Упатство за користење на Електронско банкарство на Еуростандард Банка. (правни лица)

Similar documents
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Сектор за информатичка технологија

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

КОРИСНИЧКО УПАТСТВО ЗА ИНТЕРНЕТ БАНКАТА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

Структурно програмирање

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto Java PKI токен?

Март Opinion research & Communications

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Централна кооперативна банка АД Скопје

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Упатство за користење на програмот InfoSystem

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Упатство за корисникот

ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

Blu-ray диск/dvd систем на домашно кино. Започнете овде Здраво, ова е вашето упатство за брз почеток

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Прирачникот е издаден од Здружение на граѓани Отворете ги прозорците. Печатењето на овој прирачник е поддржано од Фондација е Македонија

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Содржина. Вовед. Заклучок

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Започнете овде Водич за брз почеток

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Дизајн и имплементација на модул за извештаи и администрација на СМС систем за паркирање

Упатство за корисникот S312. This is the Internet version of the User guide. Print only for private use.

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Упатство за употреба. Porto S (E570)

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

ISA SERVER - ПОЛИТИКИ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СООБРАЌАЈ ВО МРЕЖИ Јасминка Сукаровска Костадиновска, Доц Др.Сашо Гелев

ПРИРАЧНИК ЗА УПОТРЕБА

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

Упатство за корисникот

Упатство за корисникот

Универзална витрина за чување

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Започнете овде. Упатство за брзо инсталирање DCP-J4110DW DCP-J4110DW ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ ВАЖНО НАПОМЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

К Ј А Н И К О М П Е Н З А Ц И О Н Е Н П Л А Н Е В Р О П А

ВОДЕЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ВО УСЛОВИ НА ДЕФЕКТ

Упатство за корисникот

Безбедност на платниот систем со посебен осврт на платниот систем во Република Македонија

Упатство за корисникот

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

Преглед на државите во Западна Африка

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 7 9 октомври 2007 SCADA - КОМПОНЕНТА НА ДИСПЕЧЕРСКИ ТРЕНИНГ СИМУЛАТОР

Health South Eastern Sydney Local Health District

Упатство за корисникот

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

софтвер модифициран согласно потребите на помалите финансиски друштва. базиран на врвниот : Bank3000

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

РАЗВОЈ НА АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

WIZZ AIR HUNGARY LTD. ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ И БАГАЖ. Важи од 15 август 2017

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

Имплементација и користење на JDF

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

SERIES 3 40S306BF УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ. Ве молиме прочитајте го ова упатство пред да го инсталирате и употребувате вашиот уред.

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

Dear Parents/Guardians,

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Универзитет Св. Климент Охридски Битола Факултет за Информатички и Комуникациски Технологии. студиска програма

U 2008 Sony Corporation (1)

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

CASCADA Прирачник за инфозабавата

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

LCD Дигитален телевизор

Transcription:

Упатство за користење на Електронско банкарство на Еуростандард Банка (правни лица)

Содржина Вовед... 4 Краток опис на менито... 6 Платен Промет... 7 Избор на сметка... 7 Извод - денарски... 9 Преглед на трансакции... 10 Налог ПП30... 13 Налог ПП50... 18 Вчитување на налози... 21 Поништување налози... 23 Потпишување налози... 25 Измена на датум... 27 Девизен платен промет... 27 Извод - девизен... 27 Картица... 29 Приливи/Одливи... 30 Администрација... 30 Промена на лозинка... 30 Излез... 31 1

Индекс на слики Слика 1. Прозорец за најава... 4 Слика 2. Основен прозорец Избор на сметка... 5 Слика 3. Основно мени... 5 Слика 4. Разлики во изглед на мени за различни категории на корисници... 6 Слика 5. Избор на сметка... 7 Слика 6. Детали за дневен прилив на сметка... 8 Слика 7. Избор на извод за денарски промет... 10 Слика 8. Извод на денарска сметка... 10 Слика 9. Листи на избор за филтер полињата... 11 Слика 10. Преглед на трансакции... 11 Слика 11. Промена на датум валута на веќе внесен налог... 12 Слика 12. Детали на трансакција... 13 Слика 13. Налог ПП30... 14 Слика 14. Избор на сметка за уплата во налог ПП30... 15 Слика 15. Избор на шифра на плаќање во налог ПП30... 16 Слика 16. Известување за грешки во налог ПП30... 17 Слика 17. Известување за успешно запишан налог ПП30... 17 Слика 18. Вчитување на зачуван налог ПП30... 18 Слика 19. Налог ПП50... 19 Слика 20. Известување за грешки во налог ПП50... 20 Слика 21. Известување за успешно зачуван налог ПП50... 21 Слика 22. Вчитување на налози... 21 Слика 23. Избор на датотека за вчитување на налози... 22 Слика 24. Известување за неправилен формат на датотека за вчитување на налози... 22 Слика 25. Известување на грешка во конкретен ред од датотеката... 22 Слика 26. Порака за успешно вчитување на налози со датотека... 23 2

