ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Ариф Пини. Arif Pini. лекар од доверба за пациентите Роми од Гостивар. a doctor of confidence among Roma patients from Gostivar JAN - FEB 2015

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

БИЛТЕН. за семејно планирање. Почитувани пратенички и пратеници во Собранието на Република Македонија,

Здравствена писменост на пациентите. Доц. Катарина Ставриќ, Центар за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје

Права и обврски на пациентите

Издание на: Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Издавач: Центар за истражување и креирање политики. Цицо Поповиќ 6-2/9, Скопје.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Биланс на приходи и расходи

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

КОРУПЦИЈАТА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ДЕТЕРМИНАНТИ НА ЗДРАВОТО И АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Опиоиди во палијативен третман: Сигурно и ефикасно препишување на силни опиоиди за третирање на болка при палијативен третман кај возрасни пациенти

Издавач: Фондација Oтворено општество-македонија. За издавачот: Фани Каранфилова-Пановска. Уредници: Сузана Пецаковска Споменка Лазаревска

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

ПРАВНИ ПОТРЕБИ И ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА ЛУЃЕТО КОИ ИНЈЕКТИРААТ ДРОГИ И ЗА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА. Ивица Цековски Вања Димитриевски

Коисмение.Штозначиме.

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Преглед на државите во Западна Африка

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА: ПАТОТ ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ФУНКЦИИ И ВЛИЈАНИЕТО НА ЛОКАЛНО НИВО ВО МАКЕДОНИЈА

views - opinions - dilemmas pogledi - mislewa - dilemi Ljupcho AJDINSKI Љупчо АЈДИНСКИ

Структурно програмирање

J.Z.U. Centar za javno zdravje-skopje Republika Makedonija

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ЗАВИСНОСТА МЕЃУ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ, МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРАВЕЊЕ ИЗБОР И ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ИДНИНАТА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

Стратегија за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

МЕНТОРКА: Taња Томиќ

Што е ментална болест?

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Ана ФРИЦХАНД МОРАЛНАTA СЕБЕПЕРЦЕПЦИЈА НА АДОЛЕСЦЕНТИТЕ. Кратка содржина

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

КРИВИЧНОТО ДЕЛО НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИ ВО МАКЕДОНСКО ПРАВО

Фросина Денкова. Кратка содржина

ПРЕПОРАКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ЗА СКРИНИНГ (РАНО ОТКРИВАЊЕ) НА КАРЦИНОМ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА

Годишен извештај Здравствени и сексуални права на припадници на маргинализирани групи (корисници на дрога, лица што живеат со ХИВ, сексуални

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ПОДЕЛЕНА ПОЛИТИКАТА И УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

Год. 3 Бр. 5, Скопје, јули 2010

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

АНКЕТА ЗА КРЕДИТНАТА АКТИВНОСТ

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

Transcription:

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ 1

Издава: Фондација Отворено општество Македонија За издавачот: Владимир Милчин, Извршен директор Автори на истражувањето: Борјан Павловски Дарко Антиќ Јасминка Фришчиќ Марија Гелевска Стојан Мишев Лектура: Катица Трајкова Ликовно графичко обликување: Бригада дизајн Печати: Скенпоинт Тираж: 500 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 364.69:342.724(=214.58:497.7) ЗДРАВЈЕТО на Ромите и нивниот пристап до здравствената заштита од родов аспект / [автори на истражувањето Борјан Павловски... и др.]. - Скопје : Фондација Отворено општество - Македонија, 2014. - 16, 16 стр. : илустр. ; 21x25 см Насл. стр. на припечатениот текст: Gender perspectives of Roma health and their health care. - Обата текста меѓусебно печатени во спротивни насоки. - Текст на мак. и англ. јазик ISBN 978-608-218-212-4 1. Павловски, Борјан [автор] а) Роми во Македонија - Право на здравствена заштита COBISS.MK-ID 97250058 Бесплатен/некомерцијален примерок

