Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик.

Similar documents
Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Март Opinion research & Communications

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Јавен повик бр. 4 за поднесување предлог проекти за финансирање под

Структурно програмирање

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ИНСТРУМЕНТ ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА СТАРТ-АП И СПИН-ОФ

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Програма за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија - Македонија CCI 2014TC16I5CB006

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Утврдување на способноста на економските оператори

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Системот на јавните набавки во Република Македонија

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Подготвување на финансиските извештаи во согласност со Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување (МСФИ/IFRS)

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Национални механизми за поддршка на ОИЕ и ЕЕ

Мобилност МК Mobility MK

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

Издавач: Центар за управување со промени, Центар за одржлив развој АЛКА

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

Отворање на владата. Водич за најдобри практики на транспарентност, отчетност и граѓанско учество во јавниот сектор.

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Современи науки и технологии. Магистер по компјутерски науки / Насока: Информациски системи

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

ЗА СЛУЖБЕНИ ЦЕЛИ. Анекс 4. Систем за управување со животната средина и социјалните аспекти (СУЖССА) на програмата Зелени градови

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Годишен извештај 2016

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Transcription:

ПОВИК за доделување мали грантови на граѓански организации во рамки на проектот Истражувачко новинарство за поттикнување реформи финансиран од Европската Унија Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот Истражувачко новинарство за поттикнување реформи, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер и подготовка на отворени бази на податоци за области од поширок јавен интерес. Предвидено е да се доделат осум (8) мали грантови, по еден во секој од планските региони во државата (Скопски, Источен, Југоисточен, Североисточен, Пелагониски, Вардарски, Југозападен и Полошки регион) во износ до 3.000 евра по грант (во денарска противвредност од 184.000 денари). Вкупниот износ на повикот изнесува 24.000 евра. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на осум локални граѓански организации кои работат и имаат искуство во собирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер. Грантовите ќе се доделат на ГО кои ќе имаат обврска да соберат, обработат и анализираат податоци за однапред определени области за сите општини од регионот на којшто му припаѓаат. Областите за коишто ќе се прибираат информации од јавен карактер се: економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина. Конкретните податочни сетови што треба да се обезбедат преку малите грантови во секоја од овие области се претходно утврдени низ широк консултативен процес и се оценети од страна на ГО и новинарите како најкорисни за нивната идна работа. Прибраните и обработените податоци по региони ќе претставуваат основа за изработка на унифицирани бази на податоци за сите 80 општини во земјата плус Градот Скопје. Базите ќе содржат податоци во временска низа од неколку години со цел да бидат корисен ресурс за иницирање на новинарски истражувања и анализи, но и да послужат како основа за преземање на натамошни акции од страна на НВО. 1

Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик. СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ АКЦИИ Од заинтересираните ГО се очекува да поднесат проектни апликации во кои ќе го образложат планираниот начин на прибирање, обработка, анализа и промоција на податоците од јавен интерес. Се поттикнуваат акции во соработка со новинари или локални/регионални медиуми. Предлог проектите треба да содржат акции кои: ја зголемуваат и обезбедуваат видливоста на локалните/регионалните податоци и теми, и можноста за нивно натамошно непречено користење од страна на други ГО, истражувачки новинари и јавноста; ќе обезбедат собирање, обработка и анализа на податоци од имателите на информации за сите општини од регионот за којшто аплицираат; ќе подготват јавно достапна база на податоци во соодветен електронски формат проследен со визуелен приказ; ќе влијаат на подигање на свеста или мобилизирање околу прашањата од значење за транспарентноста и јавното добро; ќе обезбедат соработка со новинари или локални/регионални медиуми во насока на креирање истражувачки стории. Спроведувањето на акциите треба да се одвива во траење од 7 месеци, во периодот мај-ноември 2017 година. Овој период ги вклучува и активностите за подготовка на детален план на реализација, како и подготовката на завршниот наративен и финансиски извештај. КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ Организациите кои сакаат да учествуваат на повикот мора да ги исполнуваат следниве критериуми: - Да се регистрирани и да дејствуваат според домашниот Закон за здруженија и фондации; - Најмалку една година оперативност на организацијата пред датумот на објавување на овој повик; - Искуство во сферата на собирање, обработка и анализа на податоци од најмалку 1 година; - Досие на спроведени активности соодветни на овој повик; - Уредно пополнет образец за пријавување (Прилог1); - Уредно пополнет образец за предлог - буџет (Прилог 2); - Кратка биографија на лицата вклучени во проектот. На повикот не можат да бидат предложени акции кои се спроведуваат во рамките на тековни проекти на организациите финансирани од други донатори. 2

