25 YEARS OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD Правата на едните и другите деца by Васка Бајрамовска Мустафа
Насловна: Петгодишно девојче во очекување да почне со изведба на песна заедно со другите деца на отварањето на центарот за ран детски развој во село Ратавица, Општина Пробиштип UNICEF MK The statements in this publication are the views of the authors and do not necessarily reflect the policies or the views of UNICEF. Additional essays by experts and opinion leaders are available on UNICEF s dedicated portal on the Convention on the Rights of the Child: <www.unicef.org/crc>. Permission is required to reproduce any part of this publication. Permission will be freely granted to educational or non-profit organizations. Others will be requested to pay a small fee. Please contact: Division of Communication, UNICEF Attn: Permissions 3 United Nations Plaza New York, NY 10017, USA Tel: +1 (212) 326-7434 Email: nyhqdoc.permit@unicef.org For the latest data, please visit <www.childinfo.org> United Nations Children s Fund (UNICEF) November 2014
ПРАВАТА НА ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ ДЕЦА by ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА Г-а Васка Бајрамовска Мустафа Има долгогодишно професионално искуство како правник и активист за човекови и детски права со фокус на правата на малцинствата, правата на децата и лицата со попреченост. Во моментот таа е заменик на народниот правобранител со посебен мандат да го следи спроведувањето на правата на децата во земјата. Во пресрет на 25 годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето посакувам секој од нас барем за момент повторно да замисли дека е дете кое си игра со родителите, или пак ужива додека топлата мајчинска рака ја гали неговата коса. Да замисли дека е во семејство во кое возрасните се грижат за помалите деца, а тие безгрижно се смеат и играат. Исто така, секој од нас да замисли дека е помеѓу други деца кои едвај облечени и покриени во скутот на мајката или покрај неа со испружена рака кон минувачите, или со истата таа рака ги бришат стаклата на возилата. Дека е помеѓу децата кои се одвоени од родителите и се обидува да сфати зошто е меѓу други луѓе, во друга средина. Да ја види сликата во една детска градинка, училиште и да го почувствува џагорот и среќата од една страна, но и да се запраша зошто има деца надвор кои другарувајќи со ветрот, дождот, снегот и Сонцето наизменично, живеат во надеж дека можеби утре нешто ќе се смени и за нив. Почувствувајќи ги овие два света, размислувајќи за овие деца, но и за оние другите деца, нивната состојба, потреби и интереси, нивната ранливост, секој од нас ќе се сети на Конвенцијата за правата на детето и ќе се запраша: Зарем не се деца сите човечки суштества до 18 години? Зарем не се сите деца еднакви? Тогаш ќе се обиде да одговори дали сме ја исполниле обврската за грижа за детето, неговиот најдобар интерес. Што да направиме да нема толку голем јаз помеѓу светот на едни и светот на други деца и како да го направиме светот подобар и подеднаков за сите деца. 1
Несомнено пред 25 години состојбата со правата на децата беше далеку полоша. Скоро никој и да не размислуваше за детето како носител на права и обврски. Денес кога секое дете има гарантирано право на име, државјанство, право да расте во семејно опкружување, право на пристап до највисоко ниво на здравствена заштита, образование, заштита од секаков вид на насилство и експлоатација... поинаков е пристапот кон детето и неговите потреби. За разлика од порано децата денес знаат дека имаат права, и се борат за пристап до истите. Но, исто така има деца кои немаат време да размислат за правата во секојдневната трка да го преживеат денот. Има деца кои не се опфатени во образовниот систем, за кои е проблем пристапот до здравствената заштита. Деца чие раѓање никаде не е евидентирано, деца на улица, деца жртви. There are also children who in their daily struggle to survive, do not even have time to think about their rights. За жал, и после 25 години не можеме да зборуваме за највисоко ниво на здравствена заштита на децата, затоа што покрај нас поминуваат деца коишто употребуваат дрога, деца кои од мала возраст дуваат лепило, а