Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

Similar documents
Март Opinion research & Communications

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ АКЦЕЛЕРАТОР НА СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ

Биланс на приходи и расходи

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Биланс на приходи и расходи

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

РАФОМЕТРИКС. Страна 1 Г О Д И Н А 2, Б Р О Ј 3 ФОКУС

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ ОД ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ВО ГРЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

ПР објави во медиуми

Goal: Gain feedback on the experience of current and potential investors in Macedonia from the Diaspora

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Oдржливост на дефицитот на тековната сметка и можноста за. криза на билансот на плаќање во РМ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

3AnA EH 6A/\KAH. PEAOBEH EKOHOMCKH H31BEWTAJ..

КОРПОРАТИВЕН МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Г.Р.Державин - Свети Николе - Р.Македонија З Б О Р Н И К. на научни трудови

Контекст на земјата. Кратка содржина

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА четврто истражување

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНА НА ПРОИЗВОД ВО ФАЗАТА НА ВОВЕДУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС. Тамара Јованов Марјанова, Љупче Давчев, Ристе Темјановски

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЛИЧНА И ПРОИЗВОДНА ПОТРОШУВАЧКА

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

РЕДИЗАЈНИРАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ФИНАНСИСКА АРХИТЕКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА СТАБИЛЕН ЕКОНОМСКИ СИСТЕМ

Домашните наспроти странските директни инвестиции во Република Македонија: политики за поддршка и нивните ефекти

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП

ОДРЖЛИВОСТ НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Стратегија за промоција на извозот и препораки зa реорганизирање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот -Инвест Македонија

Лов на сенки Динамката на даночната евазија и измама во Македонија

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

Методи на финансиска анализа

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА КАКО ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА (РЕЗЕРВИ И РЕСУРСИ)

НЕРАМНОМЕРНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ ВО ЕРА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Преглед на државите во Западна Африка

Република Македонија Министерство за образование и наука

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Коисмение.Штозначиме.

ЗБИРЕН ПЕРИОДИЧЕН ДЕЛОВЕН ИЗВЕШТАЈ за 2009 година

64 Izvještaj Pokazatelji fiskalne decentralizacije za Jugoistočnu Europu: 2011

1 Ова брошура е подготвена од страна на Олга Михајлова Тикваровска и Кирил Миноски за проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, со

МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА ТЕМА:

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

ГЛОБАЛНАТА ФИНАНСИСКА КРИЗА И ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ ОДГОВОР НА КРИЗАТА

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

Елена К. Ангелевска-Скепароска МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД-ОСНОВА ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ЕФЕКТИ.

KEY WORDS: knowledge, know-how, investment, entrepreneurship, productivity

Светска Банка Партнерство со Република Македонија Слика на програмата на земјата. Април 2014 година

УЛОГАТА НА Е-МАРКЕТИНГОТ ВО УСЛОВИ НА ПРОМЕНЕТА ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Разбирање на проширувањето

ОБЛИЦИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО РАЗЛИЧНИ ФАЗИ ОД НИВНИОТ РАЗВОЈ

ПРОЦЕС НА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ (ДИФУЗИЈА НА ИНОВАЦИИ)

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ во СКОПЈЕ Економски факултет - Скопје САШО ЌОСЕВ АГРАРНА ПОЛИТИКА

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

Определување на минималната плата - Бриф за јавните политики во Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО ПОРТФОЛИОТО HA БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ -МАГИСТЕРСКИ ТРУД-

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Мониторинг на скриената економија во Македонија, Албанија и Косово: трендови, политики и можности ( )

ТЕХНОЛОГИЈАТА КАКО ФАКТОР НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НИЗ ПРАВЦИТЕ НА ЕКОНОМСКАТА ТЕОРИЈА

Годишна инвестициска стратегија на КД Фондови

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Економски Факултет - Прилеп МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите

ПОЛИТИКАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА POLITIKA PЁR ZHVILLIMIN E BARABARTЁ RAJONAL NЁ MAQEDONI

Народна банка на Република Македонија Дирекција за истражување. Работен материјал. Одржливост на тековната сметка на Република Македонија

C U R R I C U L U M V I T A E

Документ на Светска банка САМО ЗА СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА МЕЃУНАРОДНА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ МЕЃУНАРОДНА ФИНАНСИСКА КОРПОРАЦИЈА

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

ШТО ЕВРОПЈАНИТЕ МИСЛАТ ЗА ПОВРЗАНИТЕ ВОЗИЛА

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

Годишен Извештај. за работењето на Охридска Банка АД Скопје во 2013 год

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност

Transcription:

Универзитет Свети Климент Охридски Битола Економски Факултет Прилеп Компаративна анализа на политиките за привлекување на странски директни инвестиции во земјите на Западен Балкан - Магистерски Труд Ментор: Кандидат: Проф.Д-р Славица Роческа Стефановски Димитар 28/11 2014

Содржина Вовед Актуелност на истражуваната проблематика..................................... 5 Цели и методологија на истражувањето......................................... 7 1.Општ осврт на странските директни инвестиции и нивното значење a) Улогата и значењето на странските директни инвестиции за развојот на националните економии................................................. 8 b) Странските инвестиции предности и недостатоци......................... 10 c) Анализа на меѓународното движење на странските инвестиции на глобално ниво.12 d) Фактори и мотиви кои што влијаат на странските директни инвестиции.......22 2. Сранските директни инвестиции во земјите на Западен Балкан a) Странските директни инвестиции во земјите на Западен Балкан...............26 b) Странските директни инвестиции и развојните импликации врз земјите од Западен Балкан..............................................................30 c) Позитивни и негативни искуства на земјите од Западен Балкан од странските директни инвестиции.................................................52 3.Политики на привлекување на странски инвестиции во земјите на Западен Балкан a) Политики на привлекување на странски инвестиции......................... 55 b) Оценка на инвестициската клима во земјите на Западен Балкан................58 c) Анализа на политиките на земјите од Западен Балкан за привлекување на странски директни инвестиции................................................68 d) Улогата на агенциите за привлекување на странски директни инвестиции...... 81 2

4. Компаративна анализа на политиките за привлекување на странски инвестиции во земјите на Западен Балкан a) Западен Балкан како инвестициска дестинација........................... 90 b) SWOT анализа на условите за привлекување на странски инвестиции на земјите од Западен Балкан......................................................93 c) Перспективи и предлози...............................................108 Заклучни согледувања....................................................... 114 Литература................................................................ 118 3

Листа на кратенки СДИ Странски директни инвестиции ТИРЗ Технолошко индустриска развојна зона ЕУ Европска Унија ЦЕФТА - CEFTA Central European Free Trade Agreement (Централно европскиот договор за слободна трговија ) ЕФТА - EFTA The European Free Trade Assocjation (Европската асоцијација за слободна трговија ) УНКТАД - UNCTAD - United Nations Conference on Trade and Development (Агенцијата на ОН за трговија и развој) МИГА MIGA- Меѓународната агенција за осигурување на инвестиции SWOT strengths, weaknesses, opportunities, and threats(силни страни, слабости, можности, опасности) OECD - The Organisation for Economic Co-operation and Development (Организација за економска соработка и развој) 4

