Интермедијалноста во македонскиот театар

Similar documents
НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Март Opinion research & Communications

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Структурно програмирање

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2017 YEARBOOK

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР МАРКО ЦЕПЕНКОВ INSTITUTE OF FOLKLORE "MARKO CEPENKOV" МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР MACEDONIAN FOLKLORE

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК Дискурзивно едукативна програма во рамки на наградата ДЕНЕС

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

Преглед на државите во Западна Африка

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

НОВИТЕ МЕДИУМИ И ОТСУСТВОТО НА КОРПОРАЛНОСТА:

Археологија: теории, методи и практики. ISBN: Табернакул страници

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Коисмение.Штозначиме.

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Смислата на учењето на класичните јазици денес

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ПРОЕКТОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО : ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Task Force Education And Youth

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Оригинален научен труд UDC :297.05(=163.3)

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2017 YEARBOOK

KEY WORDS: knowledge, know-how, investment, entrepreneurship, productivity

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ХЕРМЕНЕВТИЧКИТЕ ИМПЛИКАЦИИ НА РОМАНЕСКНИОТ ИНТЕРЕС ЗА ИСТОРИЈАТА (моделот на интериоризирани интерпретации)

МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ ЧАШУЛЕ, ОТПОСЛЕ ЗБОРНИК. Приредувач: Јелена Лужина

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

УЧЕСНИЦИ МЕНТОРКА: Анастасија Пандиловска. Весна Стојанова-Богоевска. Дејан Џолев

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. Студиска програма: Училишна педагогија. Ирена Манева

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Алгпритам Центар Едукативен Центар

Методи на финансиска анализа

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова

Христови Патишта Исус Христос, духовност и Земја:

Жените и културното гето: балкански перспективи

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

ВОДИЧ ЗА КОРПОРАТИВНА ФИЛАНТРОПИЈА

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Време, нарација и приказ: Делото на Милчо Манчевски во перформанс и фотографија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО ИНТЕРКУЛТУРЕН КОД ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РОМАН

ГИ РАЗБИРАМЕ ЛИ МЕТАПОРАКИТЕ? Клучни зборови: порака, метапорака, комуникација, учесници во комуникацијата, значење.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ - ПОДГОТОВКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

Transcription:

Катерина Петровска-Кузманова kpkuzmanov@yahoo.com Интермедијалноста во македонскиот театар ABSTRACT. Петровска-Кузманова Катерина, Интермедијалноста во македонскиот театар (Intermediality in Macedonian theatre). Poznańskie Studia Slawistyczne 2. Poznań 2012. Adam Mickiewicz Uniwersity Press, pp. 251 260. ISBN 978-83-232-2409-9. ISSN 2084-3011. In the text Intermediality in Macedonian theatre, which uses the play Macedonian bloody wedding by Vojdan Chernodrinski, directed by Ljupco Gorgievski, as an example, an attempt is made at representing intermediality in theatrical performance. It is achieved through a ready-made technique in which a significant role is played by the music group Foltin and their performance. They use various props, which they turn into their instruments. This leads to their actualization through dedication to their essence. In this way, the old forms and elements of the traditional folk culture cross the bounds of time, reading the folklore signs in the style of the postmodern scene expressions. Keywords: intermediality, performance, postmodern, ready-made, theatre, drama, folklore Денес во театрологијата како актуелно се поставува прашањето за интермедијалните, интерсемиотичките и интердисциплинарните врски во театарот. Творечкото експериментирање со интермедијалните изразни форми е содржано во праксата на сигнализмот како еден од воочливите континуитети на творечкото движење. Изразената интермедијалност во континуалниот тек на уметничките идеи и практики ги поврзува различните генерации кои придонеле за сигнализмот. Во прилог на употребата на терминот интермедијалност можеме да го споменеме рускиот теоретичар Игор Смирнов, кој како синоним за интермедијалноста употребува термин интерсемиотичност под што подразбира: претворање на иконични знакови во вербален исказ и обратно 1. Идентично со овој автор, Дубравка Ораиќ 1 I. Smirnov, Umjetnička intertekstualnost, во: Intertekstualnost & intermedijalnost, ур. Z. Maković, M. Medarić, D. Oraić, P. Pavličić, Zagreb 1988, стр. 212 213.

