Dru{tvo za trgovija i uslugi MAGRONI DOO Skopje Ul. 1732 br. 2 Tel. 02/ 32 28 458 Predmet: Pravila za nagradna igra Вкуси Џуси и зграби Apple награди! Согласно член 126 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, со седиште на ул. 1732 бр. 2, Скопје, со ЕДБ МК 4030000400832 и ЕМБС 5472229, застапувано од Управителот Кире Ивановски, ги донесе следниве: ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА Вкуси Џуси и зграби Apple награди! Организатор на наградната игра Член 1 Организатор на наградната игра со назив Вкуси Џуси и зграби Apple награди! е Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, со седиште на ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со ЕДБ МК 4030000400832 и ЕМБС 5472229. Назив на наградната игра Член 2 Официјалното име на наградната игра гласи Вкуси Џуси и зграби Apple награди! Цел на наградната игра Член 3 Целта на оваа наградна игра е рекламирање на производите Ладна Џуси 1,5л (со вкус на праска, портокал, зелено јаболко и мултивитамин), Ладна Џуси 0,5л (со вкус на праска, портокал, зелено јаболко и мултивитамин) на територијата на Р.Македонија. Територија Член 4 Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува во сите продажни објекти на целата територија на Република Македонија. Право на учество Член 5 Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни граѓани во Република Македонија, кои ќе купат било кои 3 (три) од Ладна Џуси производите (во било кое пакување и било кој вкус) предмет на оваа наградна игра, во било кој продажен објект и кои ќе испратат фискална/фискални сметка/и (која/кои ќе послужат како доказ за купените три производи) на поштенски фах 90, 1000 Скопје. Право на учество во наградната игра немаат вработените во Магрони ДОО Скопје и членовите на потесниот круг на нивните семејства.
Времетраење на наградната игра Член 6 Наградната игра ќе започне од 17.06.2015 година и ќе трае се до 18.08.2015 година. Механизам на наградната игра Член 7 МАГРОНИ ДОО Скопје во периодот додека трае наградната игра ќе пушти во промет, неограничена количина од своите производи Ладна Џуси 1,5л (со вкус на праска, портокал, зелено јаболко и мултивитамин) и Ладна Џуси 0,5л (со вкус на праска, портокал, зелено јаболко и мултивитамин). Услови за учество во наградната игра Член 8 За да можат да учествуваат во наградната игра, потенцијалните учесници потребно е да купат вкупно три производи во било кое пакување и било кој вкус од Ладна Џуси 1,5л (со вкус на праска, портокал, зелено јаболко и мултивитамин) и/или Ладна Џуси 0,5л (со вкус на праска, портокал, зелено јаболко и мултивитамин), предмет на оваа наградна игра и во затворено плико да ја пратат фискалната/фискалните сметка/и заедно со своите податоци (име, презиме, адреса, контакт телефон) по пошта на поштенски фах 90, 1000 Скопје. Не постои никакво ограничување во поглед на бројот на купени производи и пратени фискални сметки од страна на еден учесник. Организаторот на наградната игра го задржува правото да ги одбие пристигнатите фискални сметки кои не ги исполнуваат условите за учество (со недоволен број купени производи), репродуцирани, дуплирани, измислени или модифицирани на било кој начин. Награден фонд на наградната игра Член 9 Наградниот фонд на наградната игра Вкуси Џуси и зграби Apple награди! изнесува 532.748,00 денари со вклучен ДДВ. Наградите кои се обезбедени од страна на организаторот се дадени подолу: Tip na nagrada Poedine~na cena so DDV Broj na nagradi Vkupna cena so DDV MacBook Air 11 i5 DC 1.4GHz 50.799,00 4 203.196,00 IPhone 6 16 GB 40.790,00 4 163.160,00 ipad Mini 3 16 GB 20.799,00 8 166.392,00 Vkupno 16 532.748,00
Извлекување на наградите Член 10 Извлекувањата на добитниците на наградите MacBook, IPhone 6 и ipad Mini 3 ќе се организираат во студиото на ТВ Сител во 15:45 часот на ден: - 08.07.2015- I извлекување - 22.07.2015- II извлекување - 05.08.2015- III извлекување - 19.08.2015- IV извлекување На секое извлекување ќе се доделуваат: 1(еден) MacBook, 1 (еден) IPhone 6 и 2 (два) ipad Mini 3. - Во првото извлекување ќе учествуваат сите пристигнати фискални сметки во период од 17.06.2015 до 07.07.2015. - Во второто извлекување ќе учествуваат сите пристигнати фискални сметки во период од 08.07.2015 до 21.07.2015. - Во третото извлекување ќе учествуваат сите