ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Биланс на приходи и расходи

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ROLI I BASHKËSISË EVROPIANE GJATË KOHËS SË DISOLUCIONIT TË JUGOSLLAVISË УЛОГАТА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ДИСОЛУЦИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Разбирање на проширувањето

BRIEFS MACEDONIA B РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МЕЃУНАРОДНО-ПРАВНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА СЛОБОДАТА НА ВЕРОИСПОВЕД

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

политичка мисла political thought Надворешна политика и аспекти на меѓународната диломатија Foreign policy and aspects of international diplomacy

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет - Кочани

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

YEARS. 25 години од донесување на "Конвенцијата за правата на детето" Д-р Срѓан Керим OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Европската. значи да се биде европски граѓанин. автор: Милорад Петрески

РОДОВИТЕ ПРАШАЊА, СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО РАЗВОЈНАТА РАМКА ЗА ПЕРИОДОТ ПО 2015-ТА ГОДИНА

МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНТЕГРАЦИИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ЗНАЧЕЊЕ И ПРИМЕНА НА ХАШКАТА КОНВЕНЦИЈА ОД 1954 ГОДИНА. Историски контекст, значење и смисла на конвенцијата

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

Коисмение.Штозначиме.

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ АКАДЕМСКА ГОДИНА 2011/2012 ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА. Доц. д-р Љупчо Сотироски

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Четири Години од Добивањето на Кандидатскиот Статус:

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

Партнери во мир и превенција Регионална стабилност преку човекова безбедност

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Структурно програмирање

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

СОВРЕМЕНИ ДИПЛОМАТСКИ МЕТОДИ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

Модели на безбедна и стабилна интеграција сто години по Првата светска војна

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Клучни зборови: МИР, СТАБИЛНОСТ, ВОЈНА ОРГАНИ- ЗАЦИЈА, ВОЈНИК, КОНФЛИКТ, КРИЗНИ РЕГИОНИ, ГРАДЕЊЕ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Родово буџетирање.

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Прирачник за колективно договарање и решавање спорови во јавната служба ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЕКТОРСКИ АКТИВНОСТИ

НЕРАМНОМЕРНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ ВО ЕРА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

ПР објави во медиуми

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

КОРПОРАТИВЕН МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Г.Р.Державин - Свети Николе - Р.Македонија З Б О Р Н И К. на научни трудови

ФОНДАЦИЈА ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО - МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВЛАДА ДООЕЛ

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПРАВНИОТ ОДНОС МЕЃУ ГРАЃАНИНОТ И ДРЖАВАТА ВО ДЕМОКРАТСКО-ПРАВНАТА ДРЖАВА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

политичка мисла political thought 20 Години од донесувањето на Уставот на Република Македонија

ПРЕГЛЕД НА ПАТУВАЊА ВО 2017 ГОДИНА

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

УНИВЕРЗИТЕТ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ БИТОЛА

Transcription:

д-р Срѓан Керим 1 ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1 Авторот е Претседател на 62.заседание на Генералното собрание на ООН и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија 1

