Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Similar documents
ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Март Opinion research & Communications

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Структурно програмирање

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

C U R R I C U L U M V I T A E

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Безбедност и здравје на работа

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ - ПОДГОТОВКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Повик за поддршка на локални граѓански организации

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

ЗАКОН ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ ВО РАБОТАТА СО ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Мобилност МК Mobility MK

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Обука за менаџирање на стрес на работно место

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО КАТЕДРА ЗА ДИДАКТИКА

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА. Математичко-информатичко образование. Добрила Јовановска

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Проект: Поголема партиципација - подобри политики и регулативи. Екстерно оценување, предизвици и следни чекори: Екстерно оценување по секоја цена?

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Мобилност МК Mobility MK

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Мобилност МК Mobility MK

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Коисмение.Штозначиме.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

од имплементирани проекти од програмите АДИ вингинг АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО СТУДИСКИ ПОСЕТИ Tвингинг

Современи науки и технологии. Магистер по компјутерски науки / Насока: Информациски системи

ЗЕЛС ГЛАСИЛО NEWSLETTER ԕԏԑɑȫɒɗԏ ȪԎ ԑɑɒȫɒɗɒȯԑ ȪԎ ɕȫɔԎɕȪԎ0 ЈУНИ JUNE

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

Состојба и перспективи на наставата по физика дизајнирана според преземени и адаптирани наставни програми

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Скопје, август 2017 година

Transcription:

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ за спроведување на физибилити студија за онлајн професионален развој на воспитно-образовниот кадар во основните и средните училишта Септември 2015

I. ВОВЕД 1.1 За проектот Проектот за професионален и кариерен развој на наставниците (ПКРН) има за цел да го надгради и подобри системот за професионален и кариерен развој на наставниците за да придонесе за поквалитетна воспитно-образовна работа и повисоки постигања на учениците во Македонија. Проектот беше инициран од Бирото за развој на образованието (БРО), го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). Проектот започна во декември 2012 година и ќе се реализира до јуни 2016 година. Во реализацијата на проектните активности се вклучени: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, општините, факултетите за наставници, професионалните здруженија на наставници и Синдикатот за образование, наука и култура. Во рамките на проектот изработени се следните документи релевантни за стручното усовршување на воспитно-образовниот кадар во училиштата: - изработени професионални компетенции за директори, наставници и стручни соработници (педагог, психолог, социолог, социјален работник, дефектолог и библиотекар) и професионални стандарди за напредување во звања ментор и советник за наставници и стручни соработници 1 ; - изработено Упатство за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта; - воспоставени процедури и инструменти за напредување во звања на наставниците и стручните соработници; - подготвени нацрт сценарија и проекции за финансиските импликации од спроведување на системот за професионален и кариерен развој; - развиен модел за напредување во звања на наставниците и стручните соработници. Резултати што треба да се постигнат до крајот на проектот: - подобрување на процедурите за акредитација на понудувачи на обуки; - поддршка на БРО за воспоставување на дигитално пристапни обуки за професионален развој на воспитно-образовниот кадар; - информирање на воспитно-образовниот кадар за новините во системот за професионален и кариерен развој. 1 Дел од развиените документи може да се најдат на интернет страницата на МЦГО: http://mk.mcgo.org.mk/usaid-teacher-professional-and-career-development-project/ 1