пристигнати фискални сметки во период од 22.07.2015 до 04.08.2015. - Во четврото извлекување ќе учествуваат сите пристигнати фискални сметки во период од 05.08.2015 до 18.08.2015. Пред секое извлекување пристигнатите писма со фискални сметки ќе се подигнуваат од поштенскиот фах во барабан, кој ќе биде пренесен во ТВ Сител. Извлекувањето ќе биде рачно во присуство на тричлена комисија, и тоа еден претставник на Магрони, еден претставник од маркетинг агенцијата Publicis и еден нотар. Нотарот ќе води записник за извлекувањето кој ќе биде потпишан од страна на членовите на комисијата. Објавување на добитници Член 11 Организаторот на наградната игра јавно ќе ги објави резултатите, односно добитниците на наградите, во рок од три работни дена од денот на предвидените извлекувања (предвидени во член 10 од Правилата), на facebook фан страната на Ладна Џуси https://www.facebook.com/ladna.juicy и во дневниот весник Дневник со објавување на име и презиме на добитниците. Подигање на наградите Член 12 Добитниците на наградите ќе можат да ги подигнат наградите во рок од 60 дена од денот на објавување на извештајот за добитниците и нивните добивки на facebook фан страната на Ладна Џуси https://www.facebook.com/ladna.juicy и во дневниот весник Дневник, во просториите на МАГРОНИ ДОО на ул. 1732 бр. 2, Скопје, секој работен ден од 8 до 16 часот. Запознавање со наградната игра Член 13 Учесниците во играта ќе бидат запознаени со правилата на играта преку медиумите. Правилата ќе бидат објавени на facebook фан страната на Ладна Џуси https://www.facebook.com/ladna.juicy пред започнувањето на наградната игра, а откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа. Учесниците ќе се запознаат со правилата
на наградната игра преку ТВ реклама, принт реклами пред започнувањето на наградната игра и постери поставени во продажните објекти низ Македонија по започнувањето на наградната игра. Замена на награди Член 14 Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во официјалните правила од страна на Организаторот. Замена на наградите со други предмети или други противвредности не е дозволена. Во ниту еден случај нема да биде доделен поголем број на награди од назначениот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учества. Приговори Член 15 Секој незадоволен учесник во наградната игра кој има приговор или рекламација во врска со организацијата на оваа наградна игра, има право писмено да поднесе приговор до Организаторот на наградната игра со седиште на ул.1732 бр.2 Скопје и за истото да добие писмено известување во рок од 5 работни дена, од денот на поднесувањето на приговорот. Приговорите и рекламациите се сметаат за благовремено поднесени, доколку се достават најдоцна 7 (седум) дена од утврдувањето на причината поради која се приговара, но не подоцна од 8 дена по завршувањето на наградната игра. Одговорност Член 16 Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда ако потроши поголема сума на пари. Организаторот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра. Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки сврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности. Даночни обврски Член 17 Даночните обврски за добитниците на наградите ги плаќа организаторот на наградната игра во име и за сметка на добитникот. Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани за наградите.
Евентуални спорови Член 18 Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во наградната игра ќе се решаваат спогодбено, а во случај на спор за истиот ќе решава надлежниот суд во Скопје и во согласност со важечките закони во Република Македонија. Откажување на наградната игра Член 19 Наградната игра може да се откаже во случај на виша сила, како и во ситуација кога не постои можност Организаторот да има независност во спроведувањето на наградната игра. Во случај на откажување на наградната игра, Организаторот ќе ги информира потрошувачите за откажувањето на наградната игра, за причините поради кои се откажува наградната игра, како и за датумот на откажување со објавување во дневен весник. Важност на правилата на наградната игра Член 20 Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа наградна игра и истите ќе важат се до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила. Управител: Кире Ивановски