БИЗНИС ИНФО ГОЛЕМИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО ЗЕМЈАВА НА МЕТА НА АВСТРИСКИ КОМПАНИИ БИЗНИС ИНФО

Similar documents
Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Биланс на приходи и расходи

ПР објави во медиуми

Биланс на приходи и расходи

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Март Opinion research & Communications

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Коисмение.Штозначиме.

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Goal: Gain feedback on the experience of current and potential investors in Macedonia from the Diaspora

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

БИЗНИС ИНФО БИЗНИС ИНФО

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

ПРЕГЛЕД НА ПАТУВАЊА ВО 2017 ГОДИНА

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО 2013 ГОДИНА

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Policy Position Papers Од областа на Царина

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Структурно програмирање

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

БИЗНИС ИНФО. Број Македонска асоцијација на рударството - МАР

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

БИЗНИС ИНФО СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА ПРОСПЕРИТЕТ ВО ЕВРОПА БИЗНИС ИНФО

Вид на квалификација Финансиско-сметководствено-банкарска насока Степен Дипломиран економист

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

PRESS CLIPING (May 4 th, 10)

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

КОРПОРАТИВЕН МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Г.Р.Державин - Свети Николе - Р.Македонија З Б О Р Н И К. на научни трудови

SË BASHKU PËR ARDHMËRINË E KOMUNËS ВКЛУЧИ СЕ NË FORUMET NË BASHKËSI ЗЕЛС ZELS INKUADROHU ВО ФОРУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

10 март 2015 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРОГРАМА ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

БИЗНИС ИНФО ЗАКЛУЧОЦИ ОД 5. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ВИЕНА ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ БИЗНИС ИНФО

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

Пол Машки Датум на раѓање 13/10/1986г Националност Македонец. Асистент / Помошник предавач. Систем администратор и помошник сметководител

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

МЕЃУНАРОДНА. трговија

ЗЕЛС ZELS ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС THE THIRD SESSION OF THE GENERAL ASSEMBLY OF ZELS WAS HELD

We re. вработување. и кариера. Понуда за соработка

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

Е - МАПАС бр. 10. јули 2014 година. Следете не и на: MAPAS.MK РАБОТЕЊЕТО НА МАПАС ВО 2013 ГОДИНА

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

ГЛАСИЛО НАЈДОБРО РАНГИРАНИОТ ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ДОБИ СВОЈА РЕАЛИЗАЦИЈА BEST RANKED PROJECT ON ENERGY EFFICIENCY IMPLEMENTED NEWSLETTER

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Јуни / June ЗАЕДНИЦА НА ЕДОНСКИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ASSOCIATION OF THE UNITS OF LOCAL SELF GOVERNMENT OF

Мобилност МК Mobility MK

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

Лов на сенки Динамката на даночната евазија и измама во Македонија

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА, РАЗВОЕН И ФИНАНСИСКИ ПЛАН. на Стопанска банка а.д. Битола за период година. Март, 2015 година

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

ЗБИРЕН ПЕРИОДИЧЕН ДЕЛОВЕН ИЗВЕШТАЈ за 2009 година

Transcription:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi. ISO 9001 Quality Management FS 549642 godini 1922-2014 Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 198 www.mchamber.mk 06.11.2014 Македонско-австриски бизнис-форум со компании од областа на градежништвото и инфраструктурата ГОЛЕМИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО ЗЕМЈАВА НА МЕТА НА АВСТРИСКИ КОМПАНИИ

ПОКРОВИТЕЛИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 2 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители Semejna kompanija дос тапни насек аде... Посетете не на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/chamber_mk http://www.youtube.com/user/mkchamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia

СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА СОЗДАВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДЕН БАЛКАНСКИ ФОНД 3 ПОДВЛЕЧЕНО Ќе го официјализираме создавањето на т.н. Меѓународен балкански фонд со седиште во Тирана, по примерот на Вишеградскиот фонд, преку кој ќе се доделуваат стипендии и грантови за различни проекти, вклучувајќи ја и меѓуграничната соработка. Вишеградската група стана бренд, формирана е со цел четирите земји да си помагаат во процесот на евроинтеграцијата, да постои солидарност и глас на регионот. Притоа, се фокусиравме на позитивната агенда, а отворените билатерални прашања ги оставивме да се решаваат на билатерално ниво. Заеднички настапуваме во НАТО и ЕУ и се координираме пред секој министерски состанок, така што на секторските состаноци сме посилни и од Германија. Пример за Вишеградската солидарност може да биде кога се случуваше кризата со Владимир Мечијар, добивме силна поддршка од трите земји, која ни помогна да ги стигнеме потоа и да влеземе со нив во ЕУ. И граѓаните го сфатија тоа и се однесуваат во духот на таа соработка.таква некаква солидарност очекуваме и овде за Македонија од соседите што се внатре во ЕУ, Бугарија и Грција, но во моментов не гледам таков процес, а регионалните иницијативи што постојат не се тоа. Вишеградскиот фонд, инаку, располага со десет милиони евра годишно, донации од земјитечленки, но и од надворешни донатори, меѓу кои и Јужна Кореја. (Н.Е. Мартин Безак, амбасадор на Словачка во Република Македонија за Утрински весник ) МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО РЕГИОНОВ ВОВЕДУВА ТУРИСТИЧКИ ПАСОШ! Македонскиот туристички пасош е алатка која ќе овозможи подобро да ја запознаете Македонија. Пасошот кој ќе биде користен од туристот за време на престојот во Македонија ќе биде идентичен со македонскиот пасош, а корицата ќе му биде изработена од ханпласт - книговезачко платно со златен отисок. Овој пасош ќе биде придружуван од сопствен Фејсбук профил и мобилна апликација. Секоја од реализираните алатки од овој тип заедно со кој било од современите комуникациски уреди смартфон, ајфон... благодарение на соодветните линкувања во рамките на мрежата на проектот Senses што ја подготви Агенцијата ќе можат константно да остваруваат екстремно брза и потенцијално неограничена понуда и размена на информации. Освен странските, алатката ќе можат да ја користат и домашните туристи. Туристичкиот пасош ќе има за цел да го внесе туристот во приказната која веќе е поставена како комуникациска платформа со цел да ги анимира туристите да ја истражуваат РМ. Со туристичкиот пасош туристот има лесен пристап до информации, а ние, од друга страна, добиваме повратна информација за местата кои за нив претставувале најголем интерес. Печатената форма на пасошот ќе содржи информации за најпопуларните дестинации во Македонија, додека

4 ПОДВЛЕЧЕНО преку специјално подготвената мобилна апликација туристот ќе може да учествува во наградната игра и да добие постојан бесплатен извор на информации за сите настани, атрактивни локации, културни споменици и сл. кои се достапни во поблиска и поширока околина во однос на местото на кое тој во моментот се наоѓа. Со ова се зголемува и веројатноста туристот да посети што повеќе интересни места на нашата територија, а тоа ќе се наградува со поени. Овие поени ќе послужат како основа врз која учесниците ќе бидат рангирани и наградени на крајот од кампањата. Како доказ за посетената локација ќе треба туристот да достави селфи фотографија од локацијата, а со тоа ќе ја промовира Македонија и на својот Фејсбук профил. Се надеваме и дека преку овие алатки ќе иницираме повторни посети на земјава од страна на туристи кои веќе еднаш ја посетиле. (Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Вечер ) УПОРНОСТА, ТИМСКАТА РАБОТА И ИСКРЕНОСТА КЛУЧНИ ЗА УСПЕХОТ Има многу причинители кои имаат свое влијание и придонесуваат да се биде успешен, но она што според мене е најважно е: упорноста, тимската работа и искреноста. Како личност сум многу упорна и таа моја упорност ја пренесувам во моето секојдневно работење. Доколку еден начин е неуспешен не значи дека треба да се откажеме, тоа значи дека треба да го смениме пристапот и резултатите се неминовни. Компанијата со којашто јас менаџирам не би ги постигнала саканите резултати доколку вработените не работат тимски. Јас покрај сопствениците го имам и мојот тим на соработници, со кои сум во секојдневна комуникација и со кои што заеднички ги креираме и развиваме идните планови. Она со што би го завршила одговорот на прашањето е искреноста која иакo е на крај не значи дека е помалку значајна од погоре споменатото, туку напротив, таа мора да постои цело време. Досегашното работење на Бучен Козјак се базира на искреност, а таа искреност нашите ценети потрошувачи ја препознаваат, ја препознаваат и нашите млекопроизводители коишто ни се лојални и доследни добавувачи и за тоа сме им бескрајно благодарни на сите. Иако сме на пазарот 30 години, сè уште нашите производи ги нема на цела територија на Република Македонија и она што го планираме во иднина е да ја прошириме дистрибуцијата. Работиме на развивање на нови производи, но многу сме претпазливи и не сакаме да брзаме, а кога по наше видување ќе биде сè подготвено, ќе ги запознаеме и нашите потрошувачи. Секако додека ова се работи паралелно, уште инвестираме во производниот погон и работиме на создавање на уште подобри услови за работа и усовршување на процесите. (М-р Анита Спасовска, генерален директор на млекарница Бучен Козјак од Куманово за Бизнис Инфо )

Скенирај и дознај повеќе 5 ПОДВЛЕЧЕНО Веб-сертификат EXCELLENT SME Што претставува сертификатот Excellent SME? Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори. Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното бонитетот на компанијата. Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија Димитрие Чуповски 13 1000 Скопје T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

