КВАЛИФИЦИРАНИ УБИСТВА СПОРЕД НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

ВЛИЈАНИЕТО НА ОБЈЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ ВРЗ УТВРДУВАЊЕТО НА НЕПРЕСМЕТЛИВОСТА ВО КАЗНЕНОТО ПРАВО

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ЗА СПЕЦИФИКИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПЕРИОДОТ ГОДИНА

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

Биланс на приходи и расходи

Структурно програмирање

АНАЛИЗА НА КРИМИНАЛНОТО ЗДРУЖУВАЊЕ И ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ОД КАЗНЕНО ПРАВЕН АСПЕКТ

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

Од одбраната на обвинетиот ЉУБЕ БОШКОВСКИ од Скопје

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

КРИВИЧНОТО ДЕЛО НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИ ВО МАКЕДОНСКО ПРАВО

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

март - јуни 2006 година

Социо политички и правни аспекти на аболицијата во меѓународната заедница

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

ПРАВНА АНАЛИЗА НА КОНЦЕПТОТ НА КАЗНЕНОТО ДЕЛО НА ОМРАЗА И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

НОВ ЗКП ПРАВИЧЕН БАЛАНС МЕЃУ ЕФЕКТИВНОСТА НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН И ЕФЕКТИВНАТА ОДБРАНА. Клучни зборови: судење, притвор, докази, вештачење, откривање

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

03. Plea Bargaining 01 MK [REV2] :05 Page 1

03. Investigation 01 MK [rev 2]:Layout :04 Page 1

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Позначајни концепциски разлики во реформата на истрагата во Хрватска и во Македонија

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

КОН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА. 1. Воведни забелешки- ги земаме ли правата и полицијата сериозно?

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ПРАВНИОТ ОДНОС МЕЃУ ГРАЃАНИНОТ И ДРЖАВАТА ВО ДЕМОКРАТСКО-ПРАВНАТА ДРЖАВА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Садирет Речи. Односи меѓу родители и деца во правниот систем на Република. Македонија

Коисмение.Штозначиме.

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА)

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ТЕОРЕТСКИ И ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Смислата на учењето на класичните јазици денес

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

М-р Елена Мујоска 1. год. 17, бр. 1-2, (2010) 237

- Пом. Асс. Олга Ѓуркова Универзитет Гоце Делчев - Штип Правен факултет

Николче Илиоски 153-II/Б

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

БРОШУРА ЗА МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј" Скопје Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје

views - opinions - dilemmas pogledi - mislewa - dilemi Ljupcho AJDINSKI Љупчо АЈДИНСКИ

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет - Кочани

Transcription:

КВАЛИФИЦИРАНИ УБИСТВА СПОРЕД НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ Автор: Адв. М-р Димитрија Димоски Јануари, 2015 година 1.АПСТРАКТ Заедничка карактеристика за квалификуваните убиства е таа што е проширено законското битие на обичното убиство и кон тој круг на објективни и субјективни обележја се придодадени квалификаторни елементи. Природата на тие квалификаторни елементи е таква што неправото на обичното убиство го подигнуваат на повисок степен на неправо, со што обичното убиство се преобразува во тешко, квалификувано убиство од различен вид. 2.КЛУЧНИ ЗБОРОВИ Убиство Убиство на свиреп начин Убиство на подмолен начин Убиство со умислено доведување во опасност на животот на некое друго лице

