Програма на Семинарот за обука за пред тргнување Обединето Кралство

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Биланс на приходи и расходи

Извештај за НОВ ЗЕЛАНД

Биланс на приходи и расходи

ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈАТА ДЕСТИНАЦИЈА - НОВ ЗЕЛАНД

Структурно програмирање

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Тековни стандарди и барања на ЕУ за прибирање податоци на полето на миграцијата, азилот и визи

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Работење и живеење во Германија. Информации за дозвола за престој, предуслови ипроцедури за државјанки и државјани одмакедонија

Health South Eastern Sydney Local Health District

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Организатори на програмата

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

Здравствена писменост на пациентите. Доц. Катарина Ставриќ, Центар за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Преглед на државите во Западна Африка

Dear Parents/Guardians,

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Придржување кон препораките за ординираниот лек

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Сакај го своето срце. Брз водич што ќе ве поддржи додека закрепнувате од срцева болест. Во болница. План за закрепнување. Заминување од болница

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

Подготвување на финансиските извештаи во согласност со Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување (МСФИ/IFRS)

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Утврдување на способноста на економските оператори

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

за спроведување обука за полициски интегритет Прирачник DCAF DCAF a centre for security, development and the rule of law

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Коисмение.Штозначиме.

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

We re. вработување. и кариера. Понуда за соработка

Безбедност и здравје на работа

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Што е ментална болест?

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Здружение на преведувачи на РМ ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Семејството и заедницата

Transcription:

Програма на Семинарот за обука за пред тргнување Обединето Кралство Програмата е дел од проектот Миграции за развој на Западен Балкан (MIDWEB) кој доби финансиска помош од втората Повеќе-корисничка годишна ИПА програма за 2009 од Европската комисија.

Акт за одбивање одговорност Материјалите во ова издание се од информативен карактер. Додека ИОМ се обидува да обезбеди прецизна и целосна содржина во ова издание, мислењата, наодите, објаснувањата и заклучоците изнесени овде им припаѓаат на учесниците и не ја одразуваат официјалната позиција на ИОМ и нејзините земји членки. ИОМ не презема никаква одговорност за каква била загуба што може да произлезе од потпирањето на информациите кои се содржат во ова издание. Информациите се собрани од различни извори и се точни и важечки за наведената дата. Вложени се многу напори за информациите на оваа веб локација да бидат точни и ажурирани. Ако забележите некои грешки или пропусти ве молиме известете нè. Наша политика е да ги поправиме грешките штом ќе се забележат. Читателот има одговорност да побара статистики и информации кои ќе важат во моментот на читањето. Во документот ќе сретнете линкови кои ќе ве поврзат со надворешни локации врз кои Меѓународната Организација за Миграции нема никаква контрола и не презема одговорност. Сите линкови на оваа веб локација до надворешни локации се обезбедени од практични причини. Тие не треба да се земат како индосман на содржината или работата на тие надворешни веб локации. Информациите на оваа локација имаат општ карактер и може да не се однесуваат на определена ситуација. Ако имате прашања во врска со вашите овластувања треба да ја контактирате одговорната агенција. Ако имате потреба од професионален или правен совет треба да се консултирате со соодветно квалификувана личност. Меѓународната Организација за Миграции не презема никаква одговорност и не дава никаква гаранција што се однесува на точната, целосна природа на наведените информации и не прифаќа никаква одговорност што може да произлезе од некои грешки или пропусти. 2

Вовед Овој документ е наменет како своевиден водич за советниците на Миграциските сервисни центри (MSC) кои дејствуваат во земјите од Западен Балкан. Мрежата на Миграциските сервисни центри дава информации, совети и услуги на мигрантите и потенцијалните мигранти во Албанија, Босна и Херцеговина, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косово под УНСЦР 1244. Целта на семинарите за обука за пред тргнување е да им обезбеди на мигранитите кои планираат да мигрираат моментални и точни информации во врска со одредишната земја и да ги подготви за новиот живот во странство што може да им ја олесни нивната интеграција во новата земја и да ги засили нивните шанси да успеат во новата средина. Кога ќе го завршат семинарот, учесниците ќе имаат пореални очекувања во врска со процесот на миграција, со нивните права и обврски во новата земја. ИОМ обезбедува обука за мигранти од раните педесетти години од дваесеттиот век. На барање на владите, ИОМ спроведува обуки за мигранти за различни категории на мигранти вклучувајќи бегалци и хуманитарци кои се преселуваат во трета земја, работни мигранти кои потпишуваат договори за вработување за краток или долг временски период, и имигранти. Според обичаите, учесниците во програмите за обука за мигранти на ИОМ биле бегалци прифатени за преселување во трета земја. За време на последните две децении, ИОМ го прошири делокругот и нуди обука за работниците мигранти, вклучувајќи ги тука обучените и необучените работни мигранти, и имигрантите и нивните членови од семејството. Семинарите за обука за пред тргнување се структурирани во 4 модули кои се поделени во средби кои даваат информации специфични за секоја земја, ги разгледуваат прашањата поврзани со вработувањето, дозволите, визите, признавањето на дипломите, сместувањето и храната, комуникацијата и финансиските служби, здравствената заштита и социјалното осигурување и други предмети. Програмата на Семинарите е направена за Германија, Швајцарија, Обединетото Кралство, Италија и Холандија како глучните земји за регионот кои примаат мигранти. Програмите не се однесуваат за некоја определена професија. Програмите се подготвени во рамките на проектот Миграции за развој на Западен Балкан (MIDWEB), раководен од страна на Меѓународната Организација за Миграции (ИОМ) заедно со Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (MARRI), Сојузната канцеларија за миграција и бегалци на Германија и Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw) финансирани од втората Повеќе-корисничка годишна ИПА програма за 2009 од Европската комисија. Проектниот тим би сакал да им се заблагодари на следниве личности за нивниот придонес за програмата на семинарот: Арапи, Арјола, ИОМ Будимпешта; Божиновска, Соња ИОМ Скопје; Хаџовиќ, Амер, ИОМ Сараево, Кукај, Шеремет, ИОМ Приштина; Маѓар, Естер, ИОМ Будимпешта; Михајлович, Данило, ИОМ Белград; Миливојев, Милена, ИОМ Белград; Палашка, Шкипе, ИОМ Приштина; 3

