ILINDEN СРЕЌEН ОСМИ МАРТ!!! ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН - ТИРАНА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Биланс на приходи и расходи

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Биланс на приходи и расходи

Структурно програмирање

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Мобилност МК Mobility MK

UNIVERZITETSKI BILTEN

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

ПР објави во медиуми

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

Академикот Антоније Шкокљев Дончо светска личност во науката

Коисмение.Штозначиме.

Мобилност МК Mobility MK

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

Мобилност МК Mobility MK

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

UNIVERZITETSKI BILTEN

We re. вработување. и кариера. Понуда за соработка

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

UNIVERZITETSKI BILTEN

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

УНАСМ БИЛТЕН. Улогата на УНАСМ во македонското синдикално движење УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА. Електронски информатор

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ЕВРОДИЈАЛОГ 19 EURODIALOGUE 19

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Преглед на државите во Западна Африка

од имплементирани проекти од програмите АДИ вингинг АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО СТУДИСКИ ПОСЕТИ Tвингинг

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

C U R R I C U L U M V I T A E

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ ВО 2015 ГОДИНА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

UNIVERZITETSKI BILTEN

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

UNIVERZITETSKI BILTEN

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

С О Д Р Ж И Н А Стр.

UNIVERZITETSKI BILTEN

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

Мобилност МК Mobility MK

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

MACEDONIA. Македонија на прославата на 150-от роденден на Канада. July 06, Volume 33, Issue 8(392) Free

UNIVERZITETSKI BILTEN

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

univerzitetski vesnik

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО MACEDONIAN MEDICAL ASSOCIATION

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Најмасовен Младински настан по повод денот на вљубените MYNET Викторија Тошевска и Даниел Бојковски беа прогласени за најубави MACEDONIA

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

MACEDONIA. MOUSIKORAMA The band is back by popular demand!!! Македонското оро, песната, културата и духот се живи и здрави во Егејска Македонија

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

UNIVERZITETSKI BILTEN

Издавач: Младите можат Автори: Горјан Славковски Стефан Јовановски. Дизајн: Креативно студио Преплет Лектор:

Жените и културното гето: балкански перспективи

Transcription:

ILINDEN ВЕСНИК НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН - ТИРАНА Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГОДИНА IV БРОЈ 25 Во овој број Страница 2 Македонско друштво Илинден -Тирана и Македонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудува мерката за приведување на градоначалник на општина Пустец - Мала Преспа ТИРАНА - АЛБАНИЈА ЕН АТ ПЛ ЕРОК С БЕ ИМ ПР www.ilinden-tirana.com СРЕЌEН ОСМИ МАРТ!!! Благодарници Илинден по повод седумгодишнината од основањето на Mакедонско друштво Илинден -Тирана Страница 4 Четврти роденден на Mакедонскиот весник Илинден Страница 5 Македонско друштво Илинден -Тирана го укинува позицијата генерален координатор на друштвото Страница 6 Монографија за големиот македонски патриот од Голо Брдо Цветан Мазнику Фидана Ќулханџиу ја издаде својата книга Едно Море од Солзи Тркалезна маса на регионалните олимписки комитети во Тирана Страница 7 на токот ез е ч о п ена, бил б Без ж живот би з от ата бе наши ш, средин јот без помо ство, а кра ол задов утеха н Бајро Семинар NGO- connection Day Претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана Никола Ѓурѓај освари средба со Сашо Цветковски Страница 8 Ден на виното во Долна Горица Мала Преспа Претседателот на Македонско друштво Илинден Тирана Никола Ѓурѓај, осварија средба со г-дин Дејан Пановски еден од иницијаторите на Дримскиот процес Македонско друштво Илинден -Тирана со свои претставници учестуваше на промоција на книгата Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија Страница 9 Претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана Никола Ѓурѓај, осварија средба со Максим Макартсев, истражувач од Институтот за славистика во Москва Руска Федерација Македонците во Албанија го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение Етнографија на Голо Брдо Страница 10 Саем на младински организации Страница 11 Книга Прегратките на недостигот Почитувани Македонки во Република Албанија и ширум светот, во името на Редакцијата на македонскиот весник Илинден, ви посакуваме среќен 8ми Март со желба за многу лични успеси! Редакцијата на македонскиот весник Илинден

