С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Similar documents
С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Број јануари 2015, среда година LXXI

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број јули 2014, среда година LXX

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Март Opinion research & Communications

С О Д Р Ж И Н А. Број 93 Год. LXI Понеделник, 31 октомври 2005 Цена на овој број е 390 денари

Број јули 2016, четврток година LXXII

Број ноември 2015, среда година LXXI

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Број мај 2013, петок година LXIX

С О Д Р Ж И Н А. Број 105 Год. LXVI Четврток, 5 август 2010 Цена на овој број е 220 денари. Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 14 год. LXVII 7 февруари 2011, понеделник Цената на овој број е 190 денари. Стр.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

С О Д Р Ж И Н А. Број 99 Год. LXI Среда, 16 ноември 2005 Цена на овој број е 300 денари 1334.

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Број април 2014, четврток година LXX

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република

во Армијата и до наполнување на 55 години живот, за одбрана ( Службен весник на Република Македонија СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 73 Год. LXV Петок, 12 јуни 2009 Цена на овој број е 220 денари.

Централна кооперативна банка АД Скопје

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 39 Год. LXIV Понеделник, 24 март 2008 Цена на овој број е 250 денари.

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Системот на јавните набавки во Република Македонија

Структурно програмирање

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

С О Д Р Ж И Н А. Број 171 год. LXVII 13 декември 2011, вторник Цената на овој број е 250 денари. Стр.

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

2.1. Закон за енергетика и подзаконските акти Закон за енергетика Правилник за енергетски карактеристики на зградите

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

О Д Л У К У о додели уговора

ЗАХТЕВ ЗА ПРЕВОЂЕЊЕ У РЕГИСТАР ПРИВРЕДНИХ СУБЈЕКТА

РЕГИСТАР УДРУЖЕЊА, ДРУШТАВА И САВЕЗА У ОБЛАСТИ СПОРТА

СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО CERTIFICATES OF ORIGIN. Лазо Ангелевски, проектен консултант

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Број април 2017, четврток година LXXIII

Барањето од став 1 на овој член увозникот го поднесува до Царинарницата според местото на преработувачкиот

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Влада на Република Македонија НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО КОН ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО НППЗ 2003.

МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Преглед на државите во Западна Африка

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ЈУ Старски дом Сју Рајдер -Битола; - ЈУ Старски дом Киро Крстевски Платник -Прилеп;

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

З А П И С Н И К од Триесет и втората седница на Владата на Република Македонија, одржана на година

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

З А П И С Н И К од Четириесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на година

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. 16. Врз основа на член 74 став 1 од Законот за локалната

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Статистички истражувања во износ од денари. Член 2

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO SKOPJE

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

Скопје, август 2017 година

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Transcription:

Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk С О Д Р Ж И Н А Стр. 4125. Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.. 2 4126. Програма за изменување на Програмата за инвестиционо одржување на резиденцијалните и репрезентативните објекти и службени простории на органите на државната управа во 2011 година... 2 4127. Објава од Министерството за надворешни работи... 3 4128. Објава од Министерството за надворешни работи... 3 4129. Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за признат основен материјал односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за признат основен материјал... 3 4130. Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на решение за упис во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на решение за упис во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја... 5 Стр. 4131. Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за потекло на репродуктивниот материјал односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за потекло на репродуктивниот материјал... 7 4132. Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на согласност на производител на репродуктивен материјал да произведува репродуктивен материјал за странски купец односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на согласност на производител на репродуктивен материјал да произведува репродуктивен материјал за странски купец... 9 4133. Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за квалитет на саден материјал односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за квалитет на саден материјал... 11 4134. Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за квалитет на семето или квалитет на делови од растението односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за квалитет на семето или квалитет на делови од растението... 13

