ДИЈАЛОГ ЛЕКУВАЊЕ НА СКОЛИОЗА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Александра Каскаревска

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Структурно програмирање

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Биланс на приходи и расходи

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Сакај го своето срце. Брз водич што ќе ве поддржи додека закрепнувате од срцева болест. Во болница. План за закрепнување. Заминување од болница

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Биланс на приходи и расходи

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Опиоиди во палијативен третман: Сигурно и ефикасно препишување на силни опиоиди за третирање на болка при палијативен третман кај возрасни пациенти

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП MEДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ. Висока здравствена школа втор циклус студии. Гордана Петрова

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

МОТОРНАТА ПИСМЕНОСТ СО ОСВРТ НА ФИЗИЧКАТА ПИСМЕНОСТ И ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ МОТОРНИ СПОСОБНОСТИ КОИШТО СЕ ВЕЖБААТ ВО ФИЗИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

Семејството и заедницата

Health South Eastern Sydney Local Health District

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Zaedni~koto u~ewe e zabavno! Kako malite deca go u~at angliskiot jazik kako drug jazik

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

Коисмение.Штозначиме.

Што е ментална болест?

Александар Ацески Факултет за физичко образование спорт и здравје, Универзитет Св. Кирил и Методиј-Скопје е-маил:

ОПИС И УПАТСТВО ЗА МЕРЕЊЕ НА АНТРОПО-МОТОРИЧКИ ТЕСТОВИ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Зависност на децата од Интернет. Наташа Стојковиќ, Александра Стојанова, Душан Биков и Габриела Шутева 1

Преглед на државите во Западна Африка

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Aлександар Туфекчиевски Андријана Мисовски Јошко Миленкоски

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Фамилијарен карцином на дојка

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Остеопороза: проценка на ризик од остеопоротична фрактура

Обука за менаџирање на стрес на работно место

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Програма Stepping On. Четврти час. Одмор. Потсетник од четвртиот час. Подобрување на сигурноста и намалување на опасноста од падови

AGIA TRIADA - GREECE

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ ВИСОКА ЗДРАВСТВЕНА ШКОЛА ВТОР ЦИКЛУС СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ.

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

IT02- KA Предлози и Стратегии за Жени Претприемачи. Интернет Маркетинг

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Безбедност на VoIP системите

Главна медицинска сестра

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Штип. Кристина Анчевска

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

ПРИРАЧНИК. за промовирање на ментално здравје на деца под ризик MАРИЈАНА МАРКОВИЌ ЕЛЕОНОРА СЕРАФИМОВСКА

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

Transcription:

