УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Similar documents
UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

UNIVERZITETSKI BILTEN

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНД ЗА НАУЧНА ОБЛАСТ МАТЕМАТИКА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

C U R R I C U L U M V I T A E

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

UNIVERZITETSKI BILTEN

И З В Е Ш Т А Ј 1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Број 204, февруари 2018

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н. Бр. 379

Б И Л Т Е Н На УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј. Куси биографски податоци за кандидатот

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола; има чест на Наставничкиот совет на БАС да му го поднесе следниов ИЗВЕШТАЈ

UNIVERZITETSKI BILTEN

За наставата по македонски јазик како втор (немајчин или странски) во Република Македонија и надвор од неа

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Број 163, февруари 2016

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Март Opinion research & Communications

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Број 174, септември 2016

Б И Л Т Е Н. Бр. 419

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО-НАУЧНАТА ОБЛАСТ ПИЈАНО НА МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

СTЕФАНОВСКА ВЕСНА. tel.: лок. 106

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

C U R R I C U L U M V I T A E

КЛИМЕНТОВОТО ДЕЛО ST. KLIMENT S LIFEWORK

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

Вид на квалификација Финансиско-сметководствено-банкарска насока Степен Дипломиран економист

Број 215, август 2018

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

спорт и здравје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје; III. Проф. д-р Таип Јакупи, професор на Бизнис академија Смилевски БАС, Скопје.

UNIVERZITETSKI BILTEN

МАРКЕТИНГ - ИНОВАТИВНОСT-ИНВЕНТИВНОСТ-КРЕАТИВНОСТ-

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

Биланс на приходи и расходи

БИЛТЕН, I/26 21 ноември 2011

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ - ПОДГОТОВКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Биланс на приходи и расходи

АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

UNIVERZITETSKI BILTEN

БИЛТЕН, I/9 11 Март 2009

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А В О Е Н А А К А Д Е М И Ј А. Генерал Михаило Апостолски Скопје - придружна членка - Б И Л Т Е Н

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

CURRICULUM VITAE. Дата и место на раѓање: година во Крива Паланка, Република Македонија

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА 54

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Transcription:

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО НАСТАВНО-СТРУЧНО ЗВАЊЕ ВИШ ЛЕКТОР ЗА НАУЧНАТА ОБЛАСТ РОМАНИСТИКА НА ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП Cо Одлука бр.1902-86/15 од 15..2017 год. донесена на 153. редовна седница на Hаставно-научниот совет на Филолошки факултет, одржана на 15.3.2017 год., определени сме за членови на Рецензентска комисија за избор на еден наставник во наставно-стручно звање - виш лектор за научната област романистика на Филолошкиот факултет при Универзитет Гоце Делчев во Штип. Комисијата работеше во состав на: доц. д-р Светлана Јакимовска, Филолошки факултет при Универзитет Гоце Делчев Штип, наставно-научна област романистика претседател; доц. д-р Ева Ѓорѓиевска, Филолошки факултет при Универзитет Гоце Делчев Штип, наставно-научна област романистика и историја на книжевноста на романските народи член; проф. д-р Радица Никодиновска, Филолошки факултет Блаже Конески - Скопје при Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје, наставно-научна област романистика италијанистика член. Конкурсот за овој избор беше објавен во дневните весници Нова Македонија, Утрински весник и Коха на 15.2.2017 година и во предвидениот рок се пријави кандидатката м-р Марија Тодорова - магистер по методика на настава по шпански јазик, вработена како лектор по шпански јазик на Филолошкиот факултет при Универзитет Гоце Делчев во Штип. Врз основа на приложената документација, на Наставно-научниот совет на Филолошки факултет му го поднесуваме следниов И З В Е Ш Т А Ј Биографски податоци Кандидатката м-р Марија Тодорова е родена на 18 август 1981 година во Кочани, каде што со континуиран одличен успех завршува основно и средно образование. Дипломира на Државниот универзитет во Чикаго (САД) во 2006 година со просек 10,00 и се стекнува со титула дипломиран филолог по шпански јазик и книжевност. Покажува забележителни успеси во текот на студирањето и добива високи академски признанија. Во 2011 година, со просек 9,93 магистрира на Факултетот по класични и нови филологии при Софискиот универзитет Св. Климент Охридски во Софија, Република Бугарија, и се стекнува со титула магистер по методика на настава по шпански јазик. Магистрира на тема Изучување на шпански јазик како втор странски јазик. Во периодот од 2005 до 2007 година работи како асистент и тутор на Државниот универзитет во Чикаго Chicago State University САД. Од 2008 година до 2013 работи на Филолошкиот факултет при Универзитет Гоце Делчев во Штип како кореспондент, а од 2013 г. до денес е вработена на УГД на местото лектор по шпански јазик при Филолошкиот факултет. Наставно-образовна активност и научноистражувачка дејност Своето работно искуство поврзано со шпанскиот јазик го започнува во 2005 година и во периодот до 2007 година работи како асистент и тутор на Државниот универзитет во Чикаго, САД. Во текот на своето работење на Филолошкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип, кандидатката м-р Марија Тодорова мошне успешно ги извршува своите работни обврски и држи вежби по предметите: Шпански јазик 1, 2, 3, 4, 5, 6 како изборен предмет на Филолошкиот факултет, Шпански јазик 1, 2, 3, 4 како странски јазик 42

