СЕКТОРСКА АНАЛИЗА: Анализа на политиките на институциите во процесот на прогласување на заштитени подрачја.

Similar documents
Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Март Opinion research & Communications

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Активности на МАКЕДОНСКО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО кои придонесуваат за земјоделство со голема природна вредност

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Стратегија за одржливо производство и искористување на КРР во Преспанскиот регион во Република Македонија

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

ВОДИЧ ЗА АГРО-ЕКОЛОШКИ МЕРКИ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Структурно програмирање

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

Извештај за работа на Македонското еколошко друштво за 2011 година

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Преглед на државите во Западна Африка

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Reform in water sector on central level

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

APPLICATION GUIDELINES

Министерство за здравство

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Policy Position Papers Од областа на Царина

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

КОНЦЕПТ: ОДРЖЛИВ ЛОГИСТИЧКИ МОДЕЛ НА СИСТЕМ ЗА СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА БИТОЛА 2

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

SË BASHKU PËR ARDHMËRINË E KOMUNËS ВКЛУЧИ СЕ NË FORUMET NË BASHKËSI ЗЕЛС ZELS INKUADROHU ВО ФОРУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Повик за поддршка на локални граѓански организации

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Национални механизми за поддршка на ОИЕ и ЕЕ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

Инвестиции во секторот отпад Прирачник за комуналните претпријатија за управување со отпадот во Југоисточна Европа

Број јануари 2015, среда година LXXI

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

ЗЕЛС ZELS ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС THE THIRD SESSION OF THE GENERAL ASSEMBLY OF ZELS WAS HELD

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

Системот на јавните набавки во Република Македонија

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

бр.02 декември АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЧЛЕНКИ НА МРР НА РМ 2. ELARD 3. АКТИВНОСТИ НА МРР НА РМ ВО ЈАВНИ ДОБРА

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

Transcription:

Проектот ИПА 2 Механизам за граѓанските организации e спроведуван од ЕВРОТИНК, Еко-свест, Реактор и Зенит. Овој проект е финансиран од Европската Унија, ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2014, грант број IPA / 2015 / 370-964, ИПА 2 Механизам за граѓанските организации (IPA2CSO). СЕКТОРСКА АНАЛИЗА: Анализа на политиките на институциите во процесот на прогласување на заштитени подрачја.

Изработиле: Методија Саздов, дипл.инж.жив.сред. Марија Алексова, дипл.маш.инж Март, 2017 СОДРЖИНА КРАТЕНКИ... 3 РЕЗИМЕ... 4 ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА... 5 МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА СО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА... 8 МЕТОДОЛОГИЈА... 11 АНАЛИЗА И НАОДИ... 12 ЗАКЛУЧОЦИ... 18 ПРЕПОРАКИ... 19 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА... 20

КРАТЕНКИ ЗП Заштитено подрачје ЗГ Здружение на граѓани GEF (ГЕФ) Глобален Еколошки Фонд UNDP (УНДП) Програма за развој на обединетите нации ЈП Јавно Претпријатие ЕУ Европска Унија НП Национален Парк EEC Европска Економска Заедница CITES Конвенција за меѓународна трговија на загрозени видови на флора и фауна) МЖСПП Министерство за животна средина и просторно планирање ОВЖС Оценка на влијание врз животната средина СОВЖС Стратегиска оценка на влијанието врз животната средина ГМО Генетски модифицирано организми CBD - Конвенцијата за биолошка разновидност PoWPA - Програмата за заштитени подрачја

