КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

РЕФОРМИ ОД КЛУПА КОЛКУ МОЖАТ ДА БИДАТ ЕФЕКТИВНИ? ОДРЕДУВАЊЕ ГЛАВНИ ПОКАЗАТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

КОРУПЦИЈАТА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Разбирање на проширувањето

Биланс на приходи и расходи

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

политичка мисла political thought Надворешна политика и аспекти на меѓународната диломатија Foreign policy and aspects of international diplomacy

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Биланс на приходи и расходи

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

политичка мисла political thought Локалната самоуправа и учеството на граѓаните Local Self-Government and Citizen Participation

Домашните наспроти странските директни инвестиции во Република Македонија: политики за поддршка и нивните ефекти

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Структурно програмирање

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

политичка мисла political thought 20 Години од донесувањето на Уставот на Република Македонија

Четири Години од Добивањето на Кандидатскиот Статус:

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ИЗВЕШТАЈ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

ИСИЕ.

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Родово буџетирање.

Влијанието на Охридскиот рамковен договор ЕФЕКТИВНО ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Преглед на државите во Западна Африка

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

Европската. значи да се биде европски граѓанин. автор: Милорад Петрески

ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА: ПАТОТ ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ФУНКЦИИ И ВЛИЈАНИЕТО НА ЛОКАЛНО НИВО ВО МАКЕДОНИЈА

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ПОДЕЛЕНА ПОЛИТИКАТА И УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РАБОТЕН ДОКУМЕНТ НА СЛУЖБИТЕ НА КОМИСИЈАТА ИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во прилог на

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

Проект: Поголема партиципација - подобри политики и регулативи. Екстерно оценување, предизвици и следни чекори: Екстерно оценување по секоја цена?

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

ИЗВЕШТАЈ ВО СЕНКА ЗА ПОГЛАВЈЕ 23. за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската Унија

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

политичка мисла political thought Медиуми и слобода на изразувањето Media and freedom of expression Година 10, број 38, јуни Скопје 2012

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

ПЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГ НА КВАЛИТЕТ НА ДЕБАТА ВО СОБРАНИЕ

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Демократски сојуз. ПРОЕКТ РЕФОРМА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ -Една изборна единица како најдемократско решение- Скопје, март 2015 година

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Локални јазични политики за немнозинските заедници Можности за поефективна имплементација

Годишен извештај 2016

03/2018. Kosovar Centre for Security Studies

ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА

Оригинален научен труд UDC :297.05(=163.3)

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ДЕТЕРМИНАНТИ НА ЗДРАВОТО И АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Модели на безбедна и стабилна интеграција сто години по Првата светска војна

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

Забелешки за работата на судството и медиумите според домашни и странски организации од политиката и граѓанството

ГРАЃАНИТЕ И НОВИНАРИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНОСТА ВО МЕДИУМИТЕ

Издание на: Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН ОДРЖЛИВОСТА: НОВ БЕЗБЕДНОСЕН ПРИОД ЗА НАТО И ЗА ЕУ

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Transcription:

КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ

КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ Автори: Зоран Нечев 1 и Христијан Петрушев 2 1 Зоран Нечев е постар истражувач и програмски координатор, Центар за европски интеграции, Институт за Демократија Социетас Цивилис - Скопје и стипендист на Фондацијата Конрад Аденауер 2 Христијан Петрушев е помлад истражувач во Институтот за Демократија Социетас Цивилис - Скопје

Преглед на наоди и заклучоци 1 1 Напомена: При спроведувањето на анкетата беше користен терминот држава, иако како една од опциите понудени на испитаниците кај одредени прашања беше дадена Европската Унија. Ова е направено од единствена причина да се поедностави прашалникот и зголеми разбирливоста на истиот. Ова истражување се спроведува на национално ниво.

