РЕЗИМЕ Вештини, не само дипломи Управување со образованието за резултати во источна Европа и централна Азија. Светска банка

Similar documents
Март Opinion research & Communications

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

64 Izvještaj Pokazatelji fiskalne decentralizacije za Jugoistočnu Europu: 2011

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Структурно програмирање

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Проект: Поголема партиципација - подобри политики и регулативи. Екстерно оценување, предизвици и следни чекори: Екстерно оценување по секоја цена?

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Семејството и заедницата

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

Разбирање на проширувањето

Коисмение.Штозначиме.

ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА четврто истражување

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Лов на сенки Динамката на даночната евазија и измама во Македонија

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

REVIEW OF SPECIAL EDUCATION PROGRAMS IN JORDAN: CURRENT PRACTICES, CHALLENGES, AND PROSPECTS

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Проф. д-р Снежана Ставрева Веселиновска 1. Апстакт. Клучни зборови: реформи, ученици, нови типови на ученици, технологија, училишта.

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

AGIA TRIADA - GREECE

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

Контекст на земјата. Кратка содржина

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

views - opinions - dilemmas pogledi - mislewa - dilemi Ljupcho AJDINSKI Љупчо АЈДИНСКИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Прирачник за управување со општинскиот имот

УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ ВО РАБОТАТА СО ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

РАФОМЕТРИКС. Страна 1 Г О Д И Н А 2, Б Р О Ј 3 ФОКУС

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА. Математичко-информатичко образование. Добрила Јовановска

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

Опасни врски. Ризиците од јавно приватни партнерства во централна и источна Европа

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА. -катедра за математика и статистика- Математичко информатичко образование.

Сузана МИОВСКА-СПАСЕВА УДК: :

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

Task Force Education And Youth

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

15 godini partnerstvo

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО КАТЕДРА ЗА ДИДАКТИКА

Документ на Светска банка САМО ЗА СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА МЕЃУНАРОДНА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ МЕЃУНАРОДНА ФИНАНСИСКА КОРПОРАЦИЈА

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

Прирачник за наставници

Безбедност и здравје на работа

Спречување стрес на работното место

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ШТО ЕВРОПЈАНИТЕ МИСЛАТ ЗА ПОВРЗАНИТЕ ВОЗИЛА

Transcription:

РЕЗИМЕ Вештини, не само дипломи Управување со образованието за резултати во источна Европа и централна Азија Ларс Сондергард и Мамта Мурти со Дина Абу Гаида, Кристијан Бодевиг и Јан Рутковски Светска банка

РЕЗИМЕ Вештини, не само дипломи Управување со образованието за резултати во источна Европа и централна Азија Ларс Сондергард и Мамта Мурти со Дина Абу Гаида, Кристијан Бодевиг и Јан Рутковски СВЕТСКА БАНКА Вашингтон

Оваа брошура содржи резиме на претстојната книга во издание на Светска банка, Вештини, не само дипломи: Управување со образованието за резултати во источна Европа и централна Азија, заедно со содржина на книгата. За да нарачате примероци од целокупната книга, издадена од Светска банка, ве молиме да го користите формуларот на крајот на оваа брошура. 2012 Меѓународна банка за обнова и развој/ Светска банка 1818 H Street NW Washington DC 20433 Телефон: 202-473-1000 Интернет: www.worldbank.org Сите права се задржани. Ова издание е производ на вработените во Меѓународната банка за обнова и развој/ Светска банка. Наодите, толкувањата и заклучоците изразени во ова издание не секогаш ги отсликуваат гледиштата на извршните директори на Светска банка или на владите кои тие ги претставуваат. Светска банка не гарантира за точноста на податоците дадени во овој труд. Границите, боите, именувањата и другите информации прикажани на картите во овој труд не имплицираат никаков став на Светска банка во врска со правниот статус на било која територија или признавање или прифаќање на дадените граници. Права и одобренија Материјалот во ова издание е предмет на авторско право. Копирањето и/или преземањето делови од овој труд или на целиот овој труд без дозвола претставува прекршување на соодветниот закон. Меѓународната банка за обнова и развој/ Светска банка го охрабрува промовирањето на нејзината работа и вообичаено веднаш дава дозвола за репродуцирање на делови од трудот. За одобрение за фотокопирање или препечатување на дел од овој труд, ве молиме да испратите барање со целосни информации до Copyright Clearance Center Inc., 222 Rosewood Drive, Danvers, MA 01923, USA; телефон: 978-750-8400; телефакс: 978-750-4470; интернет: www.copyright.com. Сите други прашања за правата и дозволите, вклучувајќи ги и субсидијарните права, треба да се упатат до канцеларијата на издавачот, Светска банка, 1818 H Street NW, Washington, DC 20433, USA; телефакс: 202-522-2422; електронска пошта: pubrights@worldbank.org. Фотографија на насловната страна: Генерација на дипломирање 2007 чекори кон нивната почетна церемонија, Александру Јон Куза, Универзитет Јаши, Романија, Медиафакс фото/ Ливиу Кирика.

Содржина Предговор на Вештини, не само дипломи... i Признанија за Вештини, не само дипломи... iii Скратеници... iv Содржина на Вештини, не само дипломи... vii Резиме... 1 Предизвикот на вештините... 2 Зошто вештините се растечки проблем ако образовните системи ги испорачуваат? 4 Приоритетни области во кои треба да се делува... 7 Управување со образовните системи за постигнување резултати... 9 Градење на основите на системите за образование на возрасни... 14 Заклучок... 15 Забелешки... 16 Слики О.1 Анализа на способноста за читање на 15 годишни ученици на ПИСА 2009 3 О.2 Дистрибуција на фирмите во регионот ЕЦА кои ги сметаат вештините на работниците за најголема или многу тешка пречка, 2008 година 4 О.3 Односи ученици - наставници во основните училишта во ЕЦА споредени со други региони во светот, 1990 2008 година 8 О.4 Состојбата на мерењето и користењето на податоците за резултатите од учењето на учениците во регионот ЕЦА, 2009 година 11