252 Катерина Петровска-Кузманова Толиќ во знаменитиот труд Теорија на цитатноста, под интерсемиотичност го подразбира цитатниот сооднос меѓу различни уметности, а за транссемиотични ги смета релациите меѓу уметностите и неуметноста во најширока смисла на зборот. Согласно тоа, при типологијата на цитати, користи термин интермедијални цитати во кои прототекстот е од друг медиум 2. Павао Павличиќ терминот интермедијалност го дефинира како постапка со која структури и материјали карактеристични за еден медиум се пренесуваат во други, а едниот од нив е обично уметнички 3. Со таа постапка се постигнува збогатување на смислата или на атрактивноста на изразот. Но, притоа Павличиќ се оградува од традиционалната соработка меѓу, на пример книжевноста и другите уметнички медиуми. Вистински интермедијален однос, според Павличиќ, настанува кога различните уметнички медиуми ќе го задржат својот статус, а стапуваат во некоја релација исполнета со значење, но не тогаш кога едното е во служба на другото. Несомнено е дека интермедијалноста врши транссемиотичко редефенирање не само на уметноста на зборот (книжевниот текст и знак), туку и на колективно усвоените структури, култури, епохи, односно на сè она што има знак на семиозис. Оттука постојат повеќе пристапи кон театарската уметност кои можат да се определат како интердисциплинарни во вистинака смисла на зборот, интеруметнички, интермедијални и интеркултурални. Македонскиот театар, кон крајот на дваесеттиот век започнува да ги применува и развива постулатите на постмодернизмот. Прашањето за посмодернизмот во македонскиот театар е комплексно. Со него се занимавале голем број театролози и културолози. Познавачите на приликите се согласуваат дека во македонската драмска продукција посмодернизмот е присутен уште од почетокот на седумдесеттите со текстот Јане Задрогаз на Горан Стефаносвки кој како што ќе забележат голем број на истражувачи ја воведува постмодерната во македонската драматуршка практика, додека околу прашањето дали на македонската театарска сцена е присутна посмодернистичката сцен- 2 D. Oraić Tolić, Teorija citantnosti, Zagreb 1990, стр. 21 22. 3 P. Pavličić, Intertekstualnost i intermedijalnost. Tipološki ogled, во: Intertekstualnost & intermedijalnost, стр. 157 195.

Интермедијалноста во македонскиот театар 253 ска постапка мислењата се разликуваат. Театрологот Јелена Лужина смета дека македонските автори кои го следеле постмодернистчкиот израз кога ја дочекале генерацијата режисери чија чувствителност кореспондира со онаа на постмодернизмот на европските театарски сцени почнала да се практикува поинаква естетика 4. На иста линија се и заклучоците на Ана Стојановска 5 во нејзината магистерска теза дека во македонскиот театар се аплицираат некои постмодернистички постапки и дека како стилска формација, постмодерен македонски театар не постои. Но, исто така, Стојановска забележува дека во Македонија можат да се детектираат инцидентни постмодернистички претстави, модернистичка режија на постмодернистички текстови и елементи на постмодерната во претствите што се играат во македонските институционални тетари. Разгледувајќи ја посмодерната во македонскиот театар Лорета Георгиевска Јаковлева заклучува дека помалку е неверојатно тоа што богатиот фонд од драмски дела кои реферираат кон постмодерната, сепак не предизвикуваат промени во начинот на нивната изведба 6. Во современиот театар постмодерното претставување честопати се комбинира со изведбената уметност, онаму каде што драматуршкиот подтекст е отстранет, а она што останува е специфичната објава на уметниците во врска со концептуалноста на нивното дело. Во осумдесетите и деведесетите години на минатиот век ние бевме сведоци на процесот на отпор на потполното напуштање на логоцентризмот. Повеќе одошто било кога станало јасно дека текстуалната практика не е можно да се оддели од прикажувачката, па приказот и анализата на современата драматика и текстовите за театар мораат да ја поврзуваат (постсемиотички) теоријата на драмата со контекстот на теоријата на театарот и дека новите драмски текстови бараат враќање кон анализа на театралноста како нешто што наспроти целата низа на кризи, останува во внатрешноста на текстот и јазикот 7. 4 Ј. Лужина, Театралика, Скопје 2000, стр. 222 240. 5 А. Стојановска, Македонскиот постмодерен театар, Скопје 2006, стр. 130 160. 6 Л. Георгиевска-Јаковлева, Македонскиот постмореден театар, во: Меѓународен македонистички собир, Скопје 2010, стр. 461 467. 7 T. Toporšič, Reteatralizacija i dekonstrukcija dramske forme, Scena бр. 1/2, 2007 <www.pozorje.org.yu/scena/scena1207/13.htm> [превземено: 1.12.2011.].