Слика 27. Известување при празна патека на датотека... 23 Слика 28. Поништување на трансакции... 24 Слика 29. Потпишување на трансакции... 25 Слика 30. Избор на сертификат... 26 Слика 31. Внес на ПИН код... 26 Слика 32. Групна промена датум на налози од Е-банкинг... 27 Слика 33. Избор на девизен извод... 28 Слика 34. Девизен извод... 28 Слика 35. Детален девизен извод по валута... 29 Слика 36. Девизна картица... 29 Слика 37. Избор на статус... 29 Слика 38. Избор на конто... 30 Слика 39. Девизни приливи/одливи... 30 Слика 40. Промена на лозинка... 31 3

Вовед Електронското банкарството на Еуростандард Банка се наоѓа на веб локацијата https://bank4you1.eurostandard.com.mk/. Пред да се најавите на сервисот, како што може да се забележи од сл. 1, за правилна работа со него, потребно е вашиот Интернет пребарувач да подржува јава скрипти (JavaScript 1.3), рамки (Frames Support) и можност да запишува колачиња (Cookies). Исто така, е дадено упатство за регионални нагодувања, што е потребно за добивање на добар формат на CSV датотека. На почетокот во прозорецот за најава ги внесувате Вашето корисничко име и лозинка. Слика 1. Прозорец за најава Напомена: Во понатамошните примери дадени со слика ќе биде избегната рамката на пребарувачот (во случајот Internet Explorer) и празниот простор, се цел да се даде фокус и подобар преглед на функционалноста што се опишува. Доколку три пати едноподруго ја згрешите Вашата лозинка, пристапот на страницата ќе биде оневозможен 10 минути. По коректното најавување се отвора прозорецот со Вашиот персонален Е-банкинг од Еуростандард Банка. Тоа значи дека имате преглед на услугите (опциите) кои ги користите од 4

Еуростандард Банка и кои сте се договориле со администраторот да ги гледате и користите преку Е-банкинг. Имено, на следната слика (сл. 2) е прикажан основниот прозорец, што се отвора по најавата на сервисот, со општ преглед на менито на опции од левата страна, чија содржина варира од, како што кажав погоре, услугите што ги користите од Банката и договорот за работа со истите преку Е-банкинг. Слика 2. Основен прозорец Избор на сметка Како што се гледа од сл.2 основниот прозорец е поделен на два главни дела. Одлево се наоѓа менито, а оддесно се наоѓа функционалноста која е одбрана од менито, во случајот тоа е Избор на сметка, кој прв се отвора при најавата на сервисот. На сл.3 е прикажано менито за правни лица со сите можности моментално достапни преку Е-банкинг. Слика 3. Основно мени 5

Сепак содржината на менито, поточно делот Платен Промет од менито, може да варира пред сè од тоа на која категорија на корисник припаѓате. Постојат 3 категории: - Прва категорија може само да вршите прегледи преку Е-банкинг; - Втора категорија може да вршите прегледи и активности како внесување електронски плаќања (налози) преку Е-банкинг; - Трета категорија може да вршите прегледи, плаќања и потпишување на налози преку Е-банкинг; Трета категорија Втора категорија Прва категорија Слика 4. Разлики во изглед на мени за различни категории на корисници Краток опис на менито Во овој краток опис на мени ќе го опишеме менито на корисник од Трета категорија, затоа што тоа ги опфаќа сите различни подменија од сите три категории на привилегии на корисници. Денарски платен промет Менија кои се однесуваат на работа во Денарскиот платниот промет. Избор на сметка преглед на сите Ваши сметки од Еуростандард Банка, за кои имате привилегии да ги гледате и да работите со истите преку Е-банкинг. Тука може да ја видите нивната состојба и да направите избор со која сакате да работите. Извод преглед на денарски извод за конкретни датуми за избраната сметка. Преглед на трансакции преглед на трансакции направени преку Е-банкинг и Платен Промет на Банката за избраната сметка. Налог ПП30 внесување на налог ПП30. Налог ПП50 внесување на налог ПП50. Вчитување на налози внесување на налози (ПП30 и ПП50) вчитани преку датотека. 6

Поништување на налози поништување на трансакции внесени со налозите ПП30 и ПП50 од Е-банкинг. Потпишување на налози потпишување на трансакции внесени со налозите ПП30 и ПП50 од Е-банкинг. Измена на датум поединечна или групна промена на датум на реализација на трансакции внесени преку Е-банкинг. Девизен платен промет Мени кое овозможува преглед на девизен платен промет на Вашата фирма во Банката. Извод преглед на девизен извод за конкретни датуми. Картица состојба по конто и валута на девизна сметка. Администрација Менија за општи можности на сервисот Е-банкинг. Промена на лозинка можност за измена на постоечката лозинка со која се најавувате на сервисот. Излез - излез од сервисот. Подолу ќе бидат детално објаснети сите можности од менито. Платен Промет Избор на сметка Подолу е даден преглед на основното мени Избор на сметка (сл. 5): Слика 5. Избор на сметка Одбирањето на сметките во прегледот (сл. 5) е со единечно притискање на редот на сметката што сакате да ја изберете. Во нашиот случај е одберена основната сметка. За секоја 7

