ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

Структурно програмирање

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Биланс на приходи и расходи

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Биланс на приходи и расходи

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

СОВРЕМЕНИ МОДЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТА: ДИЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

КАРАКТЕРОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Policy Position Papers Од областа на Царина

Број јануари 2015, среда година LXXI

политичка мисла political thought 20 Години од донесувањето на Уставот на Република Македонија

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

Штип. Кристина Анчевска

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

УНИВЕРЗИТЕТ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ БИТОЛА

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

ГОДИШНА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ОДГОВОР НА КОМПЈУТЕРСКИ ИНЦИДЕНТИ ЗА 2017 ГОДИНА. Агенција за електронски комуникации

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

САЈБЕР НАПАДИТЕ КАКО НАЈСОВРЕМЕНА ЗАКАНА ВРЗ ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ И КРИТИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

\ МАЈХОШЕВ Андон УДК: : (497.7) СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување

март - јуни 2006 година

ПРАВОTO ДА СЕ НАПУШТИ ДРЖАВАТА

ORGANIZED CRIME AS SECURITY-POLITICAL AND DESTABILIZING FACTOR OF DEVELOPMENT ON SOCIETIES IN TRANSITION (case study-republic of Macedonia)

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

Демократски сојуз. ПРОЕКТ РЕФОРМА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ -Една изборна единица како најдемократско решение- Скопје, март 2015 година

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

Transcription:

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Автор: М-р Теодора Христовска Јануари, 2016 ВОВЕД Модерните држави, за време на процесот на обезбедување на оптимално ниво на безбедност, вршат одредени функции. Безбедносниот сектор е еден од најчувствителните и најкритични области на делување. При своето работење, безбедносните служби користат најразлични методи и средства за да добијат податоци и информации за работата на странските служби, и ова може да доведе до злоупотреба на власта и кршење на човековите права и основните слободи. Надзорот на работата на разузнавачките и безбедносните служби, претставува предизвик за сите модерни демократии, а особено за една млада држава како Македонија, чии политики и долгорочни цели се целосно насочени кон европските стандарди, политики и брзо пристапување кон Европската Унија. Основна потреба на секоја нација е потврдата, дека работењето на безбедносните структури на државата е во целост и исклучиво подредено на политичките цели на Владата. Поради овие причини, мора Парламентот, како највисок израз на демократската волја, да биде главниот чувар на демократијата во една модерна држава. Времето во кое живееме е време на брзи промени. Секоја промена носи многу позитивни ефекти, но исто така и многу нови закани и предизвици. Секоја држава, секој безбедносен систем има тенденција и цел да ги заштити своите граѓани од овие закани, и да им обезбеди сигурност во земјата и системот во кои тие живеат.

Разузнавачките и безбедносните служби се еден од основните елементи на секој систем за безбедност. Нивна задача не е само да се заштити државата пред надворешните и внатрешните предизвици, но исто така и заштита на граѓаните. Областа во која овие служби работат е многу деликатна, што е впрочем основната причина за постоење на поголема опасност дека ќе дојде до кршење на човековите права или злоупотреба на власта од страна на членовите на овие служби. Огромната концентрација на информации и моќ, со кои располагаат безбедносните и разузнавачки служби, е главната причина зошто контролата над нив е од суштинско значење за демократското функционирање на државата. Меѓу останатите, разузнавачките и безбедносните служби, исто така, имаат превентивна функција, односно моќ да ги предвидат можните закани за националната безбедност. Со зголемување на опасноста од терористички напади во текот на последните две децении, неминовно настанаа и повеќе промени во начинот на дејствување на разузнавачките и безбедносните служби, истовремено па се зголеми и нивната меѓусебна соработка. Во демократските општества, граѓаните имаат можност да ја следат работата на овие тела. Ова се нарекува цивилна контрола. Таквото следење обезбедува увид во работата на органите за спроведување на законот. Тоа може да се спроведе на неколку различни начини и од неколку различни тела, во зависност од зоната која е под контрола. Па така, контрола може да врши Судот, Собранието, Народниот правобранител, итн. По распадот на Југославија, Македонија се соочи со промена на системот, што исто така, значи и промена во начинот на работење на тајните служби. Од суштинско значење е да се утврди како разузнавачките и безбедносни служби работат, кому се подредени, колкава е нивната работна површина односно територија на дејствување, кој и на каков начин ги поставува нивните цели и задачи, и се разбира, кои се формите на контрола и субјектите кои ја вршат истата над нив.