Вовед Актуелност на истражуваната проблематика Секоја земја се стреми да обезбеди поголема економска развиеност на домашната економија и повисок животен стандард за своите граѓани. Еден од најчесто користените начини за релативно кратко време да се зголеми економскиот раст и бруто домашниот производ се странските директни инвестиции.земјите се натпреваруваат мегусебно да станат што попривлечни за странските инвеститори.се реформира домашната законска регулатива,се укинуваат административните бариери,се намалуваат даноците, се нудат посебни бенефиции,се ослободуваат претпријатијата од голем број на трошоци,им се доделуваат субвенции.странските директни ивестииции претставуваат еден од главните фактори за економскиот развој кој што може да има позитивни импликации врз вработеноста и растот на бруто домашениот производ. Исто така, тие овозможуваат лесен пренос на знаењето, менаџерските вештини, маркетинг стратегиите, трансфер на нови технологии, зголемување на извозот. Странските директни инвестиции не претставуваат секогаш начин за подобрување на економската состојба во државата.улогата на странските директни инвестиции во промовирањето на растот и на одржливиот развој во целост не е докажана.теоретската литература укажува дека странските директни инвестиции влијаат врз економскиот раст и невработеноста на повеќе начини тоа преку: трансфер на технологија и know-how, надоградување на вештините и знаењата на работната сила, интеграција во глобалната економија, зголемување на конкуренцијата во земјата домаќин, развој и реорганизација на домашните фирми. Земјите од Западен Балкан вложуваат големи напори за привлекување на странски инвеститори што ќе овозможат: прилив на капитал, поттикнување на економскот раст и развој, обновување на застарената технологија,стекнување на нови знаења за менаџмент и друго.ако се постави прашањето од каде доаѓаат инвеститорите во овој регион,многу анализи упатуваат на тоа дека најчести инвеститори се земјите од Европа и земјите-членки на Европската унија.причините лежат, пред сè, во поволната географска положба каде што се лоцирани овие земји, евтината работна сила за инвеститорите, како и близината што ги намалува транспортните трошоци. 5

Предмет на анализа на овој магистерски труд ќе биде токму оваа област од економијата- странските директни инвестиции во земјите на Западен Балкан 1. Инвестицискиот прилив од странство кон овие земји е многу помал во споредба со земјите членки на Европската Унија, пред сè, заради нестабилноста и политичките кризи кои што негативно влијаат на привлекувањето на странските директни инвестиции. Ограничениот обем на прилив на странски директни инвестиции не може да ги донесе посакуваните развојни ефекти,заради што се потребни поголеми активности за промоција и привлекување странски инвеститори кај секоја земја со помош на владините мерки и политики. Меѓутоа, поновите анализи индицираат дека Западниот Балкан како регион секоја наредна година привлекува сè повеќе внимание кај странските инвеститори.растот на странските директни инвестиции во овој регион е поврзан, пред сè,со динамиката на приближување до Европската Унија, постепеното зголемување на продуктивноста, како и зголемувањена правната сигурност, подобрувањето на економските услови како и политиките на земјите за привлекување на странски директни инвестиции. Целта на овој магистерски труд е да изврши анализа на политиките што државите од Западен Балкан ги применуваат со цел да дојдат до посакуваните странски директни инвестиции. 1 Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија,Хрватска, Србија, Црна Гора 6

Цели и методологија на истражувањето Како основни цели на истражувањето во овој следните : магистерски труд ги поставувуваме согледување и споредба на податоците за обемот, видовите, структурата, насоките и динамиката на движење на странските директни инвестиции во регионот на Западен Балкан; анализа на условите во земјите на Западен Балкан за водење на бизнис и привлекување на странски директни инвестиции; анализа на политиките кои ги спроведуваат земјите од Западен Балкан за привлекување на странски директни инвестиции и идентификација на нивните позитивни и негативни страни, како и можностите и ограничувањата во привлекувањето на странските директни инвестиции; утврдување на предлог-мерки што можат да се вградат во политиките како претпоставка за нивно подобрување и зголемување на атрактивноста на земјите во Западен Балкан за прилив на странски директни инвестиции. согледување на перспективните стратегии за привлекување на странски директни инвестиции. Методи на истражувањето Проблемот што се истражува во овој труд опфаќа примена на повеќе методи на истражување.воглавно ќе се користат методите на секундарно истражување преку анализа на постојната литература,политики и податоци.методи што ќе се користат во истражувањето, главно,се методите на индукција и дедукција, како и статистичкиот метод кој ќе се користи за анализа на временската серија на податоци.за да ги заокружиме резултатите од истражувањето, најмногу ќе се користат методите на синтеза и анализа. 7

1. Општ осврт на странските директни инвестиции и нивното значење a. Улогата и значењето на странските директни инвестиции за развојот на националните економии Странските директни инвестиции привлекуваат големо внимание и заинтересираност во сите земји во светот.секоја земја се залага за промовирање и привлекување странски директни инвестиции заради нивниот придонес во економијата. Mногу земји нудат поволни даноци, финансиски повластици и други услови за привлекување на странски директни инвестиции.улогата на катализатор на економскиот раст на земјите доаѓа до израз преку користите од странските директни инвестиции коишто не се лимитирани само на подобра употреба на ресурсите на земјата, туку и на подобрување на технологијата, засилена конкурентност и подобрени перформанси на локалните компании,зголемен извоз,односно севкупно забрзување на економскиот раст.покрај трансферот на технологија,преку странските директни инвестиции се пренесуваат менаџерски вештини,се воведуваат иновации, и се промовира интеграцијата во меѓународната трговија.исто така преку странските директни инвестиции се овозможува специјализација на работните места, отварање нови работни места, обука на вработените,што доведува до зголемување на продуктивноста.уште повеќе,сди се префериран метод за финансирање на дефицитот на тековната сметка, особено кога дефицитот е голем и неодржлив.друг аргумент кој е во полза на странските инвестиции е нивната поголема еластичност за време на економска криза,односно тие не се повлекуваат лесно поради големината на инвестираниот капитал,споредено со портфолио инвестициите или позајмувањата. Главните канали преку кои инвестициите влијаат врз економскиот раст се: трансфер на технологија и know how, надоградување на знаењата и компетенциите на работната сила, зголемување на конкуренцијата во земјата - домаќин, интеграција во глобалната економија, развој и реорганизација на домашните фирми.главни носители на странските директни инвестиции во светот се транснационалните корпорации. 8

Негативните ефекти се манифестираат преку зависност на локалните фирми од странска технологија, надворешно влијание и контрола, влошување на платниот биланс, пропаѓање и намалена подршка на локалните фирми,намален интерес за вработените поради софистицираната технологија итн.некои земји се скептични во поглед на СДИ, бидејќи ги сметаат како извор на надворешно влијание, контрола и конкуренција со домашните фирми. Големиот прилив на странски инвестиции може да доведе до појава на паралелна економија (тоа значи дека странските компании се посилни, поконкурентни, се развиваат побрзо, имаат повисоки нивоа на плати, немаат тенденција да соработуваат со домашните компании итн), што може да ја забрза инфлацијата, да доведе до политички, социјални и културни конфликти,до уништување на животната средина,намалена автономија на домашните фирми,отсуство на технолошки прелевања.странските директни инвестиции претставуваат најбрзо растечка форма на меѓународното движење на капитал. Динамиката на нивниот пораст е далеку поголема и од динамиката на пораст на светскиот извоз и увоз. 9

b. Странските инвестиции предности и недостатоци Меѓу академските економисти и носителите на економските политики постои широко прифатено мислење дека странските директни инвестиции се многу постабилни во периоди на финансиски кризи, за разлика од сите други форми на капитал. Нивната стабилност се должи на тоа што тие потешко можат да бидат повлечени од земјатапримател, за разлика од другите инвестиции. Меѓу позитивните ефекти на странските директни инвестиции се следните : - ефект на распределба на ресурсите - со самото инвестирање во земјата-домаќин доаѓа до прилив на нова технологија од страна на инвеститорот,нов капитал и менаџмент; - ефект на вработување - со вложување во конкретната земја се отвораат можности за вработување на граѓани на земјата-домаќин,ова претставува директен ефект, додека, пак, индиректните ефекти настануваат со отворање нови работни места кај локалните снабдувачи како резултат на зголемената побарувачка. - ефект на платен биланс - странските директни инвестиции во платниот биланс на земјата се бележат како прилив на капитал.исто така, доколку странските инвестиции се замена за увозот на добра и услуги, тоа ја подобрува тековната сметка на земјата каде што се инвестирало. - ефект на конкуренцијата и економскиот раст - кога странските инвестиции се преземаат во форма на greenfield инвестиција,во земјата-домаќин се јавува нов конкурент на пазарот,со тоа автоматски се зголемува и понудата за потрошувачите, следствено на зголемената понуда доаѓа и до намалување на цените на производите, со што се подобрува економската состојба на граѓаните.со навлегување на нова силна странска фирма на пазарот сите домашни фирми ќе мора да се преструктуираат и да се подготват со цел да можат ефикасно да се справат со предизвикот.на овој начин ќе исчезнат оние фирми кои што работеле економски неефективно и неефикасно со што ќе се заштити општата економска состојба. 10