Поминаа две децении од зачленувањето на Република Македонија во Организацијата на Обединетите Нации. Тоа е доволно долг период што овозможува да се направи сеопфатен и продлабочен осврт врз историјатот на односите на Република Македонија со ООН. Со распаѓањето на СФРЈ се отвори историски неповторлива шанса за македонскиот народ за создавање на сопствена самостојна и независна држава. Тоа се случи преку референдумот одржан на 08.09.1991 година, кога граѓаните на Република Македонија ја донесоа историската одлука за создавање на Република Македонија како суверена и независна држава. Гледано од меѓународно-правен аспект, имајќи го притоа предвид извештајот на таканаречената Бадентерова комисија, процесот на осамостојување на Република Македонија ќе течеше без застој и проблеми. Ова дотолку повеќе што во препораката број 6 на Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија (позната како Бадентерова комисија) стоеше дека Европската Заедница треба да го прифати барањето на Република Македонија за меѓународно признавање, бидејќи таа ги исполнува неопходните гаранти за почитување на човековите права и меѓународниот мир и безбедност. Но, политичките притисоци базирани врз државните интереси на одредени земји, пред сé Грција, превагнаа над меѓународното право со сите импликации што произлегоа од тоа. Всушност распаѓањето на Југославија беше мошне комплициран процес, не само поради вооружените судири меѓу некои од поранешните југословенски републики, туку и поради различното толкување на сукцесијата и соодветно на тоа, конфликтот на интереси меѓу државите наследнички на СФРЈ. Формирањето на Сојузна Република Југославија меѓу другото беше мотивирано со цел да се има ексклузивен легитимитет за сукцесија на СФРЈ од страна на Србија и Црна Гора како членки на СРЈ, а останатите сукцесори да се третираат како сецесионисти и да го изгубат правото на сукцесија. Тоа беше една од клучните причини секоја од државите сукцесори на СФРЈ да мора да аплицира за членство во ООН. Гледано од аспект на меѓународното право, бидејќи СФРЈ се декомпонира на своите конститутивни елементи (види Устав на СФРЈ), логична импликација ќе беше да се наследи правото на членство на СФРЈ од 1945 година. Како што впрочем се наследија сите обврски на СФРЈ по основ на меѓународното право. Во овој контекст би сакал да ја цитирам одлуката на Второто заседание на АВНОЈ од 29.11.1943 г. со која: Југославија се изградува и ќе се изгради на федеративен принцип, кој ќе обезбеди целосна рамноправност на Србите, Хрватите, Словенците, Македонците и Црногорците, односно народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во контекст на прашањето за сукцесијата на поранешната СФРЈ, мора да се земат предвид одделните одредби од нејзиниот последен Устав од 1974 г., како во неговиот преамбуларен дел, така и во членовите 1 и 2, во согласност со кои се утврдува дека: Народите на Југославија поаѓајќи од правото на секој народ за самоопределување, вклучително и на правото на 2

отцепување... се обединија во сојузна република СФРЈ (извадок од преамбуларниот дел 2 ); СФРЈ е сојузна држава создадена како државна заедница на доброволно обединети народи и на нивните социјалистички републики (извадок од член 1 3 ) и дека СФРЈ ја сочинуваат... Социјалистичка Република Македонија... (извадок од член 2. Покрај СР Македонија наброени се и останатите републики со состав на Федерацијата 4 ). Последна шанса поцесот на распаѓање на Југославија да добие политичка разврска, а со самото тоа да се избегне крвопролевање беше конференцијата во Хаг во септември 1991 година под раководоство на Лорд Питер Карингтон. Неговиот предлог беше насочен кон раздружување на членките на тогашната југословенска федерација и по настапот на т.н. нулти час формирање на заедница од нованастанатите држави. Без да навлегувам во пошироки елабирации на ова прашање бидејќи тоа денес не е тема, ова решение ќе овозможеше сукцесија и во однос на меѓународните организации. Да се одеше по тој пат трасиран врз правото на сукцесија на СФРЈ, Република Македонија немаше да биде од самиот почеток конфронтирана со политички интонирани и мотивирани пречки од страна на Грција кои беа канализирани преку Еевропската Унија. Советот за безбедност на ООН, кој според Повелбата е клучниот орган на ОН кога се одлучува за прием на нови членки, беше ставен пред свршен чин да го прифати оспорувањето на уставното име на Република Македонија како пречка за членство во ООН, бидејќи заклучоците на Европската Унија обврзуваа две од постојаните членки на Советот за безбедност со право на вето да ја бранат и застапуваат позицијата на Грција, иако за тоа немаше ама баш никаков меѓународно-правен основ. Конечно, на 08 април 1993 година на предлог на Велика Британија, Франција и Шпанија извршен е прием на Република Македонија во членство на ООН со референцата Поранешна југословенска Република Македонија како 181 земја 2 Во продолжение на интегралниот текст на одредбата: Народите на Југославија поаѓајќи од правото на секој народ на самоопределување, вклучително и на правото на отцепување, врз основа на својата слободно изразена волја во заедничката борба на сите народи и народности во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција, а во согласност со своите историски стремежи, свесни дека натамошното зацврстување на нивното братство и единство е од заеднички нтерес, се обединија во сојузна република на слободни и рамноправни народи и народности и ја создадоа социјалистичката федеративна заедница на работните луѓе Социјалистичка федеративна Република Југославија. 3 Во продолжение на интегралниот текст на член 1: Социјалистичка Федеративна република Југославија е сојузна држава создадена како државна заедница на доброволно обединети народи и на нивните социјалистички републики, како и на социјалистичките автономни покраини ФВојводина и Косово, кои се во состав на Социјалистичка Република Србија, заснована врз власта и самоуправувањето на работничката класа и сите работни луѓе, и е социјалистичка самоуправна демократска заедница на работните луѓе и граѓани и на рамноправните народи и народности. 4 Во продолжение на интегралниот текст на член 2: Социјалистичка Федеративна Република Југославија ја сочинуваат Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, Социјалистичка Република Македонија, Социјалистичка Република Словенија, Социјалистичка Република Србија, како и Социјалистичка Автономна Покраина Војводина и Социјалистичка Автономна Покраина Косово (кои се во состав на Социјалистичка Република Србија), Социјалистичка Република Хрватска и Социјалистичка Република Црна Гора. 3