Мои цели при пишувањето на овој труд се, пред се да се обидам да дадам одговор на проблемите и прашањата кои си ги поставив како појдовни точки, а тоа се: дали работата на разузнавачките и безбедносните служби во Република Македонија е во согласност со Уставот и законите на земјата; дали овие служби, при извршувањето на своите обврски, вршат злоупотреба на моќ, статус, пари, и како јавните власти делуваат во таков случај. Пред воопшто да започнеме да зборуваме за парламентарна контрола, најпрво мораме да го објаснеме самиот поим. Парламентарна контрола Кога зборуваме за парламентарна контрола, или уште можеме да кажеме надзор, мораме најпрво да разграничиме што всушност значи самиот поим "контрола. Овој поим, во секојдневното живеење, па дури и во теоријата, се појавува во многу различни контексти. Контролата е во суштина процес, во кој се вклучени две страни, односно два субјекти. Надзорниот процес е она што ги поврзува и ствара меѓусебна релација помеѓу овие две страни. Едниот субјект ја извршува контролата, а другиот е подложен на истата. Парламентот, односно Собранието, во најширока смисла е претставничко тело, кое со изгласувањето и усвојувањето на законите, како и со контролата над работата на извршната власт, ја изразува волјата на народот. Парламентарната контрола ги опфаќа како политичката, така и општата општествена контрола. Првото се однесува на работата на Владата, додека пак второто, на парламентарната истрага. При извршувањето на парламентарната контрола над работата на Владата, Уставот на Република Македонија, му овозможува на Собранието користење на пратенички прашања и иницијативи, институт на недоверба, интерпелација итн. Неопходно е да се знае и да се земе во предвид, дека контролната функција на парламентот е вградена во парламентарниот систем. Уставот во современите правни држави ги определува односите помеѓу различните органи на власт, преку

кои парламентот ја спроведува политичката одговорност на Владата и одделни министри. Без поддршка од парламентот, владата не може да функционира. Во обратна насока пак, владата исто така има во однос на собранието некои правни средства, што овозможуваат рамнотежа во односите (на пр. Барање за распуштање на Собранието итн.). Посебна форма на парламентарна контрола, претставува контролата на парламентарните комисии над работата на службите за безбедност и разузнавање. Овој облик на контрола, е во суштина поширок отколку обичната парламентарна контрола, затоа што вклучува и контрола над употребата на посебни методи и средства во процесот на придобивање на тајни податоци. Парламентарните комисии се најмоќните органи на парламентот. Со оглед на комплексноста на безбедносниот сектор, неопходна е развиена структура на одборите, ако сака парламентот вистински да влијае на владата. Комисијата е важна, пред се затоа што овозможува непосредна комуникација помеѓу пратениците од различни политички партии. Собранието на Р. Македонија, располага со повеќе комисии, кои се одговорни за различни области. Прашањата поврзани со безбедносниот сектор, ги обработуваат Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за контрола на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање. Разузнавачки служби Организацијата и особено активностите на безбедносните и разузнавачките служби е исклучително комплексен, динамичен и често дури и контрадикторен процес. Нивниот организациски и функционален аспект, зависи од општествените потреби, политичкиот консензус, цивилизациските и глобалните наоди и очекувања, но секако и од нивната сопствена комплексност,. Со политичкиот систем се во двоен однос. Од една страна придонесуваат кон неговата сила, стабилност и до некаде непречен развој, од друга страна па можат да иницираат негова политичка, уставна, безбедносна или поинаква криза.