254 Катерина Петровска-Кузманова При анализата на современата драматика таа никако не може да се оддели од нејзините постановки. Оваа анализа треба да се разбере како игра на двете практики на текстот и сцената. Играта меѓу праксата на текстот и театарот од крајот на минатиот век покажува дека ланецот на десакрализација на уметничкото дело и деинституцијата на драмскиот автор не ја постигнала целта. Решението и изборот не се случиле, драмскиот автор секогаш и повторно ги преживува бројните карики во ланецот на своите кризи и никогаш не се мирел со својата положба кога би се нашол во клопката меѓу термините крај и почеток. Сето ова не наведува на мислата дека знаковиот процес во театарската претстава е отворен, недовршен, што секако овозможува различните творци во него да запазат и изнесат различни значења. Несомнено е дека во современите драмски текстови од крајот на дваесеттиот век формата се става барем привидно пред содржината. На тој начин се создаваат дела кои се создадени од гласови, зборови и асоцијации во кои повремено можат да се наслутат поедини дијалози и фрагменти на некое дејство, при што драмата не ја губи смислата туку се искажува преку колажниот јазик. Следејќи ги движењата во европскиот театар во кои до израз доаѓа движењето, музиката, симболиката, производството на слики, фрагментарноста и др., кои вредно биле поставувани на сцена, отпадоците на смислата истрошена со дотогашната идеолошка и естетска употреба, театарот се обидува да ги открие новите стилски постапки и пракси и за создавање на нови хоризонти со кои може да се разберат некои аспекти на нивното создавање и рецепција. И покрај тоа што станува збор за мал број на спорадични примери може да се каже дека сепак македонскиот театар, ги усвојува и развива постулатите на постмодернизмот. Во рамките на претставите постојат смели експериментирања со кои се освежува и онеобичува театарскиот јазик и се воведуваат нови инвентивни изразни решенија. Тоа се прави по пат на интердисциплинарноста и интермедијалноста како поексплицитни одлики на некои понови театарски претстави. Односно во рамките на театарските претстави слободно се мешаат изразни средства кои им припаѓаат на други уметнички дисциплини. Тие во претставата влегуваат зачувувајќи си ги своите инхерентни својства, така што се добива едно двојство, создавање на една гранична атмосфера која го

