Б. КОНЕСКИ КОДИФИКАТОР НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЛИТЕРАТУРНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО СОВРЕМЕН КОНТЕКСТ

Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Структурно програмирање

Виолета Николовска ЈАЗИЧНА АРХЕОЛОГИЈА

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Биланс на приходи и расходи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Биланс на приходи и расходи

БЛАЖЕ КОНЕСКИ И НЕГОВИОТ ОДНОС КОН ТУРЦИЗМИТЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Примената на јазичните теории од Прашката школа во македонската лингвистика

За Некои турски јазични елементи и НивНата фонетска адаптација во МакедоНСкиот јазик

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО НАУКА ВО СВЕТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

ГРЕШКИ ВО СИНТАКСИЧКАТА ПРОДУКЦИЈА ПРИ УСВОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ КАКО ВТОР/СТРАНСКИ ЈАЗИК. Марија Паунова (Скопје)

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Заменките во словенски и балкански контекст

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Смислата на учењето на класичните јазици денес

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Коисмение.Штозначиме.

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

Преглед на државите во Западна Африка

Task Force Education And Youth

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР МАРКО ЦЕПЕНКОВ INSTITUTE OF FOLKLORE "MARKO CEPENKOV" МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР MACEDONIAN FOLKLORE

Археологија: теории, методи и практики. ISBN: Табернакул страници

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Грчкиот терор врз македонското население на Грција. Macedonia and the Ugly Human Rights Record of Greece

Мобилност МК Mobility MK

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

КУЛТУРАТА, ДРУГОСТА И ЛИТЕРАТУРАТА. Ранко Младеноски Филолошки факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, Македонија

РАЦИНОВИОТ ДУХ ВО СТИХОВИТЕ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ. Клучни зборови: Конески, Рацин, поезија, експликации, импликации.

Таков сум - каков што сум: Не безгрешен, туку грешен, Гладен, страден, безутешен. Таков сум - како што сум, Немирен и смирен, недопирен,

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПОЛИФУНКЦИОНАЛНOСТА НА ДА НЕ-ПРАШАЊАТА

ПРОЕКТОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО : ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

UNIVERZITETSKI BILTEN

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

БЕЛЕШКИ ЗА ЈАЗИКОТ НА ХЕМИЈАТА 11. ЗА ПЕРИОДИЧНАТА ТАБЛИЦА И ЗА АГРЕГАТНАТА СОСТОЈБА НА АТОМОТ ОД ЦИНКОТ. Бојан Шоптрајанов

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

КЛИМЕНТОВОТО ДЕЛО ST. KLIMENT S LIFEWORK

Сузана МИОВСКА-СПАСЕВА УДК: :

Zaedni~koto u~ewe e zabavno! Kako malite deca go u~at angliskiot jazik kako drug jazik

Методи на финансиска анализа

UNIVERZITETSKI BILTEN

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ ВО РАБОТАТА СО ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

политичка мисла political thought Надворешна политика и аспекти на меѓународната диломатија Foreign policy and aspects of international diplomacy

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Модели на безбедна и стабилна интеграција сто години по Првата светска војна

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ Дидактика

политичка мисла political thought 20 Години од донесувањето на Уставот на Република Македонија

УПОТРЕБАТА НА ЕВРОПСКОТО ЈАЗИЧНО ПОРТФОЛИО ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ И РАЗВИВАЊЕ АВТОНОМИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ Марија Кусевска 1.

За наставата по македонски јазик како втор (немајчин или странски) во Република Македонија и надвор од неа

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

TEORITË PËR IDENTITETIN NË GLOBALIZIM ТЕОРИИ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА THEORIES OF IDENTITY IN GLOBALIZATION

РАЗЛИЧНАТА УПОТРЕБЛИВОСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Transcription:

Б. КОНЕСКИ КОДИФИКАТОР НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК Виолета Николовска 1 Факултет за образовни науки Универзитет Гоце Делчев - Штип violeta.nikolovska@ugd.edu.mk Апстракт: Словото бара да остави трага. Сесловенските просветители, СВ. Кирил и Методиј ни ја оставија писменоста во наследство, како можност за оставање на траен белег во ризницата на човековото знаење. Нивните ученици Св. Климент и Св. Наум ја продолжија нивната дејност. Секое време во кое живееме нè пред свои барања, пред избори кои треба да ги направиме, траги кои треба да ги оставиме зад нас. Пред македонскиот јазик, во половината на XX век, се постави барање за негова кодификација. Во трудот ќе се осврнеме на улогата на Б. Конески како кодификатор на македонскиот литературен јазик. Конески е современик на трите клучни моменти во развојот на македонската културна историја: воведувањето на македонскиот јазик како службен, со акт на 02. 08. 1944; прогласувањето и воведувањето на македонската азбука и донесувањето на решение за македонски правопис. Во изборот на јазични решенија што ги предлага, Конески е 1