членка. Во таа прилика до ГС на ОН се обрати претседателот на Република Македонија Киро Глигоров и тоа за прв пат во историјата на ООН на македонски јазик. Всушност односите на Република Македонија со ООН започнуваат пред датумот на зачленувањето - 08.04.1993, со донесувањето на резолуциите 743 од 21.02.1992 и 795 од 11.12.1992 на Советот за Безбедност за воспоставување на првата мировна мисија на ОН под називот UNPROFOR (United Nations Protection Force) со цел зачувување на стабилноста и интегритетот на Република Македонија. Мандатот на оваа мировна мисија се продолжува со резолуцијата на Советот за безбедност 983 од 31.03.1995 позната како UNPREDEP (United Nations Preventive Deployment Force) со цел да набљудува и известува за развојот на настаните на граничните области на Република Македонија, кои би можеле да ги поткопаат довербата и стабилноста на државата и да и се заканат на нејзината територија. Се работи за мировни мисија на ОН, кои успешно ја извршуваат задачата за набљудување на границата, како и спречување на ширење на конфликтот на просторот на поранешна Југославија и незаконски проток на оружје. Во овој контекст е посебно важно да се напомене дека САД направија исклучок и пратија нивни воен контингент да биде вклучен во составот на сините шлемови на ОН. Сосем е извесно дека тоа нивно присуство имаше не само психолошки гледано, туку и военополитички клучно значење во спречувањето на какви било обиди за загрозување на северната граница и територијалниот интегритет на Република Македонија. Проблематичната и непримерна одлука за признавање на Тајван имаше фатални последици по судбината на оваа мисија бидејќи со употребата на правото на вето од страна на Народна Република Кина во Советот за безбедност во 1999 година мисијата беше повлечена. Тоа всушност беше втора недоволно промислена и погрешна одлука на македонската дипломатија односно надворешна политика на релација со ОН. Неуспешната кандидатура за непостојана членка на Советот за безбедност во 1997 г. беше првата, кога Македонија во конкуренција со Словенија загуби со 30 против 140 гласа за да ја претставува источноевропската група во СБ во мандатот 1998/2000 година. Сосема логично и очекувано дојде овој поразителен резултат бидејќи во тој период Република Македонија сеуште беше корисник на инструментите и политиката на кризен менаџмент на ОН, која се конципира и договара токму во рамки на Советот за безбедност. Наспрема овие погрешни надворешно политички потези базирани врз лоши дипломатски проценки во истиот период меѓу 1994 и 1999 година Македонија се појавува и во улога на конструктивен чинител и продуцент на мир и безбедност на Балканот односно во Југоисточна Европа во рамките на ОН. Имено во овој период Генералното Собрание од своето 48 заседание па 4

