МОНИТОРИНГ МАТРИЦА ЗА РАБОТАТА НА АВМУ И АЕК

Similar documents
Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Март Opinion research & Communications

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

1. Поимот структурен плурализам и цели на анализата

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

Структурно програмирање

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

политичка мисла political thought Медиуми и слобода на изразувањето Media and freedom of expression Година 10, број 38, јуни Скопје 2012

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Биланс на приходи и расходи

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Биланс на приходи и расходи

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

МАКЕДОНИЈА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ МЕХАНИЗМОТ ЗА НЕЗАВИСНО ИЗВЕСТУВАЊЕ (МНИ):

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

ПРЕДИЗВИК ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

КАМПАЊИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН:

ГОДИШНА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ОДГОВОР НА КОМПЈУТЕРСКИ ИНЦИДЕНТИ ЗА 2017 ГОДИНА. Агенција за електронски комуникации

2015 Deloitte Macedonia. Извештај за транспарентност Deloitte ДОО Скопје 2014 година

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"-ШТИП

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА РЕФОРМА НА МЕДИУМСКИОТ СЕКТОР РЕФОРМА НА МЕДИУМСКИОТ СЕКТОР ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА

Отворање на владата. Водич за најдобри практики на транспарентност, отчетност и граѓанско учество во јавниот сектор.

ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ВО РМ - магистерски труд -

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

Повик за поддршка на локални граѓански организации

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

Штип. Кристина Анчевска

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски - Битола. Економски факултет - Прилеп. Магистерски труд

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

ПРИРАЧНИК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ИЗВРШЕНИ РЕВИЗИИ

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

КАРАКТЕРОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

Македонија: завршен извештај за

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

ЗА МОНИТОРИНГ НА БУЏЕТСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

документ за јавни политики

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

Transcription:

МОНИТОРИНГ МАТРИЦА ЗА РАБОТАТА НА АВМУ И АЕК Проект Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите PROformance watch

МОНИТОРИНГ МАТРИЦА ЗА РАБОТАТА НА АВМУ И АЕК Проект: Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите PROformance watch

Подготовката на oваа публикација беше овозможена со поддршка од Британска амбасада Скопје, во рамките на проектот Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите PROformance watch. Мислењата и ставовите наведени во оваа публикација не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.

МЕТОДОЛОГИЈА Мониторинг матрица за работата на АВМУ и АЕК Методологија на мониторингот Методологијата ќе вклучува анализа на законската и подзаконската регулатива, институционалната поставеност и на функционирањето на двата регулатора Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) имајќи ги предвид спецификите на двата регулатора. Истовремено, редовно ќе се следат одлуките, решенијата, извештаите, записниците од состаноците на телата на регулаторите и другите документи на овие регулаторни тела. На пример, во рамки на набљудувањето, редовно ќе се следат и анализираат основните документи на АВМУ и активностите што произлегуваат од нив: - програмата за работа; - промените во законските решенија и подзаконските акти на Агенцијата; - стратегијата за развој на радиодифузната дејност во Акцискиот план; - анализи (анализи на пазар, правни анализи, анализи од технички аспект); - надзорот и изречените мерки; - годишните извештаи за работа; - извештаите од надзорот на медиумите; - финансискиот план и буџет; - ревизорските извештаи; - годишниот план за јавни набавки; - работата и одлуките на Привремената комисија за следење на медиумското претставување; - други релевантни документи, одлуки и постапки. Во однос на АЕК, ќе се следат и анализираат следниве основни документи и активности поврзани со нив: - годишната програма за работа; - годишните извештаи за работата; - одлуките и решенијата што ќе ги донесува АЕК, а ќе бидат значајни за мониторингот; - ревизорските извештаи; - извештаите од испитувањата на јавното мислење; - податоците за пазарот на електронски комуникации; 3

Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите 4 - регистри, планови, формулари и јавни расправи; - постапката за издавање одобренија за користење радиофреквенции; - продолжувањето на одобрение; - преносот на одобрение; - измената на одобрение; - отповикувањето на одобрение; - надоместокот за користење радиофреквенции; - недоделените радиофреквенции за обезбедување јавни електронски комуникациски мрежи/услуги; - радиоопремата; - контролата и мониторингот - обезбедувањето безбедност и интегритет на мрежите и услугите; - други релевантни документи, одлуки и постапување. Исто така, редовно ќе се спроведува преглед на состојбите, анализите, извештаите и другите документите (домашни и меѓународни) што имаат значење за областа: Извештајот на ЕК за Македонија; Стратегијата за проширување, Итните реформски приоритети; Извештајот и препораките на Европската комисијата кои потекнуваат од Извештајот на Прибе; националните стратешки документи; како и други документи и извештаи што содржат релевантни информации за работата и функционирањето на двете регулаторни тела. Покрај редовниот мониторинг на документите што произлегуваат од работата на регулаторот, ќе се применува и алатката слободен пристап до информациите од јавен карактер, за документи и прашања што не се објавени на интернет-страниците на регулаторите, а се од интерес за јавноста. Работата на регулаторите ќе се следи и преку присуството на нивните јавни состаноци и отворени седници. За потребите на подготовката на мониторингот, изготвена е мониторинг матрица која е поделена во четири категории и се однесува на работата на двата регулатора што се предмет на анализа. Овој прашалник ќе се користи при спроведување интервјуа со три до пет експерти, аналитичари или познавачи од областа на работата на АВМУ и три до пет експерти, аналитичари и/или познавачи од областа на работата на АЕК, и тоа, за потребите на секој од кварталните извештаи, како и за потребите на финалниот извештај. Дополнително, истиот прашалник ќе биде пополнуван и од оценувачки тим кој ќе се состои од четири члена, односно, по еден од секоја од четирите партнерски организации кои го имплементираат овој проект. Членовите на оценувачкиот тим се стручни во сферата на аудиовизуелните услуги, ја следат работата на регулаторните тела и применуваат слични методологии за истражување. Прашалникот ќе биде испратен и до двете агенции кои се предмет на мониторинг, со цел да им се даде можност на регулаторите сами да ја оценат својата работа. За потребите на мониторингот ќе бидат организирани и фокус групи со претставници од медиумите, експерти од областа на медиумите и со други познавачи на работата на АВМУ и АЕК, а ќе се реализираат и низа интервјуа со претставници на регулаторните тела, медиумите и со други засегнати Истовремено, ќе се следи и анализира присуството на двата регулатора во медиумите, како и начинот на кој медиумите информираат за нивната работата. Информациите ќе се внесуваат во табела, која ќе биде унифицирана за сите пет квартални извештаи, како и за финалниот

извештај. Предвидено е најактуелните и најважните информации што ќе произлезат од мониторингот да се прикажат во форма на инфографикон, со цел да бидат поразбирливо и попрегледно прикажани и споделени до општата и стручната јавност. Врз основа на добиените резултати и информации, ќе се предлагаат и определени препораки кои ќе се однесуваат на подобрувањето на работата и функционирањето на АВМУ и АЕК. Резултатите од секој извештај ќе бидат претставени на јавен настан, на кој ќе бидат поканети претставници од двата регулатора, од медиумите, од граѓанскиот сектор, како и експерти и други релевантни актери и фактори во сферата на медиумите. Методологија за мониторинг матрица Мониторинг матрицата за следење на работата на АВМУ и АЕК е структурирана во следните групи: 1. Транспарентност и отчетност; 2. Ефективност и независност; 3. Перформанси и извршување; 4. Јавен интерес. за откривање на потенцијалните ризици од надворешни влијанија во зависност од тежината на информациите. Оценката за de facto состојбата содржи, од една страна, корелација на индикаторите за усогласеност и, од друга страна, забележливи ефекти или појави кои би можеле да укажуваат на постоење надворешно влијание или de facto ризик од надворешно влијание. Затоа, графичката визуелизација на состојбата не треба да се гледа само како одраз на моменталната ситуација, туку, како посочување на ризиците врз работата на регулаторното тело. Графичката визуелизација се користи само како приказ на одговорите во однос на секој индикатор. Некои од индикаторите бараат субјективен суд на оценувачот, а со тоа, и самите резултати ја одразуваат личната оценка на испитаниците. Мониторинг матрица за работата на АВМУ и АЕК Матрицата треба да се толкува така што одделно ќе се оценуваат формалниот и de facto аспектот во однос на периодот на мониторинг. Разликата меѓу формалните и de facto индикаторите произлегува од тоа колку работата на регулаторите суштински влијае во подобрувањето на работата и зголемувањето на независноста кај регулаторните тела. Клучните карактеристики и анализи што ќе бидат нотирани во периодот на мониторинг служат 5

Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите Мониторинг матрица ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ Коментар Формални аспекти Коментар / аргументи De facto аспекти Коментар / аргументи 6 Одредбите дадени со закон, правилата, процедурите, како и другите внатрешни документи на регулаторот овозможуваат транспарентност и отчетност. Документите што произлегуваат од регулаторот се целосно и трајно достапни за јавноста. Регулаторот изготвува и објавува годишни програми, планови за работа и годишни извештаи и дава отчет пред надлежните институции. Постојат јасни методи за навремена и непарцијална дистрибуција на информациите. Работата на регулаторот овозможува отворен процес на креирање политики. Транспарентноста и отчетноста се карактеристика на работењето на регулаторот. Формите на дистрибуција на информациите се целосни, соодветни, лесно достапни, расположливи и даваат реална слика за рабoтата на регулаторот. Годишните програми, планови и извештаи се навремено подготвени, доставени до надлежните институции и објавени, а истовремено се квалитетни, разбирливи, детални и лесно достапни. Информациите на регулаторот навремено и непарцијално се дистрибуираат до јавноста и до засегнатите Со работата на регулаторот се овозможени процеси на креирање политики.

Пристап АВМУ - Анализа и следење на спроведувањето на правилата и процедурите за транспарентност содржани во Законот, Деловникот, Кодексот на однесување и др. - Редовно следење на интернет-страницата на ААВМУ и објавувањето документи, одлуки и други информации поврзани со работата на Агенцијата (достапност, видливост, навременост и др.). - Анализа на објавените документи (одлуки, анализи, извештаи, планови, програми, ревизии и др.) од делокругот на АВМУ. - Анализа на алатките и каналите за комуникација со јавноста и со засегнатите страни, како и на содржината на дистрибуираните информации. - Набљудување и анализа на присуството во медиумите (квалитативно и квантитативно) на АВМУ. - Редовно следење на јавните состаноци на АВМУ и други јавни настани (дебати,промоции, презентации и др.) организирани од АВМУ. - Редовно следење на седниците на Советот и нивната јавност. - Набљудување и анализа на процесот на јавни расправи и консултации спроведени од страна на АВМУ. - Следење на седниците на Собранието на кои се разгледуваат годишните извештаи и планови на АВМУ. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АВМУ, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Пристап АЕК - Анализа и следење на спроведувањето на правилата и процедурите за транспарентност содржани во Законот, Деловникот и др. - Редовно следење на интернет-страницата на АЕК и објавувањето документи и други информации поврзани со работата на Агенцијата (достапност, видливост, навременост и др.). - Анализа на објавените документи (одлуки, анализи, решенија, извештаи, планови, програми, ревизии и др.) од делокругот на AEK. - Анализа на алатките и каналите за комуникација со јавноста и со засегнатите страни, како и на содржината на дистрибуираните информации. - Набљудување и анализа на присуството во медиумите (квалитативно и квантитативно) на АЕК. - Редовно следење на јавните состаноци на АЕК и други јавни настани (дебати,промоции, презентации и др.) организирани од АЕК. - Редовно следење на записниците од седниците на Комисијата и нивната достапност до јавноста. - Набљудување и анализа на процесот на јавни расправи и консултации спроведени од страна на АЕК. - Следење на седниците на Собранието на кои се разгледуваат годишните извештаи и планови на АЕК. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АЕК, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Мониторинг матрица за работата на АВМУ и АЕК 7

Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите ЕФEКТИВНОСТ И НЕЗАВИСНОСТ Коментар / аргумент Формални аспекти Коментар / аргумент De facto аспекти Коментар / аргумент Регулаторот е формално независен од законодавната и извршната власт и од други Регулаторот е фактички независен од законодавната и извршната власт и од други Политиките, стратегиите и одлуките на регулаторот соодветствуваат со потребите во секторот. Дејствувањето на регулаторот ја унапредува позицијата на неговите целни групи. Капацитетот на регулаторот овозможува да се исполнуваат неговите законски и подзаконски обврски. Постојат јасни критериуми за вработување и напредување. Спроведувањето на политиките, стратегиите и одлуките на регулаторот предизвикуваат реални промени во секторот. Дејствувањето на регулаторот предизвикува долгорочни позитивни влијанија кон соодветните целни групи. Ефективно се исполнуваат законските и подзаконските обврски на Агенцијата. Нема сомнежи дека вработувањето и напредувањето се поврзани со политички и бизнис влијанија. 8

