З А П И С Н И К од Четириесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на година

Similar documents
С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

З А П И С Н И К од Триесет и втората седница на Владата на Република Македонија, одржана на година

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Број јануари 2015, среда година LXXI

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

Март Opinion research & Communications

Број јули 2014, среда година LXX

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Број јули 2016, четврток година LXXII

С О Д Р Ж И Н А. Број 14 год. LXVII 7 февруари 2011, понеделник Цената на овој број е 190 денари. Стр.

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

С О Д Р Ж И Н А Стр.

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

Број ноември 2015, среда година LXXI

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 105 Год. LXVI Четврток, 5 август 2010 Цена на овој број е 220 денари. Стр.

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Структурно програмирање

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Скопје, август 2017 година

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

Системот на јавните набавки во Република Македонија

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Е - МАПАС бр. 10. јули 2014 година. Следете не и на: MAPAS.MK РАБОТЕЊЕТО НА МАПАС ВО 2013 ГОДИНА

Број април 2017, четврток година LXXIII

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ЗАПИСНИК ДЕВЕТО СОБРАНИЕ СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

С О Д Р Ж И Н А. Број 171 год. LXVII 13 декември 2011, вторник Цената на овој број е 250 денари. Стр.

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 39 Год. LXIV Понеделник, 24 март 2008 Цена на овој број е 250 денари.

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

SË BASHKU PËR ARDHMËRINË E KOMUNËS ВКЛУЧИ СЕ NË FORUMET NË BASHKËSI ЗЕЛС ZELS INKUADROHU ВО ФОРУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Статистички истражувања во износ од денари. Член 2

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

С О Д Р Ж И Н А. Број 99 Год. LXI Среда, 16 ноември 2005 Цена на овој број е 300 денари 1334.

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2008 година

Transcription:

З А П И С Н И К од Четириесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 9.1.2018 година Скопје, јануари 2018 година

З А П И С Н И К од Четириесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 9.1.2018 година Седницата започна во 16:25 часот. На седницата претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика. На седницата присуствуваа заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, членовите на Владата на Република Македонија Билен Саљији, министер за правда, м-р Никола Димитров, министер за надворешни работи, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, д-р Венко Филипче, министер за здравство, д-р Рената Дескоска, министер за образование и наука, Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа, м-р Роберт Алаѓозовски, министер за култура, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, м-р Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Садула Дураки, министер за животна средина и просторно планирање, Роберт Поповски, министер без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми, министер без ресор, задолжен за дијаспора, Аксел Ахмедовски, министер без ресор, задолжен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Зорица Апостолска, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, д-р Драги Рашковски и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Тахир Хани. На седницата присуствуваше и Лила Пејчиновска-Миладиновска, секретар на Секретаријатот за законодавство. Покрај членовите на Владата на Република Македонија на седницата присуствуваа и д-р Беким Максути, заменик на министерот за одбрана, д-р Ширете Елези, заменик на министерот за финансии и м-р Кире Наумов, заменик на министерот за економија. На седницата присуствуваа и портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Мухамед Хоџа. Од седницата отсуствуваа заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, м-р Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, д-р Бујар Османи, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев и членовите на Владата на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски, министер за финансии, Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, м-р Крешник Бектеши, министер за економија, д-р Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестиционата клима за домашните претпријатија и д-р Аднан Ќахил, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции. * * *

Врз основа на Предлогот на дневниот ред и предлозите што беа поднесени на седницата, Владата го утврди следниов ДНЕВЕН РЕД ПРЕД ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД Состојби и напредок во процесот на европска интеграција А) МАТЕРИЈАЛИ ЗА КОИ СЕ ВОДИ РАСПРАВА И СЕ ОДЛУЧУВА а) гости 1. Информација за прогресот и реализација на проектот-антенски систем за контрола и мониторинг на радиофрекфенции на територијата на Република Македонија 2. Информација за потребата за прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и нивна обука 3. Информација во врска со проверка на сите приматели на пензии со евиденција на починати лица со цел да се утврди дали има исплата на пензии на починати лица без основ 4. Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Македонија во Катастарот на недвижности 5. Информација за Годишниот акциски план за спроведување на Националната стратегија за развој на интегрираното гранично управување за 2018 година, со Годишен акциски план б) економски систем и тековна економска политика в) политички систем 6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи, по скратена постапка 7. Предлог-закон за ратификација на Дополнителниот Протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно европскиот договор за слободна трговија 8. Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата за трудови статистики, 1985 (С 160) 9. Информација за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија-Четврт круг, на тема: Превенција на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и обвинителите - Втор ситуациски извештај на Република Македонија г) човечки ресурси и одржлив развој Б) МАТЕРИЈАЛИ ЗА КОИ СЕ ОДЛУЧУВА БЕЗ РАСПРАВА