6 АКТУЕЛНО Македонско-австриски бизнис-форум со компании од областа на градежништвото и инфраструктурата ГОЛЕМИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО ЗЕМЈАВА НА МЕТА НА АВСТРИСКИ КОМПАНИИ Стопанските комори на Македонија и на Австрија организираа Бизнис-форум и презентација на австриски компании од областа на градежништвото и инфраструктурата (5.11.2014 година). На Македонскоавстрискиот бизнис-форум присуствуваа и Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во Владата на Република Македонија и Љупчо Георгиевски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Преку четириесетина претставници на 28 македонски компании беа присутни во преполната сала во Стопанската комора на Македонија и имаа средба со деловни луѓе од Австрија, од компании кои се занимаваат со дејностите: вода за пиење, отпадни води, наводнување, одводнување, атмосферски води, патна и железничка инфраструктура, особено поставување на безбедносни системи, бариери за заштита од бучава и сообраќајни знаци, системи за сигнализација и автоматизација за железници, санација на патна инфраструктура, заштита на мостови на иновативен начин и друго. - Оваа посета, како и претходните посети на австриските бизнисмени во Република Македонија, е одговор на интересот за соработка што бизнисмените од двете страни го иницираат, а коморите ги поддржуваат. Соработката меѓу двете стопански комори резултира со успешно реализирани пет бизнис-форуми на македонски и австриски компании, во области кои се од интерес за двете страни. Три форуми беа одржани во Скопје, а два во Виена, во Стопанската комора на Австрија. Двете деловни асоцијации неделава организираат и деловни средби во Виена, во рамките на 4. Дунавски регионален форум. Форумот е наменет за компании од областа на прехранбената индустрија и производство на храна, дистрибуција, опрема и машини за производство на прехранбени производи, транспорт и логистика. Значајно е што околу 50% од австриските компании склучиле партнерство со деловни партнери од Македонија токму на овие настани организирани од страна на коморите, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Според зборовите на Миле Јанакиески оваа Влада како никоја досега е концентрирана на изградбата на големи инфраструктурни зафати во земјава. Се работи на магистрални и регионални патишта и на железничката инфраструктура. - Подготвен е нов пакет за патна инфраструктура во вредност од 250 милиони евра. На почетокот на идната година ќе објавиме повик за јавно-приватно партнерство за изградба на делницата меѓу Гостивар и Кичево во висина од 350 милиони евра. Со јавно-приватно партнерство сметаме да ја реализираме дистрибутивната мрежа за 2. и 3. реон во земјава во вредност од 50 милиони евра. Затоа, од посебно значење се ваквите средби, за да можат компаниите да се подготват и да се вклучат во сите овие проекти, - истакна Миле Јанакиески. - Тоа што на оваа средба на компании од двете земји е присутен и министерот за транспорт и врски само покажува дека сме направиле добра селекција на компании кои се сретнуваат благодарејќи на успешната соработка на двете комори. Овојпат се концентриравме на инфраструктурата и градежништвото затоа што сметаме дека нивниот развој за Република Македонија е од големо значење за нејзиниот економски развој. За австриските фирми е значајно што проектите во овие области може да се финансираат со средства од фондовите на Европската унија. Наша цел е овие средби меѓу претставниците на двете бизнис-асоцијации да дадат конкретни резултати, - подвлече Герхард Шлатл, трговско аташе во Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Македонија. На средбата седум австриски компании ги презентираа своите производни програми и можности, а по завршувањето на Македонскоавстрискиот бизнис-форум беа одржани билатерални средби. Саво Пејчиновски

Вкупната трговска размена во периодот јануари-август од тековната 2014 година изнесува 127,5 милиони САД $, што претставува раст од 4,15% споредено со истиот период минатата 2013 година. Извозот изнесува 34,5 милиони САД $, што претставува зголемување од 14,54%, додека увозното салдо изнесува 93 милиони САД $, или зголемување од 0,76% во споредба со истиот период од 2013 година. Во посочениот период до август 2014 година, Австрија е 14-ти трговски партнер на Македонија, што е еднакво на истиот период од 2013 година. МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ ГОДИНАВА СО РАСТ ОД 14,5 ОТСТО 7 ДОСИЕ Надворешно- трговска размена меѓу Република Македонија и Република Австрија Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Австрија во 2013 година Во 2013 година (во САД $) изнесувала 190,7 милиони САД $, што претставува Вкупна размена Извоз Увоз Салдо раст од 13,6% во однос на истиот период од минатата година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 47,1 190.707.464,00 47.118.579,00 143.588.885,00-96.470.306,00 милиони САД $ (пад од 3,8%), додека увозното салдо Во 2012 година (во САД $) изнесува 143,6 милиони САД $ (раст од 20,7%). Евидентиран е негативен биланс во Вкупна размена Извоз Увоз Салдо трговската размена од 96,5 милиони САД $. Република Австрија е 14-ти трговски партнер на Република Македонија за 2013 година. 167.878.095,00 48.983.737,00 118.894.358,00-69.910.621,00 Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари-август 2014 година, најмногу во извозот се застапени: машки јакни и блејзери - 6 милиони САД $; феросилициум - 5,4 милиони САД $; машки панталони, работни комбинезони, шорцеви и доколенки - 4,1 милиони САД $; плетена или хеклана постелнина - 2,8 милиони САД $; други заварени цевки што не се со кружен попречен пресек - 1,3 милиони САД $. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари-август 2014 година, најмногу во увозот се застапени: месо, говедско, со коски, свежо или разладено 11,4 милиони САД$; производи за игра што се пуштаат со пари или жетони 5,2 милиони САД $; други електрични спроводници за напон што не надминува 1000 В- 3,6 милиони САД $; ткаенини од други синтетички влакна - 2,5 милиони САД $; кутии од небрановита хартија и картон - 2,43 милиони САД $; изолациони делови од пластика - 2,4 милиони САД $; монофиламенти од полимери на винилхлорид - 2,3 милиони САД $; други ткаенини со 85% памук или повеќе, белени, обоени, печатени или на друг начин изработени, со маса до 200г/м2 од предива во различни бои - 1,7 милиони САД $; вода (вклучувајќи минерална и газирана) со додаток на шеќер или други средства за засладување или ароматизација, останати безалкохолни пијалаци - 1,6 милиони САД $; останати производи за исхрана - 1,6 милиони САД $; слад пржен и непржен - 1,3 милиони САД $; и голем број на производи од и под вредност од 1 милион САД $. Според податоците на Народната банка на Република Македонија за движењата на странските директни инвестиции во земјава, Австрија во 2011 година има остварено најмногу инвестиции во земјава во износ од 64,42 милиони САД долари. Според податоците од Централниот регистар на Македонија во последните пет години Холандија, Австрија и Словенија се првите три земји од каде доаѓаат најмногу странски инвестиции. Најзначајни австриски инвестиции во Република Македонија се инвестициите во електроенергетскиот сектор ( ЕВН Македонија ), банкарскиот и финансискиот сектор (Шпаркасе Банка), телекомуникацискиот сектор ( ВИП, Телеком ), градежништвото ( Соравија Груп ) итн. 1. Австриски инвестиции во Република Македонија - членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на 2. Македонија: Биомедика Диагностика ; Приказ на директни инвестиции од Австрија во Македонија 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. ЕВН Македонија ; Кнауф Радика Дебар; Осигурување МАКЕДОНИЈА АД Скопје - Виена Иншуренс Груп; Шпаркасе банка; Тондах Македонија Виница; Виас Брокер; Соравиа Менаџмент ДООЕЛ и Винер Виг. Надворешно- трговска размена меѓу Република Македонија и Република Австрија Трговска соработка во периодот јануари-август 2014 година (во САД $) Вкупна размена Извоз Увоз Салдо 127.465.199,00 34.462.036,00 93.003.163,00-58.541.127,00 Трговска соработка во периодот јануари-август 2013 година (во САД $) Вкупна размена Извоз Увоз Салдо 122.391.024,00 30.088.072,00 92.302.952,00-62.214.880,00 Земја Јануари -март 2014 2013 2012 2011 2010 Во мил. САД $ Во мил. САД $ Австрија 2,22 47,52 50,94 64,42-10,65 Извор: Народна банка на Република Македонија

8 ФОКУСИРАНО 31 Октомври - Светскиот ден на штедењето одбележан во Стопанската комора на Македонија РАСТЕЧКИ ТРЕНД НА ДОЛГОРОЧНОТО ШТЕДЕЊЕ Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес го одбележа Светскиот ден на штедењето, на свечена седница на која присуствуваа м-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија, членови на Здружението претставници на банките, штедилниците, другите финансиски институции во Република Македонија, претставници од осигурителниот сектор, како и претставници на повеќе државни институции со кои Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија има воспоставено одлична соработка и презема заеднички активности. На седницата, д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и генерален извршен директор на Шпаркасе банка Македонија АД - Скопје, честитајќи го Светскиот ден на штедењето истакна дека радуваат податоците за се` поголема застапеност на штедењето во денари, како и за растечкиот тренд на долгорочно штедење во Република Македонија, како и дека речиси 65% од потребите за екстерно финансирање на претпријатијата се покриваат од штедните влогови на граѓаните, односно дека до крајот на септември штедните влогови на граѓаните изнесувале 92,8 милијарди денари. Гувернерот Богов нагласи дека 2014 година ја карактеризираат позитивни индикатори, при што годинава е забележан кредитен раст од 9,4%, што е меѓу највисоките во Европа, како и дека депозитите го достигнаа највисокото ниво

9 ФОКУСИРАНО во последните 6 години, односно забележан е раст од 12%. Тој наведе дека податоците покажуваат оти 51% од штедните влогови на граѓаните се во домашна валута, што е индикатор за високата доверба во монетарната политика, во капацитетот на банкарскиот сектор, како и во стабилноста на институциите во Република Македонија. На свечената седница беа доделени признанија на 37 најдобри шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со населението за 2013 година. Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, денес пред свечениот дел, ја одржа и својата редовна работна седница, на која беа усвоени извештаите на комисиите во рамките на Здружението за изминатиот период. Здружението во работниот дел, а по повод неговото пензионирање, му се заблагодари на господин Андреас Галатулас, член на Управниот одбор на Алфа банка АД - Скопје за одличната соработка и учеството во активностите на Комората. Татјана Штерјова Одбележан Светскиот ден на осигурувањето ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР ВО МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ ТРЕНД НА РАСТ Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) го одбележа Светскиот ден на осигурувањето (1.11.2014 гоидна). На свеченоста беше доделена и награда за најдобар истражувачки труд од областа на управувањето со ризици и осигурување. Учество на овој настан земаа Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија, како и Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија. Весна Ѓорчева, заменикпретседател на Здружението на осигурувањето, посочи дека Здружението постојано соработува со АСО и со останатите институции од дејноста со цел унапредување на осигурителниот пазар во Македонија. Една од основните цели на Здружението е разгледување предлози на закони и други прописи, давање мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренување иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите. Тргнувајќи од оваа цел, Здружението во изминатиот период има остварено соработка со поголем број инситуции, меѓу кои и Бирото за јавни набавки во делот на изработка на модел на тендерска документација, Министерството за труд и социјална политика во делот на иницирање на групно осигурување на деца на предучилишна возраст од последици на несреќен случај - незгода. Понатаму, беше изработен Предлог за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи, а беше остварена и соработка со Министерството за здравство за Законот за доброволно здравствено осигурување. Продолжена беше и континуираната соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Националното биро за осигурување преку редовни состаноци и заедничко иницирање решенија за подобро регулирање на осигурителниот сектор во Македонија. Претседателот на Асоцијацијата на осигурителноброкерски друштва, Златко Михајловски, даде осврт на осигурителниот пазар во Македонија гледано од страна на осигурителните брокери и предизвиците со кои иститот се