РЕЗИМЕ Оваа секторска анализа е иницирана врз основа на генерална слика или моменталниот амбиент во Република Макеоднија по однос на заштита на природата и иницијативата за прогласување на заштитени подрачја. Генерален впечаток е дека постои (не)видлива бариера помеѓу заштитата на природата и економските интереси на индивидуалци и институции. Во однос на постоечката законската регулатива, може да се каже дека таа е одлична основа за понатамошен развој и унапредување на состојбата со природното наследство, но за спроведување на регулатива потребни се четири основни елементи, каде што всушност може да се каже дека постои застој: Човечки капацитети во одговорните институции кои имаат обврска да го иницираат и спроведат процесот на валоризација на вредностите на едно подрачје кое според неговите вредности вреди да биде заштитено или да подготват и спроведат план за управување на конкретното заштитено подрачје. Финансии кои се потребни за ангажирање на тематски експерти и спроведување на теренски истражувања при дефинирање на вредностите на едно заштитено подрачје, како и финансии за спроведување на Планот за управување со ЗП. Едукација на населението, за вредностите и можностите од ЗП и потенцијалите кои ги нуди за социо-економски локален развој или развој на екосистемски услуги. Спрегата помеѓу економски интерес и заштита, каде што воопшто не постои дијалог помеѓу двете страни и природните ресурси се гледаат единствено низ призмата на економско искористување, а не како одржливо користење на екосистемите и зачувување на дивите видови. Анализата ги опфаќа сите аспекти на проблемот, однесувањето и позициите на засегнатите страни, ги разгледува интересите на секоја страна и нуди предлози за надминување на актуелната состојба на инертност во однос на унапредување на состојбата со природните ресурси.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА Природните вредности на просторот на Република Македонија се идентификувани во педесетите години на минатиот век кога и започнува истражувањето, валоризирањето и прогласување на природните реткости. Во 1948 г., поради особените природни карактеристики, историското и научното значење на шумите и шумските предели, дел од планината Пелистер е прогласен за национален парк, во 1949 г., е прогласен Националниот парк Маврово, а во 1958 г. се прогласува планината Галичица за национален парк. До донесување на Законот за заштита на природа во 2004 година, заштитата на природата е регулирана согласно Законот за заштита на природните реткости (1973) и Законот за заштита на национални паркови (1980). Со Законот за заштита на природата ("Службен весник на РМ" бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16 и 63/16) се уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство, во заштитени подрачја и надвор од заштитени подрачја, како и заштитата на природни реткости. Како дел од заштитата на природата се применува и Законот за животна средина чија основна цел е утврдување и следење на состојбата на природата; зачувување и обновување на постојната биолошка и пределска разновидност во состојба на природна рамнотежа; воспоставување на мрежа на заштитени подрачја; одржливо користење на природно богатство и деградација на природните ресурси. Во Законот за заштита на природата се транспонирани одредбите од Директивата на ЕУ за зачувување на природните живеалишта и на дивата фауна и флора (92/43/EEC), Директивата на ЕУ за зачувување на дивите птици (2009/147/EC) како и Регулатива за заштита на видовите дива фауна и флора преку регулирање на нивната трговија (338/97 EEC). Република Македoнија ги има ратификувано меѓународните договори кои се однесуваа на заштитата на природата како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење за заштита на водните птици, Конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет и природните живеалишта во Европа, Конвенција за заштита на миграторни видови диви животни, Конвенција за заштита на светското културно и природно наследство, Конвенција за меѓународна трговија за загрозени диви животински и растителни видови, нивни делови и деривати (CITES) и др. кои се дел од правниот систем за заштита на природата. Во согласност со Законот за заштита на природата, локалните самоуправи имаат надлежности во делот на заштита и управување со природата. Во таа насока тие можат да даваат предлози за прогласување на заштитено подрачје и природна реткост. Исто така може да бидат назначени како субјекти за управување со заштитени подрачја и во тој случај имаат обврска да изготвуваaт планови за управување и годишни програми за заштита на природата. Во однос на управувањето на Националните паркови општината е директно вклучена преку свој претставник во Управниот одбор на националниот парк. Општините можат