сметка што моментално е селектирана може да се види нејзиното салдо, како и дневните трансакции со број и износ: датум; - приливи - број и износ на реализирани приливи на избраната сметка за тековен - одливи - број и износ на реализирани одливи од избраната сметка за тековен датум; - трансакции што чекаат на реализација број и износ на одливи од избраната сметка за тековен датум направени во некоја од експозитурите на Банката и/или преку Е-банкинг (потпишани, но сè уште непрефрлени во Банка во просек тоа е краток период од максимум 5 минути); - поништени број и износ на одливи од избраната сметка за тековен датум коишто се поништени од страна на Банката; - трансакции за идни денови - број и износ на одливи од избраната сметка за датум валута (датум на реализација) поголем од тековниот датум направени во некоја од експозитурите на Банката и/или преку Е-банкинг (потпишани, но ќе бидат префрлени во Банка кога датумот на валута на трансакциите ќе биде ист со тековниот датум); - трансакции вратени со грешка - број и износ на одливи од избраната сметка за тековен датум коишто се вратени од системите за порамнување (МИПС/КИБС) со некаква грешка за неисправност во податоците. Во горниот агол постои опција за печатење на моменталниот преглед ( ). На сл. 5 е даден пример на прилив за тековен датум на избраната сметка. Имено, во случаи каде што постои промена (вредност) во дневните трансакции, од десно се наоѓа линк (детали), со чие притискање се отвора преглед на трансакциите од дадената категорија (во случајот приливи), сл. 6. Слика 6. Детали за дневен прилив на сметка 8

Во прегледот се дадени сметка и назив на налогодавач (кај приливи)/налогопримач (кај одливи), цел на дознака, прилив, одлив, датум на реализација, образец, повик број на давач/повик број на примач, како и статус на трансакција. Слично на овој преглед, изгледаат и деталите на останатите прегледи во Дневните трансакции: Одливи, Трансакции што чекаат на реализација, Поништени трансакции, Трансакции за идни денови и Трансакции вратени со грешка. Разликата е во статусите, кои што можат да бидат од 6 типа: - Реализиран (во Одливи и Приливи); - Поништен - (во Поништени); - Вратен со грешка - (во Вратени со грешка); - Чека средства - (во Чекаат на реализација, Трансакции за идни денови); - Чека ден на реализација - (во Чекаат на реализација, Трансакции за идни денови) - Чека на реализација - (во Чекаат на реализација, Трансакции за идни денови); Од прегледот дадени се можности за печатење на прегледот и креирање на CSV (Comma Separated Values) датотека од податоците во прегледот -. За добивање на добар формат на CSV датотеката треба да се наместат нагодувањата на локалниот компјутер објаснети во Упатството за регионални подесувања дадено на страната за најава на сервисот. Гореспоменатото важи за сите сметки кои ги користите преку Е-банкинг. Извод - денарски Ова мени дава можност за преглед на Извод од денарски платен промет за избраната сметка (сл. 7). Притоа, датумот за кој сакате да го видите изводот за избраната сметка, се одбира од календар на кој е прикажан месецот одреден со полињата Година и Месец во левиот дел на прегледот кои може да ги менувате. Месеци за кои сте немале промет на сметката нема да се појават во листата на полињата Месец и Година. Датумите за кои постои извод за Вашата сметка, т.е. датуми во кои сте имале промет на избраната сметка, се дадени во затемнета боја и подвлечени во вид на линкови. 9

Слика 7. Избор на извод за денарски промет Со одбирањето на еден од подвлечените датуми, во нов прозорец се отвора Изводот за дадениот датум (сл. 8). Слика 8. Извод на денарска сметка Прегледот на изводот е сличен со тој што го добивате во Банка. Имено, во горниот дел стојат основните податоци за избраната сметка, под нив, десно податоците за Почетна состојба, вкупен Прилив и Одлив, и Крајна состојба за дадениот датум, и надолу се дадени податоци за реализираните трансакции за тој датум. Во тие податоци спаѓаат: Назив и седиште на налогодавач/налогопримач, Износ Задолжува и Износ Одобрува, Провизија, Цел на дознака, Повик на број Задолжување/Одобрување и Даночен број, како и Вкупен промет и Вкупен број налози од приливи и одливи. Изводот има опција за печатење ( ) во долниот лев дел. Преглед на трансакции На ова мени се отвора Преглед на трансакции направени преку Е-банкинг и Платниот Промет на Банката за одбраната сметка. Во прегледот, во горниот дел постои филтер заглавје во кое покрај датуми за преглед, како параметри за пребарување се дадени и кон/од сметка, кон/од назив на клиент, цел на дознака, образец, систем на внесување, тип и статус на трансакции. Полињата Образец, Внесени преку, Статус и Тип се одбираат од листи: 10