нема соодветна установа за нивно згрижување и третман. Не може да сме задоволни од состојбата со децата во посебните основни училишта кога таму се среќаваат и деца на кои кога би им се посветело потребното внимание и работа ќе беа меѓу другарчињата во редовните училишта. Денес се уште има деца кои наместо во училиште се наоѓаат на улица, учејќи за еден поинаков живот и правила. Иако правно гледано предвидени се начини и утврдени се правилата за постапување со децата во ризик, праксата покажува поинаква слика. Таа слика покажува дека не се надминати проблемите на децата на улица, жртви на насилство, децата сместени во установите за згрижување, децата во судир со законот. Напротив, во напорите да се помогне правилно да се изградат како личности како да е скршнато од вистинскиот пат, па децата од една преминуваат во друга установа, без вистински успех за нивна ресоцијализација. Состојбата со правата на детето не е подобра ниту во семејството, затоа што децата се уште се користат како инструмент за пресметка помеѓу возрасните. А има и такви, каде се живее под силината на традицијата и обичаите, па 25 години по донесувањето на Конвенцијата која ги третира децата како субјекти и која бара максимално почитување на децата како личности, присутни се малолетничките бракови, кога возрасните ја договараат најдобрата иднина на детето. 2 AUTHOR S ВАСКА NAME HERE БАЈРАМОВСКА МУСТАФА
UNICEF/Photo ID Here Овие и уште многу други прашања потсетуваат и истовремено укажуваат дека треба уште многу да се работи за подобрување на состојбата и можностите за децата. Да се придонесе во нивниот правилен раст и развој како на психички, физички, но и емотивен план. Дека е потребно правилно да се насочат напорите на сите активни чинители и да се дејствува во надминување на слабостите во пристапот до правата кои Конвенцијата му ги гарантира на детето, затоа што загубената можност во детството тешко дека ќе може да се надомести подоцна. Настојувањата на сите кои на кој било начин се одговорни за децата и грижата за нив, треба да се насочат во создавање на услови децата да растат во безбедно опкружување, ослободено од секоја форма на насилство, во кое ќе се почитуваат интересите, потребите и можностите на секое дете, неговата природа и достоинство. Придобивките од работењето во областа на детските права ќе бидат видливи кога детето, односно неговите права и интереси ќе го добијат вистинското место и кога децата ќе се гледаат како субјекти, полноправни граѓани во општеството, како во семејството така и во заедницата. Контактот со детето е почетна точка во надминување на проблемите, но и во напорите за унапредување на неговите права Важно е учеството на детето, да се слушне неговиот став и мислење, за прашања кои се однесуваат на него или се поврзани со детето. Перцепцијата на детето дека во него се гледа како субјект и дека се води грижа за неговите размислувања е предуслов за правилна изградба на личноста на детето. Четиригодишно Ромче ја покажува раката на која е напишан бројот 5 - пишувањето петка на раката е прифатен начин да се покаже пофалба на помалите деца кога ќе постигнат нешто или ќе се однесуваат добро (тоа е и највисока оценка во основно и средно училиште) ПРАВАТА НА ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ ДЕЦА 3
UNICEF/Photo ID# Мајка на две мали момчиња посетува класови за родителство во околниот центар за ран детски развој за да научи како подобро да го поттикне развојот на децата во првите пет години од животот. Ќе биде ли тоа на 26-тата, 30 -тата или друга годишнина од Конвенцијата за правата на детето? Се надевам, а се надеваат и овие деца. Во спротивно тоа утре и уште многу други утре ќе останат во нивните мечти, ќе расте заедно со нив и еден ден ќе ги разочара, кога изложени на секојдневен потсмев и презир нема да го најдат одговорот на прашањето: Зошто не се како другите деца? Дали вината е во нив, во семејството, во средината или во општеството? 4 ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА AUTHOR S NAME HERE
Published by UNICEF Orce Nikolov 74, 1000 Skopje e-mail: skopje@unicef.org www.unicef.org.mk www.facebook.com/unicef.mk Twitter: @unicefmk United Nations Children s Fund (UNICEF) November 2014