VESNIK ILINDEN МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА И МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА ОГРАНОК ГОЛО БРДО НАЈОСТРО ЈА ОСУДУВА МЕРКАТА ЗА ПРИВЕДУВАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ - МАЛА ПРЕСПА Македонско друштво Илинден -Тирана и Македонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудува мерката за приведување по наредба на Специјалното јавно обвинителство на градоначалник на општина Пустец - Мала Преспа, Едмонд Темелко. Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат итно извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво Илинден -Тирана и Македонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија! Македонско друштво Илинден -Тирана и Македонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо најостро ги осудува и ги смета за срамни коментарите на Јулиан Ангелов генерален секретар на ВМРО-БНД и пратеник во бугарското собрание. Македонско друштво Илинден -Тирана Македонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо БЛАГОДАРНИЦИ ИЛИНДЕН ПО ПОВОД СЕДУМГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА MАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА Претседателството на Mакедонско друштво Илинден -Тирана, на чело со г-дин Никола Ѓурѓај, по повод седумгодишнината од основањето и плодната работа на Друштвото, донесе одлука да додели Благодарници Илинден. Благодарницата им се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница Илинден за 2016 година покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во Албанија. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија. Ваквата нивна активност придонесува кон афирмација на Mакедонското друштво Илинден -Тирана. Тоа, од неговото формирање на 06. 02. 2009 година во Тирана, Република Албанија, до денес континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и традицијата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво Илинден -Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба сред населението во Албанија. Според сознанијата што ги поседува Mакедонско друштво Илинден -Тирана, се изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница Илинден, од која се искристализираа неколку имиња. Оваа година Благодарница Илинден се доделува на: - Вело Цфарку роден на 1935 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во Голо Брдо. Автор на книги, стати за македонското малцинство во Голо Брдо Република Албанија. Авторот Вело Цфарку има значаен придонес за зачувување 2

VESNIK ILINDEN на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Книгите ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Книгите на авторот Вело Цфарку се Голо Брдо во оптиката на времето 2007 година, Еден живот со Дебраните 2011 година, Голобрдски Фоклор 1 2009 година, потоа помагал во подготовката на книгата Словенските Малциства во Албанија од авторите Клаус Штеинке од Германија и Џелал Ули, а помагал и во подготовката на монографијата Врница и Врница оптиката на времето од автор Павли Никола. Несебично се вложил и во создавањето на книгата Голо Брдо Ербеле Грно Крчиште - Втор дел, издавач Ото Загнер, Минхен, Германија 2008 година. - Проф. д-р Илинден Спасе е син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе. Тој е роден во 1942 година во Глобочани, Мала Преспа каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија на универзитетот во Тирана. Работел како учител, редактор, издавач на педагошкото списание на албански јазик (1970-2001), главен редактор на Издавачкиот Совет на Институтот за Педагошки Студии во Тирана, научен работник во Училишниот Департмен (сектор за историја на образование) во Институт за Педагошки Студии. Илинден Спaсе пишува на македонски јазик и албански јазик. Автор е на две збирки раскази. Тој е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. - Г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилеп Македонија, од татко Алексо и мајка Спасија во 1970 година Џорџ Атанасоски заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот и претседател на Македонската алијанса во Македонија сопственик на Тв Сонце. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија, седиштето на Микрофлекс инк е во Ормонд Бич Флорида. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците во соседните земји со спонзорирање на социокултуролошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Тој особено се грижи за Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, Македонците во Албанија. Г-дин Арманд Мија, член на Mакедонско друштво Илинден -Тирана, г-дин Незир Меча потпретседател на Mакедонско друштво Илинден -Тирана, г-дин Вело Цфарку, г-дин Никола Ѓурѓај, претседателот на Mакедонско друштво Илинден -Тирана - Проф. д-р Васил Дрвошанов е лингвист, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултет дипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник и редовен професор во Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков Скопје, Република Македонија. Добитник е на Плакета од Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков по повод 50-годишнината од постоењето за значаен придонес во истражувањата 3