Вештини, не само дипломи Страница i Предговор на Вештини, не само дипломи Не е тајна дека доброто образование лежи во срцето на економскиот раст и развој. Истовремено, подобрувањето на квалитетот и на релевантноста на образованието е енормно тешко не само затоа што не постои една единствена мерка на политиките која ефективно ќе го направи тоа. Оваа книга дава придонес за нашето разбирање како да го подобриме образованието преку истражување на најновите искуства на земјите во источна Европа и поранешниот Советски Сојуз. Познати по еднаквиот пристап и по високиот квалитет на образованието пред 20 години, земјите од овој регион се бореа да го одржат своето реноме. Три фактори придонесоа за опаѓањето на квалитетот и на релевантноста. Прво, едно од наследствата од централното планирање е дека земјите посветуваат премногу внимание на мерењето на инпутите во учењето како што е бројот на училишта и бројот на наставници а недоволно на исходите. Секако, тие задоцнија со развојот на системи за оценка колку учат учениците и студентите и дали тоа учење води кон вработување. Во таа смисла, нивните образовни системи работат во темнина што го прави екстремно тешко креирањето на политиките. Второ, системот на управување, исто така наследство од минатото, ја ограничува способноста на училиштата да го подобруваат опкружувањето за учениците и ги ограничува општините кои би можеле да сакаат да применат различен микс од програми за да ги задоволат барањата на локалниот пазар на работна сила. Како и со оценката, земјите беа бавни во прифаќањето на реформите на управувањето и отчетноста кои сега се дел од образовните системи низ светот. Овие ограничувања на автономијата и отчетноста ја намалија енергијата и мотивацијата за подобрување внатре во системот, придонесувајќи за недостаток на вештините. Навистина, поплалите на компаниите за недостаток на релевантни вештини за напредок се зголемија во повеќето земји. Конечно, системите се повеќе распоредуваат ресурси онаму каде што не се потребни. На пример, остриот пад на бројот на ученици во последните 20 години не резултираше со соодветно намалување на бројот на училници и наставници. Како резултат на тоа ресурсите се повеќе се врзуваат во згради и наставници наместо подобро да се потрошат на други намени. Повеќето од овие ограничувања можат да се најдат не само во училиштата туку и во високото образование и обуката. Резултат на овие ограничувања е дека квалитетот и релевантноста на образованието во земјите во овој регион се дискутабилни. Голем дел од учениците го завршуваат основното образование со минимални познавања на буквите и бројките. Нивниот неуспех да ги научат дури и најосновните работи останува незабележан од системите за оценување, а училиштата и општините не добиваат

Вештини, не само дипломи Страница ii доволен поттик да се осигурат дека сите ученици го научиле основните работи. Системите се мачат и со предавањето на повисоките вештини за кои се потребни добро мотивирани и високи квалитетни наставници, кои можат да бидат привлечени само од мал број училишни системи како резултат на ниските плати и на наследената превработеност. Без визија или ресурси со кои стручното и техничкото образование ќе се направат атрактивни за учениците, овој сектор ќе остане еден од најнереформираните во образовниот систем квалитетот еродира, а учениците избегаа од оваа форма на образование што придонесе за широкиот недостиг на стручни и технички вештини во овие земји. Оваа книга докажува дека подобрувањето на квалитетот и на релевантноста на образованието бара фундаментална промена на пристапот кон образованието во земјите од овој регион. За почеток, образовните системи треба да ги запалат светлата и да преземат сериозно мерење на она што навистина го учат учениците наспроти мерењето на инпутите во образовниот процес со имплицитна претпоставка дека учењето ќе следи. Оваа проценка треба да даде информации и за наставата и за креирањето на политиките. Креаторите на политиките, исто така, треба да се оттргнат од контролирањето на инпутите и процесите и да преминат кон зголемување на акцентот на поттикот за подобрување на учењето, во училиштата и во високото образование. Конечно, за овие реформи да бидат финансиски оправдани, многу поефективно треба да се користат постојните трошоци за образованието. Особено, земјите од овој регион не можат да си дозволат да одржуваат едни од најмалите класови во светот, затоплувајќи и осветлувајќи полупразни згради кога ресурсите се потребни на други места. Искрено се надеваме дека оваа книга ќе ја стимулира дебатата за тоа како да се подобри образованието и обуката и во разгледуваните земји како и во целиот свет и со тоа ќе се охрабри акцијата со која ќе се помогне да се реализира просперитет за сите. Филип Леру Потпретседател за регионот Европа и централна Азија Светска банка Вашингтон

Вештини, не само дипломи Страница iii Признанија за Вештини, не само дипломи Оваа студија се направи под водство на Ларс Сондергард, кој е автор на главите 3 и 4 и Мамта Мурти која е автор на резимето и на глава 7. Јан Рутковски е автор на глава 1, Дина Абу-Гаида е автор на глава 2 со помош на Кристијан Бодевиг и Ларс Сондергард, Ларс Сондергард е автор на глава 4 со помош на Алекс Ашер, а Кристијан Бодевиг е автор на глава 6 со помош на Сароџини Хиршлајфер. Дина Абу-Гаида заеднички ја водеше студијата со Ларс Сондергард во нејзините рани фази. Книгата произлезе од регионалната истражувачка програма, почната и поддржана од канцеларијата на главниот економист за Европа и централна Азија. За време на пишувањето на книгата, двајца главни економисти помогнаа во нејзиното обликување, Прадип Митра и Индермит Гил. Авторите се благодарни за нивното водство и поддршка во пишувањето на оваа книга. Оваа книга е зајакната со придонесот, вклучувајќи ги и претходните трудови на Мајкл Мераух, Алекс Ашер, Ивета Силова, Андрас Бенедек, Алгерлин Гил, Ростислав Капелиушников и Хакан Ерчан, како и еден заеднички на Јиржи Вишњевски, Мацеј Јакубовски, Хари Антони Патринос и Емилио Ернесто Порта. Исто така им се заблагодаруваме на Хуан Мануел Морено и на Нина Арнолд за читањето и коментарите на разните нацрти и помошта во обликувањето на главните пораки во книгата, како и на Алгерлин Гил за нејзината помош во истражувањето и за инпутите во повеќе глави на оваа книга. Исто така, Надежда Лепешко и Кармен Лауренте помогнаа да се изготват графиците и сликите. Оваа книга беше одлично уредена од Пеги Мекинерни и Патриша Карли. Лари Форги помогна во уредувањето на глава 1. Исто така, ни помогнаа и вредните коментари од нашите рецензенти: Ричард Мурнан, Амит Дар, Бернард Хугониер, Халси Роџерс и Манфред Валенборн. Ги користевме и придонесите, коментарите и сугестиите од бројни колеги вклучувајќи ги Мухамед Ихсан Ајвад, Гордон Бечерман, Мери Канинг, Исак Фрумин, Сашико Катаока, Арво Кудо, Тоби Линден, Лили Мулату, Бојана Нацева, Рихана Рифат Раза, Алберто Родригез, Марчело Селовски, Јан Садлак, Јамил Салми, Луис Крауч и многу други. Сите грешки кои остануваат во изданието се одговорност само на авторите.

