from the geological maps, 3 with data produced with the digitalization and 1 atribute for the type of karst rock). Total planar area of karst rock outcrops in Republic of Macedonia is 3078.46 km 2, which is 11.97 % of the total area of the country. Most of karst rock outcrops are marbles (51.05 %) and limestones (43.36 %), the carbonate shist and marble (2.89 %), tuffaceous limestone, tuffa and travertin (1.91 %), dolostone (0.73 %) and gypsum & anhydrite (0.07 %). Regarding the age of the rocks, most of them are Triassic (37 %), Precambrian (31.38 %) and Paleozoic (22.55 %). Smaller areas have Cretaceous (4.61 %), Jurassic (2.19 %), Paleogene (0.36 %) and Neogene & Quaternary age (1.91 %). From the 84 municipalities present in Republic of Macedonia, 18 don t have karst rocks, 7 have areas less than 1 km 2, 20 have from 1 to 10 km 2, 23 from 10 to50 km 2, 6 from 50 to 100 km 2, 9 have area of karst rock outcrops between 100 и 200 km 2, and the municipality with largest area of karst rock outcrops is Makedonski Brod with 531.72 km 2. Using the data produced with the digitalization, two maps of karst rock outcrops were produced: one based on karst rock types, the other based on age of karst rocks.the data and maps produced can be used for future research combining with other data such as cave and spring locations, precipitation, faults, morphometric terrain analyses etc., as well as for more precise definition and systematisation of karst in Macedonia.
34 Темовски М. Површинска распространетост на карстните карпи...
Географски разгледи (46) 21-35 (2012) 35