Пјетри, Генчи, ИОМ Тирана; Садиковиќ, Ирма, ИОМ Сараево; Шкала, Мањола, ИОМ Тирана, Стефен, Пинди, ИОМ Женева; Влаховиќ, Мирјана, ИОМ Црна Гора, Виндам, Мартин, ИОМ Будимпешта, Жаковска, Ивона, ИОМ Скопје и Живковиќ, Душица ИОМ Црна Гора. Упатствата за обука беа обезбедени од страна на Петер Салниковски, Координатор на програмата за културна обука, ИОМ Дамак, Дарил Морисев, ИОМ заменик координатор на програмата за културна обука на САД, ИОМ Аман, и ИОМ тимовите за културна обука во Тајланд и Непал. 4

Општи упатства за обучувачите Времетраење Модулите на семинарот се направени за обука од околу 4 часови. Времетраењето за секој модул за обука во распоредот е индикативен и може да се смени зависно од некои фактори како што се времето, големината на групата, како и одредените потреби на учесниците и локалното опкружување, и модулите може да се извадат од распоред ако тоа е потребно. Модулите на семинарот Определени упатства за обучувачите се предложуваат во согласност со секој модул. Целта на упатствата е да им помогне на обучувачите да ги пренесат главните пораки на учесниците. Тие исто така ги опишуваат предложените методи и техники за обука. Изглед на просторијата Проверете го изгледот на просторијата пред обуката, нејзиниот капацитет (дали може во неа да се сместат сите учесници) и удобноста (умерена температура, соодветно осветлување, и тивка околина). Бројот на учесници кои ќе учествуваат во сесиите за обука и планираните активности се најважниот индикатор за избирање и уредување на просторијата за обука. Обучувачот треба да има испланирано доволно место за интерактивните активности како што е групната работа, игри со улоги и други практични вежби. СОВЕТ: Поттикнете ја можноста постарите учесници да ги откријат сами информациите со тоа што ќе ја уредите собата на начин што поттикнува учество и дискусија, отколку како класична училница со редови столчиња каде што учесниците само пасивно ќе го слушаат обучувачот. Обучувачот треба да најде соодветен облик што ќе овозможи спроведување на методите за обука што се адекватни за учење на постарите лица т.е. што ќе придонесе кон поголемо паметење на научените информаци. Полукруг или U- обликот се некои од примерите. Логистика Бидете добро подготвени. Дозволете да постои мал степен на флексибилност во вашиот дневен ред. Може да се случи учесниците да сакаат повеќе да се фокусираат на некои определени теми отколку на некои други, така што бидете подготвени да го пренасочите времето помеѓу сесиите. Обидете се да ја освежите вашата презентација со дополнителни примери и студии. Методологија и техники Овој дел има за дел да ги обработи некои од методите и техниките кои може да бидат употребени од модераторот. 5

Општи техники за обука Употреба на различни стилови на учење (Power Point презентации, видеа, дискусии во групи или парови, игра на улоги, реакции од учесниците); Прилагодување на должината на сесиите во согласност со потребите на учесниците и нивната способност да останат сконцентрирани; Поставување на прашања како: Што знаете? Што сакате да дознаете? Што научивте? Општи методи за обука Кога ќе ги презентирате материјалите за обука, потрудете се да им го привлечете вниманието на сите учесници и остварете контакт со очите со нив; За да бидете сигурни дека учесниците ќе бидат фокусирани, често поставувајте им прашања; Кога ќе ги пишувате главните точки, не вртете им го грбот на нив, туку вртете се кон нив и зборувајте го она што го пишувате на флипчартот (табла со ногарки); Поттикнете ги учесниците да поставуваат прашања и бараат информации; Бидете внимателни да не им дадете многу комплексни и детални информации и не ја поттикнувајте прекумерно публиката; Употребете локални примери со цел да се поврзете колку што е можно повеќе со групата; Обидете се да дискутирате за прашања поставени од учесниците што се однесуваат на сесиите, со цел да им покажете дека сте внимателни и отворени за дискусии на други теми начнати од целната група; Ако е можно донесете поранешни миграни или вработени од конзулатот за да споделат свои искуства; Употребувајте брошури, проспекти и други печатени материјали од други извори, особено официјални брошури Употребувајте предмети од секојдневниот живот како на пример парички, поштенски марки итн. ВАЖНО: Ажурирајте ја содржината на семинарот; често проверувајте ги изворите на информации. 6

Дневниот ред на семинарот Модул Содржина Време I.Вовед Добредојдовте / Кршење мраз Причини и цели на семинарот Краток преглед на темите на семинарот 15 мин II.Информации специфични за секоја земја Основни информации Географија / Клима / Национални празници Валута/девизен курс 30 мин II. Работење во Обединетото Кралство V.Практични информации за живеењето во Обединетото Кралство Сесија 1: Виза за влез/работна дозвола/работна виза Сесија 2: Постоечки програми за миграција и билатерални квоти Сесија 3: Дозволи за престој Сесија 4: Ситуација на пазарот на труд / веб локации за барање работа Сесија 5: Признавање на странски дипломи Сесија 6: Сместување и комуналии Сесија 7: Храна и купување Сесија 8: Комуникација (телефон / интернет) Сесија 9: Здравствена заштита и медицински услуги Сесија 10: Систем за социјално осигурување Сесија 11: Финансиски служби / отворање на банкарска сметка / служби за трансфер на пари Сесија 12: Системи за поддршка и Извори 1.5 часов и 1.5 часов и Модул I Вовед Цел: Цели за учење: Време Дава краток преглед на курсот Им овозможува на учесниците да ги изразат своите очекувања од курсот Договор во врска со споделените очекувања за резултатите од курсот, вклучувајќи разбирање на тоа кои теми семинарот ќе ги покрие и кои правила и норми учесниците треба да ги следат 15 минути 7

Добредојдовте Претставете се Објаснете им ја материјално-техничката и организациска поддршка на учесниците како времето на почеток и крај на семинарот, локацијата и тоалетите Нагласете дека главната цел на курсот за обука е да им даде можност на учесниците активно да учествуваат во дискусиите и да поставуваат прашања Кршење на мразот Учесниците се претставуваат, ја кажуваат причината за нивното учество и интересот за семинарот Причини и цели на семинарот Објаснете им ги целите на сесијата: Да им се помогне на потенцијалните мигранти да развијат реални очекувања во врска со живеењето и работењето во Обединетото Кралство; Да им се помогне на мигрантите да развијат вештини, ставови и практично познавање потребно за успешно привремено адаптирање во општеството и работната средина на одредишната земја ; Да се олесни адаптацијата по пристигнувањето на мигрантите во Обединетото Кралство: Да се разгледаат грижите и прашањата во врска со живеење и работа во Обединетото Кралство на потенцијалните мигранти. Краток преглед на темите на семинарот Накратко објаснете им ја програмата на семинарот, објаснете ги клучните информации и предметите кои семинарот ќе ги покрие Објаснете дека иако е важно да се зачува распоредот на време, сепак програмата може да се смени со цел да се фокусира повеќе на некои области ако е потребно ЗАБЕЛЕШКА: Времетраењето е одредено, но може да се приспособи зависно од публиката, нивото на интерес и образовните потреби 8