оквалификуван како граматичар со поетска интуиција. Во трудот ќе се задржиме и на некои негови оригинални јазични решенија при создавањето на Граматиката на македонскиот литературен јазик. Kлучни зборови: зборообразувачки модели. кодификација, јазично прашање, лексика, B. KONESKI CODER OF THE MACEDONIAN STANDARD LANGUAGE Violeta Nikolovska 1 Faculty of Educational Sciences, University Goce Delchev - Shtip, Republic of Macedonia violeta.nikolovska@ugd.edu.mk Abstract: The word requires to leave a trace. The Slavic enlighteners, Ss Cyril and Methodius left literacy to us as our heritage, as an opportunity for leaving a lasting mark in the treasury of human knowledge. Their students, St. Clement and St. Naum, continued their activity. Any time we live in sets its own requirements before us, it presents us with choices we should make and traces we should leave behind us. In the middle of XX century Macedonian language was faced with a claim for its codification. This paper will look at the role of B. Koneski as the coder of the Macedonian literary language. Koneski was a contemporary during the three key moments in the development of the Macedonian cultural history: the introduction of Macedonian as the official language with the act of 02. 08. 1944; 2

proclamation and the introduction of the Macedonian alphabet, and the adoption of the decision for Macedonian spelling. In the choice of language solutions he proposed, Koneski was qualified as a grammarian with poetic intuition. This paper will focus on some of his original language solutions in the creation of the "Grammar of the Macedonian literary language." Keywords: codification, language issue, vocabulary, word formation models. 1. Вовед Времето во кое живееме во голема мера го одредува нашиот живот. Нѐ поставува пред барања што треба да ги исполниме, нѐ поставува пред избори кои треба да ги направиме. Времето во кое живееше и твореше, во својот најплоден период, нашиот истакнат деец Б. Конески беше време во кое се раѓаше и зацврстуваше еден нов стандарден јазик македонскиот јазик. Конески е современик на трите клучни моменти во развојот на македонската културна историја: на 02 август 1944, со решение на АСНОМ македонскиот јазик се воведува како службен јазик во македонската држава; на 05 мај 1945 со решение на Народната влада на Федеративната Република Македонија се прогласува и воведува македонската азбука и на 07 јуни 1945 година Министерството за народна просвета донесува решение за македонскиот правопис. За тоа како се одвиваше решавањето на македонското јазично прашање уште пред ослободувањето и непосредно по ослободувањето, ќе се повикаме на Конески, живиот сведок и учесник во овој процес: Колку што се ближеше денот на ослободувањето на нашата земја од фашистичките окупатори, сѐ поголема актуелност мораше да придобива прашањето, во каков дефинитивен облик ќе се установи македонскиот литературен јазик. Сето тоа беше во најбитното доволно изјаснето од претходниот книжевен развиток, како пред војната, така и во текот на Народноослободителната борба. Јасно беше, на пример, дека основата за нашиот литературен јазик ја даваат централните говори; а тоа е токму суштественото. Исто така, јасно беше од дотогашната практика дека фонетскиот принцип ќе се примени при дефинитивното установување на азбуката и правописот. Но надвор од тоа, и во поглед на формите на литературниот јазик, и во поглед на неговата азбука и правопис, остануваа цел ред подробности што 3