Образец Внесен преку Тип Статус Слика 9. Листи на избор за филтер полињата На сл. 10 е даден преглед за даден период и конкретна сметка кон/од која била извршена трансакцијата. Слика 10. Преглед на трансакции Покрај сметка и име на налогодавач/налогопримач, во прегледот од сликата, се дадени и цел на дознака, износ, датум на реализација, образец, повик број давач/повик број примач, како и статус на трансакцијата. Статусот може да еден од следните типови: - Нов налог - внесен налог од Е-банкинг. - Потпишан - потпишан налог внесен претходно преку Е-банкинг. - Делумно потпишан - потпишан налог внесен претходно преку Е-банкинг, а кој има повеќе од еден потписник. - Чека средства - - налог во Банка кој чека средства; - Чека ден на реализација - налог во Банка чиј датум на реализација поголем од тековниот; - Чека на реализација - -налог во Банка со одобрени средства; - Резервиран - налог во Банка чии средства се резервирани; - Реализиран - реализиран налог во Банка; - Поништен - поништен налог од страна на Банката. 11

- Вратен со грешка - вратен налог од страна на системите за порамнување (КИБС/МИПС) со некаква грешка за неисправност во податоците. За секоја трансакција од прегледот што е внесена преку Е-банкинг и која има статус на непотпишана трансакција, т.е. статус Нов налог, постои можност за измена на датумот на реализација на трансакцијата и тоа се прави на копчето Измени -. При притискање на ова копче се отвора соодветниот образец (ПП30 или ПП50) преку кој е внесена трансакцијата. Образецот кој се отвора автоматски е пополнет со вредностите на запомнетиот налог. Овие полиња се оневозможени (не можете да ги менувате податоците). Единствено, можете да го промените датумот на валута. Вредноста на датумот можете рачно да ја внесете или да ја одберете од календарот.при притискање на копчето Измени датум на валута, датумот се ажурира. Ако внесениот датум е помал од тековниот или е неработен ден, се појавува порака за грешка (сл. 11). Ако внесениот датум е валиден, се појавува порака дека налогот е успешно внесен. Исто така можете и да ја откажете промената. Тоа се прави со кликање на копчето Откажи. Слика 11. Промена на датум валута на веќе внесен налог Најдесно во прегледот од сл. 8 постои копче Детали,, кое се појавува кај трансакциите внесени преку Е-банкинг. Со притискање на ова копче се отвора детален преглед на избраната трансакција (сл. 12). Прегледот се отвора во ново прозорче во кое се појавува табела со сите детали за налогот. Во табелата се прикажуваат следниве податоци: број на налог, инструмент (ПП30 или ПП50), налогодавач, примач, повик на број налогодавач и повик на број примач, износ, цел на дознака, дата на валута, систем на порамнување (МИПС, КИБС, Интерна трансакција), шифра на плаќање и статус на трансакција која може да биде: 12

Непотпишана, Потпишана - чека трансфер во банка и Делумно потпишана - чека потпис од сите потписници. Истиот преглед има можност за печатење -. Налог ПП30 Слика 12. Детали на трансакција Со кликање на ова мени, се отвора образец ПП30 (сл. 13), каде со негово пополнување, може да внесат трансакции по електронски пат. Со коректно пополнување на полињата, запишувањето на налогот ќе биде успешно. 13

Слика 13. Налог ПП30 Полиња кои се веќе пополнети и кои не можете да ги промените се следниве: - Назив на налогодавач - пополнето со Вашиот Назив; - Сметка на налогодавач - сметката од која сакате да ја извршите трансакцијата и која сте ја селектирале од Избор на сметка; - Банка на налогодавач банката од која се извршува трансакцијата, ЕУРОСТАНДАРД БАНКА; - Датум на поднесување полето е дефинирано со тековниот датум Полиња кои треба Вие да ги пополните се следните: - Цел на дознака; - Повикување на број (за налогодавач); - Сметка на примач сметка на уплата кон која сакате да се изврши трансакцијата. Ова поле може да се пополни рачно или да се одбере некоја од сметките на кои претходно сте вршеле плаќање преку Е-банкинг со овој налог (ПП30), што се прави на линкот избери сметка и кој се наоѓа над полето Сметка примач (сл. 13). Со притискање на линкот Избери сметка, се отвора мал прозорец, со филтер Назив на сметка (сл. 14). Во ова поле можете да внесете назив на сметка. Со притискање на копчето Барај се филтрира листа со податоци според внесената вредност во филтер полето на тој начин што внесената вредност треба да се содржи во називот на сметката што ја барате (што значи не мора цел назив на сметка да се внесе). Ако не внесете вредност во полето, по притискање на копчето Барај се појавува листа со сите сметки на кои претходно сте 14

вршеле плаќање со ПП30 преку Е-банкинг. Со одбирање на редицата во која се наоѓа бараната сметка, прозорецот се затвора, а сметката автоматски се запишува во полето Сметка примач; Слика 14. Избор на сметка за уплата во налог ПП30 - Износ МКД- износ на трансакција; - Повикување на број (за примач); - Шифра шифрата на плаќање може директно да ја внесете или да ја изберете од листата што се отвора на копчето кое се наоѓа до самото поле (сл. 13). Со негово притискање се отвора ново прозорче (сл. 15), во кое можете да внесете вредности во филтрите Шифра и/или Опис, и по притискање на копчето Барај се појавува листа со податоци според внесените вредности во филтрите. Ако нема внесено вредности во нив, со притискање на копчето Барај, во листата се прикажуваат сите шифри на плаќање. Избирањето на шифрата се прави на тој начин што се одбира на редот во кој се наоѓа бараната шифра со единечно притискање на него. Откако ќе се одбере редот со бараната шифра, прозорецот се затвора, а во полето Шифра се внесува избраната шифра. 15

