УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Similar documents
UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНД ЗА НАУЧНА ОБЛАСТ МАТЕМАТИКА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Број 163, февруари 2016

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

Март Opinion research & Communications

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО-НАУЧНАТА ОБЛАСТ ПИЈАНО НА МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

C U R R I C U L U M V I T A E

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Број 204, февруари 2018

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА 54

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

UNIVERZITETSKI BILTEN

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј. Куси биографски податоци за кандидатот

Број 198, oктомври 2017

Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП В О Е Н А А К А Д Е М И Ј А

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н. Бр. 379

Број 174, септември 2016

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО-НАУЧНАТА ОБЛАСТ ГРАЃАНСКО ПРАВО НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

UNIVERZITETSKI BILTEN

Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола; има чест на Наставничкиот совет на БАС да му го поднесе следниов ИЗВЕШТАЈ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

БИЛТЕН, I/26 21 ноември 2011

Број 196, септември 2017

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

БИЛТЕН, I/22 17 февруари 2011

UNIVERZITETSKI BILTEN

Број 154, септември 2015

Број 215, август 2018

Б И Л Т Е Н На УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

ЧЕТИРИГОДИШНИ СТУДИИ (ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ)

UNIVERZITETSKI BILTEN

И З В Е Ш Т А Ј 1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Б И Л Т Е Н. Бр. 419

Број 196, септември 2017

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Curriculum Vitae. Наслов на докторскиот труд Остварување на формите на непосредна демокатија со помош на информатичката технологија

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

ПРИЛОГ 5 Биографии на наставници на студиската програма Докторски студии по метрологија

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

C U R R I C U L U M V I T A E

БИЛТЕН, I/48 31 јули 2014

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Transcription:

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ЗА НАСТАВНО-НАУЧНА ОБЛАСТ ГРАЃАНСКО И НАСЛЕДНО ПРАВО НА ПРАВEН ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП Наставно-научниот совет на Правeн факултет при Универзитет Гоце Делчев - Штип на 147. Седница, одржана на 3.4.2017 година, донесе Одлука бр. 1102-97/5 за формирање на Рецензентска комисија за избор на наставник во сите наставно-научни звања за наставнонаучната област граѓанско право и наследно право на Правен факултет при Универзитет Гоце Делчев во Штип, во состав: проф. д-р Игор Камбовски, претседател; проф. д-р Војо Беловски, член; доц. д-р Марија Амповска, член. Конкурсот за овој избор беше објавен во Утрински весник на 21.3.2017 година и во предвидениот рок се пријави само кандидатката: Милица Шутова. Рецензентската комисија ги разгледа пристигнатите документи и констатира дека приложената документација од кандидатката навремено е доставена со сите потребни документи согласно со објавениот Конкурс и чест ни е на Наставно-научниот совет на Правниот факултет да му го поднесеме следниов И З В Е Ш Т А Ј Биографски податоци Д-р Милица Шутова е родена на 29.1.1986 година во Скопје. Основното образование го завршува во ОУ Петар Мусев - Богданци со просек 5,00 во периодот од 1993/1994 до 1999/2000 г. Средното образование го завршува во УЦ Гимназија Јосиф Јосифовски во Гевгелија, во учебната 2000/2004 година, со просек 5,00. На Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје се запишува во учебната 2004/2005 г., а дипломира на 4.7.2008 година по три и полгодишно студирање со просечен успех 9.5 по стара програма. Во учебната 2008/2009 година се запишува на студии од втор циклус - постдипломски студии, на Правосудна насока (модул А-граѓанско право), кои ги завршува со просечен успех 10. Со завршување на вториот циклус (магистерски) студии се стекнува со научен степен магистер по правни науки. Во 2012 година се запишува на докторски студии Катедра по граѓанско право на Правен факултет на Универзитетот во Ниш, а во 2015 година се префрлува на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Во 2016 година докторира на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј на тема Правна заштита на добро познати трговски марки во компаративното право. Во 2011 година положува правосуден испит, а во 2014 година нотарски испит. Од 2008/2009 па сѐ до 2012 г. кандидатката е избрана за демонстратор по Граѓанско и Стварно право на Правен факултет Јустинијан Први во Скопје. Кандидатката од 2005 до 2012 г. е управител на фирмата Хрома-инженеринг ДООЕЛ-Скопје, а од 15.2.2012 г. до 17.8.2012 г. е вработена како стручен соработник во Адвокатско друштво ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ - Скопје. На 10.7.2014 година е избрана за асистент на Факултетот за правни науки во состав на Првиот приватен универзитет - ФОН како соработник од областа на граѓанското право, за временски период од три години. Во периодот од 2016 г. па сѐ до денес вработена како раководител на Одделение за инспекциски надзор од областа на трудот, социјалната политика, образование и културата, Сектор за инспекциски надзор во Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. 52