1.2. Професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар од основните и средните училишта и потребата од е-платформа за обуки Република Македонија настојува да ги следи светските трендови и практики во поглед на развивање на професионалните компетенции на наставниците за да може подобро да одговорат на новите можности, предизвици и потреби во рамките на образовниот систем и во општеството во целина. Во тој контекст, според законот, се очекува од наставниците и стручните соработници континуирано професионално да се развиваат, а од училиштата и државните институции на систематски начин да ја следат нивната работата и да им обезбедат услови за континуирано стручно усовршување. Оттука, во Законот за наставници во основните и средните училишта 2 подетално се регулира обврската за професионален развој на наставниците. Согласно овој закон, наставниците се должни континуирано стручно да се усовршуваат и да посветат најмалку 60 часа во текот на секои три години. Во рамките на 60 часови на стручно усовршување спаѓаат обуките што наставниците ги посетуваат во и вон училиштето, од кои најмалку 40 часови се од учество на акредитирани програми за обука за што средства се обезбедуваат во буџетот на Бирото за развој на образование (член 21, став 2). Секторот за професионален развој во рамките на Бирото за развој на образованието е одговорен за организирање и спроведување активности за професионалниот развој на воспитнообразовниот кадар во училиштата. Во овој сектор, БРО спроведуваа годишни анализи за утврдување на потребите за професионален развој на воспитно-образовниот кадар, изработува план на активности за обука, спроведува постапки за акредитација на обуки и го следи квалитетот на обуките. 3 Препознавајќи ја потребата да обезбеди професионален развој за целокупниот воспитно-образовен кадар и да ја исполни законската обврска со ограничените средства што секоја година му се доделуваат, БРО планира да обезбеди онлајн обуки за професионален развој за воспитно-образовниот кадар во училиштата. Проектот на УСАИД за ПКРН ќе го подржи БРО во истражување на можните модели за операционализирање на онлајн обуките за професионален развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата. БРО заедно со проектот и УСАИД, досега ги имаат идентификувано следните предности и предизвици за воспоставување на онлајн модел за професионален развој: Предности - пристап до обуки со еднаков квалитет: квалитетот на постојните обуките што наставниците ги добиваат на работното место во моментот е многу нееднаков. Наставниците учествуваат на обуки за обучувачи, а потоа се задолжени да ги споделат содржините од обуките со останатите колеги, иако сите поседуваат различно ниво на вештини и искуство за одржување на обуки. Оттука, онлајн обуките за наставници и стручни соработници би обезбедиле ист квалитет; - можност да се комбинираат непосредните обуки со онлајн обуката; - можност за навраќање на делови од обуките за подобро совладување на содржините; - дава можности за онлајн проверка на наученото; 2 Службен весник на РМ бр. 10/15 3 Член 8 од Закон за Бирото за развој на образованието, консолидиран текст, Службен весник на Република Македонија, бр. 37/2006; 142/2008; 148/2009; 69/2013; 120/2013; 148/2013 и 41/2014. 2

- обуката може да се следи во различни услови (домашни, училишни и др.) со што се намалуваат трошоците поврзани со обезбедување на простор, патни трошоци итн.; - поголема флексибилност во користење на времето на учесниците во обуките (се вклучуваат кога се мотивирани за учење). - бројот на наставници кои што се отворени кон користење на иновативни начини на учење преку ИКТ се очекува да биде во постојан раст. Предизвици - ограничена можност за директни контакти и следење на реакциите на учесниците од страна на обучувачот во случај на користење на претходно снимени обуки; - ограничена непосредна интеракција и поставување на прашања до обучувачот за време на следење на обуките што се претходно снимени; - неможност на понудувачите на обуки да го верификуваат точното активно учество на учесниците на онлајн обуката; - отежната контрола на самостојноста во извршување на активностите (доколку се бараат индивидуални продукти); - невоедначени вештини на учесниците за користење на ИКТ во учењето; - ограничени искуства на провајдерите на обука за креирање на онлајн обуки; - разлики во квалитетот и капацитетите на интернет врските. II. ЦЕЛ НА СТУДИЈАТА Физибилити студијата треба да ги истражи факторите и да утврди кои се условите што треба да се создадат во системот за образование на Република Македонија, можностите што постојат и придобивките што би ги имале од воспоставување на функционална е-платформа за обуки за континуиран професионален развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата. Подетално, студијата треба: да утврди дали платформата за онлајн обуки на наставници е економски оправдана; да ги анализира и спореди двете главни алтернативи и тоа: (1) креирање на нова платформа за професионален развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата; (2) адаптирање/изнајмување на простор на постојна платформа. за двете горе споменати алтернативи, да ги утврди фискалните импликации, односно да направи проекција на трошоци со цел да се утврди нивната исплатливост; да ги определи потребните технички и човечки ресурси и финансиски импликации за БРО како примарна институција одговорна за професионален развој на воспитно-образовниот кадар за двете алтернативи (на пр. потребата од кадар со ИКТ вештини во однос на кадар кој има знаење во адаптирање на содржините (instructional designers); да ги спореди трошоците за развивање на содржините/обуките локално наспроти адаптирање на веќе постоечки обуки вклучувајќи и превод на наставните јазици (македонски, албански, турски и српски јазик); 3

