univerzitetski vesnik

Similar documents
С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Март Opinion research & Communications

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

univerzitetski vesnik

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

univerzitetski vesnik

univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

МИ КРО БИ О ЛО ШКИ КРИ ТЕ РИ ЈУ МИ ЗА ХРА НУ

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Univerzitetski vesnik. Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Биланс на приходи и расходи


АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

Мобилност МК Mobility MK

UNIVERZITETSKI BILTEN

Биланс на приходи и расходи

univerzitetski vesnik

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

univerzitetski vesnik

ИН ДЕКС. цр ве ни муљ из про из вод ње алу ми ни ју ма дру га чи ји од оног на ве де ног у

UNIVERZITETSKI BILTEN

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ВРЕ МЕН СКА НАД ЛЕ ЖНОСТ МЕ ЂУ НА РОД НИХ СУ ДО ВА И АР БИ ТРА ЖА 1

univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

Кли мент Џам ба зов ски, на уч ни

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Коисмение.Штозначиме.

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

Земљотрес у праскозорје

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

univerzitetski vesnik

Број 204, февруари 2018

UNIVERZITETSKI BILTEN

Структурно програмирање

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Univerzitetski vesnik

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј. Куси биографски податоци за кандидатот

РАЗ ВОЈ НА ЧЕ ЛА СУП СИ ДИ ЈАР НО СТИ У ЕВРОП СКОЈ УНИ ЈИ ОД УГО ВО РА ИЗ МА СТРИх ТА ДО УГО ВО РА ИЗ ЛИ СА БО НА **2

UNIVERZITETSKI BILTEN

КАДА БИ ЈЕ ДАН ЗА ДАНОМ СТРПЉИВО ЦРТАЛА

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Белешке о. иконографији Крштења Господњег у Византији и древној Русији

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

UNIVERZITETSKI BILTEN

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ОД НО СИ С ЈАВ НО ШЋУ, МЕДИ ЈИ И УБЕ ЂИ ВА ЊЕ

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Мобилност МК Mobility MK

гусари Во дич за ис тра жи ва њa бр. 4 До ку мен тар ни до да так Гусарима око pоdне Вил Озборн и Ме ри По уп Озборн Пре вела Ми ли ца Цвет ко вић

МАЈА М. ЋУК. Ал фа БК уни вер зи тет, Фа кул тет за стра не је зи ке, Београд

СТИ ЦА ЊЕ СВО ЈИ НЕ од НЕ ВЛА СНИ КА у НА ЦР ТУ ЗА ЈЕД НИЧ КОГ ПОЈ МОВ НОГ ОКВИ РА СТУ ДИЈ СКЕ ГРУ ПЕ за ЕВРОП СКИ ГРА ЂАН СКИ ЗА КО НИК

UNIVERZITETSKI BILTEN

1. ВОВЕД 2. ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ И ИЗВЕДУВАЊЕ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

СРПСКО СРЕДЊОВЕКОВНО ПРАВО: ОД ОСВЕТЕ ДО РЕЗЕРВАТА СУДСКИХ

БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

Новембар-децембар 2008 јануар 2009.

C U R R I C U L U M V I T A E

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

ВИКИНШКИ БРОДОВИ У СВИТАЊЕ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

UNIVERZITETSKI BILTEN

И З В Е Ш Т А Ј 1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

ЈЕЗИК И УКЉУЧИВАЊЕ ДОСЕЉЕНИКА У ВЕЋИНСКУ ЗАЈЕДНИЦУ: СРБИ У ЉУБЉАНИ *

Eдиција Мала психологија. ДОБРА МИСАО ЗА СВАКИ ДАН прво издање. Аутори Памела Еспеланд Елизабет Вердик

ОД НО СИ С ЈАВ НО ШЋУ У КУЛ ТУР НИМ ЦЕН ТРИ МА ЗА ДЕ ЦУ И МЛА ДЕ

ПРАВИЛНИК ЗА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ. Општи одредби

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

МИ СМО РО ЂЕ НИ ЗА ТИ ЈА ЧО ЧЕ ЦИ: О СА БО РУ ТРУ БА ЧА У ГУ ЧИ

Прин ци пи и ве ли ке иде је на уч ног обра зо ва ња

BALCANICA XXXIV ANNUAIRE DE L INSTITUT DES ETUDES BALKANIQUES. Rédacteur LJUBINKO RADENKOVIĆ Directeur de l Institut des Etudes balkaniques

СТО ГО ДИ НА АЛ БАН СКЕ ПРА ВО СЛАВ НЕ ЦР КВЕ

у Ср би ји Прав ни по ло жај Цр кве у обла сти ме ди ја

ПРЕДАВАЊА МИЛАНСКИ ЕДИКТ ИЗАЗОВ СВАКОМ ЧОВЕКУ, ХРИШЋАНИНУ И ХРИШЋАНСТВУ НАРОЧИТО

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

МАРИЈА ПОКРАЈАЦ. Универзитет у Београду, Филозофски факултет Одељење за историју уметности, Београд

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

Оснивање Земунске болнице

КОН ТЕК СТУ АЛ НЕ ПРАКСЕ У ОКВИ РУ УМЕТ НИЧ КЕ РЕЗИДЕН ЦИ ЈЕ ЦИ МЕР

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

СТРУЧ НОСТ ТЕ МА ПРО ФЕ СИЈ СКОГ ФОЛ КЛО РА У УСТА НО ВА МА КУЛ ТУ РЕ У СР БИ ЈИ

МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОД (PLM)

С А Д Р Ж А Ј. П р ед с ед н и к Ре п убл и ке. В л а д а. М и н и с т а р с т в а. Београд, 9. септембар Година LXXI број 77

Питер Браун: Успон хришћанства на Западу : тријумф и разноликост године

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

СО ЦИ ЈАЛ НА ПЕН ЗИ ЈА ИЛИ ПО ВЕ ЋА НА СО ЦИ ЈАЛ НА ПО МОЋ

диносауруси До ку мен тар ни до да так Диносаурусима pре мрака

Transcription:

univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје Број 166, мај 2015 СВЕЧЕНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПАТРОНИТЕ И 66-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