требаше да се изјаснат (Конески, 1950: 99-100). Една од тие подробности што требаше да се реши беше прашањето за тоа каков избор да се направи од централните говори, со оглед на тоа што и меѓу нив има разлики во извесни црти. Друго е прашањето за графијата. Во дотогашната практика на пишување, пред ослободувањето, постоеле различни начини за обележување на некои гласови. Потребно било да се избере еден,... иако тоа се оставаше да се реши по ослободувањето, со работа на специјална комисија за јазикот и правописот... (Конески, 1950: 100). На македонската азбука и правопис, и на прашањето за обликот на македонскиот литературен јазик, работеле две комисии. Член на втората Комисија, запишан како лектор, бил и самиот Конески. Според Конески, на работата на првата Комисија, која заседавала во времето од 27 ноември до 3 декември 1944, со задача да поднесе предлог за азбуката и правописот, може да ѝ се најдат посериозни забелешки. Една од посериозните забелешки е во односот кон апстрактната лексика, за која се сметало дека наместо да се темели на јазично творештво со средствата на народниот јазик, требало да се прима од рускиот јазик. Политичките и историските околности во кои по војната се создавала македонската држава, ги навеле членовите на оваа прва јазична комисија на уште една крајност, имено, до крајното решение за јазичните прашања да се дојде со помош на руските научници. Сепак, според Конески работата на оваа јазична комисија е значајна по тоа што ги отворила прашањата што требало да се разрешуваат и тоа без одлагање. Втората јазична комисија работела во малку променет и, според Конески, подобрен состав. Составот на оваа Комисија го гледаме во факсимилот на Резолуцијата по прашањето за македонскиот правопис, кој Конески го приложува кон својот труд За донесувањето на македонската азбука и правопис (Конески, 1950). Како членови на оваа Комисија при Министерството за народна просвета се наведени и потпишани: Венко Марковски, поет; Васил Иљоски, директор на гимназија; Крум Тошев, шеф на стручните школи; Мирко Павловски, професор; Блаже Конески, лектор; Густав Влахов, публицист; Киро Хаџи Василев, журналист; Владо Малески, директор на Радио Скопје и капетан Илија Топалоски. 4

Работата на втората комисија го постави на вистинско место народниот јазик во основата на литературниот. Во периодот до мај 1945 година, таа се изјасни за три принципи во однос на литературниот јазик: 1. Во македонскиот литературен јазик да се установат оние форми кои во најголем степен ќе ги поврзуваат македонските говори; 2. Речникот на литературниот јазик да се збогатува со зборови од сите дијалекти, нови зборови да се градат со живи наставки, а туѓи зборови да се усвојуваат само онолку колку што е потребно; 3. Македонската азбука да има онолку букви колку што има гласови во македонскиот литературен јазик. Правописот да се изработи врз фонетски принцип. Значи, правецот беше поставен, требаше да се разодува патот. Во основата на новиот стандарден јазик влегоа централните македонски говори. Конески ја немаше тешкотијата што ја имаше Мисирков да пишува на нему несвојствен дијалект, тој потекнуваше токму од централното македонско подрачје. Но сепак, пред кодификаторите на младиот литературен јазик се отворија многу прашања кои требаше да се разрешат: да се определи кои говори се опфаќаат под терминот централни говори, кои особини од нив да се земат во новиот литературен јазик и воопшто, каков ќе биде односот на тој литературен јазик спрема останатите народни дијалекти. Размислувањата на Конески по овие прашања, како што вели Нуло Миниси (Миниси 2002: 31-36), беа како на кодификатор со поетска интуиција : Конески, иако како појдовна точка одредил една дијалектна ареа водел голема сметка за литературната традиција и со тоа ја покажал важноста што требало да го има развојот на литературата во еволуцијата на дефинирањето на јазикот. На некој начин претпочитал нормата да ѝ ја довери на книжевната еволуција наместо на дијалектната еволуција (Миниси 20012: 32). Еве што во врска со ова, вели Конески: Но ние би паднале во грешка да ги упростуваме работите, ако сметаме дека еден литературен јазик може да се изградува само со докрајно свесно спроведување на еден да го наречеме статистички метод, при кое за секоја форма треба прво да се испита дали е таа најраспространета, па после да се прими во литературниот јазик.... Вистина е дека во периодот на изградбата на еден литературен јазик свесното воздејство на неговиот развиток е од голема важност, но ако и до колку се сообразува со природната управеност на тој процес, а не оди против неа; вистина е меѓутоа и дека ред особености на литературниот јазик се примаат повеќе или помалку спонтано во резултат на она сугестивно и авторитетно 5