наваму на иницијатива и предлог на Република Македонија има усвоено повеќе резолуции посветени на развој на добрососедските односи на Балканот односно стабилност и развој на ЈИЕ се со цел одржување на меѓународниот мир и безбедност. Ова несомнено може да се смета за конкретен и значителен придонес на РМ кон афирмација на заложбите на ОН за зачувување на мирот и безбедноста во светски размери. Ова дотолку повеќе што резолуцијата за мир и безбедност во ЈИЕ во континуитет Генералното собрание ја усвојува до ден денес. Во овој контекст заслужува посебно да биде спомната и резолуцијата 1371 на Советот за безбедност од 26. септември 2001, во која меѓу другото се поддржува политиката на Република Македонија во развојот на мултиетничките односи, потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, како и обврската на СБ да се грижи за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија вклучувајќи ја осудата на употребата на сила за остварување на политички цели. Донесувањето на оваа резолуција има далекусежни импликации за статусот и улогата на РМ во ООН бидејќи на тој начин е избегнато Македонија да стане точка на дневен ред на Советот за безбедност поради конфликтот од 2001. Во периодот по 2001 година постепено расте улогата на Република Македонија како земја членка на ООН во повеќе насоки. Република Македонија настојува преку активности во областа на меѓународното финансирање и одржливиот развој не само да ја избегне опасноста да биде третирана и посматрана во ОН како корисник на нивниот кризен менаџмент, напротив да се афирмира како конструктивен чинител во системот на ОН преземајќи ја улогата на потпретседател на Конференцијата за меѓународно финансирање на развојот во Монтереј, Мексико во март 2002, како и потпретседател на Меѓународната конференција за одржлив развој во Јоханезбург септември 2002 г. Земајќи во предвид дека овие две прашања, имено меѓународното финансирање на развојот и одржливиот развој, спаѓаат во ред на врвните приоритети на ОН во првата декада на 21 век, може да се има целосна претстава за значењето на изборот на РМ за потпретседател на двете конференции во однос на афирмирање на нејзината улога и место во ООН. И во двата случаи се работи за средби на врвот во светски размери со цел да се намали јазот меѓу Северот и Југот, како и да се изградат мостови на соработка во областа на меѓународните финансии и одржливиот развој, што секако е релевантно и од гледна точка на македонските национални интереси. Ова дотолку повеќе што Република Македонија иако политички гледано му припаѓа на Северот, од друга страна е земја со економски и социјални карактеристики кои се поблиску на проблемите и интересите на Југот. Во Монтереј се донесени значајни одлуки од гледна точка на мобилизирањето и ефективната употреба на финансиски ресурси со цел постигнување на национални и меѓународни економски услови неопходни за остварување на меѓународно усогласените развојни цели, вклучувајќи ги тука и Миленумските развојни цели. 5

Во прашање е елиминирањето на сиромаштијата, подобрувањето на социјалните услови и порастот на животниот стандард, како и заштитата на животната средина. Самитот во Јоханезбург од своја страна резултираше со преземање обврски од страна на земјите членки на ООН за обезбедување на пристап до безбедна вода, соодветни животни услови, обновлииви извори на енергија, и се тоа во функција на овозможување на одржлив развој. Во овој контекст е значајно што овој висок форум на ОН ја афирмираше потребата за дијалог и партнерство на владите со невладините организации, организациите на жените и младината, како и на деловниот свет, синдикатите и науката. Република Македонија меѓу другото беше иницијатор и организатор на Регионалниот Форум Дијалог меѓу Цивилизациите во Охрид 2003 година под покровителство на претседателот Борис Трајковски. Покрај фактот што на форумот активно учество зедоа шефовите на државите на земјите од ЈИЕ неговото меѓународно значење се огледа во обврзувањето на земјите од регионот да ја поттикнуваат културата на дијалог, толеранција и мир врз база на взаемна соработка на народите и земјите од регионот. Во текот на овие две декади на членство на РМ во ООН беа извршувани и одредени инокосни функции во рамки на системот од страна на дипломати односно претставници од Република Македонија. Така на пример амбасадорот Иван Тошевски беше член, а извесно време и претседавач на Комисијата за човекови права во Женева. Амбасадорот Гоце Петрески беше претседавач на Вториот комитет за економски и финансиски прашања во текот на 50. Заседание на Генералното Собрание (1995/96 г.), како и претседател на Комитетот за трговија и развој на УНКТАТ (1997 г.). Во својство на постојан претставник на Република Македонија во ООН во периодот 2001/2003 година бев избран за потпретседател на конференциите во Монтереј и Јханесбург. Исто така од страна на претседателот на 56. заседание на ГС Хан Сенг Су од Јужна Кореа бев определен за олеснувач при разгледувањето на прашањето за ревитализација на Генералното Собрание со мандат 2001/2002. Без каква било двојба може да се каже дека до сега највисокото остварување на Република Македонија во меѓународни размери и на македонката дипломатија е изборот за Претседател за 62. заседание на ГС на ООН. Со едногласна одлука на ГС земјите членки на ОН на 24.05.2007 г. ме избраа за претседател на 62. заседание на ГС на ОН. Тоа беше исклучително значаен момент за македонската држава, дипломатија и мене лично со оглед на фактот дека се работи за највисоката функција во системот на ООН. Во тој контекст е значајно да се истакне дека изборот беше извршен врз база на еднодушна поддршка на источно европската група на која и припаѓа РМ заедно со уште 22 земји. Исто така од исклучително значење беше и тоа што петте постојани членки на Советот за безбедност (САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција) дадоа целосна поддршка на изборот на претставник од Република Македонија за претседател на ГС. Но најважно од се е што агендата и приоритетните прашања на 62. заседание предложени од наша страна наидоа на целосно одобрување и добија 6