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ ВОВЕД Д осегашните истражувања и работата на терен укажуваат дека неповолните социоекономски и животни услови, проследени со бариерите во пристапот до здравствените услуги, придонесуваат за понеповолен здравствен статус на Ромите. Дополнително, имајќи ја предвид понеповолната положба на жените, а особено на жената Ромка во нашето општество, исклучително е важно да се истражи меѓусебното влијанието на полот врз повеќе параметри што се однесуваат на здравствениот статус, пристапот до здравствената заштита и остварувањето на здравствените права на мажите и жените Роми. Имено, предмет на анализа во ова поглавје е влијанието на полот врз обемот, видот и врз квалитетот на користените здравствените услуги специфични за женската и машката ромска популација, притоа опфаќајќи ги здравствените услуги кај матичните лекари, здравствените услуги од итната медицинска помош и специјалистичката и болничката здравствена заштита. Дел од анализата ги опфаќа аспектите на пристап и квалитет на здравствените услуги, како и правата на пациентите мажи и жени Роми. Воедно е анализирано и влијанието на полот врз оценката за сопственото здравје, односно самопријавената здравствена состојба, акутните и хроничните заболувања на мажите и жените Роми. Сите параметри во ова поглавје се анализирани преку споредба на ромското женско население (393 испитаници) и ромското машко население (298 испитаници). 3

ЗАКЛУЧОЦИ ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА Припадноста кон одреден пол има видно влијание врз оценката на сопствената здравствена состојба. Мажите Роми во повисок процент го оценуваат своето здравје како многу добро, за разлика од жените Ромки. Здравствената состојба е понеповолна кај жените Ромки, при што кај нив постои поголема застапеност на сексуално преносливи инфекции, како и хронични здравствени проблеми што бараат редовни здравствени услуги. ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Полот нема значително влијание на покриеноста со матичен лекар, како и на користењето на услугите од примарната здравствена заштита. Имено, речиси еднаква е покриеноста со матичен лекар кај мажите и жените Роми и подеднакво им биле обезбедени услугите од итна медицинска помош. СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО-КОНСУЛТАТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Иако полот нема влијание врз генералното користење на специјалистичко-консултативните здравствени услуги, сепак полот како детерминанта влијае на обемот на услугите што се реализираат во одредени установи, како што се општа, односно клиничка болница и здравствен дом. Бројот на посети од страна на жените Ромки во наведените здравствени установи е речиси за двапати повисок од бројот на мажите Роми во истите наведени установи. Припадноста на машки, односно женски пол влијае незначително на задоволството од односот на лекарот специјалист и квалитетот на здравствената услуга. Па така, повеќе од половина од мажите и жените Роми и во речиси идентичен процент се сосема задоволни од односот на лекарот специјалист и од квалитетот на здравствената услуга.

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 5 БОЛНИЧКА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Користењето на услугите од болничката здравствена заштита е незначително поизразено кај жените Ромки. Аналогно на ваквата состојба, жените Ромки исто така повеќе се задоволни од односот на лекарите и медицинскиот персонал и од здравствените услуги при престојот во болничка здравствена установа. ДИСКРИМИНАЦИЈА Нељубезниот однос и лошото однесување од страна на лекарот специјалист е карактеристичен и за мажите и за жените Роми. За разлика од третманот кај лекар специјалист, кон мажите Роми се однесувале понељубезно и полошо при престојот во болница. ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ Полот нема влијание врз остварувањето на правата на пациентите во значителна мера, со исклучок на правото на пристап до медицинско досие, кое повеќе го побарале и го обезбедиле Ромките. ПРИСТАП ДО ЛЕКОВИ Полот нема влијание врз пристапот до лекови што се препишани од лекар и се наоѓаат на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). Имено, жените и мажите подеднакво и во скоро идентичен процент се соочиле со недостаток на лекови во аптека на товар на ФЗОМ.

I. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА Во однос на оценката на сопственото здравје, Ромите мажи во повисок процент го оценуваат своето здравје како добро, односно многу добро, за разлика од жените Ромки. Имено, 20,5% од испитаниците мажи Роми го оцениле своето здравје како многу добро, за разлика од 12,7% од жените Ромки (Графикон бр. 1). Дополнително, 47% од мажите Роми сметаат дека имаат добро здравје, за разлика од 44,8% од жените Ромки. Ваквите ставови соодветствуваат и со изјавите за лошата оценка за сопственото здравје. Имено, повеќе жени Ромки (19,8%) од мажи Роми (13,4%) сметаат дека нивното здравје е лошо (Графикон бр. 1). Графикон бр.1. Оценка на сопственото здравје, според полот (изразено во проценти).