Интермедијалноста во македонскиот театар 255 онеобичува и збогатува театарскиот чин. За таа цел авторите трагаат по постапки и елементи што им се примерени на другите уметности и пред сè во уметничките движења од шеесетите години на дваесеттиот век преку движењето на концептуалната уметност кој многу брзо се шири во Евроазиската култура. Концептуалната уметност била едно од најшироките уметнички движења на дваесеттиот век. Концептуалните уметници сметале дека уметноста може да биде пишан текст, публикација претставена во некое одредено сценарио на перформаност или било која идеја пренесена усно, преку скици, фотографии, звуци и видео записи. Таа станува одлична подлога за развивање на новите уметнички форми како што се уметничка инсталација, перформанс, видео и др. Кога станува збор за театарот во оваа смисла Леман сугерира дека постдрамскиот театар може да се разбере како обид уметноста да се концептуализира во смисла дека таа не дава репрезентација туку непосредно интендирано искуство на реалното (време, простор, тело) 8, односно како концептуален театар. Во македонскиот театар овој пристап доаѓа до израз кон крајот на деведесеттите години на минатиот век кога се создаваат претставите во кои постапката примената за презентација на драматуршката предлошка, може да се означи со терминот реди мејд (ready made) 9. Според Алаѓозовски употрeбата на реди мејдот во македонскиот театар 8 H.-T. Lehmann, Postdramsko gledališče, прев. K.J. Kozak, Ljubljana 2003, стр. 177. 9 Реди мејдот е техника карактеристична за визуелните уметности. Таа потекнува од движењето на дадаистите (1913 1918) кога Марсел Дишан го пријавил на конкурс веќе легендарниот писоар под наслов Фонтана како легитимно уметничко дел. Најконцизна дефиниција за реди мејдот е дека тоа е предмет од вонуметничко потекло кој е преземен, означен и изложен како уметничко дело со или без интервенции. Употребата на реди мејдот во неговите историски услови бил насочен против елитноста и ерудитивноста на уметноста. Иако уметниците што го употребувале имале широко познавање на уметноста, со самиот чин на прогласување на еден обичен предмет за уметничко дело сакале да ги уништат границите меѓу уметноста и животот, да ги прошират рамките на уметничкото дело и да покажат дека секој може да биде уметник. Употребата на редимејдот во постмодерната, ги разлабавува границите меѓу уметноста и животот, ги шири рамките на уметничкото дело, но него лоцира уметничкиот чин само во концептуалниот избор. Повеќе види: Р. Алаѓозовски, Реди мејд-от и македонскиот театар, Блесок год. VI, бр. 30, 2003 <www.blesok. com.mk> [превземено: 10.05. 2008.].

256 Катерина Петровска-Кузманова може да се следи преку претставите Македонска приказна на Теaтрот за деца и младинци и Македонскa крвава свадба на Битолскиот театар. Во двата случаи станува збор за употреба на етнолошки предмети со цел која е спротивна на она што е познато во современите перформанси, згрозување, туку напротив овде се работи за привлекување на вниманието на гледачите и давање нови значења на препознатливите предмети со цел да се зголеми перцепцијата на гледачите врз настаните кои се одигруваат на сцената. Во овие два случаи етнолошките предмети што се користат во изведбите може да се каже дека го следат концептот на Дишан и претставуваат средство преку кое се искажуваат идеите, со цел да се воспостави релација меѓу секојдневите предмети и уметноста. Но за разлика од Дишан кого го интересирал контекстот и аурата на реди мејдот, а не и неговата временска димензија во претставите Македонска крвава свадба и Македонска приказна се поставува прашањето на заборавеното застанато време меѓу минатото и сегашноста. Кога станува збор за текстот Македонска крвава свадба, треба да се знае дека таа се базира на вечниот мит за жртвата и жртвувањето формулиран искулчително едноставно преку митемите изразени уште во самиот наслов крв и свадба, опозиција која не ретко се експлоатира во светската драматургија. Темелена врз цело едно фолклорно наследство, таа во себе содржи огромен број народни размислувања, песни, поговорки. Но, кога се зборува за овој текст секако е дека најважно е да се забележи дека станува збор за една трагична драма со цврсто изградена структура. Таа е одраз на едно големо богато драмско наследство, во смисла на структурата на текстот и формата на изразот. Токму таа нејзина структура ја прави подложна на сè поразлични и понови аспекти на нејзиното читање и толкување нудејќи неограничени можности за нејзина трансформација. Процесот на своевидно деконструирање на овој текст започнува во 1991 година со текстовите на Г. Стефановски I Love Cernodrinski и Чернодрински се враќа дома од 1992 год., а продолжува со текстот на Дејан Дуковски Балканот не е мртов/balkan is not dead од 1993 год., за својата конечна форма да ја добие во постдрамската фаза на театарот со отворањето на сите можности за понатамошни истражувања на современиот македонски театар, преку една амблематска, спектакуларна,

