Претседател на МРФ. Проф. Д-р. Васил Костов

Similar documents
ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Март Opinion research & Communications

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

РАЗБУДЕТЕ СЕ ХУМАНИ. Хуманитарната акција трае од до и важи за целата територија на Р.Македонија.

Здружение на клубови Прва Лига Мажи Здружение на клубови Прва Лига Жени Здружение на клубови Втора Лига Мажи БИЛТЕН

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Структурно програмирање

С О Д Р Ж И Н А Стр.

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

APPLICATION GUIDELINES

Коисмение.Штозначиме.

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ЗАПИСНИК ДЕВЕТО СОБРАНИЕ СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

2014 Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ГОДИШНА АНАЛИЗА

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Број јули 2016, четврток година LXXII

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Мобилност МК Mobility MK

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Здружение на клубови Прва Лига Мажи Здружение на клубови Прва Лига Жени Здружение на клубови Втора Лига Мажи БИЛТЕН

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА, КАМПАЊИТЕ И ПРОЕКТИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НЕА, МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ НА НОВАТА ВЕБ-СТРАНИЦА WWW. NRP.ORG.MK.

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

БИЛТЕН БР. 51 ТАКМИЧАРСКА СЕЗОНА 2017./2018. ГОДИНА ВАТЕРПОЛО САВЕЗ СРБИЈЕ

Душица Перишиќ. Dusica Perisic

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Список на натпреварувачи кои стекнаа право на учество на плеј-оф турнирот (Бергер) за кадети, јуниори и јуниори до 21 година

ЗЕЛС ZELS ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС THE THIRD SESSION OF THE GENERAL ASSEMBLY OF ZELS WAS HELD

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО периодот година

Мобилност МК Mobility MK

С Т А Т У Т НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

УНАСМ БИЛТЕН. Улогата на УНАСМ во македонското синдикално движење УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА. Електронски информатор

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број јануари 2015, среда година LXXI

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

Здружение на клубови Прва Лига Мажи Здружение на клубови Прва Лига Жени Здружение на клубови Втора Лига Мажи Здружение на клубови Трета Лига Мажи

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА НВО СЕКТОРОТ ВО ВРШЕЊЕТО НА ЈАВНИ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Активности на МАКЕДОНСКО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО кои придонесуваат за земјоделство со голема природна вредност

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Transcription:

MACEDONIAN FISHING FEDERATION Add: Bulevar Koco Racin 75 Skopje, Republic of Macedonia Tel/fax: +389 2 31 64 539 E.mail: macfederation@yahoo.com contact@mrf1952.mk Website: www.mrf1952.mk МАКЕДОНСКА РИБОЛОВНА ФЕДЕРАЦИЈА Адреса: Бул. Кочо Рацин 75 Скопје, Република Македонија Тел/факс: +389 2 31 64 539 E.mail: macfederation@yahoo.com contact@mrf1952.mk Website: www.mrf1952.mk Претседател на МРФ Проф. Д-р. Васил Костов

Во текот на 2015 година, согласно член 82 од Законот за рибарство и аквакултура, Македонската Риболовна Федерација (МРФ) ги превзеде сите потребни мерки да работите на Федерацијата, опишани во гореспоменатиот член од Законот и член 9 од Стаутот на МРФ, да ги изврши најквалитетно можно, со цел остварување и усогласување на своите и заедничките интереси и заради вршење на активности кои се стремеж кон збогатување на облиците на организирање и дејствување од областа на рекреативниот и спортскиот риболов. Во текот на 2015 година Македонска Риболовна Федерација изврши голем дел од своите задачи опишани во член 82 од Законот за рибарство и аквакултура а особено: - заштита на водите и рибите во нив; - порибување на риболовни води во РМ; - заштита и унапредување на животна средина; - издавање легитимации за рекреативен риболов; - водење евиденција за издадени легитимации за рекреативен риболов; - организирано јакнење на здруженијата на рекреативните и спортските риболовци и нивна меѓусебна соработка; - насочување и координирање во работата на здруженијата на рекреативни и спортски риболовци; - соработка со други организации, органи и здруженија; - развивање и унапредување на рекреативниот и спортскиот риболов; - утврдување и реализирање на системот за натпревари во спортски риболов - унапредување на врвното спортување поради презентирање на спортски натпревари на домашен и меѓународен план - информирање на здруженијата на рекреативните и спортските риболовци - други работи од областа на рекреативниот и спортскиот риболов. 1. Заштитата на водите и рибите во нив и заштита со унапредување на животната средина Заштитата на водите и рибите во нив се прашања од основен интерес за МРФ и сите нејзини членки (СРД и ЗСР). Како такви се третираат и во Законот за рибарство и аквакултура и во нашиот Статут. Појдовна основа е богатството на нашите води со риба, нивна физичка, еколошка и здравствена заштита, режим на чување и организирано изловување базирано на принципот на повеќе внесување во водите отколу изнесување, а тоа пак да е во согласност со законските норми. За реализација на овие активности Македонската Риболовна Федерација организираше акции за испомош на концесионерите во спроведувањето риболовни контроли, со цел спречување на излов на риби спротивно Законот. Во текот на годината извршени се вкупно 14 контроли на риболовните води и тоа: - Злетовска Река - река Брегалница - акумулација Калиманци 1