Број 191, јуни 2017 Законски услови кои треба да ги исполнува кандидатот за избор во звање доцент Доктор на науки од соодветната научна област; Просечен успех од најмалку осум на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно; Објавени најмалку четири научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или меѓународни научни публикации или два научни трудови во научно списание со импакт фактор во последните пет години; Постигнувања во примената на истражувачките резултати и способност за изведување на одделни видови високообразовна дејност; Позитивна оценка од самоевалуацијата. Трудови објавени во меѓународни научни списанија согласно со законските услови за избор во доцент Година на Бр. Автор Наслов на трудот Списание излегување на списанието 1. Vizione, International Игњатовиќ М., Видови елементи на magazine for social Шутова, М., правните дела science, 21 2014 2. Шутова, М 3. Шутова, М The concept of previous questions in аccordance with the Macedonian law and practice Правна заштита на правата од трговска марка, Vizione, International magazine for social science,skopje бр.23 Vizione, International magazine for social science, Skopje бр.26 2015 2016 Трудови кои претставуваат меѓународни научни публикации согласно со законските услови за избор во доцент Конференција и Автор Наслов на трудот Година организатор Зборник Правног Класификација правних Игњатовиќ, М., Факултету у Нишу UDK 1. послова у римском и 2013 Шутова, М 34(058) YU ISSN 0350- савременом права 8501 2. Шутова, М 3. Шутова, М Начини на решавање на претходното прашање во парничната постапка Влијание на нелојалната конкуренција врз повреда на правата од индустриската сопственот Влијанието на научно технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, Универзитет Евро Балкан, Зборник на Правниот факултет Гоце Делчев во Штип 2014 2016 53

Останати трудови: Шутова, М Апсолутни и релативни причини за одбивање на пријавата на трговската марка Knowledge-Iternational Journal Scientific and Aplicative papers V10/12015 Наставно-образовна и научноистражувачка дејност Во делот на наставно-образовната и научноистражувачката дејност може да се констатира дека кандидатката бележи континуитет во својот академски развој, бидејќи била избрана и предавала група предмети кои припаѓаат на научната област за која се врши изборот. Има искуство како демонстратор на Правниот факултет Јустинијан Први во областа на граѓанското право во Скопје и како асистент на Првиот приватен универзитет - ФОН во областа на граѓанското право. Во своето досегашно научноистражувачко творештво кандидатката има објавено околу 10 трудови. Исто така, има активности во научни списанија и учествувала во научноистражувачки проекти. Учество во научноистражувачки проекти 2014/2015 Учество во проектот Фабрика на знаење на Првиот приватен Универзитет ФОН во Скопје. Од приложената документација се констатира дека има позитивна евалуација од студентите за нејзината работа како асистент. Кратка евалуација на секој од доставените трудови поединечно трудовите Игњатович Марија и Шутова Милица, Класификација правних послова у римском и савременом права, Зборник Правног факултету у Нишу, 2013, UDK 34(058), YU ISSN 0350-8501. Во трудот авторката ја објаснува класификацијата на правните дела во римското и современото право. Ова од причина што во правната литература, почнувајќи од римската, до современата, егзистираат различни класификации на видовите на правните дела. Во тој контекст тргувајќи од бројните класификации на правните дела, кандидатката во трудот детално ги објаснува како најзастапени следниве: а) еднострани, двострани и повеќестрани правни дела; б) каузални и апстрактни правни дела; в) формални и невормални правни дела; г) товарни и даровни правни дела; д) еквивалентни (комутативни) и алеаторни (на среќа) правни дела; ѓ) самостојни и несамостојни (акцесорни) правни дела; e) лични и нелични правни дела; ж) правни дела по повод смртта (mortis causa), прави дела за време на животот (inter vivos) и мешовити правни дела; и з) фидуцијарни правни дела. Игњатович Марија, Шутова Милица, Видови елементи на правните дела, Vizione,International magazine for social science, 21/2014, Open Access, Journals, EBSCO Proquest & Cite Factor, ISSN:1409-8962 (printed form), ISSN 1857-9221-electrinic form. Во трудот авторката го разгледува прашањето за видовите на елементи на правните дела. Во контекст на ова фокусот го става на нивната класификација и влијанието на правните дела. Притоа истакнува дека значењето на сите елементи не е идентично, одредени елементи имаат суштествено значење за настанокот на правното дело, односно нивното отсуство има влијание на полноважноста на правното дело. Шутова М., Апсолутни и релативни причини за одбивање на пријавата на трговската марка, Knowledge-Iternational Journal Scientific and Aplicative papers V10/1, 2015, ISSN 1857-92. Во трудот авторката го разгледува прашањето за апсолутните и релативните причини за одбивање на пријавата на трговската марка како дел од правото на интелектуалната сопственост. Притоа, одвоено ги разгледува апсoлутните причини за одбивање на регистрација на трговската марка истакнувајќи дека апсолутните причини се во функција на заштита на јавниот интерес и се однесуваат на сите знаци, независно од тоа за каков вид на стоки или услуги станува збор. Потоа ги разгледува релативните причини и истакнува дека за разлика од апсолутните причини се во функција на заштита на приватните интереси. Дистинкцијата ја разгледува преку примери од практиката на Државниот завод за индустриска сопственост ставајќи го акцентот на функцијата на заштита. 54

