Упатство за корисникот S312. This is the Internet version of the User guide. Print only for private use.

Similar documents
Упатство за корисникот

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Структурно програмирање

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Упатство за корисникот

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Упатство за корисникот

Започнете овде Водич за брз почеток

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Blu-ray диск/dvd систем на домашно кино. Започнете овде Здраво, ова е вашето упатство за брз почеток

Упатство за корисникот

Упатство за корисникот

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Започнете овде Водич за брз почеток

Упатство за корисникот

Упатство за употреба. Porto S (E570)

Упатство за корисникот

Започнете овде Упатство за брз почеток

одржина Предговор... 1 Првокласни функции... 2 Сеф... 2 Активирање на камерата од Галерија... 2

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

ПРИРАЧНИК ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

Blu-ray Disc / DVD плеер

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

SM-G920F. Упатство за корисникот

Започнете овде. Упатство за брзо инсталирање DCP-J4110DW DCP-J4110DW ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ ВАЖНО НАПОМЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Blu-ray Disc / DVD плер

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Line Interactive UPS уреди за непрекинато напојување

Март Opinion research & Communications

SERIES 3 40S306BF УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ. Ве молиме прочитајте го ова упатство пред да го инсталирате и употребувате вашиот уред.

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Blu-ray Disc /DVD систем за домашно кино

ПРИРАЧНИК ЗА УПОТРЕБА

Прирачникот е издаден од Здружение на граѓани Отворете ги прозорците. Печатењето на овој прирачник е поддржано од Фондација е Македонија

ВНИМАНИЕ. ВАЖНО - Ве молиме целосно да ги прочитате овие инструкции пред да го инсталирате или да ракувате со телевизорот. Безбедносни информации

Blu-ray Disc / DVD -плеер

Ултра HD Bluray / DVD плеер

ПОИМ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОМПЈУТЕРСКИТЕ МРЕЖИ

LCD Дигитален телевизор

Биланс на приходи и расходи

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

WorkForce Enterprise. Водич за администратори NPD MK

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Биланс на приходи и расходи

(1) (MK) Дигитален фотоапарат. Упатство за употреба DSC-H300

Blu-ray Disc / DVD -плеер

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Упатство за употреба DCR-SR35E/SR36E/SR45E/SR46E/SR55E/ SR65E/SR75E/SR85E. Дигитална видео камера (1)

Упатство за корисникот

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto Java PKI токен?

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

ASTRA Прирачник за инфозабавата

U 2008 Sony Corporation (1)

ISA SERVER - ПОЛИТИКИ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СООБРАЌАЈ ВО МРЕЖИ Јасминка Сукаровска Костадиновска, Доц Др.Сашо Гелев

DSLR-A200. Дигитална камера Упатство за употреба (1) Подготовка на камерата. Пред употреба. Фотографирање

Упатство за употреба DSC-S750/S780 МК

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

Упатство за корисникот

CASCADA Прирачник за инфозабавата

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

МултиканаленAV ресивер

Bluetooth Aудио систем

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Упатство за користење на Електронско банкарство на Еуростандард Банка. (правни лица)

ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

Дизајн и имплементација на модул за извештаи и администрација на СМС систем за паркирање

Упатство за употреба DSC-W150/W170

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Health South Eastern Sydney Local Health District

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

NO-FROST COMBI REFRIGERATOR Fridge-freezer Instruction booklet. ФРИЖИДЕР СО ЗАМРЗНУВАЧ NO FROST Упатство за употреба

ТАЈНИТЕ НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА КАТЕДРА ПО ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ ШТИП. Сашо Ѓеоргиевски

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПРИРАЧНИК ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Сакај го своето срце. Брз водич што ќе ве поддржи додека закрепнувате од срцева болест. Во болница. План за закрепнување. Заминување од болница

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

INTELLECTUAL PROPERTY

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

DDoS напади и DDoS напади врз DNS

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

Содржина Вовед Радио Аудио плеери Навигација Индекс... 58

Универзална витрина за чување

ТЕМАТСКИ СОДРЖИНИ. 1. ИТ ИНФРАСТРУКТУРА, проблеми и решенија 2. ЗАШТИТА НА ИТ СИСТЕМОТ 3. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ , Владимир Георгиески

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Упатство за користење на програмот InfoSystem

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ. Доц. д-р Иван Краљевски. Врските помеѓу локациите на Интернетот, (патеките) претставуваат комуникациски врски.

Transcription:

Упатство за корисникот S312

Ви благодариме за купувањето на Sony Ericsson S312. За дополнителни содржини за телефонот, посетете ја страницата www.sonyericsson.com/fun. Регистрирајте се веднаш за да добиете сет од алатки, бесплатен онлајн простор за складирање, специјални понуди, вести и натпревари на страницата www.sonyericsson.com/myphone. За подршка за производот, одете на страната www.sonyericsson.com/support. Симболи за инструкции Следниве симболи може да се појавуват во ова Упатство за корисникот: > Користете го копчето за навигација за да скролувате и одбирате Притиснете го централното копче за одбирање Притиснете го копчето за навигација нагоре Притиснете го копчето за навигација надолу Притиснете го копчето за навигација лево Притиснете го копчето за навигација десно Забелешка Совет Предупредување Прочитајте ги Важните информации пред да почнете да го користите Вашиот мобилен телефонот. 2

