ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ Скопје, март 2015 година
Содржина 1 Процес на поднесување на барање за боледување преку Портал... 3 2
1 Процес на поднесување на барање за боледување преку Портал Целта на овој документ е да се опише начинот на кој ќе се поднесува барање за боледување на средства преку портал за себе. Можност да поднесе барање за боледување има секое лице кое е осигуреник на ФЗОМ по основ 1, 2 или 3 (односно се вреботени лица). Секој осигуреник со најава на Портал ќе има можност со клик на менито да ја отвори страницата каде се листаат сите достапни барања кои можете да ги поднесете преку Портал. (Слика 1) Слика 1 Со клик на редот Боледување и со клик на Пребарај, Ви се отвора нова страна на која се прикажува листа на поднесени барања за боледување на средства за Вас, преку Портал или директно во ФЗОМ. (Слика 2) 3
Слика 2 Поднесените барања можат да бидат филтрирани по: Причина за спреченост или Тип на боледување: Креирање на ново барање за боледување започнува со клик на прозорец. (Слика 3), по што се отвора нов Слика 3 4
Како задолжителни податоци кои треба да се пополнат тука се: тип на боледување и подрачна служба, за кои се прави избор од спуштачките менија и број на транакциска сметка. (Слика 4, Слика 5) Слика 4 Слика 5 Кога ќе бидат пополнети овие информации со клик на копчето Продолжи, се продолжува кон наредниот чекор каде се дополнува ова барање со соодветно прикачените документи. (Слика 6) Доколу во овој дел е предефиниран документо кој треба да биде пополнет, истиот може да се отвори и промени, а промените да бидат зачувани за тој докумет. Најчесто ова е случај за обрасци пропишани од ФЗОМ кои задолжително се пополнуваат и поднесуваат со барањето. 5
Слика 6 Во овој случај можат да бидат преземени следните акции: преземи документ ( ) и промени документ ( ). Преземањето на документ значи негово отворање и електронско пополнување, за што повторно од Вас ќе биде побарана најава со корисничко име и лозинка (Слика 7), додека промени документ значи прикачување на Ваш документ (Слика 8). Слика 7 6
Слика 8 Прикачувањето на документи се прави со клик на копчето Прикачи документ ( ) со што се отвора нов прозорец каде треба да се избере соодветниот документ и да се зачува во ова барање. При тоа се избира соодветниот назив на документот кој сакаме да го прикачиме за изработеното барање. (Слика 9) Слика 9 Соодветно до називот на секој документ стои и опис за тоа дали тоj документ е задолжителен за прикачување кон барањето и колку такви документи се потребни. На наредното копче Choose file се пребарува документот на соодветната локација и се избира документот, по што потребно е да се кликне на копчето Зачувај за тој документ да биде зачуван во барањето. Доколку има потреба во делот Забелешка може да се додаде и коментар за додадениот документ. (Слика 10, Слика 11) 7
Слика 10 Слика 11 Врз прикачените документи може да се преземат следните акции: Избриши документ ( ), Превземи документ ( ). Слика (12) 8
Слика 12 Кога листата на прикачени документи ќе биде комплетна, достапна ќе биде и акцијата Потпиши и зачувај, по што ова барање треба да биде електронски потпишано од поднесувачот. Со потпишувањето на барањето истото станува достапно за преглед и започнување на постапката за боледување во ФЗОМ. (Слика 13, Слика 14, Слика 15, Слика 16) 9
Слика 13 Слика 14 Слика 15 10
Слика 16 По праќањето на барањето за обработка, на страната за преглед на барања се следи понатамошната обработка и промена на статуси. Со потпишување на барањето истото добива статус Испратено во ФЗОМ. Кога за истото ќе биде започната постапка за обработка тоа добива соодветен УП број и статус Барање во обработка. Доколку во управната постапка барањето биде означено како некомплетно по прием истото на Портал ќе има можност за до комплетирање и прикачување на нови документи ( ).Со клик на се отвора соодветно прозорецот за формирање на барање за боледување каде може да се прегледа поднесеното барање и документите прикачени за истото, но нема да има можност да бидат отстранети документите кои првично биле прикачени и пратени до ФЗОМ во првичното барање. Во горниот дел од прегледот во пораката ќе може да се прочита коментар за докомлетирање на барањето доколку е оставен коментар од лицете кое во ФЗОМ го означило барањето за некомплетно. (Слика 17) Дополнително, ќе има можност само да се до прикачат нови документи кои се потребни за комплетирање на барањето. Прикачувањето на документи е на ист начин, опишан погоре. Кога ќе бидат прикачени дополнителните документи ќе биде овозможена и акцијата за потпишување и зачувување на барањето, а со тоа тие документи ќе можат да бидат превземени од ФЗОМ и додадени во постапката на боледување. Барањето може да се дополнува со документи се додека во ФЗОМ за истите не се преземе акција во однос на барањето. (Слика 17, Слика 18) Слика 17 11
Слика 18 Барањата за кои е донесена конечна одлука го менуваат статусот во Одобрено, односно Одбиено. За одобрените барања ќе биде достапна акцијата Преглед на налози, каде со клик на копчето се отвора нов дијалог прозорец со преглед на типот на налогот, статусот на налогот, датумот на исплата и износот на исплата. (Слика 19) Слика 19 За барањата кои се креирани на портал ќе има можност да се прегледаат детали со клик на ( ), каде документот може да биде преземен со клик на ( ). (Слика 20) 12
Слика 20 13