Наоди 5 Најголемиот процент на испитаници (44,3%) не се задоволни од напорите кои Европската Унија(ЕУ) ги презема во улога на медијатор во политичката криза во Македонија, 40,6% се делумно задоволни, додека само 10,9% се целосно задоволни. Во однос на медијацијата на ЕУ, 46,1% од етничките Македонци изразиле незадоволство од истата, наспроти 35,2% од етничките Албанци. Две третини од испитаниците (69,9%) веруваат дека процесот на пристапување во ЕУ значително или до одредена мерка ќе придонесе за зајакнување на владеењето на правото во Македонија. Мнозинството од испитаниците (58.5%) воопшто не се запознаени со извештајот на Прибе THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA Речиси половина (48,1%) од испитаниците сметаат дека највлијателна странска држава во Македонија се Соединетите Американски Држави. Околу четвртина од граѓаните (26,2%) сметаат дека ЕУ би била најдобриот странски сојузник на Македонија, 25% од населението сметаат дека тоа би била Русија, додека за 17,5% од граѓаните, САД е најпретпочитуван сојузник. Најголемиот процент на етнички Македонци (29%) сметаат дека Русија би била најдобриот надворешен сојузник, додека најголемиот процент на етнички Албанци (32%) сметаат дека тоа би била ЕУ.

6 Заклучоци Повисоката инклинација на испитаниците кон незадоволство од вложените напори на ЕУ во улога на медијатор во политичката криза во Македонија, нема посериозен негативен ефект врз општата јавна поддршка за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. Мнозинството граѓани сметаат дека процесот на пристапување во ЕУ ќе има позитивен придонес кон зајакнувањето на владеењето на правото во Македонија, но, истовремено очигледно е високо нивото на непознавање на тоа како би се постигнала оваа цел. Значително мнозинство на испитаници се индиферентни кон постоечките иницијативи за владеење на правото поддржани од ЕУ. За граѓаните на Република Македонија, највлијателен надворешен фактор се Соединетите американски држави. Кредибилитетот на ЕУ во Македонија е доведен во прашање, при што мнозинството на етнички Македонци ја претпочитаат Русија како надворешен сојузник. Празнината создадена со намалувањето на поддршката за членство во ЕУ 1 е воглавно пополнета со поддршка за Русија, особено меѓу македонското етничко население. 1 Повеќе за трендовите за поддршка на членството во ЕУ: Иван Дамјановски, Јавното мислење и македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2004-2014) http://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2009/08/ javno-mislenje-eu-mak.pdf

Постои значителна разлика помеѓу двете најголеми етнички групи во Македонија во однос на нивните перцепции за најдобар/ најпретпочитуван надворешен сојузник на Македонија. Највисокиот процент на етнички Албанците ја поддржуваат ЕУ и САД, соодветно со 32,2% и 28,3%, додека најголем дел од етничките Македонци (29,9%) сметаат дека Русија би била најдобриот сојузник за Македонија. Заедничко за двете најголеми етнички групи во Македонија е високата поддршка за ЕУ. Вовед Извештајот на Европската комисија за Македонија од 2016 година прикажува прилично мрачна слика на земја во длабока политичка, институционална и социјална криза. Извештајот наведува дека демократијата и владеењето на правото постојано се соочуваат со предизвик, особено како резултат на државната контрола која влијае врз функционирањето на демократските институции и клучните области на општеството. 2 Резултатите од неодамна објавениот Индекс за перцепција на корупцијата од 2016 година кој открива дека Македонија е една од десетте земји кои го забележиле најголемиот годишен пад во индексот на глобално ниво, ја поткрепува горе изложената ситуација. 7 THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA Вeќе одредено време, граѓанските организации во Македонија ја истакнуваат загриженоста 2 European Commission, Macedonia progress Report 2016, Brussels, 9.11.2016: https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/pdf/key_ documents/2016/20161109_report_the_former_yugoslav_republic_of_macedonia.pdf

8 од постоечката ситуација. Предлогот за итни демократски реформи како заеднички потфат на група граѓански организации и поединци всушност претставуваше своевиден одговор на актуелната политичка криза, уназадувањето на демократките стандарди и во владеењето на правото и губењето на кредибилитетот на институциите, образложени во последниот Извештај на Европската комисија за Македонија. 3 Со цел да се овозможи поразбирлив преглед на актуелната политичка криза и улогата на Европската Унија во истата, Институтот за демократија Социетас Цивилис, во соработка со канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, спроведе анкета со цел детектирање на перцепциите на граѓаните, вклучувајќи ги и нивните погледи за ефектите на процесот на пристапување на земјата во ЕУ врз прашањата поврзани со владеењето на правото, наодите и Препораките на Групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото поврзани со следењето на комуникациите откриено во пролетта 2015 (Извештајот на Прибе) како и нивните перцепции за степенот на спроведување на истите. Исто така, анкетата опфати прашања поврзани со медијацијата на ЕУ во актуелната криза како и онаа на Германија, и прашања за перцепциите на граѓаните во однос на највлијателниот и најпретпочитуваниот надворешен/странски сојузник на Македонија. 3 Блупринт Предлог за итни демократски реформи, Скопје, Јули 2016, достапен на: http://idscs.org.mk/en/ blueprint/