SIM картичка SIM (Subscriber Identity Module) картичката, која што ја добивате од Вашиот мрежен оператор, содржи информации во врска со Вашата претплата. Секогаш исклучете го Вашиот телефон и откачете го полначот и батеријата пред да ја вметнете или отстраните SIM картичката. Можете да зачувувате контакти на SIM картичката пред да ја отстраните од Вашиот телефон. Видете Контакти на страницата 27. PIN код (заклучување на SIM картичка) Можеби ќе Ви биде потребен PIN (Personal Identification Number) за да ги активирате услугите и функциите во Вашиот телефон. Вашиот PIN е обезбеден oд Вашиот мрежен оператор. Секоја цифра од PIN кодот се појавува како *, освен ако почнува со цифрите од бројот за итност, на пример, 112 или 911. Можете да го видите и повикате бројот за итност без да внесувате PIN. За да го користите заклучувањето на SIM картичката или да го промените Вашиот PIN код, видете Заклучување на SIM картичката на страна 35. Ако внесете погрешен PIN три пати по ред, SIM картичката се блокира. Видете Заклучување на SIM картичката на страна 35. 3

Мемориска картичка Вашиот телефон поддржува Memory Stick Micro (M2 ) мемориска картичка, која додава повеќе простор за зачувување на Вашиот телефон. Исто така може да се користи како подвижна мемориска картичка со други компатибилни уреди. Можете да преместувате содржини помеѓу мемориската картичка и меморијата на телефонот. Видете Забава на страна 14 и Bluetooth безжична технологија на страна 30. За да вметнете некоја мемориска картичка 1 Отстранете го задниот поклопец. 2 Откачете ја батеријата. 3 Вметнете ја мемориската картичка со златно-обоените контакти свртени надолу. За да ја отстраните мемориската картичката 1 Отстранете го задниот поклопец. 2 Откачете ја батеријата. 3 Притиснете го крајот на мемориската картичка за да ја ослободите и отстраните. 4

Полнење на батеријата Батеријата на телефонот е делумно наполнета кога ќе го купите. Да ја наполните батеријата 1 Приклучете го полначот на телефонот со иконата за енергија на полначот свртена нагоре. Потребно е отприлика 3,5 часа за целосно да се наполни батеријата. Притиснете кое било копче за да го видите екранот и да го видите статусот на полнење. 2 За да го отстраните полначот, подигнете го приклучокот нагоре. Може да потрае и до неколку минути пред иконата за батеријата да се појави на екранот. Можете да го користите Вашиот телефон за време на полнењето. Можете да ја полните батеријата во кое било време и повеќе или помалку од 3.5 часа. Прекинатото полнење не ја оштетува батеријата. 5

Вклучување на телефонот За да го вклучите телефонот 1 Притиснете и задржете. 2 Ако Ви е побарано, внесете го Вашиот PIN. 3 Одберете OK за да го користите волшебникот за прилагодување. Ако сакате да поправите некоја грешка кога го внесувате Вашиот PIN, притиснете. Екран во мирување Откако сте го вклучиле телефонот и сте го внеле Вашиот PIN, името на операторот на мрежата се појавува на екранот. Ова се нарекува екран во мирување. Вашиот телефон сега е подготвен за користење. Да го исклучите телефонот Притиснете и задржете. 6

Икони на екранот Мрежна покриеност Статус на батеријата Мрежна покриеност Цртичките за мрежа ја покажуваат јачината на GSM мрежата во Вашата област. Треба да се преместите се на друга локација доколку имате проблеми со остварувањето на повици и мрежната покриеност е слаба. Нема мрежа значи дека не сте во опсегот на некоја мрежа. = Добра мрежна покриеност = Просечна мрежна покриеност Статус на батеријата = Батеријата е целосно наполнета = Батеријата на телефонот е празна Кога телефонот се празни, енергијата на батеријата се намалува постепено. 7

Овие икони може да се појават на екранот. Икона Опис Пропуштен повик Поврзано е хендсфрe Телефонот е наместен на нечујно Примена е текстуална порака Примена е порака со слика Примена е email порака Предвидливото внесување на текст е активирано Примена е говорна порака Повик во тек FM радиото е активно Активиран е алармот Bluetooth функцијата е активирана 8

Преглед на телефонот 1 Звучник за на уво 2 Екран 3 Копчиња за одбирање 4 Копче за повикување Копче за кратенки 5 на менито 6 Централно копче за одбирање 7 Копче за навигација 8 Копче за заклучување 9 Копчиња јачина на звук/ дигитален зум 10 Копче за видео рекордер Копче завршување, 11 копче за вклучување/ исклучување 12 Копче за камерата 13 Копче C (Бриши) 14 Главна камера 15 Приклучок за полнач, хендсфри и USB кабел 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 9

Копчиња Копче Функција Одете во главното мени или одберете објекти Скролувајте помеѓу менијата и табовите Одберете ги опциите прикажани веднаш над овие копчиња на екранот Бришете објекти слики, звуци и контакти Кратенки додадете ги Вашите омилени функции за брзо да им пристапувате Од екранот во мирување притиснете да ја активирате камерата Од мирување притиснете да го активирате видео рекордерот Притиснете за да остварите некој повик откако сте го внеле телефонскиот број Вклучете или исклучете го телефонот 10

Навигација Главните менија се покажани како икони. Некои подменија вклучуваат табови. Да се движите низ менијата на телефонот 1 Од екранот во мирување одберете Мени. 2 Користете го копчето за навигација за да се движите низ менијата. За да скролувате помеѓу табовите Притиснете го копчето за навигација лево или десно. За да се вратите еден чекор назад во менито Одберете Назад. За да се вратите во екранот во мирување Притиснете. Да го наместите телефонот на нечујно Од екран во мирување притиснете и задржете. За да го повикате Вашиот сервис за говорна пошта Од екран во мирување притиснете и задржете. Да завршите некоја функција Притиснете. 11

Преглед на менито PlayNow * Интернет* Забава Домашна страна, Внесете адреса, Маркери, Историја, Зачу. страници, ИнтернетПрил. Online услуги*, Игри, TrackID, Видео плеер, Сними звук Камера Разме. на пораки Напиши нова, Примени пор., Email, Скици, За праќање, Испра. пораки, Пов. ја гов.по., Обрасци, Прилагодува. Музички плеер Музика, Албум на камер., Слики, Управув. со дато.** Видеа, Друга Нов контакт Контакти FM радио Повици** Сите Одговорено Повикани Пропуштени Организатор Аларм, Апликации, Календар, Задачи, Синхронизаци.*, Тајмер, Стоперица, Светло, Калкулатор 12