Традицијата продолжува С В Е Ч Е Н О Ч Е С ТВ У В А Њ Е Н А И 66-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВА В о чест на 24 Мај - патрониот ден на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, како и на 66-годишнината од основањето, со висока почит и благодарност кон историското, епохалното и мисионерското дело и заветот на сесловенските просветители - светите браќа Кирил и Методиј, традиционално, и оваа година, Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје подготви посебна програма за чествување. Централните свечени манифестации во рамките на програмата се одржаа на 21 мај. Постојани соработници у н и в е рз и т е т с к и весник Костадина Мокрова Би љ а н а Ф о т и н о в с к а М-р Марија Ценевска Томислав Башевски Уредник на издавачката дејност на УКИМ Проф. д-р Велимир Стојковски Лектор Весна И. Цветановска Техничко уредување Горан Муратовски

И годинава, чествувањето започна со одржувањето на традиционалниот молебен пред споменикот на вечноста на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки, во соработка и со координација со Македонската православна црква и Православниот богословски факултет А П А ТР О Н И ТЕ А Њ Е ТО Н А У КИ М Свети Климент Охридски. Неговото Блаженство г. г. Стефан, архиепископ охридски и македонски, чиноначалствуваше со молебенот, а во него, годинава, зеде учество и Македонскиот византиски хор Хармосини. 3

Достојна чест и заслужено признание со полагање свежо цвеќе на споменикот на браќата Кирил и Методиј оддадоа ректорот, проректорите, генералниот секретар на УКИМ, резидентниот амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. г. Олег Николаевич Шчербак, како и деканите и директорите на единиците на УКИМ. Свежо цвеќе положија и делегација на студентите на УКИМ, претставници на неколку амбасади резидентни во државата и претставници на другите универзитети од Република Македонија. 4

А кадемските свечености, прославувајќи го патрониот ден и 66-годишнината од основањето на Универзитетот, продолжија во аулата на Ректоратот, со чинот на доделувањето на наградата Св. Кирил и Методиј. Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, по овој повод им се обрати на присутните и изрази особено задоволство што, по вторпат, пред споменот на вечноста споменикот на нашите патрони, сесловенските просветители Кирил и Методиј, во годината кога ја одбележуваме 66годишнината од основањето на Универзитетот, има чест да ја додели наградата Св. Кирил и Методиј. За потсетување е дека Универзитетскиот сенат, на 12. седница одржана на 10.9.2013 година, врз основа на член 107, став 1, алинеја 7 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, донесе ОДЛУКА за востановување награда Св. Кирил и Методиј. Проф. д-р Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет и член на Одборот за доделување, ја соопшти Одлуката за доделување на наградата Св. Кирил и Методиј. Во знак на признание за достигнувањата во наставно-образовната дејност, како и за заслугите во развојот и унапредувањето на високото образование во Република Македонија, на проф. д-р Гордана Богоева Гацева, редовен професор од Технолошко - металуршкиот факултет во Скопје, ѝ се додели наградата Св. Кирил и Методиј за 2015 година. 5

Бр. 02-342 7.5. 2015 Скопје Врз основа на член 107, став 1, алинеја 7 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Одлуката за востановување награда Св. Кирил и Методиј, донесена на 12. седница на Универзитетскиот сенат, одржана на 10.9.2013 година, Правилникот за условите, критериумите и постапката за доделување на наградата Св. Кирил и Методиј, усвоен на 180. седница на РУ, одржана на 18.2.2014 година и Решението за формирање Одбор за доделување на наградата за 2015 година (02342), Одборот за доделување на наградата Св. Кирил и Методиј ја донесе следнава ОДЛУКА за доделување на наградата Св. Кирил и Методиј за 2015 година Член 1 Одборот за доделување на наградата Св. Кирил и Методиј, согласно со условите утврдени во интерниот конкурс и спроведената постапка за избор на добитник на наградата Св. Кирил и Методиј за 6 2015 година, донесе Одлука наградата за 2015 година да ѝ се додели на: - д-р Гордана Богоева Гацева, редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Член 2 На победникот на конкурсот ќе му се додели плакета и паричен износ, согласно со Програмата за финансирање на видот и обемот на интегративните функции на Универзитетот. Наградата ќе се додели во рамките на прославата на 24 Мај патрониот празник на Универзитетот. Член 3 Оваа Одлука стапува во сила со денот на донесувањето. Ректор Проф. д-р Велимир Стојковски

П отоа, чествувањето продолжи со одржување на свечена промоција по повод доделувањето на титулите почесен доктор (doctor honoris causa) во областа на техничките науки, на: проф. д-р Кевин Ворик, професор по кибернетика на Универзитетот во Рединг, Англија, Обединето Кралство, и на проф. д-р Хајнц Брандл, професор на Техничкиот универзитет во Виена, Австрија. По спроведените постапки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на зaедничката седница на Комисијата за наука, Комисијата за настава и Комисијата за соработка со универзитетите во земјата и во странство нa 21 ноември 2013 г., прифатен e предлогот од ФЕИТ за доделување на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, на проф. д-р Кевин Ворик. На церемонијата, ректорот Стојковски накратко ја изнесе промоторската реч по повод доделувањето на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, на д-р Кевин Ворик, професор по кибернетика на Универзитетот во Рединг, Англија, Обединето Кралство. Ректорот Стојковски, споделувајќи ја радоста со присутните, рече: За н а ш и от Ун и верзи тет, ден еш н и от а ка дем ски ч и н е од особен о зн а ч ење. Ден ес, Ун и верзи тетот, со особен а гордост, во свои те редови вкл уч ува два ј ца дока жа н и и врвн и струч ња ци, а фи рм ира н и н ауч н и ци, и скусн и едука тори, оба ј ца та од обл а ста н а техн и ч ки те н ауки, кои да ва а т особен п ри дон ес во ра звојот н а Фа кул тетот за ел ектротехн и ка и и н форм а ци ски техн ол оги и и н а Гра дежн и от фа култет, ка ко и во а фи рм а ци ј а та н а Ун и верзи тетот Св. Ки ри л и М етоди ј во Скоп ј е. е роден на 9.2.1954 год. во Англија. На Универзитетот во Астон се здобил со првата универзитетска диплома по електротехника и електроника. По дипломирањето станал докторанд-истражувач на Универзитетот Империјален Колеџ во Лондон, каде Проф. д р Кевин Ворик што и одбранил докторат. По докторирањето, последователно, се здобивал со соодветни универзитетски звања и позиции на универзитетите во Оксфорд, Њукастл и Ворик, постојано напредувајќи. Во 1987 година бил поканет и назначен за редовен професор на Универзитетот во Рединг, каде што се наоѓа и денес. Кевин Ворик Таму бил раководител на Департманот за кибернетика 8 години, 5 години бил декан на Школата за инженерство и информациски науки. Вршел и повеќе други функции, меѓу кои и директор на Универзитетскиот центар за пренос на технологии. Проф. Кевин Ворик е визитинг-професор на определено време на Универзитетот во Стратсклајд, Единбург, Индискиот институт за технологија во Гвалиор и на Чешкиот технички универзитет во Прага. Проф. д-р Кевин Ворик во 1987 година станал редовен професор по кибернетика уште на возраст од 33 години на Универзитетот во Рединг, кој е еден од малкуте универзитети во светот што во своите фундаментални дејности со децении ја негуваат дејноста кибернетика, и тоа пред сѐ во научни и во применети истражувања, но исто така и во образование. Таму, и оттогаш, проф. Ворик раководи, а и самиот изведува, научни и применети истражувања во неколку 7