Број 191, јуни 2017 Шутова Милица, The concept of previous questions in accordance with the Macedonian law and practice,vizione,international magazine for social scienceskopje, 23/2015, Open Access, Journals, EBSCO Proquest & Cite Factor. Во трудот е направена анализа на претходното/прејудициелно прашање, со фокус на судската перцепција in concreto. Кандидатката наведува дека целта на трудот е преку примена на интередисциплинарниот пристап на истражување, системски да му се пристапи на концептот на претходно прашање, доведувајќи го во врска со кривичната, граѓанската, деловната, управната материја и акцент на правните стандарди кои ги применуваат домашните судови при донесувањето одлука, односно заземањето став во поглед на претходното прашање. Шутова Милица, Правна заштита на правата од трговска марка, Vizione, International magazine for social science, Skopje бр.26/2016, Open Access, Journals, EBSCO Proquest & Cite Factor. Во трудот авторката го разгледува прашањето за концептот на правната заштита која опфаќа три правни нормирани облици и тоа: управно-судска, граѓанско-правна и казненоправна заштита. Авторката одделно го разгледува прашањето за секое од постапките. Притоа прави дистинкција помеѓу административна и управно-судска постапка при заштита на права од индустриска сопственост. Понатаму прави разграничување меѓу управносудската и постапката пред граѓанските судови истакнувајќи дека во управно-судската постапка судот врши контрола на законитост по административна постапка, а повредата на загрозените и повредените права се бара во граѓанско-судска постапка. Авторката одделно го разгледува и прашањето за прекршочната и казнено-правната заштита на правата од индустриска сопственост и истакнува дека за разлика од управнo-судската и постапката пред граѓанските судови овие постапки се поведуваат по службена должност ex officio. Шутова Милица, Влијание на нелојалната конкуренција врз повреда на правата од индустриската сопственот во Зборник на Правниот факултет при,,гоце Делчев во Штип, 2016 година. Во трудот авторката го разгледува прашањето за нелојалната конкуренција и нејзиното влијание врз повреда на правата од трговска марка. Авторката прави детална анализа на поимното определување на овој институт и притоа укажува на врската меѓу заштитата на правата од интелектуалната сопственост и заштитата од нелојална конкуренција. Притоа одвоено ги разгледува прашањата околу поимот на добри деловни обичаи, правичност и чесност, истакнувајќи дека законодавецот не е дециден при поимањето, прашање кое се јавува како суштествен елемент при спречување на дејствија спротивни на чесната практика. Стручно-апликативна и организациско-развојна дејност Учество на проекти 2010-2011 - Учесник во Проект за тутурство од страна на Фондација институција и отворено општество при USI. 2012-2014 - Невладин сектор Евро Македонија, Асоцијација за Македонско-италјанско пријателство Џузепе Мацини. 55

ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ Рецензентската комисија констатира дека кандидатката ги има поднесено сите потребни документи во согласност со конкурсот и истите се правно валидни. Констатира дека кандидатката со своето образование на додипломски и постдипломски студии, како и докторатот во областа на граѓанското право има потполна компетенција да биде наставник во научната област граѓанско и наследно право. Исто така, констатира дека има континуитет во наставно-научната активност како асистент кој е биран во научната област граѓанско право. Комисијата заклучува дека кандидатката има богата наставнообразовна активност на двата циклуси на студии. Комисијата заклучува дека во нејзиниот досегашен академски ангажман има објавено околу 10 трудови. Исто така, има објавено научни трудови во зборници од конференции одржани во Македонија и во странство. Од нејзините научни активности се заклучува дека станува збор за трудови со научна вредност, современа методологија и важни за македонската и пошироката научна мисла. Исто така, како учесник на неколку научноистражувачки проекти ја збогатува истражувачката активност во државата во доменот на граѓанското право. Исто така, кандидатката има богата стручно-апликативна и организациско-развојна дејност што се констатира преку нејзината творечка активност во објавување на трудови и како учесник на научни конференции во земјава и во странство и учеството во проекти. Рецензентската комисија констатира дека кандидатката има вкупно 90 бодови од наставно-образовна, научноистражувачка дејност и стручно-апликативна и организацискоразвојна дејност, според Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Врз основа на ова бодување, како и врз основа на богатата научноистражувачка и наставно-образовна активност како асистент во областа на граѓанското право и значајна стручно-апликативна и организациско-развојна активност, Рецензентската комисија има чест да му предложи на Наставно-научниот совет на Правен факултет да го усвои нашиот предлог и предлог-одлуката кандидатката д-р Милица Шутова да ја избере во наставнонаучно звање доцент за наставно-научната област граѓанско и наследно право. РЕЦЕНЗЕНТСКА КОМИСИЈА Проф. д-р Игор Камбовски, претседател, с.р. Проф. д-р Војо Беловски, член, с.р. Доц. д-р Марија Амповска, член, с.р 56

Број 191, јуни 2017 ТАБЕЛА НА АКТИВНОСТИ КОИ СЕ БОДУВААТ ПРИ ИЗБОР ВО ЗВАЊЕ Наставно-образовна дејност Поени Во земјава Во странство број поени број поени Вкупно Избор во асистент 15 15 Ред. бр. НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ И СТРУЧНО-УМЕТНИЧКИ АКТИВНОСТИ 1 Монографија или научна книга 2 Дел од монографија или научна книга Научен труд објавен во списание со ИФ (прв автор, 3 втор автор, останати автори) 4 5 6 7 8 9 Научен труд објавен во меѓународно научно списание (прв автор, втор автор, останати автори) Труд со оригинални научни резултати, објавени во зборник од трудови на научен собир Пленарно предавање на научен собир, музички настап на официјален концерт, учество на ликовна изложба Секциско предавање на научен собир, музички настап на официјален концерт Одржано предавање по покана од научна институција, музички настап на официјален концерт Учество на научен собир со реферат (постер/ усно), концерт во земјава и во странство Поени во во земјава странство 6/6/9/9/9/9 48 10 Одбранета докторска дисертација 8 8 8 11 Одбранет магистерски труд 4 4 4 12 Раководител на научен проект 13 Учесник во научен проект (максимум во три проекти) 2 2 14 Уредник на научно списание (СЦИ/ЦА/останати) 15 Член на уредувачки одбор на научно списание (СЦИ/ЦА/останати) 16 Уредник на зборник на трудови 17 Уредник на зборник на трудови од научен собир 18 Претседател на организационен или научен одбор на научен собир, фестивал 19 Член на организационен или научен одбор на научен собир, фестивал 20 Основач на научна лабораторија 21 Награди-признанија за научни/уметнички постигнувања, сценско-музички награди 22 Студиски престој во странство 3 57

23 Рецензент на научен труд (СЦИ/ЦА/останати) 24 Самостојно ликовно претставување (ликовна изложба) 25 Учество во ликовна колонија/симпозиум со ликовно дело 26 Монументално ликовно дело Ред. бр. СТРУЧНО-АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТ И ОРГАНИЗАЦИСКО-РАЗВОЈНА ДЕЈНОСТ 1 Книга 2 Поглавје од книга 3 Речник 4 Стручна монографија 5 Труд во стручно (научно-популарно) списание 6 Труд објавен во зборник од трудови на стручен собир 7 Пленарно предавање на стручен собир 8 Учество на стручен собир со реферат (постер/усно) 9 Уредник на стручно списание 10 Член на уредувачки одбор на стручно списание 11 Уредник на зборник на трудови од стручен собир 12 Председател на организационен или програмски одбор на стручен собир 13 Учесник во научен проект (максимум во три проекти) 14 Прифатени иновации, патент 15 Техничко унапредување 16 Изработен и рецензиран програмски пакет 17 Елаборати и експертизи 18 Изготвување на извештаи од анализи 19 Стручни награди и признанија 20 Ректор 21 Проректор 22 Претседател на универзитетски или владини тела 23 Декан 24 Продекан 25 Шеф на институт 26 Раководител на завод 27 Член на универзитетски или владини тела 28 Член на факултетски орган, комисија 29 Член на институтски орган, комисија 30 Класен раководител, согласно со Кредит трансфер системот - ЕКТС (за четири години) во земјава Поени во странство 5 10 ВКУПНО БОДОВИ ОД СИТЕ ОБЛАСТИ 90 58