Прилагодување** Општи Профили Време и дату. Јазик на тел. Кратенки Режим во лет Безбедност Статус на тел. Ресетирај си Звуци и сигнали Јачина на ѕвоно Звук на ѕвонење Режим на Нечујно Вибрирање Сигнал за порака Звук на тастатур. Дисплеј Позадина Теми Екран при старту. Скрин сејвер Степен на осветл. Повици Брзо повикувње Пренасочи пови. Управ. со повици Време и цена* Прика./скриј број Handsfree Поврзување Bluetooth USB Синхронизаци.* Мобилни мрежи ИнтернетПрил. * Некои менија се зависни од операторот, мрежата и претплатата. ** Можете да го користите копчето за навигација за да се движите низ табовите во подменијата. За повеќе информации, видете Навигација на страницата 11. 13

Забава Mузички плеер За да пуштите музика 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Музички плеер > Опции > Моја музика > Мелодии. 2 Скролувајте до некој наслов и одберете Play. Постојат неколку начини да го контролирате Музичкиот плеер: Притиснете за да ја стопирате репродукцијата на музиката. Притиснете или за да се движите помеѓу траките. Притиснете и задржете или за да премотувате напред или да враќате наназад. Притиснете или за скролувате низ траките во моменталната плејлиста. Одберете Назад за да одите во главното мени. Притиснете за да излезете. Плејлисти Можете да креирате плејлисти за да ја организирате Вашата музика. Да креирате плејлиста 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Музички плеер > Опции > Моја музика > Мои плејлисти > Нова плеј л. > Додај. 2 Внесете некое име и одберете OK. 3 Скролувајте до некој песна и одберете OK. Да додадете некоја трака на некоја плејлиста 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Музички плеер > Опции > Моја музика > Мои плејлисти. 2 Скролувајте до некоја плејлиста и одберете Отвор. > Опции > Додај медиа. 3 Скролувајте до некој песна и одберете OK. 14

Да отстраните некоја трака од некоја плејлиста 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Музички плеер > Опции > Моја музика > Мои плејлисти. 2 Скролувајте до некоја плејлиста и одберете Отвор. 3 Скролувајте до некој трака и одберете Опции > Избриши > Да. PlayNow Со PlayNow можете да прегледувате, купувате и даунлоадирате музика користејќи го Интернетот. Можете да го пронајдете PlayNow во Мени > PlayNow. Потребни Ви се правилните Интернет прилагодувања за да ја користите оваа функција. Видете Тонови на ѕвонење и теми на страницата 32. TrackID TrackID е услуга за препознавање на музика. Можете да пребарувате за наслов, изведувач и име на албум за некоја трака која ја слушате на звучникот или на радио. Потребни Ви се правилните Интернет прилагодувања за да ја користите оваа функција. Видете Тонови на ѕвонење и теми на страницата 32. За информација за трошоците контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги. За да пребарувате информација за песна Кога ќе чуете песна преку звучник, од екранот во мирување одберете Мени > Забава > TrackID > Старт. Кога радиото е пуштено, одберете Опции > TrackID. 15

За да префрлувате датотеки во режимот на Масовно складирање Уреди со отстранливо складирање DVD/CD-RW Drive (D:) DVD Drive (E:) Телефон (F:) Меморија на телефонот Отстранлив диск (G:) Мемориска картичка 1 Поврзете го USB кабелот со телефонот и со компјутерот. 2 Телефон: Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Поврзување табот > USB > Масовно зачу. 3 Компјутер: Почекајте додека меморијата на телефонот и мемориската картичка се појават на надворешните дискови во Microsoft Windows Explorer. 4 Компјутер: На работната површина на компјутерот, кликнете два пати на иконата Мој компјутер. 5 Компјутер: Во прозорецот Мој компјутер, кликнете два пати на иконата која што го претставува Вашиот телефон под Уреди со отстранливо складирање за да ја видите меморијата на телефонот и папките на меморискиот стик. 6 Компјутер: Копирајте и пуштете ја Вашата датотека, или одвлечете и испуштете ја, во некоја папка на Вашиот компјутер, во меморијата на Вашиот телефон или на Вашата мемориска картичка. 16

Не го отстранувајте USB кабелот од телефонот или компјутерот во текот на префрлувањето, бидејќи тоа може да ја оштети мемориската картичка и меморијата на телефонот. Не можете да ги гледате пренесените датотеки во Вашиот телефон се дури не го извадите USB кабелот од телефонот. За безбедно прекинување на врската на USB кабелот, десен клик на иконата за Отстранлив диск во Windows Explorer и одберете Eject. Видео плеер За да пуштите некое видео 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Управув. со дато. > Албум на камер. 2 Скролувајте до некое видео и одберете Прика. За да прекинете со репродукцијата на некое видео Притиснете. За да продолжите со репродукцијата на некое видео Притиснете. За да излезете од видео плеерот Притиснете. 17

Радио Не го користете Вашиот телефон како радио на места на кои тоа е забрането. Вашиот телефон има радио и хендcфри-то работи како антена. За да го слушате радиото 1 Поврзете го хендсфри-то со телефонот. 2 Од екранот во мирување одберете Мени > FM радио. За да пребарувате за FM радио канали Кога радиото е пуштено, притиснете и задржете или. За да зачувувате некој FM радио канал 1 Одберете Опции > Зачувај. 2 Изберете некоја позиција. За да одберете некој зачуван FM радиото канал 1 Кога радиото е пуштено, одберете Опции > Канали. 2 Одберете некој радио канал. За да излезете од FM радиото 1 Одберете Назад или притиснете. 2 Минимизирај го радиото? се појавува на екранот. Одберете Не. За да го исклучите FM радиото кога е минимизирано 1 Одберете Мени > FM радио. 2 Одберете Назад или притиснете. 3 Минимизирај го радиото? се појавува на екранот. Одберете Не. За да ги видите опциите на FM радиото Кога радиото е пуштено, одберете Опции. 18