Модул II Цел: Цели за учење: Време Информации специфични за секоја земја Да се дадат практични информации во врска со основните факти за земјата Учесниците ќе: - Ги идентификуваат различните држави или територии и главните градови и/или националниот главен град, и ќе ги лоцираат на мапа, вклучувајќи го и нивното одредишно место, ако го знаат - Ги опишат разните аспекти од географијата на земјата, вклучувајќи ја нејзината големина, демографијата, формата на земјата, и временските зони - Ќе се запознаат со временските и климатски услови - Ги идентификуваат различните видови пари кои се употребуваат - Ќе ги разберат единиците за мерка и како се употребуваат 30 минути Основни информации Главен град: Лондон Население: 62.698.362 Површина: 243.610 квадратни километри Главни јазици: англсики јазик Валута: Фунта стерлинг Стапка на невработеност; 7,9% ЗАБЕЛЕШКА: за овој дел, добро би било да понесете мапа на земјата и примероци од валутата, парички и банкноти. Географија / Клима / Национални празници Обединетото Кралство се состои од: а) Велика Британија (вклучувајќи ја Англија, Шкотска и кнежевината Велс) б) Северна Ирска в) помали острови вклучувајќи ги островот Вајт, Англеси, Сцили, Оркни, Шетланд и архипелагот Хебридеан. Површината на Обединетото Кралство изнесува од прилика 243,610 квадратни километри. Областа на Англија изнесува 130,423 квадратни километри, на Шкотска 78,080 квадратни километри, на Севрна Ирска 13,483 квадратни километри. Највисоките планини се наоѓаат во северниот и западниот дел на земјата (Шкотските висорамнини и Велшките планини). Планинскиот дел од Англија е 9

ретко населен, додека низинскиот дел на Британија има плодни почви и е густо населен. Главните реки во Обединетото Кралство се Северн долга 354 км и Темза 346 км долга. Најголемата река во Шкотска е Клајд (169 км), додека најголемото езеро е Лох Неј (396 квадратни километри) кое се наоѓа во Северна Ирска. Највисоките планини се Бен Невис во Шкотска (1343 м) и Сноудон во Велс (1085 м). Должината на брегот изнесува околу 12.429 км и се состои од многу заливи, ртови и илјадници мали острови. Обединетото Кралство е островска земја со умерена и разнолична клима, која се карактеризира со продолжени периоди на временските услови, со благи зими (просечната температура во Обединетото Кралство во зимата 2010 изнесуваше 1.6 C) и топли лета (просечната температура во Обединетото Кралство во летото 2010 изнесуваше 14.6 C). Целокупната клима во Обединетото Кралство е наречена умерена морска. Февруари се смета за најстудениот месец, додека јули и август обично се најтоплите месеци. Времето во Велика Британија се менува често од една географска локација до друга, дури и на блиско растојание. Јужна Англија нуди најдобри временски услови со благи зими и топли лета. Северниот и североисточниот дел на Англија се карактеризираат со постудени зими и релативно суво време. Во западниот дел на Англија има топли лета и блади зими и најмногу дожд паѓа во Велс и Шкотските висорамнини. Националните празници во Обединетото Кралство се: Нова година 1 Јануари или понеделникот што следи по 1 Јануари Велики петок Велигден May Bank Holiday работен ден кога банките не работат Првиот понеделник во мај Spring Bank Hоliday работен ден кога банките не работат последниот понеделник во мај Summer Bank Holiday работен ден кога банките не работат последниот понеделник во август Божиќ или првиот понеделник што следи ако Божиќ се паѓа за викенд Boxing Day првиот делничен ден по Божиќ Валута / Девизен курс Валутната единица во Обединетото Кралство е фунта стерлинг понекогаш означувана како ( ) или GBP (Great Britain Pounds Британска фунта) и една фунта содржи 100 пени. Обединетото Кралство не е членка на Евро зоната па така фунтата стерлинг е валутата на земјата. Од ноември 2011, девизниот курс за фунтата со главните странски валути беа следните 1 : 1 Според девизниот курс обезбеден од Валута Обединето Кралство 10

1 GBP = 1.17 EUR 1 GBP = 1.57 USD 1 GBP = 1.44 CHF Модул III Цел: Цели за учење: Време Материјали Работење во Обединетото Кралство Да се даде точен, реален, објективен опис на ситуацијата на пазарот на труд, на постоечките шеми за миграција и краток преглед на барањата за виза и работни дозволи Учесниците ќе: - добијат основно разбирање за миграциските процедури, права и одговорности - ќе се запознаат со нивните правни обврска во однос на барањата за престој - ќе ја разберат ситуацијата на пазарот на труд и како да бараат работа 1 час и 30 минути Сесија 1: Влезна виза / Работна дозвола / Работна виза Дозвола за влез Дали ќе треба да аплицирате за дозвола за влез зависи од вашата националност и причината за вашата посета во Обединетото Кралство. Службите за виза во Обединетото Кралство имаат формулар за визи на нивната веб локација (http://www.ukvisas.gov.uk/en/doineedvisa/) којшто може да се употрeби да се дознае дали ви е потребна виза или кој вид на дозвола е потребен за да влезете во Обединетото Кралство. На државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора, Косово (УНСЦР 1244) и Србија им е потребна виза за влез во Обединетото Кралство. Квалификуваност За да дојдете во Обединетото Кралство како посетител мора да докажете дека: Имате 18 години или повеќе; Сакате само да го посетите Обединетото Кралство до шест месеци, или до 12 месеци ако придружувате академски посетител; Имате намера да го напуштите Обединетото Кралство по завршувањето на вашата посета; http://www.currencyuk.co.uk/ 11