3.ВОВЕД Секој човек има вродено право на живот. Ова неприкосновено право не може да биде ограничено по ниеден основ, од никого. Историјата на човештвото е и историја на борба на човекот за издвојување на неприкосновеност на неговата физичка егзистенција. Директна повреда и загрозба на вроденото право на живот на секој човек е убиството. Актот на убиство е акт со кој директно се уништува човеквиот живот и се загрозува темелното право на нерпикосновеност на животот и телесниот интегритет на човекот. Согласно традиционалните дефиниции убиството се дефинира како акт на лишување од живот на едно човечко битие од страна на друго човечко битие со директна намера (умисла) или пак настанува како резултат на невнимание (небрежност). Денес речиси сите нацинонални казнени законодавства во своите казнени законици се обидуваат да дадат правна дефиниција на убиството. Така и кај нас во Кривичниот закон на Македонија во чл.123 ст.1 се врши дефинирање на убиството, притоа е искористена општата формулација тој што друг ќе лиши од живот (КЗ 1996,чл.123 ст.1). Со оваа одредба се определува основното дело на убиството. Покрај ова основно дело на убиство постојат и квалифицирани и привилегирани дела на убиството, кои од основното дело се разликуваат по некои додадтни околности, како што е начинот на извршувањето, својствата на жртвата, субјективните околности и сл. (Камбовски 2003). Во оваа насока можеме да истакнеме дека денес со оваа проблематика покрај националните законодавства на секоја држава се занимава и меѓународната заедница претставена од меѓународните организиции. Особено во последните неколку децении се позачестена е практиката на усвојување на меѓународни договори со кои се врши регулирање на материјата поврзана со основните права на човекот, па во таа насока се зборува во овие акти од меѓународен карактер и за вроденото право на живот на секој човек. Ова право е издигнато денес на рамниште на универзален принцип од кој не може и не смее да се отстапи во ниту едно општество. Меѓу позначајните акти во кои се зборува за универзалните човекови права би ги споменале: Универзалната декларација за правата на човекот на ООН од 1948 година, чл. 3; ЕКЧП, чл. 2; Пактот за граѓански и политички права од 1966 година, чл. 6 итн. Во 2

претходно истакнатите членови од презентираните меѓунадродни акти се истакнува универзалниот карактер на човековиот живот и неговата неповредливост. 4.КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЖИВОТОТ И ТЕЛОТО Со кривичните дела против животот и телото како правни основи засновани врз превентивно-репресивното дејство на казната во правниот систем е обезбедена институционализирана заштита на животот и телото. Како основни вредности, тие ја предодредуваат универзалноста на правните основи за нивна заштита. Денес кривичните дела од оваа група се сеопшто застапени во кривичните закони. Од тоа се изведува констатацијата за општ и универзален карактер на овие дела. Обичното убиство, како најкарактеристичен претставник на кривичните дела од оваа област, па и квалифицираните видови, се резултат на посебното човеково однесување при извршувањето на истите. Агресивноста како предуслов на агресијата; и агресијата како причинска последица на агресивноста се предмет на големи теоретски дебати. Според реактивната, агресијата е резултат на надворешните надразнувања и надворешните ограничувања во остварувањето на желбите и потребите на личноста, а додека пак, според втората (ендогенската) агресивното поведение треба да се бара во вечната растргнатост на човековото битие меѓу двете подбитија-анималното и социјалното, културното (Middendorff 1969). Ние застануваме на становиште дека квалифицираните видови на убиства се дефинитивно како резултат на внатрешниот дисбаланс во човековото однесување, неговите посебни скриени психички аномалии и душевни абнормалности. Квалифицираното убиство претставува по дефиниција насилнички престапкриминалитет (Кајзер 1995). 3

5.ОКОЛНОСТИ ЗА РАЗЛИКУВАЊЕ НА КВАЛИФИЦИРАНИТЕ УБИСТВА Треба да се обрне посебно внимание на околностите, затоа што токму тие се виталниот елемент кој определува во каков облик (вид) ќе се јави убиството. Убиството извршено на свиреп или подмолен начин и убиството со доведување во опсност живот на уште некое лице,спаѓаат во групата на квалифицирани убиства. Заедничка карактеристика за квалифицираните убиства е таа што е проширено законското битие на обичното убиство и кон тој круг на објективни и субјективни обележја се придодадени одредени квалификаторни елементи. Природата на тие квалификаторни елементи е таква што неправото на обичното убиство го подигнуваат на повисок степен на неправо, со што обичното убиство се преобразува во тешко, квалифицирано убиство од различен вид. Во чл. 123 ст.2 од КЗМ се установени повеќе облици на квалифицирани убиства и тоа со оглед на следниве околности: Околности што се однесуваат на начинот на извршувањето: убиство на свиреп или подмолен начин (т. 1), убиство со доведување во опасност живот на уште некое лице (т. 3); Субјективни околности што се однесуваат на мотивите на сторителот: убиство од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, безобѕирна одмазда, од други ниски побуди (т. 4), убиство по порачка (т. 5); Околности што се однесуваат на својството на жртвата: убиство на бремена жена (т. 6); Околности што се однесуваат на својствата и должноста на жртвата: убиство на службено или воено лице во вршење на определени безбедносни должности или убиство на судија, јавен обвинител или адвокат во вршење на неговата функција (т. 7) 4