- река Вардар на ревирот Неготино - река Вардар на ревирот Велес - акумулација Младост - акумулација Козјак - река Треска на риболовниот ревир Кичево - река Црн Дрим на риболовниот ревир Струга - река Вардар на ревирот Тетово и - Крива Река на риболовниот ревир Куманово За време на контролите констатирани се следните недостатоци: - непоседување на дозвола за риболов - непоседување на легитимација за рекреативен риболов како и - риболов на води недоделени под концесија Во текот на акциите пронајдени се и предадени на инспекторите на ДИЗ 14 (четрнаесет) недозволени средства (мрежи) за понатамошна постапка. Во текот на 2015 година Македонска Риболовна Федерација изврши и порибување на риболовни зони и ревири во количина од 50 кгр. македонска пастрмка и 600 кгр. крап. Не помал интерес за нас беше и продолжувањето на активностите за зачувување и заштита на автохтоните (домородните) и загрозени видови риби, со посебен однос кон ендемичните видови како и заштита и унапредување на животната средина во Република Македонија. За таа цел Македонската Риболовна Федерација продолжи со конкретни иницијативи и проекти во соработка со други субјекти во Републиката кои по други основи се задолжени или заинтересирани да се занимаваат со овие прашања. Во текот на 2013 година активисти на Македонската Риболовна Федерација, во соработка со градот Скопје и УКИМ Институт за сточарсто-завод за рибарство, извршија опсежни истражувања на цела територија на земјава, во рамките на Проектниот Грант Одредување на еколошкиот статус на вретенарот Zingel balcanicus во Република Македонија поддржан од страна на ГЕФ. Основна цел на истражувањето беше де се одреди еколошкиот статус на вретенарот, односно да се види дали се уште е присутен во водите на Република Македонија. Неговото присуство е регистрирано само во еден водотек и тоа на еден изолиран дел од истиот. Тоа значи дека тоа е единственото место, не само во Македонија, туку и во целиот свет, каде се уште живее и постои овој вид риба. Ова сознание и непобитен факт, не обврзуваше и како активисти на Македонската Риболовна Федерација, но и како луѓе и заљубеници во пиродата да превземеме одредени и конкретни мерки за заштита на овој загрозен пред исчезнување, вид риба. Во јули 2013 година Македонска Риболовна Федерација, во соработка со градот Скопје, УКИМ Институт за сточарство Скопје и здружението Езеро 2010 Струга, аплицираше и го доби Проектот: Проект за ех-situ заштита и реинтродукција на вретенарот (Zingel balcanicus Karaman 1937) во водите на Република Македонија. Со спроведување на проектот сакаме да го заштитиме од исчезнување видот вретенар (Zingel balcanicus Karaman 1937) во водите на Република Македонија, значаен (од научен и биолошки аспект) ендемичен вид риба што е и генерална цел на проектот. 2