Освен придобивки и предности СДИ предизвикуваат и трошоци за земјата-домаќин: СДИ можат да ги истиснат домашните производители од пазарот,да придонесат за засилување и проширување на моќта на транснационалните компании на домашниот пазар, да вршат репатријација на профитот итн.странските инвестиции не значат по автоматизам нето-прилив на девизни средства, многу мултинационални и транснационални инвеститори позајмуваат пари локално со поволни каматни стапки и на тој начин ги финансираат своите проекти.ова претставува нелојална конкуренција за локалните фирми и го истиснува домашниот приватен сектор од кредитните пазари, заменувајќи ги нивите инвестиции во процесот.во некои земји, профитот вратен во татковината од мултинационалните компании е поголем од вкупните инвестиции. Како негативни ефектки на странските директни инвестиции се : - негативен ефект врз конкуренцијата во земјата-домаќин. Странските мултинационални компании што настапуваат во земјата-домаќин имаат голема економска моќ за да ги поддржуваат своите супсидијари и да им ги надоместуваат трошоците со цел постепено да ги истиснат конкурентите на земјата-домаќин и да воспостават монополска позиција на странскиот пазар; - негативен ефект врз платниот биланс - освен капиталниот прилив од инвестициите се јавуваат подоцна и одливи на профитот што го заработуваат супсидијарите на странските инвеститори; - автономија и национален суверенитет - многу од земјите во кои влегуваат странски инвестиции се загрижени дека со тоа ќе се намали економската независност, дека многу од клучните економски одлуки ќе ги донесуваат високите мултинационални компании по своја волја и за свој интерес и корист. 11

c. Анализа на меѓународното движење на странските инвестиции на глобално ниво Доколку ги анализираме движењата на СДИ во периодот од 2000-2012 година, ќе забележиме значајни варирања на приливот на странските инвестиции. Графикон 1.1 Глобални приливи на СДИ 2000-2012 (во милиони долари ) извор: UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) Највисоко ниво на прилив инвестициите е забележан во 2007 година од 1,9 милијарди долари.во периодот од 2000 до 2003 година постои тенденција на опаѓање на глобалниот прилив на инвестиции, така што во 2000 година тие изнесувале 1.401 милијарда долари, во 2001 година 825 милијарди долари, во 2002 год. околу 628 милијарди долари и во 2003 год. 566 милијарди.приливот на СДИ во развиените земји се намалил за 25 отсто, од 490 милијарди долари во 2002 година на 367 милијарди долари во 2003.Во исто време, странските инвестиции во земјите во развој се зголемија за 9 проценти и изнесуваја 158 милијарди долари во 2002 година и 172 милијарди долари во 2003. Развиените земји во 2003 година забележаа тежок пад на странските директни инвестиции и тоа: САД забележа пад во приливот на СДИ за 53%, Јапонија 32%, земјите на ЕУ 21% во споредба со 2002 година. 2 2 Извор: Unctad 2004 светски извештај за инвестиции стр. 39-89 12

Како главни причини за глобалниот пад на СДИ во периодот 2000-2003 година UNCTAD ги наведува макроекономските,микроекономските и институционалните промени.на макроекономски план повеќето земји имаа недоволен економски раст, што условија внимателно вложување од страна на странските инвеститори. На микроекономско ниво, повеќето големи компании имале висок debt/equity racio 3 кој довел до дезинвестирање. Како последица на поволните стопански движења 2004 год. се карактеризира со значаен раст на greenfield инвестициите (раст од 9300 Greenfield проекти во 2003 год. на 9800 во 2004 год.), особено во земјите во равој, така што овој тип на инвестиции се препознава како основен фактор за зголемување на СДИ на светскиот пазар. Од аспект на секторската дистрибуција на странските инвестиции, во 2004 год. се продолжува трендот на раст во услужниот сектор, така што нивото на СДИ во овој сектор изнесувал 63%, од кој 1/3 се однесува на финансиските услуги.кога го анализираме движењето на странските директни инвестиции на светскиот пазар во 2004 год., може да констатираме дека дошло до мал раст на СДИ за 2% (640 милијари $) во однос на 2003 година. Благиот пораст на странски директни инвестиции (во 2004 год.) се рефлектира преку значаен раст на овие инвестиции во земјите во развој, какo и земјите од Западен Балкан, во висина од 40% го неутрализирал падот на СДИ во развиените земји од 14%. Како резултат на овоj тренд учеството на СДИ во земјите во развој достигна учество од 36% во вкупниот износ на СДИ, што претставува највисоко ниво од 1997 година. Во овој период,во Африка имаше раст на инвестициите од 20%, со зголемување од 15 милијарди долари во 2003 до 18 милијарди долари во 2004 година.на Азиско-пацифичкиот регион, исто така, СДИ изнесуваја од 107 милијарди во 2003 до 148 милијарди долари во 2004. По четири години пад на странските директни инвестиции во регионот на Латинска Америка во 2004 година беше остварено значително зголемување на СДИ од 68 милијарди $ (44% зголемување).во Источна Европа и Заедницата на независни држави, во 2004 година приливот на странски инвестиции достигна 35 милијарди долари, во споредба со 24 милијарди долари во 2003 година (пораст од 45,8%). 4 3 Debt/equity racio претставува релативен показател на односите помеѓу обврските (долгови) и сопствениот капитал на компанијата. 4 Извор: UNCTAD Ф.Д. / - ТНЦ база на податоци (www.unctad.org / fdistatistics). 13

Веќе наредните три години СДИ одат по нагорна линија со износ од, 983 милијарди долари во 2005, 1.462 милијарди долари во 2006 и во 2007 го достигнуваат највисокото ниво во последните десет години од 1,9 милијарди долари.по достигнувањето на историскиот максимум во 2007 година движењето на СДИ во и од развиенте земји значително опадна во 2008 година: приливот опадна за 29%, а одливот за 17%. Падот на инвестициите се прошируваше паралелно со продлабочувањето на финансиската криза и економското стагнирање, кои што сериозно влијаеа на најмоќните светски економии во 2008 година. Компаниите значително го намалија инвестирањето дома и во странство. Од 38 најразвиени земји 23 забележале пад на приливот на СДИ. Во 2008 година одливот на капитал, односно надворешните СДИ бележат опаѓање од 30%.Десетте најголеми извозници на капитал во периодот 2007-2008 биле:сад, Франција, Германија, Велика Британија, Јапонија, Швајцарија, Канада, Јапонија, Белгија и Холандија.Во 2008 година СДИ се на малку пониско ниво и изнесуваат 1.744 милијарди долари, во 2009 година е забележан пад на глобалниот прилив за 32% т.е. 1.185 милијарди долари. Во 2010 година, пак,е забележан пораст инвестиции.странските од 5% односно 1.244 милијарди долари прилив на странски директни инвестиции се намалија во 2012 година за 18% во споредба со СДИ од 2011 година и изнесуваја 1,35 трилиони долари во споредба со 2011 година кога изнесуваа 1,65 трилиони долари. Во 2012 година, 44 % од глобалниот прилив на странски директни инвестиции завршија во само пет земји. Кина привлече најголем дел од станските директни инвестиции(18 % од вкупниот број), потоа следи САД, Бразил, Обединетото Кралство и Франција. Странските директни инвестиции во 2013 година се на слично ниво како и во 2012 година и изнесуваа 1,45 трилиони долари. 14