Имате доволно пари да се издржувате и да се сместите во Обединетото Кралство без да работите, без да добиете помош од јавните фондови или дека вие и вашите штитеници ќе бидете сместени од страна на ваши роднини или пријатели; Можете да ги платите трошоците за патувањето кон и од Обединетото Кралство, и Не патувате до земја надвор од заедничкиот простор за патување. Морате да докажете исто така дека за време на вашата посета, немате намера да: Се вработите, да продавате производи и да давате услуги; Да следите студиски курс; Да стапите во брак или да создадете граѓанско партнерство, или да навестите брак или граѓанско партнерство; Да извршувате активности на бизнис посетител, спортски посетител или на забавувач, или Да примате приватен лекарски третман. Потребни документи Ако сте вработени, писмо од вашиот работодавец дека ви дозволува да отсуствувате од вашата работа определен временски период во писмото треба да стои колку долго сте вработени од работодавецот, на кое работно место и кога ве очекуваат назад на работа; Ако сте самовработени, доказ за вашите деловни активности и финансиска состојба; Доказ дека поседувате имот во вашата земја; Ако сте студент, писмо од вашето училиште или колеџ во кое е наведен курсот на кој сте запишани, датите на почеток и крај на курсот, и датите на распустот кога сакате да го посетите Обединетото Кралство; Исто така ќе ви помогне ако докажете дека имате семејство и социјални врски и одговорности за кои треба да се вратите; Доказ за вашите планови за патување што сте ги направиле; Извод од банка за последните неколку месеци, и Доказ дека имате заштеда која ви припаѓа. Барањето за дозвола за влез како посетител може да се изврши во секоја британска дипломатска канцеларија каде што имаат служба за визи. Сите други барања за дозвола за влез мора да се извршат во британската амбасада во земјата или територијата во која живеете. Продолжување на престојот Ако дојдете во Обединетото Кралство како посетител, дозволено ви е да останете таму максимум шест месеци (или 12 месеци ако придружувате академски посетител). Кога влегувате во Обединетото Кралство, должината на вашата дозвола за влез ќе биде испечатена на вашиот пасош. Ако ви дале дозвола за влез за три месеци и сакате да го продолжите својот престој до максимум шест месеци (или 12) 12

треба да аплицирате за продолжување употребувајќи го формуларот FLR(O) достапен на следнава веб локација: http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/visitingtheuk/visitors/extendingyourstay/ Мора да бидете во Обединетото Кралство за да аплицирате за продолжување на престојот и мора да аплицирате барем четири недели пред да ви истече вашата дозвола за престој во Обединетото Кралство. Можете да го поднесете вашето барање преку пошта или лично. Ако аплицирате преку пошта, морате да го испратите вашето барање на адресата наведена на предната страница на формуларот. За да аплицирате лично, треба да закажете состанок во една од канцелариите за јавна истрага ова е услуга што се извршува во еден ден и е со повисока цена. Имиграција поради вработување Имиграција поради вработување во Обединетото Кралство за оние мигранти надвор од Европската економска зона и Швајцарија се темели врз системот на поени. Според овој систем, мигрантите мора да поминат низ процес на проценка на поените пред да добијат дозвола за влез и престој во Обединетото Кралство. Секој од петте редови на системот има различни барања во однос на поените бројот на поени што му се потребни на мигрантот и начинот на кој овие поени се доделуваат зависи од редот. Поените се доделуваат за да ја одразат можноста, искуството и возраста на мигрантот и нивото на потреба во избраната индустрија на мигрантот. Петте реда се следните: Ред 1* - за високо квалификувани работници како што се научници и претприемачи поделени во поткатегории: Општи Претприемачи Инвеститори Работа по завршување на студиите Ред 2** - за квалификувани работници со понуда за работа, како што се професори и медицински сестри, поделени во поткатегории: Општи Свештеници Спортисти Трансфер во компании Ред 3 за ниско квалификувани работници кои пополнуваат одреден привремен работнен недостаток, како што се градежни работници за одреден проект. Ред 4 за студенти. Ред 5 за привремени работници, како што се музичари кои доаѓаат да одржат концер, и учесници во проект за мобилност на млади, поделени во поткатегории: Креативни и спортисти Хуманитарци Религиозни лица Владини одобрени размени 13

Меѓународен договор Проект за мобилност на млади Постојат многу однапред дефинирани барања за подобност и различни процедури за аплицирање за секој од редовите. Прирачникот за дестинација на Обединетото Кралство изобилува со информации во врска со разните процедури за аплицирање, потребната документација за секој од редовите. *Од март 2011, странските претприемачи и инвеститори кои доаѓаат во Обединетото Кралство под Ред 1 од системот на поени ќе може да се сместат во земјата ако планираат да инвестираат големи суми. Така, оние претприемачи кои инвестираат 10 милиони фунти ќе може да живеат во Обединетото Кралство по само две години, додека оние што инвестираат 5 милиони фунти по само три години. Ред 1 (претприемач) мигрантот ќе може да почне да живее побрзо ако создаде барем 10 работни места, или има годишен обрт на парите од барем 5 милиони фунти. ** Од јули 2010, владата на Обединетото Кралство воведе ограничување на барањата под Ред 2 (за квалификувани работници со понуда за работа), и од април 2011, владата на Обединетото Кралство воведе годишно ограничување на бројот на мигранти кои може да дојдат во Обединетото Кралство под Ред 1 (за високо квалификувани работници). Така, со годишното ограничување, работодавците во Обединетото Кралство ќе може да донесат само 20.700 луѓе надвор од ЕУ да работат на квалификувани работни места под Ред 2. Понатаму, само 1000 визи ќе се доделуваат на лица со исклучителен талент. Оние кои заработуваат 150.000 фунти годишно, не се предмет на ограничување. Важна забелешка: Ред 1 (Општи) Ред 1 (Општи) категоријата која овозможува високо квалификувани луѓе да бараат можности за работа или самовработување во Обединетото Кралство без понуда за работа е моментално затворено за барања од странство. Граничната агенција на Обединетото Кралство престана да ги прифаќа барањата од Ред 1 (општи) од странство од 00:01 часот на 23 Декември 2010. Важна забелешка: реорганизирани и постриктни критериуми за Ред 4 (Студии) Главните промени се: Од април 2012, која било институција која сака да спонзорира студенти ќе треба да биде класифицирана како Високо доверлив покровител и ќе треба да биде акредитирана од страна на законско тело за инспекција на образованието до крајот на 2012 година. Моменталниот систем не го бара ова, и има дозволено премногу ниско квалитетни колеџи да станат покровители; 14