Разузнавачките служби, Пург (1994: 26-27), ги дефинира како посебна организација или државен апарат, чии приоритетни цели се да собира, анализира и оценува доверливи информации, како и знаење за други земји, нивните воени и економски потенцијали, политичката состојба и намери, како и научни достигнувања. Безбедносни служби Безбедносните служби претставуваат специјализирани организации, што извршуваат задачи, со кои се остварува безбедносната функција, односно збир на активности, со кои државата се брани пред спротивставените страни. Главна задача на безбедносните служби е обезбедување на национална безбедност. Таа се однесува на самостојна и суверена држава, која ја превзема одговорноста најпрво за сопствената безбедност, а потоа и за безбедноста на глобално ниво. СОВРЕМЕНИОТ БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ ВО Р. МАКЕДОНИЈА По референдумот на 8ми септември 1991 година и усвојувањето на Уставот, Република Македонија започна да гради сопствен безбедносен систем. По прогласувањето на независност, Македонија изврши системска промена, и дотогашниот социјалистички систем го замени со парламентарна демократија, во која централната позиција ја завзема Собранието. Кога зборуваме за новиот безбедносен систем, можеме да споменеме три главни дела на истиот, и тоа: - Правни норми - Институции, кои извршуваат безбедносна фукнција - Активности, или дејствија.

Правните норми кои се однесуваат на безбедносниот сектор ги определуваат: Уставот на РМ, Законот за внатрешни работи, Законот за полиција, Законот за одбрана, Закон за Агенција за разузнавање, Закон за класифицирани информации, Закон за Собрание на РМ, итн. Институциите, кои вршат безбедносни функции се: Советот за национална безбедност, Претседателот на РМ, Владата на РМ, Собранието на РМ, Министерството за одбрана (АРМ), Министерството за внатрешни работи (БЈБ и УБК), Агенцијата за разузнавање. Безбедносните дејствија кои се применуваат од страна на државата, можат да бидат превентивни и репресивни. СУБЈЕКТИ НА СИСТЕМОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Институциите и органите во националниот безбедносен систем, во однос на нивната положба и статус во државата, можеме да ги поделиме на три групи: 1. Државни институции тука спаѓаат органите за внатрешни работи (полиција), правосудните институции, инспекции, јавната управа, итн.; 2. Приватни институции агенции, управи, како и самите државјани; 3. Невладини организации. Службите за безбедност и разузнавање, или уште познати како тајни служби", се всушност дел од системот за национална безбедност, кои се одговорни за извршување на некои примарни фукнции на разузнавачката комплексност, што пред се се однесува на нивниот придонес кон успешното делување на државниот апарат, така внатре, како и надвор од границите на државата. Овие служби не донесуваат политички одлуки и не обликуваат политика, но сепак во голема мера им помагаат на оние, кои ги носат овие одлуки. Од овие причини, службите за

безбедност се клучен елемент на секоја држава, кои вршат анализа на податоци кои се однесуваат на безбедноста на државата и заштита на нејзините витални интереси. Во однос на подрачјето во кое делуваат и ги извршуваат примарните задачи на службата, можеме да ги поделиме на: - Разузнавачки служби - Контраразузнавачки служби - Безбедносни служби. Разузнавачките служби - се појавуваат како последица на државата, што е израз на класните поделби на општеството и како последица од потребите на државните структури за известувања за моменталната положба на актуелните или можни противници. Контраразузнавачките служби претставуваат специјализирани државни организации за оневозможување на работењето на странски разузнавачки служби. Со други зборови, контраразузнавачки се оние активности, што имаат за цел идентификација и соодветен одговор на заканите по безбедноста, што се предизвикани од страна на туѓи, непријателски служби, организации или поединци, вклучени во шпионажа, саботажа, субверзии или тероризам на територијата на Македонија. Безбедносните служби како трет дел на безбедносниот систем, се посебни институции, чија основна задача е делување со цел одржување на уставниот ред и мир во државата. Со употреба на тајни и прикриени методи, безбедносните служби собираат податоци за различни врсти на закани. Покрај тоа, имаат функција да ги штитат високите државни функционира, странските дипломати, заштита на владата и нејзините органи, како и вршење на безбедносна проверка на лицата кои се, или ќе бидат поставени на важни функции во состав на Владата.