Ние ќе се осврнеме на околноста што се однесуваа на начинот на извршување на убиството. Според тоа, имаме убиство извршено на свиреп или подмолен начин (чл.123 ст.2 т.1 и т.3) и убиство со доведување во опасност живот на уште некое лице (чл.123 ст.2 т.4). 6.УБИСТВО НА СВИРЕП НАЧИН (ЧЛ. 123 СТ.2 Т.1) Како лишување од живот убиството само по себе е насилен и свиреп акт со кој се предизвикуваат болки и страдања кај жртвата (физичко и психичко страдање на жртвата). Убиството на свиреп начин се карактеризира со зголемен, енормен степен на физички маки и страдање на жртвата, како и свест и волја на сторителот за причинување на такви страдања на жртвата. Теoријата и јудикатурата се согласни дека поимот на свирепост вклучува два елементи: објективен и субјективен. Во објективна смисла убиството може да биде свирепо ако е извршено на одреден начин и со одредено средство, ако времето на извршување траело повеќе од неопходното за лишување од живот на жртвата и ако жртвата трпела поинтензивна и поголема-додатна свирепост од неопходната за лишување од живот. Всушност објективниот елемент води кон постоење на осбено тешки маки, болки и страдања од физичка или психичка природа за жртвата. Наспроти објективниот, субективниот елемент не упатува на свеста на сторителот дека жртвата страда и постоење на волја од страна на сторителот за настанување на таквите страдања (Проевски 1998). Всушност во субјективна смисла потребна е свест и сакање односно согласување жртвата да се лиши од живот на свиреп начин со цел да се предизвикаат поинтензивни болки и повеќе страдања. Професорот Камбовски истакнува дека за субјективната компонента на свирепоста е достатна и евентуалната умисла. (Камбовски 2003). Убиството треба да се јавува како свирепо и во очите на жртвата, која реагира на болката и страда за цело време додека се врши чинот на убиство. Со оглед на неопходните елементи за постоење на свирепоста, спорно е прашањето дали убиството е свирепо кога жртвата е во бессознание и не ги чувствува маките од додатната свирепост. Во овој случај експертите истакнуваат дека "не постои 5

свирепо убиство ако е жртвата во бесознание и не ги чуствува болките". (Камбовски 2003, 36). Исто така не постои свирепо убиство ако начинот на неговото извршување е таков што предизвикува згрозување на околината. Пример за ова е черечењето на жртвата откако со еден удар е лишена од живот. Згрозувањето на средината е последица на тежината на злосторството, а не негова причина, затоа нејзината реакција не може да претставува елемент на убиството во овој контекст. Впрочем сосема сфатливо е што средината реагира на тој начин и тоа е дополнителна потврда дека е во прашање свирепо убиство. Спорно е прашањето за свирепост на убиството на новороденче или мало дете кај кое свеста за чувство на болка не е формирана. И тука се истакнува дека треба да се разликува свеста како свесно поимање на актот на лишување од живот и свеста како способност на организмот за реагирање на болката, како сетилен сензибилитет (а таков постои и кај мали деца). Ова значи дека дека свирепото убиство на новороденче ги исполнува условите на законското битие и извршителот на таквото убиство ќе се гони за извршено свирепо убиство. "Неприфатливи се и мислењата кои законските мотиви за установување на свирепоста како квалификаторна околност ги сметаат како составни елементи на свирепоста, поаѓајќи од тоа што тие ја имаат предвид и откриваат закоравеноста и неморалноста на сторителот, поради што убиството извршено од негова страна претставува тешко убиство (Проевски 1998, 342)". Не негирајќи дека начинот на извршување во голема мера ја открива личноста на сторителот и неговите карактерни црти, треба да се истакне дека и тоа не е составен елемент на свирепоста. Само состојките на законското битие ја определуваат правната природа на делото. Сите други објективни и субјективни елементи сами за себе или во контекст со останатите можат да влијаат на висината на казната која ќе биде изречена од страна на судот. Од особено значење е да се истакне и ставот на судската практика околу прашањето на свирепото убиство преку истакнување на неколку дефиниции. "Кривичното дело убиство на свиреп начин постои кога покојникот пред смртта трпел големи физички болки, бил мачен и страдал, а обвинетиот намерно одел кон тоа да му нанесе такви болки"-(всм-iii/1985,стр. 52). Исто така кривичното дело 6