Во 2011 година, Кевин е добитник на бројни престижни признанија и награди. Во 2005 г., Кевин Ворик бил избран за почесен член на Академијата на науките на Санкт Петербург, Русија. Проф. Ворик веќе двапати се здобил со докторати од повисок ранг (DSc), и тоа на Универзитетот Империјален колеџ во Лондон, Англија, и на Академијата на науките (Институт за техничка кибернетика) во Прага, Чешка Република. Исто така, треба да се забележи дека во Велика Британија, д-р Кевин Ворик е почесен доктор на Универзитетот во Брадфорд, на Универзитетот во Ковентри и на Универзитетот во Астон, како и почесен член (Fellow) на повеќе асоцијации за наука и техно- заемно комплементарни области, и тоа: вештачка (компјутациона) интелигенција, теорија логија. и примена на управување, невронски мрежи, обпроф. Ворик водел и советувал 40 успешно работка на сигнали, роботика и биомедицинско завршени докторанди, кои се внесени во вебинженерство. страницата на Математичката генелогија Бр. 02-557/6 31.3.2014 год. Скопје Врз основа на членовите 295 и 296 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Универзитетскиот сенат, на 18. седница одржана на 31.3.2014 година, ја донесе следнава ОДЛУКА за доделување на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на проф. д-р Кевин Ворик, професор по кибернетика на Универзитетот во Рединг, Англија, Обединето Кралство Член 1 Во знак на признание на проф. д-р Кевин Ворик, професор по кибернетика на Универзитетот во Рединг, Англија, Обединето Кралство, за фундаментални придонеси во научните основи на роботиката, вештачката интелигенција, управувачките си8 стеми и техничката кибернетика и за оригиналните и во светот пионерски успешни експерименти за човек-робот (cyborg) на чисто електронско-сигнална комуникација помеѓу нервните системи на два човека и човек-робот, му се доделува титулата почесен доктор (doctor honoris causa) од областа на техничките науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Член 2 Промоцијата за доделување на звањето почесен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ќе ја изврши ректорот на Универзитетот. Член 3 Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Универзитетскиот гласник. Ректор Проф. д-р Велимир Стојковски

(Mathematics Genealogy), што го сврзува Кевин со Проф. Кевин Ворик просечно одржува по дваесеедукационите мрежи како што е едукационата тина поканети предавања на универзитетите мрежа Leonardo Da Vinci. Истовремено, Кевин низ светот. бил поканет и извршувал улога на надворешен Врз основа на сето наведено погоре, како и испитувач за 125 јавни одбрани на докторати. врз основа на неговиот долгогодишен придонес Со непосредно залагање и активности на во развојот и напредувањето на работата и проф. Ворик се реализирани 35 успешни проекти дејноста на Факултетот за електротехника и на кои тој бил главен истражувач, финансирани информациски технологии, проф. д-р Кевин Воод домашни и европски фондови. Личните експе- рик титулата почесен доктор на Универзитерименти на проф. Кевин станале своевиден из- тот Св. Кирил и Методиј ја добива за заслуга вор на инспирација за младите истражувачи во на повеќе фундaментални научни, инженерски и технолошки придонеси и долгогодишни полезни светот. консултации и други видови поддршка на ИнД-р Кевин Ворик е придружен уредник на ститутот за АСИ во развој на дисциплините многу врвни списанија по автоматика, инфор- на неговата образовна и научноистражувачка матика, вештачка и компјутациона интели- дејност, за кои задолжен и одговорен e ФЕИТ. генција, невронски мрежи, спознавање итн. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д р Миле Станковски, во улога на предлагач за доделување на титулата, ја прочита Одлуката на Сенатот. Согласно со член 144 од Законот за високото образование, член 297 од Статутот на УКИМ и согласно со Одлуката на Универзитетскиот сенат, ректорот проф. д-р Велимир Стојковски од името на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје му ја додели титулата почесен доктор (doctor honoris causa) во областа на техничките науки на д-р Кевин Ворик и му ги врачи универзитетските инсигнии (плакетата, дипломата, одората - doctor honoris causa). За одбележување е што од оваа свеченост, УКИМ започнува да ја применува практиката на универзитетите од Европа и светот, на своите членови на академската заедница кои пристапуваат кон неа, со добивањето на титулата почесен доктор или звањето почесен професор, да им врачува и одора со логото и обележјата на УКИМ. Потоа, новиот член на академската заедница на УКИМ кратко им се обрати на присутните, осврнувајќи се на својата долгогодишна наставно-образовна и научноистражувачка работа и истовремено искажа голема благодарност до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, бидејќи добивањето на почесната титула за него претставува голема чест. 9