Вештини, не само дипломи Страница iv Скратеници БИПС Анкета за деловното опкружување и за работењето на претпријатијата ЗНД Заедница на независни држави ЕЦА Европа и централна Азија ЕУ Европска Унија ЕУ10+1 Бугарија, Чешка Република, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Словенија, плус Хрватска БДП Бруто домашен производ ОЕЦД Организација за економска соработка и развој ПИААЦ Програма за меѓународна оценка на компетентноста на возрасните (ОЕЦД) ПИСА Програма за меѓународна оценка на учениците, ОЕЦД ПКМ Паритет на куповна моќ Скратеници за земјите користени во сликите и табелите: ALB ARM AUT AZE BEL BGR BIH BLR CYP CZE DEU DNK ESP EST FIN FRA GBR GEO GRC HRV Албанија Ерменија Австрија Азербејџан Белгија Бугарија Босна и Херцеговина Белорусија Кипар Чешка Република Германија Данска Шпанија Естонија Финска Франција Велика Британија Грузија Грција Хрватска

Вештини, не само дипломи Страница v HUN IRL ISL ITA KAZ KGZ LTU LUX LVA MDA MKD MLT NLD NOR POL PRT ROU RUS SRB SVK SVN SWE TJK TKM TUR UKR UZB Унгарија Ирска Исланд Италија Казахстан Киргистан Литванија Луксембург Летонија Молдавија БЈР Македонија Малта Холандија Норвешка Полска Португалија Романија Руска Федерација Србија Словачка Словенија Шведска Таџикистан Туркменистан Турција Украина Узбекистан Забелешка: Овие кодови на земјите со три букви се дел од стандардот на Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) 3166 за претставување на земјите

Вештини, не само дипломи Страница vii Содржина на Вештини, не само дипломи Предговор Признанија Скратеници Резиме Глава 1 Глава 2 Глава 3 Глава 4 Глава 5 Глава 6 Глава 7 Побарувачката за вештини во ЕЦА Образованието и понудата на вештини на пазарот во ЕЦА Разрешување на недостигот од вештини во регионот на ЕЦА: Рамка за политиките Управување за резултати на предуниверзитетско ниво на образование Управување за резултати во високообразовниот сектор Унапредување на учењето на возрасните во ЕЦА Проширено резиме: Трасата на реформите на образованието во регионот на ЕЦА Литература

Вештини, не само дипломи Страница 1 Резиме Земјите на Европа и централна Азија (ЕЦА) излегуваат од најдлабоката рецесија што ја претрпел било кој регион во развој. Посткризните услови многу се разликуваат од оние во претходните години. Финансиските ресурси се поограничени и поскапи, а растот на извозот е ограничен со потенцијално побавниот раст на земјите каде извезуваат. Обновувањето и одржувањето на растот во овој контекст бара реформи со кои ќе се подобри конкурентноста и ќе се зголеми продуктивноста на трудот. Овие реформи се уште поважни ако се земе во предвид намалувањето на работоспособното население во многу земји од овој регион. Поранешните години на бум во ЕЦА регионот покажаа значителни тесни грла за растот, особено во поглед на вештините на работна сила (Митра и останатите, 2010). Парадоксално за регион со релативно високо и растечко образовно ниво (мерено според бројот на години на школување) и со релативно висок квалитет на основното образованието недостатокот на работнички вештини се појави како едно од најважните ограничувања за експанзијата на фирмите. Оваа книга ги бара одговорите на прашањата Зошто фирмите во ЕЦА се повеќе се жалат дека не можат да најдат дипломирани студенти со вистински вештини? Што можат да направат земјите во ЕЦА за да го пополнат овој недостаток од вештини? Обидувајќи се даде одговори на овие прашања, оваа книга се соочува со основен проблем: постојат податоци за бројот на ученици и студенти што завршуваат (т.е. колку дипломи се издадени) во земјите во ЕЦА, но не постојат меѓународно споредливи податоци дали дипломците на институциите за средно и високо образование (од кои најголемиот дел дипломци во ЕЦА сега влегуваат на пазарот на работна сила) ги имаат вистинските вештини и компетенции потребни на пазарот на работна сила. Оваа книга користи повеќе различни извори на податоци да докаже дека проблемот на вештините во ЕЦА регионот поврзан е повеќе со квалитетот и релевантноста на образованието, отколку со проблемот на пристап до образованието. Централниот аргумент на оваа книга е дека министерствата за образование се ограничени на повеќе начини во ефективното управување на нивните сектори за образование и обука. Трите најважни и поврзани пречки за подобрување на квалитетот и релевантноста се: недостатокот на систематски податоци за клучните прашања поврзани со вештините (т.е.

Вештини, не само дипломи Страница 2 колку научуваат учениците и студентите и дали наоѓаат работа откако ќе завршат), наследството од централното планирање и неефикасното користење на ресурсите. Недостатокот на податоци за постигањата на учениците и студентите и за резултатите од вработувањето им отежнуваат на министерствата за образование да се справуваат со наследството од централното планирање што го нагласува централното управување базирано на инпутите. Министерствата за образование во регионот продолжуваат да го микроменаџираат секторот користејќи детални нормативи и регулативи. Овој стил на управување ориентиран кон влезните податоци води кон неефикасно искористување на ресурсите и резултатите во ригиден образовен сектор наместо флексибилен сектор кој е потребен во ЕЦА за да се создаде модерна, обучена работна сила. Оваа книга нагласува како се манифестираат овие ограничувања, а потоа презентира начини за нивно надминување, потпирајќи се на искуствата на земјите во ЕЦА кои успешно ги разрешиле, заедно со меѓународните искуства. Препораките се презентирани во одделни поглавја за предуниверзитетското, високото и образованието за возрасни. Предизвикот на вештините Пред транзицијата регионот ЕЦА имаше добро почитуван образовен систем. Иако во минатите години се загуби дел од сјајот на оваа репутација, овие земји и понатаму имаат силни постигнувања. Особено, стапките на упис се високи на сите нивоа на образование. Комунистичкото наследство делумно може да се види во земјите со низок приход во регионот кои имаат највисока стапка на упис во средното образование на светот, споредено со нивното ниво на приход. Стапките на упис во високото образование, кои рапидно се зголемија во последните две децении, се исто така високи споредено со нивото на приходите, со исклучок на неколку земји со низок приход во Заедницата на независни држави (ЗНД), како што се Азербејџан и Узбекистан. Регионот ЕЦА е до некаде успешен не само во поглед на стапките на упис туку и многу земји стојат доста добро во поглед на обезбедувањето на квалитетно образование во одделенската настава.. Особено, на меѓународните тестови со кои се мерат компетенциите на учениците во основното образование, учениците во многу (но не во сите) земји во ЕЦА ги надминуваат нивните врсници во земјите со еднакво ниво на приходи (види ја сликата О.1). На пример, учениците во Естонија, каде Бруто Домашниот Производ (БДП) по глава на жител во 2008 година беше 21.644 УСД 1 се поуспешни од нивните врсници во Данска, Шведска, Исланд и Австрија, каде приходот по глава на жител е скоро двојно поголем во делот по математика на Програмата за меѓународна оценка на учениците (ПИСА). Меѓутоа, сликата за квалитетот на образованието во регионот ЕЦА е разновидна бидејќи во повеќе земји како Бугарија, Романија, Црна Гора, Азербејџан и Киргистан, имаат ученици кои (во основното образование) имаат послаби резултати споредено со нивното ниво на приход.