Фотографирање Камера и видео рекордер Можете да фотографирате и да снимате видео клипови за да ги гледате, зачувувате или испраќате. Фотографиите и видео клиповите автоматски се зачувуваат на мемориската картичка, доколку некоја мемориска картичка е вметната. Доколку не е вметната, тие се зачувуваат во меморијата на телефонот. Можете да ги пронајдете Вашите зачувани фотографии и видео клипови во Мени > Управув. со дато. > Албум на камер. Користење на камерата 1 2 Зумирање или одзумирање Снимање видео клипови/префрлување од мирна камера на видео камера 3 Назад 4 Фотографирање/ префрлување од видео камера на мирна камера 5 Прилагодувања 1 2 3 4 5 19

Кратенки на камерата Копче Кратенка Камера: Режим на фот. Видео: Долж. на видеото Камера: Бала. на бело Видео: Микрофон Камера: Авто.-тајмер Видео: Зачувај во Светло Водич за копчињата на камерата Да направите фотографија 1 За да ја активирате камерата, од екранот во мирување притиснете. 2 За да направите некоја слика, притиснете. Не снимајте со јак извор на светлина во позадината. За да одбегнете заматени слики, користете го автоматскиот тајмер или некоја поддршка како што е триножен држач. Да снимите видео клип 1 За да го активирате видео рекордерот, од екранот во мирување притиснете. 2 За да започнете со снимањето, притиснете. 20

Да го стопирате снимањето Притиснете. Видео клипот автоматски се зачувува. За да користите зум Притиснете ги копчињата за јачина на звук нагоре или надолу. Кога фотографирате, зумирањето е достапно само во VGA режим. За да ги промените прилагодувањата на камерата 1 За да ја активирате камерата, од екранот во мирување притиснете. 2 Одберете. За да ги промените прилагодувањата на видео рекордерот 1 За да го активирате видео рекордерот, од екранот во мирување притиснете. 2 Одберете. За да се префрлувате од мирна камера на видео камера Во режимот на мирна камера, притиснете. За да се префрлувате од видео камера на мирна камера Во режимот на видео камера, притиснете. За да избришете слики и видео клипови 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Управув. со дато. > Албум на камер. 2 Скролувајте до некој објект и притиснете. Поправање на фотографија Можете да подобрите недоволно осветлени фотографии со поправање на фотографија. 21

За да подобрите некоја фотографија со Photo fix 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Управув. со дато. > Албум на камер. 2 Скролувајте до некоја фотографија и одберете Опции > Подоб. на фот. Блог со слика Блог со слика е лична Web страна. Доколку Вашата претплата ја поддржува оваа услуга, можете да испратите фотографии на блог. Web услугите може да бараат одделни договори за лиценци помеѓу Вас и обезбедувачот на услугите. Дополнителни правила и/или трошоци може да се применат. Контактирате со Вашиот обезбедувач на услуги. За да испратите слики од камерата на некој блог 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Управув. со дато. > Албум на камер. 2 Скролувајте до некоја фотографија и одберете Опции > Испрати > Во блог. 3 Скролувајте до Наслов: и одберете Измени. 4 Додадете некој наслов и одберете OK. 5 Скролувајте до Текст: и одберете Измени. 6 Додадете текст и одберете OK. 7 Одберете Објави. Префрлување слики Можете да ги користите Bluetooth безжичната технологија и USB кабелот за да префрлувате слики и видео клипови помеѓу некој компјутер и Вашиот телефон. Видете Bluetooth безжична технологија на страна 30 и За да префрлувате датотеки во режимот на Масовно складирање на страна 16 за повеќе информации. 22

Повикување Мора да го вклучите телефонот и да сте во опсегот на мрежа. За да остварите повик 1 Од екранот во мирување внесете го регионалниот код, доколку е тоа можно, и телефонскиот број. 2 Притиснете. Можете да повикувате броеви од Вашите контакти и листата на повици. Видете Контакти на страна 27 и Листа на повици на страна 24. Да завршите повик Притиснете. Да одговорите на повик Притиснете. Да одбиете повик Притиснете. Да ја промените јачината на звукот во слушалката за време на повик Притиснете ги копчињата за јачина на звук нагоре или надолу. Да го вклучите звучникот за време на повик Одберете Вк. Зву. Не го држете телефонот до увото кога го користите звучникот. Ова може да го оштети Вашиот слух. Да ги видите пропуштените повици од екранот во мирување Кога Пропуштени повици: се покажува на екранот, одберете Прика. 23

Да воспоставувате меѓународни повици 1 Во екранот во мирување притиснете и задржете се додека не се појави знакот +. 2 Внесете го кодот на државата, регионалниот код (без првата нула) и телефонскиот број. 3 Притиснете. Листа на повици Можете да видите информација во врска со неодамнешните повици. За да повикате број од листата на повици 1 Од екранот во мирување притиснете. 2 Скролувајте до некое име или број и притиснете. Да избришете некој број од листата на повици 1 Од екранот во мирување притиснете. 2 Скролувајте до некое име или број и одберете Опции > Избриши. Итни повици Вашиот телефон ги поддржува меѓународните итни броеви, на пример, 112 и 911. Овие броеви можат нормално да се користат за остварување итни повици во било која држава, со или без вметната SIM картичка, ако GSM мрежа е во тој опсег. Да остварите итен повик Од екранот во мирување внесете го меѓународниот број за итност, на пример, 112 и притиснете. Во некои земји, може да постојат и други итни броеви. Затоа Вашиот мрежен оператор може да има зачувано дополнителни локални итни броеви на SIM картичката. 24