П о пригодното обраќање на проф. Ворик, ректорот Стојковски продолжи со излагање на промоторската реч по повод доделувањето Проф. Хајнц Брандл Проф. д р Хајнц Брандл е роден во Чешка. Дипломирал на Техничкиот универзитет во Виена во 1963 година, каде што исто така во 1966 година се здобил со степенот доктор на технички науки по геотехничко инженерство, со највисоки почести. Доминантна научна област на проф. Хајнц Брандл е градежништвото, но во неговата работна кариера посебно се посветил на решавање на проблеми во геотехниката, заштитата на животната средина и енергетската ефикасност кај геотехничките конструкции, но исто така бил активен и на сите други сродни научни полиња. на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на проф. д-р Хајнц Брандл. стручните кругови во светот, проф. д-р Хајнц Брандл е ценет како исклучителна личност и се смета за една од живите легенди на полето на геотехниката. Неговите меѓународни активности покриваат 96 земји на сите континенти. Неговата кариера на наставно-научно поле ја започнува во 1963 година на Техничкиот универзитет во Виена, каде што во 1971 година бил назначен за вонреден професор. Во периодот од 1971 до 1977 година, проф. Брандл заминал од Универзитетот и се занимавал со применето инженерство и истражување како независен инженер на бројни проекти и градилишта во Австрија и во странство. Во 1977 година, Хајнц Брандл е назначен за редовен професор на група предмети од областа на механика на почви, карпи и фундирање на Техничкиот универзитет во Грац. Од 1978 до 1981 година, тој е шеф на Геотехничкиот институт во Грац. Во 1981 година се здобил со звањето редовен професор на Техничкиот универзитет во Виена, Тој се смета за достоен наследник на осно- каде што до 2009 година раководел со престижвоположникот и таткото на модерната меха- ниот Институт за механика на почви и геоника на почви, Карл Терцаги. Во научните и техничко инженерство, кој беше основан од Бр. 02-472/7 30.4.2015 год. Скопје Врз основа на членoвите 295, 296 и 297 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Универзитетскиот сенат, на 29. седница одржана на 30.4.2015 година, ја донесе следнава ОДЛУКА за доделување на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, од областа на техничките науки, на д-р Хајнц Брандл, професор на Техничкиот универзитет во Виена, Република Австрија Член 1 Во знак на признание за афирмацијата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и на Република Македонија во меѓународното опкружување, 10 како и неговиот ангажман и придонес за развојот на Градежниот факултет во Скопје, му се доделува титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, од областа на техничките науки, на д-р Хајнц Брандл, професор на Техничкиот универзитет во Виена, Република Австрија. Член 2 Промоцијата за доделување на титулата почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ќе ја изврши ректорот на Универзитетот. Член 3 Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето. Ректор Проф. д-р Велимир Стојковски

страна на проф. Карл Терцаги во 1928 година. Од 2009 година, тој е почесен професор на истоимениот Универзитет. Член е на огромен број научни одбори и комитети, комисии за ревизија на бројни меѓународни конференции низ целиот свет, уредувачки одбори и комитети за рецензија на меѓународни научни списанија и друго. Има добиено бројни национални и меѓународни награди: девет почесни докторати; Австрискиот крст на честа од прва класа за науките и уметностите; почесен професор на државниот Универзитетот во Перм-Русија; почесен професор при Универзитетот за градежништво, архитектура и геодезија во Софија, Р. Бугарија; почесен професор на Универзитетот во Унгарија. Во 1992 година, проф. Брандл е надворешен член на Кралската академија на науките на Белгија, а од 1997 година, член на Њујоршката академија на науките. Досега, тој остварил над 500 различни поканети предавања во светот. Творештвото на проф. Брандл се состои од околу 550 научни публикации. практиката. Така, тој е целосно одговорен за речиси 4.000 проекти од областа на градежништвото и геотехничкото инженерство на животната средина во Австрија и на други места. Од неговиот богат стручен опус можат да се потпорни конструкции со висина до Покрај научните ангажмани, проф. Брандл истакнат 70 m, високо автопатски насипи (до 135 m во од самиот почеток на неговата професионална Австрија и Грција), на критични работа се стреми да ги доближи теоријата и косини, мостови во стабилизација нестабилен терен, сите мостови на Дунав во Австрија од 1976 година, најголемиот мост во Србија (2009), автопати и високобрзински железнички пруги, длабинско подобрување на почви, високи конструкции како: Хајленд-кулите во Куала Лумпур и Милениумската кула во Виена. Автор е на 21 книга, објавени на 18 светски јазици. Деканот на Градежниот факултет, проф. д р Ми лорад Јовановски, во улога на предлагач и член на Рецензентската комисија за доделување на титулата, ја прочита Одлуката на Сенатот. Проф. Брандл е докажан пријател на Република Македонија. Исклучително е негова заслугата што Друштвото за геотехника на Македонија е примено во меѓународното професионално семејство како полноправна членка со уставното име. Посебно треба да се истакне дека бил домаќин на наши докторанди и магистри кои оствариле студиски престои при Техничкиот универзитет во Виена. Тие се сега веќе доценти на Градежниот факултет и се достојни репрезенти на македонската геотехничка наука во светот. Од 2012 година е член на редакцискиот одбор на списанието Scientific Journal of Civil Engineering, во издание на Градежниот факултет при Универзитетот,,Св. Кирил и Методиј во Скопје. Aвтор e на научен труд на првиот том на ова научно списание и редовен 11