Интермедијалноста во македонскиот театар 257 висoко естетизирана претстава Македонска крвава свадба од 1999 год. на Народниот театар од Битола која се темели врз симболикта на ритуалот. Претставата Македонска крвава свадба за која ќе стане збор во овој текст е исполнета со моштво од знаци кои се вообликуваат во клуч кој ја отвора вратата меѓу историјата и сегашноста. Тоа е претстава која низ концептот на режијата ги истражува и бара вечните провокации на животот. Автентичноста на оваа изведба произлегува од специфичноста во режисерското читање на текстот, во кој низата фолклорни знаци содржани во него се само предлошка врз која тој надоврзува низа постапки карактеристични за втората половина на двесеетиот век (фрагментраност, перформативност, метатекстуалноста, интертекстуалнсота и др.) во пошироки размери како начин на театарско дејствување преку кој до израз доаѓаат интердициплинарноста и интермедијалноста. Овде димензијата на интермедијалноста на театарската изведба и е дадена на музиката која не е само фон на драмското дејство туку активен чинител на претствата, што се гледа преку употребата на реди мејд инструменти од страна на групата Фолтин. Поставувањето на музичката група во претствата Македонска крвава свадба не е случајно особено ако се знае дека за групата Фолтин овој ангажман претствува континуитет на нивната претходна перформанс фаза. Поточно речено во својот музички експеримент тие употребуваат разни прирачни реквизити кои со нивен уметнички избор ги претвораат во музички инструменти. Но, за разлика од перформансите, во театарската претстава употребата на овие реквизити е високо мотивирана. Со тоа се потенцира интермедијалниот концепт и се остварува една покомплесна изведба во рамките на претствата. Учеството на групата Фолтин во претставата континуирано преминува во нивна театрализација како актери-ликови, а во некои мигови од дејството тие се пасивен музички ансамбл на сцена, според концептот на режисерот некогаш се во функција на музичка подлога во живо надвор од мизансценот, но и како перформанс група која што има речиси независен музички блок во рамките на претставата. Сите овие степени на нивната појавност ги шират рамките на претставата и театарскиот чин, односно создаваат една интермедијална ситуација,

258 Катерина Петровска-Кузманова мешање на театарот и музиката, т.е. перформансот, повеќе или помалку независни една од друга во рамките на еден сложен уметнички чин. Од ова може да се заклучи дека во рамките на самиот театарски чин нивната употреба е полифункционална. Тие со својата појава во оваа изведба стануваат дел од битовиот сегмент на претставата, односно референцијално го вкотвуваат дејствието во препознатлив историски контекст. Тоа најдобро се гледа во сцените во кои кореографската изведба добива ритуална димензија, каква што е сцената во која се острат косите и срповите за жетва. На сижејно и тематско ниво тоа претствува дел од подготовките за косење, секвенца од народниот живот, карактеристична за жанрот на битовата драматургија кон кој припаѓа текстовната предлошка за оваа претства. На симболичко ниво, острењето на косите алудира на подготвувањето за битка, таа го навестува идниот судир. Ритмичкото острење произведува звук кој на режисерот му служи како музичка подлога, а воедно ја обликува психолошката атмосфера во која се одвива дејството. И на крај, произведениот звук е оној такт кој е препознатлив во музичкиот израз на самиот изведувачки состав Фолтин. Врз овој концепт се градени и низата слични сцени во кои се потенциранин битовите елементи како што е сеењето на житото, односно дувањето во рогот. На овој начин старите форми и елементи на традиционалната народна култура ги преминуваат границите на времето исчитувајќи ја фолклорната знаковост низ призмата на посмодерниот сценски израз. Тоа подразбира нивна актуелизација по пат на посветување на нивната суштина. На тој начин овие елементи своето значење го остваруваат преку внатрешната знаковост и преку односот со другите елементи. Основното значење на симболот е диктирано од некоја вистинска природна карактеристика или функција која одреден знак го преименува во симбол. Театарската уметност има потреба да ги зема знаците од сите човекови природни појави кои ја сочинуваат човековата дејност. Но кога тој знак ќе се употреби во театарот добива многу поизразена знаковна вредност од онаа која ја имал при својата првобитна употреба. Освен употребата на предмети од секојдневието и особено предмети со етнолошко значење како музички инструменти, музичарите од Фолтин и режисерот Ѓоргиевски во смисла на реди мејд по-