10 СРЕДБИ соочува. Имено, тој посочи дека е потребно подобра соработка на осигурителните брокери со осигурителните компании и поголема застапеност на брокерите во оваа дејност. Од страна на Климе Попоски, претседател на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето, беше посочено дека осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд на пораст. Заклучно со 30 септември 2014 година, порастот кај неживотното осигурување е 4,6 отсто, а во делот на осигурување на живот има стапка од 21 отсто. Се очекува ваквите високи стапки да се задржат до крајот на годината. Тој потенцира дека недоволно е осигурувањето на домовите и оти според податоците имотното осигурување е 3,4 проценти. Климе Попоски укажа на тоа дека многу е ниска ставката на пенетрација на имотното осигурување кај секторот население, односно осигурување на својот имот, а причини има повеќе. Најнапред самата (не)свесност на населението за потребата од купување на осигурување, потоа понудата на друштвата за осигурување кои треба да бидат насочени повеќе кон доброволните видови осигурување, бидејќи досега беше во делот на моторното осигурување или автоодговорноста. Тој очекува во периодот што следува во делот на имотното осигурување да има и да се бележи постојан раст. На свеченоста организирана по овој повод се промовираше брошура за корпоративно управување во друштвата за осигурување. М-р Снежана Камиловска Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија се сретна со претставници на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд НАМАЛУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ТРАНСФЕРИ ВО БУЏЕТОТ НА СМЕТКА НА ПОДДРШКА НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ На 31.10.2014 година, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оствари работна средба со претставници на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Ивана Владкова Холар, заменик-шеф на Дивизијата за Југоисточна Европа, со соработниците. Целта на посетата на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд беше да се запознаат со актуелните состојби на реалниот сектор во стопанството и да се информираат за гледањата на членките на Комората за мерките на економската политика и за проблемите со кои се соочуваат во нивното работење. Претседателот Азески ги информира гостите дека Комората остварува добра деловна соработка со Владата на Република Македонија и со надлежните министерства во делот на претходна консултација на бизнис-заедницата при подготвувањето на поодделни мерки на економската политика. Но, при имплементацијата на одделни законски решенија се јавуваат одделни проблеми на коишто укажуваат нашите членки. Во таа смисла, Комората остварува соработка со надлежните органи и доставува и покренува конструктивни предлози. Исто така, претседателот Азески посочи дека Комората посебно укажува на потребата од намалување на социјалните трансфери во Буџетот на сметка на поддршка на капиталните инвестиции и насочување на буџетот во поголем степен кон развојните компоненти. Претседателот Азески истакна дека во нашата држава се` уште треба да се работи на промена на сфаќањето кај бизнисмените за односот меѓу капиталот и трудот од аспект на стимулирање на профитабилноста на компаниите и нивната конкурентност на домашниот и на меѓународниот пазар. Голем придонес во оваа сфера ќе дадат странските компании во нашата држава, посебно со нивниот менаџмент и бизнисвештини и култура. На прашањето на гостите за активностите на Арбитражата при Комората во решавање на спорови од домашен и меѓународен карактер, Азески истакна дека на овој план треба дополнително да се работи со повеќе активности во делот на едукација и запознавање на компаниите со предностите на Арбитражата во решавањето на евентуалните спорови што ќе се јавуваат во бизнисот. Во таа смисла, Азески истакна дека Комората очекува соодветна поддршка и од меѓународната заедница во поглед на одредена техничка помош од експерти, а се` поголемото присуство на странски компании во нашата држава ќе помогне за зајакнување на свеста за поголемо користење на Арбитражата. Претседателот ги потенцираше проблемите во врска со неефикасноста на судскиот систем во делот на брзината за решавање на стопанските спорови, тешкотиите во извршувањето на правосилни судски решенија во корист на компаниите од одделни општини, потоа

11 РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ постоење на разни парафискални и неданочни давачки на централно и на локално ниво, како и ефектите од регулативата за казнената политика кон компаниите. Гостите се интересираа и за приоритетните активности на Стопанската комора на Македонија во 2015 година. Претседателот Азески информираше дека акцентот ќе биде ставен на 3 прашања: активности на Комората и соработка со Владата во делот на изедначување на условите за работа на домашните и странските компании, при што Комората се залага да продолжи постојниот систем на субвенции на странски инвеститори да отвораат погони во нашата држава, но, истивремено, Владата да понуди соодветни субвенции и за домашните компании кои се извозно ориентирани; продолжување со активности за идентификување на парафискалните и неданочни давачки во насока на нивно намалување и продолжување на започнатите активности за подобрување на ефикасноста на судскиот систем во делот на брзината за решавање на стопанските спорови. Претседателот Азески потенцираше дека Комората во своето работење континуирано ги консултира анализите и препораките на ММФ. Воедно, тој им се заблагодари на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд за посетата на Комората и нивниот интерес да се запознаат со гледањата на приватниот сектор за разни прашања од стопанството. М-р Ацо Спасовски СОВРЕМЕНАТА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ Стопанската комора на Македонија организира голема конференција што ќе се одржи во Струга од 13 до 15 ноември годинава Стопанската комора на Македонија организира конференција на тема: Современата законска регулатива за подобрување на економскиот раст. Конференцијата ќе се одржи од 13 до 15 ноември 2014 година, во хотелот Изгрев во Струга. Презентери на конференцијата ќе бидат експерти од значајни државни институции на Република Македонија: од Народната банка на Република Македонија, Царинската управа на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова беше најавено на редовната прес-конференција, на која за претстојниот собир во Струга зборуваа м-р Елена Милевска- Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, доц. д-р Костадин Дуковски, претседател на Советот за едукација и развој на човечки ресурси при Комората и Емилија Нацевска, претседател на Националниот совет за платни системи и советник на гувернерот на Народната банка на Република Македонија за платни системи и евроинтеграции (3.11.2014 година). Пред претставниците на медиумите беше истакнато дека на конференцијата ќе се дискутира за Царинската управа на РМ како поддржвач и олеснувач на економските активности, за имплементацијата на современите форми на јавни набавки и правната заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки; финансиската дисциплина и компаративното право на Европската унија; развојот на платниот систем во Република Македонија; влијанието на осигурителната регулатива врз развојот на осигурителниот сектор во Република Македонија; развој на капиталната регулатива во осигурувањето - искуствата на Република Хрватска; влијанието на Законот за работни односи во трудовата сфера за зголемување на економскиот раст во земјата и за активните политики и мерки за вработување како можност за зголемување на вработеноста во Република Македонија. Стопанската комора на Mакедонија за првпат организира ваква конференција на која ќе се согледаат состојбите во актуелната законска регулатива во земјата и нејзината усогласеност со правото на Европската унија. Воедно, ќе биде направен обид за лоцирање на одредени правни празнини, неусогласености или друг вид на бариери кои го попречуваат позначајниот економски раст на земјава, со цел истите да бидат надминати или отстранети со заеднички активности, иницијативи и предлози на Комората и надлежните институции. Планирано е ова да стане традиционална конференција, а во иднина да прерасне и во регионална конференција. М-р Елена Милевска Штрбевска

12 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Четврт форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливи извори на енергија ГОЛЕМ ИНТЕРЕС КАЈ ИНВЕСТИТОРИТЕ Четвртиот форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ), кој се одржа во Стопанската комора на Македонија (4.11.2014 година), во рамките на Проектот за инвестиции во чиста енергија на УСАИД, а во соработка со Групацијата на обновливи извори на енергија при Комората, предизвика голем интерес кај инвеститорите во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ), а исто така и кај институциите поврзани со оваа област. На Форумот присуствуваа околу педесетина претставници на фирми инвеститори во обновливи извори на енергија, енергетски компании, од Регулаторната комисија за енергетика, научниот сектор и од министерствата. Темите на 4. форум се однесуваа на: искуствата на ИФЦ во обезбедување техничка и финансиска поддршка во областа на ОИЕ во регионот, што ги презентираше експертот на ИФЦ, Небојша Арсенијевиќ, истакнувајќи ги остварените резултати во подобрување на правната рамка во областа, како и техничката поддршка на проекти од обновливи извори во регионот. Исплатливоста на фотоволтаичните системи без користење на повластени тарифи, беше презентирана од проф. д-р Горан Чогеља, при што тој ја истакна идејата за инсталирање на фотоволтаични системи без субвенции од државата, а од корист за инвеститорите, а тоа е компензирање на потрошената електрична енергија со произведената од сопствениот фотоволтаичен систем. Искуствата во изградбата на ветерниот парк Богданци ги презентираа претставниците од ЕЛЕМ, Невена Јакимова - Филиповска и Иван Трпески, кои ја истакнаа комплексната и сложена подготовка за изградба на ветерниот парк. За Предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање, во кој се регулираат неколку постапки низ кои поминуваат инвеститорите во ОИЕ, информираше Весна Андриевска од Министерството за транспорт и врски, која истакна дека Предлог-законот носи поволности за инвеститорите во обновливи извори пред се` во делот на скратување на времетраењето на постапките. Форумите претставуваат нов механизам за јавно приватен дијалог во областа на ОИЕ. Нивна цел е да се овозможи на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни во оваа област, особено лица кои работат на развој на проекти, инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции, академски институции, невладиниот сектор и меѓународни донатори. Иницијативите кои произлегуваат од форумите придонесуваат за подобрување на законската и регулаторна рамка за инвестирање во оваа област, а воедно и помагаат за решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите. Перо Авакумовски

13 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА УСПЕХ СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ Промотивно предавање на Бизнис центарот за тренинг и обука при Стопанската комора на Македонија Бизнис центарот за тренинг и обука при Стопанската комора на Македонија, на 4.11.2014 година, во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал организираше промотивно предавање со цел да се донесе поблиску веќе проверената методологија за успех применувана во европски рамки до македонските компании. Директорот на Густав Кезер Тренинг Интернационал во Македонија, Љупчо Георгиев, кој има 18-годишно искуство како лиценциран тренер во областа на продажба и менаџмент, на интерактивен начин ги презентираше начините на унапредување на секојдневната комуникација и примена на методологијата на Густав Кезер за постигнување на најдобри резултати. Притоа, беа анализирани важноста на пристапот во секојдневната комуникација и примената во деловното окружување, важноста на ставот и влијанието врз комуникацијата на работното место, како и главните фактори од коишто зависи успехот на индивидуата и на организацијата. Промотивното предавање беше вовед во методологијата која ќе биде применета во рамките на Академијата за продажни вештини организирана од Бизнис центарот за тренинг и обука и Густав Кезер Тренинг Интернационал. Густав Кезер Тренинг Интернационал е компанија основана во Цирих, Швајцарија, во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на реализирање на обуката во континуитет се потврдуваат повеќе од 50 години. Тренинзите ги следат претставници од: Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Симона Ристоска