убиство на свиреп начин е сторено кога сторителот на жртвата ќе и нанесе голем број убоди и кога сега покојната трпи големи болки и страдања, за кои обвинетиот бил свесен и тоа го сакал"-(всм, Кж. Бр. 336/69, стр.30). Од овие пресуди на нашите судови може да се констатира дека се она што го кажавме претходно како теоретско знаење за убиството на свиреп начин се потврдува и на практичен план преку активноста на судовите во однос на разрешување на ваквиот тип на убиства. И судиите при обидот да дефинираат што е тоа свирепо убиство поаѓаат од зголемениот степен на физички маки и страдања на жртвата, како и свест и волја на сторителот за причинување на такви страдања на жртвата. Во поглед на компаративните искуства, исти решенија има и од теоретски аспект (во кривичните законици на Србија и Хрватска) и од практичен аспект (преку одлуките на судовите во погоре споменатите држави). И тука се бара оцената на свирепоста да се засновува и на објективните и на субјективните елементи. 7.УБИСТВО НА ПОДМОЛЕН НАЧИН (ЧЛ. 123 СТ.2 Т.1) Иако според законската дикција, убиството на свиреп и убиството на подмолен начин се сместени во ист член, сепак се работи за сосема две различни убиства. Ова квалифицирано убиство се карактеризира со поголем интензитет на потајно и прикриено постапување за да се дојде до жртвата, таа да се лиши од живот со што помалку отпор, при што сторителот ја икористува нејзината беспомошниост и доверба. (Камбовски 2003). За ова квалифицирано убиство исто така се бара функционално единство на објективното и субјективното битие. Објективно, подмолното убиство се извршува потајно и прикриено, со доведување на жртвата во беспомошна состојба, кога се искористува довербата и незаштитеноста и кога е ставена во положба да биде лишена од живот изненадно, од заседа или кога не може да се брани. Субјективно, делото треба да биде израз на измамнички однос и лукавство, на злоупотреба на довербата, заведување и отстранување на сомнението за опасноста што се создава со доведување во дадената ситуација. И во однос на двете компоненти интензитетот треба да го 7

надминува неопходниот за извршување на делото. При пресудувањето на овие дела, судовите бараат кумулативна застапеност на двата елемнти, што се гледа од следните примери на судската практика: "Убиство од заседа не е убиство на подмолен начин...според сфаќањето на ВСМ ваквото убиство не е подмолно. Ова поради тоа што подмолноста во себе содржи такво однесување на извршителите, со кое жртвата се стекнува со доверба во нивната чесност и чесни намери, па поради тоа од таа страна не очекува зло..."- ( ВСМ, Кж. Бр. 334/72, стр.35) Наспроти ова теоретичарите истакнуваат дека убиството од заседа би можело да се третира како убиство на подмолен начин ако сторителот презел некои претходни измамнички дејствија за да ја намами жртвата во заседа. Беспомошноста на жртвата тука се должи токму на односот на доверба спрема сторителот на делото. Во наредниот пример и случај можеме да забележиме дека не е доволно оштетениот на спиење да е лишен од живот, туку е потребно и измамничко, неискрено постапување на сторителот кој со одредено претходно дејствие ја донел жртвата во состојба која му овозможува лесна ликвидација. Околу ова се согласни и судската практика и теоријата. "...за постоење на квалификувано кривично дело убиство...не е доволно оштетениот на спиење да е лишен од живот, туку покрај тоа е потребно сторителот да постапувал измамнички, неискрено или злонамерно, да ја искористил безизлезноста, беспомошноста или посебната доверба на убиениот."-(всм, Кж. Бр. 235/84) Уште поинтересен е наредниот случај во кој можеме да видиме дека не станува збор за квалифицирано убиство на подмолен начин. Обвинетиот во овој случај навистина постапува мудро и лукаво, но тоа негово постапување не е насочено во насока создавање состојба на голема доверба и беспомошност на жртвата. Ваквото постапување на обвинетиот е наосчено директно кон имотот на жртвата (стекнат во игра на среќа). Ние сметаме дека тука станува збор за убиство 8