да бидат вклучени во постапки за спроведување на ОВЖС и СОВЖС за различни проекти и активности, согласно Законот за животна средина и на тој начин да имаат учество во планирањето и заштитата на природното наследство. Закони од други сектори поврзани со заштита на природа Област Закони Агро - биолошка Закон за земјоделство и рурален развој (Службен весник на разновидност Република Македонија бр. 49/2010; 53/2011, 126/2012, 15/2013 и 69/2013) Закон за семе и саден материјал (Службен весник на Р Македонија бр. 55/11) Во Законот за сточарство (Службен весник на Република Македонија бр. 7/2008, 116/2010 и 23/2013) Закон за квалитет на земјоделските производи (Службен весник на Република Македонија бр.140/2010, 53/2011 и 55/2012) Користење на Закон за шумите (Службен весник на Република Македонија бр. природни 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13 и 43/13) ресурси Закон за ловството (Службен весник на Република Македонија бр. 26/09, 82/09, 136/11, 01/12, 69/13, 164/13 и 187/13) Закон за пасиштата (Службен весник на Република Македонија бр. 3/98, 101/2000, 89/2008, 105/2009, 42/10 и 164/2013) Закон за рибарство и аквакултура (Службен весник на Република Македонија бр. (7/08, 67/10, 47/11, 53/11 и 95/12) Закон за минералните суровини (Службен весник на Р Македонија бр.24/07, 88/08, 52/09, 6/10, 158/10, 53/11, 136/2012, 25/2013, 93/2013, 132/2013 и 44/2014) Закон за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр.16/11) Закон за органско земјоделско производство (Службен весник на Република Македонија бр. 146/2009) Намена на Закон за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на земјиште Република Македонија бр. 51/2005, 137/07,91/09, 124/10, 18/11, 53/11,144/12 и 55/13) Закон за градба (Службен весник на Република Македонија бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 13/12, 144/12, 25/13) Закон за градежно земјиште (Службен весник на Република Македонија бр. 17/11, 53/11, 144/12, 25/13) Закон за земјоделско земјиште (Службен весник на Република Македонија бр. 135/2007, 17/2008, 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013,164/2013 и 39/2014) Закон за концесии и други видови на јавно приватно партнерство (Службен весник на Република Македонија бр. 7/2008, 139/2008, 64/2009 и 52/2010) Закон за авто кампови (Службен весник на Република Македонија бр. 13/2013) Закон за туристичко развојни зони (Службен весник на Р Македонија бр.141/12)

Ген. Модофиц. Законот за генетски модифицирани организми (ГМО) (Службен Организми весник на Република Македонија бр. 35/2008) (ГМО) Безбедност на Закон за ветринарно здравство (Службен весник на Република храната и Македонија 113/2007, 23/2011 и 156/2011) заштита на Закон за заштита и благосостојба на животните (Службен весник на животни Република Македонија бр. 113/2007 и 136/2011) Закон за безбедност на храната (Службен весник на Р Македонија бр. 157/10)

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА СО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА Според Законот за природа, заштитените подрачја се категоризираат како: 1. Категорија I: I-a Строг природен резервати и I-б Подрачје на дивина; 2. Категорија II- Национален парк; 3. Категорија III- Споменик на природата; 4. Категорија IV- Парк на природата; 5. Категорија V- Заштитен предел 6. Категорија VI - Повеќенаменско подрачје. Во периодот од прогласувањето на првиот НП во 1948 до 1960 година, биле прогласени 11 природни реткости, кои зафаќале површина од 131.599 ха (или 5.11 % територијата на Р.Македонија). Во периодот од 1961-1998 за заштитени подрачја се прогласени дополнителни 58 објекти и со што вкупниот број на заштитени подрачја достигнува 69 со вкупна површина од 184.137 ха (или 7.15 % од територијата на Р.Македонија. Процесот на прогласување на заштитени подрачја продолжува по 1999 и до 2012 година дополнително се прогласени уште 12 заштитени подрачја. Мапа на заштитени подрачја и категорија (2014)

Број на заштитени подрачја и категорија (2014) Категорија на ЗП Број Површина (ха) % од територијата на РМ Строг природен резерват 2 7787 0.3 Национален парк 3 114870 4.50 Споменик на природата 67 78967,5 3,1 Парк на природата 12 3045 0,1 Заштитен предели 1 108 0,004 Повеќе наменско подрачје 1 25305 1.05 Вкупно 86 230083 9.00 Во 2010 спроведена е детална анализа на сите заштитени и предложени подрачја и како резултат на тоа предложена е репрезентативна национална мрежа на заштитени подрачја и предложени подрачја за заштита која ќе придонесе за поефикасно зачувување на видовите, живеалиштата и екосистемите од национално и глобално значење. Неколку подрачја во Република Македонија се имаат стекнато со меѓународен статус на заштита, а поголем број подрачја значајни за заштита на птиците, растенијата и пеперутките се иденитфикувани и назначени согласно меѓународните критериуми. Рамсарски подрачја Конвенцијата за водни живеалишта од меѓународно значење (Преспанско езеро 1995 и Дојранско Езеро 2007) Унеско подрачје Охрид-Преспа биосферен резерват Значајните растителни подрачја (ЗРП) претставуваат најзначајни места во светот за диверзитетот на диворастечките растенија Програмата за значајни подрачја за птици (ЗПП) има за цел да се обезбеди зачувување на подрачјата кои се значајни за заштита на глобално засегнати видови птици и видови кои се од европски интерес за зачувување, подрачја за птици преселници кои се собираат во голем број, подрачја за птици кои се карактеристични за мал регион и подрачја на кои можат да живеат групи на видови кои се карактеристични за одреден биом. Значајни подрачја за пеперутки се во почетна фаза на селекција, насочена кон целни видови кои се приоритетни за зачувување во регионот. НАТУРА 2000 - Првите чекори за заштита на природното наследство од гледна точка на Натура 2000 се започнати со проектот за Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000, а во рамките на проектот ќе се изготват нацрт-национални референтни листи на живеалишта и видови и ќе бидат идентификувани и предложени првите седум Натура 2000 подрачја. Информација за статусот на природното наследство во Република Македонија и потребата од воспоставување систем на ЗП со репрезентативна национална мрежа на заштитени подрачја, е доставена до Владата на Република Македонија во текот на 2013 година и истата е разгледана како материјал за информирање, но истата не се користи како основа во процесот на планирање и идно прогласување на заштитените подрачја.