14 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Групацијата за противпожарна заштита со барања до надлежните за подобрување на условите за стопанисување во овој сектор РЕВИДИРАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ И ЗАОСТРУВАЊЕ НА КОНТРОЛИТЕ На состанокот на Групацијата за противпожарна заштита, одржан на 30.10.2014 година во Стопанската комора на Македонија, членките на Групацијата расправаа за актуелните состоби во оваа дејност и за активностите што треба да се преземат за подобрување на амбиентот за стопанисување на стопанските субјекти од оваа област. Како проблеми во работењето се посочија проблемите што се појавуваат преку нелојалната конкуренција при учество на тендери, недостаток на контрола на исправноста на противпожарните апарати и стабилните системи за дојава и противпожарна заштита, квалитетот на сервисирањето на истите и др. Исто така, беа посочени проблеми околу утврдувањето која институција ги спроведува и ги контролира уредите, опремата и средствата за гасење, во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оценка за сообразност, како и опременоста на сервисите со соодветна опрема. Притоа, беше истакнато дека е потребно поконкретно да се дефинираат техничките нормативи и стандарди и да се укаже на задолжителните постапки при одржување, сервисирање и испитување на противпожарните апарати согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот. Посебно беше акцентирана постојната колизија на законите и правилниците коишто ја регулираат оваа област, при што беше предложено да се побара од надлежните органи да ги усогласат истите. Во дискусијата беше истакнато дека за подобрување на работата на стопанските субјекти неопходно е да се изврши ревидирање на лиценците кои се издадени и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, да се изврши контрола на сите сервиси за противпожарна заштита со каква опрема располагаат и начинот на сервисирање. Вака ревидираната листа да се објави на веб-сајтот на Дирекцијата за заштита и спасување. За разрешување на актуелните проблеми, членките заклучија до Групацијата да се достават сите проблеми со кои се соочуваат фирмите и предлози за нивно разрешување, кои би се разгледале на седница на Управниот одбор на Групацијата, по што би се побарала средба со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел разрешување на подолготрајните проблеми. Војкан Николовски

15 ГЕРМАНСКА ИТ-КОМПАНИЈА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА СОРАБОТКА НА ПОЛЕТО НА РАЗВОЈ НА АПЛИКАЦИИ СЕДУМ ДЕНА СВЕТСКИ ВО КОМОРАТА ПЕЧАТ Здружение на информатичкокомуникациски технологии Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на 3.11.2014 година организираа билатерални средби на германска ИТ-компанија со седиште во Берлин и заинтересираните македонски ИТ-компании. Германската ИТ-компанија е специјализирана за секторите софтвер и развој на информатички телекомуникации и развој на апликативни решенија. Нејзиниот интерес беше истакнат за соработка со македонските ИТ-компании, кои имаат искуство со програмските јазици Xamarin и C#, одлично познавање на англиски и/или германски јазик и искуство со развој на апликации (Apps), односно референца дека работеле на развој на апликации за Windows, Android или IOS. Берлин е моментално број 1 дестинација во Европа каде што се основаат Start Up компании од ИКТ и компанијата добро котира на таа сцена, така што македонските компании ја искористија можноста да ги презентираат своите капацитети и стекнатите стандарди, квалитети и вештини во информатичката технологија. Се остварија контакти што ќе резултираат со успешна натамошна соработка, заеднички проекти и заеднички настап на европскиот ИТ-пазар и пренесување на германските искуства на македонските компании од истата дејност. Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија ќе продолжи со воспоставување на вакви директни контакти со странски компании од информатичко-комуникацискиот сектор, заинтересирани за соработка со македонските ИТ-компании. Лазо Ангелевски

16 ПОСЕТИ Претставници на Трговското и економско претставништво на Шпанија во Република Бугарија во Стопанската комора на Македонија На 30.10.2014 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок меѓу претставници на Стопанската комора на Македонија и претставници на Трговското и економско претставништво на Шпанија при Амбасадата на Кралството Шпанија во Софија, Република Бугарија. На состанокот беа дискутирани можностите за проблабочување на економската соработка меѓу двете земји, со цел зголемување на извозното и увозното салдо и зацврстување на односите на бизнис-заедниците на двете земји. Во вкупната надворешно-трговска размена, Кралството Шпанија е 26-ти трговски партнер на Република Македонија во 2013 година и евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 22,5 милиони САД $, за 2013 година. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Шпанија во 2013 година достигна вредност од 112 милиони САД $, што претставува пад од 8,4 % во однос на 2012 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 44,7 милиони САД $ или пад од 4,68%, додека увозното салдо изнесува 67,3 милиони САД $ или пад од 10,72% споредбено со 2012 година. Марија Перес, советник за економски и трговски прашања при Трговското и економско претставништво при Амбасадата на Кралството Шпанија во Р. Бугарија, истакна дека економската стабилност и економскиот развој на Република Македонија во последните неколку години придонесоа за се` поголема заинтересираност на шпанските компании за иницирање соработка со Македонија, особено од градежниот сектор и инфраструктурата. Исто така, беше истакната можноста за организирање бизнис-средби меѓу македонски и шпански фирми од областа на градежништвото, инфраструктурата и енергетиката. Првиот бизнис-форум би се одржал на почетокот на наредната година, на којшто компаниите од двете земји би имале кратки презентации за нивната работа и нивните цели, по што би следувале и деловни средби за детална размена на информации и искуства и можност за соработка. Од страна на Стопанската комора на Македонија беше предложено соработката да се продлабочи и во другите сектори, како што се текстилната и прехранбената индустрија. Поради долгогодишното искуство во работата на ЕУ-проектите од страна на шпанските институции, на состанокот беа дискутирани и можностите за меѓуинституционална соработка на Стопанската комора на Македонија и ICEX - Агенцијата за трговија и инвестиции на Шпанија, во поглед на партнерство во сегашни и идни проекти. Сања Николова Работен состанок со претставници на Амбасадата на Република Италија во Република Македонија На 30.10.2014 година во Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок меѓу претставници на Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Република Италија во Република Македонија. На состанокот се дискутираше за можностите за преземање иницијативи во насока на зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Филипо Кандела, заменик-шеф на Мисијата на Италија во Република Македонија потенцираше дека размената на искуства и информации меѓу македонската и италијанската бизнис-заедница е клучен фактор за продлабочување на веќе одлично поставената економска соработка меѓу двете земји. Чекорите кои ќе се преземат во интерес на зголемување на соработката меѓу компаниите од двете земји ќе бидат соопштени на заедничка прес-конференција во првата половина на ноември 2014 година. Место за развој и експанзија има, и претежно се темели на близината на двете земји, добрата инфраструктурна поврзаност, дистрибуцијата и логистиката, како и културните сличности. Во иднина двете институции ќе се стремат кон организирање на што поголем број заеднички настани и активности, што ќе овозможат ширење на пазарите како во насока на извоз на македонски производи, така и во насока на увоз на италијански производи и остварување поголем број партнерства. Поради долгогодишното искуство во работата на ЕУпроектите од страна на италијанските институции, на состанокот беа дискутирани и можностите за соработка на Стопанската комора на Македонија и институциите и коморите од Италија, во поглед на партнерство во сегашни и идни проекти. Сања Николова НАСКОРО БИЗНИС- СРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНИШТВОТО, ИНФРАСТРУКТУРАТА И ЕНЕРГЕТИКАТА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА БИЗНИС КОНТАКТИТЕ И ЗГОЛЕМЕНА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА

17 ЗАЕДНИЧКИ, НО И ПАРЦИЈАЛНИ СИСТЕМИ ЗА ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ РЕГИОНАЛНИ СВЕТСКИ КОМОРИ ПЕЧАТ На 3.11.2014 година, Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Битола ја одржа својата 11-та седница. На седницата беа присутни мнозинството членови на Управниот одбор, а со седницата претседаваше претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски. На седницата беа разгледувани повеќе точки и по нив се дискутираше за тековните проблеми со кои се соочува стопанството во битолскиот регион. Беше дискутирано за проблемот со отпадните води на големите потрошувачи на вода коишто во текот на својот производен процес ги испуштаат тие води во пелагонискиот басен. Членовите на Управниот одбор дадоа свои мислења по иницијативата на Општина Битола за пречистителна станица за овие води, но во исто време се констатира и фактот дека не е возможно за секој технолошки процес да се има заеднички пречистувач, па така секоја засегната компанија потребно е да инвестира во сопствена пречистителна станица. Дискутантите заклучија дека тоа е прилично скапа инвестиција и оптоварување за компаниите која во поединечни случаи може да достигне сума и од 7-8 милиони евра. Затоа беше заклучено да биде доставен предлог до локалната самоуправа на Битола за испитување на можноста за парцијално пречистување на тие води во заедничкиот пречистителен систем откако секоја компанија првично ќе ги доведе овие отпадни води на ниво 1 или 2 по класификацијата за отпадни води. На седницата беше разгледан проблемот со одложувањето на либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Беше констатиран фактот дека најголем дел од компаниите беа затечени со оваа одлука и ќе им бидат потребни нови планови за финансиското работење за следната година. Капацитетите кои имаат обрт поголем од 10 милиони денари и веќе се на слободен пазар го истакнаа бенефитот од таквата набавка на електрична енергија која во поодделни компании носи заштеди од 30 и 40 отсто од потрошувачката. Констатирано е дека најголем трошок ќе претрпи секторот на мали и средни претпријатија и дека еден од основните столбови за развој на истиот е пристапот до поевтина енергија. Во контекст на актуелните новини во законската регулатива беа разгледани информациите за измените на Законот за данок на добивка и беше додадена за разгледување и информацијата за измените во исплатата на породилните надоместоци и боледувањата. Во однос на промените во Законот за данок на добивка едногласно беше донесен заклучок за поддршка на иницијативата на Стопанска комора на Македонија за измена на член 51 од именуваниот закон, со што тој би важел од 1 јануари 2015 година, а не ретроактивно и за 2014 година. Во врска со предлог-проектот за измени во исплатата на породилните надоместоци и боледувањата кои би биле на товар на компаниите, донесен е заклучок дека овој пристап е погрешен и дека на товар на компаниите ќе бидат голем број вработени. Констатирано е дека се отвора простор за дискриминација на вработените, особено на младите жени кои ќе бидат најзасегнати од овие промени. Потребно е да се преанализира комплетната ситуација во стопанството и дали овој пристап ќе донесе бенефит и за компаниите и за вработените. Пред членовите на Управниот одбор беа презентирани и две информации за новата ЕУ-програма Хоризонт 2020, за која говореше проф. д-р Драган Дамјановски, кој е координатор за дел од таа програма на ниво на Република Македонија, како и за информацијата од спроведената анкета за искуствата на компаниите во судските постапки за наплата на парични побарувања. На седницата, по барање на претставникот од Занаетчиската комора на Битола, беа разгледани и проблемите со доставувањето на стока во старата битолска чаршија и соработката со ЈП Пазари - Битола. Беше заклучено дека е потребно воспоставување на соодветен сообраќаен режим за доставување и дека иницијативата на Занаетчиската комора за тоа ќе биде поддржана и од Регионалната комора со седиште во Битола. Исто така, членовите на Управниот одбор беа запознаени со активности на Регионалната комора со седиште во Битола за месец ноември и плановите за месец декември 2014 година. М-р Никола Димковски Управен одбор на Регионалната комора со седиште во Битола