Табела 1.1 Вредност на гринфилд СДИ, по сектор / индустрија, 2003-2012 (во милиони долари) Сектор/Индустрија 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Вкупно 771 315 710 848 702 894 910 601 943 950 1 582 134 1 041 927 901 152 913 828 612 155 Примарен сектор 135 217 86 739 111 879 70 563 72 726 138 036 116 928 60 759 76 020 25 138 Земјоделство, лов, шумарство и рибарство 1 380 1 246 612 1 117 101 69 236 12 116 - Рударство, Нафта 133 837 85 493 111 267 69 446 72 625 137 967 116 693 60 747 75 903 25 138 Производство 399 262 369 555 330 453 440 037 410 257 639 173 405 104 470 690 452 588 264 079 Храна, пијалоци и тутун 16 993 15 493 11 275 15 215 15 457 27 916 33 789 17 569 28 401 21 467 Тексит, облека и кожа 10 470 11 831 11 567 12 431 12 524 16 581 21 882 19 386 17 838 11 563 Дрво и производи од дрво 17 639 14 570 13 022 10 177 14 994 22 648 5 019 9 019 13 040 4 635 Издаваштво и печатарство 408 119 586 110 123 611 107 126 162 117 Кокс, нафта и нуклеарно гориво 85 379 64 485 54 788 99 757 55 090 146 381 76 163 80 508 66 750 20 632 Хемикалии и хемиски производи 65 759 54 259 31 524 54 659 45 702 74 904 55 357 51 986 63 774 39 918 Гума и производи од пластика 13 501 14 230 12 396 13 373 13 269 18 155 17 563 21 473 24 288 12 720 Неметални минерални производи 8 087 10 464 12 261 18 839 19 160 34 350 10 916 10 781 16 903 6 659 Метали и производи од метали 34 287 38 809 53 394 52 718 64 947 103 719 32 566 66 339 63 419 30 058 Машини и опрема 7 180 6 255 9 846 8 461 9 677 18 841 14 234 13 871 17 622 11 131 Електрична и електронска опрема 62 903 65 832 53 677 75 905 64 453 59 047 51 021 67 093 45 482 26 808 Прецизни инструменти 1 831 2 003 2 278 3 415 1 934 4 421 4 560 3 260 2 648 3 289 Моторни возила и други транспортни средства 70 132 66 018 58 991 68 616 82 927 98 263 69 983 97 231 83 288 62 387 Друго производство 4 692 5 188 4 850 6 359 9 999 13 333 11 945 12 049 8 972 12 696 Услуги 236 836 254 554 260 563 400 001 460 967 804 926 519 895 369 703 385 220 322 938 Електрична енергија, гас и вода 25 482 38 496 27 683 67 343 87 466 190 060 151 703 83 620 94 862 68 583 Градежништво 25 400 39 588 25 729 79 322 90 671 151 974 95 451 43 872 40 765 60 135 Трговија 30 486 27 983 28 425 32 709 26 703 37 074 33 302 33 153 27 718 20 141 Хотели и ресторани 34 342 24 284 25 455 29 630 42 505 60 663 36 666 26 644 19 548 15 011 Транспорт, складирање, комуникации 54 828 61 488 69 674 78 804 61 440 83 151 73 235 62 641 73 658 48 150 Финансии 21 412 22 471 27 295 38 717 48 896 58 996 44 265 42 807 47 029 35 906 Бизнис услуги 32 890 32 083 45 601 65 721 89 367 186 405 74 280 62 471 72 693 57 399 Образование 282 693 1 009 1 286 770 1 712 1 890 1 774 1 664 1 909 Здравствени и социјални услуги 601 631 801 827 1 410 2 966 2 057 2 251 1 503 2 587 Комунални, социални и лични услужни активности 10 950 6 009 8 696 5 380 10 772 27 755 5 856 7 967 4 172 11 776 Други услуги 163 828 194 260 966 4 168 1 190 2 503 1 608 1 341 Извор: UNCTAD, базирано на информации добиени од the Financial Times Ltd, fdi Markets (www.fdimarkets.com). 15

Табела 1.2 Број на гринфилд СДИ, по сектор / индустрија, 2003-2012 (во милиони долари) Сектор/Индустрија 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Вкупно 9 514 10 434 10 833 12 836 13 021 17 281 14 744 15 131 16 009 13 628 Примарен сектор 413 277 406 190 148 343 305 159 169 91 Земјоделство, лов, шумарство и рибарство 4 3 5 7 2 4 8 1 2 - Рударство, Нафта 409 274 401 183 146 339 297 158 167 91 Производство 5 138 5 601 5 358 6 112 6 108 7 846 6 793 7 658 7 891 6 204 Храна, пијалоци и тутун 524 566 387 458 448 607 566 539 584 505 Тексит, облека и кожа 426 621 491 625 687 949 1 146 1 273 1 157 995 Дрво и производи од дрво 183 174 169 151 153 187 105 133 136 90 Издаваштво и печатарство 14 16 14 14 12 18 15 20 21 22 Кокс, нафта и нуклеарно гориво 140 67 80 107 115 192 148 122 145 74 Хемикалии и хемиски производи 731 744 639 724 718 847 814 868 859 659 Гума и производи од пластика 320 334 348 373 324 404 298 436 484 330 Неметални минерални производи 174 207 217 242 238 321 177 170 215 118 Метали и производи од метали 247 242 343 397 442 544 278 417 500 365 Машини и опрема 356 458 455 555 641 884 832 853 1 011 756 Електрична и електронска опрема 911 1 052 1 116 1 159 1 013 1 153 1 000 1 244 1 162 911 Прецизни инструменти 95 103 113 158 132 173 185 162 178 155 Моторни возила и други транспортни средства 878 855 836 939 941 1 213 894 1 081 1 161 910 Друго производство 139 162 150 210 244 354 335 340 278 314 Услуги 3 963 4 556 5 069 6 534 6 765 9 092 7 646 7 314 7 949 7 333 Електрична енергија, гас и вода 109 81 113 228 354 546 450 332 382 266 Градежништво 148 126 158 292 294 548 281 176 163 192 Трговија 718 775 787 892 621 763 887 796 798 681 Хотели и ресторани 254 243 220 235 265 499 321 270 170 129 Транспорт, складирање, комуникации 473 645 772 898 830 1 084 958 957 996 970 Финансии 647 659 805 1 213 1 230 1 734 1 363 1 309 1 451 1 191 Бизнис услуги 1 447 1 827 2 011 2 541 2 914 3 507 2 964 3 118 3 619 3 525 Образование 14 36 30 38 49 110 111 99 94 114 Здравствени и социјални услуги 34 28 27 34 53 88 77 64 78 58 Комунални, социални и лични услужни активности 104 100 118 143 134 165 174 148 169 182 Други услуги 15 36 28 20 21 48 60 45 29 25 Извор: UNCTAD, базирано на информации добиени од the Financial Times Ltd, fdi Markets (www.fdimarkets.com) 16

Графикон 1.2 Вредност на гринфилд СДИ по сектори за период од 2003-2012 извор: UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) Графикон 1.3 Застапеност на гринфилд СДИ по сектори за период од 2003-2012 извор: UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) 17

Анализирајќи ги трендовите на странските директни инвестиции во периодот од 2001 до 2012 година може да се идентификуваат следните релевантни факти како што се: 5 СДИ во земјите во развој имаат долгорочен континуиран раст (до 2008 година.). Во периодот од 2001 година до 2008 година тековните приливи на странски инвестиции во земјите во развој се зголемени за 3,3 пати. Кумулативниот прилив за периодот 2001-2009. година за земјите во развој достигна удел во вкупните странски инвестиции од 36,8%. Регионалната дистрибуција на СДИ покажува големи разлики во учеството на регионите. Најголем прилив на странски директни инвестиции имаат азиските земји кои учествуваат со 19,7% во светскиот прилив на странски инвестиции и 53,6% од приливите во земјите во развој.земјите од Јужна Америка, се на втора позиција (8,7% удел на глобалниот СДИ, или 23,6% од странските инвестиции во земјите во развој),следат Источна Европа и Централна Азија (4,0% од СДИ или 10,8% од странските инвестиции во земјата развој)потоа земјите на африканскиот континент(3,7% и 10,1%) и земјите од Југоисточна Европа (0,21% и 1,7%). Вкупниот износ на странски директни инвестиции имаат влијание врз растот на бруто домашниот производ.стапката на раст на БДП покажува нагорен тренд. Просечната стапка на раст на СДИ во земјите во развој за периодот во 1980-1990 изнесува 3.5%, и истата се зголеми до 4,8% во периодот во 1990-2000 година, а во последната деценија (2000-2009) изнесува 5,0%. Постигнатите стапки на раст на СДИ се значително повисоки од стапката на раст на БДП во овој период за светот како целина (3,0%). Финансиската и економска криза имаше влијание и врз странските директни инвестиции во земјите во развој. Како причини за овие трендови, меѓу другото,се намалената способност на фирмите да инвестираат поради тешкиот пристап до финансиски ресурси, забавување на економската активност како целина во развиените земји, падот на спојувања и превземања меѓу компаниите во развиените земји и земјите во развој, застој во приватизацијата во економиите во транзиција и други. 5 UNCTAD World Investment Report, 2010 p29-60 18