Вештини, не само дипломи Страница 3 Слика О.1. Анализа на способноста за читање на 15 годишни ученици на ПИСА 2009 550 2009 Среден резултат 500 450 400 350 POL EST HUN LVA SVN HRV SVK CZE LTU TUR RUS SRB BGR ROM MNE KAZ ALB AZE 300 KGZ 0 20,000 40,000 60,000 80,000 100,000 2008 БДП по глава на жител, ПКМ (сегашни меѓународни долари) Извор: Базата за податоци за ПИСА 2009 и пресметки на персоналот на Светска Банка врз основа на базата на податоци за Светските развојни показатели. Забелешка: ПИСА = Програма за меѓународна оценка на учениците. Сликата покажува регресиона линија која ги прикажува резултатите на земјите за читање според ПИСА врз основа само на БДП по глава на жител, споредено со средниот резултат на Организација за Европска соработка и развој (хоризонталната линија) и БДП по глава на жител во 2008 година. Види Скратеници за клучот за скратениците на земјите. И покрај овие позитивни достигнувања на образовните системи во ЕЦА, Анкета за деловното опкружување и за работењето на претпријатијата на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светска банка (БИПС) покажува дека перцепцијата кај фирмите во ЕЦА за ограничувањата на вештините драматично се сменила околу 2005 година. 2 До 2008 година недостигот на обучена работна сила стана втора најчесто пријавувана пречка за раст во анкетите БИПС низ сите земји во регионот, само по даночните стапки (види слика О.2). Во просек, во 2008 година, 30 проценти од фирмите сметаат дека образованието и вештините се најголема или тешка пречка. Најголем дел од фирмите кои изјавуваат дека тоа им е пречка се наоѓаат во земјите на ЗНД со среден приход, каде над 40 проценти од фирмите биле незадоволни од достапноста на обучени работници. Помал дел од фирмите во Западен Балкан изјавиле слично ниво на незадоволство со значителна променливост на нивоата на незадоволство кај фирмите во земјите на ЕУ10+1 (Европска унија 10+1) и Турција (БИПС 2008). Иако е можно рецесијата да предизвикала одредено намалување на овој недостиг на работна сила, со заздравувањето на економиите во регионот, побарувачката за работна сила повторно ќе се затегне и недостигот на обучена работна сила веројатно ќе биде полош од претходно.

Вештини, не само дипломи Страница 4 Слика О.2 Дистрибуција на фирмите во регионот ЕЦА кои ги сметаат вештините на работниците за најголема или многу тешка пречка, 2008 година 9 8 7 Mean = 30.2 TJK UZB Број на земји 6 5 4 3 2 1 0 MNE HUN AZE BIH KOS MKD SRB SVN ARM GEO KGZ ALB BGR TUR CZE EST HRV LVA POL SVK UKR MDA LTU ROM KAZ RUS BLR ЕУ10+1 и Турција Западен Балкан ЗНД НП ЗНД СП Извор: Пресметки на авторите врз основа на БИПС 2008. Забелешка: МП = Мал Приход, СП = Среден приход, х = % на компании (во наведените земји)кои го сметаат образованието за препрека. Сликата ги прикажува податоците добиени од четвртата рунда на БИПС спроведена во 2008-09 година која опфати околу 11.800 претпријатија во 29 земји. Види Скратеници за клучот за скратениците на земјите. Зошто вештините се растечки проблем ако образовните системи ги испорачуваат? И покрај генерално високите просечни стапки на упис и завршување како и респектабилно квалитетното образование (онаму каде што е мерено, во основното образование) за нивното ниво на приходи, растот во земјите во ЕЦА е ограничен од недостигот на вештини. Ова е загатка која не може целосно да се разреши, главно бидејќи недостасуваат критичните информации. Едноставно кажано, нема меѓународно споредливи

Вештини, не само дипломи Страница 5 информации за квалитетот на средното или на високото образование или за релевантноста на образованието на овие нивоа информации кои покажале дали диполомираните студенти ги имаат вистинските вештини за современиот пазар на работна сила. Постојат меѓународни проценки кои даваат информации за компетенциите на учениците до 15 годишна возраст (обично на крајот на основното образование), но тоа не е возраст кога повеќето луѓе во регионот влегуваат на пазарот на работна сила. По овие проценки во раните фази, не постојат сеопфатни, целосно доверливи информации за компетенциите на учениците и студентите. Уште повеќе, информациите за компетенциите на учениците и студентите кои се достапни се однесуваат само на основните когнитивни вештини, не на вештините за однесување вклучувајќи ги прашањата како што се работна етика и тимска работа кои ги нагласуваат работодавачите. За креаторите на политиките да можат подобро да ги разберат причините за се поголемиот недостиг на вештини и како да се разреши треба да се затвори овој информативен јаз. Поради недостатокот на податоци за вештините на новите играчи на пазарот на работна сила, заклучоците на оваа книга неминовно се базираат само на податоците кои беа достапни. Два проблема поврзани со квалитетот изгледа дека се особено акутни во регионот ЕЦА: премногу ученици и студенти не покажуваат задоволувачки резултати и образовните системи имаат тешкотија да пренесат вештини за решавање проблеми. Во поглед на тоа дека многу ученици и студенти не покажуваат задоволувачки резултати, податоците од ПИСА 2009 покажуваат дека сите земји во ЕЦА (освен неколку нови членки на ЕУ) имаат многу голем дел на 15 годишници кои се толку слаби по математики и писменост што нивниот успех на современо работно место е под голем знак прашање. Бидејќи работата бара се повеќе, дури и од оваа група, нивните слаби вештини ќе стануваат се поочигледни. Иако земјите во ЕЦА имаат силни резултати во меѓународните оценки кои ги мерат учениците во одделенска настава (четврто одделение), нивните резултати се послаби во оценките на учениците при крајот на основното образование (осмо одделение). Овие резултати покажуваат дека нивните образовни системи се добри во пренесувањето на основните вештини, но имаат проблеми со пренесувањето на посложени вештини како што е решавањето проблеми вештини кои се повеќе се барани од фирмите. Уште полошо, квалитетот на образованието во регионот ЕЦА не покажува ни знаци на постојано подобрување. Односно, до 2006 години изгледа дека се влошуваше во многу земји. Наместо да го намалуваат јазот помеѓу нивните резултати и средниот резултат на Организација за еконономска соработка и развој (ОЕЦД), многу земји во ЕЦА кои учествуваат во меѓународните студии за оценување на постигањата на учениците на ова ниво кои се најчесто подобро менаџираните земји или се заглавени или забележаа влошување во поглед на нивните резултати. Веројатно, состојбата е уште полоша во