Пораки Текстуални порака (SMS) Мора да имате валиден број на центарот за услуги во Вашиот телефон. Бројот го обезбедува Вашиот обезбедувач на услуги и обично е зачуван на SIM картичката. Можеби ќе морате самите да го внесете бројот. За да напишете и испратите некоја текстуална порака 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Разме. на пораки > Напиши нова > Текст. порака. 2 Напишете ја пораката и одберете Продо. 3 Одберете некоја опција. 4 Одберете OK > Испрат. Видете Внесување текст на страницата 32. За да додадете објекти во текстуална порака 1 Кога ја пишувате пораката, одберете Опции > Вметни објект. 2 Одберете некоја опција. За да видите некоја примена текстуална порака 1 Кога Нова порака од: ќе се појави, одберете Прика. 2 Одберете ја непрочитаната порака. За да примите пораки да се зачувуваат во сандачето за дојдовни пораки Одберете Мени > Разме. на пораки > Примени пор. Да го проверите статусот за достава на испратена порака 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Разме. на пораки > Прилагодува. > Текст. порака > Извештај за дост. 2 Одберете Вклучено. Ќе бидете известени кога порака е успешно доставена. 25

Испраќање пораки со слика (MMS) Пораките со слики може да содржат текст, слики, звучни снимки, видео клипови и прилози. Морате да наместите некој MMS профил и адресата на Вашиот сервер за пораки. Доколку не постои MMS профил или сервер за пораки, можете автоматски да ги примите сите прилагодувања од Вашиот мрежен оператор или на www.sonyericsson.com/support. За да креирате порака со слика 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Разме. на пораки > Напиши нова > Порака со сли. 2 Внесете текст. За да додадете објекти во пораката, притиснете, скролувајте користејќи и одберете некој објект. Да испратите порака со слика 1 Кога пораката е подготвена, одберете Продо. 2 Одберете некоја опција. 3 Одберете OK > Испрат. Телефоните што испраќаат и примаат мора да имаат претплати кои поддржуваат размена на пораки со слика. Проверете дали имате телефонска претплата која што поддржува пренос на податоци и исто така правилните прилагодувања за Интернет во Вашиот телефон. 26

Контакти Можете да зачувувате имиња, телефонски броеви и лични информации во Контакти. Информациите можат да бидат зачувани во меморијата на телефонот или на SIM картичката. Стандардни контакти Можете да одберете кои информации од контактот да бидат прикажани како стандардни. Ако Контак. од тел. се одбрани за стандардни, Вашите контакти ги покажуваат сите информации зачувани во телефонот. Ако ги одберете SIM контакти како стандардни, Вашите контакти ги покажуваат имињата и броевите зачувани на SIM картичката. Ако одберете Телефон и SIM како Станда. контакти, ќе бидете прашани да изберете помеѓу Телефон или SIM картичка кога додавате некој нов контакт. За да изберете стандардни контакти 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти. 2 Скролувајте до Нов контакт и одберете Опции > Напредно > Станда. контакти. 3 Одберете некоја опција. Испраќање контакти Да испратите некој контакт 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти. 2 Скролувајте до некој контакт и одберете Опции > Испра. контакт. 3 Одберете метод за префрлување. Проверете дали уредот што прима го поддржува методот на префрлување кој го одбравте. 27

Можете да примите телефонски контакти испртени користејќи Bluetooth безжична технологија. Како и да е, контактите се примаат индивидуално бидејќи секој контакт телефонот го смета како некоја индивидуална vcf датотека. Доколку целиот именик се испрати на телефонот, се прима само првиот контакт. Испраќањето на некој контакт користејќи SMS не е можно. Контакти од телефонот Контактите од телефонот може да содржат имиња, телефонски броеви и лични информации. Тие се зачувуваат во меморијата на телефонот. Да додадете телефонски контакт 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти > Нов контакт. 2 Одберете Презиме: за да го додадете презимето и одберете OK. 3 Одберете Име: за да го додадете името и одберете OK. 4 Одберете Нов број: за да го додадете бројот и одберете OK. 5 Одберете некој број на опција. 6 Скролувајте помеѓу табовите и одберете ги полињата за да додадете информации. 7 Одберете Зачувај. Видете Внесување текст на страницата 32. Внесете го знакот + и кодот на државата со сите броеви во именикот. Тогаш можете да ги користите во странство или дома. Видете Да воспоставувате меѓународни повици на страницата 24. 28

Осигурете се да одберете Контак. од тел. како Станда. контакти кога додавате некој телефонски контакт. Да измените некој контакт 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти. 2 Одберете некој контакт. 3 Одберете Опции > Измени го конт. 4 Изменете ја информацијата и одберете Зачувај. Користење контакти Да повикате некој контакт 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти. 2 Скролувајте до, или внесете ги првите неколку букви од, контактот. 3 Притиснете. За да избришете контакт 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти. 2 Скролувајте до некој контакт. 3 Одберете Опции > Избриши. За да копирате некој контакт од SIM картичката 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти. 2 Скролувајте до некој контакт. 3 Одберете Опции > Повеќе > Копирај од SIM. Осигурете се да одберете SIM контакти како Станда. контакти кога копирате некој контакт од SIM картичката. Статус на меморијата за контакти Бројот на контакти кои можете да ги зачувате во Вашиот телефон или на SIM картичката зависи од достапната меморија. За да го видите статусот на меморијата за контакти Од екранот во мирување одберете Мени > Контакти > Опции > Статус на мемо. 29