Број 192, јуни 2017 на нематичните факултети, Шпански јазик 2, 3, 4, 5, 6 како деловен странски јазик на Економски факултет, а исто така ги покрива и предметите Шпански јазик (1, 2) како универзитетски изборен предмет на сите 13 факултети при Универзитетот Гоце Делчев. Во изборниот период м-р Марија Тодорова учествувала на повеќе меѓународни симпозиуми, конгреси и конференции во земјава и надвор од неа, и тоа како од областа на образованието и воспитанието, така од областа на филолошките науки, при што има објавено поголем број на стручни и научни трудови, а други се во печат. Учество на проекти, обуки и конференции Доц. д-р Драгана Кузмановска, д-р Нина Даскаловска, д-р Светлана Јакимовска, д-р Даринка Маролова, д-р Ева Ѓорѓиевска, д-р Толе Белчев, д-р Марија Леонтиќ, д-р Махмут Челик, м-р Биљана Иванова, м-р Снежана Кирова, м-р Марија м-р Јована Караникиќ, Проект МЕНТОР, ПСД-Груп Љубљана и Филолошки факултет -Штип, -2018. Семинар во рамките на проектот Ментор на Штип, 15-19 октомври, год. Петта меѓународна научна конференција Меѓународен дијалог: Исток Запад : Меѓународен славјански институт Свети Николе, 25-26 април 2014 година. Втора меѓународна конференција на Здружението на преведувачи на Македонија, одржана на 25 октомври 2014 година во Скопје. XXIV. Colloquium of Young Linguists in Prague, Прага, 9-11 септември година. Меѓународна научна конференција на Факултетот за образовни науки, УГД, 24-25 септември година. Прва меѓународна научна конференција ФИЛКО : Филолошки факултет УГД - Штип, 18-19 март година. Четврта меѓународна научно-стручна конференција на тема Современото воспитание и образование состојби, предизвици и перспективи : Собрание на Општина Штип и ФОН УГД, 18 мај година. Меѓународна научна конференција КЛИМЕНТОВОТО ДЕЛО : Филолошки факултет УГД, 23-24 јуни година. Научно-стручна трибина ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА УЧИТЕЛСКАТА ПРОФЕСИЈА : Факултет за образовни науки УГД, 7 октомври година. Објавени научни и стручни трудови Резултатите од научната и стручната активност на м-р Марија Тодорова се презентирани преку следниве научни и стручни трудови: 1. Тодорова М., Коцева В. (2013): Анкетата како метод за научно изтражување, Зборник на Филолошки факултет, Универзитет Гоце Делчев Штип, стр.121-130, 2013. 2. Тодорова М. (2014): Интересот за изучување на шпанскиот јазик во светот и во Македонија, Петта меѓународна научна конференција Меѓународен дијалог: Исток Запад : Меѓународен Славјански институт Свети Николе, стр. 33-36, 2014. 3. Тодорова М. (2014): Многујазична методика, Зборник на Филолошки факултет, Универзитет Гоце Делчев Штип, стр. 195-203, 2014. 4. Тодорова М., Коцева В. (): Анксиозност во наставата по странски јазик, Зборник на Филолошки факултет, Универзитет Гоце Делчев Штип, стр. 253-258,. 5. Тодорова М., Коцева В. (): Анксиозност кај студентите во училницата по странски јазик, Прва меѓународна научна конференција FES Conference : ФОН УГД, стр. 75-81,. 6. Коцева В., Тодорова М. (): Ставовите на учениците во врска со изучувањето на граматиката на часот по странски јазик, Меѓународна научна конференција FES Conference : ФОН УГД, стр. 69-74,. 43