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 7 Полот има незначително влијание и врз зачестеноста на боледувањата како резултат на настинки, грип и респираторни инфекции, па така 80,7% од жените Ромки во извесен повисок процент во последните 12 месеци почесто боледувале од настинки, грип и респираторни инфекции, за разлика од 72,1% од мажите Роми (Графикон бр. 2). Постои одредено влијание на полот врз тоа во кој обем кај Ромите се дијагностицирани сексуално преносливи инфекции (СПИ), меѓутоа во одреден повисок процент, односно 8,1% од жените Ромки, за разлика од 1,0% од мажите, изјавиле дека во последните 12 месеци им биле дијагностицирани СПИ (Графикон бр. 3). За разлика од одреденото влијание на полот кај самопријавената состојба и кај застапеноста на хроничните заболувања, состојбата со заболувањето од стомачни инфекции е подеднакво честа и кај жените и кај мажите Роми, односно тие во идентичен процент биле подложни на стомачни инфекции. Графикон бр. 3. Дијагностицирани СПИ во последните 12 месеци, според полот (изразено во проценти). Позначително е влијанието на полот врз постоењето на хронични здравствени проблеми, при што жените Ромки почесто од мажите Роми имаат хронични здравствени проблеми што бараат редовни здравствени услуги, односно 38,3% од жените се поподложни на хронични проблеми, за разлика од 28,6% од мажите Роми (Графикон бр. 4). Графикон бр. 2. Зачестеност на боледувањата од настинки, грип и респираторни инфекции во изминатите 12 месеци, според полот (изразено во проценти). Графикон бр. 4. Појава на хронични здравствени проблеми што бараат редовни здравствени прегледи, според полот (изразено во проценти).

8 II. ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Незначителна е разликата помеѓу мажите и жените Роми во однос на покриеноста со матичен лекар, при што во незначително повисок процент, односно 95,3% од мажите Роми, за разлика од 91,8% од жените Ромки, изјавиле дека имаат избрано матичен лекар. Скоро идентична е и состојбата со укажаната итна медицинска помош кај жените и мажите Роми. Имено, во скоро идентичен процент, односно 8,9% од мажите и 10,4% од жените, изјавиле дека ним или на близок член од семејството не им била укажана итна медицинска помош.

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 9 III. СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО- КОНСУЛТАТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА СЕКУНДАРНО И ТЕРЦИЈАРНО НИВО Од вкупниот број испитаници Роми (691), во речиси подеднаков процент и мажите и жените посетиле лекар специјалист. Меѓутоа, постојат одредени разлики во обемот и видот на установата каде што користеле специјалистичко-консултативни здравствени услуги во зависност од нивниот пол. Имено, бројот на посети од страна на жените Ромки во здравствен дом и општа болница, односно клиника е скоро за двапати повисок од бројот на посети на мажите Роми во истите наведени здравствени установи. Така на пример, 15,8% од жените Ромки, за разлика од 9,7% од мажите Роми, се обратиле во здравствен дом и побарале помош од лекар специјалист. Идентична е и состојбата со посета на лекар специјалист во општа, односно клиничка болница, при што жените Ромки во повисок процент (27%) од мажите Роми (18,5%) побарале и посетиле лекар специјалист во наведените здравствени институции во последните 24 месеци (Графикон бр. 5). Ромите мажи и жени во скоро идентичен и низок процент посетиле лекар специјалист во некоја од специјалните болници или во Универзитетските клиники во Скопје. Имено, само 2% од мажите и 2% од жените Ромки посетиле лекар специјалист во некоја од специјалните болници, а пак 3,4% од мажите Роми и 5,1% од жените Ромки посетиле лекар специјалист во Универзитетските клиники во Скопје (Графикон бр. 5). Графикон бр. 5. Вид на јавни здравствени установи (ЈЗУ) каде што биле користени специјалистичко-консултативни здравствени услуги во изминатите 12 месеци, според полот (изразено во проценти).