дејствување од страна на веќе изјавеното како одреден јазичен облик во творбите на литературата, за кое стануваше збор малце погоре. Само опфаќајќи ја целокупноста на оваа појава, ќе можеме да судиме правилно за процесот на развитокот на нашиот литературен јазик (Конески 1982: 65). Откако се постави основата во градењето на граматичките форми на литературниот јазик, на ред дојде прашањето за неговиот речник. И тука, изворот за неговото богатење се побара во живите народни говори. Така израснат, нашиот литературен јазик ја зацврстува сѐ повеќе својата поврзнаост со дијалектите со тоа што од ден на ден апсорбира од нив нови и нови зборови, изрази и обрати. Не веќе во однос на формалните граматички особености, еднаш установени во него, ами во однос на богатењето на неговиот речник, во однос на изнесувањето на видело оние убави и содржателни зборови и зборовни комбинации што ги употребува нашиот народ во различните краишта во тој однос треба денеска да се засилува приносот од дијалектите во литературниот јазик. Тоа ќе биде вистинско градење на дадената основа што ќе напредува пред сѐ со развитокот на нашата литература (Конески 1982: 72). Сепак, новиот литературен јазик требаше да одговори и на новите потреби на заедницата што го користеше во науката, образованието, администрацијата, публицистиката. При тоа, како што забележува Конески, ниту речничкото богатство што се содржи во дијалектите, ниту оние начини на исказ, на поврзување на речениците, што им се познати, - можат да ги задоволат наполно потребите за изразување што стојат пред еден современ литературен јазик. Во него има нужда од маса нови зборови, или нови значења во зборовите, при изградбата на една целосна терминологија во различните области на човечката дејност; има нужда од далеку порзвиена реченица, по патот на приредување и подредување, одошто е тоа случај во народниот јазик (Конески 1982: 73). 2. Лексичките предизвици при пишувањето на Граматиката на македонскиот литературен јазик. Пишувајќи ја својата Граматика на македонскиот литературен јазик (Конески 1982 со први изданија: I дел 1952 година и II дел 1953 година), Конески мораше самиот да се соочи со потребите на новоизградениот литературен јазик: како во однос на лексиката, карактеристична за апстрактниот научен стил, така и во 6

однос на потребите на развиената реченица и на граматичката терминологија. Лексиката во Граматиката на Конески ги следи токму оние препораки на јазичната комисија (во која членуваше и самиот тој) кои се однесуваа на богатење на речникот со зборови од нашите дијалекти, изведување на нови зборови со живи наставки и усвојување на туѓи зборови само колку што е потребно 1. Апстрактната лексика во Граматиката е главно со словенско потекло. Се среќаваат лексеми со корен во писмената традиција, а спорадично и лексеми што ги има во други словенски јазици. Ќе приведеме некои примери од словенскиот лексички слој: качество, на жалост / нажалост, непремено (место), критериј, преемственост. Лексемите приеме, велика, воздејство, повеленици, восприема се од словенско потекло и ги среќаваме и во нашата писмена традиција. Во однос на словенската лексика, ставот на Конески е: Ова што го кажавме, иако не е сето што може во овој поглед да се приведе, стига за илустрација на она основно настроение при кое е оформен нашиот литературен јазик, а кое исклучуваше секакво избегнување на одделни црти, ако тие инаку конструктивно влегуваат во литературниот јазик, само заради тоа што тие се среќаваат и во најблиските литературни јазици (Конески 1982: 71). На овој начин се постигна еден вид на баланс помеѓу словенската природа на македонскиот јазик и она што е типично македонско, различно од сите други словенски јазици, а особено соседните, одразено, уште според Мисирков, во централните говори. Ќе приведеме дел од таа словенска лексика, што денес, кога сме преплавени со туѓи зборови, звучи многу изворно: особена (варијанта), (ќе ги) посочиме (книгите), своеобразно, упадок (= опаѓање), признак, (ред) заемности, (текстови за) прочит, подражавање, указание, напатства, школовка, спорадично во смисла повремено, наспрема наспореден, наспоредно во смисла паралелно, смесена (содржина), претполага, одломка, крепее, книжнина (со специфична семантика, врзана токму со одреден постар временски период), соодветство, подлога, опит, дописка, тежест, усилби, се подриваше, (национално) самоутврдување, настроение, извод, сушност, неуклоно (движење), укаже, опстојна (дискусија) и др. Не можеме тука со жалење да не констатираме колку од оваа лексика 1 Повеќе на оваа тема в. Николовска 2012. 7