VESNIK ILINDEN Претседател на Македонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо, г-дин Ули Халилај и г-дин Игор Јовески, претседател на Здружение Илинденски Марш Христо Узунов - Охрид Република Македонија Проф. д-р Васил Дрвошанов и г-дин Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво Илинден Тирана од областа на македонскиот јазик и за постигнати резултати во збогатувањето и во унапредувањето на целокупната дејност на Институтот за македонски јазик (2003). - г-дин Арманд Мија - Активист во Тирана член на Mакедонско друштво Илинден Тирана - г-дин Фатри Фетаху активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо - Здружение Илинденски Марш Христо Узунов - Охрид Република Македонија Претседател на Македонско друштво Илинден - Тирана Огранок Голо Брдо г-дин Ули Халилај и г-дин Фатри Фетаху активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо ЧЕТВРТИ РОДЕНДЕН НА MАКЕДОНСКИОТ ВЕСНИК ИЛИНДЕН Пред четири години, како двоброј за март и април, беше испечатено првото издание од весникот на Македонското друштво ``Илинден``од Тирана. Имајќи го во предвид фактот што во изминативе години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика 4

VESNIK ILINDEN во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот, цениме дека неговата улога е многу значајна за сите Македонци во соседните држави на Република Македонија, но и сред македонската дијаспората низ светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник ``Илинден`` како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во четиригодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонското малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава. Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. По повод четригодишниот јубилеј на Македонски весник ``Илинден``од Тирана, редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија. МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА ГО УКИНУВА ПОЗИЦИЈАТА ГЕНЕРАЛЕН КООРДИНАТОР НА ДРУШТВОТО Согласно своите надлежности претседателот на Македонското друштво Илинден -Тирана Никола Ѓурѓај го укинува позицијата генерален координатор на Друштвото. Оваа позиција до сега ја извршуваше Стојанка Палко, која на 01.11.2013 година беше избрана за генерален координатор. Македонското друштво Илинден -Тирана и се заблагодарува на Стојанка Палко за придонесот како генерален кординадор во Друштвото, при што Палко и натаму ќе продолжи да ги поддржува активностите на Македонското друштво Илинден -Тирана. Стојанка Палко е родена во Поградец, Република Албанија. Основно и гимназиско образование има завршено во Поградец. Во 2006 година е добитник на стипендија од Република Македонија за студирање на Унверзитетот Св. Кирил и Методиј, т.е. на Стоматолошкиот факултет во Скопје, Република Македонија. За време на студиите има присуствувано на разни медицински и стоматолошки конгреси, како и на семинари и обуки, што многу и помогнаа во усовршувањето и надградувањето на нејзините знаења, вештини и способности. Од 2010 година е член на Македонското друштво Илинден - Тирана. Дипломира во 2012 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје, Република Македонија како доктор по стоматологија. Во 2012 година беше еден од учесниците на третата Школа за млади лидери што се организира под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Од 2012 година до сега работи како доктор по стоматологија во Тирана. Македонското друштво Илинден -Тирана и посакува личен и професионален успех на Стојанка Палко. 5