Вештини, не само дипломи Страница 6 земјите во ЕЦА кои не учествуваат во напорите за мерење и споредување на академските постигнувања на нивните ученици. Охрабрува последната рунда на ПИСА (2009) која можеби означи пресвртна точка за 11 земји во ЕЦА кои покажаа подобрување во споредба со нивните резултати од 2006 година (вклучувајќи значително подобрување во Бугарија, Романија, Србија, Киргистан и Турција). Меѓутоа, седум земји во ЕЦА продолжија да паѓаат покажувајќи влошување во споредба со нивните резултати од 2006 година. Веројатно ни квалитетот на средното и на високото образование во регионот не е подобрен, иако недостатокот на податоци го отежнува давањето на ваков аргумент. Бидејќи квалитетот на образованието не покажува постојано подобрување во вишите одделенија на основното образование, оваа слабост веројатно се отсликува и во средното образование (иако со заостанување). Запишувањето во високото образование беше строго контролирани и резервирано за малкумина најдобри. Меѓутоа, во последните две децении стапките на упис се двојно, тројно па дури и четири пати поголеми, но без востановени механизми за обезбедување на квалитетот, потребни за многу нови програми, институции и видови студенти и без информациите потребни родителите и студентите да направат избор врз основа на информации. Како резултат на тоа, не е јасно дали експанзијата на системот е проследена и со раст на квалитетот. Матурантите и студенти на високото образование може да матурираат и диполомираат и со несоодветни вештини. Во првите години на транзицијата, многу брзо колабираше системот на стручно образование што порано продуциташе повеќе од половина од завршените средношколци во повеќето земји во ЕЦА. Мислејќи дека подобро ќе поминат, учениците ги напуштија стручните училишта за сметка на општото средно образование и перспективите за продолжување во високото образование. Можеби како резултат на тоа што ова беше еднонасочен пат, сега работодавачите потврдуваат дека е тешко да се најде добар средношколски кадар со технички вештини. Сепак, до реформирањето на стручните училишта во регионот за можат да продуцираат матуранти со соодветни вештини, можеби е прерано да се охрабруваат учениците да се вратат во овој сектор. Придонесот на образованието за јазот на вештините не е само во приказната за несигурниот квалитет и релевантност на формалното образование. Исто така опфаќа и премал напредок во обезбедувањето можности за работниците за понатамошна обука. Има се повеќе докази што покажуваат дека континуираното образование и обука на возрасните го поттикнува вработувањето и поголемата продуктивност. Според тоа, развојот на овој сектор треба да биде централен за агендата за економскиот раст на регионот, особено во понапредните земји во ЕЦА и земјите што се соочуваат со значително демографско опаѓање опаѓање кое покажува дека ќе треба да се зголеми учеството на работната сила и индивидуалната продуктивност за да се генерираат повисоки стапки на економски раст. Сепак, многу од овие земји само што почнаа да конкурираат во светската економија, но и да се справуваат со задоцнетите ефекти на

Вештини, не само дипломи Страница 7 транзицијата кон пазарна економија. Во светлината на се поголемата побарувачка на работодавачите за поголеми вештини, образованието и обуката на возрасните во земјите во ЕЦА не може повеќе да се игнорира. Приоритетни области во кои треба да се делува Како што беше забележано на почетокот, три главни пречки го ограничуваат создавањето флексибилни и пристапни образовни системи во ЕЦА регионот. Прво, овие системи работеа во темнината бидејќи дизајнираа политики и донесуваа менаџерски одлуки без систематско прибирање и анализирање на податоците за постигањата и за вработувањето на учениците и дипломците. Второ, наследството на централното планирање го задржа централизираното управување на школските системи, каде креаторите на политиките на централно ниво беа многу вклучени во оперативните детали. Додека скоро сите земји на ОЕЦД го прифатија управувањето на образованието ориентирано кон резултатите уште во осумдесеттите години (види ОЕЦД 2005) иако со различна брзина повеќето земји продолжуваат да користат практики за управување кои се фокусираат на усогласеноста со деталните регулативи и шеми за финансирање базирани на инпутите наместо на резултатите. Тоа значи дека повеќето локални образовни власти и директори на училишта немаат автономија и овластувања да донесуваат клучни менаџерски одлуки за нивните институции, вклучувајќи и колку и какви стручни содржини ќе можат да изберат учениците и колку наставници да вработат. Како резултат на тоа, системот е нефлексибилен и не одговара на потребите на пазарот на работната сила или на промените на бројот на ученици. Трето, образовните системи во ЕЦА регионот многу неефикасно ги користат финансиските ресурси. Тоа е најочигледно во предуниверзитетскиот сектор, каде само неколку земји го прилагодија бројот на наставници како одговор на помалиот број ученици во последните 20 години. Како резултат на тоа, драматично опадна односот ученици - наставници (а трошоците по ученик се зголемија) повеќе од било кој друг регион во Светот (види слика О.3). Тоа укажува дека оскудните ресурси се врзани за исплаќање мали плати на премногу вработени и за загревање на полупразни згради.