18 РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Во Регионалната комора со седиште во Кичево се одржа еднодневна обука за подготовка на македонските компании за аплицирање на новите европски програми Хоризонт 2014-2020 и Косме 2014-2020 ПРАКТИЧНА ПОДГОТОВКА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СРЕДСТВА Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање за искористување на средствата од европските фондови, претставници од Стопанската комора на Македонија во Регионалната комора со седиште во Кичево одржаа еднодневна обука наменета за малите и средните претпријатија од овој регион. Околу 10-тина претставници на македонските компании од градежниот и прехранбениот сектор, металната индустрија, угостителството, туризмот, како и претставници од Општина Кичево беа подготвувани за аплицирање на европските фондови Хоризонт 2014-2020 и Косме 2014-2020, на обуката што се одржа на 29.10.2014 година. Со оглед на моменталната состојба и слабата искористеност на европските пари од страна на приватниот сектор, на обуката учесниците беа подетално запознаени со постојните програми и можности за аплицирање на компаниите во рамките на ЕУпрограмите Хоризонт 2014-2020 и Косме 2014-2020, наменети за малите и средните компании во наредните 7 години од страна на Јадранка Аризанковска, сертифициран проектен менаџер и консултант од Стопанската комора на Македонија. МСП-инструментот, кој има три фази на аплицирање и тоа за истражување, производство и комeрцијализација, е огромна можност за компаниите сами да аплицираат во сите три фази, независно од редоследот на фазите. Исто така, компаниите беа детално запознаени и со европските процедури и финансиски инструменти и за можностите за финансирање на проекти и од други меѓународни извори во Република Македонија. - Постои одлична можност за интензивирање на соработката преку подготовка на конкретни повици, вклучувајќи ги сите сектори во рамките на ЕУ-програмите и со оваа форма на поддршка на учесниците од малите и средни компании ќе им се овозможи поефикасно да ја разберат и да ја планираат реализацијата на одобрениот проект, ефективно да го координираат тимот за имплементација и да обезбедуваат извештаи за проектот согласно барањата на донаторот, - им посочи на компаниите Аризанковска. Присутните беа запознаени и со начинот на регистрирање на компаниите во системот според упатствата на Европската комисија и потребната документација за регистрирање, кои и` се потребни на компанијата доколку истата одлучи да аплицира на конкретен повик. Акцент се даде на наоѓањето соодветни партнери за аплицирање и од други европски земји, бидејќи потребата за барање партнерство и формирање на конзорциум е едно од клучните алатки за аплицирање на конкретни повици. - Поради потребата на проектите чиј пристап е олеснет преку Европската мрежа на бизнис можности ЕЕН, тоа ќе придонесе за поголема соработка со европските земји, размена на искуства и информации за новостите и иновативните практики, кои ќе овозможат поголема конкурентност на македонските компании на европскиот пазар, - истакна Ирена Мојсовска, проектен координатор и советник во Стопанската комора на Македонија. Во вториот дел од обуката беше претставен и објаснет конкретен повик во кој учесниците активно учествуваа со свои предлог-идеи и размислувања. Работењето во групи наиде на посебен интерес од страна на присутните особено за проектната идеја на Ивона Каранфиловска од Стопанската комора на Македонија, чија идеја беше да се направи центар преку кој ќе можат да се добијат информации за сите новини и случувања во земјоделството. Овој центар, покрај размената на информации, ќе има за цел да подготви и изработи иновативни решенија, приспособување или прифаќање на постојните, врз основа на климатските промени во земјоделието. Еден таков пример е поставување на мрежи за јаболка/лозја за заштита од град и други временски непогоди. Во следниот период се планираат ваков тип на еднодневни обуки да се одржат и во други региони од земјава за да бидат запознаени и останатите македонски компании за новите можности за аплицирање на новите ЕУ-програми за наредниот седумгодишен период. Ирена Мојсовска

19 РЕГИОНАЛНИ СВЕТСКИ КОМОРИ ПЕЧАТ КОНКРЕТНИ ПОЈАСНУВАЊА ОКОЛУ ПРИМЕНАТА Во Охрид одржан семинар на тема: Закон за финансиска дисциплина На 30.10.2014 година, во организација на Регионалната комора со седиште во Охрид, се одржа еднодневен семинар на тема: Закон за финансиска дисциплина - Конкретни појаснувања за неговата примена. Компаниите од регионот беа детално информирани околу практичната имплементација на законските одредби. Целта на овој семинар е на сите правни субјекти во платниот промет да им овозможи теоретски и практични знаења од областа на мониторинг на заостанатиот дел од задоцнети платежни системи, врз основа на идентификација на оние работни проблеми кои се критични за натамошно функционирање на компанијата комитент, кое потоа ќе им овозможи олеснето подмирување на финансиските обврски кон правните субјекти преку анализа на сите достапни информации, како и знаења поврзани со моменталното спроведување на реструктуирањето на финансиското работење со должниците. Во наредниот период, во Охрид се планирани уште неколку семинари и работилници поврзани со теми од правната сфера, алтернативни извори на финансирање на компаниите и ЕУ-фондови. Борис Тримчев СРЕДУВАЊЕ НА ДОЛЖНИЧКО- ДОВЕРИТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ Во Регионалната комора со седиште во Кавадарци беше одржан семинар за Законот за задолжница Во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, на 4.11.2014 година, беше одржан семинар за Законот за задолжница, со цел објаснување на неговата практична примена, улогата на поврзаните институции во постапката и промените во должничко-доверителските односи кои стапуваат на сила од 1 јануари 2015 година. Присутните кои беа на семинарот добија целосна информација за инструментот задолжница, начинот за издавање, наплата на обврски по датум на доспевање итн. Овoј закон е предвиден само за правните лица. Задолжницата има карактер на извршна исправа. Доверителот може во секое време да се откаже од правата од задолжницата со изјава дадена кај нотар кој ја заверил задолжницата. Во случај на отворање на стечајна постапка над должникот, побарувањата по основ на задолжница се пријавуваат кај стечајниот управник согласно со одредбите од Законот за стечај. Александра Велкова

20 РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп - 3 Ноември доделени општинските награди ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА СИМОН НАУМОСКИ И КИРИЛ САМАРЏИОСКИ И ПЛАКЕТА НА КОМПАНИЈАТА ХАТРА По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп - 3 Ноември и Јавниот повик за номинирање за наградата 3 Ноември, објавен од страна на Комисијата за доделување награди, Регионалната комора со седиште во Прилеп достави предлози за доделување на општинската награда.притоа, предложено беше за животно дело да се наградат Симон Наумоски, претседател на Бордот на директори во Витаминка АД и Кирил Самарџиоски, претседател на Управниот одбор на Прилепска пиварница, и да се додели плакета за правното лице, Конфекцијата Хатра ДООЕЛ -Прилеп, долгогодишна членка на деловната асоцијација. Од страна на Комисијата за доделување награди и Советот на Општина Прилеп, предлозите едногласно беа прифатени. За време на свечената седница на Советот на Општина Прилеп, што се одржа во големата сала во Домот на културата Марко Цепенков (3.11.2014 година), пред бројна публика и во присуство на претседателот и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и д-р Глигор Бишев, градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, м-р Никола Димески им ги врачија наградите. Симон Наумоски, претседател на Бордот на директори е креаторот на прехранбената индустрија Витаминка која е формирана во далечната 1956 година како фабрика за црвен пипер. Тој ја презема во 1971 година и од тогаш се` до денес ја доведе оваа компанија да биде препознатлив бренд како на домашниот така и на светскиот пазар, како по квалитет, така и по асортиман на производи. Симон Наумоски во фабриката Витаминка работи повеќе од 40 години, се вработил во Витаминка по барање на тогашната локална власт која во тој момент имала огромни загуби и тригодишни залихи на мелен црвен пипер и сушена пиперка. Денес Витаминка е една од најголемите прехранбени индустрии во државата, со остварен извоз од над 16 милиони САД долари, годишен вкупен приход од околу 28 милиони евра и над 610 вработени. Кирил Самарџиоски, како претседател на Управниот одбор на Прилепска пиварница од денот на неговото вработување па се` до денес, со своето лично ангажирање, стручност и иновативност, придонесе Прилепска пиварница да стане препознатлив бренд во Македонија и пошироко, а оваа година слави 90 години од нејзиното основање. Како што е познато, Прилепска пиварница е основана 1924 година. Низ целиот период од нејзиното основање бележи успеси и падови, но она што е од особено значење е дека последните 20-тина години бележи успеси во континуитет. Тоа пред сè се должи на големата посветеност и пожртвуваност на сите вработени во компанијата, а посебно на Кирил Самарџиоски, како и политиката на менаџментот за континуирано инвестирање во сите сегменти. Конфекцијата Хатра ДООЕЛ - Прилеп, е семејна компанија која постои 22 години, од кои 15 години се занимава со конфекциско производство на детска облека под брендот Tilla. Брендот Tilla се појавил сосема случајно, како резултат на сплет на околности предизвикани од светската економска криза. Богатото искуство кое го стекнале во изминатите 10 години во производство на висококвалитетна детска облека за странските пазари и желбата да се продолжи со работа придонеле за создавање на еден нов и воедно единствен македонски бренд на модна детска облека. Брендот Tilla е наменет за дечиња од 6 месеци до 12 години и се однесува за уникатни парчиња детска облека, изработени по европски стандарди кои се достапни за секој потенцијален купувач. Моментално продажната мрежа ја опфаќа цела Македонија, со тоа што во речиси секој град имаат минимум по едно продажно место. Од неодамна започнаа и со електронска продажба преку сопствена веб-страница, која свечено ја пушти во употреба министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Ристо Најдоски

