Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Структурно програмирање

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

БРОШУРА ЗА МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Биланс на приходи и расходи

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет - Кочани

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Биланс на приходи и расходи

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

ПРАВОTO ДА СЕ НАПУШТИ ДРЖАВАТА

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Утврдување на способноста на економските оператори

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

Преглед на државите во Западна Африка

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

Publikationen zur rechtlichen Zusammenarbeit

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

Препораки за политика и законодавство за делотворна примена на одредбата за неказнување на жртвите на трговија со луѓе

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

Време за патување, кое може да биде за бизнис и за задо волство.

Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"-ШТИП

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

НОВ ЗКП ПРАВИЧЕН БАЛАНС МЕЃУ ЕФЕКТИВНОСТА НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН И ЕФЕКТИВНАТА ОДБРАНА. Клучни зборови: судење, притвор, докази, вештачење, откривање

Health South Eastern Sydney Local Health District

Централна кооперативна банка АД Скопје

ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО ОСНОВ НА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ПРАВНИОТ ОДНОС МЕЃУ ГРАЃАНИНОТ И ДРЖАВАТА ВО ДЕМОКРАТСКО-ПРАВНАТА ДРЖАВА

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

март - јуни 2006 година

Системот на јавните набавки во Република Македонија

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L HOMME EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПЕТТИ ОДДЕЛ

Работење и живеење во Германија. Информации за дозвола за престој, предуслови ипроцедури за државјанки и државјани одмакедонија

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Transcription:

Европски суд за човекови права Прашања и Одговори

Прашања и Одговори

Што претставува Европскиот суд за човекови права? Овие прашања и одговори се изготвени од страна на Секретаријатот на Судот. Овој документ не го обврзува Судот. Негова цел е да даде основни општи податоци за неговиот начин на работа. За подетални информации, осврнете се на другите документи изготвени од страна на Секретаријатот, пред сè на Деловникот на Судот (овие документи се достапни на интернет страницата на Судот: www.echr.coe.int). Eвропскиот суд за заштита на човековите права е меѓународен суд со седиште во Стразбур. Бројот на судии е еднаков на бројот на земји - членки на Советот на Европа што ја ратификувале Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи во моментов, тој број изнесува четириесет и седум 1. Судиите при Судот заседаваат во лично својство и не претставуваат ниту една држава. При разгледувањето на жалбите на Судот му помага Секретаријат, составен од правници од сите земји - членки (тнр. правни секретари ). Тие се потполно независни од земјата од која потекнуваат, и не ги претставуваат ниту жалителите, ниту државите. Што претставува Европската конвенција за заштита на човековите права? Eвропски суд за човекови права Council of Europe F-67075 Strasbourg cedex www.echr.coe.int Европската конвенција за заштита на човековите права е меѓународен договор што може да го потпишат само државите -членки на Советот на Европа. Конвенцијата, со која се oснова Судот и со која се утврдува начинот на неговото функционирање, содржи листа на права и одредби што државите се обврзале да ги почитуваат. 1 Сите држави членки не ги ратификувале сите Протоколи кон Конвенцијата (инструменти со кои се утврдуваат дополнителни права). Информации во врска со ова може да најдете на нашата Интернет страница. 3

Со што се занимава Европскиот суд за човекови права? Судот ја спроведува Европската конвенција за човековите права. Негова задача е да следи дали државите ги почитуваат правата и одредбите утврдени со Конвенцијата. Таа задача Судот ја врши преку разгледување на жалбите (тнр. «апликации») што ги поднесуваат физички лица, или во одредени случаи, држави. Кога ќе утврди дека некоја од земјите - членки повредила едно или повеќе од тие права и одредби, Судот донесува пресуда. Пресудите се со обврзувачки карактер: државите на кои се однесуваат донесените пресуди имаат обврска да постапат во согласност со нив.. Кога можам да поднесам жалба до Европскиот суд за човекови права? Жалба до Судот може да поднесете доколку сметате дека Вие лично и непосредно сте жртва на повреда на некое од правата и одредбите што се утврдени со Конвенцијата или нејзините Протоколи. Повредата мора да е извршена од страна на некоја од државите што ја ратификувале Конвенцијата. Кои права се заштитени со Конвенцијата и нејзините Протоколи? Со Конвенцијата, се заштитуваат, пред сè, следните права: правото на живот; правото на правично судење во граѓанска и кривична постапка; правото на почитување на приватниот и семејниот живот; слободата на изразување; слободата на мисла, совест и вероисповед; правото на ефикасен правен лек; правото на мирно уживање во сопственоста; и правото на глас и учество во избори. Што се забранува со Конвенцијата и нејзините Протоколи? Со Конвенцијата се забрануваат, пред сè, следните работи: тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување или казнување; произволното и незаконито притворање; дискриминацијата во уживањето на правата и слободите гарантирани со Конвенцијата; протерувањето на сопствени државјани од страна на државата или забрана за нивен влез во државата; смртната казна; и колективното протерување на странци. Кои услови треба да ги исполнам за да поднесам жалба? Кои се условите што се однесуваат лично на мене? " " Не мора да бидете државјанин на некоја од државите што ја ратификувале Конвенцијата. Но, повредата на која се жалите мора да била извршена од страна на една од тие држави и во рамките на нејзината јурисдикција, што најчесто се поистоветува со нејзината територија. 4 5