Слика 15. Избор на шифра на плаќање во налог ПП30 Полињата Назив на Примач и Банка на Примач динамички се пополнуваат со внесување на Сметка на Примачот. Полето Датум на валута е пополнето со тековен датум. Ако сакате трансакцијата да се изврши некој нареден ден, може да го промените овој датум со датум поголем од тековниот, кој, се разбира, не може да биде неработен ден. Внесување на датум на валута помал од тековниот е невалидно. Под налогот се прикажува Состојбата на сметката од која се врши трансакцијата. Со притискање на копчето Прифати, се врши валидација на внесените податоци. Ако податоците не се валидни, од десната страна на налогот со црвени букви се појавуваат пораки за грешка (сл. 16). 16

Слика 16. Известување за грешки во налог ПП30 Налогот е успешно запишан ако се внесени сите податоци и ако истите се валидни. Тогаш се отвора нова страна, која Ве известува дека налогот кој што сте го внеле е успешно зачуван. Доколку сакате, може да се зачува примерок од внесениот налог со внесување на име на налогот и со кликање на копчето Зачувај (сл. 17). Слика 17. Известување за успешно запишан налог ПП30 Ова Ви овозможува, при повторно отворање на налог ПП30, со притискање на копчето Вчитај зачуван налог, да одберете веќе зачуван налог (сл.13). Имено, при кликање на копчето Вчитај зачуван налог, се отвора мал прозорец со листа од сите налози кои сте ги зачувале (сл. 18). Налогот се одбира на таков начин што се селектира ред во кој тој се наоѓа. Откако ќе притиснете врз бараниот налог, прозорецот со зачувани налози се затвора, а полињата во образецот ПП30 автоматски се пополнуваат со вредностите од зачуваниот налог. Единствено поле што автоматски не се пополнува во овој случај е полето Износ МКД. 17

Слика 18. Вчитување на зачуван налог ПП30 Со кликање на копчето Откажи под налогот ПП30, се пребришуваат сите пополнети полиња, односно се враќаат во првобитната состојба, и можете одново да внесувате податоци. Налог ПП50 Со одбирање на ова мени, се отвора образец ПП50 за уплата на јавни давачки (сл. 19). Полиња кои се пополнети и не можете да ги менувате се следниве: - Назив на налогодавачот- полето е пополнето со Вашиот Назив; - Банка на налогодавач- ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ; - Сметка на налогодавачот- пополнето е со сметката која е избрана од менито Избор на сметка (сл. 5); - Даночен број или ЕМБГ- полето е пополнето со Вашиот даночен број; - Датум на уплата - полето е пополнето со тековниот датум; 18

Слика 19. Налог ПП50 Полиња кои треба да ги пополните и се задолжителни се следните: - Повикување на број задолжување; - Цел на дознака; - Сметка на примач - сметка на уплата кон која сакате да се изврши трансакцијата. Ова поле може да се пополни рачно или да се одбере некоја од сметките на кои претходно сте вршеле плаќање преку Е-банкинг со налог ПП50, што се прави на линкот избери сметка, што се наоѓа над полето Сметка примач (сл. 19). Со притискање на линкот Избери сметка, се отвора мал прозорец, со филтер Назив на сметка (слично на сл. 14 за ПП30). Во ова поле можете да внесе назив на сметка. Со притискање на копчето Барај се филтрира листа со податоци според внесената вредност во полето на тој начин што внесената вредност во филтерот треба да се содржи во називот на сметката што ја барате (што значи не мора цел назив на сметка да се внесе). Ако нема внесено вредност во полето, по притискање на копчето Барај се појавува листа со сите сметки на кои претходно сте вршеле плаќање со ПП50 преку Е-банкинг. Со одбирање на редот во кој се наоѓа бараната сметка, прозорецот се затвора, а сметката автоматски се запишува во полето Сметка примач; - Износ МКД- износ на трансакција; - Уплатна сметка; - Сметка на Буџетски корисник; - Приходна шифра и Програма; 19

Доколку внесете Уплатна сметка, полето Сметка на буџетски корисник е оневозможено за внесување, и обратно, доколку внесете Сметка на буџетски корисник, тогаш полето Уплатна сметка се оневозможува за внесување. Во полињата се внесува број во строго контролиран формат, според Упатството на Министерство за Финансии, што значи дека постои контрола на внесениот број. Полињата Назив на примачот и Банка на примачот автоматски се пополнуваат по внесувањето на сметка во полето Сметка примач. Полето Датум на валута е пополнето со тековен датум. Ако сакате трансакцијата да се изврши некој нареден ден, може да го промените овој датум со датум поголем од тековниот, кој, се разбира, не може да биде неработен ден. Внесување на датум на валута помал од тековниот е невалидно. Под налогот се прикажува Состојбата на сметката од која се врши трансакцијата. Со притискање на копчето Прифати, се врши валидација на внесените податоци. Ако податоците не се валидни, од десната страна на налогот со црвени букви се појавуваат пораки за грешка (сл. 20). Слика 20. Известување за грешки во налог ПП50 Налогот е успешно запишан ако се внесени сите податоци и ако истите се валидни. Тогаш се отвора нова страна, која Ве известува дали налогот кој што сте го внеле е успешно зачуван. Доколку сакате, може да се зачува примерок од внесениот налог, со внесување на име на налогот и со кликање на копчето Зачувај (сл. 21). 20