Проектот се реализираше на територија на Република Македонија по течението на реката Треска, Македонски Брод, Кичево, Струга и Шум започнувајќи од 01.03.2014 година и беше завршен на 01.04.2015 година. Во периодот март-декември се уловени 11 примероци вретенар. Одгледани се и привикнати на исхрана 9 единки вретенар. Уште две единки умреа во последниот месец од одгледувањето а причината за нивната смрт не сме во можност да ја утврдиме во моментов. Претпоставка на консултантите е дека можна причина за нивното угинување е промената на квалитетот на водата во мрестилиштето, настаната како резултат на влез на оптеретена и загадена вода. Еден од најзначајните резултати на спроведениот проект е запознавање на јавноста дека во Македонија постои автохтон и ендемичен вид риба кој го носи името ВРЕТЕНАР, вид кој во последните приближно четириесет години не е пронајден ниту при едно истражување од страна на ихтиолозите во Република Македонија, па затоа радува фактот што е потврдено дека видот опстоил и сеуште го има во нашите води. Овој проект дава можност и во наредниот период да се продолжи со настојувањата за зачувувањето на автохтоната рибна популација во Република Македонија. Цел во нередните активности ќе биде планирање на стратегија и конкретни мерки за заштита и зголемување на популацијата на вретенар (Zingel balcanicus Karaman 1937). Во наредниот период ќе се продолжи со: - активностите во правец на успешна репродукција на вретенарот во контролирани услови; - ќе се изучува популацијата на вретенарот во реката Треска. Ќе се истражува биологијата на видот, репродуктивните карактеристики и однесувањето за време на мрест во природната средина, темпото на должинско и тежинско растење, исхраната, популационата динамика, дневната миграција, однесувањето, а ќе се следи и квалитетот на водата во реката Треска. - ќе се работи на едукација и подигнување на еколошката свест на локалното население и сите риболовци. Ќе се потенцира значењето на автохтоните и ендемичните видови риби. - ќе се алармира целата јавност за опасностите кои му се закануваат на овој наш ендемичен вид риба; - Активистите на МРФ ќе спроведат кампања насочена кон локалната и државната власт со барање за почитување на законските обврски на производителите на риби во рибници. Ќе се бара заострување на критериумите за квалитетот на водата која излегува од рибниците. Од рибниците ќе се бара да го исполнат критериумот квалитетот на водата на излез од рибникот да биде идентичен со квалитетот на водата кој влегува во рибникот. - ќе се бара странски партнер за заеднички настап пред европските фондови наменети за финансирање на проекти за заштита на загрозените видови. Сметаме дека нема да помине долг период кога заштитата и реинтродукцијата на вретенарот ќе се постави на национално ниво и ќе се дефинира како приоритет, за што ќе се изготви долгорочна стратегија и акционен план за неговата заштита. Тогаш ќе ја потенцираме важноста и значењето на пионерскиот чекор направен со спроведувањето на овој проект. Презентација на активностите по овој проект е направена на годишното Собрание на Македонската Риболовна Федерација одржано во месец април 2015 година на кое беа присутни претставници од ПМФ од Скопје, УКИМ Институт за сточарство од Скопје, 3

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ДИЗ и градот Скопје. Воедно е промовиран и леток во кој се опишува вретенарот и активностите на МРФ во правец на негова заштита, односно сите активности спроведени во рамките на овој проект. Издадена е и брошура во која се опишани сите активности на МРФ во правец на заштита на два ендемични видови риба во водите на Република Македонија (Salmo macedonicus македонска пастрмка и Zingel balkanicus вретенар).. 2. Издавање на легитимации и водење евиденција за издадени легитимации за рекреативен риболов Врз основа на член 49 став 1 и 2 од Законот за рибарство и аквакултура МРФ вршеше издавање/продолжување на легитимации за рекреативен риболов на своите членови за 2015 година. Во Македонската Риболовна Федерација се води евиденција за издадените легитимации во облик на единствен регистар на рекреативни риболовци во Република Македонија. Во регистарот за 2015 година се запишани 12861 рекреативни риболовци. Во табелата што следи е претставен бројот на рекреативни риболовци по риболовните здруженија. 4