Предложена репрезентативна национална мрежа на заштитени подрачја Во 2012 година е подготвено дополнување на Законот за заштита на природата, со кој се утврдува нов рок за спроведување на ревалоризацијата на заштитените подрачја, заштитени пред денот на отпочнување на примената на овој закон (2005), како и изготвување на нови акти за нивно прогласување. Како значајна се наметнува и потребата од утврдување на нови рокови за донесување на Листата на загрозени видови (црвена листа) и мерките за подобрување на состојбата на загрозените видови (црвена книга), како и рокот за донесувањето на Националната стратегија за заштита на природата. Причина за изменување и дополнување на законот е доусогласување на овој закон со законодавството на ЕУ, Директивата за живеалишта и Директивата за птици. Воедно, измени се вршат и заради усогласување на овој закон со Законот за туристичко развојни зони.

МЕТОДОЛОГИЈА Методологијата за подготовка на секторска Анализа за политиките за заштита на природата преку прогласување на заштитени подрачја, беше спроведена преку: Анализа на македонското законодавството: 1. Преку анализа на законите од аспект на зачувување на природата 2. Анализа на законите кои имаат директно влијание или значајни улоги врз зачувувањето и одржливото користење на биолошката разновидност Досегашно искуство: 1. Досегашното искуство во подготовката на документација за валоризација, прогласување на ЗП и подготовка на Планови за управување со ЗП 2. Предложен просторниот план во 2011 г. со вклучени предлог подрачја за заштита (природна вредност) 3. Учество на јавни расправи за прогласување на ЗП Комуникација и Истражување: 1. Размена и анализа на искуствата на ЗГ и институциите при прогласување на ЗП 2. Комуникација со МЖСПП, Сектор природа, во однос на искуство, планови и приоритети 3. Комуникација со засегнати страни кои иницирале прогласување на ЗП и го започнале процесот на заштита 4. Комуникација со институциите или индивидуите кои се директно засегнати од процесот за прогласување на едно подрачје за заштитено 5. Комуникација со експертските здруженија кои го идентификувале едно подрачје за важно согласно неговата природна или научна вредност 6. Анализа на искуство од локално население и нивното разбирање на придобивките 7. Анализа на Искуства и Преговори за прогласување на ЗП (граѓани, експерти и управувачи) Комуникацијата се одвиваше преку прашалници и полуструктуирани интервјуа, согласно целната група која ја претставуваат. Фокусот беше да се анализираат различни типови на постапки за прогласување на ЗП. (пр. Јасен, Матка, Смоларски водопад, Езерани и др.)