учесник е на сите стручни настани во организација на Градежниот факултет и Друштвото за геотехника на Македонија. Од 2013 година, тој е визитинг-професор на Градежниот факултет при Универзитетот,,Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде што континуирано, во неколку наврати, одржува серија многу интересни предавања. Со неговото залагање, Градежниот факултет насекаде во Европа е силно промовиран како значајна високообразовна и научна институција која високо котира во научните и стручните кругови. Ректорот Стојковски, согласно со член 144 од Законот за високото образование, член 297 од Статутот на УКИМ и согласно со Одлуката на Универзитетскиот сенат, прогласи дека Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје му ја додели титулата почесен доктор (doctor honoris causa) во областа на техничките науки на д-р Хајнц Брандл, и исто така му ги врачи универзитетските инсигнии. В о рамките на свечените активности од програмата кои се одржуваа во текот на денот настапија: хорот на АКУД Мирче Ацев диригент: Јасмина Ѓорѓеска и Македонскиот византиски хор Хармосини диригент: д-р Ристо Солунчев. Хорот на АКУД Мирче Ацев настапи со интонирање на: Студентската химна Гаудеамус, Државната химна на Република Македонија и Свечената 12 Ректорот Стојковски во своите честитки истакна: Уб е де н сум де ка со В а ш а та тво р е ч ка р а б ота и во и д н и н а ќе со р а б от ув а те со Ун и в е рз и те тот Св. Ки р и л и М е тоди ј во Ско п ј е, да в а ј ќи сво ј п р и до н е с во р а з вој от и ун а п р е дув а ње то н а Ун и в е рз и те тот Св. Ки р и л и М е тод и ј во Ско п ј е. химна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Македонскиот византиски хор Хармосини настапи со следнава програма: Отп усти тел ен троп а р н а свети те Ки ри л и М етоди ј, глас 4 хроматски, Вел ич а н и е н а свети те Ки ри л и М етоди ј, глас 5, Свј а ти ј Боже со си л а, глас 2 и М а ри е, фрагмент од Богородице дево на Петар Берекетис, глас 3.

В ечерта, празнувањето продолжи со одржување на свечената академија, која и оваа година се одржа во Македонскиот народен театар и која повторно беше проследена од целата македонска јавност преку директен пренос на Македонската радио-телевизија. На свечената академија, покрај членовите на академската заедница на УКИМ и претставниците на другите јавни и приватни универзитети во државата, присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор, на Македонската православна црква и други гости. Пригодна беседа на академијата одржа ректорот проф. д-р Велимир Стојковски (беседата на ректорот ја објавуваме во целост ). Б Е СЕ Д А Н А РЕ КТО РО Т Н А УКИ М, П РО Ф. Д - Р В Е Л И М И Р С ТО Ј КО В С КИ нашите патрони, сесловенските просветители, свети те браќа Кирил и Методиј. Истовремено, дозволете ми од името на Ректор ската управа и Сенатот на Универзитетот, со особена почит да ги поздравам нашите ценети гости: пријатели на Универзитетот, добредојдов Д раги те на свечената академија по повод 66 годиш нината од основањето на најстариот, најголемиот и најдобриот универзитет во Република Македонија Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Почитувани, денес имам особено задоволство и пријатна должност срдечно да ве поздравам и да ви се заблагодарам што ја прифативте поканата да при суствувате на свечената академија и заеднички да го одбележиме празникот на Универзитетот и денот на Неговото Блаженство, архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан, Нивните високопреосвештенства, Митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, Митрополитот кумановско осоговски, г. Јосиф и Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф, Нивните екселенции, амбасадорите на Руската Федерација Народна Република Кина и Република Словачка, Поранешните ректори и проректори на Универзитетот, Ректорите и делегациите на универзитетите од земјата и од странство. Дами и господа, Денес им изразуваме длабока почит и уважување на сесловенските просветители, рамноапостоли и со покровители на Европа светите браќа Кирил и Ме тодиј. Денес го чествуваме нивниот ден и нашиот празник. Но, денешниов ден не е празник само на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и на Република Македонија, туку празник на сите народи на кои тие им ја вдахновиле писменоста и им го 13

покажале патот на светлината и вечното спасение. Искрата на писменоста која тие ја запалиле пламнала дури до Новгород. Нивното име и дело денес го сла ват сите словенски народи, од Македонија до голе мата Русија. Со нивната богоблагословена мисија, преблаже ните учители на луѓето им дале виделина, просветли ле безброен народ кој лежел во мракот на незнаењето и прославувајќи го Бога го достигнале вечното. Ние, Македонците, на тоа сме особено горди, затоа што светата македонска земја беше нивната татковина. Како мисионери на христијанството, тие ја рас пространиле и утврдиле православната вера, ја пре неле писменоста, ги умножиле светите книги и ги обучиле свештенослужителите за вршење служба, ги наполниле црквите со народ кој прв пат слушал бого служба на јазик разбирлив за него. Како достоен наследник на нивното епохално де ло, Универзитетот, од своето основање, е во постојан подем и раст, започнувајќи со најстариот член Фи лозофскиот факултет, сѐ до најмладиот член на на шето академско семејство Православниот богослов ски факултет. Изодувајќи го седумдеценискиот пат на својот развој, денес, Универзитетот Св. Кирил и Ме тодиј претставува функционална заедница на 24 фа култети, 5 научни институти и 10 придружни членки. На Универзитетот Св. Кирил и Методиј студи раат 60.000 студенти, а за наставно образовниот про цес се грижат 3.300 вработени. Интелектуалниот по тенцијал кој нашиот Универзитет го вградил во Ре публика Македонија е над 150.000 дипломирани сту денти, 10.000 магистри и 4.000 доктори на науки. Но, големината на Универзитетот не е само во бројките, туку и во нашата академска ширина и светата ки рилометодиевска традиција, несебично да се помага и да се шири пламенот на знаењето. Така, денес по веќе од 200 наши професори изведуваат настава на другите јавни универзитети во државата. Затоа, не е нескромно ако кажеме дека Универзитетот Св. Ки рил и Методиј е синоним и стожер на високото обра зование во Република Македонија. Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е современ и отворен универзитет, кој остварува ус пешна билатерална соработка со повеќе од 120 еми 14 нентни универзитети во светот и голем број академ ски мрежи. Тој е универзитет кој на студентите им дава знаење употребливо на сите континенти. Активно сме вклучени во програмите за размена на студентите и наставниот кадар: ERASMUS, BASI LEUS, SEEUJoint и други. За одбележување е тоа што благодарение на напорната работа и стратегијата на Универзитетот, од 2008 година до денес, реализи рани се повеќе од 800 студентски мобилности на европските партнерски универзитети. Исто така, со воведувањето на програмата ЕРАЗМУС+ од пред две години, до денес, потпишани се 186 нови Еразмус+ билатерал ни договори со вкупно 23 држа ви од Европа, и остварени се го лем број мобилности. За овие исклучителни резултати, Уни верзитетот е добитник на Сер тификат за најдобро имплемен тиран проект од програмата ЕРАЗМУС+. Развивањето заеднички сту диски програми и заеднички дипломи на додипломските, постдипломските и докторските студии на интернационално ни во, е една од особено значајните стратегиски цели на Универзи тетот. За тоа што сме направиле, доволно зборува податокот дека Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во соработ