Студентите кои доаѓаат да студираат универзитетски курс треба да зборуваат англиски јазик на високо средно ниво (B2) наместо на сегашното ниско средно ниво (B1) ; Вработените во Граничната агенција на Обединетото Кралство ќе можат да одбијат влез за студентите кои не можат да зборуваат англиски јазик без толкувач, и кои според тоа не го исполнуваат минималниот стандард; Студентите на универзитетите и високообразовните институции финансирани од државата ќе ги задржат моменталните работни права, но сите други студенти ќе немаат право на работа. Ќе поставиме ограничувања на работните места за курсеви надвор од универзитетите; Само постдипломците во универзитетите и студентите спонзорирани од владата ќе може да донесат свои штитеници. Во овој момент, сите студенти на долги курсеви може да ги донесат своите штитеници; Граничните служби на Обединетото Кралство ќе го ограничат времето што може да се добие со студентска виза на три години за ниските степени (како што е сега) и на пет години за високите степени. Моментално не постои ограничување за студирање во или над универзитетски степен; Граничните служби на Обединетото Кралство ќе го затворат Ред 1 (работење по завршување на студиите), кој им овозможува на студентите да бараат вработување 2 години по завршување на нивниот курс. Само дипломците кои имаат понуда за квалификувана работа од работодавец според Ред 2 ќе може да остане да работи. Сесија 2: Постоечки програми за миграција и билатерални квоти Шема за сезонски земјоделски работници (SAWS) овозможува фармерите и земјоделците во Обединетото Кралство да вработуваат земјоделски работници од странство на максимум шест месеци. Шемата работи врз основа на квота; работодавците смеат да вработат одреден број на работници од странство секоја година. На учесниците во оваа шема им се издава работна карта којашто им дава дозвола да работат во Обединетото Кралство за определено време. Според Шемата за мобилност на младите (заменувајќи ги одредбите за мобилност на младите под Правилата и концесии за имиграција), граѓаните на следниве земји: Австралија, Канада, Јапонија, Монако и Нов Зеланд, на возраст помеѓу 18 и 31, може да работат и патуваат во Обединетото Кралство за максимум период од 2 години. На апликантите не им е потребно покровителство, но мора да покажат дека имаат финансиски средства од 1600 фунти за да се издржуваат во времето на аплицирање. Постои годишно доделување на места според Шемата за мобилност на младите за секоја од земјите учеснички. Шемата исто така ги разгледува и барањата кои доаѓаат од британски државјани кои живеат во странство, во Британските прекуморски територии итн. Шемата базирана на сектори е наменета за бугарските и романски граѓани на возраст меѓу 18 и 30 години, кои може да работат цело работно време во секторите за производство на храна, преработување на риба, месо и печурки за минимално 15

работно време од 30 чесови неделно. Шемата базирана на сектори има ограничување на квотата од 3500 работни места годишно. Сесија 3: Дозволи за престој Категории: Ограничен престој: Дозвола за престој во Обединетото Кралство привремено за времетраењето наведено во вашата виза. Неограничен престој: Ако сте живееле легално во Обединетото Кралство одредено време (обично помеѓу две и пет години) можете да аплицирате за да живеете таму постојано. Вашето право да аплицирате за живеење ќе зависи од вашата моментална категорија за имигранти. Треба да го прочитате делот за вашата категорија за да дознаете дали и кога можете да аплицирате за живеење. Работење во Обединетото Кралство (http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/workingintheuk/ ) Партнери и членови на семејството (http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/partnersandfamilies/) Азил (http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/asylum/) Повеќето апликанти треба да покажат дека имаат познавања од јазикот и животот во Обединетото Кралство: http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/settlement/knowledgelanguage-life/ Следниве формулари постојат со цел да останете постојано во Обединетото Кралство: (1) Формулар SET (M) Треба да го употребите формуларот SET (M) ако: Моментално имате привремена дозвола да престојувате во Обединетото Кралство како сопруг, сопруга, граѓански партнер или невенчан партнер/партнер од ист пол на британски граѓанин или личност што живее таму; Сте живееле во Обединетото Кралство 2 години во оваа категорија, и Сè уште планирате да живеете заедно (и сè уште сте во брак или во граѓанско партнерство). За повеќе информации ве молиме посетете ја веб локацијата: http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/settlement/applicationtypes/applicationformset(m)/ 16

(2) Формулар SET (O) Формуларот SET (O) е за многу други видови на барања за живеење. Можете да го употребите формуларот SET (O) ако моментално во една од следниве имиграциски категории и живеете во Обединетото Кралство во таа категорија 5 години: Ред 1 или Ред 2 од системот на поени (исклучувајќи ја категоријата за работа по завршување на студиите од Ред 1) сопственик на работна дозвола деловен човек иноватор инвеститор претставник на прекуморски весник, новинска агенција или радиодифузна организација приватен помошник во дипломатско домаќинство прекуморски владин вработен свештеник, мисионер или член на религиозен ред операциски персонал на аеродром на странска авиокомпанија самовработен адвокат писател, композитор или уметник потомци од Обединетото Кралство високо квалификуван мигрант според Програмата за високо квалификувани мигранти (HSMP) но ако сте аплицирале во HSMP пред 3 Април 2006 и сте дошле во Обединетото Кралство врз основа на тоа барање, можете да аплицирате откако ќе бидете во Обединетото Кралство 4 години. http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/ukresidency/settlement/applicationtypes/applicatio nformset(o)/ (3) Формулар SET (DV) Формуларот SET (DV) е за барања за живеење за жртвите од семејно насилство. Треба да го употребите овој формулар ако ви е издадена привремена дозвола да престојувате во Обединетото Кралство како партнер на постојан жител, и врската се прекинала бидејќи сте претрпеле семејно насилство. (4) Формулар SET (F) Формуларот SET (F) е за барања за живеење за членови на семејството (освен партнери) на британски граѓани или луѓе кои живеат во Обединетото Кралство. Можете да аплицирате употребувајќи го овој формулар ако сте: дете на возраст под 18 години на родител, родители или роднина кој е постојан жител на Обединетото Кралство и моментално живеете таму; 17

посвоено дете на возраст под 18 години на родител или родители кои се постојани жители на Обединетото Кралство и моментално живеат таму, или родител баба/дедо или друг роднина на возраст од 18 или повеќе години на лице коешто е постојан жител на Обединетото Кралство и моментално живее таму. http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/ukresidency/settlement/applicationtypes/applicatio nformset(f)/ (5) Формулар HPDL Треба да го употребите формуларот HPDL за да аплицирате за живеење или продолжување на вашиот престој ако: ви била дадена посебна дозвола да останете во период од помалку од 4 години, или за одделни периоди кои изнесуваат вкупно 4 години; ви била дадена дискрециона дозвола да останете, или ви била дадена хуманитарна заштита пред 30 август 2005. http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/settlement/applicationtypes/applicationformhpdl/ Имиграциското биро за истрага може да ви даде совети во врска со дозволите да останете и барањата за живеење. Телефон: 0870 606 7766 Факс: 0800 389 8289 Електронска адреса: UKBApublicenquiries@ukba.gsi.gov.uk Сесија 4: Ситуација на пазарот на труд / веб локации за барање работа Ако некоја професија се наоѓа на листата на недостаток од работници тоа значи дека нема доволно жители да го пополнат работните места за таа одредена професија. Така, мигрантот кој доаѓа во Обединетото Кралство под Ред 2 (Општи) кој е на листата на недостиг на работници, ќе ги добие сите поени што му се потребни за да аплицира (освен за познавање на јазикот и издржувањето) и нема да има потреба да го докаже своето заработување и квалификации. Во случај работодавецот да сака да вработи личности за работни места кои не се наоѓаат на листата на недостаток, тогаш тој ќе треба да пополни тест за пазарот на труд. Повеќе детали за тестот можете да најдете на страницата: http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/employers/points/sponsoringmigrants/employingmig rants/residentlabourmarkettest/ Листата на недостиг на работници е одобрена од владата на Обединетото Кралство и содржи информации за видовите на работни места и секторите кои се соочуваат со недостиг на работници. Што се однесува на 2011 година, постои недостаток на работна сила во здравствениот сектор и социјалната работа (биолошки научници и 18