Повеќе функции Кратенки Менито за кратенки Ви дава брз пристап до одредени функции. За да го отворите го менито за кратенки Од екранот во мирување притиснете. За да наместите кратенки на копчето за навигација 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > табот Општи > Кратенки. 2 Одберете некое копче за навигација и одберете некоја опција. Bluetooth безжична технологија Bluetooth безжичната технологија дозволува безжична конекција со други Bluetooth уреди. На пример, можете: Да се поврзете со хендсфри уреди. Да се поврзете со неколку уреди истовремено. Да разменувате објекти. За Bluetooth комуникација, препорачуваме максимален домет од 10 метри (33 стапки) без цврсти предмети помеѓу уредите. Да ја вклучите Bluetooth функцијата Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Поврзување табот > Bluetooth > Вклучи. Осигурете се дека уредот со кој сакате да го спарите Вашиот телефон ја има вклучено функцијата Bluetooth и дека Bluetooth Видливост е наместена на Прикажи тел. 30

Да спарите некој уред со Вашиот телефон 1 За да пребарувате за достапни уреди, од екранот во мирување Мени > Прилагодување > табот Поврзување > Bluetooth > Мои уреди > Нов уред. 2 Одберете уред од листата. Внесете код за пристап, доколку е потребно. За да примите некој објект користејќи ја Bluetooth функцијата 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Поврзување табот > Bluetooth > Вклучи. 2 Кога ќе примите некој предмет следете ги упатствата што се појавуваат. Да испратите некој објект со користење на Bluetooth функцијата 1 Од екранот во мирување одберете, на пример, Мени > Управув. со дато. > Албум на камер. 2 Скролувајте до некоја фотографија и одберете Опции > Испрати > Bluetooth. Интернет Потребни Ви се правилните Интернет прилагодувања во Вашиот телефон. Доколку прилагодувањата не се внесени во Вашиот телефон, Вие можете: Да ги добиете во текстуална порака од мрежниот оператор. На некој компјутер, појдете на страницата www.sonyericsson.com/support и побарајте текст порака со прилагодувањата. За да одберете Интернет профил 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Интернет > ИнтернетПрил. > Сметки. 2 Одберете некоја сметка. 31

За да започнете со пребарување 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Интернет. 2 Одберете некоја опција. За да го прекинете пребарувањето Кога пребарувате, притиснете. Тонови на ѕвонење и теми Можете да го промените изгледот на Вашиот екран со одбирање од темите. За да одберете некој тон на ѕвонење Од екранот во мирување одберее Мени > Прилагодување > табот Звуци и сигнали > Звук на ѕвонење и одберете некој тон на ѕвонење. За да одберете некоја тема Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > табот Дисплеј > Теми и одберете некоја тема. Управување со датотеки Можете да управувате со датотеки зачувани во меморијата на телефонот или на некоја мемориска картичка. Можете да креирате подпапки за да ги преместите датотеките во нив. За да преместите некоја датотека во управувањето со датотеки 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Управув. со дато. 2 Скролувајте до некоја датотека и одберете Опции > Помес. во папк. 3 Отворете некоја папка и одберете Опции > Префр. Внесување текст Постојат два метода кои можете да ги користите за внесување на текст: мултитап или предвидливо внесување на текст. 32

Со користење на предвидливо внесување на текст треба секое копче да го притискате само по еднаш. Продолжете со пишување на збор дури и кога тој е погрешен. Телефонот го користи речникот за препознавање на зборот кога сите букви ќе бидат внесени. За да внесете текст користејќи предвидливо внесување на текст 1 На пример, ако сакате да го напишете зборот Jane, притиснете,,,. 2 Сега имате неколку опции: Ако покажаниот збор е оној кој го сакате, притиснете да прифатите и додадете место. Да прифатите збор без да додадете место, притиснете. Ако покажаниот збор не е оној кој го сакате, притиснете или постојано за да ги погледнете алтернативните зборови. За да внесете точка или запирки, притиснете и потоа или последователно. За да внесете текст користејќи мултитап Притиснете се додека не се појави посакуваниот карактер. Притиснете да додадете место. Притиснете за да внесете точки и запирки. Притиснете за да се префлрлате помеѓу големи букви, мали букви и броеви. Притиснете и задржете за да внесете броеви. За да го промените методот на внесување на текст Кога ја пишувате пораката, притиснете и задржете. Да избришете знаци Притиснете. 33

За да го промените јазикот за пишување Кога ја пишувате пораката, притиснете и задржете. Гласовна пошта Повикувачите можат да оставаат гласовни пораки кога не можете да им одговорите. Бројот на гласовната пошта можете да о добиете од Вашиот оператор ма мрежа. За да го внесете Вашиот број на говорна пошта 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Разме. на пораки > Прилагодува. > Број на го. пошта. 2 Скролувајте до бројот на говорната пошта и одберете OK. 3 Внесете го бројот на говорната пошта и одберете OK. За да го повикате Вашиот сервис за говорна пошта Од екран во мирување притиснете и задржете. Авионски режим Во Режим во лет, мрежните и радио трансиверите се исклучени за да спречат пречки на чувствителна опрема. Кога менито на авионскиот режим е активирано, ќе бидете прашани да одберете некој режим следниот пат кога ќе го вклучите Вашиот телефон: Норм.режи. целосна функционалност Авион. реж. ограничена функционалност Можете да го користите Музичкиот плеер во Авион. реж. За да го активирате менито на режимот во лет Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Општи табот > Режим во лет > Прик. при ста. 34

