Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

Коисмение.Штозначиме.

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Структурно програмирање

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Повик за поддршка на локални граѓански организации

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ПР објави во медиуми

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

УНАСМ БИЛТЕН. Улогата на УНАСМ во македонското синдикално движење УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА. Електронски информатор

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Мобилност МК Mobility MK

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за 2016 година

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Мобилност МК Mobility MK

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА НВО СЕКТОРОТ ВО ВРШЕЊЕТО НА ЈАВНИ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Податочните сетови што треба да ги изработат избраните грантисти се наведени во Прилог 4 на овој повик.

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

Планот за акција е подготвен според Минималниот Основен Пакет за Услуги 1 (МОПУ) за СРЗ при итни и кризни состојби и катастрофи

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Мобилност МК Mobility MK

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА

бр.02 декември АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЧЛЕНКИ НА МРР НА РМ 2. ELARD 3. АКТИВНОСТИ НА МРР НА РМ ВО ЈАВНИ ДОБРА

SË BASHKU PËR ARDHMËRINË E KOMUNËS ВКЛУЧИ СЕ NË FORUMET NË BASHKËSI ЗЕЛС ZELS INKUADROHU ВО ФОРУМИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

ЗЕЛС ГЛАСИЛО NEWSLETTER ЈАН. / ФЕВ JAN. / FEB ЗАЕДНИЦА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАTA САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ЗЕЛС

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

од имплементирани проекти од програмите АДИ вингинг АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО СТУДИСКИ ПОСЕТИ Tвингинг

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

ЗЕЛС ZELS ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС THE THIRD SESSION OF THE GENERAL ASSEMBLY OF ZELS WAS HELD

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

СТРАТЕШКА РАМКА Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Душица Перишиќ. Dusica Perisic

Transcription:

Regionalen centar za odr`liv razvoj ul. Goce Del~ev br.24 Кратово tel/faks 00 389 31 481 542 e-mail:regionalencentar@gmail.com www.regionalencentar.org.mk Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за Кратово, Јануари,

Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Вовед Здружението Регионален центар за одржлив развој е непрофитна организација со седиште во Кратово. Во своето делување освен Кратово ги опфаќа општините: Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане и Пробиштип, во матичниот регион, и општините Куманово, Кочани и Делчево, во поширокиот регион на делување. Во дел од програмите, здружението својата соработка ја продлабочува како на регионално, така и на национално ниво преку неформалната мрежа на организации - Центри за поддршка на НВО, формираниот ЛАГ во рамки на Североисточниот плански регион(сипр), преку учеството во поголем број на Платформи како што се: Платформа за регионална рурална акција, Право на село, ФИСКАСТ платформа (FISCal Accountability, Sustainability and Transparency како потреба од домаќинско ракување со јавните пари, зголемување на отчетноста, одржливоста и транспарентноста на фискалната политика во Македонија, Платформа за спречување на судир на интереси во јавните институции, Граѓаните за Македонија. Преку програмите на ИПА во последните неколку години соработката се интензивира и се проширува со организации од пограничниот реон во Р. Бугарија како што е Партнери Дупница од Дупница, Пирински туристички форим од Благоевград, но и со организации од Србија, Косово, Црна Гора и Босна. За одбележување е и традиционално добрата соработка со Мировниот Корпус каде веќе трет циклус едноподруго добиваме волонтер во рамки на нашата организација. Организацијата е насочена кон поддршка и одржлив развој на локалната заедница, поголема мобилизација на расположивите ресурси и социо-економско зајакнување и интеграција на регионот пред се во сопствени рамки, а потоа и интеграција на Македонија во рамки на ЕУ. Преку различни коалиции и видови на активности со други организации, се стремиме кон давање на поддршка и придонес кон сите прогресивни и демократски методи на дејствување во различни сфери на општественото живеење. Во исто време организацијата се труди да ја развивa соработката помеѓу граѓаните и власта, ја продлабочува воспоставената соработка меѓу заинтересираните страни во ефективни партнерства и создава услови за целосна граѓанска партиципативност во креирањето локални политики. Во тој контекс даваме максимален придонес во развојот на заедниците преку создавање одржлив модел кој ќе биде применлив независно од промената на власта, заснована на стручност, компетентност и професионална посветеност и независност во сопственото делување. Познавањето на правилата, процедурите и законската регулатива на ЕУ е неопходно во процесот на аплицирање, добивање и искористување на фондовите кои во моментот и се на располагање на Македонија. Токму затоа се наметнувва потребата од целосно, активно и континуирано информирање и едукација на граѓаните. Започнатиот процес на интегрирање во НАТО и ЕУ, и креирање на стабилно и безбедно место за живеење и инвестирање е еден од приоритетите на нашето делување. 2