Стр. 2 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011 Стр. 4135. Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на решение за регистрирање за промет со репродуктивен материјал во регистарот на производители и трговци односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на решение за регистрирање за промет со репродуктивен материјал во Регистарот на производители и трговци... 15 4136. Правилник за престанување на важење на правилникот за начинот и постапката за враќање и присилно слетување на воздухоплов кој се приближува кон подрачје на забранета, условно забранета или опасна зона или лета низ неа... 17 4137. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видот и количината на пакувањата што се пуштиле или увезле Стр. на пазар во Република Македонија во претходната календарска година и за постапување со отпад од тие пакувања, формата и содржината на образецот на производствената спецификација, формата и содржината на образецот на евиденцијата за вкупното пакување кое е пуштено на пазар или увезено во Република Македонија како и начинот на кој се води евиденцијата 17 4138. Правилник за начинот и постапката за издавање на мислење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање мислење по барање на странка за производство и увоз на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна, храна на која и се додадени витамини и минерали... 19 Огласен дел... 1-60 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 4125. Врз основа на член 54, став 2 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( Службен весник на Република Македонија бр. 8/2005, 150/2007 и 35/2011), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 13.12.2011 година, донесе О Д Л У К А ЗА ПРЕСТАНОК И ЗА ДАВАЊЕ НА ТРАЈНО КО- РИСТЕЊЕ НА ДВИЖНА СТВАР НА СЛУЖБАТА ЗА ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Со оваа одлука на досегашниот корисник Судски совет на Република Македонија му престанува користењето на следната движна ствар, моторно возило, и тоа: Марка Хонда, тип Легенд V6, регистарски број SK-003 LK, број на мотор C32A25000615, број на шасија JHMKA76500C401323, година на производство 1995, боја зеленометалик, зафатнина 3206 cм³, сила на моторот 151 KW, број на седишта 5, вредност 180.000,00 денари. Движната ствар од член 1 од оваа одлука, се дава на трајно користење без надомест на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Член 3 Претседателот на Судски совет на Република Македонија склучува договор со директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, со кој се уредуваат правата и обврските за движната ствар од член 1 од оваа одлука, која се дава на трајно користење. Член 4 Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 51-6742/1 Заменик на претседателот 13 декември 2011 година на Владата на Република Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р. 4126. Врз основа на член 21 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2011 година ( Службен весник на Република Македонија бр. 161/2010), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 27.12.2011 година, донесе П Р О Г Р А М А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИНВЕ- СТИЦИОНО ОДРЖУВАЊЕ НА РЕЗИДЕНЦИЈАЛ- НИТЕ И РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ОБЈЕКТИ И СЛУЖБЕНИ ПРОСТОРИИ НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА ВО 2011 ГОДИНА I. Во Програмата за инвестиционо одржување на резиденцијалните и репрезентативните објекти и службени простории на органите на државната управа во 2011 година, ( Службен весник на Република Македонија бр. 3/2011), делот III се менува и гласи: III. Средствата од дел II на оваа програма ќе се користат за следните намени: СТАВКА 481 - ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ А. РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ, РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИ И УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ 1. Комплекс Вила Билјана Охрид 3.419.047,00 1.1. Видео надзор на објектот Вила Билјана Охрид... 3.419.047,00 Б. СЛУЖБЕНИ ЗГРАДИ И ПРОСТОРИИ 1. Влада на Република Македонија и Служба за општи и заеднички работи на Влада на Република Македонија 582.253,00 1.1. Реконструкција на санитарни јазли во сутерен и кула 6... 582.253,00 2. Служба за општи и заеднички работи 2.1. Реконструкција на работни простории во комплексот Скопјанка 222.231,00 3. Други непредвидени работи