Услугите се најатрактивни, додека примарниот сектор е најмалку интересен за странските директни инвеститори во земјите во развој. Производство е многу привлечен сектор за странските инвеститори.храна и пијалаци, автомобили,електрични и електронски производи и машини се индустриите каде странските инвестиции се најинтензивни. Најголем број од инвестирањата во повеќето од годините беа насочени кон развиените земји на чело со Соединетите Американски Држави, земјите членки на Европската Унија, Кина, Русија, Индија,Бразил кои беа на врвните позиции на ранг-листата за најатрактивни и најсигурни локации за инвестирање.наспроти податоците за прилив на инвестиции се наоѓаат и податоците за нивни одлив.како најголеми инвеститори во светот, земји од каде што потекнува најголемиот капитал во последниве десетина години се: САД, Обединетото Кралство, Луксембург, Холандија, Франција, Германија, Јапонија. Според методологијата на УНКТАД, странските инвестиции се разгледуваат според степенот на развиеност на земјата домаќин. Експертите на УНКТАД земјите ги делат на: земји во развој, земји во транзиција и развиени земји. Табелата што следува го покрива временскиот период од 2000 до 2012 година. Табела 1.3 Странски директни инвестиции во милиони САД долари Година Развиени Земји Земји во развој Земји во транзиција 2000 1 141 586,3 264 544,6 7 038,4 2001 602 478,8 224 071,2 9 462,2 2002 445 596,7 169 211,6 11 273,0 2003 387 500,8 193 750,7 19 994,8 2004 423 653,7 280 262,0 30 232,7 2005 621 479,9 334 526,2 33 611,6 2006 985 888,2 432 113,4 62 584,9 2007 1 319 893,0 589 430,5 93 371,1 2008 1 026 530,6 668 438,8 121 428,7 2009 613 436,1 530 288,8 72 749,9 2010 696 417,8 637 063,0 75 056,1 2011 820 008,5 735 212,2 96 290,2 2012 560 718,1 702 825,6 87 382,0 извор: UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) 19

Графикон 1.4 Распоред на СДИ во периодот од 2000-2012 помеѓу развиените земји, земјите во развој и земјите во транзиција 6 извор: UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) Aнализата покажува дека вкупните инвестиции од година во година постојано растат. Овој тренд особено добива во динамика од 2005 до 2007, но веќе следната година поради глобалната финансиска криза доаѓа до прв посериозен пад на странските инвестиции.во период од скоро 11 години странските директни инвестиции во светот се зголемиле за повеќе од 3,4 пати.сепак најдобро минале земјите во транзиција. Инвестициите во нив се зголемиле за фантастични 13 пати.истовремено СДИ во земјите во развој пораснале за скромни 3,4 пати.убедливо најголеми во апсолутен износ се СДИ што завршиле во развиените земји.тие се зголемиле за 3,3 пати. Во економската литература,се гледа дека постојат разлики меѓу приливите на странските директни инвестиции во развиените земји и оние на помалку развиените земји. 7 Приливот на СДИ во помалку развиените земји се поврзани со вертикална инвестиции. Вертикални СДИ се случуваат кога фирмите лоцираат само дел од својот производствен 6 UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) 7 James R. Markusen, Anthony J. Venables, Denise Eby Konan, Kevin H. Zhang - A Unified Treatment of Horizontal Direct Investment, Vertical Direct Investment, and the Pattern of Trade in Goods and Services, NBER Working Paper No. 5696, August 1996 p 12-15 20

процес, а не целата продукција.вертикалните странски директни инвестиции се обично се детерминирани од цената на факторите на производство меѓу земјите.странските инвеститори се мотивирани од разликите мегу факторите на производство, како евтина работна сила,изобилни и евтини природните ресурси, специфични вештини и инфраструктура. Приливот на СДИ во развиените земји обично се хоризонтални инвестиции.факторите за привлекување на СДИ се менуваат. Еден од најважните традиционални детерминанта за привлекување на СДИ,големината на пазарот, е намалена во важност, додека во исто време некои нови детерминанти стануваат значајни.разликите помеѓу локациите, квалитетот на инфраструктурата, леснотијата на водењето вештини имаат се поголемо влијание. бизнис и достапноста на 21

d. Фактори и мотиви кои што влијаат на нивото на странски директни инвестиции Вообичаено е денес голем дел од земјите да вложуваат напори за привлекување на повеќе странски инвеститори.најчесто тоа го прават преку низа даночни олеснувања, грантови, субвенции, со цел да се добие корист од трансферот на ресурсите и ефектите на вработување, како и да се одвратат инвеститорите од другите земји каде што би можеле да инвестираат.секоја земја донесува сопствена стратегија и креира политика за привлекување странски капитал. Една од работите на кои посебно обрнуваат внимание инвеститорите е стабилно економско и политичко окружување и услови за работа.политичката стабилност на земјата има огромно влијание, при одлучувањето на еден странски инвеститор за инвестирање во неа.инвеститорите преферираат земји кои имаат воспоставено долгорочна макроекономска стабилност. Еден од факторите кои влијаат на приносот на инвеститорот е стапката на инфлација.голема стапка на инфлација може да се оцени како пречка за СДИ, бидејќи тоа е јасен знак за макроекономска нестабилност. На претходната теза веднаш се надоврзува и почитување на законот, стабилен правен систем и заштита на сопственичките права. Треба да постои стабилен и функционален законодавен систем.странските инвеститори не бараат да бидат привилигирани во споредба со домашните инвеститори, туку бараат да не бидат дискриминирани односно законите да важат подеднакво и за нив како и за домашните инвеститори. Транспортната инфраструктура е уште еден услов што треба да се подобри. Неразвиеноста на пазарните механизми, како и проблемите со локалната снабдувачка мрежа, ризикот од национализација и етничките тензии се дополнителни ограничувачки фактори за странските инвестиции. Не треба да се заборави и почитување на правото на еднаквиот третман на странските со домашните инвеститори и апсорпциската моќ на пазарот. Намалување на корупцијата и трговска отвореност кај земјите исто така би требало да биде една од приоритетните сфери каде што треба да се реагира за да се обезбеди зголемен прилив на инвестиции. 22

Цената на работната сила претставува многу важен фактор кој што влијае при одлуката на странските инвеститори, во која земја да го инвестираат својот капитал. Странскиот капитал преферира земји со поголем пазар. Од таму произлегува големата заинтересираност на странските инвеститори да вложуваат во земји како што се: Кина, Русија, Сад, Украина, Бразил, Полска и сл. Исто така, релевантни фактори за приливот на СДИ се: Oтвореноста на земјата кон глобалната економија степенот на либерализација на трговијата (поголемиот степен на либерализација доведува до поголема атрактивност на земјата домаќин. Вредноста на домашната валута стапките на инфлација, големината на дефицитот на тековната сметка и девизниот курс. Даночни олеснувања нивото на даноци, транспарентниот даночен систем и пониските даноци. Откако ќе се разгледаат потенцијалните услови за инвестирање и сите можни алтернативи за влез на странскиот пазар, на ред доаѓа донесување одлука за инвестирањето. Пред секој инвеститор стои донесувањето одлука за тоа на кој пазар да се инвестира, во кое време и во колкав обем. Изборот на пазарот се селектира спрема очекувањата за идниот раст на профитот (економските користи зависат од многу фактори, како, на пример: големината на пазарот, куповната моќ, барањата на клиентите), како и од балансирање на трошоците и ризиците од работењето во земјата каде што се вложува.времето за влез е уште една специфична одлука за инвеститорот што бара повеќе време за анализа и донесување на крајната одлука.раното влегување на пазарот му дава предност на инвеститорот прв да создаде трговско име и да создаде обем на продажба.за да ја подобрат својата атрактивност за инвестирање земјите меѓусебно се натпреваруваат во подобрување на деловниот амбиент и реформирање на законската регулатива. Во кој обем на влез да се влезе е третото битно прашање. Влегување во голем обем бара високи извори, освен тоа, како позитивна страна се наведува и сигналот што им се праќа на потрошувачите и дистрибутерите дека постои намера да се остане подолг рок на 23