Tелефонската анкета е спроведена во текот на месец ноември, 2016 година на примерок од 1100 испитаници. Примерокот е репрезентативен според пол, возраст (над 18 години), етничка припадност и исто така, има репрезентативна покриеност на испитаници од сите шест изборни единици во земјата. Резултатите се претставени во проценти и се предмет на грешка од ±3%. Напорите на ЕУ за медијаторство Македонија е сведок на бројни политички кризи кои се случија од осамостојувањето наваму, од кои, повеќето од нив беа решени со помош на странско медијаторство. ЕУ во голема мера беше вклучена во овие случувања, како медијатор, но и како гарантор на договорите и резолуциите кои произлегле од медијацијата. Првиот поголем ангажман на ЕУ беше за време на вооружениот конфликт во 2001. Имено, Охридскиот рамковен договор e постигнат со сериозни напори на ЕУ, како и на САД. Договорот успешно го запре вооружениот конфликт и го трансформираше политичкиот систем во Македонија. Следна криза решена со помош на странско медијаторство, се случи во 2007 година, кога најголемата албанска партија, Демократската унија за интеграција го напушти Собранието и започна да ја бојкотира работата на истото во период од четири месеци. Како и претходната и оваа криза беше решена со медијаторство, како од страна на ЕУ, така и од страна на САД. Притоа, отпочнувањето на преговорите за пристапување за членство во ЕУ беше морковот на масата понуден од страна на ЕУ. 4 Во 2012 се случи уште една 9 THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA 4 Ненад Марковиќ и Миша Поповиќ, Политички Дијалог, КАС и ИДСЦС, стр 26, достапно на: http://idscs.org. mk/wp-content/uploads/2009/08/politicki_dijalog.pdf

10 голема политичка криза. Овој пат, кризата настана со насилното отстранување на пратениците од опозицијата од Собранието. 5 Оваа политичка криза заврши со договор постигнат со посредување од страна на ЕУ, како и интензивниот личен ангажман на Европскиот комесар за проширување, г. Стефан Фуле, поранешниот Претседател на Европскиот парламент, г-дин. Јиржи Бусек и членот на Европскиот парламент, г-дин. Ричард Ховит. 6 Следствено, заклучокот кој може да се извлече е дека, со време, улогата на ЕУ во медијаторството и помагањето да се надминат внатрешните политички кризи во Македонија, постепено се зголемува. Последната, и сè уште актуелна, политичка криза во Македонија го следи овој модел. Започнувајќи со бојкот на Собранието од страна на најголемата опозициска партија во 2014; кризата ескалираше во 2015 година, со најавувањето на скандалот со прислушкувањето. Како и претходно, ЕУ во соработка со САД беа вклучени и во решавањето на оваа криза. Таканаречениот Договор од Пржино во 2015 7 година и неговите надополнувања во 2016 8, беше постигнат со ангажирање на неколку претставници од Европскиот парламент, и личниот ангажман на Европскиот комесар задолжен за европската соседска политика и за преговорите за проширување, г-дин. Јоханес Хан. Четирите најголеми политички партии во Македонија го поддржаа овој договор. Следствено, реформите кои произлегоа од истиот, го поставија курсот 5 Ibid. 6 Sinisa Jakov Marusic, EU Brokers End to Macedonia Election Crisis, Balkan Insight, 1 Mart 2013: http://www. balkaninsight.com/en/article/macedonian-leaders-strike-election-deal-end-crisis 7 European Commission, STATEMENT/15/5372, 15 July, 2015: http://europa.eu/rapid/press-release_ STATEMENT-15-5372_en.htm 8 EEAS, Agreement between the four political parties, 20 July 2016 :http://eeas.europa.eu/archives/delegations/ the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/press_corner/all_news/news/2016/2016-07-20_agreement_en.htm