Вештини, не само дипломи Страница 8 Слика О.3. Односи ученици - наставници во основните училишта во ЕЦА споредени со други региони во светот, 1990 2008 година 29 (однос ученици/наставници, основно образование) 27 25 23 21 19 17 15 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 Источна Азија и Пацификот Латинска Америка и Карибите Европа и Централна Азија Блискиот Исток и Северна Африка Извор: Базата на податоци ЕдСтатс плус линеарни интерполации на авторот за годините што недостасуваат. Забелешка: Реалните податоци се обележани со точки. Еден од проблемите со меѓународните податоци за односите ученици наставници (и во базата на податоци на Светска Банка и во ЕдСтат, како и во други меѓународни образовни бази на податоци) е дека не е јасно дали податоците за одредена земја се дадени како еквивалент за полно работно време. Да бидеме фер, овие пречки различно влијаат врз земјите во ЕЦА и многу се разликуваат во однос на нивото на образование. Меѓутоа, ниту една земја во ЕЦА целосно нема избегано од наследството на централното планирање. 3 Тој систем се фокусираше на контролирање на инпутите односно контролираше дали локалните актери ги почитуваат деталните норми за сите инпути. Меѓутоа, министерствата за образование остануваа неинформирани дали учениците се стекнале со вештини и компетенции. Во поглед на тоа како овие пречки влијаат врз различните нивоа на образование, тие се најочигледни на предуниверзитетското ниво, кое апсорбира две третини од вкупните средства за образованието во регионот ЕЦА. Истите три пречки влијаат на високото образование на малку поразличен начин бидејќи во последните 20 години овој сектор

Вештини, не само дипломи Страница 9 помина низ значителна реформа кога во многу земји се дуплира или триплира (види глава 5). Бидејќи многу земји во ЕЦА се уште немаат сектор за образование на возрасни во современа смисла, овие пречки не можат да се карактеризираат и како проблеми на овој сектор. Меѓутоа, препораките на политиките понудени во оваа книга се однесуваат и на образованието на возрасните и нудат идеи и принципи како би можел да се развива и управува овој сектор во регионот (види глава 6). Управување со образовните системи за постигнување резултати За да се справат со трите погоре опишани пречки, земјите во регионот ЕЦА треба да управуваат со нивните образовни системи за резултати. Прво и најважно, тие треба да прибираат повеќе информации за резултатите т.е. за она што го учат учениците, каква работа наоѓаат и какви плати земаат оние што завршиле. Исто така, земјите во ЕЦА би можеле да го следат примерот на земјите на ОЕЦД и на неколку земји во развој и да го променат управувањето на образовниот сектор ориентирано кон инпутите со управување ориентирано кон резултатите. Оваа промена имплицира давање поголема автономија на училиштата и воспоставување механизми за отчетност на пример во форма на договори за резултати и буџетирање засновано на резултатите со кои се нагласуваат резултатите, а не почитувањето на нормите. Со поголемата достапност на податоци за резултатите и со училишта кои имаат поголема моќ за донесување одлуки, ќе се постават предусловите за образовните системи во регионот да станат и поусогласени со потребите на пазарот на работна сила и поефикасни. Фокусирање на Вниманието врз Учењето и Резултатите од Вработувањето Земјите во регионот ЕЦА би имале корист од поголемо мерење на постигањата на учениците и студентите и на резултатите од вработувањето, добивајќи информации кои потоа би можеле да ги користат за дизајнирање подобри политики. Постои широк консензус за клучните вештини и компетенции кои се очекува да ги испорача образованието како и за стандардизираните тестови за нивно мерење. 4 Многу земји во регионот веќе учествуваат во меѓународните оценки, но побавно се движат од другите региони во генерирањето корисни информации од националните оценки. Иако сите школски системи во регионот имаат некој вид систем за национално оценување, многу од нив се во раните фази на развој (види слика О.4) и постојат многу малку докази дека земјите во ЕЦА ги користат овие оценки за креирање на политиките. Наместо тоа, националните оценувања и понатаму се гледаат како механизам за сертифицирање со кој се потврдува дека ученикот го научил предвидениот материјал со тоа овозможувајќи издавање на диплома или овозможување на ученикот да продолжи во средното или високото образование. Оценувањата на учениците ретко се гледаат како можност за утврдување на силните и слабите страни на образовниот систем.

Вештини, не само дипломи Страница 10 Кога ќе завршат учениците, министерствата за образование во регионот ЕЦА не вршат систематско прибирање, анализирање и објавување на информациите за нивните резултати од вработувањето. Меѓутоа, овие информации се критични за креаторите на политиките и институциите за високо образование бидејќи им помагаат кои програми и области се повеќе барани меѓу работодавачите. Исто така, овие податоци можат да им помогнат на учениците да направат подобар избор на универзитет или област на студирање каде би продолжиле. Повторно, некои земји членки на ОЕЦД (вклучувајќи ја Унгарија, Италија и Холандија), заедно со Романија даваат примери во оваа област кои би можеле другите да ги следат.

Вештини, не само дипломи Страница 11 Слика O.4 Состојбата на мерењето и користењето на податоците за резултатите од учењето на учениците во регионот ЕЦА, 2009 година Извори: Проценки на авторите врз основа на УНИЦЕФ (2007, табела 2.1); учеството на земјите во ПИСА,Прогрес во студијата за меѓународна писменост( ПИРЛС) и Трендовите во меѓународната математика и наука (ТИМСС) од 1995 година и податоци од експерти на Светска Банка во земјите. Податоците од УНИЦЕФ се земени од Табела 2.1: Состојбата на реформите на системите за оценување и испитување, 2006, во врска со Воведувањето на други школски испити или оценувања (на пример во основните училишта) и Воведување на национално оценување на примерок. Во оваа табела УНИЦЕФ го оценува напредокот на земјите со оценки од 0 до 4, каде 0 претставува не планира или не почнала, а 4 претставува операционализирана. Исто така, во сликата се користени бројки изведени од персоналот на Светска Банка за бројот на меѓународни оценки во кои учествувала секоја земја. Воведување Автономија и Отчетностб Базирана на Резултати Надминувањето на наследството на централното планирање опфаќа отфрлање на деталните норми и наместо тоа воведување отчетност на актерите за резултатите. На централно ниво тоа укажува дека креаторите на политиките во регионот ЕЦА би се ослободиле од некои должности и би преземале други за образовните системи да можат