ДИЈАЛОГ ЛЕКУВАЊЕ НА СКОЛИОЗА

СОДРЖИНА ВОВЕД...3 ШТО Е СКОЛИОЗА?...4 КАКО ДО ДИЈАГНОЗА?...5 ЛЕКУВАЊЕ НА СКОЛИОЗА...6 ШТО Е РИСЕРОВ ЗНАК?...7 ОПСЕРВАЦИЈА...7 ОРТОТИКА...7 ОПЕРАТИВНИ ЗАФАТИ...8 КИНЕЗИТЕРАПИЈА...8 ЛЕКУВАЊЕ НА СКОЛИОЗА СО ПОМОШ НА ОРТОЗА...8 ПРОИЗВОДСТВО И ПОСТАВУВАЊЕ НА ОРТОЗАТА...9 НЕКОЛКУ КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА МЛАДИ КОИ НОСАТ ОРТОЗА И ЗА НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ...11 КИНЕЗИТЕРАПИЈА...11 НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА...12 ПРЕВЕНТИВНИ ВЕЖБИ...14 ИЗДАВАЧ: Центар за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје КОНТАКТИ: Центар за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје Ул. Васил Ѓоргов 45, 1000 Скопје Тел. +389 2 321 76 33 Факс. +389 2 324 71 99 slavej@slavej.com.mk www.slavej.com.mk Сите текстови и слики се заштитени со авторски права и нивното неовластено копирање, цитирање, дистрибуција и користење е казниво дело. Драги читатели, Во оваа брошура сакаме да Ви ги доближиме информациите и одговорите на најчесто поставуваните прашања од родителите на децата во адолесценција кои се среќаваат со сколиоза. Најзастапена е идиопатската сколиоза, па во оваа брошура пишуваме за неа. Не се работи за тешка болест. Најчесто тоа се благи деформитети на рбетниот столб, кои родителите не ги забележуваат. Конкретната причина за овој деформитет не е позната и најчесто се појавува кај адолесцентите во специфичната фаза на физичкиот и емотивниот развој - пубертетот! Времетраењето на лекувањето и можноста на делувањето на позитивниот резултат е ограничено на неколку години, па затоа многу се битни разбирањето, трпеливоста и упорноста на сите оние кои се вклучени во процесот. Благодарение на развојот на науката и техничките можности, лекувањето на сколиозата е во прогресивен подем. Постојат повеќе начини на лекување: опсервација, лекување со ортози, оперативно лекување и специфична кинезитерапија. Во минатото, имобилизацијата со ортози била насочена кон тоа телото да е во максимално исправена позиција. Користењето на ваков тип ортоза, од една страна имало корисно позитивен ефект, но од друга страна ја заслабнувала мускулатурата на пациентот. Модерните ортози во самата корекција додаваат динамика бидејќи се помали, асиметрични и деротираат каде што е потребно, па на местата каде што нема потреба од притисок се обликуваат со изрежување. Динамиката ја добиваме со дишењето и бегање во слободниот простор на страната спротивна од потиснатиот деформитет. Колку е поголемо нивото на стручност на ортотичарот, ортозата е помала, редуцирана на био-механички минимум. Дел од лекувањето на сколиозата ѝ припаѓа на кинезитерапијата со специјални целни вежби. Често пати погрешно се постапува кога детето се поштедува од телесни вежби. Физичката активност и спортувањето се неопходни за развојот на децата. Понекогаш е потребно и оперативно (хируршко) лекување на сколиозата, кое се извршува во специјализирани центри за сколиоза. Лекувањето на сколиозата е пример на интердисциплинарност. За успех во ова потребно е знаење, не само на стручниот тим, туку и на родителите на детето. Компетентна медицина + компетентна техника + едуцирани родители и деца е индикација за успех. Се надеваме дека информациите во оваа брошура ќе Ви дадат одговор на голем број прашања. Тимот на Славеј АД Скопје 3

ШТО Е СКОЛИОЗА? Идиопатската сколиоза е тридимензионален деформитет на рбетот. Гледано од напред и позади рбетот, по средишната линија треба да е прав. Сколиозата е состојба во која рбетот е искривен на страна. Искривувањето може да биде на левата или на десната страна и тогаш изгледа како буквата С, или на двете страни, па изгледа како буквата Ѕ. Вообичаено кривината се гледа во градниот (торакалниот) предел, слабинскиот (лумбалниот) предел на рбетот или како комбинација на двата (тораколумбални) дела. Најзастапена е десностраната торакална кривина. Дел од населението има мало искривување на рбетот (< 10степени). Со искривувањето на рбетот пршленските тела ротираат и придонесуваат да се направи грбен гребен кој се манифестира како грбка. Деформитетот на рбетот како последица на сколиозата е видлив и странично. За да ги разделиме вистинските сколиози од оние кои не се, ги делиме на: - Неструктурални сколиози: ги нарекуваме уште и функционални, бидејќи се резултат на функционален проблем, а не се поврзани со структурата на рбетот. Ако се отстрани функционалниот проблем, сколиозата нема да постои бидејќи структурата на рбетот е уредна. Функционален проблем може да биде, на пример, пократка нога, па со повишување (ортопедски чевли или влошки) проблемот ќе се реши и сколиозата ќе ја нема. - Структурални сколиози: како што самото име зборува, проблемот е во структурата на рбетот. Структуралната сколиоза може да биде симптоматична или последица од некоја друга болест, или пак може да се појави одвоено. Идиопатската сколиоза се дели во зависност од возраста на која настанува. Колку порано сколиозата се манифестира, толку повеќе се очекува прогресија. - Инфантилна од 0 до 3 години, - Јувенилна од 4 до 9 години, - Адолесцентна од 10 години до коскена зрелост (најзастапена). Идиопатските сколиози се јавуваат кај 2 до 3 проценти од адолесцентната популација. Но, само мал дел има потреба од третман. Сколиозите кај кои е потребен третман се почести кај девојчињата. Најголемата прогресија на кривината се јавува при растот и развојот во пубертетот. Бидејќи не знаеме која е причината на идиопатските сколиози, не можеме да ги превенираме. КАКО ДО ДИЈАГНОЗА? Ако се сомневате дека имате сколиоза, јавете се кај својот матичен лекар, педијатар или лекар по школска медицина. Тие ќе ве прегледаат и во случај на постоење на сколиоза ќе ве упатат на ортопед или физијатар. Специјалистичкиот преглед е основа за правилна дијагноза. Се состои од: АНАМНЕЗА Со анамнеза, преку разговор со детето и родителите се добива одговор на прашањето на генетски предиспозиции, досегашни заболувања, трауми и други можни причинители на сколиозата, како и преглед на досегашната медицинска документација. На овој начин лекарот може да добие многу корисни информации, кои се битни во донесувањето одлуки за понатамошна постапка. КЛИНИЧКИ ПРЕГЛЕД Постојат знаци кои упатуваат на постоење на сколиоза. Лекарите кои го работат тоа имаат така наречено око, па при опсервација ќе видат дека: - Раката од едната страна е поблиску до телото, за разлика од другата. - Едната нога е пократка од другата. - Главата треба да е сместена во средина на рамениците. Освен ова, се прави едноставен и делотворен тест со свиткување напред, или Адамсов тест кој ќе покаже дали постои права структурна сколиоза и на кој дел од рбетот се наоѓа. Во овој тест како индикатор се користи и странично искривениот рбет, каде што се јавува ротација на пршленско тело со ребрената грбка. - Едното раме е повисоко од другото, - Едната лопатка е повеќе подигната од другата. - Половината не е еднаква. - Едниот колк е повисок и странично исфрлен за разлика од другиот. 4 5