Заклучувања Заклучување на SIM картичката Вашиот PIN и PUK (Personal Unblocking Key) се обезбедени од Вашиот мрежен оператор. Ако пораката Погрешен PIN Преостанати обиди: се појавува кога го изменувате Вашиот PIN, сте го внеле неточно PIN или PIN2. Да ја одблокирате Вашата SIM картичка 1 Кога PIN-от е блокир. се покажува на екранот, одберете Отклу. 2 Внесете го Вашиот PUK и одберете OK. 3 Внесете го новиот PIN код и одберете OK. 4 Внесете го повторно новиот PIN и одберете OK. За да го вклучите заклучувањето на SIM картичката 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Општи табот > Безбедност > Клучеви > SIM заштита > Заштита. 2 Внесете го Вашиот PIN и одберете OK. 3 Одберете Вклучено. Да го измените Вашиот PIN 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Општи табот > Безбедност > Клучеви > SIM заштита > Проме. го PIN от. 2 Внесете го Вашиот PIN и одберете OK. 3 Внесете го новиот PIN код и одберете OK. 4 Внесете го повторно новиот PIN и одберете OK. 35

Заклучување на телефонот Можете да спречите неовластено користење на Вашиот телефон. Промените го кодот за заклучување на телефонот (0000) во било кој четири- до осум-цифрен личен код. За да го вклучите заклучувањето на телефонот 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Општи табот > Безбедност > Клучеви > Заштита на тел. > Заштита. 2 Внесете го кодот за заклучување на телефонот и одберете OK. 3 Одберете Вклучено. За да го измените кодот за заклучување на телефонот 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Општи табот > Безбедност > Клучеви > Заштита на тел. > Проме. на кодот. 2 Внесете го тековниот код и одберете OK. 3 Внесете нов код и одберете OK. 4 Внесете го повторно новиот код и одберете OK. Доколку го заборавите новиот код, треба да го однесете Вашиот телефон кај Вашиот локален Sony Ericsson продавач. За да го отклучите телефонот 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > го Општи табот > Безбедност > Клучеви > Заштита на тел. > Заштита. 2 Внесете го Вашиот код за заклучување на телефонот и одберете OK. 3 Одберете Исклучено. 36

Решавање проблеми Некои проблеми бараат од Вас да го повикате Вашиот мрежен оператор. За повеќе поддршка одете на www.sonyericsson.com/support. Главно ресетирање Ако имате било какви проблеми со Вашиот телефон, како што се треперење на екранот, замрзнување на екранот, или проблеми со навигацијата, треба да го ресетирате телефонот. Ако одберете Ресетирај си, сите кориснички податоци како што се контакти, пораки, слики и звуци се бришат. За да ги ресетирате сите прилагодувања Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > табот Општи > Ресетирај си > Продо. > Продо. Пораки за грешки PIN-от е блокир. Сте го внеле Вашиот PIN код неправилно три пати по ред. Вашата SIM картичка е сега заклучена. Отклучете ја Вашата SIM картичка со Вашиот PUK код, кој што е обезбеден заедно со Вашиот PIN код од страна на Вашиот мрежен оператор. За да ја отклучите SIM картичката 1 Внесете го Вашиот PUK код и одберете OK. 2 Внесете го новиот PIN код и одберете OK. 3 Внесете го повторно новиот PIN и одберете OK. Вметнете SIM картичка Нема SIM картичка во Вашиот телефон или може да не сте ја внеле правилно. Пробајте едно или повеќе од следниве: Отстранете ја SIM картичката и вметнете ја правилно. Исчистете ги конекторите на SIM картичката и телефонот со некоја мека четкичка, парче платно или чепкалка за уши. 37

Проверете дали SIM картичката е оштетена. Контактирајте со Вашиот мрежен оператор за да добиете нова SIM картичка. Вообичаени прашања Не можам да го вклучам телефонот Обидете се да го полните телефонот се додека не заврши полнењето. Прикачете го полначот (осигурете се дека иконата за полнење на полначот е свртена нагоре) и полнете го телефонот 3.5 часа. Може да потрае и до 30 минути за иконата за батеријата да се појави на екранот. Не можам да користам Интернет или MMS Проверете дали имате телефонска претплата која што поддржува пренос на податоци, и исто така правилните прилагодувања за Интернет во Вашиот телефон. Не можам да испраќам текстуални пораки (SMS) Обидете се дека имате валиден број на центарот за услуги во Вашиот телефон. Телефонот не може да се открие од страна на други корисници што користат Bluetooth безжична технологија Не сте ја вклучиле Bluetooth функцијата. Осигурете се дека видливоста е наместена на Прикажи тел. Видете Да ја вклучите Bluetooth функцијата на страницата 30. Како да го променам јазикот на телефонот? 1 Од екранот во мирување одберете Мени > Прилагодување > табот Општи > Јазик на тел. 2 Одберете некоја опција. 38

Легални информации Declaration of conformity for S312 We, Sony Ericsson Mobile Communications AB of Nya Vattentornet SE-221 88 Lund, Sweden declare under our sole responsibility that our product Sony Ericsson type AAB-1880013-BV and in combination with our accessories, to which this declaration relates is in conformity with the appropriate standards EN 301 511:V9.0.2, EN 300 328:V1.7.1, EN 301 489-7:V1.3.1, EN 301 489-17:V1.2.1 and EN 60 950-1:2006, following the provisions of, Radio Equipment and Telecommunication Terminal Equipment Directive 1999/5/EC. Lund, January 2009 Rikko Sakaguchi, Head of Creation & Development Ние ги исполнуваме потребите на R&TTE Directive (1999/5/EC). Sony Ericsson S312 GSM 900/1800 Ова Упатство за корисникот е издадено од Sony Ericsson Mobile Communications AB или неговите локално приврзани компании, без било каква гаранција. Подобрувања и промени на ова Упатство произлезено од типологиски грешки, непрецизности на моментални информации, или подобрувања на програми и/или опрема, може да биде направено од страна на Sony Ericsson Mobile Communications AB во био кое време без претходна најава. Но, како и да е, таквите промени ќе бидат опфатени во новите изданија на ова Упатство за корисникот. Сите права се задржани. Sony Ericsson Mobile Communications AB, 2008 Внимание: Некои од услугите и карактеристиките опишани во ова Упатство за корисникот не се поддржани од сите мрежи и/или обезбедувачи на услуги во сите области. Без ограничување, ова се однесува на GSM Меѓународниот број за итност 112. Контактирајте со Вашиот мрежен оператор или обезбедувач на услуги за да ја одредите достапноста на која било специфична услуга или карактеристика и дали се применуваат дополнителни тарифи за наплата за пристап или користење. 39