Вештини, не само дипломи Страница 12 да иновираат и да ги подобруваат резултатите од учењето на учениците. Шансата која ја имаат централните влади во овие земји е да се ослободат од управувањето на училиштата и училниците и да се фокусираат на утврдување цели, политики и стандарди; дефинирање одговорности; мобилизирање финансиски ресурси; обезбедување политички консензус; помагање на сиромашните и исклучените ученици и следење и оценување на извршувањето на услугите и на квалитетот на системот. Проширувањето на автономијата низ образовните системи значи ставање на овластувањата и одговорностите во рацете на луѓето кои се најспособни да иновираат и да го подобрат квалитетот на образованието: локални менаџери и образовни власти (види Озборн и Геблер 1992). Тоа исто така значи и одговорност на овие актери за подобрување на резултатите од учењето на најголемиот дел од нивните ученици. Врзувањето на поттикот на овие чинители со резултатите од учењето кои ги бараат креаторите на политиките бара од министерствата за образование да утврдат општи цели; да определат кој кому е одговорен и за што и да осигурат дека овие одговорности се договорени, прифатени и разбрани. На предуниверзитетско ниво, креаторите на политиките можат да ја прошират автономијата на актерите во школскиот систем на пониско ниво давајќи им поголеми овластувања за донесување одлуки за работењето и буџетите на училиштата и омекнувајќи ги нормите за големината на класовите. Поголемата автономија е особено потребна кај стручното образование каде програмите и институциите треба да имаат можност да ги прошират или да склучат договори за курсеви како одговор на побарувачката на учениците и работодавачите, наместо ригидните владини норми. Истовремено, креаторите на политиките ќе треба да спроведат повеќе механизми за отчетност за да ги направат училиштата одговорни за резултатите. Потенцијалните механизми вклучуваат создавање совети на училиштата преку кои во процесот на одлучувањето се вклучуваат родителите и локалните заедници; барање од училиштата да подготват планови за развој на училиштата во кои се опишуваат силните и слабите страни на училиштето заедно со акционен план за подобрување; подготвување картички за оценување на училиштето во кои се дадени основните показатели за работењето на училиштето како и санкционирање на училиштата што покажуваат слаби резултати и наградување на оние со високи резултати. Меѓутоа, овде е важно да се дефинира училиштето со високи резултати како училиште кое има подобрени резултати од учењето на сите видови ученици, вклучувајќи ги и оние од семејства со ниски приходи и од малцинствата Меѓутоа, ќе биде тешко да се постигнат значителни подобрувања во насока на поголема автономија и отчетност во школскиот систем освен ако креаторите на политиките во регионот не се справат со деморализацијата на наставниците, напор кој ќе вклучи

Вештини, не само дипломи Страница 13 разрешување на сериозната превработеност и подобрување на платите, професионалниот развој и работните услови на наставниците. На ниво на високото образование, поголемата автономија и ефективната отчетност се подеднакво критични. Првиот дел од равенката е решен во повеќе земји во регионот главно во новите земји членки на ЕУ и во помала мерка, во земјите на југоисточна Европа, како и Руската федерација и Украина кои на високообразовните установи им имаат дадено значителна автономија. Овие земји, продолжувајќи да ги прават потребните подобрувања во децентрализацијата на управувањето, сега ќе мораат да се соочат со примарниот (но не и единствениот) предизвик за подобрување на академскиот и фискалниот интегритет во секторот преку воведување посилни механизми за отчетност. Други земји во регионот, особено Белорусија и повеќето од земјите на ЗНД со низок приход треба допрва да го променат управувањето на нивните високообразовни системи. Овие земји се соочуваат со истовремени предизвици да ја зголемат автономијата на универзитетот со истовремено развивање на механизми за отчетност и воведување финансирање базирано на резултатите. Во поглед на потребата за следење и оценување на резултатите и квалитетот на системот, заостануваат сите земји во регионот; со други зборови, сите треба да вложат поголеми напори за да ги вклучат светлата преку значително подобрување на прибирање на податоците за постигањата на студентите и образовните резултати. Иако основните проблеми со интегритетот остануваат широко распространети во универзитетскиот сектор, важно е креаторите на политиките да се воздржат од обидите да ги разрешат овие проблеми пред да ги децентрализираат надлежностите на универзитетите и да воведат флексибилно финансирање. Групата земји во ЕЦА кои се уште не почнале со реформите на високото образование треба да ги воведат автономијата и отчетноста како взаемно поддржувачки инструменти на политиките. Креаторите на политиките во овие земја не треба едноставно да ја пренесат автономијата на статичните, традиционални универзитети туку да побараат зголемената автономија да биде проследена со поделовно и отчетно водство и управување. Во поглед на релативно слабиот институционален капацитет во регионот вклучувајќи ги и новооснованите или непостоечките агенции за обезбедување на квалитетот креаторите на политиките треба да искористат многу различни, комплементарни алатки за зајакнување на отчетноста за резултатите. Овие алатки опфаќаат рангирање, истражувачки студии и создавање опкружување кое ќе го олесни растот на приватниот сектор. Ризично е да сметаме дека агенцијата за обезбедување на квалитетот брзо ќе ги воспостави капацитетите потребни за надворешно следење на брзо растечкиот сектор овој вид агенција треба да биде дел од решението, но не единствениот одговор.

Вештини, не само дипломи Страница 14 Подобрување на Ефикасноста на Користењето на Ресурсите преку Финансирање базирано на Резултатите Управувањето со школските системи за остварување резултати значи премин од нефлексибилното буџетирање по ставки кон поголема употреба на делегирани буџети со поттик за одржување на стапките на упис и присуството (т.е. финансирање по ученик патека по која веќе тргнаа мнозинството земји во ЕЦА). И пофлексибилното, попаметното финансирање во форма на блок дотации (т.е. базирани на договори или на резултати) може да обезбеди финансирање на институциите како одговор на исполнети резултати на учењето. Не само што овој вид на финансирање на локалните управители на образованието им ја дава многу потребната флексибилност која не ја дозволуваат буџетите базирани на инпутите, туку ги држи и фокусирани на резултатите на учениците. Освен финансирањето базирано на резултатите, подобрувањето на ефикасноста на предуниверзитетското ниво ќе бара создавање поттик за поголеми класови, охрабрувајќи го оптимизирањето на училиштата и справувањето со прашањето на превработеноста. На универзитетското ниво, повеќе земји во ЕЦА (на пример, Полска и Романија) веќе го имаат усвоено финансирањето по студент, префрлајќи го нивниот фокус од инпутите кон резултатите. Останатите земји во регионот ќе треба да воведат финансирање базирано на резултатите за да ја подобрат ефикасноста на трошењето во овој сектор. Ако земјите во ЕЦА сакаат истовремено да ги зголемат стапките на партиципација и да го подобрат квалитетот на високото образование ќе бидат потребни и поголеми приватни ресурси притисоците на трошоците со кои се соочува високото образование во регионот се едноставно преголеми. Мобилизирањето на приватните ресурси ќе помогне да се зајакнат исходите ориентирани кон резултатите во високообразовниот сектор на два основни начини: (1) преку зголемување на конкуренцијата бидејќи поенергичните и иновативните приватни установи ќе помогнат да се воведат иновации и кај јавните установи и (2) преку зголемувањето на врската на студентите со образовниот процес. Кога студентите и родителите плаќаат школарини без разлика дали на јавна или приватна установа тие генерално повеќе бараат во поглед на квалитетот и релевантноста на образованието што го добиваат. Нема единствено идеално ниво на финансирање на високото образование и нема единствен идеален микс на јавни и приватни извори за финансирање. Различните земји ќе направат различни избори. Градење на основите на системите за образование на возрасни За разлика од предуниверзитетското и универзитетското образование, системите за образование на возрасти главно не постојат во повеќето земји во ЕЦА. Градењето на овие системи ќе бара премин од државно дефинирани програми кон добро регулиран пазар на приватни и јавни установи кои даваат услуги за обука на вработените и на