безрезервна поддршка од земјите членки на ООН. Се работи за следните прашања: Реформата на ОН Климатските промени, Тероризмот, Милениумските развојни цели и Финансирањето на развојот. Во текот на 62. заседание климатските промени за прв пат влегоа во агендата на Генералното собрание на ООН со што беше скршен долгогодишниот отпор на моќните држави како Америка, Кина, Индија, Русија темата да се стави на дневен ред. На оваа тема беа одржани три важни дебати: за промовирање на нови партнерства, за улогата на приватниот сектор и за истакнување на специјалните потреби на најранливите, при што беше испратена силна порака дека е време за дејствување. И беше дадена потребната политичка поддршка за да се создаде поголема кохерентност во одговорот на системите на ОН за климатските промени. Шеесет и второто заседание на Генералното собрание имаше силен фокус врз развојот. Следствено на тоа ба одржани повеќе расправи за одржливиот развој низ призма на климатските промени, остварувањето на Милениумските развојни цели како и финансирањето на развојот. Беше направен и важен напредок на полето на реформата во менаџментот Важно е тоа што се овозможи за прв пат отворен, транспарентен и стратешки дијалог за она што треба да се направи за да се овозможи ОН да станат поефективни. Посебен квалитет во работењето на 62. Заседание на ГС му дадоа тематските расправи што за прв пат беа ставени на агендата на ГС. Освен климатските промени ГС за прв пат расправаше на теми како што се: 1. Прашањето за човековата безбедност 2. Трговијата со луѓе Во однос на прашањето за човековата безбедност тематската дебата што беше организирана заедно со принцот Ел-Хасан Бин Талал од Јордан беше надоворзување на заклучоците на Светскиот самит на шефовите на држави и влади во 2005 година. Взаемната поврзаност на безбедноста, развојот и човековите права се во сржта на човековата безбедност. Интеракцијата на овие три столба во системот и политиката на ООН беше утврдена како главен заклучок во дебатата од страна на земјите членки. При разгледувањето на прашањето за трговијата со луѓето во Генералното Собрание учествуваа и највисоки претставници на Обединетите Арапски Емирати како и актерката и филантроп Ешли Џад. Главна порака од оваа дебата беше дека трговијата со луѓе е злосторство против човештвото. Имајќи ја предвид природата на проблемот беше зклучено дека од императивно значење е секоја земја да се спротивстави на овој вид трговија и во таа смисла да се забрза спроведувањето на Конвенцијата против транснационлиот организиран криминал и нејзините протоколи за спречување, задушување и казнување на трговијата со луѓе. Една од новините воведени во ГС за време на неговото 62. Заседание секако е и вклучувањето на граѓанското општество, НВО, парламентарците, приватниот сектор, медиумите, познати личности од сверата на науката, културата и 7