Во Република Македонија, постојат три основни субјекти во безбедносниот сектор, чија намена е пред се разузнавање и контраразузнавање. АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ Носител на разузнавачките активности во Р. Македонија е Агенцијата за разузнавање. Со Законот за Агенцијата, кој го усвои Собранието на 29 март 1995 година, се формира правна рамка за воспоставување на Агенцијата како посебен орган на државната управа. Согласно овој закон, агенцијата е разузнавачка служба овластена за собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации, значајни за безбедноста, одбраната, политичките, економските и другите интереси на РМ. Со АР управува директор, кој го именува и разрешува Претседателот на државата. Директорот има мандат од 4 години, и за својата работа одговара директно на Претседателот на РМ, а во некои случаеви и на Владата. При извршувањето на своите активности, АР е должна да ги почитува правата и слободите на граѓаните, загарантирани со Уставот. Сите информации кои се придобиени со разузнавачка дејност, агенцијата е должна да ги даде на располагање на Претседателот на републиката и потесен круг на корисници (Претседател на Влада, Претседател на Парламент, итн.). УПРАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ (УБК) Основна задача на УБК е да обезбеди заштита на основните вредности на уставниот ред, како што е определено во Уставот на РМ, како основа за преживување и развој на државата во целост и на сите нејзини граѓани, во согласност со чл.8 од Уставот на РМ. УБК, како орган во состав на Министерството за внатрешни работи, своите одговорности и надлежности ги остварува врз основа на Уставот и други закони и

подзаконски акти, пред се врз основа на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција. Управата, според овие закони, е надлежна за прашања кои се однесуваат на внатрешната безбедност и контраразузнавање. Со Управата раководи директор, кој го именува и разрешува Владата на РМ, на предлог на министерот за внатрешни работи. Неговиот мандат трае 4 години, меѓутоа постои можност за предвремено разрешување во случаеви определени со закон. За својата работа, директорот одговара на министерот за внатрешни работи или на Владата. Во изминатиот период, дојдоа до израз повеќе недостатоци во досегашниот начин на работење на УБК, и затоа некои сметаат дека е време за промени во начинот на организирање на службите за безбедност, па дури како можна опција се јавува и здружување на АР и УБК во еден субјект, по примерот на некои други земји од Европската унија (пр. Словенија), кој би бил одговорен за собирање на информации за потешки кривични дела и би понудил заеднички начини на истрага и решавање, почнувајќи од превентивната компонента, а подоцна насочувајќи се и на самото дело, докажување итн. Ваквиот модел би овозможил постоење на само едно тело со повеќе овластувања, поквалификуван кадар и поголема техничка опременост, меѓутоа од друга страна па се појавува проблемот со огромната концентрација на моќ и информации во една организација, што би можело да претставува сериозна закана и можност за злоупотреба на оваа институција за лични потреби од страна на поединци. Од овие причини е потребно да се пронајдат соодветни механизми за контрола на нивната работа и можна злоупотреба. СЛУЖБА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ, КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСТ НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Ј-2 Воената безбедносно разузнавачка служба на АРМ врши разузнавачки, контраразузнавачки и безбедносни активности за потребите на политичките и воените органи во државата.