Слика 21. Известување за успешно зачуван налог ПП50 Ова Ви овозможува, при повторно отворање на налог ПП50, со притискање на копчето Вчитај зачуван налог, да одберете веќе зачуван налог. Имено, при кликање на копчето Вчитај зачуван налог, се отвора мал прозорец со листа од сите налози кои сте ги зачувале (слично на сл. 18 запп30). Налогот се одбира на таков начин што се селектира редот во кој тој се наоѓа. Откако ќе притиснете врз бараниот налог, прозорецот со зачувани налози се затвора, а полињата во образецот ПП50 автоматски се пополнуваат со вредностите од зачуваниот налог. Единствено поле што автоматски не се пополнува во овој случај е полето Износ МКД. Со кликање на копчето Откажи под налогот ПП50, се пребришуваат сите пополнети полиња, односно се враќаат во првобитната состојба, и можете одново да внесувате податоци. Вчитување на налози Ова мени дава можност за вчитување и запишување на повеќе налози одеднаш за избраната сметка (сл. 22). Вчитувањето е од датотека со претходно дефиниран формат. Слика 22. Вчитување на налози Со притискање на копчето Browse (Разгледај), на датотека за вчитување (сл. 23)., се отвора прозорец за избор 21

Слика 23. Избор на датотека за вчитување на налози Со одбирање на датотека, прозорецот за избор се затвора. Следен чекор за вчитување и зачувување на налозите од датотеката е копчето Вчитај датотеката е различен од бараниот, ќе се јави следната порака:. Доколку форматот на Слика 24. Известување за неправилен формат на датотека за вчитување на налози Доколку датотеката е во бараниот формат, на копчето вчитај се вчитува датотеката. Доколку постои некаква неправилност во податоците, ќе се појави грешка, која укажува во кој ред од датотеката се појавила грешката и во кој податок (сл. 25). Слика 25. Известување на грешка во конкретен ред од датотеката Во случај на точен формат на датотеката и правилност во податоците се јавува следната порака: 22

Слика 26. Порака за успешно вчитување на налози со датотека Вчитаните налози се запишани во системот и може да ги проверите во менијата: Преглед на трансакции (кој беше погоре објаснет), како и во Потпишување налози и Поништување налози, кои подолу ќе бидат објаснети. Во случај пред да одберете датотека, ако притиснете на копчето Вчитај тогаш ќе ја добиете следната порака: Поништување налози Слика 27. Известување при празна патека на датотека Со избирање на ова мени, се отвора листа со сите Ваши трансакции направени преку Е- банкинг и кои сè уште не сте ги потпишале за избраната сметка (сл. 28). Во прегледот може да го промените периодот за преглед на трансакциите, со промена на датумите во полињата кои се наоѓаат над листата. Во листата се прикажува Број, Сметка налогопримач и Назив налогопримач, Цел на дознака, Износ, Датум на реализација, Тип на образец, Повик на број давач/примач и Статус на трансакција. Статусот може да биде само од три типа: - Нов налог - внесен налог од Е-банкинг. - Делумно потпишан - потпишан налог внесен преку Е-банкинг, а кој има повеќе од еден потписник. - Поништен - поништен налог од Ваша страна преку Е-банкинг, пред да биде потпишан. Со оваа опција, можете да извршите промена на налог, да вршите преглед на детали за даден налог или да поништите налог (или повеќе налози одеднаш). 23

Слика 28. Поништување на трансакции Селектирањето на налози што сакате да ги поништите се прави со притискање на полињата за избор -, кои се наоѓаат на почетокот во листата. Доколку притиснете на полето за избор што се наоѓа во заглавието на листата, тогаш автоматски се селектираат сите налози од листата со статус Нов налог и Делумно потпишан. Со притискање на копчето Поништи во долниот лев агол на прегледот, налозите се поништуваат и се јавува порака за Успешно поништување на N налози. Во долниот дел на листата, под колоната Износ се прикажува вкупниот износ на внесените налози. Со селектирање на налози, во долниот десен дел на листата се прикажува износот на налозите што се селектирани. Ако се извршени повеќе трансакции во определен период, листата се дели на повеќе делови, односно трансакциите се прикажуваат на повеќе страни зависно од нивниот број. Бројот на страни се прикажува над и под самата листа. При пребарување или разгледување на налозите, можете да кликнете на бројот на страна или да кликнете на полето Прикажи ги сите. Ако кликне на ова поле листата се издолжува прикажувајќи ги сите налози за дадениот период на една страна. Налозите се подредени според датумот и времето на извршување (според последниот внесен датум). Доколку сакате да промените непотпишани налози тоа може да го направите со притискање на копчето Измени, кое е видливо само ако налогот е непотпишан, во спротивно, копчето не се појавува. При притискање на ова копче се отвора соодветниот образец (ПП30 или ПП50) преку кој е внесена трансакцијата. Образецот кој се отвора автоматски е пополнет со вредностите на запомнетиот налог. Овие полиња се оневозможени (не можете да ги менувате податоците). Единствено, можете да го промените датумот на валута. При притискање на копчето Измени датум на валута, датумот се ажурира. Ако внесениот датум е помал од тековниот, се појавува порака за грешка (исто како на сл. 11). Ако внесениот датум е валиден, се појавува порака дека налогот е успешно внесен. Исто така можете и да ја откажете промената. Тоа се прави со кликање на копчето Откажи. Со притискање на копчето Детали од листата можете да ги разгледате деталите за дадениот налог (слично како на сл. 12). При притискање на копчето, се отвора нов прозорец во кој се појавува табела со сите детали за налогот. Во табелата се прикажуваат следниве 24