од користољубие, затоа што доаѓаат во преден план користољубивите побуди на сторителот, под што подразбираме безобѕирен егоистички стремеж на сторителот за постигнување имотна корист по пат на убиство. "... не се работи за квалификувано убиство на подмолен начин...кога од утврдените околности на делото произлегува дека оптужениот откако во гостилницата видел дека оштетениот во играта добил поголем износ на пари, со намера да го лиши од живот и да му ги одземе парите, дошол до неговата куќа и кога се уверил дека нема никој во неа, го прескокнал ѕидот, ја зел секирата од дрварата и низ прозорецот влегол во спалната соба во која сокриен сочекал додека оштетениот не се вратил дома и заспал во другата соба и тогаш удирајќи го со секирата го усмртил и од џебот од панталоните ми ги зел парите..."-(всм, Кж. Бр. 377/87). И според Казнениот законик на Србија, утврдувањето на убиството на подмолен начин се врши според објективните и субјективните елементи кумулативно. Објективната компонента се гледа во начинот на извршување (во заседа, на спиење, отров). Интересно е што во обзир се земаат и таканаречените хемиски и биолошки дејствувања врз жртвата. Субјективната компонента, пак, се карактеризира во лажењето, неискреноста, злата намера и искористувањето на довербата. 8.УБИСТВО СО УМИСЛЕНО ДОВЕДУВАЊЕ ВО ОПАСНОСТ НА ЖИВОТОТ НА УШТЕ НЕКОЕ ЛИЦЕ (ЧЛ.123 ст.2 т.3) Објективното битие на овој квалифициран облик на кривичното дело убиство се состои во лишување од живот на едно лице при што се доведува во опасност животот на уште некое лице. "Се работи за таков начин на извршување, со кој сторителот оди кон тоа, или се согласува со тоа, да го доведе во опасност животот на уште некое лице, при извршувањето на убиството." (Камбовски 2003, 39). Убиството се извршува со превземање на општо опасно дејствие или општоопасно средство (фрлање на бомба или друго експлозивно средство во група 9

на луѓе, употреба на огнено оружје и сл), при што загрозувањето на животот на некое друго лице е нус продукт од извршувањето на убиството. Опасноста која се создава неопходно е да биде непосредна и конкретна. Се бара да е исполнето обележјето во однос на доведувањето во опасност животот на уште некое лице, со оглед на употребеното средство, односно преземеното дејствие. Под "уште некое лице", во теоријата и јудикатурата преовладуваат сфаќањата дека треба да се подразбере доведување во опасност животот на уште само едно лице, покрај лицето кое се лишува од живот. Во однос на субјективната страна потребна е умисла да се лиши од живот едно лице, како и свест дека притоа се доведува во опасност животот на уште некое лице. Доколку кај сторителот постои свест да ги лиши од живот сите лица од групата, ќе се работи за стек на такви убиства, а не на овој облик на убиство. Интересно е да се напомене и дека овој вид убиство го консумира кривичното дело предизвикување општа опасност од чл.288, така што е исклучен стек меѓу двете дела. 9.СТАТИСТИКА Кога се во прашање погоре споменатите кривични дела мора да се наведе групата во која тие спаѓаат, а тоа се кривичните дела против животот и телото. Според податоците од Државниот завод за статистика во периодот од 2000-2009 година, може да се констатира дека оваа група на кривични дела е во пораст. Така на пример во 2000 година осудени биле 724 лица, а додека пак во 2009 (година во која се достигнува кулминацијата), таа бројка изнесува 905 лица. На кривичното дело убиство (чл.123, КЗ) за 2009 година отпаѓа бројка од 49 осудени, од кои само во еден случај сторител била жена. Притоа, треба да истакнеме дека во отсуство на точна бројка за тоа колку отпаѓа на убиството на свиреп или подмолен начин и на убиството со доведување во опасност на животот на уште некое лице, сите квалифицирани облици на убиство се супсумираат под обичниот облик според статистиката. Казните за овие видови на квалифицирани убиства е минимум 10 години или алтернативно доживотен затвор. Во 13 случаи во 2009 година е 10

изречена казна затвор во траење од 10-15 години (што можеме да кажеме дека се квалифицирани), а во 14 случаи казна затвор во траење од 5-10 години (што можеме да кажеме дека е обичниот облик на убиство). ГОДИНА Кривични дела против живот и тело ОСУДЕНИ 2000 724 2001 529 2002 567 2003 684 2004 674 2005 689 2006 857 2007 826 2008 835 2009 905 ( УБИСТВО-49) Извор: Државен Завод за статистика (Осудени полнолетни лица според кривичните дела) 2000-2009 10.СЛУЧАЈ 11