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 3 3.1. Изработка, транспорт и монтажа на челични јарболи за државно знаме за локации на територија на Република Македонија... 4.297.469,00 ВКУПНО Б: 5.101.953,00 ВКУПНО А и Б 8.521.000,00 II. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 51-7862/1 Заменик на претседателот 27 декември 2011 година на Владата на Република Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ 4127. О Б Ј А В А Дијагоналната кумулација на потеклото на производите во која учествува Република Македонија како земја на дестинација или земја на учество во стекнување статус на производ со потекло согласно членовите три и четири од Протокол Б на Измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите, ратификуван со Законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА држави содржани во Одлуките, еден, два, три и четири на Мешовитиот комитет на Македонија ЕФТА усвоени во Женева, на 28 ноември 2008 година ( Службен весник на РМ бр. 163/2009), ќе започне да се применува од 1 јануари 2012 година меѓу Република Македонија, Република Албанија, Република Србија, Република Хрватска и државите на ЕФТА Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн и Исланд. 27 декември 2011 година Министер, м-р Никола Попоски, с.р. 4128. О Б Ј А В А Спогодба за РАКВИАК-Центар за безбедносна соработка, склучена на 14 април 2010 година во Будва, ратификувана со Законот за ратификација на Спогодбата за РАКВИАК-Центар за безбедносна соработка ( Службен весник на Република Македонија бр. 11/2011), врз основа на членот 27 став 3 од предметната Спогодба и нотификацијата од депозитарот, влезе во сила на 1 декември 2011 година, во однос на Република Македонија, Република Албанија, Република Хрватска, Црна Гора и Република Србија. 20 декември 2011 година Министер, м-р Никола Попоски, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 4129. Врз основа на член 12 став (3) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (,,Службен весник на Република Македониј бр.55/07 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ПРИЗ- НАТ ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ ОДНОСНО ЗАРА- ДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИ- ВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕ- РЕНИЕ ЗА ПРИЗНАТ ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за признат основен материјал односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за признат основен материјал во рокот утврден во член 12 став (2) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец: Барање заради неиздавање на уверение за признат основен материјал односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за признат основен материјал, во формат А- 4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице-подносител на барањето, седиште на правното лице односно име на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на подносителот на барањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-13105 19 декември 2011 година Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Стр. 4 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 5 4130. Врз основа на член 12 став (3) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (,,Службен весник на Република Македонија бр. 55/07 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ТРГОВЦИ НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРО- ИЗВОДИТЕЛИ И ТРГОВЦИ НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздавање на решение за упис во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на решение за упис во Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја во рокот утврден во член 12 став (2) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец: Барање заради неиздавање на решение за упис во регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на решение за упис во регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лицеподносител на барањето, седиште на правното лице односно име на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на подносителот на барањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-13106 19 декември 2011 година Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Стр. 6 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 7 4131. Врз основа на член 12 став (3) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (,,Службен весник на Република Македонија бр. 55/07 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ПОТЕК- ЛО НА РЕПРОДУКТИВНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ПОТЕКЛО НА РЕПРОДУКТИВНИОТ МАТЕРИЈАЛ Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за потекло на репродуктивниот материјал односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за потекло на репродуктивниот материјал во рокот утврден во член 12 став (2) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец: Барање заради неиздавање на уверение за потекло на репродуктивниот материјал односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за потекло на репродуктивниот материјал, во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице-подносител на барањето, седиште на правното лице односно име на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на подносителот на барањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-13107 19 декември 2011 година Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Стр. 8 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 9 4132. Врз основа на член 12 став (3) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (,,Службен весник на Република Македонија бр. 55/07 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ДА ПРОИЗВЕДУВА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА СТРАНСКИ КУПЕЦ ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА РЕПРОДУ- КТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ДА ПРОИЗВЕДУВА РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА СТРАНСКИ КУПЕЦ Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздавање на согласност на производител на репродуктивен материјал да произведува репродуктивен материјал за странски купец односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на согласност на производител на репродуктивен материјал да произведува репродуктивен материјал за странски купец во рокот утврден во член 12 став (2) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец: Барање заради неиздавање на согласност на производител на репродуктивен материјал да произведува репродуктивен материјал за странски купец односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на согласност на производител на репродуктивен материјал да произведува репродуктивен материјал за странски купец, во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лицеподносител на барањето, седиште на правното лице односно име на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на подносителот на барањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-13108 19 декември 2011 година Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Стр. 10 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 11 4133. Врз основа на член 12 став (3) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (,,Службен весник на Република Македонија бр.55/07 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА КВАЛИ- ТЕТ НА САДЕН МАТЕРИЈАЛ ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА КВАЛИТЕТ НА САДЕН МАТЕРИЈАЛ Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за квалитет на саден материјал односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за квалитет на саден материјал во рокот утврден во член 12 став (2) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец: Барање заради неиздавање на уверение за квалитет