Вештини, не само дипломи Страница 15 невработените возрасни. Меѓутоа, владите во регионот ќе продолжат да играат улога во образованието и обуката на невработените, често преку ангажирање приватни установи за извршување на потребните услуги. Политиките со кои се разрешуваат недостатоците на пазарот во овој сектор се особено важни за ставање на темелите за ефективни системи за образование на возрасни. Генерално, успешните системи бараат висок степен на координација и партнерство помеѓу владините агенции и приватниот сектор, како и омозможување на страната на побарувачката за обука односно на бизнисите и поединците важно учество во определувањето на политиките за обука. Откако ќе се воспостави солиден сектор за образование на возрасни, владите можат да го раководат преку следење на податоците за квалитетот на програмите, унапредување на автономијата како одговор на отчетноста и подобрување на ефикасноста на владиното финансирање на овој сектор. Проширувањето на образованието за возрасни е приоритет за напредните економии во регионот кои се соочуваат со демографско опаѓање. Нивниот предизвик е да се осигури дека добро функционираат постојните механизми за координација и дека регулацијата и финансирањето се користат да се олеснат појавата на пазарот на образование и обука на возрасни ориентиран кон приватниот сектор. Главниот приоритет за помалку напредните економии во регионот кои се соочуваат со економско опаѓање (т.е. многу од земјите во Југоисточна Европа и земјите на ЗНД со среден приход) е воведувањето рамка за политиките за образованието на возрасните и создавање алатки потребни за спроведување на оваа стратегија (на пример, механизми за координација плус почетни чекори кон регулација). За помалку напредните економии во регионот кои не се соочуваат со демографско опаѓање (т.е. земјите на ЗНД со низок приход и Албанија) би можело да биде попродуктивно да ги ограничат напорите за воспоставување рамка за политиките и механизми за координација во овој сектор. За многу земји, учеството во Програмата на ОЕЦД за меѓународна оценка на компетенциите на возрасните (ПИААЦ) би бил важен прв чекор за разбирање на постојните вештини и компетенции на нивната работна сила. Заклучок Ќе треба време образовните системи во регионот ЕЦА да преминат од фокусот на инпутот кон фокусот на испорачување квалитетно образование за повеќето ученици и студенти. Одложувањето на почетокот на тој процес само ќе предизвика земјите уште повеќе да заостанат во испорачувањето вештини кои им се потребни на нивните економии за да се натпреваруваат во глобалната економија. Во целина, потребно е многу поголемо мерење на резултатите од учењето на сите нивоа на образование за креаторите на политиките да ги разберат силните и слабите страни на нивните системи и да дизајнираат ефективни политики за да ги подобрат. Ако се редефинира улогата на централните власти кон фокусирање на стратешките политики, целите на системот и регулативата, креаторите на политиките на централно ниво ќе можат да користат поттикнувачки мерки за управување

Вештини, не само дипломи Страница 16 со актерите на пониските нивоа за тие да ги исполнуваат целите, а потоа да ги мерат резултатите. Во училиштата овој процес ќе вклучи поголема употреба на финансирањето по глава, поголема автономија и поголема отчетност за нивните резултати од учењето. Кај високото образование, зајакнувањето на националните механизми за обезбедување на квалитетот е потребно за да се подобри отчетноста на образовните институции како и поголемото споделување на информациите за резултатите од учењето и од вработувањето (на пример студиите за следење или рангирањето на универзитетите) за да се обезбедат информации врз основа на кои студентите ке мозат да донесуваат информирани одлуки. Исто така, постојните финансиски поттици ќе треба да се зајакнат преку воведување на буџетирање повеќе базирано на резултатите и, онаму каде што е потребно и поголема институционална автономија. Иако системите за образование на возрасни се критично важни за регионот, нивниот приоритет во поединечните земји во ЕЦА ќе зависи од економските и демографските услови и од другите, можеби покритични, образовни предизвици. Меѓутоа, сите земји во регионот можат да почнат да развиваат јасна стратегија за образованието и обуката на возрасни. Забелешки 1. Земјите кои припаѓаат на регионот на Европа и централна Азија (ЕЦА) се Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грузија, Унгарија, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Литванија, БЈР БЈР Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Руската федерација, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Турција, Туркменистан, Украина и Узбекистан. 2. Прилагодено според паритетот на куповна моќ или ПКМ. 3. Анкетата за деловното опкружување и за работењето на претпријатијата на ЕБОР и Светска Банка (БИПС) дава последователни слики за самопријавените пречки за експанзијата на фирмите во регионот ЕЦА. Анкетите се спроведуваа во скоро сите земји во ЕЦА во 1999, 2002, 2005 и 2008 година. Примероците за анкетата се направени со случаен избор од националниот регистар на фирми (или сличен) и ги опфаќаат и индустрискиот и услужниот сектор. 4. Треба да се забележи дека Турција нема социјалистичко минато, но, во голем дел, работи во темница и нема направено реформи на управувањето ориентирани кон резултатите како во другите земји на ОЕЦД. Меѓутоа, ефикасноста на расходите по природа е различна. Види Светска банка 2005. 5. Иако употребата на оценката на учењето не е контроверзна, методологиите за тестирање се подобрија во последните години правејќи ги тестовите подобри и покорисни за оценување на учењето на учениците од порано.