пазарот. Идните конкуренти, исто така треба да знаат дека треба да се соочат со агресивни, упорни и сериозни инвеститори. Што ги поттикнува странските инвеститори да инвестираат во една земја? 8 Ресурсни мотиви странските инвеститори кои имаат ресурсни мотиви инвестираат во други земји со цел искористување на ефтините ресурси.се разликуваат три типа инвеститори: а) оние кои бараат физички ресурси; б) оние кои бараат ефтина, мотивирана, квалификувана работна сила; в) оние кои бараат технолошки капацитети, маркетинг и менаџмент експертиза. Пазарни мотиви - овие странски инвеститори инвестираат во определен регион или земја, со цел да го опслужат нивниот пазар, односно да го зголемат пазарното учество. а) територијалната распределеност на главните снабдувачи или купувачи; б) потребата за адаптирање на производот на локалните вкусови и специфичните барања на пазарот; в) производствените и трошоците на трговијата се пониски при опслужување на пазарот кога инвеститорот е присутен на странскиот пазар. г) доколку физичкото присуство на странскиот инвеститор е дел од глобалната стратегија на мултинационалната компанија. Мотиви за ефикасност странските инвеститори кои имаат вакви мотиви, имаат за цел рационализирање на производството, дистрибуцијата и маркетинг активностите, односно остварување синергија помеѓу географски дисперзираните активности. Стратегиски мотиви - овие странски инвеститори ги промовираат нивните стратегиски цели со цел одржување и подобрување на нивната конкурентност. Познати се по тоа што 8 Marian GORYNIA, Jan NOWAK and Radosław WOLNIAK - Foreign direct investment of Central and Eastern European countries, and the investment development path revisited, 2007 p 23-32 24

сакаат да профитираат врз база на брендот, односно сопствеништвото на мрежа на активности во различни земји. Пред да донесат одлука за инвестирање, странските инвеститори треба да изберат една од многуте алтернативи.која алтернатива ќе ја изберат зависи од нивниот мотив. Во овој контекст, доколку постои пазарен мотив (да се здобијат со учество на странски пазар), тие ќе треба да избираат помеѓу следните три алтернативи: СДИ, извоз и купување лиценца. А, доколку имаат ресурсни мотиви (ефтина работна сила, суровини), ќе треба да изберат помеѓу СДИ и надворешно снабдување. Мотивите за инвестирање можат да се согледаат од две страни:од гледна точка на интересот на инвеститорот и земјата корисник на капиталот.основен мотив на странските компании да инвестираат надвор од националните граници е желбата да остварат поголем профит. Останатите мотиви се однесуваат на: намалување на производните трошоци,совладување на царинските бариери,освојување нови пазари, трансфер на технологии.од друга страна, земјата корисник на капитал има за цел да ја развие побрзо домашната економија, оствари поголема стапка на економски раст, да ја зголеми вработеноста и да го подобри животниот стандард на населението. Мотивите за влез на странските директни инвестиции во земјата-домаќин можат да се поврзан со основните карактеристики на странските директни инвестиции.тие се следниве: СДИ како извор на инвестиции кој не предизвикува задолжување на земјата; СДИ како начин за пристап до нови пазари и за зголемување на извозот ; СДИ како начин за зголемување на вработеноста; СДИ како начин за внесување нови технологии, знаење, современи форми на организација и менаџмент на претпријатијата; СДИ како начин на активирање на домашните ресурси кои, инаку, би останале долго време неискористени поради недостигот на домашен капитал. 25

2. Странските директни инвестиции во земјите на Западен Балкан a. Странските директни инвестиции во земјите на Западен Балкан Западен Балкан како регион привлекува сè повеќе внимание кај странските инвеститори и станува еден од регионите во светот коишто бележат зголемен прилив на странски инвестиции.странските инвестиции се сметаат дека се значаен извор на капитал за земјите од Западен Балкан.Во почетниот период на транзицијата најголем дел од странските инвестиции се реализираа со купување постоечки фирми во земјите.во втората фаза, по завршување на процесот на приватизација,земјите се повеќе се ориентираа кон привлекување на гринфилд инвестиции.земјите од овој регион се карактеризираат со некои заеднички клучни предности, и тоа: 9 високо конкурентна структура на трошоци (труд, земја и комунални услуги поевтини во споредба со другите европски земји); труд - достапност, цена и квалитет (добро образовани и искусни работна сила); стратешка локација и близината ( пристапот до Јадранското море и непосредна близина на Западна и -Централна Европа); локална достапност на суровини и дистибутивна мрежа; подобрување на инвестициската клима (регулаторни, фискални и даночни реформи и инвеститорски стимуланси). Во почетната декада на транзицискиот процес странските инвестиции во земјите од Западен Балкан значајно партиципираа во реализацијата на процесот на приватизација. Така, една третина од странските директни инвестиции во Хрватска во 2000 година и дветретини од приливот во Албанија во 2000 година беа остварени со продажба на банки и на мобилни оператори.продажбата на акциите на државата во националниот телеком во 2001 година во Македонија генерира странски директни инвестиции колку во претходните десет години.во вкупниот износ на странски директни инвестиции, многу мал удел имаат 9 Marco Ranieri, Foreign Direct Investment in the Western Balkans, CIRPET - Research Centre on Transition and Developing Countries Department of Economics - University of Turin (Italy), 2007 26

извозно ориентираните гринфилд инвестиции. кои претставуваат вистинска шанса за економско заживување на регионот.создавање на добра клима за инвестирање подразбира реформи во доменот на јавната администрација и јавните финансии,воспоставување на владеење на правото и посериозна борба против корупцијата и криминалот.извесно е дека постои определен напредок во спроведувањето на реформите,но факт е дека земјите во регионот се соочуваат со повеќе задачи и заедничките проблеми.заедничките активности на сите земји во Западен Балкан за решавањето на овие проблеми претставуваат сигурен начин за добивање на позитивни резултати,како и солидна основа за започнување на процесот на регионална интеграција. Во земјите на Западен Балкан како најатрактивни сектори за инвестирање воглавно се секторите на посредување, трговијата, телекомуникацискиот сектор и транспортот. производство,финансиското Во графиконот 2.1 број се дадени износите на странските директни инвестиции во период од 2000-2012 година.од графиконот се гледа дека странските инвестиции од 2000 година до 2008 бележат раст, односно во 2000 година изнесуваа околу милијарда и шестотини милиони долари додека во 2008 година достигнаа ниво од 13 милијарди долари. Меѓутоа, како резултат на светската финансиска криза доаѓа до нагло опаѓање на СДИ во Западен Балкан. Така, во 2009 тие се на ниво од околу 8,5 милијарди долари,во 2010 година се забележува намалување на 5 милијади долари, додека во 2012 година тие паднаа на ниво од 2009 година. 27

Графикон 2.1 СДИ во Западен Балкан во период од 2000-2012 (во милиони долари) извор: UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора имаат остварено најмал прилив од странските директни инвестиции во регионот. Хрватска е лидер во регионот со салдо на странски инвестиции од 29.681 милијарди долари. Не заостанува ниту Србија со 21,721 милијарди долари странски директни инвестиции за периодот од 2000-2012 година. Во останатите земји износот на странски директни инвестиции за периодот од 2000-2012 е значително понизок и изнесува 28,044 милијарди долари(албанија 7,27 милијарди долари,,црна Гора 6,659 милијарди долари,бих 6,56 милијарди долари, Македонија 4,03 и Косово 3,43 милијарди долари). Во однос на одливот на капитал од земјите на Западен Балкан, анализите покажуваат дека тој се остварува во многу помал обем во споредба со приливот на капитал. Имено во периодот 2002 2012 год. вкупниот одлив на СДИ изнесуваат 7,4 милијарди долари што претставува само 11% од износот на приливот на СДИ. Република Хрватска учествува дури со 60% во вкупниот одлив на капитал.релативно високо учество има Србија (27,0%), додекадругите земји учествуваат со само 13%. 10 10 Податоци добиени од UNCTAD, FDI/TNC database 28