на саден материјал односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за квалитет на саден материјал, во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лицеподносител на барањето, седиште на правното лице односно име на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на подносителот на барањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-13109 19 декември 2011 година Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Стр. 12 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 13 4134. Врз основа на член 12 став (3) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (,,Службен весник на Република Македонија бр. 55/07 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА КВА- ЛИТЕТ НА СЕМЕТО ИЛИ КВАЛИТЕТ НА ДЕЛОВИ ОД РАСТЕНИЕТО ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДО- НЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА КВАЛИТЕТ НА СЕМЕТО ИЛИ КВАЛИТЕТ НА ДЕЛОВИ ОД РАСТЕНИЕТО Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздавање на уверение за квалитет на семето или квалитет на делови од растението односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за квалитет на семето или квалитет на делови од растението во рокот утврден во член 12 став (2) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец: Барање заради неиздавање на уверение квалитет на семето или квалитет на делови од растението односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на уверение за квалитет на семето или квалитет на делови од растението, во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице-подносител на барањето, седиште на правното лице односно име на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на подносителот на барањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-13110 19 декември 2011 година Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Стр. 14 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 15 4135. Врз основа на член 12 став (3) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (,,Службен весник на Република Македонија бр.55/07 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА РЕ- ГИСТРИРАЊЕ ЗА ПРОМЕТ СО РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВО- ДИТЕЛИ И ТРГОВЦИ ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ ЗА ПРОМЕТ СО РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ТРГОВЦИ Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздавање на решение за регистрирање за промет со репродуктивен материјал во регистарот на производители и трговци односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на решение за регистрирање за промет со репродуктивен материјал во регистарот на производители и трговци, во рокот утврден во член 12 став (2) од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја. (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец: Барање заради неиздавање на решение за регистрирање за промет со репродуктивен материјал во регистарот на производители и трговци односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на решение за регистрирање за промет со репродуктивен материјал во регистарот на производители и трговци, во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице-подносител на барањето, седиште на правното лице односно име на физичкото лице-подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на подносителот на барањето. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-13111 19 декември 2011 година Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Стр. 16 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 17 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ 4136. Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа ( Службен весник на Република Македонија бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11, министерот за транспорт и врски донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА ПРАВИЛ- НИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ВРА- ЌАЊЕ И ПРИСИЛНО СЛЕТУВАЊЕ НА ВОЗДУ- ХОПЛОВ КОЈ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ПОДРАЧ- ЈЕ НА ЗАБРАНЕТА, УСЛОВНО ЗАБРАНЕТА ИЛИ ОПАСНА ЗОНА ИЛИ ЛЕТА НИЗ НЕА Правилникот за начинот и постапката за враќање и присилно слетување на воздухоплов кој се приближува кон подрачје на забранета, условно забранета или опасна зона или лета низ неа ( Службен весник на Република Македонија бр.129/08), престанува да важи. Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а отпочнува да се применува од 1.3.2012 година. Бр. 01-16732/1 Министер 21 декември 2011 година за транспорт и врски, Миле Јанакиески, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 4137. Врз основа на член 28 став (5) од Законот за управување со пакување и отпад од пакување ( Службен весник на Република Македонија број 161/09, 17/11, 47/11 и 136/11 ), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРА- ВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ВИДОТ И КОЛИЧИНАТА НА ПАКУВАЊАТА ШТО СЕ ПУШТИЛЕ ИЛИ УВЕЗЛЕ НА ПАЗАР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕТХОДНАТА КАЛЕНДАРСКА ГОДИНА И ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД ОД ТИЕ ПАКУВАЊА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ПРОИЗ- ВОДСТВЕНАТА СПЕЦИФИКАЦИЈА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЕВИДЕН- ЦИЈАТА ЗА ВКУПНОТО ПАКУВАЊЕ КОЕ Е ПУШТЕНО НА ПАЗАР ИЛИ УВЕЗЕНО ВО РЕ- ПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КАКО И НАЧИНОТ НА КОЈ СЕ ВОДИ ЕВИДЕНЦИЈАТА Во Правилник за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видот и количината на пакувањата што се пуштиле или увезле на пазар во Република Македонија во претходната календарска година и за постапување со отпад од тие пакувања, формата и содржината на образецот на производствената спецификација, формата и содржината на образецот на евиденцијата за вкупното пакување кое е пуштено пазар или увезено во Република Македонија како и начинот на кој се води евиденцијата ( Службен весник на Република Македонија број 117/10) во членот 3 по ставот 1 се додаваат два нови става 2 и 3 кои гласат: По исклучок од став 1 на овој член за пооделни катергории на производи каде тежината на увезеното продажното пакување е значително помала во однос на нето тежината на производот, а при тоа не постојат податоци за пакување тогаш во производствената спецификација нето тежината се евидентира со користење на одреден процент од бруто масата на производот за продажното и групното пакување и тоа : 1. играчки за деца - 25% од бруто тежината на пакувањето по царинската декларација од кои 10% за пластични материјали и 15% хартија или картон; 2. садови за домакинство и прибор за јадење - 10% од бруто тежината по царинската декларација од кои 3% за пластични материјали и 7% за хартија; 3. декоративни производи за домаќинство (украси, закачалки, вазни) - 15% од бруто тежината на царинската декларација од кои 5% за пластични материјали и 10% за хартија ; 4. училишен прибор - 8% од бруто тажина по царинска декларација од кои 3% за пластични материјали и 5% за хартија; 5. текстилни производи (модни крoеви за облека) - 15% од бруто тежина по царинската декларација од кои 5% за пластични материјали и 10% хартија; 6. прибор за чистење - 15% од бруто тежината по царинската декларација од кои 10% за пластични материјали и 5% за хартија; 7. декоративна козметика (кармини, маскари, турпии, четки) - 20 % од бруто тежината по царинската декларација од кои 10% за пластични материјали и 10% за хартија. Во случаите од став 2 на овој член податоците се внесуваат во табела број 2 од Прилог 1. Ставот 2 станува став 4. Прилогот 1 се менува со нов Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 07-10821 6 декември 2011 година Министер, Абдилаќим Адеми, с.р.