Жалител може да биде физичко лице или правен субјект, како на пример претпријатие или здружение. Мора лично и непосредно да сте биле жртва на повредата на која се жалите. На пример, не може да доставите општа жалба во однос на некој закон или мерка бидејќи сметате дека се неправични, ниту може да се жалите во име на други лица (освен во случај кога нивниот идентитет е јасно утврден и Вие сте нивен овластен правен застапник). Дали е потребно да поведам постапка пред домашните судови пред да поднесам жалба до Судот? Да. Мора да ги исцрпите сите правни лекови во државата против која се жалите, а со кои може да се разреши ситуацијата којашто е предмет на Вашата жалба (обично, тоа значи дека треба да поднесете тужба до надлежниот суд, а потоа, доколку тоа е можно, треба да поднесете жалба, и дури да се обратите до највисоката надлежна судска инстанца, како на пример до Врховниот или Уставниот суд, доколку таков суд постои во државата против која се жалите). Не е доволно само да ги искористите постоечките правни лекови. Притоа мора да ги изложите Вашите жалбени наводи (односно, суштината на повредата на Конвенцијата на која се повикувате). Вашата жалба може да ја поднесете само во рок од шест месеци од денот на конечната одлука на домашно ниво (обично тоа е датумот на пресудата на највисоката надлежна судска инстанца). По истекот на тој рок Судот не може да ја прифати Вашата жалба. Против кого можам да поднесам жалба? Против една или повеќе држави - потписнички на Конвенцијата, кои според Вас (со своето делување или неделување што директно Ве засегнале) ја прекршиле Европската конвенција за заштита на човековите права. Може да се жалите само поради делувањето или неделувањето на еден или повеќе органи на државна власт на државата против која се жалите (на пример, судски или административен орган). Судот не може да разгледува жалби против поединци или приватни установи, како на пример трговски претпријатија. Во врска со што можам да се жалам? Вашата жалба мора да се однесува на едно од правата утврдени во Европската конвенција за човекови права. Повредите на кои се повикувате може да се однесуваат на различни области опфатени со Конвенцијата, како на пример: тортурата и лошото постапување со лица лишени од слобода; незаконскиот притвор; пропустите во граѓанската и кривичната постапка; дискриминацијата во примената на правата утврдени со Конвенцијата; родителските права, почитувањето на приватниот и семејниот живот, домот и преписката; ограничувањето на правото на слобода на изразувањето и на правото на примање или пренесување информации; ограничувањето на правото на слободата на собирање и здружување; протерувањето и екстрадицијата; конфискацијата на имот и експропријацијата. " " Вашата жалба може да се однесува само на повреда на Европската конвенција за заштита на човековите права, а не на повреда на некој друг нормативен акт, како на пример на Универзалната декларација за човековите права или на Повелбата за основните права. 6 7

Како да поднесам жалба до судот ако сметам дека сум жртва на повреда на Kонвенцијата? Испратете до Судот уредно пополнет и потпишан oбразец за поднесување жалба 2. Образецoт за поднесување жалба, заедно со сите релевантни дополнителни документи, мора да бидат испратени по пошта на следната адреса: The Registrar European Court of Human Rights Council of Europe F-67075 Strasbourg cedex Во преписката со Судот може да користите еден од неговите службени јазици (англиски и француски), или службен јазик на некоја од државите што ја ратификувале Конвенцијата. Ве молиме да имате предвид дека е бескорисно да го испраќате образецот за поднесување жалба по факс бидејќи со тоа нема да биде прекинато течењето на рокот за поднесување жалба до Судот предвиден со Конвенцијата. Судот ќе го земе во предвид само оригиналниот образец за поднесување жалба испратен по пошта. Не доаѓајте во Стразбур со цел усно да ја изложите Вашата жалба. Тоа нема да има никакво влијание на брзината со која ќе биде разгледана Вашата жалба, и нема да добиете никаков правен совет. Секретаријатот може да побара од Вас да доставите дополнителни документи, информации или објаснувања во врска со Вашата жалба. Симнете го образецот за поднесување жалба од интернет страницата на Судот, пополнете го внимателно и читко, потпишете 2 Образецот за поднесување жалба може да го најдете на нашата Интернет страница. го и испратете го до Судот во најкраток можен рок. Oбразецот мора да ги содржи следните информации: кратко резиме на фактите и Вашите жалбени наводи; индикација за правата предвидени со Конвенцијата за кои сметате дека биле повредени во Вашиот предмет; информација за тоа кои домашни правни средства веќе сте ги исцрпеле; копии од сите одлуки донесени во Вашиот предмет од страна на надлежните државни органи (овие докумени нема да ви бидат вратени, затоа треба да доставите само копии од истите); и Ваш потпис како жалител, или потпис на Вашиот застапник. Доколку не сакате Вашиот идентитет да биде достапен за јавноста, мора веднаш да го информирате Судот за тоа, наведувајќи ги причините за таквото барање. Претседателот ќе донесе одлука за тоа дали Вашето барање е оправдано. Во оваа фаза од постапката не мора да имате адвокат. Сепак, доколку сакате жалбата до Судот да ја поднесете со посредство на застапник, тогаш мора да го пополните и потпишете соодветното поле на образецот за поднесување жалба. Кои се главните карактеристики на постапките? Постапката се води во писмена форма. За сите одлуки што Судот ги донел во врска со Вашиот предмет ќе бидете информирани во писмена форма. Јавни расправи се одржуваат само во исклучителни случаи. Вашата жалба ќе биде разгледана бесплатно. " " Иако во почетната фаза од постапката не мора да имате адвокат, доколку Судот донесе одлука да ја извести Владата за Вашата жалба, ќе треба да назначите адвокат. Сепак, најголемиот број од доставените жалби се прогласуваат за недопуштени без Владата да биде известена за нив. 8 9

