Универзитет Св. Кирил и Методиј Економски факултет - Скопје. Докторска дисертација

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

ТЕХНОЛОГИЈАТА КАКО ФАКТОР НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НИЗ ПРАВЦИТЕ НА ЕКОНОМСКАТА ТЕОРИЈА

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Структурно програмирање

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

Биланс на приходи и расходи

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

KEY WORDS: knowledge, know-how, investment, entrepreneurship, productivity

Биланс на приходи и расходи

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ во СКОПЈЕ Економски факултет - Скопје САШО ЌОСЕВ АГРАРНА ПОЛИТИКА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Методи на финансиска анализа

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

1. Значење на менаџментот

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Вид на квалификација Финансиско-сметководствено-банкарска насока Степен Дипломиран економист

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ ИСТРАЖУВАЊА. Клучни зборови: истражување, проучување, видови истражувања

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

Oдржливост на дефицитот на тековната сметка и можноста за. криза на билансот на плаќање во РМ

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ЕКВИЛИБРИУМ. Издавач: Економски факултет - Прилеп. Економски факултет Прилеп ЕКВИЛИБРИУМ бр.11. Редакциски одбор

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

КАКО ДА СТАНАТ ВАЖНИ ДОКАЗИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊАТА

Современи науки и технологии. Магистер по компјутерски науки / Насока: Информациски системи

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

UNIVERZITETSKI BILTEN

СМЕТКОВОДСТВЕНО-УПРАВУВАЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ НА СТРАТЕГИСКИТЕ ТЕХНИКИ НА МЕНАЏЕРСКОТО СМЕТКОВОДСТВО. - докторска дисертација -

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент ШТИП. Весна Ефремова

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

НЕРАМНОМЕРНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ ВО ЕРА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ АКЦЕЛЕРАТОР НА СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ

Преглед на државите во Западна Африка

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Домашните наспроти странските директни инвестиции во Република Македонија: политики за поддршка и нивните ефекти

ИСИЕ.

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Штип. Слаџана Стефанова

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

Република Македонија Министерство за образование и наука

МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА ТЕМА:

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА четврто истражување

КРЕИРАЊЕ НА СТАНДАРДИЗИРАНА ЛОКАЛИЗИРАНА ЗБИРКА НА ОБЈЕКТИ ЗА УЧЕЊЕ ОД АСПЕКТ НА ИНТЕРОПЕРАБИЛНОСТ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

Елена К. Ангелевска-Скепароска МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД-ОСНОВА ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ЕФЕКТИ.

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

С О Д Р Ж И Н А CONTENTS

Безбедност и здравје на работа

Mотивација

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Утврдување на способноста на економските оператори

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

INTELLECTUAL PROPERTY

Бизнис центар за тренинг и обука. Bussines center for traning and education

Штип. Кристина Анчевска

Transcription:

Универзитет Св. Кирил и Методиј Економски факултет - Скопје Докторска дисертација Анализа на детерминантите на динамиката на македонската економија во контекст на институционалната економија и новата теорија на раст М-р Дарко Лазаров Ментор: Академик Гоце ПЕТРЕСКИ Скопје, 2014

ВОВЕД Докторската дисертација на тема Анализа на детерминантите на динамиката на македонската економија во контекст на институционалната економија и новата теорија на раст, претставува истражување со мултидимензионален карактер. Примарна цел во рамките на ова истражување ќе биде анализа на факторите кои го детерминираат економскиот раст, односно идентификување на факторите кои го ограничуваат растот на македонската економија. Докторската дисертација е систематизирана во следните делови: вовед, осум поглавја систематизирани во два дела, заклучни согледувања и користена литература. Во воведниот дел од трудот, со оглед на комплексноста и широчината на темата, ќе бидe елабориран предметот, целите на истражувањето и научната методологијата која ќе се користи во истражувачкиот процес. Првиот дел од докторската дисертација се однесува на елаборација на теоретскиот пристап на дијагноза и стратегија на растот. Пристапот на дијагноза на растот се базира на идејата дека може да постојат повеќе причини кои генерираат различен број симптоми. Тие симптоми можат да постанат основа за различни дијагнози во чии рамки аналитичарот се обидува да направи разлика помеѓу потенцијалните објаснувања за ограничувањата на економскиот раст. Компаративната анализа овозможува мерење на перформансите на одделни сегементи во економијата важни за економскиот раст и нивно компарирање со Евидентна е фундаменталната разлика помеѓу дијагнозата на раст и теоријата на раст. Предмет на дијагнозата на раст е конкретна земја, додека, предмет на теоријата на раст се генерални економски феномени во кои поединечните земји се третираат како примери. Економските научници и истражувачи го поставуваат прашањето: Дали некоја варијабла X влијае на стапката на економски раст на некоја земја избрана по случаен избор? Варијаблата X може да се однесува на стапката на инфлација, инвестиции во образование, буџетски дефицит и јавен долг или каматна стапка. За разлика од економските истражувачи, економскиот советник го постави прашањето за факторите кои го попречуваат економскиот раст на земјата. Двете прашање не се целосно неповрзани, но, сепак, според својата суштина се разликуваат помеѓу себе. Имено, причините за лошите економски перформанси на