21 ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ СВЕТСКИ НА КОМОРАТА ПЕЧАТ ИЗВОЗОТ СО РАСТ ОД 11 ОТСТО И НОВИ ВРАБОТУВАЊА Алкалоид АД - Скопје во деветте месеци од 2014 година Алкалоид АД - Скопје во периодот јануарисептември 2014 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. - Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 4.344 милиони денари бележат зголемување за 2 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 801 милион денари, што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто. Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари, бележат зголемување од 8 отсто во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11 отсто. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 833 милиони денари, што претставува зголемување од околу 10 отсто. Нето добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4 отсто. Во периодот јануари-септември 2014 година во Алкалоид се реализирани 54 нови вработувања во Република Македонија. ( Алкалоид ) ПЕКАБЕСКО ВЕЌЕ РЕАЛИЗИРАШЕ 100 НОВИ ВРАБОТУВАЊА, А ОГЛАСОТ ОСТАНУВА ОТВОРЕН Две години по отворањето на новиот производствено - логистички центар Две години по отворањето на новиот производствено логистички центар, компанијата за производство на сувомесни производи и дистрибуција Пекабеско веќе реализираше 100 од предвидените 200 нови вработувања. Компанијата отвори повеќе огласи за вработување на лица од различни профили, неопходни за постојан развој, како и за континуирано унапредување на квалитетот и зголемување на процесот на производство. Од Пекабеско велат дека нивната компанија е постојано отворена за нови вработувања и оти граѓаните постојано можат да аплицираат. Производствено логистичкиот центар на Пекабеско е инвестиција вредна 13 милиони евра и е со површина од 19.700 метри квадратни. Повеќе од половината или 10.500 припаѓаат на производствениот дел, а на дистрибутивните складишта 5.600 метри квадратни. Центарот ги исполнува сите европски и HACCP стандарди за производство на сувомесни производи, а Пекабеско постојано ја збогатува својата палета на производи според барањата и вкусот на потрошувачите. (МИА)

22 СВЕТСКИ ПЕЧАТ Новиот носечки столб на евроинтеграциите за регионов произлегува од самото искуство на ЕУ БРИСЕЛ БАРА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ ОД БАЛКАНОТ *ЕУ бара од земјите на Западниот Балкан приоритетно да се посветат на економските реформи. Тие се клучни за иднината, независно од нивниот европски пат, порачуваат од Брисел. Во Брисел тоа веќе не е тајна, а ни на Западниот Балкан нема заблуди околу фактот дека процесот на евроинтеграција станува сe покомпликуван, тежок и временски подолг. Во ЕУ често се повторува официјалниот став дека проширувањето е една од нејзините најуспешни политики, при што се наведуваат ширењето на слободата, демократијата, стабилноста, мирот и просперитетот на европскиот континент. Но, паралелно со добробитта, одат и, не толку често споменуваните, проблеми. Во најголемиот број земјичленки на Унијата, опозицијата кон натамошното проширување на ЕУ надминува 30 проценти. Кон тоа секако придонесуваат и лекциите од претходните проширувања, кризата во источното и јужното соседство, последиците од економската криза, но и перцепцијата на Западниот Балкан како сиромашен регион, со слаби институции и историски конфликти. И додека Брисел најавува најмалку петгодишна пауза во приемот на нови членки, на листата на домашните задачи за балканските земји се додаваат и нови приоритети. Еден од последните се однесува токму на една од најголемите болки на регионот- економијата. Приоритети Во Европската комисија велат дека целта на новиот пристап е подобар економски надзор и подготовка на земјите од Западниот Балкан за идните обврски кои ќе ги имаат како членки на ЕУ, како и поддршка за властите во регионот да воведат и применат квалитетни програми за реконструкција на националните економии и обезбедување на макроекономска сигурност. Сето тоа, велат во Брисел, ќе придонесе за зајакнување на стопанството и отворање нови работни места на Балканот. Тешки одлуки и тешки чекори се очекуваат за да се реформира макроекономската структура, вели генералниот директор за проширување во ЕК, Кристијан Даниелсон. За земјите од Западниот Балкан решението на основните приоритети е она што ќе им донесе подобра иднина. Краткорочно тоа ќе има своја цена и тоа мора јасно да се каже, вели Даниелсон, но и дополнува дека ЕУ ќе ги поддржи овие процеси за да ги намали трошоците, за граѓаните на Балканот во секојдневниот живот да можат да го почувствуваат просперитетот кој го носат реформите. Кристијан Даниелсон, лево, при последната посета на Македонија Со оглед на сличностите во земјите од регионот, во Брисел укажуваат на неопходноста од реформи во финансирањето на пензискиот и здравствениот систем, решавање на прашањето на платите во јавниот сектор, реструктуирање на државните претпријатија, создавање подобри услови за бизнис и промени на пазарот на трудот. И додека во ЕК се свесни дека таквите реформи ќе бараат политичка волја и храброст, економистите и аналитичарите оценуваат дека тоа е чекор во добра насока, но предупредуваат и на опасностите. Економската перспектива за самата ЕУ не е розова ни во 2015 година, а можеби ни понатаму, и тоа негативно ќе се одрази и врз состојбата на Западниот Балкан, вели Јанис Емануолидис, кој раководи со одделот за европска политика и институционални програми во Центарот за европска политика во Брисел. Во Центарот наведуваат дека ни земјите-членки на ЕУ во голема мерка не се придржуваат до бриселските економски препораки и додаваат дека е во прашање компликуван процес кој бара поинаков или посилен поттик, и финансиски и политички.

23 СВЕТСКИ ПЕЧАТ Економскиот просперитет како гарант за стабилноста Инсистирањето на економското уредување, како нов носечки столб на евроинтеграциите произлегува од самото искуство на ЕУ која сe уште не се опорави од последиците на најголемата криза во нејзиното постоење. Економските реформи во земјите од Западниот Балкан треба да дадат и конкретен одговор на она што граѓаните во регионот го гледаат како основно очекување од евроинтеграциите, а тоа е подобар живот и просперитет. Стабилноста, безбедноста и помирувањето се многу важни, но без силна економија во регионот сето тоа ќе биде кршливо, сметаат во Советот за регионална соработка. За нас е јасно дека без стопански раст нема усогласување со ЕУ, а без усогласување нема шанси за пристапување. Факт е дека граѓаните во регионот денес имаат само третина од она што е просек на БДП по глава на жител во ЕУ, вели Сањин Арифагиќ од Советот за регионална соработка. За да станеме добредојдени партнери мораме многу да сториме и тоа им е јасно и на граѓаните и на политичарите во регионот и во земјитечленки, заклучува тој. Јанис Емануилидис Во Советот велат дека освен економските реформи, важна е и регионалната соработка, особено на полето на трговијата, координацијата на инвестициските политики, зајакнувањето на инфраструктурата и поврзаноста. (Дојче Веле) САД ГИ САКААТ ТУРИСТИТЕ ОД КИНА Туристичката кампања на индустријата и владата за привлекување туристи *И покрај 1,8 милиони кинески посетители годишно, американската влада работи на кампања за привлекување повеќе Музичката кантри ѕвезда Розен Кеш пее за делови од САД кои што потенцијалните посетители не ги виделе во филмовите и не ги знаат од популарните песни, како дел од од туристичката кампања на индустријата и владата за привлекување туристи. Кампањата се вика Бренд САД и ја води Крис Томсон. Тој вели дека во САД има се` за сечиј вкус и дека никој тоа не може да го понуди подобро. Телевизиските и интернет рекламите се важни, зашто во туризмот на САД има осум милиони работни места, и уште милиони други кои зависат од нив. Кампањата промовира многу градови, вклучувајќи ги Њујорк и САН Франциско. Кинеските туристи трошат речиси 6.000 долари да ги посетат САД, повеќе од кои било други гости од светот. Претседателот на Лион Турс, Даниел Шен, вели дека тоа е заради економскиот растеж и валутата на Кина што јакне. Тој вели дека Кинезите многу купуваат. Ако еден член на семејството доаѓа во посета, тој купува за сите дома, семејството, пријателите, па дури и за колегите на работа, вели Даниел Шен. Договорот меѓу Кина и САД го олеснило патувањето за кинеските државјани, со полесно добивање визи и побрз транспорт. А кога ќе дојдат посетителите, добиваат појасна слика за САД. Сфаќаат дека Америка не е Холивуд, ниту како на Дивиот запад од филмовите, каде се пука на улиците. Важен дел од кампањата е и претставување на националните паркови во САД, преку филм што е во подготовка и за кој организаторите се надеваат дека ќе биде завршен на време за одбележувањето на стоте години на заштита на овие места, во 2016-та. (Гласот на Америка ВОА)

Да се биде најголемата кондиторска индустрија во Македонија, најголем увозник и најголем извозник на кондиторски производи претставува врвно достигнување на една компанија, меѓутоа претставува и огромен придонес во економијата на државата. Оваа година Swisslion слави 16 годишнина од своето постоење во Репубилка Македонија и резулатите кои ги има постигнато се навистина импресивни. Swisslion со своите поврзани друштва во Македонија вработува над 600 вработени во Скопје и во Ресен, произведува над 9,000 тони готов производ од кои 70% се наменети за извоз и има годишен промет од околу 60 милиони евра. Причините за овој успех треба да се гледаат од повеќе аспетки, а претставуваат експанзиона инвестицинона политика, пазарна ориентација, модерна производна технологија и опрема, прaтење на модерните текови на организација и производство и секако макотрпна работа и посеветеност на сите вработени. Swisslion не застанува во својата мисија, а тоа е постојана иновација и проширување на асортиманот. Фактот, дека конкуренцијата постојано се труди да не следи и копира како во асортиманот така и во дизајнот (изгледот) на нашите производи, е неоспорен и видлив на полица, меѓутоа високиот квалитетот на нашите производи и нивната достапност за потрошувачите секогаш ни даваат значителна предност. Докажавме дека конкуренцијата неможе да не следи токму поради фактот што фабриките на Swisslion се опремени со најсовремена и потполно автоматизирана опрема со огромни капацитети, а организацијата на централизирани набавки овозможува достапност до суровини со врвен квалитет, а пристапна цена. Токму од тој аспект, а како поддршка на зголеменото производство и продажба инвестиравме и во проширување на возниот парк како во Македонија, така и на ниво на целата групација Swisslion. Инвестициите на Swisslion и надвор од Македонија продожуваат со незапирливо темпо. Фабриката на Swisslion во Требиње, Босна и Херцеговина веќе достигна импресивни бројки во произведените количини готови производи, а го изгради и новиот погон кој се очекува да почне со работа наредната година. Токму од оваа фабрика доаѓаат и новите чоколада под брендот LOVE YOU, кои имаат неодолив вкус кој предизвикува љубов уште од првиот залак. Нови погони се изградени и на други локации во Босна и Херцегиовна, а во 2014 година се монтирани две нови линии во Србија и во Босна и Херцеговина чии производи веќе се пристигнати и на македонскиот пазар. Swisslion останува да биде водечка кондитроска индустрија во Македонија и најавува нови инвестиции и нови производи кои веруваме ќе се на општо задоволство за нашите ценети потрошувачи и ќе ги задоволат сите вкусови. Производите на Swisslion го затоплуваат срцето, ги предивикуваат сетилата, го исполнуваат духот и го максимизираат задоволството. УЖИВАЈТЕ СО ПРОИЗВОДИТЕ НА СВИССЛИОН!