Графикон 2.2 Одлив на СДИ од земјите на Западен Балкан во период од 2000-2012год. (во милиони долари) извор: UNCTAD, FDI/TNC database (www.unctad.org/fdistatistics) 29

b. Странските директни инвестиции и развојните импликации врз земјите од Западен Балкан Регионот на Западен Балкан е пазар во развој со силен потенцијал за раст. Регионот се трансформира во отворен пазар со 23 милиони потенцијални потрошувачи. Западен Балкан е стратешки лоциран во непосредна близина на Западна и Централна Европа кои претставуваат главни пазари на земјите. Исто така земјите од Западен Балкан се добро позиционирани за покривање на пазарите на Русија, Турција, Блискиот Исток, Северна Африка.Законодавство и регулативите постапно се усогласуваат со нормите на Европската Унија. Клучни предности на Западен Балкан се: подобрената бизнис средина; трошковни предности - релативно евтината работна сила и комуналните трошоци; квалификуваната работна сила; поволен даночен систем; географската близина и пристап до пазарите на повеќе од половина милијарда потрошувачи. Во некои индикатори како цената и продуктивноста на трудот, земјиштето и комуналнии трошоци, земјите од Западен Балкан се рангираат како подобри од некои од новите членки на ЕУ. Регионот нуди добро образована и компетентна работна сила. Земјите во регионот имаат направено чекор нанапред во процесот на пазарно ориентираните реформи, особено во областа на приватизацијата на малите и на средните претпријатија и либерализацијата на трговијата. Меѓутоа, забележителен прогрес сe уште е потребен во областите како што се реформи во јавната администрација и менаџмент на јавните финансии, пристап до финансии за средните и за малите претпријатија, владеење на законот, воспоставување транспарентна правна рамка и промоција на позитивна бизнис-клима. Владите од регионот на Западен Балкан се посветени на создавање поволни деловни средини за привлекување повеќе странски директни инвестиции, преку напредокот на регулаторните, фискалните и даночните реформи и инвестициските стимулации. Во однос на макроекономските индикатори, бруто домашниот производ е позитивен и одржлив во Западен Балкан во текот на последните 13 години. 30

Земја Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Црна Гора 3,1 1,1 1,9 2,5 4,4 4,2 8,6 10,7 6,9-5,7 2,5 3,2 0,5 Хрватска 3,75 3,65 4,87 5,37 4,12 4,27 4,93 5,05 2,08-6,94-1,4-0,01-2 Србија 5,33 5,3 4,12 2,67 9,3 5,4 3,6 5,4 3,8-3,5 1 1,63-1,7 Македонија 4,55-4,52 0,85 2,81 4,62 4,35 5,03 6,14 4,95-0,92 2,89 2,84-0,26 Косово 26,97-0,7 5,42 2,61 3,84 6 6,3 6,9 2,9 3,9 5 3,8 Босна и Херцеговина 5,5 4,4 5,3 4 6,1 5 6,2 6,83 5,42-2,91 0,7 1,3-0,7 Албанија 7,3 7 2,9 5,7 5,9 5,5 5 5,9 7,7 3,3 3,5 3 0,8 Компаративна анализа на политиките за привлекување на Стефановски Димитар Табела 2.2 Раст на БДП во проценти од 2000-2012 Извор: Државни заводи за статистика на земјите од Западен Балкан Бруто домашниот производ на седумте економии од Западен Балкан во 2012 година бележи пад од 0,6 проценти, меѓутоа за 2013 година се очекува раст од 1,6 проценти. 11 11 Редовен економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа 2013 година 31

Земја Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Косово 1088 1490 1588 1970 2135 2194 2279 2736 3303 3191 3233 3702 3567 Албанија 1193 1335 1458 1863 2476 2799 3077 3639 4423 4176 4175 4556 4406 Хрватска 4862 5192 5974 7690 9237 10090 11229 13372 15694 14044 13327 14372 13159 Босна и Херцеговина 1436 1482 1707 2148 2579 2822 3200 3950 4802 4433 4362 4754 4396 Црна Гора 1610 1897 2098 2784 3373 3665 4371 5946 7336 6713 6636 7253 6514 Србија 809 1518 2014 2614 3169 3391 3943 5277 6498 5498 5073 6048 5294 Македонија 1748 1664 1828 2286 2644 2864 3133 3892 4686 4434 4442 4941 4548 Компаративна анализа на политиките за привлекување на Стефановски Димитар Највисок доход по жител во периодот од 2000-2012 е регистриран во Хрватска, а најмал доход по жител е регистриран на Косово. Табела 2.3 Бруто домашен производ по глава на жител ( во милиони долари) Извор: Светска Банка - data.worldbank.org Земјите од регионот се карактеризираат со ниски стапки на инфлација, со исклучок на Србија, додека во другите земји инфлацијата не надминува повеќе од 5 % годишно. 32

Земја Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Косово -1,1-1,1-1,4 0,6 4,4 9,4-2,4 3,5 7,3 2,5 Албанија 0,1 3,1 7,8 0,5 2,3 2,4 2,4 2,9 3,4 2,3 3,6 3,5 2,0 Хрватска 4,6 3,8 1,7 1,8 2,0 3,3 3,2 2,9 6,1 2,4 1,0 2,3 3,4 Босна и Херцеговина 6,1 1,5 7,4-0,4 2,2 3,7 2,0 Црна Гора 2,9 4,3 8,8 3,5 0,7 3,2 Србија 71,1 95,0 19,5 9,9 11,0 16,1 11,7 6,4 12,4 8,1 6,1 11,1 7,3 Македонија 6,6 5,2 2,3 1,1 0,9 0,2 3,2 2,3 8,3-0,7 1,5 3,9 3,3 Компаративна анализа на политиките за привлекување на Стефановски Димитар Табела 2.4 Инфлација 2000-2012 ( во проценти) Извор: Светска Банка - data.worldbank.org Во однос на пазарот на трудот, земјите од регионот бележат високи стапки на невработеност..сите земји имаат повисоки стапки на невработеност од просекот на ЕУ. Највисоки стапки на невработеност во 2013 година се регистрирани во Косово со 30,9 % 33

невработени лица, Македонија со 28,8 % невработеност,следатбосна и Херцеговина со 27,5%,Србија 23,5%, Црна Гора 19,2 и Албанија 12,8 % невработеност. Во однос на просечната месечна нето плата во регионот, постојат значајни разлики меѓу земјите од Западен Балкан.Големината на платите претставува одраз на ефикасноста на пазарот на труд во регионот.со високата стапка на невработеност платите во земјите на Западен Балкан се во стагнација или пак во опаѓање поради инфлацијата.просечните плати изнесуваат: Босна- Херцеговина (559 $), Република Македонија (452$),Србија (518 $),Црна Гора (627$),Косово (476$) и Албанија (502 $). Просечната месечна плата се движи меѓу 450 долари и 630 долари.хрватска е исклучок со просечна плата од 955 долари (723 евра). 12 Графикон 2.3 Просечна плата во земјите од Западен Балкан(во долари) Извор: Државните заводи за статистика на земјите од Западен Балкан Во надворешно-трговската размена, како и во многу други економски перформанси, постојат многу сличности меѓу земјите од Западен Балкан.Вредноста на извозот на земјите од Западен Балкан е релативно ниска, додека вредноста на увозот е значително повисока, зарди што овие земји имаат големи трговски дефицити. Сите земји од регионот на Западен Балкан се соочуваат со проблемот на несоодветна стопанска структура и слаба конкурентност на сопствениот извоз на странските пазари. Уделот на седумте земји од Западен Балкан е 0,16% од глобалниот извоз во 2005-2010 период. Кога станува збор за 12 Податоци добиени од државните заводи за статистика на земјите од Западен Балкан 34