АНАЛИЗА И НАОДИ За потребите на оваа анализа беа обработени и анализирани иницијативи, институции/индивидуи кои се поврзани со процесот на прогласување на едно подрачје за ЗП. Дополнително беа разгледани сите добри практики за прогласување на едно ЗП, придобивките на локалното население од прогласување на ЗП, ставовите на луѓето кои живеат на микролокација на едно ЗП околу процесот на прогласување и нивната вклученост, како и несогласувања со планот за управување. Репрезентативност: За потребите на оваа анализа беа вклучени: - 6 институции поврзани со ЗП - 2 управители на ЗП - 5 граѓански организации кои се/биле вклучени во процесот на иницирање прогласување на ЗП - 42 жители во микрорегион на ЗП од најмалку 3(три) ЗП - 7 полуструктруирани интервјуа поврзни со процедурите за прогласување на ЗП или пак имале конфликт на интереси при прогласување на ЗП со цел анализирање на интересите на спротивставената страна Наоди од Анализа Анализата беше спроведена со цел да се утврдат недостатоците во процесот при прогласување на заштитените подрачја, кој биле засегнатите страни и учествувале во процесот на прогласување на заштитено подрачје или во подготовката на планот за управување. Дополнително се анализираат финансиските аспекти на заштитеното подрачје, неговата самоодржливост и човечките капацитети. Врз основа на анализата може да се идентификуваат 4 важни елементи кои се поврзани со процесот, а тоа се: човечките капацитети, финансиите, спрегата помеѓу интересот и заштитата и едукацијата на населението за важноста од прогласувањето и неговата инволвираност во процесот за прогласување и управување. Човечки капацитети Човекот е секогаш клучен фактор во сите процеси кои се одвиваат во неговата непосредна околина и неговото вклучување е неизбежно. Човечкиот фактор вклучен во процесот на прогласување на ЗП може да се набљудува од аспект на: Вклученост поради директна засегнатост на неговите добра Вклученост поради научно-истражувачки интерес Вклученост поради социо-економски интерес Вклученост поради инситуционален интерес Анализата покажува дека иницијативата за прогласување на едно заштитено подрачје во Македонија, најчесто произлегува врз основа на институционална одлука, како

резултат на иницијатива за (ре)валоризација на Заштитеното подрачје или врз научна основа и претходни истражувања на одредени научно истражувачки организации или институции. Во двата случаи, во процесот на (ре)валоризација на заштитеното подрачје се вклучуваат научно истражувачки институции со цел да се обезбедат научни факти за вредноста на самото подрачје и потребата тоа да биде заштитено. Иницијативата за прогласување на ЗП никогаш не произлегла од страна на граѓаните или од оние кои имаат економски интерес на територијата на заштитеното подрачје. Причината за оваа состојба произлегува од фактот што луѓето не ја познаваат процедурата за иницирање на постапка за Заштита на едно подрачје, не ја познаваат реалната вредност на едно заштитено подрачје и се плашат дека тоа може да биде во конфликт со нивните секојдневни работни активности. Како пример се дадени: Користењето и управувањето со приватни шуми Забрана за користење на територија за напасување и движење на стоката низ ЗП Забрана или контрола за собирање на шумски плодови и лековити растенија на територијата на ЗП Забрана за користење на водните ресурси во ЗП Засилена контрола врз дива сеча Забрана за граѓаните за вршење на одредени дејности во близина или во самите ЗП Иницијативата за прогласување на ЗП никогаш не произлегла ниту пак од страна на деловните субјекти или институции кои имаат економски интерес на територијата на предложеното заштитено подрачје. Причината што овие субјекти не го иницираат процесот на заштита е затоа што со тоа директно ќе влијаат со забрани и рестрикции врз сопствениот економски интерес. Во секој случај, потребно е директно вклучување на сите чинители и засегнати страни на територијата на едно предложено заштитено подрачје во подготовката на Планот за управување на ЗП, со цел разрешување или појаснување на сите нејасни работи и адаптирање на планот за управување во насока на намалување на влијанието врз природата на оние кои остваруваат економски интерес и нивно интегрирање во самото зонирање на заштитеното подрачје. Затоа е важно вклучување на сите чинители преку Совет на засегнати страни, чија функција е советодавна кон управителот на ЗП. Финансии Финансиите се еден од клучните елементи кои се потребни за прогласување на ЗП, поради потребата за вклучување на засегнати страни во јавни расправи, вклучување на експерти и спроведување на теренски истражувања за дефинирање на вредностите на едно заштитено подрачје, како и финансии за спроведување на тековното работење и спроведување на Планот за управување со ЗП. Според анализите, може да се потврди дека сите новопрогласени и репрогласени заштитени подрачја, нивната валоризација и подготовка на Планови за управување се финансирани исклучиво од проекти на меѓународни организации и институции со дополнитено домашно кофинансирање.