земјата вообичаено се хетерогени и детерминирани од извесен број на комплексни интеракции помеѓу различни аспекти чие идентификување бара познавање на специфичните карактеристики својствени за конкретната земјата. Така, додека истражувачите го анализираат влијанието на факторите кои го детерминираат економскиот раст обидувајќи се на тој начин да ја генерализираат интеракцијата помеѓу нив и истата да ја постават на теоретска основа, не е јасно дали земјата која е предмет на анализа е целосно компарабилна, односно доволно репрезентативна. Ендогениот модел на раст базиран на нарушувања и ограничувања и HRV (Hausman, Rodrik и Velasco) моделот на раст претставуваат фундаментална теоретска основа за примена на пристапот на дијагноза на растот (идентификување и адресирање на факторите кои го ограничуваат економскиот раст) и дизајнирање на оперативна рамка за креирање на оптимална стратегија на раст која ќе биде насочена кон елиминирање на адресираните слабости и сегменти кои генерираат најголеми дисторзивни ефекти во процесот на акцелерирање на економскиот раст. Во тој контекст, елаборацијата на овој пристап базиран на HRV моделот на раст е во фокусот на нашето внимание во овој дел од истражувањето. Вториот дел има за цел практично имплементирање на пристапот на дијагноза на растот на македонската економија во насока на објективно идентификување и соодветно адресирање на факторите кои го ограничуваат растот на македонската економија, со цел креирање на оперативна рамка за дизајнирање и имплементирање на стратегија која ќе ги елиминира најдизстрзивните ограничувања кои го поречуваат економскиот раст. Класични техники кои ќе бидат користени во идентификување на ограничувачките фактори на растот се: сметководство на растот, економетрија на растот и меѓународна компаративна анализа. Сметководството на растот овозможува анализа на изворите на економскиот раст т.е. идентификување на анатомијата на растот. Примената на овој пристап може да биде од производствен, потрошувачки или секторски аспект. Оваа техника дава јасна слика за тоа кои производни фактори, елементи на агрегатната побарувачка и сектори имаат најголемо влијание и придонес во генерирање на економскиот раст. Економетријата на раст ги идентификува факторите кои го детерминираат економскиот раст. Оваа техника овозможува да се квантифицира степенот на влијание на одделните фактори кои го детерминираат економскиот раст. Додека, меѓународната компаративна анализа овозможува да се утврди состојбата во одделни сегменти на

економијата важни за економскиот раст и истите да се споредат со останатите земји, слични по основ на базичните економски показатели. Поттикнати од прилично лошите економски перформанси што Република Македонија ги бележи од нејзиното осамостојување до денес, базирајќи се на детална дијагноза на растот на македонската економија, предизвикот, а воедно примарната цел ќе биде креирање на научно базиран прирачник кој ќе им понуди квалитетна основа на креаторите на економски политики во процесот на креирање и имплементирање на политики кои ќе обезбедат динамичен и долгорочен економски раст во Република Македонија. Во таа насока, како работни хипотези на истражувањето се: Елаборација на теоретскиот пристап на дијагнозата на раст базиран на HRV моделот елаборација на реформските стратегии на економскиот раст, со посебен осврт на стратегијата на раст насочена кон елиминирање на најдистрозивните ограничувања. Дијагноза на растот претставува процес на идентификување на пречките кои го ограничуваат ефикасното реализирање на економските активности. Адекватното идентификување на конкретните условите, состојби и ограничување на една економија претставува значаен чекор кон успешно креирање и имплементирање на реформски стратегии и политики кои ќе го промовираат долгорочниот економски раст. Со други зборови, за да го препорачаме вистинскиот лек за болеста, претходно е потребно да ја поставиме вистинската дијагноза за истата. Како што претходно беше напоменато, овој пристап се обидува да понуди еден генерален одговор на прашањето: Што го ограничува економскиот раст? Одговорот на ова прашањето треба да се бара во најмалку три фактори: 1) Ниската стапка на принос на инвестициите (недостиг на квалитетни бизнис идеи и инвестициски проекти или недостиг на комплементарни фактори ниско ниво на човечки капитал, неквалитетна инфраструктура, ограничен иновациски капацитет, неповолна географска местоположба и сл.); 2) Неможноста и ограничувањата на економските субјекти во целост да уживаат во плодовите од успешно реализирање на сопствените бизнис активности и идеи. Таквата неповолна инвестициска клима може да биде резултат на микро ризици генерирани од неадекватен даночен систем, високо ниво на корупција и други институционални слабости, или пак, резултат на макро ризици генерирани од монетарна, фискална, финанскиска или