а) економски систем и тековна економска политика б) политички систем 10. Барање на Акхмет Кесер, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија 11. Барање на Севеџен Ичоз, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија 12. Барање на Халил Ирфан Бумин, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија 13. Барање на Вели Кујуџу, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија в) човечки ресурси и одржлив развој 14. Предлог-одлука за пренесување во сопственост недвижна ствар на Општина Крушево г) предлози по кои Владата дава мислење (а) по барање на Собранието на Република Македонија (б) по барање на органи, организации и други правни лица 15. Решение на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.7/2017 донесено на седницата одржана на 1 ноември 2017 година, за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 2 од Правилникот за полагање на испит за медијатори ( Службен весник на Република Македонија бр.223/2015 и 67/2016) 16. Понуда од нотар Нерџиван Идризи од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2798 за КО Сингилиќ 2 на КП бр.2223 викано/место Р. Каскалиевиќ д) други предлози 17. Повик за свикување на Собрание на Македонски Телеком АД-Скопје 18. Кадровски прашања 19. Прашања и предлози В) ЗА ИНФОРМИРАЊЕ 20. Информација за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан Одлучна поддршка во 2018 година 21. Информација со акциски план за текот и прогресот на активностите во врска со проектот Кампања во општина Прилеп за рано спречување на рак на матка и дојка

22. Информација во врска со Иницијативата за измени и дополнувања за Законот за здравствена заштита и на Програмата за едукација на лекари во насока на тоа медицинската едукација да важи и за здравствени работници од приватните здравствени установи 23. Информација за текот и прогресот на активностите во врска со проектот,,стипендии на средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада" на јавниот повик за доделување на парична награда за освоен златен,сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни олимпијади (за периодот од септември 2017 до декември 2017 година) Г) ДОПОЛНИТЕЛНИ ТОЧКИ 24. Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2018 година 25. Информација за Предлог-стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудство ПРЕД ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД: * * * Состојби и напредок во процесот на европска интеграција Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ги информираше членовите на Владата за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, односно за текот и реализацијата на мерките од Планот 3-6-9. * * * По одделните точки од Дневниот ред, Владата ги донесе следниве заклучоци: Точка 1 Владата ја разгледа Информацијата за прогресот и реализација на проектот-антенски систем за контрола и мониторинг на радиофрекфенции на територијата на Република Македонија, како материјал за информирање. Истовремено, Владата заклучи Агенцијата за електронски комуникации во рок од 30 дена (за втората седница во февруари 2018 година) да достави до Владата дополнителна информација во врска со реализација на овој проект (дали е законски дозволено контролните механизми да бидат на ист антенски столб или на исти локации со предавателите кои зрачат), за сите предвидени трошоци и проценка за целисходноста на нивната реализација во зависност дали се склучени договори или не, со предлог што од Проектот да опстои, а што да не се реализира.

Точка 2 Владата ја разгледа Информацијата за потребата за прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и нивна обука и притоа заклучи: - Се задолжуваат Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Дирекцијата за заштита и спасување, да ја антиципираат потребата и навремено да најдат соодветно решение во врска со ова прашање. Точка 3 Владата ја разгледа Информацијата во врска со проверка на сите приматели на пензии со евиденција на починати лица со цел да се утврди дали има исплата на пензии на починати лица без основ, ја усвои Информацијата и му укажа на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, еднаш годишно, односно на крајот на годината за тековната година, до Министерството за труд и социјална политика да доставува информација во врска со проверка на сите приматели на пензии со евиденција на починати лица со цел да се утврди дали има исплата на пензии на починати лица без основ. Точка 4 Владата го донесе новиот текст на Одлуката за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Македонија во Катастарот на недвижности, во предложениот текст. Точка 5 Владата ја разгледа Информацијата за Годишниот акциски план за спроведување на Националната стратегија за развој на интегрираното гранично управување за 2018 година, со Годишен акциски план и условно ја усвои Информацијата и го прифати Годишниот акциски план за спроведување на Националната стратегија за развој на интегрираното гранично управување 2018, доколку предлагачот претходно обезбеди позитивни мислења од Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии. Точка 6 Владата го разгледа новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи, по скратена постапка, го утврди како Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи и заклучи согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија да се достави до Собранието. За претставници на Владата на Република Македонија во Собранието се определени Билен Саљији, министер за правда и Оливер Ристовски, заменик на министерот за правда, а за повереници Зулфи Адили, државен секретар во Министерството за правда и Маја Малјановска, раководител на сектор во Министерството за правда. Истовремено. согласно Мислењето на Министерството за финансии, Владата заклучи потребните средства за материјални трошоци и опрема да се обезбедат во рамки на буџетите на надлежните институции, додека потребниот кадар да се обезбеди по пат на прераспределба во рамки на буџетските корисници.