VESNIK ILINDEN МОНОГРАФИЈА ЗА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТ ОД ГОЛО БРДО ЦВЕТАН МАЗНИКУ Одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на Цветан Мазнику неговите пријатели и соработници Павли Никола, Митре Шутку и Вита Која, несебично се вложија и подготвија монографија за големиот македонски патриот Цветан Мазнику. Значајно е да се нагласи дека авторските дела на корифејот на движењето за зачувување на етничките црти на македонското национално малцинство во Албанија, Цветан Мазнику, беа и ќе останат патоказ за идните генерации на Македонци во Албанија, за нивното минато, нивните корени, нивните идни патишата. Со своите дела, Цветан Мазнику си обезбеди место сред плеадата значајни македонски дејци, собирачи на македонското културно наследство, обработувачи на народната песна и народните умотворенија пренесувани од генерација на генерација македонски жители во Албанија. Преку текстот во ова монографија идните генерации припадници на македонското национално малцинство во Албанија ќе можат да го запознаат ликот и делото на великиот Цветан Мазнику. За вложениот напор и личен влог во целокупната оставнина за македонското битисување во Албанија, од се срце му се заблагодаруваме на Цветан Мазнику. Вечен му помен. ФИДАНА ЌУЛХАНЏИУ ЈА ИЗДАДЕ СВОЈАТА КНИГА ЕДНО МОРЕ ОД СОЛЗИ Фидана Ќулханџиу ја издаде својата книга Едно Море од Солзи. Авторот со ова збирка песни е познат и признат деец во поезијата, при што најчесто го негува роднокрајниот дух во пишувањето. На то начин таа дава значен придонес за зачувување и промоција на македонската култура и традиција во Албанија. Во овој случај како издавач на кингата се јавува Македонското друштво Илинден - Тирана. Збирката песни е испечатена на албански јазик, а доколку се обезбедат услови од страна на авторот и издавачот се прават напори да се испечати и на македонски јазик. Сакајќи да го доближиме авторот до читателот ќе запишеме дека Фидана Ќулханџиу е роденa на 24. 02. 1992 година во Смолник, областа Голо Брдо. Основно и средно заврши во Тирана. Како автор, таа во 2006 година за прв пат излезе пред читателите со својата книга Детство, а својата поезија ја има објавувано во неколку весници во Албанија. Таа е член на Македонско друштво Илинден - Тирана и дописник на весник Илинден, органот на Друштвото. На крајот, од се срце и честитаме на Фидана Ќулханџиу за нејзината нова книга и посакуваме натамошни лични и професионални успеси. ТРКАЛЕЗНА МАСА НА РЕГИОНАЛНИТЕ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ ВО ТИРАНА По иницијатива на Албанскиот национален олимписки комитет во Тирана на 11 декември 2015 година се одржа тркалезна маса со претставници на олимписки комитети на Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија. Целта на средбата беше да се договорат заеднички активности за исполнување на филозофијата на олимпизмот врз основа на вредностите на пријателство и соработка во рамките на ориентациите и задачите на Олимпик Агендата 2020. На овој важен 6

VESNIK ILINDEN состанок, соодветните олимписки комитети биле претставени од нивните претседатели или секретари кои разговараа за можностите за соработка во разни области, со особено внимание на: зголемување на вклученоста на младите во спортот, развојот нa лидерство во спортот, обука на спортски работници. Посебен осврт бил направен во однод на можноста за проширување на заедничките спортски активности и за унапредување на олимписките вредности. На крајот состанокот завршил со донесување на одлука за реализација на договорените обврски. Следната средба била закажана за Подгорица, каде што оваа првична иницијатива ќе биде формализирана со потпишување на Меморандум за соработка. СЕМИНАР NGO- CONNECTION DAY Фондацијата Метаморфозис од Скопје, Македонија во соработка со Движењето Доста од Тирана, Албанија организираа собир посветен на невладиниот сектор NGO Connection Day. Настанот се одржа на 18 септември 2015 година во хотелот Тирана Интернационал во Тирана. На овој собир на претставниците на граѓанскиот сектор им беше овозможено да дознаат повеќе за можностите како да аплицираат за софтверски донации од програмата TechSoup Balkans. На настанот беа презентирани достапните технологии кои можат да придонесе за подобрување на работата на граѓанските организации. На семинарот забележително учество имаа и претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана, Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана Огранок Голо Брдо, Ули Халилај. Заклучокот од одржаниот NGO Connection Day, беше дека со вакви презентации ним ќе им се овозможи да ги подобрат своите вештини во користење на ИКТ преку интерактивни програми. А тоа, воголема мера ја олеснува комуникацијата со соодветни организации и изработка на проекти. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА НИКОЛА ЃУРЃАЈ ОСВАРИ СРЕДБА СО САШО ЦВЕТКОВСКИ Претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана Никола Ѓурѓај на 29.08.2015 година во Струга, Македонија освари средба со Проф Сашо Цветковски автор на книгата Иконите на Динчо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река. Цел на средбата беше во индина проф. Сашо Цветковски да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот на Македонците во Република Албанија. 7