10 ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ Незначително е влијанието на полот врз задоволството на Ромите од односот на лекарот специјалист, односно нема значителна разлика во задоволството помеѓу Ромите мажи и жени. Повеќе од половина од Ромите мажи и жени и во речиси идентичен процент се сосема задоволни од односот на лекарот специјалист. Имено, 53,5% од мажите Роми и 54,1% од жените Ромки биле сосема задоволни од односот на лекарот специјалист (Графикон бр. 6). Незначително е влијанието на полот и врз незадоволството на Ромите од односот на лекарот специјалист, меѓутоа 10,1% од мажите Роми изразиле незначително повисок степен на незадоволство за разлика од 7,1% од жените Ромки (Графикон бр. 6). Припадноста на машки, односно женски пол влијае незначително на задоволството на Ромите од квалитетот на услугите обезбедени од страна на лекар специјалист, при што жените Ромки во извесен повисок процент (51,5%) од мажите Роми (44,4%) биле сосема задоволни од здравствената услуга при посета на лекар специјалист (Графикон бр. 7). Идентична е и состојбата при споредувањето на полот и мерењето на неговото влијание врз задоволството од здравствените услуги изразени преку одговорите воопшто не биле задоволни, што е со незначително повисок процент кај мажите Роми од 11,1%, во споредба со процентот кај жените Ромки од 9,2% (Графикон бр. 7). Графикон бр. 6. Приказ на задоволството од односот на лекарот специјалист, според полот (изразено во проценти). Графикон бр. 7. Задоволство од здравствената услуга при посета кај лекарот специјалист, според полот (изразено во проценти).

IV. БОЛНИЧКА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА СЕКУНДАРНО И ТЕРЦИЈАРНО НИВО Графикон бр. 8. Приказ на лицата кои изјавиле дека се "сосема задоволни од односот на лекарот и медицинскиот персонал" при престој во болница (изразено во проценти) Незначителен е процентот на мажи и жени Роми (22,8%) кои во изминатите 24 месеци биле хоспитализирани во некоја од болничките здравствени установи. При споредување на податоците според полот може да се заклучи дека од вкупниот број хоспитализирани Роми, поголем процент на жени Ромки (15,8%), за разлика од мажите Роми (9,1%), биле хоспитализирани во општа, односно клиничка болница. Хоспитализирањето на мажите и жените Роми не е чест случај кога станува збир за хоспитализирање во специјални болници и на Универзитетските клиники. Мал дел од испитаниците, односно оние што биле хоспитализирани и подложени на мал хируршки зафат беа запрашани дали при изведувањето на таквиот хируршки зафат им била дадена потребната анестезија, при што на жените Ромки во понизок процент (69,8%), за разлика од мажите Роми (77,8%), им била дадена анестезија за избегнување на непотребното страдање и болка. Задоволство од односот на лекарот и медицинскиот персонал Иако Ромите генерално во помал обем се сосема задоволни од односот на лекарот и медицинскиот персонал, сепак полот има одредено влијае на ваквото задоволство. Па така, жените Ромки за 10 проценти повеќе биле сосема задоволни од односот на лекарите и медицинскиот персонал (37,6%), за разлика од мажите Роми (27,3%) (Графикон бр. 8). Во речиси идентичен сооднос жените Ромки биле сосема задоволни од здравствените услуги при престојот во болничка здравствена установа (36,6%), за разлика од мажите Роми (27,3%).

V. ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ Графикон бр. 9. Приказ на лицата кај кои е почитувано правото на избегнување на непотребно страдање и болка при престој во болница, според полот (изразено во проценти). При анализирање на остварувањето на правата на пациентите Роми гледано од аспект на нивниот пол, може да се констатира дека полот не влијае врз обемот на остварување на овие права. Исклучок единствено претставува влијанието на полот на остварување на правото на избегнување на непотребно страдање и болка, правото на посета при престој во болница, како и правото на пристап и увид во медицинско досие. Во незначителен процент мажите и жените Роми изјавиле дека не им била обезбедена здравствена заштита, при што на 4% од жените Ромки и на 2% од мажите Роми не им била обезбедена здравствена и стоматолошка здравствена заштита во изминатите 24 месеци кога тоа им било потребно. Правото на избегнување на непотребно страдање и болка е скоро во идентичен процент реализирано и кај мажите и кај жените Роми при користење на услугите од специјалистичко-консултативната здравствена заштита. Имено, мажите Роми и жените што биле подложени на мал хируршки зафат беа запрашани дали докторот им ставил локална анестезија, при што 59,3% од мажите Роми и 56,6% од жените Ромки одговориле дека на тој начин го избегнале непотребното страдање и болка. За разлика од незначителното влијание на полот во реализирање на правото на избегнување на непотребно страдање и болка при користење на услугите од специјалистичко-консултативната здравствена заштита, сепак полот има одредено влијание врз остварување на ова право на пациентите при престојот во болница. Имено, ваквото право во поголема мера им било почитувано на 77,8% од мажите Роми, за разлика од 69,8% од жените Ромки (Графикон бр. 9).