Пристап АВМУ - Следење и анализа на спроведувањето и ефектите на политиките, стратегиите и одлуките на АВМУ од аспект на поттикнување на развојот на медиумската сфера, како и низ призмата на политичката независност и непристрасност. - Следење и анализа на назначувањето на членовите на органите и директорот на регулаторот, како и на вработувањата. - Следење и анализа на релациите АВМУ законодавна власт, АВМУ извршна власт, АВМУ други засегнати - Следење и анализа на исполнувањето на законските и подзаконските надлежности на АВМУ. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АВМУ, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Пристап АЕК - Следење и анализа на спроведувањето и ефектите на политиките, стратегиите, одлуките и решенијата на АEK, како и на нејзината политичка независност и непристрасност. - Следење и анализа на назначувањето на членовите на Комисијата и директорот на регулаторот, како и на вработувањата. - Следење и анализа на релациите АEK законодавна власт, АEK извршна власт, АEK други засегнати - Следење и анализа на исполнувањето на законските и подзаконските надлежности на АEK. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АEK, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Мониторинг матрица за работата на АВМУ и АЕК 9

Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите ПЕРФОРМАНСИ И ИЗВРШУВАЊЕ Коментар / аргумент Формални аспекти Коментар / аргумент De facto аспекти Коментар / аргумент Бројот и стручноста на вработените соодветствуваат со организациската поставеност и со внатрешниот акт за систематизација на работните места. Бројот на вработени и нивната стручност придонесуваат за успешна реализација на работните цели. Вработените во регулаторот имаат право и обврска на континуиран професионален развој и доусовршување. Регулаторот поседува адекватни финансиски ресурси. Вработените во регулаторот посетуваат обуки и други форми на специјализација. Работата на регулаторот се карактеризира со солидно финансиско управување. Регулаторот поседува јасни процедури за спречување судир на интереси. Регулаторот применува ефикасни процедури за спречување судир на интереси. Регулаторот е насочен кон унапредување на квалитетот на своето работење. Регулаторот постојано го унапредува квалитетот на своето работење. 10

Пристап АВМУ - Анализа на организациската поставеност и внатрешниот акт за систематизација на работните места. - Следење и анализа на примената на Кодексот за однесување на АВМУ. - Следење на финансиското планирање и работење на АВМУ. - Следење и анализа на бројот и видот на обуки и други форми на специјализација на вработените во АВМУ. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АВМУ, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Пристап АЕК - Анализа на организациската поставеност и внатрешниот акт за систематизација на работните места. - Следење на финансиското планирање и работење на АЕК. - Следење и анализа на бројот и видот на обуки и други форми на специјализација на вработените во AEK. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АЕК, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Мониторинг матрица за работата на АВМУ и АЕК 11

Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите ЈАВЕН ИНТЕРЕС Коментар / аргумент Формални аспекти Коментар / аргумент De facto аспекти Коментар / аргумент Регулаторот е во позиција да создава поволна средина 1 во својот сектор на дејствување. Регулаторот создава и ја унапредува поволната средина во својот сектор на дејствување. Ресурсите со кои располага регулаторот се насочени кон унапредување на јавниот интерес. Приоритетите и распределбата на ресурсите, кои ги одредува регулаторот во своето работење, му служат на јавниот интерес. Јавноста има увид во реализацијата на буџетот на регулаторот. Реализацијата на буџетот на Агенцијата e сосема оправдана од гледиште на јавниот интерес. 1 http://ec.europa. eu/enlargement/ pdf/press_corner/ elarg-guidelines-for-media-freedom-and-integrity_210214.pdf 12 Остварување на јавниот интерес што произлегува од законските надлежности на регулаторот. Постојат механизми за консултации и вклучување на засегнатите страни во креирањето на јавните политики. Регулаторот е проактивен и неселективен во остварувањето на јавниот интерес. Аргументираните предлози и мислења од консултациите се вклучуваат во креирањето на јавните политики.