Табела бр. 1: Извадок од единствениот регистар на рекреативни риболовци за 2015 година: Реден број ЗДРУЖЕНИЕ Број на членови 1. Абланица - Берово 44 2. Бабуна - Велес 553 3. Бадар - Скопје 68 4. Баш Вардар Гостивар 235 5. Бистро 239 6. Бегалница Делчево 14 7. Брегалница 2011 - Штип 504 8. Вардар 5063 9. Гоце Делчев - Босилово 7 10. Долина на Рибите Демир Хисар 2 11. Дошница Демир Капија 60 12. Еко спорт фиш - Скопје 19 13. ЕЛЕН Ново Село 120 14. Злетовица - Пробиштип 79 15. Југ 52 - Гевгелија 157 16. Карп Фиш - Лабуништа 30 17. Клен Македонски Брод 170 18. Костреш - Богданци 73 19. Кочански рибар - Кочани 325 20. Крап - Виница 74 21. Крап - Радовиш 103 22. Крап - Струмица 22 23. Кркушка - Велес 17 24. Ловџија - Струга 6 25. Мак Дам - Куманово 257 26. Мамец - Прилеп 224 27. МКА - Скопје 4 28. Мрена Крива Паланка 159 29. Мрена - Крушево 43 30. Мрена Свети Николе 45 31. Мрена - Струмица 37 32. Неготино - Неготино 102 33. Оскар - Кавадарци 9 34. Пастрмка - Струга 269 35. Пена - Тетово 322 36. Пец Пец - Прилеп 439 37. Пчиња - Куманово 650 38. Рибар 2011 - Скопје 1283 39. Риболовец Вардар - Брвеница 38 40. Св. Апостол Петар - Охрид 17 41. Св. Стефан - Охрид 231 42. Слајдер - Куманово 3 43. С. Живкоски Сречко Маврови 30 Анови 44. ОКТА - Скопје 21 5

45. ТАШ МА 2011 - Ташмаруништа 102 46. Тиквешко Езеро - Кавадарци 246 47. Треска - Кичево 85 48. Трофеј - Струмица 143 49. Црна Река 1929 - Битола 371 50. Шампион 2005 - Струмица 112 51. Шаран Македонска Каменица 131 ВКУПНО: 13357 За секој рекреативен риболовец од овој список постои евиденција со бројот на ЛЕГИТИМАЦИЈАТА, фотографија на риболовецот, бројот на личната карта или ЕМБГ, адреса на живеење како и риболовно здружение во кое е член. 3. Насочување и координирање во работата на здруженијата на рекреативни и спортски риболовци Во текот на 2015 година во организација на Македонската Риболовна Федерација и риболовните здруженија и клубови, како и седниците на управниот одбор на МРФ, беа анализирани и коментирани одредбите од Законот за рибарство и аквакултура, Законот за здруженија и фондации, Законот за спортот (врз основа на кои се регистрирани риболовните здруженија во државата), обврските кои произлегуваат од истите а се однесуваат на риболовот во државата, како и заложбите на МРФ своите цели и задачи, детерминирани со Законите и Статутот на Федерацијата, во текот на 2015 година што е можно поефикасно бидат спроведени во дело. РЗК и рекреативните риболовци се редовно информирани за сите случувања поврзани со рекреативниот и спортскиот риболов: изработка на нови риболовни основи на риболовните ревири и рекреативните зони во Република Македонија, термини за забрана на ловење риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој утврден во риболовната основа на сите риболовни ревири и рекреативни зони во Р. Македонија дадени под концесија, висини на надоместоци за издавање/продолжување на легитимации за рекреативен риболов како и висини на дозволи за секој риболовен ревир/рекреативна зона, организација и спроведување на натпревари во спортски риболов како на национален така и на меѓународен план, постигнати резултати и испраќани навремени информации по горенаведените прашања. Истите информации се редовно и навремено објавувани и на интернет страницата информативниот портал на Македонската Риболовна Федерација www.mrf1952.mk. 4. Спортски риболов Согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Република Македонија, усвоените Пропозиции и Календарот за спортско-риболовни натпревари за 2015 година, со учество на екипи од Р.М. на ниво на државата и на меѓународен план се организирани и одржани следните натпревари: Прва спортско риболовна лига на РМ во дисциплина «пливка» во 5 (пет) кола; Прва супер лига во дисциплина пливка сениори - поединечно во 5 (пет) кола; Прва спортско риболовна лига во дисциплина «крап» во 3 (три) кола; Државно првенство за кедети/ки и јуниори/ки во дисциплина«пливка»; Куп на Република Македонија во дисциплина «крап»- сениори; 6