ка со 35 врвни универзитети од Италија, Франција, Јапонија, Финска, Австрија, Словенија, Хрватска, Швајцарија и Шведска, реализира 8 заеднички студиски програми. Ние сме единствен универзитет во државата, кој како резултат на неговата препознатливост и квалитет во европски рамки, издава двојни дипломи со партнерските универ зитети. И покрај финансиските тешкотии, Универзитетот овозможува успешно функционирање на нашите 10 лекторати по македонски јазик на универзитетите во Москва, Тирана, Краков, Сосновјец, Истанбул, Бу димпешта, Париз, Брно, Прага и Риека, како и 19 центри во кои се изучува македонскиот јазик во Австрија, Австралија, Германија, Канада, Полска, Русија, САД, Словенија, Словачка, Србија и Хрватска. Тоа не е афирмација само на Универзитетот Св. Ки рил и Методиј, туку на Република Македонија, и на нашиот јазик, литература и култура. Во однос на науката и истражувањето, Универзи тетот Св. Кирил и Методиј е еден од водечките во регионот, по бројот на меѓународни научноистра жувачки проекти. На Универзитетот, во оваа академ ска година се реализираат 72 меѓународни проекта финансирани од фондовите на Европската комисија, Агенцијата за атомска енергија, UNESCO и др., со буџет од 19 милиони евра. Но, освен во образовниот процес и науката, Уни верзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е широко етаблиран и во сферата на иновациите и трансферот на технологии. Денес, по осум години напорна ра бота, како претседател на Конзорциумот на Европ скиот иновативен и информативен центар, можам да изразам задоволство од нашето полноправно член ство во Европската мрежа на претпријатијата и парт нерството со повеќе од 600 организации во 44 држа ви, кои даваат услуги на повеќе од 25 милиони мали и средни претпријатија. Сето ова недвосмислено покажува дека нашиот Универзитет не само што е прв во земјата по својата поврзаност со меѓународните академски заедници и истражувачки мрежи, туку и успешно го следи тем пото на глобалните научни, технолошки и образовни иновации. Тоа е влог во нашата иднина и иднината на нашата татковина. Денес во Р. Македонија има 5 државни и 18 при ватни универзитети, но само еден е најстар, најголем и најдобар. Тоа е Универзитетот Св. Кирил и Мето диј во Скопје. Плурализмот во високото образование може да донесе и нови универзитети, може да се из градат нови универзитетски згради, да се купи нова опрема, но само едно нешто не се гради преку ноќ и не се купува тоа е традицијата. А, неа на Универзи тетот ја негуваме веќе седма деценија, прифаќајќи ги сите предизвици во високото образование. Универзитетот Св. Кирил и Методиј е прворан гиран универзитет во Република Македонија, а спо ред официјалните податоци, и најдобро рангиран универзитет од државата на светската скала, далеку пред другите универзитети од Република Македонија. Второрангираниот универзитет од нашата држава е рангиран за 1.369 места пониско од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Еден од мотивите кој нѐ води напред е тоа што се когаш се споредуваме со подобрите, а не со посла бите. Ние сме единствениот универзитет во држава та, на кој, на сопствено барање, се спроведени четири надворешни евалуации од страна на Европската асо цијација на универзитетите во Брисел. Во Извештајот на оваа Асоцијација по спроведената евалуација во 2008 година бевме наречени вистински европски универзитет, а во оваа прилика, со големо задовол ство сакам за прв пат јавно да го соопштам Извеш тајот кој го добивме вчера, од надворешната евалуа ција во 2014/2015 година, спроведена од експерти од Велика Британија, Шведска, Словенија и Турција. Во него, меѓу другото, се вели:... Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е институција со само увереност и самосвест, со практика за остварување надворешна соработка и институција со добро раз виени системи и процеси на раководење и управу вање.... Може да се заклучи дека Универзитетот е водечка високообразовна институција во Р. Македо нија... Им благодарам на професорите, соработниците, студентите и вработените, зашто тоа е успех и при знание за сите нас. Уважени гости, Светите Кирил и Методиј, нашите учители и апо столи, и отци кои духовно нè преродија, во IX век го завршија нивниот богоугоден и примерен живот на земјата. Но, борбата за писменоста, просветата и ду ховното просветлување не престана. Преку свети Климент и свети Наум, охридските чудотворци, учи тели и просветители, и преку низата истакнати маке донски дејци, таа борба продолжува и денес на Уни верзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Универ зитетот Св. Кирил и Методиј, како и нашите патро 15