Од аспект на управување со заштитените подрачја, единствено националните паркови се самоодржливи, меѓутоа нивната самоодржливост и структурата на остварените приходи е резултат на консумптивно користење на биолошките ресурси, додека финансирањето од други извори на приход претставува мал процент. Спротивно на консумптивната самоодржливост на Националните паркови, како добар пример за неконсумптивна самоодржливост е примерот на Паркот на природа Езерани, кој што е управуван од страна на Општина Ресен. Во ЗП Езерани воопшто нема можност да се оствари одржливост преку продажба на дрвна биомаса и целото финансирање се спроведува врз основа на донации, екосистемски услуги, спонзорства, продажба на сувенири, општински буџет, научно истражувачки проекти и туристички активности. Средствата се користат директно во активностите за конзервација и управување и индиректно за поддршка на заштитеното подрачје. Согласно Законот за заштита на природата, на управителите на ЗП, дадена им е можност да бидат самоодржливи преку обезбедување на финансиски средства од: 1. Надоместок за влез и посета на национален парк; 2. Надоместок за паркирање во национален парк; 3. Надоместок за посета на посебни објекти во национален парк; 4. Надоместок за собирање на диви видови растенија, габи, животни и нивни делови и одржливо користење на природните ресурси (управување со шумските живеалишта и екосистеми во национални паркови и слично); 5. Надоместок за престој во национален парк; 6. Средства стекнати за вршење на активности во Зона за активно управување и Зона за одржливо користење; 7. Надоместок за вршење на дејност или активност во национален парк; 8. Надоместок за пловидба во национален парк; 9. Надоместок за употреба на лого на национален парк на производи и услуги за комерцијална употреба; 10. Надоместок од екосистемски услуги; 11. Буџетот на Република Македонија; 12. Буџети на единиците на локалната самоуправа на чие подрачје се наоѓа заштитеното подрачје и 13. Други извори (донации, грантови, кредити, обновливи кредити, подароци и друго). Колку едно заштитено подрачје ќе биде самоодржливо зависи од моделот на управување, управителот и перцепцијата на луѓето и туристите за заштитеното подрачје. Многу е едноставно кога ЗП може да ги покрие своите обврски со продажба на дрво, но тоа не е долгорочна стратегија која води до зачувување на ресурсите во заштитеното подрачје. Со долгогодишно искористување на природните ресурси, деградација на пејсажот, како и оптоварување на ЗП со инфраструктурни проекти, може да ги разочара или одврати посетителите и туристите кој се дојдени за да уживаат во природни вредности на самото место, а со самото тоа да се изгуби и вредноста на ЗП. Главен проблем кај малите заштитени подрачја кој имаат висока природна вредност е што најчесто немаат можности за самоодржливост, за да остварат финансиски средства и најчесто се управувани од општина или здружение на граѓани. За општините генерална перцепција е дека се што не носи финансиски придобивки и генерира

трошоци треба да се избегне и поради таа причина не се вложува во инфраструктурата на ЗП и повторно доаѓаме до моментот каде се вклучуваат локалните организации кои ги обезбедуваат средствата за правилно управување на ЗП како и инвестирање во неговата инфраструктура. Заклучок е дека малите ЗП не се управуваат правилно или нема визија за нивно управување. (пр. Пештера која е прогласена за ЗП, можеби нема да обезбеди доволно средства од билети или паркинг, меѓутоа може да привлече голем број на туристи кои ќе ја користат локалната туристичка инфраструктура и ќе придонесе за социо-економски развој на населението, како и промоција на регионот) Едукација Едукација на населението, за вредностите и можностите од ЗП и потенцијалите кои ги нуди за социо-економски локален развој или развој на екосистемски услуги, e клучен фактор во управувањето на ЗП. Генерално, населението е запознаено со дел од заштитените подрачја, но не е запознаено со природните вредности кои се дел од ЗП. Од разговорите со луѓето кои живеат во непосредна близина на ЗП, се утврди дека не секогаш луѓето ги разбираат природните вредности, независно од нивната реткост, ендемичност, распространетост или важност. Подигнувањето на јавната свест и едукација е круцијална од аспект на почитување на вредностите на ЗП, правилно користење на можностите кои тоа ги нуди и можноста за економски придобивки. За да биде едно ЗП самоодржливо локалното население мора да се поистоветува со природните ресурси со цел нивно зачувување и промовирање. Невклучување на населението во процесите за прогласување или управување со едно ЗП, ќе влијае директно во управувањето, поради загрозување на личните интереси кои ги има населението кое се наоѓа во или околу територијата на заштитеното подрачје. Управувањето на ЗП треба да биде во насока на вклучување на локалното население во управните органи на ЗП, задржување на начинот на живот на локалното население, во нивниот обем и распространетост, кој се заснова на одржливо користење на природата и спроведување на воспитно-образовни и научно-истражувачки активности без притоа да се има влијание врз природните карактеристики на подрачјето. Конфликт на интереси Спрегата помеѓу економски интерес и заштита, всушност е еден од најголемите бариери во развојот на мрежата на заштитени подрачја, прогласувањето на нови заштитени подрачја и нивно управување. Може да се каже дека многу е мал или воопшто не постои дијалог помеѓу оние чии економски интерес е загрозен, оние кој ја иницираат заштитата на едно подрачје и оние кои имаат амбиции да управуваат со ЗП. (Како пример може да се наведе дека најчесто при заштита се опфаќа територија која е под надлежност на ЈП Македонски Шуми, која е директно засеганта како зонирањето ќе влијае врз нивните плански основи за шумарство и дали ќе можат тие да продолжат со сеча или тоа право ќе им биде одземено. Од анализата може да се заклучи дека во ЗП се прават приватни сечи во кои не е вклучено ЈП, а плански основи за шумарство имаат само некои од ЗП кои се подготвени од неодамна. Некои од