за парламентаните избори во декември 2016 во Македонија. Најголемиот процент на испитаници (44,3%) одговорија дека не се задоволни од напорите кои Европската Унија (ЕУ) ги презема во решавањето на актуелната политичката криза во Македонија. Процентот на оние кои се делумно задоволни изнесува, 40,6%, додека само 10,9% се целосно задоволни од медијацијата на ЕУ. Комбинацијата на последните две групи, имено оние кои се целосно и делумно задоволни го претставува мнозинството на граѓани (51,5%) кои се барем делумно задоволни. Податоците исто така покажуваат дека евро скептичните граѓани се повеќе склони да бидат незадоволни со напорите вложени од страна на ЕУ во медијацијата на актуелната криза: речиси 67% од нив не се задоволни со медијаторството на ЕУ, наспроти 38,1% од граѓаните кои го поддржуваат процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. 9 11 THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA 9 Земете предвид дека според ова анкета, 77% од граѓаните би гласале за влез во ЕУ, додека 17,5% би гласале против.

12 Од перспектива на етничка припадност на испитаникот, може да се забележи поголемо незадоволство од напори на ЕУ во медијацијата на актуелната криза кај етничките Македонци (46,1%) споредено со она на етничките Албанци (35,2%). Интересен новитет во решавањето на актуелната криза беше вклучувањето на Германија. Во пикот на кризата, германското Министерство за надворешни работи назначи специјален претставник да работи заедно со останатите партнери во насока на решавање на кризната ситуацијата во Македонија. За прв пат во скорешната историја на Македонија, Германија испраќа свој претставник, како надополнување на постоечките напори за медијаторство преземени од страна на ЕУ. Во овој пионерски потег на Германската влада во Македонија, може да се забележи желбата на Германија да дејствува како европски Главен олеснувач, одговорен посредник, промовирајќи амбициозен и унифициран одговор за предизвиците со кои се соочува Германија. 10 10 Frank-Walter Steinmeier, Maintaining Transatlantic Unity in a Complex World, 12.03.2015: http://www.

Зајакнување на владеењето на правото преку пристапување кон ЕУ Согласно Стратегија за проширување на ЕУ од 2015 година, зајакнувањето на владеењето на правото е од суштинско значење за процесот на проширување. Овој повеќегодишен документ, со своите последни измени, го опфаќа преостанатиот период од мандатот на сегашниот претсадател на Комисијата, г-дин. Жан Клод Јункер. Следствено, политиките за владеење на правото ќе останат на челното место на приоритети во процесот на проширување во годините што следат. Притоа, Комисијата одблиску ќе го следи спроведувањето на политиките поврзани со судството, анти-корупцијата и темелните права, како и оние поврзани со азил, (екстерна) миграција, гранична контрола, визниот режим, полициска соработка, борба против организираниот криминал и тероризам и други. Во овој контекст, доколку Македонија сака да напредува во процесот на пристапување, треба да воспостави континуирано и ефективно спроведување на овие политики. 13 THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA Политичката криза откри структурни недостатоци во областа на владеењето на правото, кои го поткопуваат ефективното функционирање на демократските институции. Скорешните извештаи на Европската комисија покажуваат докази за стабилен пад во квалитетот на демократското владеење во Македонија, особено во поглед на судството. Скандалот со прислушкување од 2015 година ги потврди сериозните тврдења за заробување на државата од страна на владините елити и контрола врз судскиот систем во целина. auswaertiges-amt.de/de/infoservice/presse/reden/2015/150312-bm_csis.html

14 Со цел да се спречи понатамошно влошување на демократската ситуација во земјата, ЕУ повика група експерти, предводени од Рајнхард Прибе да извршат проценка на ситуацијата и да направат анализа, која ќе резултира со препораки за надминување на состојбата. Анализата на експертскиот тим откри значителни недостатоци помеѓу постоечката легислатива и нејзиното имплементирање, нарушувања на темелните права, недостатоци во судството, како и политичко влијание во процедурата за избор на судии. Назадувањето во клучните области на демократско владеење всушност претставува една од главните причини поради која Комисијата и даде на Македонија условена пропорака за отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ. Спроведувањето на препораките од извештајот на Приебе би ја вратиле Македонија на зацртаниот пат кон ЕУ. Резултатите од спроведената анкета покажуваат дека две третини од испитаниците сметаат дека процесот за пристапување кон ЕУ, значително или до одреден степен ќе придонесат за зајакнување на владеење на правото во Македонија, додека 14,5% сметаат дека ќе има само минимален придонес. Само 10.1% сметаат дека нема воопшто да придонесе. Одговорите на граѓаните од различна етничка припадност не се разликуваат значително по однос на ова прашање.