7. Тодорова М. (): Усвојување на трети јазици (Е3), XXIV. Annual Colloquium of Young Linguists at the Faculty of Arts, Charles University Prague, (во печат). 8. Тодорова М., Коцева В. (): Шпанскиот јазик во високото образование во Република Македонија, Прва Меѓународна научна конференција ФИЛКО : Филолошки факултет УГД, стр. 989-996, (18-19 март ). 9. Коцева В., Тодорова М., (): Преглед на критичките интерпретации на Крешеновиот модел на усвојување/учење на немајчин јазик, Прва Меѓународна научна конференција ФИЛКО : Филолошки факултет УГД, стр. 423-430, (18-19 март ). 10. Тодорова М., Уланска Т. (): Рано изучување на странски јазик, Четврта меѓународна научно-стручна конференција на тема Современото воспитание и образование состојби, предизвици и перспективи : Собрание на Општина Штип и ФОН УГД, стр. 83-87, (18 мај ). 11. Тодорова М., Коцева В. (): Интернационализација на високото образование, Меѓународна научна конференција КЛИМЕНТОВОТО ДЕЛО : Филолошки факултет УГД, (во печат) 12. Уланска Т., Тодорова М. (): Eфективноста на користење метафори во наставата по странски јазик, Меѓународна научна конференција КЛИМЕНТОВОТО ДЕЛО : Филолошки факултет УГД, (во печат). Законски услови кои треба да ги исполнува кандидатот за избор во виш лектор Марија Тодорова беше избрана во наставно-стручно звање лектор за наставнонаучната област романистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип и во нејзиниот претходен мандат, на 3.7.2013 година со Одлука бр. 2402-101/5 на ННС на Филолошкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Рефератот од Рецензентската комисија за овој избор е објавен во Универзитетски билтен бр. 104 од 3.12.2012 г. Објавени научни и најмалку пет стручни трудови Години на излегување Б.р. Автор Наслов на трудот Списание на списанието 1 2 3 4 5 6 Тодорова Марија и Марија Анкетата како метод за научно истражување. Многујазична методика Анксиозност во наставата по странски јазик. Анксиозност кај студентите во училницата по странски јазик. Ставовите на учениците во врска со изучувањето на граматиката на часот по странски јазик. Шпанскиот јазик во високото образование во Република Македонија. Меѓународна научна конференција - зборник на трудови Меѓународна научна конференција - зборник на трудови ФИЛКО - Зборник на трудови од Прва меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование 2013 2014 44