Кога при тестот со свиткување напред се лоцира ребрената грбка, лекарот може да го искористи сколиометарот како мерка за одредување на аголот на ротацијата. Тоа го смалува ризикот на зрачење од рентгенограмот. RTG снимката ќе ја потврди дијагнозата за сколиоза и ќе даде точна информација за образецот, локацијата и степенот на кривината. По RTG снимката лекарот ќе го одреди Кобовиот агол. Кобов агол е мерка на кривината на рбетот во степени. Лекарот, најпрво на RTG снимката го одредува пршленското тело од каде што почнува кривината и каде што завршува. Потоа се повлекува линија паралелна со горниот раб на пршленот од каде што почнува кривината и долниот раб на пршленот со кој завршува кривината. На местото на поклопување на тие две линии или местото на сечење на двете линии се добива Кобов агол. Освен за одлуката околу лекувањето Кобовиот агол е битен и за следење на процесот на прогресија на кривината или степенот на постигната корекција ако детето носи ортоза. ЛЕКУВАЊЕ НА СКОЛИОЗА За начинот на лекување најмногу делува степенот на кривината и преостанатиот потенцијал за растот и развојот на детето. Земајки ги предвид анамнестичките податоци, клиничката слика, радиолошките податоци (снимка), се носи одлука за начинот на лекување на сколиозата. Најмногу ќе влијаат двата фактори кои даваат информација за очекуваната прогресија (влошување) и степенот на кривината на потенцијалниот раст. Степенот на кривината му помага на лекарот при одлуката за натамошно лекување. Врз неа делуваат повеќе фактори, но можеме да кажеме дека: Кривина < 10 степени по Коб не се смета за сколиоза, туку за асиметрија на рбетот. Кривина од 10 до 20 степени по Коб - вообичаено треба само обсервација. Кривина од 20 до 45 степени по Коб - има потреба од ортоза (важен Рисеров знак) Кривина поголема од 45 степени - оперативно лекување. Потенцијалот на раст, односно колку очекуваме пациентот да порасне, се определува со споредување на висината во двата последователни прегледи (мерења), знаците од пубертетот и со помош на Рисеровиот знак кој се гледа на RTG снимката. Понекогаш лекарот може да побара и RTG снимка на раката за да процени уште колку коските ќе растат и ќе се развиваат. ШТО Е РИСЕРОВ ЗНАК? Коските не растат по цела должина. Тие растат само од рскавичниот дел (таканаречената зона на раст или епифизни пукнатини). Со крајот на растот тие зони се затвораат, коските во целост се окостуваат и растот е завршен. Во лекувањето на сколиозата битно е да се знае уште колку ќе расте пациентот, за да го искреираме планот на лекување. Тоа ни го покажува RTG снимката на карлицата на која се гледа рскавичната зона (ги гледаме како капи на карличната коска). Како коските на скелетот одат кон завршната фаза на растот, дел по дел рскавичната зона се окостува и тоа може да се види на RTG снимката. Постојат шест степени на Рисеров знак, односно на наодите може да се напише Рисер од 0 до 5. Рисер 0 значи дека капите сеуште не ги гледаме. Рисер 1 - гледаме една најнапред на надворешниот раб на крилото на карличната коска. Рисер 4 значи дека ги гледаме сите четири, а нивната последна фузија со коските, значи Рисер 5, и го означува крајот на растот. Од ова можеме да видиме дали детето расте, во која фаза на раст е и колку време е преостанато за раст. Ако, на пример, има кривина помеѓу 20 и 45 степени и со останатите фактори, на лекарот ќе му биде од особено значење да знае колку е Рисеровиот знак за да може да одлучи дали има потреба од третман со ортоза. Лекувањето може да биде неоперативно или оперативно. Во неоперативното лекување спаѓа: опсервација, лекување со ортоза и индивидуална кинезитерапија. Секое од споменатите лекувања во повеќето случаи треба да биде пропратено со индивидуална кинезитерапија. ОБСЕРВАЦИЈА Обсервација значи дека Вашиот лекар го следи лекувањето преку редовни прегледи на неколку месеци. Зачестеноста на прегледите зависи од фазата на растењето. Тоа не значи дека на секој преглед е потребна и RTG снимка. Кога и како е потребна тоа лекарот ќе одлучи. Само опсервација може да биде доволна за малите кривини, кривините со низок ризик од влошување или ако растот е завршен и историјата на сколиозата е поволна. ОРТОТИКА Лекарот може да избере тип на ортоза, земајќи ги предвид сите споменати фактори кои делуваат на понатамошниот тек на лекувањето. Статистички гледано еден од пет адолесценти со сколиоза треба да носат ортоза. Еден од пет адолесценти со сколиоза треба да носи ортоза. Времетраењето на носење на ортозата ќе го одреди лекарот, а за успешно лекување треба строго да се придржува кон тоа. 6 7