На повикот не може да учествуваат организации кои се корисници на грант од Делегацијата на ЕУ како координатор, ниту како партнер во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014). Пријавата потребно е да ги содржи следниве документи: 1. Образец за пријавување (Прилог 1) 2. Образец за предлог буџет (Прилог 2) - Буџетот треба да биде испланиран во рамки на трошоците дозволени во буџетскиот образец. 3. Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистер. 4. Кратки биографии на клучниот персонал вклучен во реализацијата на проектот. Обрасците треба да бидат пополнети електронски. Критериуми за оценување и избор Предложените активности треба да бидат во согласност со овој повик. Предлозите ќе се оценуваат од страна на Комисија на оценувачи, која ќе биде формирана за целите на оваа активност. Селекцијата на ГО ќе се врши врз основа на однапред воспоставени критериуми за избор кои се дел од овој повик. Изборот на организациите на кои ќе им биде доделен грант ќе се одвива во две фази и тоа: 1. Оценување на пријавите според основните квалификациски барања Образецот е соодветно пополнет и со придружната документација е доставен во рок и на начин предвиден со Повикот Временската рамка и висината на буџетот соодветствуваат со барањата од Повикот Организацијата ги исполнува условите за аплицирање на повикот Предност ќе им се даде на предлог-проектите кои имаат оригиналност и креативност, како и на оние предлог-проекти кои ќе се засноваат на соработка со новинари и медиуми. 2. Оценување на предлог проектите Предлог-проектите ќе се оценуваат во согласност со следнава табела за бодување: Критериуми за селекција: Бодирањето на предлог-проектот ќе се врши според следната скала: 1. Организациски капацитет и резултати од минато работење (максимум 30 поени): Искуство во собирање податоци и нивна анализа (10 поени) Искуство на кадарот за реализација на проектните активности (10 поени) Административни, финансиски и управувачки капацитети (10 поени); 3

2. Технички пристап (максимум 50 поени) Предлог-концепт за промоција на подготвената база на податоци и нејзино натамошно користење (30 поени): Квалитет на предложените активности (10 поени); Соработка со новинар или локален/регионален медиум (10 поени). 3. Предлог - буџет (максимум 20 поени): Трошковна ефективност (10 поени); Адекватна можност за финансиско управување (10 поени); Рокови: Доставување на апликации: до 24 март 2017 година; Поставување прашања на електронска пошта со наведен референтен број IPA2/CSO-01: до 10 март 2017; Објавување на поддржаните иницијативи: до 20 април 2017; Спроведување на активностите: 1 мај 2017-30 ноември 2017 година. Обврски на граѓанските организации Финансиската поддршка се доделува со цел да се зајакнат капацитети на граѓанските организации кои работат во областа на собирање и обработка на податоци од јавен интерес. За селектираните ГО ќе биде организиран тренинг за стекнување знаења за истражување, собирање и обработка на податоци од јавен интерес. Грантистите, исто така, ќе добијат менторство во текот на спроведувањето на активностите. Учеството на тренингот и менторството е од задолжителен карактер за грантистите. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ Пријавата треба да биде поднесена од една организација Носител на проектот со која ќе биде потпишан договор за грант доколку предложената акција е избрана за финансирање. Граѓанските организации аплицираат со пополнување на соодветната пријава и буџетски образец, вклучувајќи ги и соодветните прилози: (1) Копија од решение за регистрација или тековна состојба од Централниот регистар и (2) Кратки биографии на клучниот персонал вклучен во реализацијата на проектот. Апликациите кои нема да ги исполнат следните услови, нема да можат да бидат земени предвид: Пријавата за предлог-проект и буџетскиот образец не се целосно пополнети или не ги вклучуваат потребните прилози; Поднесувањето е извршено после истекот на крајниот рок наведен во Повикот; Побараната финансиска поддршка е поголема од 3000 евра. 4

Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат единствено во електронска форма на center@ccc.org.mk (со назнака во Subject: IPA2/CSO-01) и во CC на elena@nvoinfocentar.org.mk, не подоцна од 17 часот, на 24 март 2017 година. Дополнителни појаснувања Грантот ќе се додели во денарска противвредност на банкарска сметка на организацијата носител. Предложениот буџет не смее да го надмине максималниот износ. Организацијата - носител ќе биде единствено одговорна за реализацијата на активностите и плаќањата во согласност со буџетот на проектот. За организациите кои ќе бидат избрани ќе биде организирана средба за појаснување на правата и обврските што произлегуваат од доделувањето на финансиската поддршка и за допрецизирање на буџетот. Сите организации кои се пријавиле ќе бидат известени за резултатите од Повикот. Доколку имате дополнителни прашања или потреба од појаснувања, ве молиме, да се обратите до 10 март 2017, на следната електронска адреса: center@ccc.org.mk Крајниот рок за поднесување на пријавите е 24 март 2017 година, до 17 часот. 5