Број 192, јуни 2017 7 8, Уланска Татјана Уланска Татјана Преглед на критичките интерпретации на Крешеновиот модел на усвојување/ учење на немајчин јазик. Рано изучување на странски јазик ФИЛКО - Зборник на трудови од Прва меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование Четврта Меѓународна научно-стручна конференција на тема Современото воспитание и образование состојби, предизвици и перспективи Евалуација на трудот Анкетата како метод за научно истражување Во овој труд се презентира еден од најчесто употребуваните методи за научно истражување - анкетата. Подетално се разгледуваат како контекстот, содржината и формата на анкетата, така и предностите и недостатоците на овој истражувачки метод. Јасната слика за поимот анкета ќе овозможи истражувачот да добие податоци кои се објективни, надежни и валидни, а со тоа и истражувањето да обезбеди објективен и валиден резултат. Евалуација на трудот Многујазична методика Предмет на овој труд е појаснување на поимот многујазична методика и негова диференцијација од поимот методика на настава по странски јазик. Се разгледуваат аспектите и принципите на многујазичната методика, како и нејзината тесна поврзаност со голем број сродни науки, од кои најважни се лингвистика и културологија, психологија, педагогија и др. Евалуација на трудот Анксиозност во наставата по странски јазик - Овој труд ја анализира појавата на анксиозност кај студентите при изучување на странски јазик, која предизвикува несигурност, расеаност, мала самодоверба, отсуство на желба да се посетуваат часовите и да се учи јазикот. Евалуација на трудот Анксиозност кај студентите во училницата по странски јазик - Овој труд ја анализира појавата на анксиозност кај студентите при изучување на странски јазик, ги утврдува причините за појавата на истото и го утврдува негативното влијание врз достигнувањата на студентите. Евалуација на трудот Ставовите на учениците во врска со изучувањето на граматиката на часот по странски јазик - Трудот цели кон прикажување на размислувањата, сугестиите и ставовите на учениците во врска со изучувањето на граматиката на часот по странски јазик. Евалуација на трудот Шпанскиот јазик во високото образование во Република Македонија - Во овој труд се анализира фактичката состојба на шпанскиот јазик како странски јазик во Р Македонија, се истакнуваат причините за зголемениот интерес за изучување на шпанскиот јазик и шпанската култура, се дава осврт на образовниот систем во државата и преку анализа на податоци се утврдува застапеноста на јазикот во високото образование односно се анализира изучувањето на шпанскиот јазик на државните и приватните високообразовни институции во Македонија. Евалуација на трудот Преглед на критичките интерпретации на Крешеновиот модел на усвојување/ учење на немајчин јазик - Во овој труд се дава осврт на критиките насочени кон идеите на Крешен за учењето на немајчин јазик и се изнесуваат ставовите на критичарите кои ја побиваат теоретската оправданост, односно теоретската неусловеност на Крешеновиот модел. Се дава краток приказ на најчестите приговори, поврзани со вреднувањето на теоретските поставки во овој модел и се образложуваат неодреденоста, несоодветноста и недоследноста на Крешен во употребата на терминологијата и методологијата. Евалуација на трудот Рано изучување на странски јазик - Во овој труд се дава осврт на општите карактеристики и специфичните принципи на раното изучување на странски јазик, општите цели на наставата по странски јазик во основно училиште, се анализира јазичната способност на децата од предучилишна и училишна возраст и развојот на јазичните вештини. 45

ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ Врз основа на приложената работна биографија, стекнатото образование, искуството во наставната и научноистражувачката работа стекнато за време на нејзиното работење како лектор - наставник на Филолошкиот факултет, така и на планот на стручното педагошко усовршување, совесното и одговорно исполнување на работните обврски, како и способноста за активно работење и креативност, Комисијата кон статира дека м-р Марија Тодорова ги исполнува сите суштински и законски крите ри у ми, предвидени со Законот за високо образование, за избор во наставно-стручно звање виш лектор за научната област романистика на Филолошкиот факултет при Уни верзитетот Гоце Делчев во Штип. Имајќи ја предвид целокупната научна, стручна и наставна активност на кандидатката, Комисијата со задоволство му предлага на Наставно-научниот совет на Фило лош киот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип кандидатката м-р Марија Тодорова да биде избрана за наставник во наставно-стручно звање виш лектор за научната област романистика. РЕЦЕНЗЕНТСКА КОМИСИЈА Доц. д-р Светлана Јакимовска, претседател, с.р. Доц. д-р Ева Ѓорѓиевска, член, с.р. Проф. д-р Радица Никодиновска, член, с.р. 46