Точка 7 Владата го разгледа новиот текст на Предлог-законот за ратификација на Дополнителниот Протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно европскиот договор за слободна трговија и го утврди со следните заклучоци: 1. Министерството за финансии активно да биде вклучено во сите идни активности поврзани со ЦЕФТА со цел навремено антиципирање на идните обврски од овој Протокол. 2. Потребните финансиски средства за реализација на предвидените активности да се обезбедат во рамките на планираните средства со буџетите на надлежните институции за соодветната фискална година. 3. Текстот на Предлог-законот за ратификација на Дополнителниот Протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно европскиот договор за слободна трговија да се достави до Собранието, согласно член 188 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. За претставници на Владата на Република Македонија во Собранието се определени м-р Никола Димитров, министер за надворешни работи, м-р Крешник Бектеши, министер за економија, д-р Арта Точи, заменик на министерот за надворешни работи и м-р Кире Наумов, заменик на министерот за економија, а за повереници Зоран Павловски, државен секретар во Министерството за економија, Блерим Златку, државен советник во Министерството за економија и Наташа Дескоска, директор во Министерството за надворешни работи. Точка 8 Владата го разгледа Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за трудови статистики, 1985 (С 160), го утврди и заклучи да се достави до Собранието, согласно член 188 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. За претставници на Владата на Република Македонија во Собранието се определени м-р Никола Димитров, министер за надворешни работи, Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, д-р Арта Точи, заменик на министерот за надворешни работи и Ељми Азири, заменик на министерот за труд и социјална политика, а за повереници м-р Елена Грозданова, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и Наташа Дескоска, директор во Министерството за надворешни работи. Точка 9 Владата ја разгледа Информацијата за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија-Четврт круг, на тема: Превенција на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и обвинителите - Втор ситуациски извештај на Република Македонија и ја усвои со следните заклучоци: 1. Се задолжува Министерството за правда да го достави до ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа, Вториот ситуациски извештај-четврт круг на евалуација во рамките на зададениот рок, односно до 31 јануари 2018 година.

2. Се задолжува Министерството за правда во Вториот ситуациски извештај-четврт круг, да внесе информации за целокупниот прогрес во однос на реализацијата на препораките на ГРЕКО за Република Македонија-Четврт круг, кој би настанал до 31 јануари 2018 година. Точка 10 Владата го разгледа Барањето на Ахмет Кесер, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија и врз основа на мислењата на Министерството за финансии и Министерството за економија, утврди негативно мислење по Барањето. Точка 11 Владата го разгледа Барањето на Севеџен Ичоз, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија и врз основа на мислењата на Министерството за финансии и Министерството за економија, утврди негативно мислење по Барањето. Точка 12 Владата го разгледа Барањето на Халил Ирфан Бумин, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија и врз основа на Мислењето на Министерството за финансии, утврди негативно мислење по Барањето. Точка 13 Владата го разгледа Барањето на Вели Кујуџу, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија и врз основа на Мислењето на Министерството за финансии, утврди негативно мислење по Барањето. Точка 14 Владата ја донесе Одлуката за пренесување во сопственост недвижна ствар на Општина Крушево, во предложениот текст. Точка 15 Владата го разгледа Решението на Уставниот суд на Република Македонија за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 2 од Правилникот за полагање на испит за медијатори ( Службен весник на Република Македонија бр. 223/2015 и 67/2016) и притоа го утврди следното мислење Според Решението донесено од Уставниот суд на Република Македонија, со оспорениот член 2 од Правилникот, донесен од министерот за правда, се определуваат испитните сесии во текот на годината кога се полага испитот за медијатори. Меѓутоа според член 59 став (1) точка в) од Законот за медијација, Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, врз основа на начелото на самостојност и стручност, ги утврдува испитните сесии за полагање на испитот за медијатор.

