Извештај за работа на Македонското еколошко друштво за 2011 година 06.02.2012
Работа на Претседателството и Собранието Одржани се редовни состаноци на Претседателството и едно Годишно собрание на Друштвото, главните одлуки се однесуваат на организација на 4-тиот конгрес на еколозите на Македонија и издавање на списанието Екологија и заштита на животната средина. Учество во кампањата на невладините организации за вклучување на еколошки цели во програмите на политичките партии Учество во кампањата на невладини организации за спречување на изградбата на хидроцентрали во Националниот парк Маврово Поднесени се: 5 предлог-проекти од кои 2 се одбиени.
Работа на секциите (надвор од проектите) Еколошка едукација Во соработка со Детскиот ликовен центар беше организирaнa ученичка детска ликовна манифестација од републички карактер, преку спроведување на ликовен конкурс и организирање на изложба на тема биолошка разновидност. Одржани се повеќе едукативни предавања во инфо-центарот на зоолошката градина во Скопје.
Работа на секциите (надвор од проектите) Биолошка разновидност Организирано е зимското пребројување на птиците (Јануари 2012), Кампањата Пролетта доаѓа! (февруариаприл), Одбележани меѓународните денови на преселните птици (мај), Европските денови за набљудување на птиците (октомври).
Издавачка дејност Објавени се два броја на Информаторот на МЕД, третиот број е во печат. Објавена е книгата за IBA подрачја во Македонија.
Издавање на списанието Macedonian Journal of Ecology and Environment Нов меѓународен уредувачки одбор Главен уредник: Златко Левков Изготвени цел и опсег, повик за објавување, упатство за пишување трудови Досега пристигнати: 8 трудови (одбиени: 3)
Работа по проектите 2011 година
Проект: Статус, екологија и територијалност на критички загрозениот балкански рис Lynx lynx martinoi во Македонија и Албанија Реализирани активности: - Сесија на заловување на рис во НП Маврово (февруари-април 2011) - Следење на рисот Марко на територијата на НП Маврово со помош на VHF антена до април 2011 - Обука на волонтери во НП Маврово за методата на заловување на рис (февруари 2011) - Поставена фото-замка во заштитеното подрачје Јасен во периодот април-декември 2011 - Отпочнато заловување на рис на територијата на заштитеното подрачје Јасен (од декември 2011)
Програма за закрепнување на балканскиот рис 2 Реализирани активности: - Предавања во училиштата во регионот на Маврово - Испечатен промотивен материјал (постер и флаер) - Работилница со ловџии - Работилница со членовите на мониторинг мрежата - Летен истражувачки камп на планината Караџица со меѓународно учество - Едукативна посета во Москополе, Албанија - Отпочната програмата за мали грантови на Илинска и Плакенска Планина и Шар Планина
Проект: Улогaта на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на недостатоците и придобивките Беа спроведени 308 анкети во 10 села во Западна Македонија. Анкетите беа спроведени во 6 македонски и 4 албански села во регионот на Маврово и Шар Планина. Податоците од анкетите се внесени во SPSS база.
Крилја преку Балканот Теренски истражувања во Долна Брегалница и останати значајни подрчја за птици во Македонија Втора работилница, Самобор, Хрватскафевруари 2011 Завршна работилница- Штип, ноември 2011 Подготовка на серија публикации Долна Брегалница нов предлог заштитено подрачје (студија и акционен план)
Проценка на заканите за птици во две значајни подрачја за птици Овче Поле и Преод-Ѓуѓанце Теренски активности мониторинг на подрачјето на идниот ветрпарк Св. Николе и истражување/проценка на степенот на електрокуција од среднонапонските далекуводи (метода на линиски трансект) Анкети на локално население Оставрена соработка со ЕВН Македонија и ЕЛЕМ
Промоција на природните вредности на Шар Планина преку едукација за животната средина и инволвирање на засегнатите страни Почеток на проектот 1 јули 2011, траење 2 години Финансиер е фондацијата DBU - Германија Партнери: Еуронатур Германија; 6 целни општини: Јегуновце, Теарце, Тетово, Боговиње, Врапчиште и Гостивар
Активности Јавен форум - запознавање на засегнатите страни со проектот Едукативна екскурзија на Стара Планина Повик за мали проекти 15.11.- 30.12.2011 Одобрени 20 од 47 проекти Реализација на проектите во времетраење од 1 година Натпревар во цртање со основните школи мотив природата на Шара Работилници со НВО-и од регионот Работа со медиуми за промоција на регионот
Зачувување на пределот во Преспанскиот басен Изработка на пет Акциони планови за зачувување на: фојата, планинскиот чај, пештери, кафеавата мечка, трската.
МАК-НЕН Изработена финална верзија од МАК-НЕН картата и презентирана на сите засегнати страни. Изработен план за управување на коридорите за кафеавата мечка и презентирана на сите засегнати страни. Одржана финална работилница за презентирање на резултатите од проектот.
Мршојадци 2011 Мониторинг на популацијата на белоглавите и египетските мршојадци. Прихрана (Демир капија). Присуство и активно учество во третaта регионална работилница за BVAP (Софија).
Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас По пет години успешна реализација на проектот, Осогово претставува добро истражено подрачје со база на податоци за биодиверзитетот и други клучни аспекти преку кои се одредија потенцијалите за воспоставување на заштитено подрачје во регионот. Експертскиот тим како најсоодветна категорија за заштита ја предложи категоријата V - Заштитен предел. Дополнителна можност за регионот е воспоставување биосферен резерват на Осогово како облик на заштита на природата и негување на човечките активности под капата на УНЕСКО. Активности 2011 Прилагодување на предлогот за ЗП Осогово со вклопување на интересите за развој на регионот : Работа во групи Дефинирање и картирање - концесии, планови, општински иницијативи Експертски состанок Вклопување на интересите за равој и прилагодување на предлогот (надминување на конфликти, обезбедување на заштита на природни вредности) Состаноци за презентирање на предлогот пред клучните страни (Позитивно оценет предлог!) Регуларно состаноци со членовите на Координативното Тело - транспарентно следење на процесот Промоција на предлогот за ЗП Осогово Прекуграничен форум за Осогово Учество на настани во регионот Презентации за значењето на Осогово во основните училишта во регионот Изработка на студија за валоризација на Осогово (финален предлог за ЗП Осогово... во тек...)
Забележени потешкотии Недоволна активност на некои од секциите Не беше организирана формална средба на сите членови на Друштвото