Куп Рибарче 2015 за најмлади категории натпреварувачи; Куп на Република Македонија во дисциплина «мушичка» сениори; Куп на Република Македонија во дисциплина «спин» сениори; Учество на 3 (три) екипи од Р. Македонија во Јадранско - Подунавска спортско риболовна лига во дисциплина «пливка» ; Учество на 1 (една) екипа од Р. Македонија во Јадранско - Подунавска спортско риболовна лига во дисциплина «крап» ; Учество на екипа од Р. Македонија во Јадранско - Подунавска спортско риболовна лига во дисциплина «мушичка» ; Учество на репрезентацијата на Р.Македонија на 17 то Светско првенство во крапски риболов, што се одржа во Шпанија; Учество на репрезентацијата на Р.Македонија на 62 то светско првенство за нации во дисциплина «пливка» што се одржа во Словенија и Учество на репрезентацијата на Р.Македонија на 29 то светско првенство за најмлади категории натпреварувачи во дисциплина «пливка» што се одржа во Србија. Општ впечаток, по одржаните натпревари во 2015 година, е дека со навистина вложени големи напори да се организираат и спроведат гореспоменатите натпревари во четири дисциплини и конкуренции на сениори, кадети/ки и јуниори/ки. Истите се одржани во најдобар ред, како по квалитет така и по масовност, за разлика од последните неколку години (оваа година учествуваа 15 екипи во лигата пливка и 12 во лигата крап ) и покрај се уште неповолната финансиска состојба во која се наоѓаат риболовните здруженија во нашата држава. Резултати од одржани натпревари во 2015 година: Прва спортско риболовна лига на РМ во дисциплина «пливка» - ЕКИПНО: 1 место: МАМЕЦ ПРИЛЕП 2 место: ВАРДАР - СКОПЈЕ 3 место: ПЧИЊА КУМАНОВО Прва спортско риболовна лига на РМ во дисциплина «пливка» - ПОЕДИНЕЧНО: 1 место: ТОНИ ГОГОВЧЕВСКИ ВАРДАР Скопје 2 место: ИВАН ИЛИЈЕВСКИ МАМЕЦ Прилеп 3 место: РУБИН НИКОЛОСКИ МАМЕЦ Прилеп Прва спортско риболовна лига во дисциплина «крап» - ЕКИПНО: 1 место: ДРИМ ТИМ - РИБАР 2011 - Скопје 2 место: СВ. СТЕФАН - ОХРИД 3 место: ВИП- РИБАР 2011 - Скопје Државно првенство на Р. Македонија конкуренција ЈУНИОРИ - ПОЕДИНЕЧНО: 1 место: ПЕТАР ДУЧКОВ 2 место: РАМИЗ МАЛИКУ 3 место: ДАРКО АНДОВ Државно првенство на Р. Македонија конкуренција КАДЕТИ ЕКИПНО: 1 место: ПРОФЕСИОНАЛ Велес 2 место: МАМЕЦ - Прилеп 3 место: СВ. СТЕФАН - Охрид 7