Оттука според Уставниот суд на Република Македонија произлегува дека законодавецот го овластил министерот за правда да ги пропише условите и начинот на полагање на испитот за медијатори, но за утврдувањето на испитните сесии за спроведување на испитот, законодавецот го овластил Одборот. Од горенаведеното, Уставниот суд на Република Македонија оценил дека основано може да се постави прашањето за согласноста на членот 2 од Правилникот за полагање на испит за медијатори со член 59 став (1) точка в) од Законот за медијација и со член 8 став (1) точка в) од Законот за медијација и со член 8 став (1) алинеја 3 и член 51 од Уставот. Имено, согласно Законот за медијација, заради обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијаторите се основа Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, кој е составен од десет члена именувани од Владата на Република Македонија со мандат од четири години и врши други работи утврдени со закон, со делокруг на работа утврден во член 59 од Законот за медијација. Според член 51 став (8) од Законот за медијација, условите и начинот на полагање на испитот за медијатор ги пропишува министерот за правда. Според член 59 став (1) точка в), Одборот ги утврдува испитните сесии и начинот на полагање на испит за медијатори, го организира и спроведува испитот и ги издава уверенијата за положен испит. Според член 2 од Правилникот за условите и начинот на полагање на испитот за медијатор, испитот се полага во февруарска, априлска, мајска, јунска и ноемвриска испитна сесија. Според став (2) од истиот член, пријавувањето за испитот се врши во периодот од први до петнаесетти во месецот кој претходи на месецот во кој се спроведува испитната сесија (јануари, март, април, мај и октомври). Одредбите од предметниот правилник не се во спротивност со законските одредби во членот 59 точката в) од Законот за медијација со кој е уреден Делокругот на работата на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, од причина што Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата нема законска надлежност да донесува подзаконски акти односно истиот не е самостоен државен орган и нема својство на правно лице туку истиот се основа согласно овој закон и има надлежности утврдени со овој закон, поради што испитните сесии за кои е неспорно дека ги утврдува Одборот се пропишани со Правилникот за условите и начинот на полагање на испитот за медијатори. Согласно горенаведеното, Владата на Република Македонија останува на мислење дека одредбите од член 2 од Правилникот за условите и начинот на полагање на испитот за медијатори се во согласност со член 59 став (1) точка в) од Законот за медијација и му предлага на Уставниот суд на Република Македонија да донесе решение за запирање на постапката за оценување на уставноста и законитоста на овој член од Правилникот. Точка 16 Владата ја разгледа Понудата од нотар Нерџиван Идризи од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2798 за КО Сингилиќ 2 на КП бр.2223 викано/место Р.Каскалиевиќ и не ја прифати Понудата имајќи го предвид негативнoто мислење на Министерството за транспорт и врски.

Точка 17 Владата по Повикот за свикување на Собрание на акционери на Македонски Телеком АД- Скопје, закажано за 10.1.2018 година, во 10:00 часот, заклучи: 1. Го отповика д-р Драги Рашковски, генерален секретар на Владата на Република Македонија од својството на полномошник на Владата на Република Македонија, како акционер во Македонски Телеком АД-Скопје да присуствува на седници на Собрание на акционери на Македонски Телеком АД-Скопје. 2. Се овластува Тања Чачарова-Илиевска, согласно член 392 од Законот за трговските друштва, во својство на полномошник на Владата на Република Македонија, како акционер во Македонски Телеком АД - Скопје, да присуствува на Собранието на акционери на Македонски Телеком АД - Скопје, закажано за 10.1.2018 година, во 10:00 часот. Издаденото полномошно да биде заверено кај нотар. 3. Се овластува полномошникот на Владата на Република Македонија да гласа ЗА по однос на Процедуралниот дел од Дневниот ред на Собранието на акционери на Македонски Телеком АД-Скопје, закажано за 10.1.2018 година, во 10:00 часот. 4. Се овластува полномошникот на Владата на Република Македонија по однос на Работниот дел од Дневниот ред на Собранието на акционери на Македонски Телеком АД - Скопје, закажано за 10.1.2018 година, во 10:00 часот: - да гласа ЗА по однос на точка 1. Предлог-одлука за измени на Статутот на Друштвото. - да гласа ПРОТИВ по однос на точка 2. Предлог-одлука за определување на месечен надоместок на претседателот на Одборот на директори на Друштвото, односно да предложи висината на надоместокот да остане на исто ниво како и до сега. - да гласа ЗА по однос на точка 3. Предлог-одлука за отповикување и избор на член на Одборот на директори на Друштвото. Точка 18 1. Владата за претставници во Советот на Јавната научна установа Институт за македонска литература-скопје, ги определи: д-р Димка Митева, д-р Љубица Станковска и д-р Владимир Мартиновски 2. Владата го именува Сеад Садиковски за вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, орган во состав на Министерството за локална самоуправа и истовремено му утврди коефициент за пресменување на плата. 3. Владата го именува Стојко Пауновски за вршител на должноста директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија и истовремено му утврди коефициент за пресменување на плата.