Лекувањето со ортоза резултира со намалување на кривината на рбетот. Сепак, целта е да се сопре прогресијата на кривината и да се намали можноста за потреба од оперативен зафат. Носењето ортоза може да биде неудобно бидејќи ги ограничува движењата и во неа може да биде топло. Затоа ортопедијата континуирано работи за развој на технологија која ќе овозможи што полесно и поудобно носење на ортозата. Од друга страна, многу е битно да се разбере носењето на ортозата за да може полесно да се прифатат нејзините негативни аспекти. Носењето на ортоза не е доживотно, а начинот на користење, во определен дел од животот, може позитивно да делува на квалитетот на животот по носењето. ОПЕРАТИВНИ ЗАФАТИ Лекарот може да препорача оперативен зафат за да ја коригира кривината или да го спречи искривувањето ако пациентот се уште расте или ако кривината е голема и брзо напредува. Оперативниот зафат често подразбира фузија (спојување) на две или повеќе пршленски тела на рбетот. За ова често се користат и дополнителни делови таканаречени импланти. Тие може да бидат жици, навртки, куки и шипки. На тој начин се спречува понатамошното искривување на рбетот. Имплантите остануваат во телото и по операцијата и помагаат да се задржи рбетот во состојба во која е доведен со операцијата. Операцијата обично трае неколку часа. Зависи од видот и пристапот на операцијата. Два месеца по оперативниот зафат повеќето пациенти се враќаат во секојдневието со ограничена физичка активност и спортување. Ограничувањата постепено ќе се намалуваат до една година по операцијата. Повеќето ќе се вратат на нормалните активности и спортување по 12 месеци, кога се очекува потполна фузија (спојување) на коските. Тоа се некои општи принципи. Секој пациент е посебен случај и подобрувањето кај секого е различно. КИНЕЗИТЕРАПИЈА Кинезитерапијата се користи како дополнителен третман, односно како поткрепа на веќе наведените начини на лекување. Постојат различни школи, но тоа што е заедничко за сите е дека пристапот кон пациентот мора да биде индивидуален и вежбите треба да се наменети за сколиоза, односно искреирани земајќи ја предвид конкретната кривина, нејзиниот облик, локација и модел. ЛЕКУВАЊЕ НА СКОЛИОЗА СО ПОМОШ НА ОРТОЗА Ортозата мора да делува на сите три димензии на деформација на рбетот. Ортозите за сколиоза најчесто се дизајнирани за да го покријат телото. Тоа се таканаречените ТЛСО (торако-лумбално-сакрални ортози). Со текот на времето се појавија различни типови на ортози кои се користат за лекување на сколиозата. Некои школи се поборници за лекување на сколиоза со специфична кинезитерапија и Cheneau ортоза модифицирана по Rigou. Бидејќи сколиозата е тродимензионална, а на тоа се темели и кинезитерапијата, ортозата мора да делува не само на страничното закривување, туку и на ротацијата и кривината на рбетот каде што е видливо од страна. За да се постигне сето ова ортозата се изработува така што на точно определени места на телото врши притисок. Местото каде што ортозата врши притисок се гледа како втиснат дел, а се чувствува како место со засилен притисок. Тоа го нарекуваме пелота. Засилениот притисок би бил со различен облик и насока. Застапено е мислењето дека таканаречените отвори на ортозата се направени за да биде полесна и естетски поприфатлива. Тоа не е точно! Отворите се еднакво важни како и местата со засилен притисок. Ако ја притискаме кривината во некој правец, тогаш мора да ослободиме простор во кој ќе ја сместиме. Исто така дишењето во ортозата би било многу тешко ако телото биде стегнато од сите страни. Затоа наменски се одбираат местата за отвор такашто од една страна кривината се потиснува во тој простор, а од друга страна дишењето со дополнително активирање на мускулатурата ја влече во истата насока. На тој начин добиваме дополнителен ефект. ПРОИЗВОДСТВО И ПОСТАВУВАЊЕ НА ОРТОЗАТА Изработката на ортоза вклучува најмодерна технологија како скенирање на телото, внесување на корекцијата во дигитален облик, машинска изработка на моделот со потребната корекција Првата средба на детето и родителот со ортопедскиот техничар следи по лекарскиот преглед каде што е дијагностицирана сколиоза и/или кифоза и има потреба од ортоза-корсет. На договорениот термин со ортопедскиот техничар понесете ги наодите и RTG снимката. Доколку веќе сте имале ортоза, понесета ја со себе. Кога ќе дојдете на првата консултација со ортопедскиот техничар, тој ќе ги земе вашите податоци, ќе ја прегледа документацијата и RTG снимките и ќе започне со земање мерка за ортозата. Прво, се зема мерка како што е: ширината помеѓу колковите, крилата на карлицата, под пазувите, обемот на тие места и слично. Потоа, се зема мерка со помош на 3Д скенер. Тоа е мал апарат сместен во рацете на техничарот кој се врти околу пациентот и го скенира. Скенерот е на определена далечина од пациентот и не доаѓа до директен контакт со пациентот. СКЕНЕРОТ НЕ ЗРАЧИ! 8 9