Државно првенство на Р. Македонија конкуренција КАДЕТИ ПОЕДИНЕЧНО: 1 место: ИЛИЈА РУПЕВ СВ. СТЕФАН Охрид 2 место: ЕЛИ ТРЕНДАФИЛОВА ПРОФЕСИОНАЛ Велес 3 место: СТЕФАН БОГОЕСКИ МАМЕЦ Прилеп Куп на Република Македонија во дисциплина «КРАП»- сениори: 1 место: ХАНТЕР КАРП ТИМ - ТРЕСКА Кичево 2 место: КАРП ТЕРМИНАТОР БАБУНА Велес 3 место: СВ. СТЕФАН - Охрид Супер лига - дисциплина «пливка»- сениори: 1 место: МАРЈАН РИСТИЌ ОСКАР Кавадарци 2 место: ЗОРАН МИТЕВСКИ СЛАЈДЕ Куманово 3 место: ГОРАН ЦУЦУЛОСКИ - СВ. СТЕФАН Охрид Куп на Рибарче во дисциплина «пливка»- јуниори - ПОЕДИНЕЧНО: 1 место: ХРИСТИЈАН ЈОВАНОВСКИ - ПРОФЕСИОНАЛ - Велес 2 место: ПЕТРЕ ДУЧКОВ - КРКУШКА - Велес 3 место: ФИЛИП КНАПИЌ - ПРОФЕСИОНАЛ - Велес Куп на Рибарче во дисциплина «пливка»- кадети - ЕКИПНО: 1 место: МАМЕЦ - ПРИЛЕП 2 место: ОСКАР - КАВАДАРЦИ 3 место: БИСТРО - СТРУМИЦА Куп на Република Македонија во дисциплина «мушичка»- сениори: 1 место: ЈУЛИО БОЖИНОСКИ 2 место: ДРАГИ БИЦЕСКИ 3 место: МАРЈАН СОТИРОВСКИ Куп на Република Македонија во дисциплина «спин»- сениори: 1 место: ФИЛИП МИШЕВСКИ 2 место: ЈУЛИО БОЖИНОВСКИ Во текот на 2015 година од страна на Македонската Риболовна Федерација беа предложени 4 (четири) спортисти до 20-ет годишна возраст за добивање на стипендии за постигнати резултати во конкуренција спортист спортска надеж кои ги доделува Агенцијата за млади и спорт. АМС додели едногодишна стипендија во висина од 30.000 денари, за постигнати добри спортски резултати на Државното првенство за кадети/ки и јуниори/ки, ИЛИЈА РУПЕВ СВ. СТЕФАН Охрид, ПЕТАР ДУЧКОВ - КРКУШКА Велес и ЕЛИ ТРЕНДАФИЛОВА ПРОФЕСИОНАЛ Велес. Репрезентации на Република Македонија учествуваа и на три големи меѓународни спортски настани: 1. Светското првенство во риболов со јадица на пливка за младинци до 23 години кое се одржа од 03.08 до 08.08 2015 година во Смедерево Србија. 8

За прв пат од осамостојувањето на првенството зеде учество и младата репрезентација на Р.Македонија до 23 години во состав: 1.Тео Стојановиќ 2. Мартин Младеновски 3. Славко Казаков 4. Рамиз Малику 5. Ерџан Шамаковски 9

Финални резултати Екипно 19 место. Поединечно Мартин Младеновски 50 место, Рамиз Малику 56 место, Славко Казаков 57 место со два натпревара. Тео Стојановиќ 96 место и Ерџан Шамаковски 92 место со еден натпревар од вкупно 99 натпреварувачи 2. 62-ро Светско првенство дисциплина Пливка - Радече, Словенија 10

Конечен пласман на Светското првенство: Екипна конкуренција 1. Италија 2. Унгарија 3. Англија Поединечна конкуренција 1. Јуриј Сиптсов (Русија) 2. Тамас Валтер (Унгарија) 3. Алан Скотхорн ( Англија ) Пласман на репрезентација на Република Македонија: Екипна конкуренција: 23 место Поединечна конкуренција 73 место: Иван Илиевски 82 место: Зоран Кожухаров 103 место: Горан Димитриевски 124 место: Тони Гоговчевски 186 место: Блаже Николовски 187 место: Горан Цуцуловски 3. 17-то Светско првенство во дисциплина крап Сарагоса - Шпанија Конечен пласман на Светското првенство: Екипна конкуренција 1. Англија 2. Хрватска 3. Србија 11

Поединечна конкуренција 1. Dragan Bogdan & Pripon Mihai Emilian Романија 2. Crosato Alessandro & De Bortoli Ivano Италија 3. Renna Mickael & Potiquet Frйdйric Франција Пласман на репрезентација на Република Македонија: Екипна конкуренција: 22 место Поединечна конкуренција Даниел Наумоски & Илија Радевски 33 место Крсте Крстевски, Филип Мишевски & Гоце Симјановски 53 место Васил Костов, Предраг Стојчиќ & Нико Чонески 70 место 5. Одржано Собрание на МРФ Согласно член 32 и 34 од Статутот, на ден 19.04.2015 година се одржа 32-ра седница на Собранието на МРФ. На седницата беа присутни 47 од вкупно 53 делегати со право на глас, како и 13 членови на Управниот и Надзорниот Одбор. 12