уметноста. Славни личности во својство на филантропи, донатори и активни поддржувачи на ООН како сопственикот на CNN Тед Тарнер, сопственикот на Virgin Ричард Брансон, Џорџ Клуни, Дерил Хана, Ешли Џад, Анџелина Џоли меѓу другите, исто така помогнаа да се афирмираат клучните прашања од агендата на ООН во пошироката меѓународна јавност и медиумите. За да зајакне дијалогот и да се промовира меѓурелигиското и меѓукултурното разбирање и соработка за мир во текот на еден од најзабележителните моменти на 62. заседание, Негова Светост папата Бенедикт XVI, во своето обраќање во Генералното собрание, ги потврди овие принципи како основа на добросостојбата на луѓето. Прашањето за промената на составот на Советот за безбедност со цел создавање на пофлексибилен, подинамичен форум способен да дејствува со поголем меѓународен легитимитет и авторитет беше една од најважните точки на агендата. Едно од најзначајните постигнувања на 62. Заседание на ГС секако беше остварениот пробивот во врска со реформата на Советот за безбедност преку резолуција донесена на последниот ден на 62. заседание на ГС. По 15 годишна расправија, разлики и конфликти преку консензус беше постигната едногласна одлука да отпочнат преговори за реформа на СБ во Генералното собрание наместо разговорите водени на ниво на работната група како до тогаш. Непосредно по завршувањето на претседателството со ГС република Македонија беше исправена пред една исклучително важна задача во рамки на системот на ООН. Поради евидентно кршење на Времента спогодба склучена на (13.09.)1995 г. од страна на Република Грција, Република Македонија одлучи да покрене правна постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во ноември 2008 г. Непосреден повод за донесување на оваа одлука беше ветото што Република Грција го употреби на самитот на НАТО одржан во Букурешт во април 2008 г. со цел да го спречи зачленувањето на Македонија во Северноатланската алијанса. Таквата постапка на Грција беше спротивна на членот 11 на Времената спогодба со кој Грција се обврзува да не приговара на пријавата за членство или на членство на Македонија во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции во кои Грција е членка. При оценување на апликацијата на РМ пред Меѓународниот суд на правдата треба да се има предвид дека Времената спогодба претставува единствена и соодвтетна правна рамка за регулирање на меѓусебните односи меѓу двете земји. Второ дека Грција ја признава независноста и суверенитетот на РМ во рамките на нејзините меѓународно признати граници и трето дека времената спогодба е единствената спогодбена правна рамка прифатена од двете страни за продолжување на преговорите под покровителство на ГС на ОН согласно резолуцијата на СБ на ОН 845(1993) со цел постигнување на договор во однос на разликите наведени во параграфот 2 од резолуцијата 817 (1993) на СБ на ОН. 8

Согласно повелбата на ООН меѓународниот суд на правдата (МСП) е еден од нејзините главни органи. Тој е востановен како судски орган во чијашто надлежност спаѓа решавањето на спорови меѓу државите и давањето на советодавни мислења за правни прашања. Статутот на МСП е составен дел од Повелбата на ООН така што во него членуваат иопсофакто сите членки на Организацијата на Обединетите Нации. Во декември 2011 МСП донесе одлуки според кои: - Судот има јурисдикцијата да решава за случајот - Дека Грција ги прекршила своите обврски од член 11, пасус 1 од времената спогодба потпишана на 13 септември 1995 - Дека од Грција се очекува во иднина да не го прекршува меѓународното право - Дека се отфрлаат приговорите на Грција во врска со наводно мешање на судот во надлежноста на НАТО, како и кршењето на ВС од страна на РМ. После сé оправдано се поставува прашањето на импликациите на ваквата одлука на Хашкиот суд. Ќе се обидам тоа да го сумирам во неколку точки. Прво, самиот факт дека Република Македонија го доби спорот може да се оцени како значајна дипломатска победа. Второ, со оглед на тоа дека станува збор за еден од главните орган во системот на ООН таа одлука има референтен карактер во однос на другите главни органи во организацијата пред се СБ, ГС и Генералниот секретар. Трето, Генералниот секретар во текот на 2012 поттикнат од таквата одлука на судот лично се вклучи и ангажира во решавањето на спорот меѓу двете страни што е новина во однос на неговите двајца претходници, кои доследно го заобиклолуваа ова прашање. Четврто, и НАТО и ЕУ како регионални организации, кои тесно соработуваат со ООН не можат да ја игнорираат донесената пресува на МСП. Таквото нивно однесување се чувствува на дипломатски лан преку засилен притисок врз Грција вистински и сериозно да им се посвети на преговорите. Петто, и самата Грција без оглед на нејзиното упорно тврдење дека судот не е надлежен во овој случај имплицитно ја призна пресудата преку понудата на Меморндум за соработка меѓу двата соседа во октомври 2012, кој почива врз основните постулати на Времената спогодба и ја признава како таква. Се разбира не е реално да се очекува дека под влијание на одлуката, препораките односно мислењето на МСП Советот за безбедност ќе ги промени веќе заземените ставови по ова прашање сорджани во Резолуциите 817 и 845 од 1993. На тој начин се потврдува и во овој случај едно од непишаните правила во ООН за меѓусебно немешање на главните органи во нивните одлуки утврдени со Повелбата. Следејќи ја логиката на континуирано и забележливо ангажирање на РМ во главните органи и тела на ООН, Министерството на надворешни работи поднесе кандидатура за членство на РМ во Советот за човекови права за периодот 2014-2016. За две упразнети места во СЧП од источно европската група кандидатури имаат поднесено Македонија и Русија, така што со голема веројатност може да се очекува РМ да биде избрана во мандатниот период 2014-2016 во Советот за човекови права. 9