биохемичари, медицински лица, фармацевти, ветеринари, медицински сестри, радиолози); професионалните научни и технички активности (физичари, геолози и метеоролози); градежништво (граѓански, механички, електрични, хемиски инженери); активности поврзани со сместување и кетеринг (готвачи); и електродистрибуција, дистрибуција на гас, пареа и ладење, и производство (обработка на метали и одржување на филтери). Листата за недостаток на работници е достапна за преземање на: http://www.ukba.homeoffice.gov.uk/sitecontent/documents/workingintheuk/shortageoccu pationlist.pdf Одбрани веб локации за барање работа: Оддел работа пензија за и Дирекција за барање работа Jobcentre Plus http://www.dwp.gov.uk/ Информации во врска со вработувањето, таксите, број на осигурување, ситуацијата на пазарот на труд итн. Телефон: 0845 60 60 234 Најновите слободни работни места и помош за http://www.jobcentreguide.co.uk/onli ne-job-searching/16/searching-forjobs-online Jobcentre Plus Секретаријат: Ниво 1 Steel City House West Street Sheffield, S1 2GQ наоѓање работа Професионална, модерна и бесплатна услуга преку мрежа на канцеларии и центри за контакт низ Британија. Оддел за http://www.berr.gov.uk/ Информации за деловни бизнис, компании и можности во Обединетото Кралство регулаторни реформи Directgov http://jobseekers.direct.gov.uk/ База на податоци за барање работа Работни премини http://www.workgateways.com/searc h.php Европски портал за мобилност на истражувачите /ec.europa.eu/euraxess/index.cfm/gener al/index Информации за работење во Обединетото Кралство; База на податоци за барање работа Слободни работни места групирани по земја или област на пребарување 19

Веб локации за барање работа Весници http://www.jobsite.co.uk/ http://www.jobsearch.co.uk/ http://www.newjobdirect.co.uk/ http://jobsearch.monster.co.uk/ http://www.jobs1.co.uk/ http://www.jobisjob.co.uk/ Работни места - Guardian: http://www.jobs.guardian.co.uk/ Дневен весник: http://dailynewspaper.co.uk/ The Mirror: http://www.mirror.co.uk/ The Sun: http://www.thesun.co.uk/ The Economist: http://www.economist.co.uk/ Sunday Times: http://www.timesonline.co.uk/tol/new s/ Sunday Mirror: http://www.sundaymirror.co.uk/ База на податоци за работни места според категоријата и видот на работата Сесија 5: Признавање на странски дипломи Ако сакате да работите, студирате или да спроведете истражување во Обединетото Кралство, може ќе треба да докажете дека вашите квалификации се признаени во земјата. Подолу ќе најдете информации за класификациите на студиите и еквивалентноста, како и информации за основните квалификации кои ви се потребни за да работите или обучувате во Обединетото Кралство. Проверка на еквивалентноста Телата за проверка може да ви дадат информации за признавање на нивните испити во Обединетото Кралство, од образовни институции, професионални тела, работодавци или владини оддели. Телата за проверка исто така ќе ве информираат за еквивалентноста во квалификациските рамки. Други извори на информации во врска со еквивалентноста и признавањето на дипломи во Обединетото Кралство и во целиот свет се мрежите на ENIC и NARIC. Одговорни власти за признавање на академските и професионални квалификации Високообразовните институции и разни акционери вклучувајќи ги NARIC во Обединетото Кралство, Националниот европас центар во Обединетото Кралство, Одделот за бизнис, иновации и вештини, QAA, Универзитетите во Обединетото Кралство и SCOP. 20

Квалификации за обука или студирање во Обединетото Кралство Ако планирате да студирате или да следите обука во Обединетото Кралство, посетете ја веб локацијата на Образование ОК и дознајте повеќе за барањата за упис за разни курсеви. Може да треба да покажете дека вашето ниво на познавање на англискиот јазик е доволно, и во тој случај треба да положите IELTS (Меѓународен систем за тестирање на англискиот јазик) тест или негов еквивалент. Националниот информативен центар за признавање во Обединетото Кралство Oriel House, Oriel Road, Cheltenham, Gloucestershire, GL50 1XP, United Kingdom телефон: +44 (0)871 330 7033 Факс: +44 (0)871 330 7005 http://www.naric.org.uk/ http://www.enic-naric.net/ Национален европас центар (ОК) http://www.uknec.org.uk/ Национално тело за професионални квалификации (ОК) http://www.uknrp.org.uk/ Модул IV Цел: Цели за учење: Време Практични информации за живеење во Обединетото Кралство Да им даде краток преглед на учесниците за практичните прашања поврзани со секојдневниот живот во Обединетото Кралство Учесниците ќе - го разберат домашниот пазар на домување и трошоците за живеење - ги разберат различните видови на сместување и како да ги бараат - го разберат здравствениот систем и системот за социјално осигурување - знаат каде да одат ако имаат потреба од помош - знаат како да го употребуваат банкарскиот систем 1 час и 30 минути ЗАБЕЛЕШКА: Вклучувањето на мигранти кои се вратиле или претставници од амабасадата во семинарот за обука за пред тргнување може да биде навистина корисно при обезбедување на веродостојни информации од прва рака. 21

