МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА БОН - ТОН во безбедност и здравје при работа Технолаб, Доо Скопје, Р. Македонија ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РА БОТНИ М ЕСТА ВО ГРА ДЕЖНИШТВОТО И ИЗРА БОТКА НА ДОКУМЕНТОТ ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РА БОТА Д ејан М ИТРЕВСКИ, Ѓорѓи А НДОНОВ, Тр а ј че С РБИНОСКИ М а гдалена ТРА КОВСКА ТРПЕВСКА
Преглед на несреќи во дејности каде се тие најзастапени во период од 2012-2014 година. Дејности 2012 год. 2013 год. 2014 год. 1. Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување 2. Градежништво 45 9 47 44 20 12 3. Дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби 19 31 23 4. Транспорт и складирање 15 11 18 *Извор на податоци: МЗЗПР www.mzzpr.org.mk
Преглед на смртни случаи во дејности каде се тие најзастапени во период од 2012-2014 година. Дејности 2012 год. 2013 год. 2014 год. 1. Дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произвоедуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби 2. Градежништво 17 10 17 9 7 5 3. Транспорт и складирање 8 4 7 4. Земјоделство, шумарство и рибарство 4 0 0 *Извор на податоци: МЗЗПР www.mzzpr.org.mk Од табеларните прикази може да се види дека градежништвото како дејност е на втора позиција во однос на несреќи и смртни случаи во однос на останатите дејности.
Во рамките на овој труд опишана е постапката за проценка на ризиците на работните места во градежништвото и можните причини за настанување повреди и смртни случаи во градежништвото. ПРОЦЕНКИТЕ НА РИЗИК СЕ НАПРАВЕНИ ВО СОГЛАСНОСТ СО: Законот за безбедност и здравје на работа (Сл.Весник на РМ бр.92/07 и бр.53/2013) Правилникот за начинот на изготвување на Изјава за безебедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот (Сл.весник на РМ бр.2 од 2009 год.) ДИРЕКТИВА за спроведување на мерки за поттикнување и подобрување на безбедноста и здравјето при работа (No. 89/391/EEC) System for Occupational Safety and Health management (OHSAS 18001). СЕКОЈ РАБОТОДАВАЧ ИМА: OБВРСКА да обезбеди соодветни услови за безбедност и здравје при работа за своите вработени од секој аспект поврзан со работата. ОДГОВОРНОСТ работниот процес да го прилагоди кон способностите на вработените, при што работната средина и средствата за работа мора да бидат безбедни и безопасни по здравјето, земајќи ја предвид природата на работа.
Што е проценка на ризик? ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ е КВАНТИТАТИВНА МЕРКА на веројатноста дека како последица на присутните опасности и штетности на работа ќе дојде до појава на штетни ефекти врз здравјето на работниците. Во периодот од 2011-2015 год. фирмата Технолаб доо Скопје изврши проценка на ризик за 70 работни места во 20 различни компании кои се бават со градежништво и го изработи Документот со проценка на ризик. Чекор 1: Собирање на податоци Чекор 2: Идентификација на штетноста Чекор 3: Проценка на експозицијата и ефектите и дефинирање на степенот на ризик (прифатлив/неприфатлив) Чекор 4: Планирање на превентивни/корективни акции за елиминирање или намалување на ризикот. Чекор 5: Документирање на направената проценка на ризикот
Главен чекор Препознавање и идентификацијата на опасностите и штетностите на работните места и проценка на изложеноста на работните места извршена е со примена на следните техники: Инспекција/увид интервју Листи за проверка, Прашалници-анкета Анализа на работни активности мониторинг на услови на раб средина
Користена метода за проценка на ризик BG МЕТОДА според која рангот на ризик (Р) се дефинира како производ од тежината на штетна последица (Т) и веројатноста (В), Р=Т х В и Nohl-Thiemeckeova матрица за ризик Т= Тежина на штетната последица В= Веројатноста опасности/ штетности/ напори ПОВРЕДА A Б В Г Д БОЛЕСТ A Б В Г Д (1)=многу малку веројатно (2)= веројатно, но невообичаено (3)=под одредени услови веројатно (4)=може да се очекува 1 2 3 4 5 2 4 6 8 10 3 6 9 12 15 4 8 12 16 20 Тежина на последиците Болест А - без никакви последици Б - последици кои битно не влијаат на работната способност / последици кои предизвикуваат привремена спреченост за работа В - последици кои може да ја ограничат работната способност Г - трајни последици кои предизвикуваат губиток на работната способност Д - трајни последици кои значително ги ограничуваат животните активности / смртна болест (5)=настанува без сомнение 5 10 15 20 25 Тежина на последиците - Повреда А - многу лесна повреда Б - лесна повреда В - средно тешка повреда Г - тешка повреда Д - многу тешка повреда, колективна несреќа, смртна повреда
РЕЗУЛТАТИ И ЗАКЛУЧОЦИ Од извршената проценка на ризик за 70 работни места во 20 различни компании кои се бават со градежништво од страна на Технолаб, најзастапени се: Градежни инженери и архитекти, Градежни техничари, Ракувачи на градежни машини, Ѕидаротесари, Работници за армирање, Фасадери, Општи градежни работници и Административни работни места.