Во оваа прилика би било добро да се потсетиме дека СЧП беше формиран во 2006 во текот на 60-то заседание на ГС на ОН со Резолуција 61/251. Неговата основна функција се заштитата на човековите права односно реакција при масовни кршења на човековите права низ светот. СЧП има 47 членки од кои 6 се од Источноевропската група на која и припаѓа РМ. Секоја година се менуваат по две земји на тригодишен мандат и не се дозволени повеќе од два последователни мандата. Ако воопшто има смисла да се извлече некаков општ заклучок врз база на стекнатото дводецениско искуство, тогаш е сигурно дека не е возможно, а да не се констатира воочливата разлика меѓу првата деценија во текот на која Република Македонија се појавува повеќе како конзумент на кризниот менаџмент на ООН, додека во текот на втората деценија постепено и систематски се развива во конструктивен чинител со активен придонес кон инструментите и политиката на ООН придонесувајќи на тој начин кон афирмација на основните вредности содржани во Повелбата на ОН. Впрочем ООН се единствената меѓународна организација која со членство од 193 земји има право да претендира на универзален карактер. Денешнава тема е од таков карактер да не дозволува, човек се и да сака, да добие своја завршница. На овој момент укажувам не само поради очигледниот факт дека активностите на РМ во ООН ќе продолжат и во иднина со ист, а можеби и поголем интензитет, туку пред сé поради сложеноста на процесите што доминираат во создавањето на сликата на меѓународните односи денес. Едно е сигурно, дека инситуционализацијата на меѓународните односи во која ОН несомнено заземаат централна позиција не е само основна карактеристика на современите меѓународни односи туку тоа ќе остане и во иднина. Усогласувањето на разнородните и неретко спротивставени интереси на националните држави во рамки на меѓународните институции нема алтернатива. Тоа се гледа меѓудругото и преку размножувањето на формите на мултилатерализмот преку формирањето на алтернативни институционални рамки за меѓународна соработка, како што се: Г8, Г20, АПЕК и БРИКС. Впрочем историскиот испит и ООН и другите меѓународни организации досега успешно го положија бидејќи ја извршија својата основна мисија, а тоа е спречувањето на нови светски војни. Што се однесува до позицијата на РМ во ОН таа се вбројува во редот на т.н. мали земји, а такви во ООН сочинуваат преку половина од вкупното членство. Нејзините стратешки интереси налагаат не само поради геополитичката позиција, туку и фактот деке е како по територија така и по население мала земја, да ги поддржува и активно партиципира во меѓународните институции со цел нивно јакнење бидејќи на тој начин се врши позитивно влијание врз стабилноста, безбедноста и развојот на малите држави и народи што е основата на секоја надворешно политичка доктрина, па и на македонската. 10