Сесија 6: Сместување и комуналии Кога ќе пристигнете во Обединетото Кралство наоѓањето на адекватен имот е една од првичните одлуки што треба да ги донесете. Во Обединетото Кралство можете да најдете сместување главно преку: барање во локалните весници разгледување на огласните картички на куќите или прозорците од продавниците или во супермаркетите барање совети од пријатели или луѓе од вашата заедница изнајмување преку агенција за недвижнини. Во овој случај, може ќе биде побарано од вас да приложите договор за работа и може да постојат ограничувања за домашни животни и деца и ќе треба да платите висок депозит. Висината на депозитот е еднаква на една десетина од киријата за еден и пол месец. Запомнете: Делењето на сместувањето не е скапо, но треба да знаете дека во некои случаи не постои формален договор за изнајмување кој ги дефинира вашите права и служи како доказ за адреса (за банките за отворање на банкарска сметка). Понатаму, вашиот локален совет може да ви даде листа на сопственици кои имаат евтини сместувања за изнајмување во вашата област. Можете исто така да најдете податоци за имоти за изнајмување во вашиот локален весник и од агенти за недвижнини. Законот не дозволува агентите за недвижнини да ви наплаќаат за листи на слободни места во врска со достапни имоти. Важно е да дознаете што точно вклучува киријата пред да се согласите да го изнајмите сместувањето. Понекогаш може да вклучува и плаќање на локален данок или трошоци за услуги како струја или гас. Кога ќе почнете да изнајмувате имот треба да потпишете договор за изнајмување, исто така наречен и договор за закуп. Во договорот вие сте наречени закупец. Личноста или фирмата на која плаќате кирија е наречена сопственик. Вашиот договор за изнајмување е важен правен документ кои ги одредува вашите права и обврски за време на изнајмувањето. На пример, може да се вели во договорт дека не е дозволено пушење на имотот, или дека не ви е дозволено да им наплатувате на други луѓе да го делат сместувањето со вас. Ако некој дел од договорот не ви е јасен, важно е да добиете помош и совет пред да го потпишете. Бесплатен совет можете да добиете од Правните центри, Канцелариите за советување на граѓаните и доброволното национално засолниште за домување, кои управуваат со национален телефонски број за помош со домување 0808 800 4444. Киријата обично е одредена според цените на локалниот пазар и може да биде сменета зависно од видот на закупот. Ако не постои пишан договор, закупецот кој 22

кратко ќе го држи под наем имотот може да побара пишана изјава за следнве главни услови: датумот кога започнало изнајмувањето износот на киријата и датумите на кои се предава разгледување на киријата должината на некоја одредена временска граница Ако имате некои проблеми со сопственикот, побарајте помош од вашиот локален Совет. За повеќе информации посетете ги http://www.migrantworker.co.uk/housing.asp и/или http://ec.europa.eu/eures/ Комуналните услуги во Обединетото Кралство се состојат главно од трошоци за гас, вода, струја и телефон (телевизиска лиценца, сателитски пакети, широкопојасен интернет). Просечните трошоци за сметките за комуналии зависат во голема мера од локацијата и видот/големината на домот. Кога се вселувате во стан/куќа треба да ги контактирате доставувачите на гас и струја да го наместат мерачот да почне да мери од тој момент за да не ви биде наплатено за она што било користено пред да пристигнете. За повеќе информации за тоа каде да се обратите во врска со вашите сметки за комуналии, или како да стапите во контакт со доставувачот на комуналиите и за совет како да заштедите на вашите сметки за комуналии посетете ја веб локацијата: http://www.direct.gov.uk/en/moneytaxandbenefits/managingdebt/debtsandarrears/d G_10025592 Сесија 7: Храна и купување Традиционалната британска кујна вклучува готварски традиции од целото Обединето Кралство вклучувајќи ја англиската, шкотската, северноирската и велшката кујна. Иако било под големо влијание од кулинарните традиции на колониите што ги поседувало порано, ги задржало своите уникатни и својствени карактеристики, својата едноставност и високиот квалитет на локалниот производ. Традиционалните оброци во Обединетото Кралство вклучуваат леб, сирење, месо, риба, компири, брашно, јајца и путер. Традиционалните јадења подготвени од овие основни состојки се: печено говедско, пити, риба и компирчиња, Јоркширски пундиг, Камберланд колбас, Toad-in-the-Hole (јадење со колбаси во сос од Јоркширски пудинг), Гамом стек со јајце итн. Покрај тоа, можете да најдете многубројни индиски и кинески ресторани, како и пиза и шпагети во главните ресторани во земјата. 23

Исплатливи совети за храната во Обединетото Кралство: пробајте ја храната на етносите (ќе најдете исклулителни етнички британски, индиски, кинески и италијански ресторани) вечерајте во паб (во повеќето пабови ќе добиете евтини и богати порции од традиционални британски јадења) пробајте риба со компирчиња (многу британско, евтино и вкусно јадење) отидете на пазар (на тезгите ќе можете да пробате маслинки, сирење, леб, мед и ладни јадења) пробајте пакет ручек (во повеќето гостилници во Обединетото Кралство ќе можете да добиете пакет ручек по поволна цена кој ќе содржи сендвичи, парче торта, шишенце сок и чоколатце и друга храна според вашиот избор). Искуството од купувањето во Обединетото Кралство може да биде навистина фасцинантно, со голема палета на избори од евтините тезги на пазарите до најголемите и најмодерни светски стоковни куќи. Обединетото Кралство нуди разновидност и можности за избор за сите, без разлика дали тоа се однесува за главните метрополитски области или за малите локални заедници. За повеќе информации во врска со разните можности за купување/локации на стоковните куќи и трговски центри низ Обединетото Кралство ве молиме посетете ја веб локацијата: http://www.ukwebstart.com/listmalls.html Сесија 8: Комуникација (Телефони / Интернет) Комуникациите (Телефони/Интернет) во Обединетото Кралство се многу развиени и лесно достапни за секој. Ако сакате да имате интернет дома, тогаш потребен ви е Интернет провајдер/доставувач и модем. Можете да побарате интернет провајдер со добра деловна практика во Здружението на интернет провајдери http://www.ispa.org.uk/ Покрај тоа, многу локални библиотеки во Обединетото Кралство имаат компјутери со интернет пристап којшто можете да го употребувате за предодреден број на часови. Во случај да ви требаат податоци за библиотеките во вашата област каде што можете да користите интернет бесплатно, ве молиме контактирајте го вашиот совет. Во Обединетото Кралство можете да имате придобивки и од услугите за фиксен телефон и од мрежите на мобилни телефони. Британски телеком е главниот доставувач на фиксни телефонски линии за корисници поединци; други компании обезбедуваат телефонски линии но главно на големи компании и бизниси. Совет: За јавувања во Обединетото Кралство обично е поевтино ако вртите пред 08:00 или по 18:00 часот во работните денови, и кога било за време на викендите. 24