VESNIK ILINDEN ДЕН НА ВИНОТО ВО ДОЛНА ГОРИЦА МАЛА ПРЕСПА Македонците од Мала Преспа ја продлжуваат традицијата на организирање Ден на виното. Традиционално во декември веќе неколку години во Мала Преспа се организира Денот на виното. За да го прослават овој ден, Институтот за заштита на природата во Албанија и локалната организација Green & Cleen, организираа во дворот на Националниот парк Преспа свечена церемонија. Ден на виното беше организирана во рамките на програмата SENIOR A, имплементирана од РЕЦ Албанија и финансирана од Шведската влада. Ден на виното беше организиран во форма на конкурс на вино во дворот од зградата на Националниот парк Преспа, со новото вино од ова година и со учество на фолклорна група од деветолетното училиште Отпорот на Горичени од Долна Горица и со панаѓур со традиционалните производи од областа на Мала Преспа. На прославата присуствуваа претставници од локалната власт, администрацијата на паркот, претставници на медиумите, и жители на областа Мала Преспа. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА НИКОЛА ЃУРЃАЈ, ОСВАРИЈА СРЕДБА СО Г-ДИН ДЕЈАН ПАНОВСКИ ЕДЕН ОД ИНИЦИЈАТОРИТЕ НА ДРИМСКИОТ ПРОЦЕС Претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана Никола Ѓурѓај, осварија средба со г-дин Дејан Пановски еден од иницијаторите на Дримскиот процес преставник на Република Македонија во меѓународнито пројект Дримскиот процес, гостинот се информира за состојбата во Република Албанија. Во проектот за Дримскиот басен ќе учествуваат пет држави од регионот, Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово и Грција како партнер. Имплементациона агенција ќе биде УНДП, а носители на активностите се министерствата надлежни за животна средина од сите инволвирани држави. МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА СО СВОИ ПРЕТСТАВНИЦИ УЧЕСТУВАШЕ НА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА И НИВНИОТ ТРЕТМАН ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Македонско друштво Илинден -Тиранa со преставниците г-дин Нико Китани член на Македонско малциство во државниот комитет за малциства и г-ѓа Фидана Ќулханџиу член на друштвото беа присутни на 12.11.2015 година во Тирана на промоција на книгата Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија одржана на годишниот саемот од книгата во Тирана од авторот Јонлинда Хада. Во книгата се говори за малцинствата во Република Албанија како македонското, грчкото, потоа србо-црногорците, ромското и влашкото. Исто така, се зборува и за непризнатите Бошњаци и Еѓипќани. Авторката ги пренесува сопствените истражувања околку малцинствата во Албанија, нивната состојба и нивните барања. Исто така, во книгата се анализира и законската рамка во Република г-ѓа Јонлинда Хада автор на книгата и г-дин Нико Китани член на Македонско малциство во државниот комитет за малциства 8

