Информации од E n terprise E ur o p e N e t w o r k Број 02/2016 АКТУЕЛНОСТИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ПОНУДИ ЗА СОРАБОТКА Enterprise Europe Network во Македонија, продолжува со истото темпо на излегување на е-билтенот, за поефективно запознавање на нашите читатели со најновите понуди и барања за соработка во доменот на бизнисот, технологиите и иновациите.
Актуелности VISION LONDON 2016 V ision London е дводневен настан, кој ќе се одржи на 7 и 8ми јуни 2016, ќе обезбеди нови можности за архитекти, клиенти, добавувачи и сите останати професионалци поврзани со градежниот сектор со цел да се поврзат со потенцијални партнери од цела Европа, па и пошироко. За прв пат на овој настан Enterprise Europe Network ќе одржи Б2Б настан за вмрежување на 8ми јуни 2016, (со приемен настан, вечерта на 7ми јуни). Enterprise Europe Network би сакала да покани изложувачи, учесници на Б2Б настанот кои делуваат во следниве области: иновативни материјали и решенија, градежни решенија, технолошки решенија, софтвер, консултантски услуги, истражување и развој, како и академски претставници. Учесниците кои нема да бидат изложувачи, треба да платат котизација од 20. Дистрибутери, продавачи на големо, агенции и сите што се изложувачи на настанот, можат да бесплатно да учествуваат во Б2Б состаноците. За изложувачите кои ќе се регистрираат преку Enterprise Europe Network, организаторите нудат попуст од 10%. ИНДУСТРИСКИ СЕКТОРИ: Технологии: 02006002 Градежни методи и опрема; 02006004 Инсталации поврзани со градежништво (енергија, осветлување...); 02006006 Градежно инженерство (дизајн, симулации); 02006007 Менаџмент на градежен процес. Net een.mk 2 2
Актуелности Пазари: 08006001 Контрола на процес и логистика; 09007001 Градежни компании; 09007004 Инженерство и консултантски услуги поврзани со градежништво; 09007005 Менаџмент на инфраструктурни објекти; ИНВОЛВИРАНИ ОРГАНИЗАЦИИ EEN партнери: OXFORD INNOVATION SERVICES LIMITED Други партнери: Организација домаќин: Oxford Innovation Services ОН-ЛАЈН РЕГИСТРАЦИЈА: Краен рок: 05 јуни 2016 Локација: Olympia London Event Адреса: Hammersmith Rd, London W14 8UX City London Country United Kingdom Телефон: +44 (0)20 3633 2237 Веб страна: http://www.visionlondon.com/visit/ international-matchmaking Контакт лице: Marta Rybarczyk Контакт телефон: +44 (0) 7841 921097 Е-пошта: m.rybarczyk@oxin.co.uk СЕКТОРСКА ГРУПА: КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ Контакт лице: Marta Rybarczyk Е пошта: m.rybarczyk@oxin.co.uk Net een.mk 3 3
Успешни приказни ПОРТУГАЛСКИ ТЕКСТИЛ НАОЃА НОВ ДОМ ВО ИТАЛИЈА Е дна мала фамилијарна компанија од југозападна Италија е специјализирана во производство и продажба на екслузивен текстил за дома во Италија. Сопственичката на компанијата и нејзината ќерка почнале да бараат нови произведувачи за да го зголемат производството. Тие особено биле заинтересирани за производите во Португалија која е позната по производство на висококвалитетен текстил. По неуспешните обиди да најдат совршен партнер за соработка на меѓународните саеми на кои присуствувале, тие се обратиле за помош до локалната канцеларија на мрежата на Enterprise Europe Network. Советниците од оваа мрежа ги советувале да земат учество на настанот кој Enterprise Europe Network го организирала во Португалија. На самиот настан, претставниците од италијанската компанија се сретнале со преставниците на една мала компанија од Португалија која што се занимавала со производство на квалитетен домашен текстил и која барала нови пазари. Компаниите веднаш започнале да соработуваат. Net een.mk 4 4
Понуди за соработка Холандска компанија која произведува влажни марамчиња кои содржат лосион за сончање има потреба од дистрибутери Опис: Холандска компанија која произведува влажни марамчиња кои содржат лосион за заштита од сонце (ПХ фактор 30) има потреба од дистрибутери. Влажните марамчиња се во индивидуално пакување, лесно се употребуваат за лице и за тело и немаат ризик од одлевање на лосионот. Предностите од употребата на производот се: Лесна и брза примена; Една доза е доволна за премачкување на лице, раце и нозе; Не постои ризик од истекување; Зголемена заштита од сонце. Компанијата има потреба од склучување договор за дистрибуција со компании кои од малопродажба, аптеки, козметички салони, болници и сл. Контакт: Александар Филипоски aleksandar.filiposki@yes.org.mk Референтен број: BONL20150729002 Земја: Холандија Се бара партнер за развивање на нова платформа за енергетска анализа на згради Опис: Шпанска компанија развива интелигента веб платформа за мерење на енергетската ефикасност на згради. Производот нуди можност за подобрување на анализата на енергетската ефикасност преку автоматизација на енергетски процеси како собирање на податоци, анализа на податоци и давање препораки за заштеда на енергија. Компанијата има потреба од партнери за долгорочна соработка за развој и комерцијализација на производот. Потенцијалните партнери треба да бидат инженерски фирми, универзитети, центри за истражување и развој кои ќе имаат задача да работат на подобрување на функционалноста на платформата и истражување на потенцијална комерцијална употреба. Контакт: Александар Филипоски aleksandar.filiposki@yes.org.mk Референтен број: TRES20151209001 Земја: Шпанија Net een.mk 5 5
Понуди за соработка ПОНУДИ ЗА СОРАБОТКА BRRU20160126001 Руски дистрибутер бара добавувачи на свежо овошје и зеленчук и кондиторски производи по договор за дистрибуциски услуги. BRIT20140725001 Италијанска компанија специјализирана во маркетинг на машка облека бара производители за проширување на каталогот. 20120604002 BO Компанија од Литванија нуди транспорт и логистички услуги. 20110506004 BR Компанија од Ливанија која работи со трговија на големо со челични структури, инсталации, прозорци, врати и гаражни врати бара парнери во производството. 20100309001 Компанија од Литванија специјализирана во производство на мебел од дрво и дрвени конструкции бара посредник во трговија. BOBR20151123001 Бразилски производител на конзервирана палмина срцевина и други видови на конзервирани прехранбени производи бара можности за дистрибуција во супермаркети. BOHR20150709001 Уред за бежична далечинска контрола со камера се нуди на компании за дистрибуциски услуги или лиценцирање. BRNL20150209001 Холандска компанија бара деловни партнери (производители) кои имаат интерес да го понудат својот асортиман на производи во Холандија. BOEE20160107001 Инженеринг компанија од Естонија нуди услуги од изработка на прототипови до производство во мали серии. Лице за контакт: Влатко Стојановски T. ( +389) 23 24 40 04 F. ( +389) 23 24 40 88 E. vlatko@mchamber.mk W. www.mchamber.mk f. www.facebook.com/chamber.mk t. www.twitter.com/chamber_mk Net een.mk 6 6
www.een.mk info@een.mk facebook.com/eiicm twitter.com/eenmk issuu.com/eenmk Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202 Net een.mk 7