надворешна нестабилност; и 3) високата цена на капиталот (високи трошоци за финансирање на инвестициите) што може да биде резултат на лошата финансиска интермедијација или лошите меѓународни финансии. Со цел да биде понуди адекватен одговор, неопходно е да се пристапи кон систематска и студиозна анализа на ова прашање преку негово детално декомпонирање. Практично имплементирање на концептот на дијагноза и стратегија на растот во Република Македонија преку три базични научни техники: сметководство на раст, економетрија на раст и компаративна анализа. Примената на сметководството на раст како исклучително корисна техника во дијагнозата на растот ќе овозможи да се скенира анатомијата на македонската економија и да се идентификуваат изворите на економски раст во изминатиот период т.е. да се идентификува постоечкиот модел на кој се базира македонската економија. Таквиот пристап ќе овозможи да се анализара поединечниот придонес на одделните фактори на производтво, елементи на агрегатната побарувачка и секторите, во стапката на економски раст во Република Македонија. Економетријата на растот и компаративната анализа се базични техники во спроведување на дијагнозата на раст на конкретна економија. Економетријата на растот овозможува да се квантифицира интеракцијата помеѓу одделни фактори и економскиот раст, што овозможува да се анализира улогата и важноста на одделни фактори како детерминанти на економскиот раст. Компаративната анализа како техника на дијагноза на растот овозможува мерење на перформансите на одделни сегменти важни за економскиот раст и нивно компарирање се земји слични по својата структура. Во изработката на докторската дисертација настојувано е пристапот да биде современ, базиран врз нови научни сознанија и, се разбира, врз консултирање на современа и релевантна литература од областа. Фактот што развојната економија како дел од макроекономската наука претставува релативно млада научна дисциплина која во последниот период бележи динамичен напредок, ја потенцира важноста од користење на најновите теоретски и емпириски достигнувања во полето на новата теорија на раст и институционалната економија. Методолошкиот приод се темели на вообичаената квантитативна и квалитативна анализа. Квалитативната анализа опфаќа елаборација на теоретскиот пристап во третирањето на проблематиката која е предмет на истражување во рамките на докторската дисертација, а се однесува на дијагноза и стратегија на растот,

новата теорија на раст и институционалната економија. Наспроти теоретскиот пристап во истражувањето, квантитативната анализа се однесува на користење на економетриски модели и техники (панел регресија, метод на најмали квадранти, временски серии) со цел емпириско истражување на концептот на дијагноза на растот и анализа на факторите кои го детерминираат т.е ограничуваат економскиот раст. Во таа насока, за целите на квантитативната анализа ќе се користат податоци, движења и тенденции од повеќе извори како: World Bank, IMF, UNCTAD, UN, IDA, IFC, Macroeconomic outlook, World Pann Tablе, НБРМ, Национална статистика и дата бази од многу емпириски истражувања поврзани со самата проблематика. Научниот придонес што се очекува од овој докторски труд се состои од примена на нови пристапи, концепти и модели во теоријата на растот и нивно имплементирање на македонската економија. Примената на пристапот на дијагноза на растот содзава можност да се идентификуваат факторите кои го ограничуваат и забавуваат растот на македонската економија. Таквото адресирање и детектирање на причините за лошите економски перформанси на земјата, нуди еден објективен и научно базиран прирачник за креаторите на економските политики во Република Македонија во дизајнирање на оптимална стратегија која ќе го динамизира и промовира долгорочниот економски раст. Резултатите од примената на пристапот на дијагноза на растот на мекедонската економија укажуваат дека слабата извозната конкуретност и недоволниот институционален капацитет се најголеми ограничувања за растот на македонската економија во изминатиот период. Она што ја прави сликата многу покомплексна е фактот што сите овие сегменти имаат комплексни меѓусебни инерекации, па во тој контекст, идентификувањето на причините за слабата извозна конкуретност можеби треба да се бараат во ниската продуктивност и ограничениот иновациски капацитет, лошата финансиска интермедијација и неразвиениот пазар на капитал, неповолната состојба со инфраструктура или ниското ниво на човечки капитал (недостигот на квалификувана работна сила).