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 13 Полот има влијание и врз обемот на реализирање на правото на посета, при што правото да примаат посети им било повеќе овозможено на жените отколку на мажите. Имено, 73,2% од жените изјавиле дека при престојот во болница имале можност непречено да примаат посета, за разлика од 58,5% од мажите (Графикон бр. 10). присуствувале лица што не требало да присуствуваат и за кои тие не дале одобрение. Правото на информирана согласност пред вршење на одредена медицинска интервенција од страна на медицинскиот персонал речиси подеднакво било почитувано и кај мажите и кај жените Роми. Иако повеќе од половина жени и мажи Роми не побарале увид, односно препис од нивното медицинско досие, сепак полот во незначителен обем имал влијание врз остварување на правото на увид во медицинската документација. Имено, 28,7% од жените, за разлика од 19,6% од мажите што побарале увид, односно препис, тоа им било обезбедено (Графикон бр. 11). Графикон бр. 10. Приказ на лицата кои изјавиле дека било почитувано правото на примање на посета во болничка установа, според полот (изразено во проценти). Повеќе од половина од испитаниците жени и мажи Роми и скоро во идентичен процент изјавиле дека користеле здравствени услуги, но не побарале второ стручно мислење. Имено, 62,1% од мажите и 64,3% од жените ги користеле здравствените услуги, но не побарале второ стручно мислење. Исто така, не постои влијание на полот и во однос на тоа дали на испитаниците што побарале второ стручно мислење тоа им било обезбедено. Генерално гледано, мал е процентот и на жените и на мажите Роми (11,4%) на кои им било обезбедено правото на второ стручно мислење. Графикон бр. 11. Приказ на лицата на кои им било реализирано правото на пристап до медицинското досие, според полот (изразено во проценти). Во однос на почитувањето на правото на приватност во специја листичко-консултативната здравствена заштита, не постои разлика во степенот на прекршување на ова право во зависност од полот на испитаниците. Генерално, секој четврт испитаник изјавил дека му било прекршено правото на приватност, однос но при вршење на одредени испитувања или интервенции

14 VI. ПРИСТАП ДО ЛЕКОВИ Полот нема влијание врз пристапот до лекови што се препишани од лекар и се наоѓаат на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Имено, жените и мажите подеднакво и во скоро идентичен процент се соочиле со недостаток на лекови во аптека на товар на ФЗОМ.

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 15 VII. ДИСКРИМИНАЦИЈА Полот нема значително влијание врз третманот или односот на лекарот специјалист кон пациентите Роми. Влијанието на полот врз задоволството од односот на лекарот специјалист беше разгледувано од аспект на тоа дали лекарот се однесувал љубезно кон жените и мажите Роми. Имено, 13,1% од мажите Роми и 11,7% од жените Ромки почувствувале дека лекарот специјалист се однесувал помалку љубезно отколку кон другите, а пак 58,6% од мажите и 57,7% од жените изјавиле дека не биле третирани со помалку љубезност отколку другите луѓе. И мажите и жените Роми во скоро идентичен процент изјавиле дека кон нив лекарот специјалист не се однесувал лошо, при што незначително е повисок процентот на жените Ромки (73,3%) во споредба со мажите Роми (68,7%) што го изнеле овој став. За разлика од третманот кај лекарот специјалист, полот значително влијае и во однос на третманот на Ромите во болничката здравствена установа, односно третирањето на пациентите Роми со помалку љубезност отколку кон другите пациенти. Имено, во повисок процент, односно 65,3% од жените Ромки, за разлика од 50,9% од мажите, не се чувствуваат дискриминирано и изјавиле дека не биле третирани со помалку љубезност од страна на здравствените работници. Графикон бр. 12. Приказ на лицата кои изјавиле дека не се третирани со помалку љубезност за разлика од другите пациенти од страна на здравствените работници во болничка здравствена установа, според полот (изразено во проценти).

16 ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ Речиси за 20 проценти повеќе жените (70,3%), за разлика од мажите (52,7%), изјавиле дека при престојот во болница здравствениот персонал кон нив не се однесувал лошо, односно здравствениот персонал се однесувал полошо со мажите Роми, отколку со жените. Графикон бр. 13. Приказ на лицата кои изјавиле дека не биле третирани од страна на здравствените работници полошо од другите во болничката здравствена установа, според полот (изразено во проценти).