Скенирањето може да се повторува без опасност. Целокупниот процес, е доста пријатен и многу помалку стресен за разлика од земање мерка со гипсирање, кое до скоро се користеше. Процесот на земање мерка трае околу 20 минути. Потоа, скенираниот модел се обработува дигитално,со што се постигнува голема точност. Во текот на обработката, зависно од поставената цел во договор со лекарот, на моделот се работи на обликот и движењето во различни сегменти, вдлабнатини за пелоти, додавање на материјали и означување на местата на отворите. На моделот се навлекува мека, загреана термопластика која се обликува додека се лади, па така се добива конечен облик. Следува завршна обработка и украсување на термопластиката со украсните примероци кои ќе ви бидат понудени по избор. Ортопедскиот техничар ортозата ја изработува од специјална термопластика, која е доволно цврста и стабилна за да го задржи обликот кој е потребен. Се води грижа носењето на ортозата да биде што поудобно, па видот на материјалот се бира зависно од пациентот. НЕКОЛКУ КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА МЛАДИ КОИ НОСАТ ОРТОЗА И ЗА НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ ЗА МЛАДИ Ќе продолжиш со сите активности како и досега. Не е срамно да се носи ортоза - тоа е како апарат за заби - привремен. Декорирај ја ортозата! Залепи сликички, напиши омилени стихови, земи потписи од другарите и другарките. Можеби мислиш дека носењето на ортоза е тешко и заморно, но ти тоа го можеш. ЗА РОДИТЕЛИ Стимулирајте го детето да продолжи да спортува. Наградете го со нова облека и забава. Покажете сочувство и разбирање, бидејќи на децата ова може да им биде непријатно. Контактирајте со други родители кои имаат ист проблем поради споделување информации и поддршка. Давајте поддршка. Моделот на телото, оригиналот и моделот за ортоза, останува како дигитален запис во архива и можеме по потреба да го споредуваме со моделот скениран за новата ортоза, или по оперативниот зафат за да ги споредиме настанатите разлики доколку ги има. Готовиот дигитален запис го ставаме во CNC (Computer Numerical Control) машината кој изработува позитивен модел. За време на пробување на ортозата може да се постават дополнителни перничиња од пенест материјал, со цел носењето на ортозата на пациентот да му биде покомотно или ако сакаме дополнително да го зајакнеме притисокот. Ортозата може да се носи под облека, но под неа задолжително да се носи тенка маица или поткошула. КИНЕЗИТЕРАПИЈА Овој вид на физикална терапија се користи за лекување на идиопатска сколиоза. Вежбите се исклучиво индивидуални, дефинирани од моделот и големината на кривината на 'рбетот, возраста и физичката подготвеност на пациентот. Пациентот се тренира да го подобри своето тродимензионално држење на телото. Терапевтот се труди да ги запознае корективните сили и движења користејќи рамнина по рамнина, сé додека не се постигне комбинација која делува во сите три рамнини. Соработката на пациентот е многу битна за да може да ги разбере вежбите и придонесот од нивното правилно изведување. Вежбите се осмислени за да се постигне свесност за сопственото држење низ правилното позиционирање. Целта на терапијата е промена на шемата на држење на телото, што подоцна помага при одржување на коригираната состојба. Терапевтот со стимулативен допир ќе го процени правилното дишење, истегнување и оптоварување на мускулатурата со цел да ја активира корекцијата. Визуелизирајќи и чувствувајќи како деловите од телото реагираат на тој вид на дишење и позиционирање, со тек на време ќе се научи новиот начин на дишење и позиција на телото. За да се добие повратна информација потребни се огледала и работа пред огледала. Целта е да се научи да се задржи коригираната позиција, да се вежба и применува низ секојдневна активност. На тој начин ја забавуваме прогресијата на кривината, го подобруваме обликот и држењето на телото, ја намалуваме болката предизвикана од сколиозата и го зголемуваме виталниот капацитет на белите дробови. 10 11