Одлуки на Основниот Суд Струмица 22.04.2010 К бр. 536/2009 К бр. 536/2009 Основниот суд во Струмица, во совет од петмина, составен од судијата Марина Абрашева како претседател на советот, судијата Стојанов Илија, како и судиите поротници Тупарова Силвана, Малинова Родне и Кирова Ќети со записничар Стоилкова Ванѓе, одлучувајќи во кривична постапка од прв степен по поднесениот прдлог за изрекување мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување на ОЈО Струмица со Ко бр. 451/09 од 26.8.2009 година за обвинетата Р.М. од Р. за кривично дело Убиство по чл. 123 ст.2 т.1 од КЗ, по одржаниот претрес, на кој присуствуваа бранителот на обвинетата Р., поставена по службена должност Д.Ч., адвокат од С., на синовите на обвинетата Р., Г. и Д. М., нејзината сестра, како и на застапникот на обвинението ЈО во ОЈО Струмица Томе Божиков, на ден 11.11.2009 година, по што го донесе следното Р Е Ш Е Н И Е ПРЕМА ОБВИНЕТАТА: Р. М. од татко Т. и мајка С., со моминско презиме Д., родена на... година во с. Д., живее во Р. ул. Самоилова бр. 47/3, вдовица, мајка на три полнолетни деца, невработена, со завршено средно образование, Македонка, државјанин на РМакедонија, досега неосудувана. - согласно чл. 479 од ЗКП, во врска со чл. 63 од КЗ С Е И З Р Е К У В А Мерка за безбедност ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПСИХИЈАТРИСКО ЛЕКУВАЊЕ 12

И ЧУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА Тршоците на постапката паѓаат на товар на буџетските средства на РМ, од кои сума во износ од 15.380 денари да се исплати на бранителот на обвиентата Р., Д. Ч., адвокат од С., поставена по службена диолжност. О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е ОЈО Струмица, до овој суд поднесе предлог за изрекување мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување на ОЈО Струмица со Ко бр. 451/09 од 26.8.2009 година за обвинетата Р. М. од Р. за сторено кривично дело Убиство по чл. 123 ст.2 т.1 од КЗ. По завршениот претрес и оцената на изведените докази, судот утврди дека предлогот на ЈО да према обвинетата М. Р. се изрече мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа е основан. Критичниот ден на 2.7.2009 година утрото околу 7 часот синот на сега покојниот Ј. М., Д. станал, а Ј. веќе бил станат и му помогнал да си ја измие главата бидејќи требало да се слика за пасош, а раката му била во гипс. После тоа Ј. отишол на работа, а Д. да се слика. Д. се вратил во станот околу 10 часот, послушал музика, а како претходната вечер имал испиено три апчиња за смирување, бил ненаспан и си легнал да спие. Во собата во која легнал има два кревета. Во соседната соба пак бил легнат да спие другиот син на покојниот Ј., Г. која пак целата претходна вечер гледал телевизија и дури утрото си легнал. Покојниот Ј. си дошол од работа и легнал на другиот кревет во собата во која спиел Д.. Додека сите спиела, обвиентата Р. која боледува од трајна душевна болест шизофренија во состојба на непресметливост, односно не можејќи да го сфати значењето на своето дело и не можејќи да управува со своите постапки, од оставата во станот ја зеле секирата, која им служела за цепење дрва и додека сите спиеле, влегла во собата каде спиел нејзиниот сопруг Ј. и му нанела повеќе удари во пределот на десната ушна регија и вратот, од кои два удара подлабоко, а останатите поплитки и од кои удари настапила насилна смрт кај 13