ни и заштитници, минувал и минува по пат кој че стопати е исполнет со тешкотии, премрежија и иску шенија. Некогаш неразбрани, некогаш неислушани, ние секогаш чекориме со академска одмереност и то лерантност, достојно на името на светите браќа кое со гордост го носиме. Тоа е нашиот пат, затоа што имаме благородна мисија која се темели на негувањето на критичката мисла, идеалите на науката, автономијата и хуманиз мот. Уште повеќе, затоа што имаме историска одго ворност во создавањето вистински вредносни систе ми во образованието и науката, како основни елемен ти на просперитетот на Република Македонија. И годинава, во уметничкиот дел од програмата на свечената академија учествуваа хорот Драган Шуплевски и симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Диригент на програмата беше проф. Саша Николовски - Ѓумар. Хорот и оркестарот заедно, на почетокот на академијата, ги интонираа студентската химна Гаудеамус, државната химна на Република Македонија и свечената химна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. По одржувањето на свечените беседи, симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност, на огромно задоволство на сите присутни и јавноста, ги изведе следниве дела: 16 Почитувани, Денес е голем празник. Ден на кој со уважување и почит ги споменуваме нашите патрони и нивните свети дела, но и ден во кој сите ја делиме радоста од постигнувањата на нашиот најстар, најголем и најдо бар универзитет Универзитетот Св. Кирил и Ме тодиј во Скопје. Нека е честит празникот, нека е вечен Универзи тетот. VIVAT, CRESCAT, FLOREAT ACADEMIA! НА МНОГАЈА ЛЕТА! П. И. Чајковски : О р ке ста р ска суи та од б а л е тот О р е во кр ш а ч ка, О п. 7 1 а - Ка р а кте р и сти ч н и та н ци - В а л це р н а цв е ќи ња та Г. Свиридов : В а л це р - ф р а гм е н т од В и ул и ца, м уз и ч ка и л устр а ци ј а з а си м ф о н и ски о р ке ста р ко н кн и же в н а та п о в е ст н а А. С. П уш ки н С. П рокофјев : Та н ц н а в и те з и те и Љуб о в н а те м а - ф р а гм е н ти од б а л е тот Ро м е о и Ј ул и ј а, Оп. 64 А. Хачат урјан : В а л це р - ф р а гм е н т од о р ке ста р ска та суи та М а ска р а да, ко н и сто и м е н а та др а м а н а М. Л е р м о н то в

Ф олклорниот ансамбл АКУД Мирче Ацев при УКИМ, со одржувањето на целовечерен концерт, исто така има значаен удел во традицијата на чествување на патронатот на УКИМ. Годинава, традиционалниот настап на Фолклорниот ансамбл се одржа на 20 мај во Домот на АРМ, а гостите имаа можност да уживаат во сплетот македонски ора и песни. За разлика од минатите години, академскиот хор на АКУД Мирче Ацев, исто така, изведе неколку дела. 17

ДЕН НА ВИС ПОД МОТО Образованието е најмоќното оружје кое можете да го употребите за да го промените светот Нелсон Мандела ( Education is the most powerful weapon which you can use to change the world Nelson Mandela) И зборот на факултет е важна одлука во животот на секој млад човек. Со желба да се презенти раат можностите кои ги нуди најста риот и најреномираниот универзитет во Република Македонија, и оваа го дина беше организиран Отворен ден на УКИМ. Третиот по ред Отворен ден на Универзитетот Св. Кирил и Методиј се одржа на 8 мај о.г., на платото на универзитетскиот кампус за општес твени науки на кое беа сместени штандовите на 24 факултети кои се составен дел од Универзитетот, како и штанд на Националната агенција за европски образовни програми и мо билност која имаше за цел да ги про мовира европските програми во об ласта на образованието, обуката, мла 18

За матурантите идни студенти СОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2015 ОТО ЗАПОЗНАЈТЕ ГО УКИМ дите и спортот во Република Македонија, од Отворениот ден е убава можност да се по носно таканаречената програма ЕРАЗМУС гледне зад фасадите на факултетите и идните плус. 19

студенти да ги запознаат потенцијалните про фесори и да се информираат за студиските про грами кои се изведуваат на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Различните факултети на Универзитетот успешно се справуваат со предиз викот за воведување нови глобални перспективи за студентите од прв, втор и трет циклус преку развојот на над 500 студиски програми. Организирањето ден на високото образование на УКИМ, како и секоја година, има за цел да ги информира и анимира посетителите за дејноста и актуелните програми на додипломските, пост дипломските и докторските студии на најстарата високообразовна институција во нашата земја. Презентациите и изложбениот ма теријал на штандовите претставуваа из вонредна можност за запознавање на пер спективните студенти со предизвиците кои ги носи студирањето на најпрестиж ниот универзитет во Македонија. Музичкиот дел во рамките на Отворе ниот ден започна со настапот на нашата музичка ѕвезда Дани Димитрова, чиј нас тап ја раздвижи големата група посети тели сместена меѓу штандовите, потоа настапија три бенда од Факултетот за му зичка уметност. Беше изведен и дел од импре сивниот испит ДОСИЕ КОПЧЕ на студентите по актерска игра во класата на проф. Мими Таневска Србиновска на Факултетот за драм ски уметности. Студентите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, со цел да ја анимираат публиката, и оваа година ја изведоа својата точка Флеш моб. Настанот предизвика голем интерес кај ме диумите што можеше да се забележи од ма совното присуство на голем број медиумски куќи и застапеноста на информации во врска со Отворениот ден на сите интернет портали и социјални мрежи. Целиот настан беше сни ман со дрон, што овозможи настанот да се долови од поинаква перспектива. Како и секоја година, и оваа година во кам пусот на УКИМ се забележуваше позитивна енергија и убаво расположение меѓу сите при сутни. Претставниците од различните факул тети непосредно на посетителите и идни сту денти им ги доловуваа позитивните аспекти на студирањето. Настанот беше посетен од голем број средношколци од различни училишта од државата, но и од голем број студенти заинте 20

ресирани за продолжување на своето образование на втор и трет циклус студии. Секој чекор кон повисоко знаење и познавање започнува со љубопитност и прашување. Отворениот ден на УКИМ и оваа година ја постигна сво јата цел понуди можности за темелно информирање за сите аспекти од сту дирањето на факултетите кои се инте грален дел на Универзитетот, впро чем, како што се вели и во познатата поговорка на Сократ: Мудроста за почнува со љубопитност... Доц. д-р Александра Каровска Ристовска Филозофски факултет 21