да го утврди начинот на одредување на содржината и изборот на темите, како и сите видови на содржини што може да се обезбедат (онлајн обуки, видео конференции, вебинари, сесии водени од страна на мастер-обучувачи, итн.); да одредат индикативни временски рамки за моделот да биде употреблив, и да ги истражи можните предизвици (на пр.: да привлече корисници) или ризици и да предложи алтернативи за нивно надминување. III. СОДРЖИНА НА СТУДИЈАТА 1. Испитување на потребите/интересите/ навиките на воспитно-образовниот кадар во училиштата Со цел да се утврди оправданоста за развој на модел за онлајн професионален развој на воспитно-образовниот кадар (класни раководители, предметни наставници, наставници во основни и средни училишта, стручни соработници како педагози, психолози, итн. од големи урбани и мали рурални училишта, итн.), неопходно е да се направи истражување на примерок на потенцијални корисници и да се организираат фокус групи за да се истражи подетално следното: - нивото на разбирање за придобивките од онлајн обуките и нивното искуство од учество на онлајн обуки; - заинтересираност на воспитно-образовниот кадар за онлјан обуки и вид обуки што ги претпочитаат (онлајн или непосредни обуки); - подготвеност за самофинансирање за учество во онлајн обуки; - вештини и навики за користење компјутер/интернет (можности за користење интернет дома и во училиште); - теми на обуки на пр. содржини за кои воспитно-образовниот кадар е најмногу заинтересиран и се во согласност со компетенциите за наставници 4 и стручни соработници ( на пр. обука за работа со ученици со посебни образовни потреби, обуки за оценување на учениците, итн.). Врз основа на оваа студија, да се направи проценка на искористеноста на онлајн платформата и да се даде проценка на цена на чинење на разни видови онлајн обуки. 2. Дефинирање на видот и на моделот(ите) на онлајн обуките за професионален развој Со цел да се дефинира која платформа е посоодветна и да се споредат предностите и недостатоците, во студијата потребно е: - да се направи проучување на содржините на добри/познати платформи за обуки на наставници (како на пример http://www.capterra.com/training-software/), со цел да се идентификуваат основните карактеристики на платформата, како што се начинот на пребарување, можностите за интеракција, видовите на обуки итн. - да се наведат предностите и недостатоците од користење на софтвер со отворен код (open source software) или софтвер со заштитени сопственички права (proprietary software) и да се предложи најсоодветниот; 4 Правилник за основните професионални компетенции http://bro.gov.mk/docs/pravilnici/pravilnik%20za%20osnovnite%20profesionalni%20kompetencii%20na%20nastav nicite.pdf 4

- да се испитаат различни можности за хостирање на платформата (локална наспроти странска, воедно треба да се испитаат предностите/недостатоците и цените на овие алтернативи); - - да се испитаат можностите за користење (преведување) на постојни бесплатни онлајн обуки поставени на странски платформи (како на пример Coursera, CourseTalk, EDx, CreativeU и други отворени образовни ресурси /МООСs. Врз основа на резултатите од истражување на горе наведените точки, да се даде предлог на најсоодветно техничко решение за воспоставување на онлајн обуки. 3. Определување на потребните услови за функционирање на онлајн платформата Согласно одлуката на Владата за назначување на стручни и технички одговорности за онлајн професионален развој на воспитно-образовниот кадар на Бирото за развој на образование, ова студија треба: - да ги испита моменталните капацитети (технички и просторни,) на БРО да развие и да администрира онлајн обуки за професионален развој; - да ги испита човечките ресурси на БРО и да даде сугестии за нови вработувања во одделението за онлајн обуки. Со цел да се обезбеди функционирање и одржување на моделот, треба да се определат одговорностите на вработените, на пример, дали тие ќе треба да го поддржат развојот на единечни обуки или само ќе бидат одговорни за администрирање на платформата. Воедно треба да се определи видот на образование/квалификации, искуство, и дали вработените имаат потреба од дополнителни обуки (на пример за дизајнер на наставни содржини -instructional designer); - да ги истражи капацитетите и интересот на потенцијалните понудувачи на онлајн обуки (вклучувајќи и видови на обуки кои тие можат да ги понудат, како што се видео снимки или поинтерактивни формати на вебинари во живо, видео конференции, примери на практична примена на наученото итн.). Да предложат активности што треба да се превземат, со цел да се обезбедат квалитетни онлајн содржини (како да се зголеми капацитетот на понудувачите на обуки); - да се процени можноста за адаптирање на постојните материјали од акредитираните обуки (да се одреди кој ќе биде задолжен за администрирање на обуката и како да ќе се организира издавањето на Сертификати за завршени обуки) Врз основа на ова истражување да се дадат препораки за да се обезбедат потребните просторни, технички и човечки ресурси како и други активности кои е потребно да се превземаат со цел да се обезбеди функционалноста на платформата. 4. Финансиска анализа Анализа на придобивките и финансиските средства потребни за функционирање на е- платформата треба да опфати: - цената на чинење за адаптирање на постоечка платформа во споредба со развивање на нова платформа (да се даде приближната цена за потребниот хардвер и софтвер); - цена на чинење за хостирање на е-платформата локално во споредба со надворешно, вклучувајќи и хостирање во странство; 5