нејзиниот сопруг Ј. и тоа нагмечување на мозокот кое настанало како резултат на делување на сечивниот дел на секирата во пределот на десната ушна школка и десната страна од вратот, од што настанало секција на мускулите од вратот, на крвните садови во пределот на вратот, сечни рани во пределот на вториот вратен пршлен, крварење под меките мозочни обвивки и крварење во базалните јадра и белата маса на мозокот. Откако му ги нанела ударите, обвинетата Р. секирата облиена со крв ја вратила повторно во оставата и продолжила да шета низ станот. Д. се разбудил, а како во собата било темно поради спуштеното перде, ја запалил сијалицата и го видел татко му како целиот крвав лежи на другиот кревет. Отишол во другата соба, го разбудил брат му Г. кој исто така спиел. За тоа време обвинетата Р. шетала низ станот, и му побара цигара за да се смирила. Двата браќа отишле да побарат помош од Здравниот дом, каде дежурен лекар била др. С. К. која дошла во домашна посета во станот и можела единствено да констатрира насилна смрт кај веќе покојниот Ј.М.. Од погоре утврдената фактичка состојба, судот го извлече заклучокот дека обвинетата Р.М. во состојба на непресметливост сторила кривично дело Убиство по чл. 123 ст.2 т.1 од КЗ. Ваквата фактичка состојба, судот ја утврди од следната анализа: така за судот неспорно е дека обвинетата Р. го има лишено од живот својот сопруг Ј. и тоа додека овој спиел користејќи ја ова прилика со што лишувањето на живото го сторила на подмолен начин. Ова се утврдува од фактот да во станот се само таа и нејзините двајца синови кои критичниот момент се спиеле, а само таа е будна. Не е утврдено присуство на никое друго лице. Факт е дека убиството е извршенио со секирата коај е пронајдена во станот. Секирата е била во оставата каде и после убиствоото е најдена. Истата е била крвава и при тоа според Заклучокот од Институтот за судска медицина С.е од извршената ДНА анализа е утврдено дека прскањата на крв во текот на повеќекратните ударања по телото на покојниот, допринело до прскотини од крв на мајцата и тренерките на обвинетата, а која крв потекнува од покојниот Ј., како и дека истата ударите му ги има нанесено на дистанца од околу 1 метар. Исто така од овој заклучок неспорно се утврдува дека крвта на сечилото од секирата припаѓа на сега 14

покојниот Ј., а дека обвинетата Р. е таа која ракувала со дршката на секирата, а од од извршената ДНА анализа, дека е ракувала се утврдува со 99,94 %. Неспорно е и дека смрта е настапила насилно како резултат на нагмечувањето на мозокот предизвикано од делување на средство со сечивен дејствен дел во пределот на десната ушна регија и вратот. Од наодот и мислењето на вештото лицае др. В.Б., психијатар, неспорно се утврди дека обвинетата Р. е лице кое боледува од трајна душевна болест шизофренија и дека во времето на сторувањето на делото била во состојба на непресметливост, како и дека истата е опасна за околината. Судот го прифати наиодот и мислењето на вештото лице, а со кое се согласи и застапникот на обвинетнието, какои бранителот на обвинетата и нејзините синови. Со оглед на сето погоре изнесено, судот смета дека се исполнети узсловите за изрекување мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, согласно чл. 63 од КЗ, па со оглед на тоа, соглласно чл. 479 од ЗКП, одлучи како во изреката на прсудата. Трошоците на псотапката паѓаат на товар на буџетсктие средства на РМ, а сума од 15.380 денари да се исплати на бранителот посотавен по службена должност, Д. Ч., адвокат од С. а од кои средства, сума од 12.000 се досудени во текот на истрагата, а сума од 6.760 денари се трошоци за главниот претрес и тоа за едно застапување со пресметана саатнина од два часа, паушал од 30%, за состав на трошковник, сума од 1.300 денари, а сето тоа намалено за 50%. Од Основниот суд во Струмица под К бр. 536/2009. Записничар Стоилкова Ванѓе Претседател на совет Судија Марина Абрашева ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение право на жалба има незадоволната странка 15

во рок од 8 дена по приемот на пресудата преку овој суд, до Апелациониот суд во Штип. Во конкретниов случај, сведоци сме на делото убиство на подмолен начин кое е инкриминирано во Кривичниот законик, во чл.123 ст.2 т.1. Иако за среќа во пракса овие дела не се секојдневни и не се така чести како имотните деликти, можеме да заклучиме дека делата против животот, а особено делата при кои е извршено убиство на свиреп или подмолен начин се комплексни кривични дела сами по себе. Делото во приложениот предмет е сторено во Струмица на 02.07.2009 година од страна на обвинетата Р.М. која во критичниот ден како што е наведено во решението, го убила својот сопруг додека тој спиел, а таа пак го искористила тоа што едниот нивни син исто така спиел во собата во која го извршила убиството, а другиот син спиел во другата соба. Сопругата на сега веќе покојниот нејзин сопруг за тоа време отишла и ја зела секирата од оставата на нивниот стан, за по неколку моменти подоцна да му зададе неколку смртоносни удари со секирата, во пределот на главата на нејзиниот сопруг. Поради тешките, смртоносни повреди и болки, нејзиниот сопруг починал на самото место, а иако неговиот син кој син кој спиел во истата соба се обидел да му помогне, тоа било неуспешно. По неуспешните обиди, синот повикал и итна медицинска помош, но сепак лекарската екипа можела да констатира само смрт, бидејќи ударите од секирата биле смртоносни. Поради ова дело, е отворена кривична постапка од страна на Основното Јавно Обвинителство во Струмица и по утврдувањето на фактите и изнесувањето на доказите, од каде како несоборлив и главен доказ се дамките од крвта на жртвата на облеката на сторителот и трагите од крв на секирата со која е сторено убиството. Поради сето ова, на ден 22.04.2010 година, по предлог на ОЈО Струмица, судечкиот совет составен од пет судии одлучил дека обвинетата е виновна за кривично дело Убиство по чл.123 ст. 2 т.1 од КЗ. Поради тоа на сторителката на убиството и е изречена мерка за безбедност Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, согласно со чл. 479 од ЗКП а во врска со чл. 63 од КЗ на РМ. 16