4. Владата го разреши Дритон Небиу од должноста вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 4.1. Владата го именува Ејуп Јаја за вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и истовремено му утврди коефициент за пресменување на плата. Точка 19 1. Владата го разгледа и го прифати Известувањето за активностите поврзани со кризната состојба на дел од територијата на Република Македонија за период од 2.1.2018 година до 8.1.2018 година и согласно член 31, став 2 од Законот за управување со кризи заклучи да го достави до Претседателот на Република Македонија и Собранието на Република Македонија. 2. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев изрази големо задоволство од работата на членовите на Советот за реформи во правосудството, за успешната соработка и за успешно завршената работа, односно за активното учество во изработката на Стратегијата за реформи во правосудството за период 2017-2022 и истовремено ги информираше членовите на Владата за намерата за формирање на нов совет за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството за период 2017-2022 до крајот на јануари 2018 година, согласно планот 3.6.9. и поминувањето во делот 9. 3. Владата го задолжи Министерството за финансии да подготви и во рок од еден месец до Владата да достави информација за детално прецизирање (унифицирање) на исполнетоста на условите за прием во државјанство на Република Македонија (посебно во делот што значи прифатливо за реализација од најмалку 400.000 евра и во делот на останатите критериуми, како што се работни места, придонеси од работни места и друго). 4. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ги информираше членовите на Владата за можноста за реализација на средства во износ од околу 45 милиони евра предвидени со Договорот за концесија со компанијата ТАВ Аеродроми-Скопје за проекти поврзани со локалната самоуправа од областите на образование и наука, труд и социјална политика, животна средина и просторно планирање и транспорт и врски (за проектни документации, за изградба на училишта и градинки, изградба на системи за канализација и водоснабдување на основни и средни училишта, градинки и сл.). Согласно ова, по подготвувањето на анекс на Договорот за концесија со компанијата ТАВ Аеродроми-Скопје и негово потпишување ќе се вршат соодветни изменувања и дополнувања на програмите донесени од Владата за овие области. 5. Владата во врска со одржувањето на претстојниот Самит на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони во Скопје во 2018 година, заклучи: 1) Се задолжува Министерството за финансии да подготви соодветна предлогодлука со која ќе ги обезбеди потребните средства во износ од 10.000.000 (десет милиони) денари, од тековната резерва и ќе ги стави на располагање на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија-раздел 01001 Претседател на Република Македонија, за организација на Самитот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони во Скопје во 2018 година.

Одлуката се смета за донесена на оваа седница на Владата. 2) Се задолжуваат Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за култура, Министерството за здравство и Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, во најкус можен рок да определат свои претставници во Координативното тело за организација на Самитот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони кое би се состанувало веднаш по неговото формирање до денот на Самитот, во редовен, заеднички прифатлив термин. Точка 20 Владата ја разгледа Информацијата за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО, во Авганистан Одлучна поддршка во 2018 година, како материјал за информирање. Точка 21 Владата ја разгледа Информацијата со Акциски план за текот и прогресот на активностите во врска со проектот Кампања во општина Прилеп за рано спречување на рак на матка и дојка, како материјал за информирање. Истовремено, се задолжува Министерството за здравство во иднина да не доставува до Владата информација за прогресот на активностите во врска со овој проект. Точка 22 Владата ја разгледа Информацијата во врска со Иницијативата за изменување и дополнување за Законот за здравствена заштита и на Програмата за едукација на лекари, во насока на тоа медицинската едукација да важи и за здравствени работници од приватните здравствени установи, како материјал за информирање. Истовремено, Владата заклучи Министерството за здравство во иднина да не доставува информации во врска со оваа активност до Владата. Точка 23 Владата ја разгледа Информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот,,стипендии на средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и Јавниот повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни олимпијади (International Science Olympiad) (за периодот септември 2017 - декември 2017 година), како материјал за информирање. Точка 24 Владата ја донесе Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2018 година, со заклучок во правниот основ за донесување на Одлуката по зборовите член 88 да се додаде став 1. Точка 25 Владата ја разгледа Информацијата за Предлог-стратегијата за информатичкокомуникациска технологија во правосудство, со текст на Предлог-стратегија, како материјал за информирање.

Истовремено, се задолжува Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Министерството за правда, да ја разгледаат предлогстратегијата и да предложат соодветни предлог-решенија за втората или третата наредна седница на Владата. * * * На седницата се водени стенографски белешки. Седницата заврши во 18:45 часот. ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА д-р Драги Рашковски ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Зоран Заев