денес или не се употребува, или се употребува ретко. Колку сме осиромашени за еден толку жив, колоритен словенски слој. Сега, да се задржиме на онаа друга потреба на литературниот јазик што се разработуваше, имено тенденцијата на народните зборови да им се додаваат нови, апстрактни значења, со цел да одговорат на потребите на сложената мисла. Во овие обиди, Конески се надоврзуваше на Мисирков, за кој самиот вели: Кај него имаме ред неологизми, како и веќе познати зборови употребени сега со нови, апстрактни значења во кое пак се изразува основното негово становиште дека литературниот македонски јазик треба да има што поизразити одлики што ќе го делат од другите словенски јазици (Конески 1982: 43). Така, Конески им придава ново, мисловно значење на глаголите на движење: иде прилозите што идат при именки; идеше до израз; името нивно иде; трга (тргнува) тргајќи од србизмите во јазикот на зборникот; тргајќи сосем јасно од извесен свој опит; Миладинов тргаше од јазикот на народната поезија; оди нивното влијание одеше по површината; излезе можеме да излеземе (= појдеме) од тоа дека најблиску му приоѓаат (на литературниот јазик) говорите во; измести да го изместат неговиот тек; ќе ги измести одделните народни говори; преод (прејде) преодот на х во в, ф (денеска почесто преминот). Избор на Конески во Граматиката е и понародното што годе. Дури и еден турцизам, карактеристичен за народниот стил, Конески го употребува во нов контекст: договор за ортаклук. Како интересни избори на Конески од народниот јазик би ги привеле и: до реченото (денес односното) време; принос (= придонес); една книга што ја токми; налични зборови (да им придаваат нови нијанси во значењето на некои веќе налични зборови); две течења (= струи); гледиште што во битното се опира; стремежот за самостојно редење на работите; поддавајќи му се на влијанието; обете споменати прашања во литературниот јазик да се сложат што повеќе такви црти; се подзеде (= се презема); надвиваат (= надвладуваат, преовладуваат); се кладе крај на стихијноста во развитокот; живата снага на литературниот јазик. 8

Зборообразувањето е проблем што се наметнува сам по себе 2. Младиот литературен јазик има потреба од продуктивни зборообразувачки модели за лексиката што треба да одговори на најразличните негови потреби, особено оние во книжевниот стил. Ќе приведеме некои интересни деривации, кои ги среќаваме во Граматиката на Конески и кои ги сметаме за негов прилог кон збогатувањето на речникот на литературниот јазик: форма неизменлива; неизменливоста на прилогот; поредбени степени; преводачот; создателите на современата наша поезија; преднамерната цел; натисокот (= притисокот); исписите од книгата; одглас на мислата; тоа најде свој природен сојузник и закрепник; се пригодуваше (= се прилагодуваше); преводна литература; сушноста на работата; двојствености; набележаните црти; едновремено (= истовремено); составки (=компоненти). Некои примери претставуваат интересна комбинација на книжевно со народно во деривацијата или во фонетските решенија: ни посведочуваат (денеска почесто сведочат); доста оживеана книжевно преводачка дејност; му послужувале бугарски текстови; го наречуваа; излагани. Како што се гледа, во последниве примери се работи главно за видски образувања. Како посебна целина, во Граматиката можат да се изделат видските образувања. Интересни се образувањата со префиксите при-, пот, с-, особено со првите два, со кои се означува помал степен на нешто (или можеби и извесна емотивност во изразот на Конески!) и образувањата со префиксите у- и о- (кои се поретки во денешниот литературен јазик): потсилено; спомага; спомогне; споможување; принижена писменост; се примешуваат црти на говор; да ја притапат секоја желба; прибрзани интервенции; уочат; установат; установен облик; усвојува; се опираа на јазичното богатство во нашата поезија; се опира на својот роден велешки говор; обогтува, оцртаме територија. Како интересни префиксни избори на Конески може да се изделат и: поредбени степени; се зародуваше движење; како назреано прашањето; назреаја сили; соживувањето на литературната работа на македонски јазик; да се изјаснат (= разјаснат) ред подробности; изјасниме (= објасниме). 2 За карактеристиките на зборообразувачкиот опис во Граматиката на Конески, во однос со сличните описи во граматиките на другите словенски јазици, в. Соколовски 2002. 9