увозот на стоки на нивниот удел во светскиот увоз е околу 0,3% во годините од 2005 до 2010. 13 Во апсолутни бројки Србија има најголем извоз, надминувајќи Хрватска во 2006 година, на трето место е БиХ, а потоа следат Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. На страната на увозот од земјите на Западен Балкан ситацијата е поинаква: Косово и Босна и Херцеговина се најголеми увозници, потоа следат Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Албанија. Основни извозни производи на земјите од Западен Балкан се: железото и челикот;производи од железо и челик;минерални горива;неметали; пластика и пластични производи и други производи со низок степен на финализација како и земјоделски производи.исклучок од ова прават само Србија и Хрватска кои во регионот остваруваат и извоз на електрични машини и други видови опрема, односно индустриски производи со повисок степен на финализација. 13 (СТО проекции 2010/01/12). http://www.wto.org/english/news_e/news10_e/stts_01dec10_e.htm 35

Земја 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Косово Албанија 703,5 838,8 915,24 1166,918 1606,787 1820,888 2296,843 3024,61 3833,33 3533,29 3855,53 4391,29 4077,954 Хрватска 8644,62 9650,92 10588,63 14880,17 17602,37 18943,63 21068,05 25011,35 29021,81 22387,81 23589,44 26255,98 24526,65 БиХ 1579,795 1630,977 1633,873 2198,494 2950,221 3544,271 4521,21 5700,98 6866,29 5331,903 6058,555 7140,277 6319,404 Црна Гора 1759,235 1356,961 1461,7 1837,054 1675,469 Србија 15799,43 12766,71 14452,31 17304,63 16492,57 Македонија 1637,406 1400,031 1365,298 1736,88 2122,065 2563,51 3000,524 4197,652 4972,484 3544,218 4249,93 5538,757 5041,623 Компаративна анализа на политиките за привлекување на Стефановски Димитар Табела 2.6 Вкупен извоз на Западен Балкан во милиони долари Извор :UNCTAD, UNCTADstat 36

Земја година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Косово Албанија 1499,3 1775,7 2075,57 2586,076 3249,72 3860,47 4500,4 5904,36 7285,94 6500,18 6313,26 7323,869 6398,594 Хрватска 9591,96 10809,22 13016,75 17135,51 20112,81 21729,16 24536,07 29377,26 34735,28 24820,04 23474,62 26085,29 24026,53 Босна и Херцеговина 4157,309 4361,039 4754,514 6020,428 7088,577 7889,805 8146,121 10526,09 12983,62 9526,829 9756,747 11587,88 10505,73 Црна Гора 4219,479 2707,318 2596,607 2918,698 2773,39 Србија 30910,09 21909,92 22914,66 26947,67 25206,91 Македонија 2279,525 1945,923 2192,989 2595,609 3313,296 3667,009 4233,801 5774,153 7549,388 5689,055 6118,888 7738,931 7303,022 Компаративна анализа на политиките за привлекување на Стефановски Димитар Табела 2.7 Вкупен увоз на Западен Балкан во милиони долари официјален статистички податоци: UNCTAD, UNCTADstat 37

Земјите од Западен Балкан се карактеризираат со големи можности за инвестирање, но и проблеми и пречките кои го попречуваат доаѓањето на странските инвеститори.некои од овие фактори се: корупција,несоодветна инфраструктура, неефикасна администрација, политичката нестабилност,пристап до финансирањето.сите овие фактори имаат негативно влијание врз развојот на бизнисот и посебно имаат негативно влијание на влезот на гринфилд инвестициите кои се потребни во овој дел од балканскиот пазар. Графикон 2.4 Странски директни инвестиции во период од 2000-2012 во проценти Извор: UNCTAD, UNCTADstat Приливот на СДИ е релативно мал во споредба со други региони. Мали приливи на странски инвестиции беа забележани во Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија, а поголеми инвестиции се забележани во Хрватска и Србија. Најголем број на странски директни инвестиции во периодот од 2000-2012 година во регионот завршија во Хрватска(37%) и во Србија 27 %. 38

Табела 2.8 Странските директни инвестиции во земјите од Западен Балкан во период од 2000-2012 Извор: UNCTAD, UNCTADstat Во милиони долари Албанија 7 270,9 Босна и 6 656,9 Хецеговина Хрватска 29 681,0 Косово 3 432,9 Црна Гора 6 659,5 Србија 21 721,2 Македонија 4 027,8 Западен Балкан 79 450,1 Просекот на директни странски инвестиции по глава на жител во земјите од Западен Балкан во периодот од 2000 до 2012 изнесува 285 долари.според овој показател, директните странски инвестиции во долари по жител во Србија изнесуваат 341, Косово- 284, Албанија-232,Македонија-199 и БиХ-77 долари. 14 Структурата на странските директни инвестиции се уште доминираат инвестиции во финансиското посредување. Во 2012 година прво место во регионот според влезот на странски инвестиции е Хрватска во која се вложени 1,25 милијарди долари. Македонија е последна на листата со прилив од 135 милиони долари. Во Босна и Херцеговина е регистриран прилив од 633 милиони долари директни странски инвестиции, во Црна Гора со 609мил. долари, во Србија со 352 милиони долари,во Косово со 298 милиони и во Словенија од 145 милиони долари.албанија минатата година остварила 957 милиони долари странски инвестиции. 15 Вкупниот износ на странски инвестиции во Западен Балкан во период од 2000-2012 е околу 80 милијарди долари. Најголемиот дел од инвестициите доаѓаат од неколку земји членки на Европската унија Германија, Италија, Велика Британија и Австрија. 16 14 Според ивештај на Светска банка за регионот на југоисточна Европа 15 Според извештајот на Конференцијата на ООН за развој (УНКТАД) за 2012 16 официјален статистички податоци: UNCTAD, UNCTADstat 39

Земја година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Косово - - - - 53,3 133,8 369,8 603,2 536,8 404,8 484,5 548,5 298,1 Албанија 144,3 206,4 135,0 178,0 345,7 264,3 324,4 658,5 974,3 995,9 1 050,7 1 036,2 957,0 Хрватска 1 050,9 1 313,2 1 070,9 1 989,1 1 179,1 1 825,4 3 468,4 5 041,0 6 219,5 3 339,1 432,2 1 501,7 1 250,6 Босна и Херцеговина 146,1 118,9 265,2 381,1 511,2 350,9 554,7 1 818,3 1 024,5 149,3 324,0 379,9 632,9 Црна Гора - - 71,9 49,4 65,4 500,6 622,0 934,4 960,4 1 527,3 760,4 558,1 609,5 Србија 3 438,9 2 955,3 1 958,8 1 328,6 2 709,3 352,2 3 438,9 3 438,9 2 955,3 1 958,8 1 328,6 2 709,3 352,2 Македонија 215,1 447,1 105,6 113,3 323,7 96,0 432,6 692,5 585,8 201,4 211,9 468,2 134,6 Западен Балкан 1 608,0 2 263,1 2 139,2 4 177,9 3 436,8 4 748,2 10 027,6 13 186,9 13 256,7 8 576,7 4 592,3 7 201,8 4 235,1 Компаративна анализа на политиките за привлекување на Стефановски Димитар Табела 2.9 Приливи на СДИ во милиони долари во Западен Балкан (2000-2012) Извор: UNCTAD, UNCTADstat 40

На график (2.5) е прикажан одливот на странските директни инвестиции од земјите на Западен Балкан во период од 2000 2012 година.најголем одлив на инвестиции е забелажан од Хрватска(60% од одливот на инвестиции е од Хрватска) и од Србија (27%). Додека пак вкупниот одлив на странски инвестиции од земјите на Западен Балкан за период од 2000 2012 година изнесува 7 312 000 000 долари. Графикон 2.5 Одлив на СДИ во период од 2000-2012 во проценти во земјите од Западен Балкан Извор: UNCTAD, UNCTADstat 41