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ СВЕТСКИ НА КОМОРАТА ПЕЧАТ BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION FS 549642 Osnovana 1922 Founded 1922 bsi. ISO 9001 Quality Management БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат тајните на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг Controller Akademie во Германија Уписите се во тек!

26 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма! АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY- Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Лиценциран Густав Кезер тренер на програмата е Љупчо Георгиев со 18-годишно искуство во областа на продажбата и врвниот менаџмент. Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија. Уписите за обуката во октомври 2014 година се во тек. ЦЕНАТА ОД 23 600 ДЕНАРИ ВКЛУЧУВА: 5 тренинг дена; материјали за работа, мемориски картици, ЦД и дополнителна литература; консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6-8 месеци; интернационален светски признат Сертификат; допонителен, 1 контролен ден. За подетални информации контактирајте со нас: Борис Тримчев Тел: 072 20 70 91 Е-маил: boris@mchamber.mk Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk

ISO 9001 Quality Management FS 549642 27 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кво соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема: Жени претприемачи не: За повеќе информации слободно контактирајте Симона Ристоска Борис Тримчев 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена. Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION Osnovana 1922 Founded 1922 БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION bsi. Станува збор за субвенционирана програма по достапна цена. Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи во периодот декември 2014 јануари 2015 година, по завршување на обуката и полагање на тестот. ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.

28 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Тренинг обука на 10 ноември 2014 година СТАНДАРДОТ ISO 14001:2015 - СИСТЕМИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЖИВОТНА СРЕДИНА Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) организира обука за стандардот ISO 14001:2015 - Системи за менаџмент на животна средина, фокусирана на најновите промени кои се воведени во новата верзија на стандардот ISO 14001 која веќе во 2015 ќе се применува. Предложените промени уште сега предизвикаа голем интерес. Обуката е осмислена на тој начин да ви овозможи да ги примените теоретските знаење во секојдневното работење. Оваа обука е создадена да ви обезбеди нови знаења и вештини, по што ќе имате јасна претстава за влијанието на новиот стандард ISO 14001 врз вашата организација како и за чекорите кои ќе треба да ги превземете за прилагодување кон новите барања. Обуката ќе ја води сертифициран експерт Владимир Симиќ од Euroquality group, Србија, кој има повеќе од 35 години искуство во областа на менаџмент со квалитет, и кој директно со практични примери ќе ви ги претстави сите промени што се воведени во стандардот. Цената за обуката изнесува 9200 денари, а за повеќе учесници од иста институција како и за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати. Контакт: Ружица Јовановиќ-Малиновска раководител на одделение за обуки Телефон: 02 3247 168 Мобилен: 076 448 791 Е-адреса: malinovska.ruzica@isrm. gov.mk Контакт: Емилија Тодоровска Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: emilija@mchamber.mk

29 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ISO 27001 - ИНФОРМАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА -- БЕЗБЕДНОСНИ ТЕХНИКИ СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИ БАРАЊА Тренинг обука на 11 ноември.2014 година Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) организира обука за стандардот ISO 27001 - Информациска технологија -- Безбедносни техники Системи за управување со безбедност на информации Барања. Обуката ќе опфати повеќе аспекти како што се приказ на проблемите кои можете да ги имате во областа на безбедност со информации и кои треба да се решат, детални појаснувања на барањата на стандардот ISO/IEC 27001, оценка на ризикот, основи за менаџмент со ризик, препораки за добар систем за управување со безбедност на информации, сертификација според системот ISO/IEC 27001. Обуката ќе ја води сертифициран експерт Владимир Симиќ од Euroquality group, Србија, кој има повеќе од 35 години искуство во областа на менаџмент со системи за квалитет, и кој директно со практични примери ќе ви ги претстави сите барања што севоведени во стандардот. Цената за обуката изнесува 9200 денари, а за повеќе учесници од иста институција како и за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати. Контакт: Ружица Јовановиќ-Малиновска раководител на одделение за обуки Телефон: 02 3247 168 Мобилен: 076 448 791 Е-адреса: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk Емилија Тодоровска Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: emilija@mchamber.mk

30 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.11.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Семинар: УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ СО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ИМОТ, ЗАКОНОТ ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА И ЗАКОНОТ ЗА ПРОЦЕНА ВО ФУНКЦИЈА НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ I. ЈАВНИ ПРИХОДИ - Jавни приходи под јурисдикција на единиците на локалната самоуправа, нивна основна функција и облици; - Структура на приходите и нивна класификација; - Законски и подзаконски основи за прибирање на приходите во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС). II. ФИСКАЛНИТЕ ПРИХОДИ КАКО ОСНОВЕН ИЗВОР НА ПРИХОДИ ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА - Локални даноци; - Локални такси; - Локални надоместоци; - Приходи од сопственост; - Приходи од персонален данок на доход и ДДВ. III. ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ - Данок на имот; - Данок на наследство и подарок; - Данок на промет на недвижности. IV. УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ - Основни принципи во постапката на утврдување на даноци, такси и други надоместоци; - Редовна наплата на даноците, таксите и другите надоместоци; - Присилна наплата на даноци, такси и други надоместоци. V. УТВРДУВАЊЕ ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ - Примена на Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот. VI. ПРАВО НА ЖАЛБА ПРИ УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ И УТВРДУВАЊЕ ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ - Рокови и постапка за поднесување на жалба кога со решение е утврден одреден данок, такса или друг вид на надоместоци; - Рокови и постапка за поднесување жалба кога со решение за присилна наплата се врши наплата на одреден данок, такса или друг вид на надоместоци; - Институции кои одлучуваат по поднесената жалба; - Начинот на известување на даночниот обврзник за епилогот од поднесената жалба. VII. НОВИНИ И РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ ВО: - ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ИМОТ; - ЗАКОНОТ ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА (ЗОУП) И - ЗАКОНОТ ЗА ПРОЦЕНА. VIII. ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ВО ПОСТАПКАТА ЗА УТВРУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ, КАКО И ПРИ ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ Предавач: Александар Георгиевски, магистер по економски науки на тезата: Управување со приходите и расходите во единиците на локалната самоуправа ; - советник за утврдување и наплата на даноци,такси и други надоместоци во Секторот за финансиски прашања на Град Скопје; - овластен проценувач во областа на недвижен имот; - овластување за отуѓување и давање под закуп градежно земјиште во сопственост на Република Македонија; - координатор на проценувачи во Град Скопје и директен учесник во постапката на проценка на пазарната вредност на недвижен имот. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

31 Семинар: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ( Службен весник на РМ, бр.158 од 30.10.2014) САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Законот за безбедност и здравје при работа (во натамошниот текст Законот за БЗР) е дополнет со измени и дополнувања кои се однесуваат на член 11 од Законот за БЗР, став 2, со што се повлекува промена во Правилникот за начинот на изготвување на изјавата за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризик. Потоа, со дополнувањето на членовите 12, 13, 26, 27 и 30 од Законот за БЗР, се воведуваат нови термини, како што се претседател на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на мнозинскиот синдикат, како и претставникот за информирање и консултирање. Со измените и дополнувањата на Законот за БЗР има воведување и на нова глава IV-а за Заштита на ученици и студенти за време на практична работа во рудниците. Семинарот го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа. Предавачи на семинарот ќе бидат: претставник од Министерството за труд и социјална политика кој ќе говори за измените и дополнувањата на Законот за безбедност и здравје при работа; претставник на Сојузот на синдикати на Република Македонија, како еден од предлагачите на Законот и ќе даде образложение за причините за дадените предлог-измени; претставник на Организиацијата на работодавачите на Република Македонија и ќе даде образложение како работодавачите ги согледуваат понудените измени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа; претставник на Македонското здружение за заштита при работа кое е секогаш во тек со новите промени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line 12 ноември 2014 година 10:00 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

32 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 13 до 15 ноември 2014 година, хотел Изгрев во Струга Презентери на конференцијата: Конференција: СОВРЕМЕНАТА ЗАКОНСКА ЛЕГИСЛАТИВА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ Преставници од Народна банка на Република Македонија, Царинска управа на Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на Република Македонија, Министерство за финансии, Биро за јавни набавки, Агенција за супервизија на осигурување и преставник од регионот Контакт Елизабета А.Ефтимова Тел: 02 32 44 074 Факс: 02 32 44 088 Контакт центар: (02) 15015 beti@mchamber.mk М-р Анита Митревска Тел: 02 32 44 057 Факс: 02 32 44 088 Контакт центар: (02) 15015 anita.mitrevska@mchamber.mk

33 МОЖНОСТИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ, ОСИГУРУВАЊЕ И ФАКТОРИНГ и Презентација на Фондот за иновации и технолошки развој САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ФИНАСИРАЊЕ НА ПОДИСТРУМЕНТИТЕ (кофинансирани грантови и условени заеми ) НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ Стопанската комора на Македонија Регионална комора со седиште во Битола во соработка со МБПР и Фондот за иновации и технолошки развој, Ве покануваат на презентацијата каде што бизнис-секторот ќе има можност да се запознае и да се информира за кредитните линии, нивните поволности, начините за аплицирање и сл. Воедно, ќе се презентира и начинот како да се намали ризикот од ненаплатата преку употреба на осигурување на побарувањата. Детално ќе бидат објаснети: се` поатрактивниот производ факторинг особено од аспект на неговата употреба како инструмент за задоволување на краткорочните ликвидносни потреби на компаниите; кредитната линија која е со 3% фиксна годишна камата која МБПР ја спроведува директно и е наменета за примарни земјоделски производители, преработувачи (млинови, млекарници, кланици, за конзервната индустрија...) и извозници на земјоделски производи и кредитната линија за поддршка на мали и средни компании, каде што е зголемен максималниот рок на отплата од 0 (нула) на 11 години (оваа кредитна линија се работи преку 11 деловни банки). Презентацијата на тема Можностите за финансирање на подинструментите на Фондот за иновации и технолошки развој ќе ја извршат стручни лица од фондот, вклучувајќи ги: 1. Целите и активностите на Фондот за иновации и технолошки развој - ФИТР; Инструментите на ФИТР за доделување кофинансирани грантови и условени заеми: основни карактеристики, услови за пријавување, критериуми за доделување финансиска помош и сл.; Кофинансирани грантови за start-ap и spin-of трговски друштва и иновации; Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации; Кофинансирани грантови за трансфер на технологии; Техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори. Пријавување до 14.11.2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Никола Димковски Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiobt@ic.mchamber.org.mk На 17 Ноември 2014 година (понеделник), со почеток во 11: 00 часот, во хотел Милениум во Битола.