Потребата да се пишува на литературен јазик поставува свои барања и во проширувањето на значењата и употребата на предлозите во изразувањето на поапстрактната мисла. Ова се некои од решенијата на Конески: што се однесува до; по таков начин; во резултат на тоа; се потврдуваше и од (фактот); на практика се сведуваше до. Како што можеме да видиме, некои употреби останаа, во некои контексти се затврдија други предлози. Конески употребуваше во вакви (поапстрактни) контексти и предлози со понароден белег: отаде произлегува, откај половината на 19 век. Употребува и предлози кои денеска се слушаат сѐ поретко при, през: одејќи при глагол; уредување при кое; през турското ропство. На овој начин, Конески во својата Граматика успешно ги спроведе принципите по однос на речникот на македонскиот литературен јазик: дека во нашиот литературен јазик треба да дојдат до израз што повеќе зборови од народниот јазик, дека треба да се одвива постојана работа управена кон тоа да се оживотворуваат за општа употреба некои наши убави зборови, зачувани во народот, но во говорот на интелигенцијата често потиснати од зборови земени отстрана (Конески 1982: 76). 2.Предизвиците при составувањето на научната терминологија. Конески забележува дека не треба да се оди ниту во преголемата крајност на чистунството (пуризмот). Тој тоа го нагласува особено во однос на научната терминологија. Дека е така, најарно се гледа од нашиот однос спрема интернационалните зборови, особено во научната терминологија. Ние нив ги примаме како една придобивка на меѓународното духовно општење, и не ги заменуваме без потреба, ами или тогаш кога една самостојна словенска традиција тоа ни го налага, или каде што веќе имаме соодветен народен збор (Конески 1982: 84). Самиот Конески врши интервенција во употребата на некои граматички термини. Автор на првата граматика издадена по војната е К. Кепески (Кепески 1947). За денешните глаголска л-форма, глаголска придавка и за заменските придавки, тој ги употребува термините: активна глаголска придавка, пасивна глаголска придавка и посвојни придавски заменки (Кепески 1947: 62-63, 47). Б. Конески, аргументирајќи ги причините зошто овие термини треба да се напуштат, ги предлага термините кои се употребуваат и денес: глаголска л-форма, глаголска придавка и заменски придавки. Од словенската граматика е и кај нас 10

наследен за неа 3 називот активна глаголска придавка, која по таков начин се поставува наспоредно со т.н. пасивна глаголска придавка. Меѓутоа, фактичката состојба во овој поглед во нашиот современ јазик е таква што не одговара ниту едниот ниту другиот термин, бидејќи за 'активната глаголска придавка' со право можеме да го поставиме прашањето до колку е таа придавка, а за 'пасивната глаголска придавка' до колку е таа воопшто пасивна... (Конески, 1982: 432). Глаголската л-форма со придавките не ја поврзува ништо друго, освен тоа дека во еднина се јавува во форма за трите рода. Таа не се употребува ниту атрибутски. Што се однесува до називот пасивна глаголска придавка, оправданоста на терминот пасивна Конески го гледа во тоа што во другите словенски јазици (и во постарата форма на нашиот), таа се образувала скоро исклучиво од преодни глаголи и доаѓала со пасивно значење, меѓутоа денес е општо познато дека глаголската придавка кај нас се образува и од непреодни глаголи и при тоа не доаѓа со пасивно значење: шетан човек, учена жена. Што се однесува до т.н. посвојни придавски заменки, со оглед на тоа што тие во својата употреба сѐ повеќе се доближиле до придавките (атрибутска служба, конгруенција по род и број со именката покрај којашто стојат, преземање на членот од именката), Конески како поумесен го предлага терминот заменски придавки. На овој начин, Конески го дава и својот прилог кон установувањето на граматичката терминологија при самите почетоци од живеењето на македонскиот литературен јазик. 4. Заклучок Конески е, како што рековме, граматичар со поетска интуиција. Тој лично учествуваше во кодификацијата на македонскиот литературен јазик во најважните нејзини историски моменти, но тој самиот, низ своите дела и го разработуваше, го подготвуваше тој јазик да одговори на модерните потреби на заедницата што го користеше. Тој и неговите современици го разодуваа патот за сите нас, кои денес го користиме тој јазик и твориме на него. Блаже Конески го читам, меѓу другото и како кодификатор на македонскиот литературен јазик. 3 За глаголската л-форма. 11

ЛИТЕРАТУРА 1. Кепески, К. (1947). Македонска граматика. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија. 2. Конески, Б. (1950). За донесувањето на македонската азбука и правопис. Македонски јазик, год. 1, бр. 5, стр. 99-105. 3. Конески, Б. (1982). Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура. 4. Миниси, Н. (2002). Блаже Конески и нормирањето на јазикот. XXIX Научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, стр. 31-36. 5. Минова-Ѓуркова, Л. (2002). Блаже Конески и македонскиот стандарден јазик. XXIX Научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, стр. 57-63. 6. Николовска, В. (2012). Осврт на лексичкиот фонд во Граматиката на македонскиот литературен јазик од Б. Конески. XXXVIII Научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, стр. 15-22. 7. Соколовски, Ј. (2002). Зборообразувањето во Граматиката на Блаже Конески. XXIX Научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, стр. 65-72. 8. Стаматоски, Т. (1986). Борба за македонски литературен јазик. Скопје: Мисла. 12