Сесија 9: Здравствена заштита и медицински услуги Јавниот обезбедувач на здравствена заштита во Велика Британија е познат под името Национална здравствена служба (NHS). Услугите што се надлежност на NHS се болниците, специјалистите, стоматолозите, хемичарите, оптичарите и амбулантната служба. Не сите услуги што NHS ги нуди се бесплатни. Освен ако не се ослободени, пациентите плаќаат (субвенционирани) фиксни трошоци за препишаните лекови, тестовите за вид, NHS очилата и стоматолошкиот третман. Болничкото лекување, амбулантната служба и медицинските консултации се бесплатни. Право на лекување од страна на NHS Првичните групи на кои NHS им нуди бесплатно и субвенционирано медицинско лекување се: оние кои имаат право да живеат во Британија и кои моментално се жители на Британија (ова ги исклучува британските граѓани кои живеат во странство); секој кој било жител на Обединетото Кралство претходната година или ако помалку од шест месеци е значајно помаган од страна на британската влада; државјаните на Европската Унија; бегалците и барателите на азил чиишто барања сè уште се разгледуваат; студенти (на студии подолги од шест месеци или ако се на студии пократки од шест месеци а се помагани од страна на британската влада); секој што има британска работна дозвола, кој работи во Обединетото Кралство за работодавец кој е основач или е регистриран во Обединетото Кралство како подружница на странска компанија/работодавец (ова ги вклучува и самовработените луѓе). Морате навистина да работите, а не само да барате работа. Секој неплатен работник со доброволна организација која нуди услуги слични на оние од одделот за социјални работи на Локалните или Здравствени власти. Секој што дошол да живее постојано во Обединетото Кралство. Ако сте поднеле барање за постојан престој откако сте пристигнале во Обединетото Кралство тогаш услугите ќе ви бидат наплатувани се додека вашето барање не е одобрено. Секој што прима воена инвалидска пензија или пензија за вдовици од војна; Секој оној што е испратен од властите на татковината за специјално лекување во Обединетото Кралство според условите на билатерален договор; Секој што е во затвор или е задржан од страна на имиграциските власти во Обединетото Кралство; Сопругот или сопругата и сите деца на оној кој е ослободен од критериумите наведени погоре, ако постојано живеат со лицето кое е ослободено од трошоци. Ако некој го посети на неколку недели или месеци не добива ослободување. 25

Ако не сте во некоја од овие категории кои можат да примаат бесплатно лекување, можно е да треба да платите за секое болничко лекување што ќе го примите. Затоа пожелно е да имате здравствено осигурување кое ќе важи додека престојувате во Обединетото Кралство. Државјаните на земјите со реципрочни здравствени договори со Британија исто така имаат право на лекување од NHS, иако ослободувањето од трошоците обично се однесува на итно лекување. Следните земји имаат такви договори со Обединетото Кралство: Земјите на Европската економска зона; Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, поранешна југословенска Република Македонија. Лекарска регистрација Властите за семејна здравствена заштита (FHSAs) овјавуваат листи на лекари (како и стоматолози, хемичари и оптичари) во нивните области, кои ги има во библиотеките, поштите, туристичките информативни центри и Канцеларијата за советување на граѓаните. Листите со доктори исто така може да се најдат во Жолтите страници или ако ја посетите веб локацијата на NHS: http://www.nhs.uk/servicedirectories/pages/servicesearch.aspx?servicetype=gp Кога сакате да посетите доктор, треба да закажете преглед. Многу лекари имаат часови за консултации (кога можете да го посетите лекарот без да имате закажано), кои обично се од 9 до 11 часот наутро. Ако сте посетител во Обединетото Кралство или имате привремена дозвола да живеете во Обединетото Кралство (ограничена дозвола за престој), можете да се регистрирате кај лекар во вашата област и да примате бесплатно лекување. Лекарот ќе одлучи дали да ве регистрира или не. Можеби нема да можете да ги примите сите услуги од болничкото лекување затоа што мора да бидете постојан жител или да сте живееле во Обединетото Кралство една година за да сте подобни за тоа. Ова се однесува дури и да сте британски граѓанин или сте живееле или работеле во Обединетото Кралство во минатото. Ако не сте сигурни каде да одите за да добиете здравствена услуга или совет за помала повреда или да се распрашате за здравствената заштита, можете да се јавите во дирекцијата на NHS. Бројот е 0845 4647. Кога ќе ви одговорат на повикот кажете на кој јазик сакате да зборувате и ќе ве поврзат со толкувач ако тоа е потребно. Оваа телефонска служба е достапна 24 часа, 7 дена во неделата. Во неа има вработени медицински сестри и професионални советувачи кои ќе ви дадат доверлив совет. 26

Трошоци Постојаните жители на Обединетото Кралство не треба да плаќаат за лекување кај лекар или во болница. Постојаните жители со ниски примања може да бидат подобни за бесплатни дополнителни услуги. Ако имате виза можете да добиете здравствена заштита од Националната здравствена служба NHS. Некои или сите услуги може да бидат бесплатни зависно од вашиот статус на престој и колку долго живеете во Обединетото Кралство. Некои здравствени услуги се бесплатни за сите. Тие се: Лекување во одделение за итни случаи или во ургентен центар при NHS кој дава услуги слични на оние од одделението за итни случаи; Лекување за одредени заразни болести (но за ХИВ/СИДА само поставувањето на дијагнозата и советувањето што следува потоа се бесплатни); Задолжително психијатриско лекување; и Услуги за планирање на семејство. Итни случаи Во Велика Британија, независно од националноста или способност да платат, итните пациенти се лекуваат бесплатно. Само ако сте хоспитализирани на повеќе од една ноќ и сте државјанин на земја без реципрочен здравствен договор со Обединетото Кралство, подоцна ќе ви биде побарано да платите за лекувањето. Нема да ви биде одбиена итно медицинско лекување во ниеден случај. Ако физички сте способни, треба да отидете во одделението за итни случаи во најблиската болница. Повеќето од овие одделенија се отворени деноноќно. Употребете го општиот број за итни ситуации 999 за брза помош, полиција или пожарникарна служба. Ако вие или вашето семејство сте сериозно болни и ви е потрбна итна медицинска помош, свртете го овој број и побарајте амбулантно возило. Ќе ве прашаат во што е проблемот и адресата. Овој повик е бесплатен. За сите прашања поврзани со здравјето, NHS има 24часовна телефонска линија: 0845 4647. Сесија 10: Систем за социјано осигурување Странски државјани во Системот за социјално осигурување на Обединетото Кралство Ако странско вработено лице има социјално осигурување во Обединетото Кралство зависи од неговата/нејзината националност и дали тој/таа претходно плаќал придонеси за социјално осигурување во Обединетото Кралство; 27