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ШТО? КАКО? ЗОШТО?... ДВА ТРИ ЗБОРА ЗА СКОЛИОЗАТА. КАКО МОЖАМ ДА ЈА ПРЕПОЗНААМ СКОЛИОЗАТА? Не секогаш се забележува на прв поглед. Но, ако подобро погледнете, едното раме или колк е повисоко од другото, едната лопатка е повеќе издадена од другата, струкот не е рамен и рацете се одалечени од телото. КОЈ Е ПРИЧИНИТЕЛ НА СКОЛИОЗА? Кај повеќе од 80% случаеви конкретна причина не е пронајдена. Таквите сколиози ги нарекуваме идиопатски, што значи неодреден причинител. Индикациите за кои знаеме дека можат да предизвикаат деформација на 'рбетот се конгениталните абнормалности (абнормално формирање на 'рбетот присутно при раѓање), невролошки пореметувања, мускулни болести, генетски пореметувања (Марфанов синдром, Даунов синдром) инфекции и фрактури. КОЈ НЕ Е ПРИЧИНИТЕЛ НА СКОЛИОЗА? Постојат многу заблуди и погрешни претпоставки за причината за сколиоза. Носењето на тежок училиштен ранец, неправилно држење, недостаток на калциум итн. не е причина за сколиоза. БОЛИ ЛИ СКОЛИОЗАТА? Здравите адолесценти со сколиоза не би требало да чувствуваат болка од сколиозна кривина освен кај многу изразената кривина каде што е можно одредено ниво на непријатна болка. Ако болката е присутна, потребна е консултација со лекар поради можните други причинители. КОЛКУ Е ЧЕСТА СКОЛИОЗАТА? Присутна е кај 2 до 3% од популацијата. КАКО СЕ ЛЕКУВА СКОЛИОЗА? Лекувањето може да биде само со опсервација, носење ортоза или оперативно лекување. Секој од погоре наведените методи може, а во повеќе случаи и треба да биде комбинирано со индивидуална кинезитерапија. МОЖЕ ЛИ ДА ДОЈДЕ ДО ПОДОБРУВАЊЕ, ОДНОСНО ДО НАМАЛУВАЊЕ НА КРИВИНАТА БЕЗ ТРЕТМАНИ? Не може! Сколиозата мора да се лекува. Кривината од идиопатската сколиоза нема да се повлече сама по себе. Многу деца имаат мали кривини за кои нема потреба од лекување. Тие деца кога ќе пораснат ќе водат сосема нормален живот, а кривината секогаш ќе биде тука. Со растењето кривината се влошува! СМЕАМ И ПОНАТАМУ ДА ВЕЖБАМ И ДА СЕ ЗАНИМАВАМ СО СПОРТ? Да. Да се продолжи со активности е важно за целокупното здравје. Засега не постои активност која може да ја влоши сколиозата. Може да се занимаваш со сé што ти причинува задоволство. Многу е застапено прашањето со каков спорт популацијата со сколиоза треба да се занимава. Наидовме на интересна статија во Official journal of FIMS, па ја предлагаме таблицата од истите. Наведено е дека нема докази дека спортските активности се штетни за идиопатска сколиоза. ТИПОВИ НА СКОЛИОЗА СТРУКТУРНИ - идиопатски и неидиопатски* Спортови кои го оптеретуваат грбот (дигање тегови, гимнастика, копје и др.) Спортови кои помалку го оптеретуваат грбот (пливање) Спортови кои умерено го оптеретуваат грбот (трчање, велосипедизам, скијање, тенис, фудбал...) ПРЕПОРАКИ Не спортувајте доколку имате болки во грбот Без ограничувања. Не е нагласено неспортување доколку имате болки во грбот. *Кај неидиопатските сколиози препораката за спортување зависи од примарната болест. Преземено од: International SportMed Journal FIMS; Име на трудот: Position Statement Scoliosis and sports participation. Автори: Prof. Jan L Gielen, MD, PhD, Dr Els Van den Eede, MD Department of Radiology and Medical Imaging, University Hospital Antwerp, Edegem, Belgium and Department of Physical Medicine and Rehabilitation, University Hospital Pellenberg, Pellenberg, Belgium. КОЈА Е ЦЕЛТА НА НОСЕЊЕТО ОРТОЗА? Носењето ортоза има за цел да ја стопира прогресијата на кривината и да ја намали можноста за потреба од оперативен зафат. Сепак носењето ортоза резултира со намалување на кривината. Тогаш кога растењето ќе заврши,ортозата веќе не е потребна. ДАЛИ НОСЕЊЕТО ОРТОЗА Е БОЛНО? Носењето ортоза не би требало да е болно. Битно е да разбереш дека на определени делови од телото мора да се изврши притисок, за ортозата да го постигне ефектот. Затоа ортозата во почетокот може да биде непријатна за носење, но со текот на времето ќе се навикнеш. Ако носењето на ортоза е болно треба да се јавиш на твојот ортопедски техничар за да провери дали треба да направи корекција. МОРАМ ЛИ ПОСТОЈАНО ДА ЈА НОСАМ ОРТОЗАТА? Најчесто за успешно лекување потребно е целодневно носење на ортозата (23 часа дневно). Не заборавај тоа е само привремено. Доколку учествуваш во спортски активности, тогаш нема потреба да ја носиш ортозата. Важно е да се придржуваш до упатствата од лекарот, за подоцна да нема дополнителни проблеми. КОЛКУ ДОЛГО ТРЕБА ДА ЈА НОСАМ ОРТОЗАТА? До завршување на растот или до оперативниот зафат. АКО ВО ИДНИНА СУМ БРЕМЕНА КАКО ТОА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА МОЈАТА СКОЛИОЗА? Бременоста во период на зрелост не треба негативно да делува на сколиозата. Преглед од литература 2011: Does pregnancy increase curve progression in women with scoliosis treated without surgery? Авторите Josh E. Schroeder, Joseph R. Dettori, Erika Ecker, Leon Kaplan заклучија дека една или повеќе бремености не би требало да влијаат на прогресијата на сколиозата И на крај... Адолесцентската идиопатска сколиоза може да се лекува и нема многу да делува на активностите во секојдневниот живот и уживањето во животот. 12 13