- цена на чинење на различни онлјан обуки развиени од домашни провајдери вклучувајќи и трошоци за адаптирање на постојни бесплатни онлајн обуки на веќе познати платформи (вклучувајќи и превод); - споредба на трошоците за разни видови на онлајн обуки во споредба со непосредни обуки/директни обуки; - потенцијалите за генерирање дополнителни средства од учесниците преку кофинансирање; - финансиска конструкција за трошоците поврзани со функционирање на Одделението за професионален развој на БРО (вклучувајќи и плати за кадарот кој ќе биде дел од одделението за онлај обуки). IV. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ Како резултат на проучувањата што ќе се спроведат во рамките на студијата, треба да се направат: 1) Извештај што ќе ги содржи методологијата на истражување, добиените сознанија и предлог решенијата што ќе ги следат содржината на студијата дадена во поглавје III вклучувајќи ја и стратегијата за промоција и поддршка на корисниците. 2) Презентација на наодите и препораките од физибилити студијата. V. ВРЕМЕНСКА РАМКА Спроведување на истражувањето, обработка на податоците и поднесување на нацрт извештајот, техничката спецификација и анализата на придобивките и трошоците - 60 работни денови од датумот од потпишување на договорот. Презентација и финализирање на извештајот 10 дена од поднесување на нацрт извештајот. VI. ПОТРЕБНИ КРИТЕРИУМИ НА ПОНУДУВАЧОТ Понудувачот да има спроведено најмалку две Физибилити студии во исто или слично подрачје со предметот на набавка; Да ангажира соодветен стручен тим од најмалку три експерти од областа на образованието и ИКТ: o Раководител на експертски тим: Експерт од областа на образованието или ИКТ со универзитетско образование, минимум 10 години работно искуство, изработка на минимум два проекта од слична природа одговорен за координирање, спроведување и навремена реализација на студијата. o Член на тимот (1), експерт од областа на информатичките науки со универзитетско образование и минимум 5 години работно искуство, изработка на минимум два проекти од слична природа. o Член на тимот (1), експерт од областа на образованието со универзитетско образование минимум 5 години работно искуство во областа на стручното усовршување, изработка на минимум два проекта од слична природа. 6

VI. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ На повикот може да се јават правни лица. Апликацијата треба да содржи: - Податоци за фирмите вклучувајќи и професионална биографија (CV) на членовите на тимот - Листа на релевантни студии или технички продукти од исто или слично подрачје, време на реализација и клиенти; - Тековна состојба од Централен регистер; - Предлог методологија и план за реализација на физибилити студијата; - Цена на чинење претставена преку потребен број на денови за секој од консултантите, цена по ден, и вкупна цена. - Контакти од три лица што може да ја потврдат компетентноста на фирмата за спроведување на физибилити студии. VII. ВОВЕДЕН СОСТАНОК - ЗАДОЛЖИТЕЛЕН Сите заинтересирани кои ќе ја преземат документацијата со Опис на работни задачи од интернет страната на МЦГО се покануваат на задолжителен воведен состанок за презентирање на очекуваните резултати и разјаснување на техничките аспекти во процесот на доставување на предлог-проект за физибилити студијата. Состанокот ќе се одржи на 23 септември 2015 година во просториите на Македонскиот центар за граѓанско образование на ул. Козле 1 б, Скопје со почеток во 11 часот. VIII. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР При избор на најдобар предлог проект комисијата составена од претставници на УСАИД, МЦГО и БРО ќе ги разгледа пристигнатите апликации и при одлучувањето ќе се води од следните критериуми: - Цена на чинење 20% - Релевантно искуство на експертите - 20% - Претходни релевантни проекти на правното лице -20% - Приод и методологија - 40% 7