Пристап АВМУ - Следење и анализа на распределбата на финансиските и човечките ресурси во насока на остварување на јавниот интерес. - Следење и анализа на заштитата и развојот на плурализмот во медиумските услуги и во медиумските содржини на АВМУ во: (1) обезбедувањето јавност во работата на радиодифузерите; (2) поттикнувањето на слободата на изразување; (3) заштитата и развојот на плурализмот на медиумските услуги; (4) плурализмот на мислења во медиумските содржини; (5) заштитата на малолетните лица; (6) заштитата на интересите на граѓаните; (7) утврдувањето постоење недозволена медиумска концентрација; (8) промените на сопственичката структура; (9) доделувањето, одземањето или продолжувањето на дозволите; (10) преземањето мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од други држави; (11) поттикнувањето медиумска писменост; (12) спроведувањето на истражувања и анализи во врска со аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. - Следење на консултативните процеси со засегнатите страни и анализа на вклучувањето на нивните предлози и мислења од страна на АВМУ. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АВМУ, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Пристап АЕК - Следење и анализа на распределбата на финансиските и човечките ресурси во насока на остварување на јавниот интерес. - Следење и анализа на проактивноста и неселективноста на АЕК во: (1) вршењето надзор и контрола и следењето на работата на операторите во согласност со ЗЕК и прописите; (2) утврдувањето релевантни пазари на производи и услуги и релевантни географски пазари; (3) определувањето оператори со значителна пазарна моќ, наметнувањето обврски во согласност со ЗЕК и следењето на нивното исполнување; (4) следењето на користењето на спектарот радиофреквенции во согласност со плановите; (5) планот за нумерација за електронски комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија, (6) обезбедувањето информации за корисниците, операторите и меѓународните организации и тела. - Следење на консултативните процеси со засегнатите страни и анализа на вклучувањето на нивните предлози и мислења од страна на АЕК. - Организирање фокус групи со претставници од засегнатите страни (најмалку една квартално). - Интервјуа со претставници на АЕК, експерти и со засегнати - Користење на пристапот до јавни информации. Мониторинг матрица за работата на АВМУ и АЕК 13

Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите Одлуки на регулаторните тела според законските надлежности Проектниот тим редовно ќе ја следи работата на регулаторите и ќе спроведува анализа на донесените одлуки во однос на законски поставените надлежности на двете регулаторни тела. Информациите ќе се добиваат преку следење на интернет-страниците на агенциите, но и со користење на алатката слободен пристап до информациите од јавен карактер. Дополнително, преку фокус групите, но и преку редовниот мониторинг, ќе се набљудува дали и колку имало потреба за дополнително дејствување на агенциите и дали се пречекорени законските обврски во врска со определена надлежност. Табела Анализа на одлуките според законските надлежности АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ Надлежност Прв квартал / Втор квартал / Трет квартал / Четврт квартал / Утврдува постоење недозволена медиумска концентрација. Промени на сопственичката структура. Доделување, продолжување или одземање на дозволите за телевизиско или радиоемитување. 14

Мониторинг матрица за работата на АВМУ и АЕК АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ Надлежност Прв квартал / Втор квартал / Трет квартал / Четврт квартал / Програмски надзор Административен надзор Стручен надзор Заштита на малолетни лица. Заштита и развој на плурализмот во аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и поддржува независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиуми. Поттикнува плурализам на мислења во медиумските содржини. Мерење на гледаноста или слушаноста на програмите, односно, програмските сервиси на радиодифузерите. Аудиовизуелна и комерцијална комуникација 15

Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите Надлежност Надзор и контрола на работењето на операторите. AГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ Прв квартал / Втор квартал / Трет квартал / Четврт квартал / Утврдување релевантни пазари на производи и услуги и релевантни географски пазари. Определување оператори со значителна пазарна моќ, наметнување обврски во согласност со ЗЕК и следење на нивното исполнување. Следење на користењето на спектарот на радиофреквенции во согласност со плановите (издавање одобренија за користење радиофреквенции, координација со соседни држави). План за нумерација за електронски комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија. Информации за корисниците, операторите и меѓународните организации и тела. 16