VESNIK ILINDEN Албанија за малциствата. Според промоторите, овaа книгa многу ќе помогне за осознавање на состојбата на малциствата во Албанија и нивна промоција, а со самото тоа и на македонското малцинство во Република Албанија. Биографија на авторот: Јонлинда Хада, е родена во 1986 година во Тепелена. Основно образование завршила во родното село, а во периодот од 2004-2008 година студирала на Универзитетот Тирана насока албански јазик и литература. Во 2009-2012 година во Европскиот Унверзитет во Тирана заврши Правен Факултет. Работи како помлад експерт во Парламентот на Република Албанија. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ИЛИНДЕН -ТИРАНА НИКОЛА ЃУРЃАЈ, ОСВАРИЈА СРЕДБА СО МАКСИМ МАКАРТСЕВ, ИСТРАЖУВАЧ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА СЛАВИСТИКА ВО МОСКВА РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА Претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана Никола Ѓурѓај, осварија средба со Максим Макартсев, истражувач од Институтот за славистика при Руската Академија на Науки во Москва Руска Федерација гостинот се информира за состојбата на Македонското национално малцинство во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана на Максим Макартсев му подари книга Етнографијата на Голо Брдо и го информира за активностите на друштвото. МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖАА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИJАНСКИ ПРАЗНИК ПРЕОБРАЖЕНИЕ Македонците во Република Албанија во село Ербеле - Маќелара, на 18-19.08.2015 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век. На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, Дебар и од Македонија. Меѓу присутните беа и преставници на Македонско друштво Илинден - Тирана. Ноќта спроти празникот во оваа црква доаѓаат не само православни туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Според жители на ова село голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест,се излекувале. Пред неколку години на овој празник во селото Ербеле започна да се воведува обичај, да се меси погача во која има паричка. Карактеристично за овој обичај е оној на кој ќе му се падне паричката од погачата да го преземе кумството за наредната година. Црквата Свето Преображение во 1973 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата. ЕТНОГРАФИЈА НА ГОЛО БРДО Излезе книгата Етнографија на Голо Брдо на Македонски јазик и Албански јазик. Бројот на верските празници кои ги славеле и ги слават во Голо Брдо е доста голем, се со многу обичаи верување, легенди и кажување. Македонците во Голо Брдо верските празници ги славеле и ги слават по Јулианскиот календар. Овој календар се потготви на продолжение на ракописот на поп 9

VESNIK ILINDEN Тодор и синот Ванѓел.Ракописот почнат а недозавршен од покојните Поп Тодор Плеушкоски и Ванѓел Плеушкоски авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку го дополнија и го печатија овој календар.заслугата на подготвувањето на овој календар е само на Поп Тодор и Ванѓел Плеушкоски. Поп Тодор со големо срце и внимание не само во срква но и дома а и по селата во Голо Брдо и надвор од Голо Брдо во Пешкупија и Пешкуписко Поле, Каваја, Драч. Календар на верски православни и пагански празници кои се слават во Голо Брдо. Биографија на авторите: Цветан Зафир Мазнику, роден на 1938-2015 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација. Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од 1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција. Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана. На авторите му помогна: Павли Никола, Јованка Плеушкоски, Миланка Која, Вело Цфарку, Војдана Зибитку, Спаса Мирче, Славка Вело Шутку, Арјана Шутку, Пауна Која, Фидан Марку, Вело Милоши, Славка Трајче Шутку. Овa книгa ке помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. САЕМ НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ Естела Ѓурѓај Во Тирана на 07.12.2015 година се одржува Саем на младински организаци координиран од Лидерството на млади од Тирана, а помогнат и од Министерство за социјална политика и млади, Националната служба за млади, Националната мрежа за млади во Албанија и Агенцијата за поддршка на граѓанското општество. Исто така организирањето на овој Саем е помогнато и од Меѓународниот центар Улоф Палме и Црца Албанија. Саемот на младински организација се организира со цел зајакнување и поддршка за организаците кои обезбедуваат соработка на младинци со граѓанското општество. Покрај тоа, овој саем има задача да се зголеми обемот на работа, како и одржливоста на младинските организации преку зголемен пристап до средствата од разните донатори заинтересирани за помагање на работата на младите. Саемот на младински организации го посети Претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана Никола Ѓурѓај. Според него Саемот на младински организации е добра можност за нив да го осознаат начинот на работа, мисијата и активностите кои во повеќето случаи се на доброволна основа. Од друга страна, со взаемното ангажирање се зајакнуваат капацитетите на младинските организации сп што воспоставуваат конзистентност во нивната работа, а со тоа го отвораат патот за поддршка од фондации и други финансиери. Покрај другото, претседателот на Македонско друштво Илинден -Тирана во текот на средбите со многубројни органзаци и фондаци разговараше за идна соработка меѓу организаците. 10