Вие ќе ги сносите трошоци во врска со Вашата жалба (како на пример адвокатските хонорари или трошоците поврзани со истражувањето и преписката). Откако ќе поднесете жалба до Судот, може да поднесете и барање за правна помош. Правна помош не се доделува по автоматизам, и обештетувањето не се доделува веднаш, туку во подоцнежна фаза од постапката. Кои се главните фази на постапката? Судот најпрво мора да утврди дали Вашата жалба е допуштена. Тоа значи дека жалбата мора да исполнува одредени услови кои се утврдени во Конвенцијата. Доколку тие услови не се исполнети, Вашата жалба ќе биде отфрлена. Доколку во Вашата жалба сте изнеле повеќе жалбени наводи, Судот може да прогласи еден или неколку од нив за допуштени и да ги отфрли останатите. Доколку Судот донел одлука за тоа да ја прогласи Вашата жалба или некој од Вашите жалбени наводи за недопуштени, таквата одлука е конечна и не може да биде обжалена. Доколку Вашата жалба или некој од Вашите жалбени наводи се прогласени за допуштени, Судот ќе ги охрабри странките (Вас и државата против која се жалите) да постигнат пријателско спогодување. Доколку не се постигне пријателско спогодување, Судот ќе ја разгледува основаноста на жалбата поточно, ќе оцени дали во конкретниот случај имало повреда на Конвенцијата. Колку долго ќе треба да чекам? Како резултат на тековната преоптовареност на Судот, може да чекате една година пред Судот да започне со прелиминарното разгледување на Вашата жалба. Некои жалби може да бидат третирани како итни и може да му се даде приоритет на нивното разгледување, посебно во случај кога на жалителот му се заканува непосредна животна опасност. Што можам да се надевам дека ќе добијам? Доколку Судот оцени дека во Вашиот предмет имало повреда на Конвенцијата, може да досуди правичен надоместок, што е парична оштета за претрпената штета. Судот исто така може да побара од државата да Ви ги надомести трошоците што сте ги имале во врска со Вашата жалба. Доколку Судот оцени дека во Вашиот предмет немало повреда на Конвенцијата, Вие нема да сносите дополнителни трошоци (на пример, од Вас нема да се бара да ги надоместите трошоците што ги имала држава). Имајте ги во предвид следните работи: Судот нема овластување да отповикува одлуки донесени од домашните судови, ниту да укинува национални закони. Судот не е одговорен за извршувањето на пресудите. По донесувањето на пресудата, надлежноста преминува на Комитетот на министри 3 на Советот на Европа, кој има задача да го надгледува извршувањето на пресудата и да ја гарантира исплатата на евентуалната оштета. 3 Комитетот на министри се состои од министрите за надворешни работи на земјитечленки или од нивни претставници. 10 11

Што не може да направи за мене Европскиот судот за човекови права? Овој Суд не е апелационен суд во однос на националните судови и не може повторно да го преиспита предметот, ниту да ги поништува, менува или ревидира одлуките на националните судови. Судот не може директно во Ваше име да интервенира кај органот на државна власт со кој е поврзана Вашата жалба. Сепак, во исклучителни случаи, Судот може да определи времена мерка. Во пракса, тоа се случува само во предметите во кои постои сериозна индикација за тоа дека жалителот се наоѓа во животна опасност. Судот не може да Ви помогне да најдете адвокат, ниту да ги платите трошоците за адвокат кој би ја составил Вашата жалба. " " Судот не може да Ви даде информации во врска со правните одредби кои се на сила во државата против која се жалите. 12

Прашања и Одговори MKD European Court of Human Rights Council of Europe F-67075 Strasbourg cedex www.echr.coe.int Design: ECHR - Photo: Shutterstock