На почетокот на седницата Проф. д-р Васил Костов одржа јавна презентација на постигнатите резултати во реализацијата на проектот : Проект за ех-situ заштита и реинтродукција на вретенарот (Zingel balcanicus Karaman 1937) во водите на Република Македонија по која беа доделени признанија за сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на овој проект. Разгледувани и усвоени беа извештаите за работата на Управниот одбор и неговите органи како и извештајот на Надзорниот одбор за материјално-финансиско работење на Федерацијата за изминатата година. Претседателот на Собранието Проф. д-р. Васил Костов ги извести присутните делегати дека за разлика од претходното Собрание на Македонска Риболовна Федерација, кога илустративно и детално, на Power Point презентација го презентираше извештајот за работа на Македонската Риболовна Федерација во 2014 година, сега смета дека нема потреба од причина што во писмениот извештај за работата на МРФ, доставен до сите членки на федерацијата, детално се дадени сите активности за изминатиот период и отвори расправа по истиот. За дискусија се јавија повеќето од присутните делегати и гости со едногласна констатација дека во овој период Македонска Риболовна Федерација постигна исклучително добри резултати почнувајќи од зголемувањето на членството до ~ 27.000 рекреативни риболовци, учество во проекти за заштита и унапредување на животната средина, заложби за координирање на работата на здруженијата членки на федерацијата, порибувања и заштита на рибниот фонд, проширување на меѓународни активности и омасовување на спортските активности во четирите риболовни дисциплини. Меѓутоа, општ впечаток е дека работата со најмлади категории спортисти е се уште на исклучително ниско ниво поради што и риболовните здруженија и федерацијата мораат многу посериозно да се заангажираат, а особено да се направат напори по 5-те неуспешни обиди одново да се обнови кампот за едукација на кадети и јуниори. Одделно беа претставени активностите на МРФ за нареден период во однос на: - Заштита и унапредување на животната средина - Издавање легитимации за рекреативен риболов и водење евиденција за издавање легитимации за рекреативен риболов - Насочување и координирање на работата на здруженијата - Порибувања - Спортски риболов - Меѓународни активности - Заштита на рибниот фонд Во продолжение претседателот Проф. д-р Васил Костов ги образложи планираните активности на МРФ за наредниот период. Потенцираше дека МРФ ќе продолжи со спроведување на проектите за заштита на животната средина кои се однесуваат на македонската пастрмка и вретенарот како и на други автохтони видови риби, интензивирање на работата со младите категории риболовци, организирање на камп 13

за млади риболовци, дефинирање на патеки за спортски риболов при што беа споменати: Црничани, Младост, Шум, Треска 3, Езерца во Градски Парк во Скопје и други води. Посебен акцент во идните активности беше посветен на планираните учества на меѓународни натпреварувања. ЗАКЛУЧОК Од сето она што е наведено во извештајот за работата на Македонската Риболовна Федерација, во текот на 2015 година со сигурност може да се заклучи дека се исполнети поголемиот дел од поставените цели и задачи. Напоменуваме дека МРФ во моментов е кадровски екипирана и организационо подготвена во потполност да ги спроведе обврските и задачите кои произлегуваат од Законот за рибарство и аквакултура. Со поднесувањето на овој Извештај сакам, како претседател на МРФ, да се обратам до надлежните лица во МЗШВ и лично до Министерот со молба да се продолжи со институционалната поддршка на активностите на Федерацијата се со цел во иднина да се остварат уште подобри резултати. Како една од многуте цели кои МРФ ги поставува за наредната година е продолжување на тесната соработка со Државниот Земјоделски Инспекторат и организирање на посилна и целосна контрола за сузбивање на аномалиите во ректреативниот риболов. Доколку се продолжи оваа соработка со уште посилно темпо, и се применат во целост законските одредби, сметаме дека бројот на рекреативни риболовци и бројот на издадени риболовни дозволи во наредните години ќе биде значително зголемен. Скопје, година Претседател на МРФ Д-р Васил Костов 14