Главната цел и мисија на оваа служба подразбира собирање, анализа и активности насочени кон зачувување на територијалниот интегритет на Р. Македонија, во согласност со Уставот и останатите закони и самата концепција за одбрана на државата. Разузнавањето се состои од планирање, организирање и спроведување разузнавачка поддршка за потребите на ГШ на АРМ, кои се клучни при донесувањето на одлуки поврзани со делувањето на Армијата на РМ во акции во, и надвор од границите на државата. Контраразузнавањето воглавно е насочено кон активности за откривање и спречување на делувањето на сите разузнавачки и секакви останати субверзивни активности, изведени од страна на странски воено разузнавачки служби, а насочени против безбедноста на Македонија. Безбедносниот дел ги вклучува пред се координацијата и безбедносните проверки и контроли. ОДГОВОРНОСТА НА ПАРЛАМЕНТОТ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР Во современите демократии, политичките одлуки не се донесуваат непосредно од страна на граѓаните, туку преку избраните претставници, кои ја спроведуваат законодавната власт во претставничките тела, како што е парламентот, или во нашиот случај Собранието. Собранието на Р. Македонија, има должност да се погрижи да извршната власт во државата работи исклучиво во корист на граѓаните. Трите најважни функции на парламентот се: контролна, законодавна и претставничка функција. Со оглед на тоа што во најголемиот број на држави, владата сака да игра клучна улога во поглед на безбедносните прашања, од огромна важност е парламентот да има моќ и средства со кои ќе можи да врши контрола. Во безбедносниот сектор, парламентот е надлежен за изгласување и закони од областа на безбедноста и одбраната, формира безбедносна и одбрамбена политика, рафицира договори, го усвојува и контролира буџетот и јавните трошоци итн.

Држава без парламентарна контрола на безбедносниот сектор, во најдобар пример, може да ја сметаме за недовршена демократија или демократија во развој. Самата контрола е зависна од моќта која ја има парламентот во однос на владата и безбедносниот сектор. Затоа, условите за успешна и ефективна контрола се следни: јасно определени уставни и законски надлежности, извори и експертиза (како внатре, така и надвор од парламентот), како и политичка волја. Предмет на самата контрола се: - Информациите на безбедносните служби (или владата), за општите активности на тајните служби и вонредни информации за случувања од посебна важност. Комисијата може да ги добие овие информации од самите вработени во службите, или да побара стручна експертиза; - Расправи за предвидените финансии и буџет, како и ребаланс на буџетот се вршат од страна на посебно формиран буџетски одбор и Суд на ревизори; - Обработка на законските побуди и иницијативи; - Испрашување (на личности, кои е неопходно да се испрашаат во однос на одредена политичка одлука), како и поглед во одредени збирки со лични податоци; - Обработува предлози доставени од страна на безбедносните служби во однос на подобрување на условите за работа во истите; - Обработува предлози кои Комисијата ги доставува до парламентот во поглед на формирање на политика во разузнавачката и безбедносна област. Македонското Собрание, заради припрема и преглед на законските предлози и други акти, е составено од стални и привремени работни тела, односно комисии. Во Собранието делуваат повеќе комисии за различни области. Прашањата поврзани со безбедносниот сектор, се доделени и ги разгледуваат Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата на контрола на работата на Агенцијата за разузнавање и Управата за безбедност и контраразузнавање.

Овие комисии составени од претседател, осум члена и нивни заменици. Во суштина, комисијата обработува прашања поврзани со: почитувањето на човековите права и слободи утврдени со Уставот на РМ, од страна на припадниците на тајните служби, законитоста при вршењето на овластувањата, во смисла на злоупотреба на моќ и финансии. Во согласност со теоријата, контролата на буџетот е најмоќниот инструмент на парламентарната контрола во безбедносниот сектор. На средствата кои се наменети за нивна работа, влијаат повеќе фактори, и тоа: потребите на министерствата за внатрешни работи, одбрана итн., посебноста на задачите, одговорноста која паѓа на грбот на овие служби и слично. ЗАКЛУЧОК Чекор напред за демократијата во Р. Македонија, во смисла на парламентарната контрола, претставува праксата во последните два парламентарни состави, е поставувањето на член од најголемата опозициска партија во државата, за претседател на комисијата. Но, и покрај тоа, работата на оваа комисија е сеуште лоша. Главна причина за тоа е непостоењето на правна рамка за вршење на контрола над разузнавачката заедница, што со сигурност влијае врз работата на комисијата. Следните елементи на цивилна контрола, може да се третираат како најкритични: - Прегледноста на средствата наменети на безбедносниот сектор е само номинална; - Мора да постои зајакнување на надворешната контрола (што никако не значи поголем притисок врз вработените во безбедносниот сектор, туку додатно бранење на нивните права); - Отвореност на овие институции до цивилното општество е сеуште минимална. Се добива впечаток дека некои работи се работат настрана од очите на јавноста и често се одбива помош, затоа што доаѓа од надвор.