податоци: број на налог, инструмент (ПП30 или ПП50), налогодавач, примач, повик на број налогодавач и повик на број примач, износ, цел на дознака, дата на валута, систем на порамнување (МИПС, КИБС, Интерна трансакција), шифра на плаќање и статус на трансакција која може да биде: Непотпишана, Поништена и Делумно потпишана - чека потпис од сите потписници. Ако сакате да го испечатите налогот, под табелата се наоѓа копче за печатење. Потпишување налози Со избор на ова мени се отвора листа со сите внесени налози преку Е-банкинг за избрана сметка (сл. 29). Тука може да вршите преглед, измени на трансакции внесени преку Е- банкинг и истите да ги потпишувате со Сертификат на USB токен кој Сте го добиле од валидна куќа за издавање на дигитални сертификати (КИБС, Телеком), по што тие се веќе целосни трансакции и нивен нареден чекор е префрлање во Банка. Ниту една трансакција што не е потпишана не може да се реализира во Банката. (За комплетно работење на компонентата за потпишување на налози, треба да се инсталира Java plug-in во Вашиот пребарувач, а на кој начин се прави инсталацијата, е објаснето на https://bank4you1.eurostandard.com.mk/doc/instalacija%20na%20java%20plug-in.pdf) Во листата која се појавува во овој прегледот за потпишување на налози, се прикажуваат следниве информации: број, сметка и назив, цел на дознака, износ, датум на извршување, образец (ПП30 или ПП50), повик на број давач/примач и статус на трансакцијата. Во долниот дел на листата, се прикажува тековната состојба на сметката од која се извршуваат трансакциите, а на десната страна се прикажува износот на налозите кои се селектирани за потпишување во полињата за избор -. Во колоната Статус, во најдесната потколона се наоѓа копчето Потпиши. Тоа се појавуава само кај налозите со датум на реализација еднаков или поголем од тековниот, како и истиот да е работен ден за соодветниот систем на порамнување (интерни- сите денови освен недела и државни празници; кон надвор од понеделник до петок, и работни саботи). Исто така, и износот на налогот мора да е заокружен износ, без децимални места. Слика 29. Потпишување на трансакции Со притискање на копчето Потпиши, се отвора следниот прозорец (сл 30). 25

Слика 30. Избор на сертификат Со одбирање на соодветниот сертификат од листата во опцијата Избери од токен, и притискање на копчето Потпиши, се отвора прозорец за внес на ПИН на сертификатот (сл. 31). Слика 31. Внес на ПИН код ПИН-от го внесувате во полето и притискате на ОК копчето, со што дигитално е потпишан налогот што го гледате на екранот. Наредните потпишувања на налозите во истата сесија нема да бараат повторно избирање на сертификат од листата на сертификати и внесување на ПИНот на сертификатот. Полињата за избор - по потпишувањето на налогот се овозможени и може да ги отчекирате ако не сакате некој од налозите во листата на потпишани налози да биде валидиран и да биде пренесен во Банка на реализација. Нареден чекор е одбирање на копчето Потврди од сл. 29. Во тој момент се врши валидација на дигитално потпишаните трансакции. Ако валидацијата е во ред, налозите се пренесуваат во Банка на реализација и пораката што ја јавува сервисот е : Успешно се потпишани N налози. Во спортивно следи пораката: Успешно се потпишани M од N. Доколку сакате да потпишете налог внесен со датум помал од тековниот, тоа може да го сторите со промена на датумот на валута со датум еднаков или поголем од тековниот. Промената на датумот може да ја направи со притискање на копчето Измени, при што се 26