Решението донесено од страна на првостепениот суд, било потврдено и од страна на Апелациониот суд во Штип. 11.ЗАКЛУЧОК Казнениот законик на РМ може да се каже дека е тотално компатибилен со останатите кривични законици на соседните земји, кога се во прашање убиството на свиреп или подмолен начин и убиството со доведување во опасност на животот на уште некое лице. Иако, теоретски јасна е разликата меѓу убиството на свиреп и убиството на подмолен начин, сепак, во практиката често се случува судовите подетално да не прецизираат за кој облик се работи (како што беше во претходно наведениот случај), туку со едноставна експликација да го класифицираат како убиство од член 123 ст.2 т.1. Потребна е поголема ангажираност, стручност и знаење на правосудните органи и тоа како, затоа што во практиката се случува да не бидат застапени објективните и субјективните компоненти кои кумулативно мора да бидат исполнети за да има убиство на свиреп или на подмолен начин. Во спротивно, кога истите не се исполнети немаме од овие видови на квалифицирани убиства, туку само обичниот (основниот) облик. Сето ова може да води до изрекување на несоодветни казни на сторителите (наместо казна за обично убиство да биде изречена казна за еден од видовите на квалификувано убиство). Кога е во прашање казната пропишана за овие кривични дела, исто така можеме да кажеме дека е во духот на компаративните искуства (Хрватска, Србија, Бугарија). Минимумот од 10 години е сосема во ред според нас и овозможува остварување на основните функции и цели на казненото право-специјалната и генералната превенција. Треба да се поработи и со оние луѓе кои веќе еднаш направиле вакво кривично дело, во насока на нивна ресоцијализација, бидејќи при евентуално неуспешно изведување на истата, можноста за рецидивизам е голема. Бидејќи, како што и претходно споменавме, квалифицираните убиства спаѓаат во насилничкиот криминалитет, добро би било да се влијае и на 17

психолошката страна кај луѓето преку пропаганди и едукативни програми со цел искоренување и елиминирање на абнормалностите во самата човекова личност. 12.РЕЗИМЕ/SUMMARY General (common) characteristic for the qualified homicides is the extended law existence of the ordinary (usual) homicide, plus the objective and subjective elements that are needed for existence of it. The nature of these elements and the circumstances in which the homicide is done, are lifting the unlawful (wrongful, punishable) action to a higher level, from ordinary to qualified homicide. 13.РЕФЕРЕНЦИ/ЦИТИРАНА ЛИТЕРАТУРА 18

Државен Завод за статистика. 2009. Сторители на кривични дела: Скопје Кајзер, Г., 1995. Криминологија: Александрија-Скопје Камбовски, В., 2003. Казнено право-посебен дел: Просветно дело- Скопје, стр.39 Кривичен законик, Сл.весник на РМ 37/1996, чл.123 Middendorff, B., 1969. Die Gewaltkriminalitat in den USA (Eine historisch-kriminologische Studie, str.1039 Проевски, Ј., 1998. Коментар на кривичен законик: Академик-Скопје, стр. 342 19

You are free: Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported to Share - to copy, distribute and transmit the work Under the following conditions: Attribution. You must attribute the work in the manner specified by the author or licensor (but not in any way that suggests that they endorse you or your use of the work). Noncommercial. You may not use this work for commercial purposes. No Derivative Works. You may not alter, transform, or build upon this work. For any reuse or distribution, you must make clear to others the license terms of this work. The best way to do this is with a link to this web page. Any of the above conditions can be waived if you get permission from the copyright holder. Nothing in this license impairs or restricts the author s moral rights. The document was created by CC PDF Converter