1 19 94 4.. с се ед дн ни иц ца ан на ар Ре ек кт то ор рс ск ка ат та ау уп пр ра ав ва а ОД Л УК И З А В Р Ш Е Њ Е В И С О КО О Б РАЗ О В Н А Д Е Ј Н О С Т Н А Д РУГ ЈАВ Е Н УН И В Е Р З И Т Е Т Р екторската управа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на седницата одржана на 18.5.2015 година, разгледа повеќе прашања од дело кругот на своите надлежности. Притоа, донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање согласност на лица избрани во наставно научни звања на Универзитетот Св. Кирил и Методиј за вршење високообразовна дејност на други високообразовни установи за учебната 2015/2016 година, како и Одлука за давање согласност на лица избрани во наставно научни звања на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Филолошки факултет Блаже Конески Скопје за вршење високообразовна дејност на друг универзитет во странство. Ректорската управа донесе Одлука за давање со гласност на лице избрано во наставно научно звање на А мбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Универзитетот Св. Кирил и Ме тодиј во Скопје, по повод 70 годишнината од победа та над фашизмот, на 26 мај о.г., на УКИМ, одржаа за еднички пригоден настан. Во рамките на настанот беа емитувани инсерти од документарниот филм во 7 епизоди Зошто ние се бо риме, снимен во 1943 година од американскиот режи сер Френк Капра на барање на Министерството за од брана на САД. Исто така, во Ректоратот на УКИМ беше поставена и изложбата Победата над фашизмот: како се постигна. Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, г. Олег Николаевич Шчербак, во рамките на овој настан, на ректорот Велимир Стојковски му врачи медал од претседателот на Руската Федерација Н.Е. Владимир Путин, кој воедно е и претседател на Рускиот организациски комитет Победа, во спомен на 70 годишнината од Големата татковинска војна 1941 1945 год. Медалот му се доделува за неговиот голем придонес кон антифашистичкото воспитување на младите генерации и одбележувањето на овој датум. 22 Универзитетот Св. Кирил и Методиј за вршење ви сокообразовна дејност на друг јавен универзитет, и тоа за: Филолошкиот факултет Блаже Конески, Педа гошкиот факултет Св. Климент Охридски и Фило зофскиот факултет, како и Одлука за давање одобре ние за изведување настава на Филолошкиот факултет Блаже Конески од страна на стручњаци од практи ката. Ректорската управа даде позитивно мислење за дополнителниот Извештај за реализација на доделе ните средства за финансирање на научноистражувач ки проекти на единиците на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за 2014 година. ОДБЕЛЕЖАН ДЕ Н ОТ Н А ПОБЕДАТА Н АД ФАШИЗМОТ Ректорот Стојковски се заблагодари за високата чест укажана со доделувањето на медалот и истакна дека ова е негово второ големо признание од Руската Федерација по медалот Пушкин. Инаку, во 2011 го дина, претседателот на Руската Федерација, г. Дмитриј Анатољевич Медведев, признавајќи ги заслугите и личниот придонес на ректорот Стојковски, за промо вирањето на рускиот јазик и руската култура и зајак нувањето на пријателските руско македонски врски,

3 30 0.. с се ед дн ни иц ца ан на а У Ун ни ив ве ер рз зи ит те ет тс ск ки ио от тс се ен на ат т ОДЛ УК А ЗА ДОДЕ Л УВАЊЕ Н А ТИ ТУЛ АТА П ОЧ Е С Е Н ДО КТО Р Н А Д- Р Е Л Е Н А ВЛ АДИ М И Р О ВН А ВЕ РИ ЖН И КО ВА У ниверзитетскиот сенат на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје одржа седница на 28.5.2015 година, на која разгледа повеќе актуелни прашања од делокругот на своите надлежности. При тоа, донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на членови на Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот Св. Кирил и Ме тодиј во Скопје. Универзитетскиот сенат донесе Одлука за доделу вање на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, од областа на хуманистичките науки, на д р Елена Вла донесе Указ за одликување на ректорот проф. д р Ве лимир Стојковски со медалот Пушкин. Примајќи го медалот, ректорот Стојковски истакна: Тоа е огромна чест како за мене, така и за УКИМ, особено поради фактот дека медалот се доделува во знак на признание за нашето вложување во анти фашистичкото воспитување на младите генерации. Треба со гордост да се сеќаваме дека нашата татко вина даде голем влог во борбата против фашизмот, и постојано да се потсетуваме на тоа што се слу чило, за да знаеме да го чуваме и негуваме тоа што денес го имаме. Резидентниот амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. г. Олег Николаевич Шчербак, пред присутниот аудиториум одржа и те матско предавање. Тој, меѓу другото, рече: Нема сом неж во тоа дека Втората светска војна е најужас димировна Верижникова, доцент на Московскиот државен универзитет М. В. Ломоносов, Москва, Ру сија. Универзитетскиот сенат донесе Одлука за избор во звањето редовен професор на д р Елизабета Срби новска Костовска, насловен вонреден професор на Медицинскиот факултет. Универзитетскиот сенат го усвои Дополнителниот извештај за реализација на доделените средства за финансирање на научноистражувачки проекти на единиците на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за 2014 година. ната трагедија во историја та на човештвото која од несе скоро 60 милиони човеч ки животи, би можела да се спречи, ако водечките земји на Европа конструктивно соработувале со Советскиот Сојуз кој по доаѓањето на нацистите на власт во Гер манија фактички самостој но му се спротивставил на проектот илјадагодишен Рајх. Додека СССР повику вал преку Лигата на нации те да се создаде систем за колективна безбедност на европскиот континент и го поддржувал Народниот фронт во Шпанија, кој им се спро тивставил на италијанско германските фашистички доброволни легии кои стиг нале на помош на пучистот Франко, западните земји на Хитлер му правеле повеќе отстапки една по друга, со план да ја насочат не говата агресија кон Исток. Понатаму, амбасадорот истакна: Би сакале да веруваме дека свеста за неоп ходноста во обединување заеднички напори пред новите глобални предизвици нема да биде премногу задоцнета. Во оваа смисла за човештвото е бесце нето искуството од 1941 година, кога заканата од нацистичкото поробување надвисна над сите нас. Слава му на Бога, разумот сепак надвладеал и без оглед на сите противречности, антихитлерската коалиција била формирана, што го предодредило по натамошниот тек на историјата. Покрај претставниците на Руската амбасада, на овој настан зедоа учество членовите на Ректорската управа и Универзитетскиот сенат, студентите и дру гите членови на академската заедница на УКИМ. 23

Универ зитет Св. Кирил и Методиј бул. Гоце Делчев бр. 9, 1 000 Скопје, Македонија : +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202 : ukim@ukim.edu.mk : www.ukim.edu.mk