ПРЕВЕНТИВНИ ВЕЖБИ ПРИМЕР НА ВЕЖБИ КАЈ ЕДНОСТАВНИТЕ ФУНКЦИОНАЛНИ СКОЛИОЗИ. 1 3 5 7 Застани во расчекор, опуштено во позиција пред поклонување, со двете раце испружени, внимавај врвовите на прстите на рацете еднакво да се оддалечени од подот. Во стоечка позиција. Рацете се поставени во буквата S, лесно работи отклон во лево и во десно. Во стоечка позиција работиш отклон со горниот дел од телото во десно, па во лево. Лежи на грб со свиткани колена и поткрени ги главата и рамениците од подот со рацете во правец кон колената, со прстите допри го коленото. Стапалата затегни ги кон себе,а карлицата притисни ја на подот. 2 4 6 8 Во стоечка позиција, лесно ги рашируваш нозете и двете раце. Левата рака спуштај ја накај десното стапало додека спротивната рака ти го прати телото и обратно. Во стоечка позиција даваш исчекор на десна страна. Внимавај грбот да е исправен. Потоа на спротивната страна Легни на грб со свиткани колена и раце испружени покрај телото. Повлекувај го десното колено кон брадата и подигај ја главата кон колената, а потоа обратно. Легни на грб со свиткани колена и раце испружени покрај телото, подигни ја едната нога во воздух до коленото на спротивната нога, стапалото затегнато кон себе, па обратно. 14 15