Општините кои сметале дека имаат интерес да управуваат со ЗП и шумите да бидат во нивно владеење, поради недостаток на финансиски средства и капацитети, направиле обид за сеча, но поради несоодветна механизација, сечата е направена неквалитетно и целата дрвна маса е растурена низ ЗП. Како за споредба во Р.Србија, ЈП Србија Шуми управува со 101 ЗП на територијата на Србија, што претставува 49,35% од вкупната територија на ЗП). Од спроведените интервјуа со представници на одредени институции може да се утврди дека генерално не постои квалитетна комуникација помеѓу институциите кога се работи за ЗП за кое имаат ингеренции повеќе субјекти и примарно се дава предност во подготовката на документацијата на инфраструктурните, енергетските и туристичко развојните проекти без да се води грижа за ефектите врз природните ресурси. Еднаквиот пристап од страна на институциите кон Законот за заштита на природата и заштитените подрачја е клучен во правилно креирање на политиките за зачувување и унапредување на природните ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има значајна улога во зачувувањето и одржливото користење на биолошката разновидност, преку одржливо користење на шумите и шумските производи, регулирање на ловот и риболовот, развојот на органско земјоделско производство, заштитата на агробиолошката разновидност, руралниот развој, заштита на животните и растенијата од болести и штетници како и управување и консолидација на земјоделско земјиште. Министерството за економија има улога во зачувувањето и одржливото користење на природните ресурси преку издавање на концесии за минерални суровини. Исто така, преку Секторот за енергетика ова министерство игра важна улога при обезбедувањето на мерки за заштита на природата, а истото се однесува и на Секторот за туризам. Министерството за транспорт и врски има значајни надлежности при изградба на инфраструктурни објекти, патни коридори, туристичка инфраструктура и др. Министерство за култура преку Управа за заштита на културното наследство има значајни надлежности во делот на проучување, заштита и промоција на културното и природното наследство во Република Македонија. Геолошки завод на Македонија спроведува истражувачки, стручно аналитички и други работи кои се од јавен интерес на Република Македонија, како што се изработка на геолошки, хидрогеолошки, геохемиски и сеизмотектонски карти. Дополнително врши утврдување на природните минерални суровини; подготвува геолошки подлоги за просторно планирање, градежништво, водоснабдување, земјоделство, шумарство, урбанизација и изградба на инфраструктурни објекти. Агенцијата за планирање на просторот ја спроведува политиката на планирање и уредување на просторот на Република Македонија. ЈП Македонски Шуми стопанисува со површина од 935.000 ха, од кои 817.000 ха или 90% од вкупниот шумски фонд се во државна сопственост, додека 89.000 ха, се во приватна сопственост. ЈП Македонски Шуми има 30 поддружници, 8 ловишта и расадници за 8.000.000 расади годишно. ЈП Македонски шуми во 2013 година го

постави одржливиот систем за користење на други шумски производи и заштита на биодиверзитетот во животната средина, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Тоа се законските обврски содржани во Законот за шуми, член 72 и Правилникот за видовите на други шумски производи и начинот на користење и собирање на други шумски производи, како и Законот за природа и правилниците кои произлегуваат од него. Со своите активности ЈП Македонски Шуми е директно засегната од прогласувањето на секое ЗП, како и неговиот План за управување и зонирање. Локалните самоуправи можат да обезбедат средства за финансирање на ЗП, може да управуваат со заштитеното подрачје (пр. Ново Село-ЗП Смоларски водопад, Ресен-ЗП Езерани, Вевчани ЗП Вевчански извори) и може да иницираат постапка за прогласување на ЗП.