34 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 27 до 29 ноември 2014 година Mеѓународен саем за рударство, рударски машини и градежни возила и саем за гуми во Република Турција MINING TURKEY 2014 И RUBBER 2014 ВО ИСТАНБУЛ Специјализирани меѓународни саемски манифестации, на кои ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на овие саемски манифестации ќе се сретнат со водечки компании во секторот, со професионалци од секторот на минерални истражувања, производство, нови технологии и услуги. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Адонис Tüyap, ве поканува да ги посетите саемските манифестации од 27 до 29.11.2014 година во Истанбул, Турција. Во делот на рударство посетителите ќе видат: Топографска мерна опрема, геофизичка опрема, опрема за ископување и геолошко истражување, сателитски комуникации и далечински систем за контрола, машини за дупчење, опрема за детонација, транспортни машини, мерење за гас и сигурносни системи, системи за хемиски анализа, логички услуги и др. Во делот на гума ќе има: Гумени дијафрагми, гумени црева, гумени плочи, гумен печат, стиропор, сунѓери, мелници, внатрешни миксер, тунели за топол воздух, реометар, тензометар, вискозометар, акцелератор, активатор, бои, инхибатор, метални оксиди, пластификатор, природни гуми и латекс и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор Адонис Груп, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 27 до 29.11.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во компанијата. локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон: саемскиот организатор Адонис од 125 евра со автобуски превоз (а доколку е со сопствен превоз се плаќа само 45 евра од лице); како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 10.11.2014 година. За повеќе информации за саемите MINING TURKEY 2014 и RUBBER 2014 посетете ја веб страната http://www.miningturkeyfair.com/ и http://www.rubberistanbul.com/ или контактирајте не. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел)

35 ПРВ МАКЕДОНСКО-КОСОВСКИ САЕМ ВО ПРИШТИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Косово, организира Прв Македонско-косовски саем. Се работи за саемска манифестација на производи за широка потрошувачка од македонски и косовски компании, што ќе се одржи од 4 до 5 декември 2014 година, во Приштина, Косово, во новоизградената хала за саемски манифестации, која се простира на 6.000 м2. Целта на оваа саемска манифестација е да се поттикне, да се унапреди и да се прошири меѓународната трговска размена, како и да се продлабочи соработката меѓу компаниите од Р. Македонија и Косово. САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Воедно, овој настан ќе биде проследен со организирани деловни средби и со отворени трибини со претставници од институции од двете земји кои се од значење за креирањето на политиките и условите за меѓународна трговска размена (царинските управи, управите за јавни приходи, фитосанитарните инспекциски служби и агенциите за храна и ветеринарство). Во структурата на Саемот планирано е да доминираат изложбени штандови на индустриите од областа на производство и преработка на храна, производители и дистрибутери на машини од агросекторот и прехранбената индустрија, транспортери во прехранбената индустрија, текстилната, електрометалната, дрвната, градежната, хемиската индустрија, како и индустријата за пластика и пластични маси. Македонските компании кои сакаат да настапат како излагачи на оваа саемска манифестација, како и да остварат директни деловни средби со потенцијални партнери од Косово, својот интерес можат да го пријават најдоцна до 31.10.2014 година. После пријавувањето ќе бидете информирани за сите подетални активности за настанот. Стопанската комора на Македонија обезбедува бесплатен превоз за пријавените компании. Контакт: Ванчо Спасески Тел: 02/ 03244 095 Е-адреса: vanco@mchamber.mk На 4 и 5 декември 2014 година во Косово

36 САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција PLAST EURASIA ISTANBUL 2014 2014 4-6.12.2014 Станува збор за еден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои ќе учествуваат реномирани странски и турски компании од индустријата на пластика. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Адонис Tüyap, Ве поканува да ја посетите оваа саемска манифестација. На саемот посетителите ќе можат да видат: -Машини за пластика,пластични фолии, жици, гуми, пластични профили, гранулатор, машини за флексо печатење -Хемикалии и суровини за пластика, боја, ПВЦ додатоци, гума, полимери, ПВЦ соединенија, мастила за печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи -Редуктори, роботски системи, магнет, четка машина за производство -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимер, прецизни скали, статична опрема -Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, неподвижни системи, софтвер, миксер, кодирање и брендирање Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - Адонис Груп, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4-6.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 звезди) - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор Адонис од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз се плаќа само 45 евра); - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.11.2014 година. За повеќе информации за PLAST EURASIA ISTANBUL 2014 посетете ја веб страната http://www.plasteurasia.com или контактирајте не`. Контакт: Зорица Мешкова Тел: + 389 2 3244019 Факс:+ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk

37 BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 4 до 7.12.2014 година Меѓународен саем за обработка на метал и заварување во Бурса, Република Турција Eден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на овие саемски манифестации ќе се сретнат со водечки компании во секторот, со професионалци и инвеститори од металниот, електро, иновативниот и комуникацискиот сектор. Во рамките на BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR посетителите ќе можат да видат: преси, електромотори, индустриски печки, безбедносни системи, хидраулични и пневматски системи, машини и нивни резервни делови, компресори, хемикалии, индустриски роботи и др. Во рамките на BELEX 2013 посетителите ќе можат да видат: производство на електрична енергија, генератори, алтернатори, акумулатори, трансформатори, регулатори, електромотори и резервни делови за струја, стартери, проводници, изолатори, кабли (енергетски, телефонски), дистрибуција на електрична енергија, електрична инсталација, индикатори, осветлување, светилки, громобранска заштита, помошна опрема, конектори, системи за пожарни аларми. денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување најдоцна до 20.11.2014 година. За повеќе информации за Саемот за метал BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR посетете ја веб-страната: www.bursametalprocessing.com или контактирајте не`. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk Контакт: Снежана Камиловска Тел: ++ 389 2 3244061 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: snezana@mchamber.mk Во делот на BURSA SHEET METAL PROCESSING посетителите ќе можат да видат: лим, цевки, профили, флексибилен лим, заварување, рачни алати, безбедност при работа и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор Адонис Груп, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 4 до 7.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 часот; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор Адонис од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз се плаќа само 45 евра); - како и организационите трошоци кон Комората (2.950

38 ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Дуна Клуб ДОО управува со Клуб на новинари, кој е сместен во центарот на градот и е совршено решение за корпоративни собири, обуки или прес-конференции. Во рамките на Клубот на новинари се наоѓа конференциска сала идеална за прес-конференции, презентации, семинари и обуки, која е технички опремена и комплетно уредена на површина од 80 м2. Салата е со одлична вентилација и студиско осветлување за телевизиски прес, со професионални студиски рефлектори. Во рамките на Клубот на новинари се наоѓа и кафетерија 140 м2 и 80 седишта. Одлична е за дневни кафе-паузи, состаноци и вечерни забави. Во своето богато мени нуди разновиден избор од вкусни кафиња, сокови, жестоки пијалаци и коктели. Клубот на новинари е погоден за приватни и корпоративни забави и прослави. Валидност дo 25.6.2015 година. Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи за пратење и мониторинг на такси возила. Валидност дo 25.12.2014 година. Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на алати и алатни машини. Валидност дo 26.12.2014 година. Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски машини, опрема и резервни делови. Валидност дo 26.12.2014 година. Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на еднофазни и трофазни трансформатори. Валидност дo 26.6.2014 година. Чешка компанија нуди хемиски производи, калциум хлорид, калциум карбонат, водено стакло, силикатни хемикалии и др. Валидност дo 26.12.2014 година. Компанија од Данска заинтересирана е да соработува со македонски компании кои вршат извоз-увоз на прехранбени производи. Валидност дo 27.11.2014 година. Компанија од Бугарија заинтересирана е за пласман на огноотпорни тули во металната индустрија кои во процесот на производство користат печки со висок степен на загревање. Валидност дo 27.12.2014 година. Компанија од Австрија бара соработка со компании во областа на земјоделството и комуналната дејност и индустријата кои би користеле ПВЦ контејнери и кутии за складирање. Валидност дo 27.12.2014 година.

39 ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фибер-цемент плочи за кровови и фасади. Валидност дo 27.12.2014 година. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за одржување на зеленило. Валидност дo 27.12.2014 година. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на премикси за сточна храна. Валидност дo 30.12.2014 година. Компанија од Литванија заинтересирана е да пласира стоматолошка опрема и материјали во Република Македонија. Валидност дo 30.12.2014 година. сеча и дробење на отпадно дрво за домаќинствата, комерцијален,индустриски отпад и органски отпад за рециклирање. Валидност дo 2.12.2014 година. Компанија од Чешка бара соработка со компании во Република Македонија во областа на проектирање, изградба и ремонт на сите видови на разладни кули, како и други активности во проектирање и изградба на индустриски згради, монолитни бетонски конструкции, ремонт и изградба на цистерни за вода, постројки за обработка на вода и мали хидро електрани. Валидност дo 2.12.2014 година. Компанија од Литванија бара соработка со македонски компании кои произведуват биомаса за пласман на опрема. Валидност дo 2.12.2014 година. Компанија од Полска бара соработка со компании во Република Македонија во областа на рециклирање на пластика. Валидност дo 30.12.2014 година. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема и технологија за Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА bsi. НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! ISO 9001 Quality Management FS 549642 http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/chamber_mk http://www.youtube.com/user/mkchamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088