Стр. 18 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011

29 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 184 - Стр. 19 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО 4138. Врз основа на член 54, став (6) од Законот за безбедност на храната ( Службен весник на Република Македонија бр. 157/10 и 53/11), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА МИСЛЕЊЕ, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИ- ЈА И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО ПО- СТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ МИСЛЕЊЕ ПО БА- РАЊЕ НА СТРАНКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И УВОЗ НА ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА, ХРАНА ЗА ПОСЕБНА НУТРИТИВНА УПОТРЕБА И ЗБОГА- ТЕНА ХРАНА, ХРАНА НА КОЈА И СЕ ДОДАДЕНИ ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за издавање на мислење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање мислење по поднесено барање на странка за производство и увоз на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна, храна на која и се додадени витамини и минерали. Операторот со храна (во натамошниот текст подносител на барањето) до Агенцијата за храна и ветеринарство поднесува барање за добивање мислење за секој додаток на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна, храна на која и се додадени витамини и минерали (во натамошниот текст: производ) кој има намера да го стави во промет во Република Македонија, од сопствено производство или од увоз. Во прилог на барањето подносителот треба да достави: 1. Скенирана оригинална амбалажа или идејно решение на амбалажата на производот; 2. Превод на означувањето на оригиналната амбалажа; 3. Означување на производот на македонски јазик; 4. Производна спецификација (податоци за квалитативниот и квантитативниот состав на производот); 5. Доколку е потребно се доставуваат: - резултати од лабораториски анализи за составот на производот (видот и количината на состојките); - доказ од надлежното тело на земјата производител и/или земја членка на ЕУ дека производот се наоѓа на пазарот во таа земја и - научни студии како доказ за наведените својства на производот; 6. Решение за регистрација во Регистарот на објекти и оператори со храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарствo ако производот се произведува во Република Македонија; 7. Мислење за категоризација во однос на составот на производот издадено од Министерство за здравство - Биро за лекови акопроизводот за кој се бара мислење содржи супстанции со нутритивен или физиолошки ефект кои не се наведени во посебните прописи. Овој документ треба да се приложи и вобилки, печурки и/или алги кои се наведени во листите на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна, храна на која и се додадени витамини и минерали, објавени на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство и 8. Доказ дека се покриени трошоците за постапката на издавање на мислење кој не се приложува доколку се однесува за производ за кој Агенцијата за храна и ветеринарство претходно издала позитивно мислење. Член 3 Барањето од членот 2 на овој правилник се поднесува во пишана форма, во А4 формат и ги содржи следните податоци: а) Назив на подносителот на барањето; б) Адреса на подносителот на барањето; в) Својство (производител/увозник/претставник) на подносителот на барањето; г) Назив на производителот; д) Адреса на производителот и ѓ) Податоци за производот. Член 4 Врз основа на барањето од член 2, став 1 и приложената документација од член 2, став 2 на овој правилник, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се издава мислење за усогласеност на производот со пропишаните барања за составот и означувањето согласно посебните прописи кои се применуваат за производот. По спроведувањето на постапката секој одобрен производ се внесува во Регистарот на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна, храна на која и се додадени витамини и минерали. Член 5 Мислењето за вклучување на супстанции со нутритивен или физиолошки ефект во Листи на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во произ-

Стр. 20 - Бр. 184 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29 декември 2011 водство на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна, храна на која и се додадени витамини и минерали и во Листи на забранети супстанции кои не можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна, храна на која и се додадени витамини и минерали кои се објавуваат на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство, го изготвува Комисијата на Агенцијата за храна и ветеринарство за посебени видови храна. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, врз основа на мислењето од Комисијата од став 1 на овој член одлучува за вклучување на супстанции со нутритивен или физиолошки ефект во листите на дозволени и забранети супстанции. Член 6 Висината на трошоците во постапката за издавање на мислењето од член 4 на овој правилник изнесува 1000 денари за секој производ за кој се бара мислење. Трошоците во постапката за издавање мислење се на товар на подносителот на барањето. При изготвување на мислење за производот се врши преглед на приложената документација која се однесува на: - составот на производот; - количеството нутриенси содржани во производот; - посебните прописи за означување на производот и - нутритивните и здравствените тврдења за производот. Член 7 Во случаи ако производ за кој Агенцијата за храна и ветеринарство има издадено мислење, се менува во однос на видот и количината на нутриенсите и/или супстанциите со нутритивен или физиолошки ефект содржани во производот и/или во однос на означувањето, операторот со храна треба да поднесе барање за издавање ново мислење. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 02-6482/1 26 декември 2011 година Директор, Дејан Рунтевски, с.р. www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.- бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2011 година изнесува 10.100,00 денари. Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД -. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ,.