Од се погоре споменато, можеме да донесеме заклучок дека во последните 25 години, Република Македонија изврши бројни реформи во областа на безбедносниот сектор и го промени начинот на работење на безбедносните и разузнавачки служби, меѓутоа сеуште нема оформено формално правна рамка за вршење на парламентарна контрола над работата на истите. Заради природата и сложеноста на задачите, со кои се занимаваат, неизбежно е нивното влијание и посегнување во човековите права и основни слободи. Загрозувањето на човековите права од страна на овие служби, е само еден од облиците на загрозување на безбедноста на поединецот. Токму затоа е разбирањето на основната улога на државата во современото општество, од клучна важност за решавање на дилемата: дали е подобро постоење на моќна и ефективна држава по секоја цена и без препреки, или па моќна држава, на која и е ограничено посегањето во општественото живеење?!

ЛИТЕРАТУРА: Anžič, A. (1996). Vloga varnostnih služb v sodobnih parlamentarnih sistemih nadzorstvo. Ljubljana: Enotnost. Anžič, A. (1997). Varnostni sistem Republike Slovenije. Ljubljana: Časopisni zavod Uradni List RS. Anžič, A. (1999). Obveščevalne službe legalni in legitimni labirinti in izhodi. Revija za teorijo in prakso varstvoslovja, 1 (1), 5 12. Anžič, A. (2010). Parlamentarni nadzor obveščevalnih dejavnosti in policijskih prikritih ukrepov Slovenija med teorijo in prakso. Bilten Slovenske vojske. Znanstveno - strokovna publikacija Slovenske vojske, 12 (3), 123 142. Бакрески, О. (2008). Контрола на безбедносниот сектор. Скопје: Ауторпинт Т.А. Бакрески, О. И Милошевиќ, М. (2010). Современи безбедносни системи Компаративна анализа на земјите од Југоисточна Европа. Скопје: Аутопринт Т.А. Grizold, A. (1996). Posameznikova varnost in obveščevalne službe. Zbornik strokovno znanstvenih razprav, 10, 108 115. Ивановски, З. И Ангелески, М. (2005). Безбедносни системи. Скопје: Југореклам. Purg, A. (1994). Obveščevalne službe, politični sistem in državna suverenost (Doktorska disertacija). Ljubljana: Fakulteta za družbene vede. Purg, A. (1995). Obveščevalne službe. Ljubljana: Enotnost. Purg, A. (2002). Primerjalni obveščevalni sistemi. Ministrstvo za notranje zadeve. Ljubljana: VPVŠ. Спасески, J., Николовски, M. и Герасимоски, С. (2010). Безбедносни системи прилог кон учењето за националните безбедносни системи. Скопје: Ван Гог. Устав на РМ. (1991, 1992, 1998, 2001, 2003, 2005). Службен весник на РМ, (52/91, 1/92, 31/98, 91/01, 84/04, 107/05).

You are free: Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported to Share - to copy, distribute and transmit the work Under the following conditions: Attribution. You must attribute the work in the manner specified by the author or licensor (but not in any way that suggests that they endorse you or your use of the work). Noncommercial. You may not use this work for commercial purposes. No Derivative Works. You may not alter, transform, or build upon this work. For any reuse or distribution, you must make clear to others the license terms of this work. The best way to do this is with a link to this web page. Any of the above conditions can be waived if you get permission from the copyright holder. Nothing in this license impairs or restricts the author s moral rights. The document was created by CC PDF Converter