ЗАКЛУЧОЦИ Заклучок е дека сите институции кои се поврзани со ЗП имаат административни релации кон ЗП и потребна е хоризонтална соработка помеѓу институциите со цел зајакнување на техничките и човечките капацитети, разбирање на процесите на прогласување и управување со ЗП, разрешување на проблемите, надлежностите и конфликотот во интересите. На национално ниво, различните сектори директно влијаат врз интегритетот на ЗП и тие повеќе или помалку придонесуваат за нивната сегашната состојба и состојбата со природното наследство. Согласно обврските кои ги имаат институциите и нивната корелација со ЗП како главен конфликт на интерес се идентификувани следните закани: Енергија - има влијание преку загадување на животната средина, изградба на хидро акумулациите, транспорт на енергија, рударство, ископ на камен, минерали, јаглен и други материјали Транспорт има влијание преку изградба на патишта и железнички пруги, уништување на предели и пејсажи, директни ефекти врз миграцја на диви видови, буџава и создавање на комунален отпад поради зголемен сообраќај Урбанизација и развој - преку пренамена на земјиштето за изградба на објекти и (туристички) населби се влијае врз уништување на пејсажот, зголемување на отпадни води и комунален отпад во заштитеното подрачје каде што нема воспоставен систем за управување со отпад, зголемена ерозија и др. Туризам - преку изградени објекти (ски патеки, бунгалови, хотели, комунална инфраструктура и патеки) поврзани со рекреација и туризам. Шумарство преку непланирана прекумерна сеча, непланирано пошумување и непостоење на планска основа за шумарство, претставува закана за шумските екосистеми. Лов и Риболов преку незаконски лов и риболов, преку користење на незаконски средства и замки претставува сериозна закана за разновидноста на дивите видови и рибниот свет на заштитеното подрачје Земјоделство - преку употреба на земјиштето за пасење добиток и одгледување на земјоделски култури, зголемено количество на пестициди и инсектициди, уништување на живеалиштата на дивите видови и нивните миграторни патишта, палење на стрништа и опасност од иницирање на пожари во ЗП и др. Климатските промени преку директно влијание на климатските карактеристики во ЗП и биолошката разновидност, посебно во комбинација со други антропогени фактори како што се: изградба патишта, пруги, хидро централи, далноводи, индустриски објекти, црпењето на вода, неконтролирана експлоатација на шумите, сушење на мочуриштата и барски системи, проширување или напуштање на земјоделските површини итн.

ПРЕПОРАКИ Со цел ефикасно спроведување на Законот за заштита на природата, квалитетно управување со ЗП, намалување на влијанието на надворешните фактори и постигнување на целите на Програмата за заштитени подрачја (PoWPA) од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD), потребно е надминување на следните идентификувани предизвици: Недостаток на капацитети за планирање, основање и управување со заштитените подрачја на централно и на локално ниво; Недостаток на финансиски средства за конзервација и управување со заштитените подрачја; Недостаток на ефикасноста во управувањето со заштитените подрачја (органите за управување со заштитените подрачја се назначени само на националните паркови, некои споменици на природата и повеќенаменското подрачје, плановите за управување се подготвени само за националните паркови и планови нацрт за управување се подготвени за три споменици на природата, природата парк и повеќенаменско подрачје); Недостаток на подзаконски акти за регулирање на управувањето со заштитените подрачја; Недоволна вклученост на локалните заедници и релевантните чинители во управувањето со заштитените подрачја; Преклопувањето на надлежностите меѓу државните органи (Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во управувањето со шумите и пасиштата во заштитени подрачја) и Недостаток на јавната свест на екосистемските услуги во заштитено подрачје.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 1. Национална стратегија за заштита на природата (Предлог верзија) 2. Закон за заштита на Природата 3. Action Plan for Implementing the Programme of Work on Protected Areas of the Convention on Biological Diversity 12.06.2012 4. Reference - UNDP/GEF/MEPP Project - Strengthening the Ecological, Institutional and Financial sustainability of Macedonia`s Protected Area system (2008-2011) 5. Национална Стратегија за биолошка разновидност 2014 (Предлог верзија)