За 70 работни места во 20 различни градежни компании како најкарактеристични од вкупно анализираните 40 опасности и штетности идентификувани се следните: Механички опасности - внатрешен транспорт, механички удар, недовололна безбедност заради вртливи и подвижни делови; Опасности кои се јавуваат во врска со карактеристиките на работното место работна на височина и влажни лизгави површини; Опасности кои се јавуваат со користење на електрична енергија индиректен допир со опрема под напон, Хемиски штетности прашина, Физички штетности - бучава, вибрации и работа на отворено, Биолошки штетности, Штетности од психички и психофизиолошки напори - напори или телесни напрегања (рачно кревање и пренесување товари), нефизиолошка положба на телото, Штетности поврзани со организација на работата психолошки оптоварувања и одговорности.
На сликата прикажан е прегледот на идентификувани опасности и штетности по работни места во една карактеристична градежна компанија каде работнти места се утврдени како работни места со зголемен и средно голем ризик. Од вкупно обработените 70 работни места согласно направените проценки на ризик утврдено е дека : 12% се работни места со МАЛ РИЗИК (административни работници); 38% се работни места со ЗГОЛЕМЕН РИЗИК (инженери и техничари) и 50% се работни места со СРЕДНО ГОЛЕМ РИЗИК (ракувачи на градежни машини, ѕидаротесари, работници за армирање, фасадери и општи градежни работници)
Како резултат на извршената проценка на ризик за работните места во градежништво, може да наведат најчестите причини за настанување повреди и смртни случаи и тоа: 1. Работа на височина 2. Опасност од затрупување и од обрушување 3. Вртливи или подвижни делови 4. Пад на предмети од височина 5. Неповолни атмосферски влијанија (работа на отворено) 6. Влажни и лизгави површини 7. Рачно пренесување на товар 8. Работа со опрема под напон 9. Информирање на работниците
Најчестите причини за настанување повреди и смртни случаи : 1. Работа на височина Ризикот е како резултат на: Нестабилни скелиња (на скеле најчесто се стои на нестабилна талпа со мала широчина). Недостасува план за монтирање, употреба и демонтажа на скеле од страна на компетентно лице. Многу често не се користи работно и сигурносно јаже ниту заштитен појас за работа на височина; Недостасува соодветна и конкретна обука на вработените за предвидените операции на скеле; Недостасуваат соодветни известувања и писмени упатства Недостасуваат скали за движење на различна висина (катност) на скелето; Недостасува цврста ограда.
Најчестите причини за настанување повреди и смртни случаи : 2. Опасност од затрупување и од обрушување Ризикот произлегува од: Не проверена геомеханичка стабилност на тлото. Необезбедени ровови и копови со потпори или подградување сo помош на готови оплати. 3. Вртливи или подвижни делови Од опремата за работа се отстранети штитниците или заштитните направи. При сечење на кратки парчиња не се користи дрвен потурнувач. Не се води регистар за одржување. Опремата за работа не е секогаш прегледана и испитана за безбедна работа. Недостасуваат предупредувања или ознаки кои се битни за осигурување на безбедноста на опремата.
4. Пад на предмети од височина Недостасуваат знаци за безбедност и здравје при работа околу дигалките и местата каде може да се очекува паѓање на градежен материјал и алат од височина. Нема поставено покриени премини. Несоодветно заштитени скелиња (недостасува заштитно платно или штитник на подот од надворешната страна на скелето. Не се користи редовно заштитен шлем. 5. Неповолни атмосферски влијанија (работа на отворено) Ризикот е последица од: Работа на отворено. Недостасуваат соодветни климатизирани простории за одмор и/или сместување (контејнери или куќарки). Не спроведени мерења на громобранско заземјување.
6. Влажни и лизгави површини Градилиштата се несредени со расфрлан градежен материјал, нерамнини, газиште. Несоодветна организација на работа и уредување на градилиштето. Патеките за движење не се јасно обележани и несоодветно се одржуваат. 7. Рачно пренесување на товар При рачно пренесување не се почитува правилниот метод за кревање ниту дозволената тежина. На одредени градилишта недостасува примена на соодветна механичка опрема за кревање на товар.
8. Работа со опрема под напон Оштетени електрични приклучници и електрични кабли, отворени електро табли. Недостасува заштита на електричната инсталација при поминување на возила преку истата, поставување врз мокра површина (вода, кал). Недостасуваат знаци за опасност од електрична струја. Нема податок за извршено мерење на заштитно заземјување. 9. Информирање на работниците Недостасуваат: Соодветни писмени упатства, инструкции и известувања за вработените и нивните претставници, План за безбедност и здравје при работа, Информација на вработените за проценката на ризикот и мерките за превентива, Соодветни упатства за запирање на работата и евакуација, Знаци за безбедност и здравје при работа (Истите најчесто се поставени на влезната врата во градилиштето но не и во самото градилиште).
ЗАКЛУЧОЦИ И СОГЛЕДУВАЊА Проценка на ризик на работно место и изработката на Изјава за безбедност при работа е законска обврска на работодавците согласно Законот за безбедност и здравје при работа (Сл.Весник на РМ бр.92/07 и бр.53/2013). Со извршената проценка на ризикот се: согледува состојбата со безбедност во компанијата, информираат работниците за нивото на ризик на своите работни места, утврдуваат и имплементираат мерки за намалување на ризикот, минимизираат/елиминираат штетностите и опасностите. Со примена и ипмплементирање на утврдените мерки од Изјавата за безбедност со проценка на ризик се минимизираат или елиминираат причините за настанување повреди и смртни случаи на работните места во градежништвото.
ТЕХНОЛАБ доо Скопје www.tehnolab.com.mk