Сите илустрации се само за илустрација и може да не го отсликуваат во целост телефонот за кој се работи. Вашиот мобилен телефон има можност да даунлоадира, зачувува и препраќа дополнителни содржини, на пример, тонови на ѕвонење. Користењето на вакви содржини може да биде ограничено или забрането од страна на права на трети лица, вклучувајќи но не ограничено на забрани кои се со заштитени авторски права. Вие, а не Sony Ericsson, сте целосно одговорни за дополнителните содржини кои ги даунлоадирате или препраќате од Вашиот мобилен телефон. На основа на Вашата претходна употреба на било какви дополнителни содржини, потврдете дека Вашата употреба е правилно лиценцирана или е овластена на некој друг начин. Sony Ericsson не гарантира за точноста, интегритетот или квалитетот на било каква дополнителна содржина или било каква содржина од трета страна. Во никој случај Sony Ericsson нема да одговара на било каков начин за Вашата неправилна употреба на дополнителните содржини или содржините на третата страна. Sony, M2 и Memory Stick Micro се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sony Corporation. Ericsson е трговска марка или регистрирана трговска марка на Telefonaktiebolaget LM Ericsson. Технологијата на Предвидлив текст се користи под лиценца на Zi Corporation. Bluetooth и Bluetooth логото се трговски марки или регистрирани трговски марки на Bluetooth SIG Inc. и секое користење на таквата марка од страна на Sony Ericsson е лиценцирано. Логото со идентичната течност, PlayNow и TrackID се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sony Ericsson Mobile Communications AB. PlayNow не е достапно или поддржано на сите пазари или региони. TrackID музика е обезбедено од Gracenote Mobile. Microsoft, Windows, и Vista се или трговски марки или регистрирани трговски марки на Microsoft Corporation во Соединетите Американски Држави и/или други земји. Другите имиња на производите или компаниите може да се трговски марки на нивните почитувани сопственици. Забелешка: Sony Ericsson ги советува корисниците да направат резервни копии на нивните лични информации за податоци. Овој производ е заштитен од одредени права на интелектуална сопственост од Microsoft. Употребата или дистрибуцијата на таквата технологија надвор од овој производ без дозвола од Microsoft е забранета. Сопствениците на содржини користат Windows Media digital rights management технологија (WMDRM) за да ја заштитат нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој уред користи WMDRM софтвер за да пристапи до WMDRM-заштитени содржини. Ако WMDRM софтверот не успее да ја заштити содржината, сопствениците на содржината може да побараат Microsoft да ја поништи способноста на софтверот да користи WMDRM за да пушта или да копира заштитена содржина. Поништувањето не влијае на незаштитените содржини. 40

Кога даунлоадирате лиценци за заштитени содржини, се согласувате дека Microsoft може да вклучи некоја листа со поништувања со лиценците. Сопствениците на содржини може да побараат од Вас да ги надградите WMDRM за да пристапите до нивните содржини. Ако одбиете некоја надградба, нема да бидете во можност да пристапите до содржините кои ја бараат надградбата. Извозна регулатива: Овој производ, вклучувајќи било каков софтвер или технички податоци кои што се содржани или го придружуваат производот, може да се предмет на законите за контрола на извоз на САД, вклучувајќи го Законот за управување со извоз на САД (U.S. Export Administration Act) и неговите поврзани регулативи и програмите за санкции на САД издадени од Канцеларијата на Министерството за Финансии на САД за Контрола на странски средства (U.S. Treasury Department s Office of Foreign Assets Control), и дополнително може да бидат предмет на регулативите за увоз и извоз во други држави. Корисникот и било кој сопственик на производот се обврзува да биде во согласност со сите регулативи од овој вид и примаат на знаење дека тие ја имаат одговорноста да oбезбедат било какви побарани лиценци за извоз, ре-експор или увоз на овој производ. Без ограничување овој производ, вклучувајќи било каков софтвер содржан внатре, не може да се даунлоадира, или на друг начин да се извезува или ре-експортира (i) во, или на некое лице по националност или жител на, или некој ентитет во, Куба, Ирак, Иран, Северна Кореја, Судан, Сирија (таквата листа може да биде ревидирана од време на време) или било која држава кон која САД имаат спроведено ембарго на стоки; или (ii) кон било кое лице или ентитет од листата на Министерството за финансии на САД за Специјално Означени Нации (U.S. Treasury Department s list of Specially Designated Nationals) или (iii) било кое лице или ентитет на било која листа за забрана на извоз која што може да биде издадена од време на време од Владата на Соединетите Американски Држави, вклучувајќи но не ограничувајќи се на Листата на одбиени лица на Министерството за Трговија на САД (U.S. Commerce Department s Denied Persons List) или Листа на Ентитети (Entity List), или Листата со санкции за забрана за умножување на Стејт Департментот на САД (U.S. State Department s Nonproliferation Sanctions List). Ограничени права: Употреба, умножување или откривање од страна на Владата на САД е предмет на ограничувања како што е наведено и во Правата за технички податоци и Клаузулите за Компјутерски Софтвер во DFARS 252.227-7013(c) (1) (ii) и FAR 52.227-19(c) (2) каде што тоа е применливо. 41

1224-5923.1 printed in XXXX Sony Ericsson Mobile Communications AB, SE-221 88 Lund, Sweden www.sonyericsson.com