отвора страна со образецот со кој е зачуван налогот (исто како на сл. 11). Единствено што можете во ова страница, е да го промените датумот во полето Датум на валута, сите други полиња се оневозможени за промена. Откако ќе изберете датум, со притискање на копчето Измени датум на валута, промената се ажурира. Ако внесениот датум не е валиден од десната страна на образецот се појавува порака за грешка. Во спротивно, се отвора нова страна со порака: Налогот е успешно изменет. Со оваа промена, се појавува копчето Потпиши, и налогот може да се потпише. Доколку не сакате да внесете промена во овој налог, може да излезете од налогот со притискање на копчето Откажи. Во претпоследната потколона од листата (сл. 29) за секој налог се наоѓа копче Детали, каде со негово притискање, можете да вршите преглед на деталите за налогот (слично како на сл. 12). Деталите се следните: број, инструмент (ПП30 или ПП50), налогодавач, примач, повик на број- налогодавач, повик на број- примач, износ, цел на дознака, дата на валута, порамнување, шифра на плаќање и статус на трансакцијата. Ако сакате да го испечатите налогот, под табелата се наоѓа копче за печатење -. Измена на датум Ова мени овозможува избор на налози што сте ги направиле преку Е-банкинг и се со минат датум на реализација а кои се сè уште непотпишани, и истите да ги промените со датум на реализација тековен. Во листата (сл. 32) се прикажуваат само налозите со статус Делумно потпишан или Непотпишан. Слика 32. Групна промена датум на налози од Е-банкинг Селектирање на налозите се прави со притискање на полињата за избор на почетокот од листата -, одбирате кои налози сакате да ги поставите на тековен датум и со притискање на копчето Постави на денешен датум, во долниот дел од прегледот, промената се извршува. Девизен платен промет Извод - девизен Ова мени овозможува преглед на Вашите изводи од Девизниот платен промет (сл. 33). Притоа, датумот за кој сакате да добиете Девизен извод, се одбира од календар на кој е прикажан месецот одреден во левиот дел на прегледот во полињата Година и Месец кои 27

можете да ги менувате. Месеци за кои сте немале девизен промет нема да се појават во листата на полињата Месец и Година. Датумите во календарот за кои имате девизен извод се дадени во затемнета боја и подвлечени во вид на линкови. Слика 33. Избор на девизен извод Со избирање на датум од календарот за кој имате девизен извод, се отвора следниот преглед: Слика 34. Девизен извод Како што се гледа од сл. 34 Изводот се состои од две табели, од кои во првата е даден Изводот по валути, со податоци за Конто, Валута, Број на извод, Вкупен промет должи и Вкупен промет побарува, како и Состојба должи и Состојба побарува за избраниот датум. Најдесно во редот, стои копчето Извод -, со чие притискање се отвора Извод за избраната валута (сл. 35) кој има можност за печатење. 28

Слика 35. Детален девизен извод по валута Во изводот по валута има податоци за Број на налог, Датум на книжење, Датум на валута, Износ во девизи (Должи и Побарува) и Денарска противвредност. Исто така, во долниот дел се дадени Вкупниот промет и Новата Состојба за избраниот датум. Во втората табела од сл. 34, се прикажани налозите вклучени во Девизниот извод (1450, 743, 746, интерен налог). Истите може да се печатат. Картица 36). Ова мени дава можност за преглед на состојба по конто и валута на девизна сметка (сл. Слика 36. Девизна картица Во листата од Картицата дадени се податоците за Конто, Конто назив, Валута, Почетна состојба, Должи, Побарува и Состојба. Во заглавието на прегледот даден е филтер кој содржи опсег на Датуми, Статус, Валута, и Конто. Датумите се внесуваат со рачно внесување или избор од календарчињата веднаш до полињата за датум -. Статусот може да се избира од следната листа на вредности: Слика 37. Избор на статус Слично на Статусот, и Валутата се одбира од листа на вредности. Контото може да се внесе рачно или да се избере од листа која се отвора на копчето (сл. 38). 29

Слика 38. Избор на конто Притоа, внесената вредност во филтрите треба да се содржи во шифрата на контото, односно називот на контото што го барате (што значи не мора цела шифра или назив на конто да се внесе). Приливи/Одливи Овој преглед (сл. 39) претставува скратен преглед од Картица на девизна сметка, каде се гледаат сите приливи и одливи од сметката направени со обрасци 1450 и 743. Слика 39. Девизни приливи/одливи Во горниот дел од прегледот има филтер кој има полиња за опсег на Датуми, Назив и Валута, што значи прегледот може да се филтрира по овие полиња. Во табелата со податоци за приливи/одливи се прикажуваат податоците за шифра на Налог, Датум, Назив, Опис, Валута, Одлив и Прилив во Валутата, Провизија од странска банка, Курс, Износ денари и Провизија од домашна банка во денари. Администрација Промена на лозинка Ова мени Ви овозможува промена на лозинката што ја користите за најава на сервисот (сл. 40). 30

Слика 40. Промена на лозинка Од сл. 40 се гледа дека за промена на лозинката треба да ја внесете Старата лозинка што сакате да ја смените и Новата лозинка која сакате понатаму да ја користите за најава на сервисот Е-банкинг. За избегнување на грешки при внесување на Новата лозинка, таа се внесува два пати. Притоа, неможно е да зачувате лозинка идентична со постоечката што ја користите. Со притискање на копчето Промени, новата лозинка ќе биде зачувана. Излез На ова мени се враќате на страницата за најава на сервисот (сл. 1). 31