VESNIK ILINDEN КНИГА ПРЕГРАТКИТЕ НА НЕДОСТИГОТ Авторот Шаќир Нина издаде книга, поезија за родното место Клење и Голо Брдо. Авторот со ова книга дава значен придонес за зачувување и промоција на македонската култура, и традиција на областа Голо Брдо. Кингата е отпечатена на албански јазик се прават напори да се испечати и на македонски јазик. Биографија на авторот: Шаќир Нина роден на 17.04.1967 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, има завршено Полициска академија и Воена Академија во Тирана долго години живе со фамилјата во Соединетите Американски Држави. БЛАГОДАРЕНИЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ НА МАКЕДОНСКОТО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И АВСТРАЛИСКОМАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Весникот Илинден, гласило на Македонско друштво Илинден -Тирана, повторно се печати благодарение на финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права. Многу сме благодарни за помошта од ММДЧП и АМКЧП. Новото издание на весникот веќе е раздадено низ Албанија, секаде каде што живеат Македонци. Ние веруваме дека примерот на ММДЧП и АМКЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Македонско друштво Илинден -Тирана Претседател Никола Ѓурѓај Стани и ти дописник на Македонски Весник Илинден Известувај од својето место за Македонците кои живат во твојот крај, случките за кои мислиш дека се интересни за објавување, поврзи се и стани дел од Македонскиот весник Илинден. Прати порка на: drustvo.ilinden.tirana@live.com Издавач: Македонско друштво Илинден Тирана Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај Заменик на главен и одговорен уредник: Незир Меча Лектура: Естела Ѓурѓај Компјутерска обработка: Тримакс - Тирана Печати: ДСИ - Тирана Фотографии: Архива на МКД Илинден - Тирана и редакцијата Контакт: 0692401778 АЛ Адреса: ул. Михал Грамено 183 - Тирана, Албанија е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com Web: www.ilinden-tirana.com Редакција: 1. Ариана Шутку Тирана 2. Фидана Ќулханџиу Тирана 3. Стојанка Палко Поградец 4. Нико Китани Мала Преспа 5. Ули Халилај Голо Брдо 6. Цветан Богдановски Горно Крчиште 6. Алдана Лоровска Врбник 7. Бесим Мемишај Гора 8. Ернеста Дука Драч 9. Ламбе Шатровски Македонија Претплата: Банка: Национална Комерциална Банка - Тирана IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK SWIFT:NCBAALTX IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR SWIFT:NCBAALTX IBAN: AL8120511021289300CLOTCFUSDE USD SWIFT: NCBAALTX Весник Илинден - Сите права се загарантирани. За умножување, изнајмување и соопштување на јавноста во било која форма, вклучувајки го и интернет, како и за преработка на дел или во целост на ова издание, потребно е писмено одобрение од издавачот.

Македонија ќе ви раскаже приказна која ќе ве носи низ времето од античкиот период до денес. Крстосница на различни култури и цивилизации и земја на 4000 атрактивни археолошки наоѓалишта. Архелошкиот локалитет Плаошник е срцето на Антички Охрид и едно од најсакралните места во Македонија. Место каде што е изграден првиот Словенски универзитет во Европа кој датира од 10 век. Почуствувај ја убавината на 4 милиони години старото Охридско езеро заштитено од УНЕСКО како природно наследство со 200 ендемични видови вклучувајќи ја позната охридска пастрмка. www.macedonia-timeless.com