15 Од друга пак страна, македонските граѓани не се вистински информирани или запознаени со содржината на Извештајот од Прибе. На скалило од 1 до 10, каде 1 е воопшто не сум запознаен/а, а 10 е целосно сум запознаен/а, повеќе од три четвртини од граѓаните сметаат дека се едвај запознаени, од кои 58,5% одговориле дека воопшто не се запознаени. THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA Ниската запознаеност на граѓаните со Извештајот на Приебе се потврдува и со наредното прашање, кое ја испитува перцепцијата на граѓаните за спроведувањето на препораките од извештајот. Имено, 60,6% одговориле дека не знаат дали

16 препораките од Извештајот се спроведуваат, 15,3% веруваат дека препораките воопшто не се спроведуваат; 20,8% од граѓаните сметаат дека истите се спроведуваат во голема мера, додека само 3.3% сметаат дека во голема мера се имплементираат. Дали ЕУ е единствената игра во градот? Во однос на најдобриот сојузник на Македонија, најголемиот процент на испитаници (26,2%) сметаат дека тоа би била ЕУ. Наредна е Руската федерација со 25%, додека 17,5% од испитаниците одговориле дека во таа улога ги гледаат САД. Иако ЕУ е сè уште најпретпочитуваниот сојузник, симпатиите на граѓаните кон Руската Федерација и евентуланото нејзино продлабочено инволвирање може да има негативен ефект врз поддршката за членство во ЕУ. Ова исто така покажува дека кредибилитетот на ЕУ во Македонија можеби е доведен во прашање и нужно потребни се соодветни и времени мерки да се поврати опаѓачкиот кредибилитет на процесот за пристапување за Македонија.

17 Во овој контекст, најголемиот дел од евроскептичните граѓани во Македонија, (кои претставуваат 17,5% од целиот примерок) сметаат дека Руската Федерација би била најдoбриот сојузник на Македонија (42,9%). Спротивно на ова, најголемиот процент на граѓани кои го поддржуваат процесот на пристапување на Македонија во ЕУ (кои претставуваат 77% од целиот примерок), сметаат дека ЕУ би била најдобриот сојузник (29,9%). Интерпретацијата на овие податоци сугерира дека кај повеќето евроскептични граѓани, празнината создадена од опаѓачката поддршка за процесот на пристапување во ЕУ, се надополнува со про-руски позиции. THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA

18 Подетално, резултатите откриваат разлика во одговорите меѓу испитаниците од двете најголеми етнички групи, македонската и албанската. Имено, за најголемиот процент на Македонци (29,9%) најпретпочитуваниот/најдобриот сојузник е Русија, додека за најголемиот процент на Албанци (32%) тоа е ЕУ. Речиси четвртина (24,7%) од Македонците сметаат дека ЕУ би била најдобриот сојузник за Македонија со што ЕУ е позиционирана на второ место за најпретпочитуван/најдобар сојузник за оваа етничка група. Разликата помеѓу гледиштата на овие две етнички групи исто така се разликува значително и во однос на САД: 28% од Албанската етничка група ги сметаат за најдобар сојузник, во споредба со значително помалиот процент од 15% на етнички Македонци. Во однос на влијанието кое го имаат странските земји во Македонија, скоро половина од испитаниците сметаат дека САД е земјата со најголемо влијание во Македонија, наспроти 22,8% од испитаниците кои веруваат дека тоа е ЕУ. Нема значителна разлика ако се гледаат овие одговори од перспектива на

етничка припадност и во однос на нивниот став за процесот за пристапување на Македонија во ЕУ. ЕУ. 19 THE EU S CREDIBILITY AT STAKE IN MACEDONIA

ul. Teodosij Gologanov br. 42A/3 and 42A/4, 1000 Skopje +389 2 3094 760 +389 2 3094 760 contact@idscs.org.mk