Интермедијалноста во македонскиот театар 259 стапката во претствата ги употребуваат и своите сопствени тела односно својата сопствена појавност на сцената. Како дел од екипата што придонесува, а не игра во претставата (реквизитери, осветлители, тонци, разни сценски работници), односно нивното појавување на сцената не влегува во рамките на театарската претстава, не станува театарски знак. Но исто така музичкиот состав Фолтин честопати, со реди мејд одлука одеднаш се трансформира и станува дел од актерската екипа. Во тој случај нивната улога се движи од статисти во масовните сцени, разни модификации на улогата што некогаш ја имал античкиот хор до сосема карактеризирани епизодни улоги. Употребата на реди мејдот во неговите историски услови бил чин насочен против елитноста и ерудитивноста на уметноста. Иако уметниците што го употребувале имале широко познавање на уметноста, со самиот чин на прогласување на еден обичен предмет за уметничко дело сакале да ги уништат границите меѓу уметноста и животот, да ги прошират рамките на уметничкото дело и да покажат дека секој може да биде уметник. Употребата на реди мејдот во постмодерната, како што видовме во примерот со претствата Македонска крвава свадба, ги разлабавува границите меѓу уметноста и животот, ги шири рамките на уметничкото дело, но не го лоцира уметничкиот чин само во концептуалниот избор. Тоа е прелагата на постмодерната: зад еден навидум обичен и демократски чин, достапен секому, се крие голема елитистичка ерудиција, вештина и мајсторство. Во современото сценско читање на Љупчо Ѓоргиевски ова драмско милје базирано на митското мислење, добива една уште поуниверзална димензија пресоздавајќи ја структурата на драмскиот текст во една универзална трагедија. Тој ја користи естетската и афективната вредност на знаците од делото во доменот на вербалното и во визуелното. Во еден таков систем кавантитативните односи се менуваат со текот на семиозата во различните етапи од процесот на фукцонирањето на знакот од емитувачот кон примачот. Се разбира дека режисерската визија може да се наметне или да истакне еден доминантен тип на знаци во зависност од целта која сака да се постигне на сцената, но сепак неоспорно е дека во големите означувачки целини овие три вредности се неразделни како на ниво на креација емитување, така и на ниво на рецепција интерпретација.

260 Катерина Петровска-Кузманова Литература Алаѓозовски Р., Реди мејд-от и македонскиот театар, Блесок год. VI, бр. 30, 2003 <www.blesok.com.mk> [превземено: 10.05.2008]. Георгиевска-Јаковлева Л., Македонскиот постмореден театар, во: Меѓународен македонистички собир, Скопје 2010, стр. 461 467. Lehmann H.-T., Postdramsko gledališčе, прев. K.J. Kozak, Ljubljana 2003. Лужина Ј., Театралика, Скопје 2000. Pavličić P., Intertekstualnost i intermedijalnost, во: Intertekstualnost & intermedijalnost, ур. Z. Maković, M. Medarić, D. Oraić, P. Pavličić, Zagreb 1988, стр. 157 195. Smirnov I., Umjetnička intertekstualnost, во: Intertekstualnost & intermedijalnost, ур. Z. Maković, M. Medarić, D. Oraić, P. Pavličić, Zagreb 1988, стр. 209 229. Стојановска А., Македонскиот постмодерен театар, Скопје 2006. Oraić Tolić D., Teorija citantnosti, Zagreb 1990. Toporšič T., Reteatralizacija i dekonstrukcija dramske forme, Scena год. XLIII, бр. 1/2, 2007 <www.pozorje.org.yu/scena/> [превземено: 1.12.2010].