9 Легни на стомак со рацете покрај тело и работи отклон по подот со горниот дел од телото во лево, со левата дланка пробај да го допреш коленото,и обратно. 11 Во клекната позиција лесно со телото со помош на рацете се спушташ кон подлогата, се додека рацете не бидат потполно испружени пред главата. Задржи ја позицијата и после на ист начин врати се во почетната позиција. 14 17 Во четвороножна позиција си, наизменично го придвижуваш едното па другото колено и ја допираш брадата. Во седечка позиција си, грбот е исправен, нозете испружени со затегнати стапала кон себе, полека се наведнуваш и пробуваш да ги допреш стапалата со двете раце. 12 Седни на пети, рацете испружени пред главата и истегни се. Задржи ја позицијата и потоа врати се во почетна позиција. 15 Во клекната позиција си, рацете се поставени под прав агол, ги потиснуваш лопатките наназад. Секој пат задржи се неколку секунди,опушти се, па повтори ја вежбата. 18 Заземи позиција на турско седење, постепено со горниот дел од телото свиткувај се кон едното, па кон другото колено. 10 Лежи на стомак со рацете покрај тело, работи отклон по подлогата со горниот дел од телото во лево, а истовремено движи ја левата нога во страна кон раката, па обратно. 13 Во четвороножна позиција истовремено испружи ја левата рака и десната нога до хоризонтална позиција, а притоа внимавај грбот да биде рамен, па обратно. 16 Во седната позиција си, грбот е рамен, нозете испружени со затегнати и раширени стапала кон себе, постепено се наведнуваш кон напред и пробуваш да ги допреш стапалата со двете раце. Напомена! За време на истегнувањето, позицијата треба да се задржи 15 секунди. Нормално е да се почуствува затегање во делот на телото кој го истегаме, но не и болка. 16 17

БЕЛЕШКИ БЕЛЕШКИ