3 Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Во претходната година, се имплементираа неколку проекти и иницијативи кои беа од особен интерес и значење за целокупната локална заедница и дадоа позитивен импулс на севкупните случувања и процеси на локално и регионално ниво. Од друга страна поголемата вклученоста на граѓаните во покренувањето на иницијативи и носењето на одлуки на локално ниво, е од исклучително значење како за процесот на децентрализација, така и за севкупните демократски процеси во државата. Во оваа 2016 ќе продолжиме со програмските подрачја и области кои сметаме дека се од особен интерес и значење за целокупната локална заедница. Незавидната социо-економска состојба во која се наоѓа регионот и државата, високиот степен на невработеност, постојаната миграција и одлив на високо образовани кадри, како и немањето на популациона политика се само дополнителен мотив за преземање на уште поактивна улога во тековните и развојни економски процеси и активности кои би можеле да се сместат во категоријата на социјално претприемништво, а воедно и да внесат видлива промена во општеството. И покрај сите околности, ние се обидовме да го задржиме правецот на делување кој го трасиравме во изминатите десетина години, во услови кога средствата и помошта до кои може да се дојде, од година на година, драстично се намалува и е oкарактеризиран со постојан тренд на опаѓање, а средствата од домашните извори е прилично канализиран и ограничен. Во една таква состојба се надеваме дека ќе опстоиме во намерите да ги наметнеме соствените ставови и програми по однос на решавањето на определени прашања и делување во приоритетните области и сегменти. Недостатокот на доволно средства рефлектира дополнителна неповолна околина за развој и напредок на цивилниот сектор. Тоа во одредена мерка може да го ослаби линкот со конституентите. Организирањето на локални средби, состаноци, дебатии решавањето на проблеми од мал обем во локаните заедници, овозможи да се одржи постојаниот контак со целните групи. Изнаоѓањето на други солуции и можности, следењето на тековните можности за финасирање, мобилизирањето на различни субјекти и нови човечки ресурси, како и деталното познавање на состојбите на локално и регионално ниво, тимската работа, навременото спроведување на активностите, соработката со други организации и институции, членството во асоцијации и коалиции како и чувство на вистинските проблеми да се делува во вистинско време ќе биде добра основа за успех, понатамошно опстојување, раст и развој на организацијата во целина. Стекнатиот статус на лидерска НВО во регионот, профилираноста и препознатливоста ќе се потрудиме да ги задржиме и во наредниот период, а бројот на спроведени, иницирани и имплементирани проекти да биде уште поголем од претходната година. Транспарентниот начин на работа, желбата и отвореноста за соработка, експедитивноста и стручноста во нашето работење и понатакму ќе бидат основните карактеристики по кои јавноста ќе не препознава во секојдневните случувања.

Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Позадина РЦОР на сцената на цивилниот сектор опстојува веќе 13 години. Зад нас имаме, можеби не доволно долга историја, но секако доволно искуство, желба и амбиции да опстоиме и продолжиме по патот кој го трасиравме уште во 2003 година. Имено на почетокот, во перодот од 2003-2006 година функциониравме како Центар за поддршка на НВО, финансиран преку CARDS на Европската Агенција за Реконструкција. При тоа успешно ја исполнувавме мисијата за зајакнување на граѓанското општество во регионот и пошироко. Од Ноември 2006 се регистрираме како самостоен правен субјект во ЗГ Регионален центар за одржлив развој које е правен, но и морален наследник на претходната организација и веќе започнатите активности. Во текот на октомври 2010 година, а во согласност со новиот Закон за здруженија и фондации, беше извршена пререгистрација. При тоа од Здружение на граѓани се трансформиравме во Здружение Регионален центар за одржлив развој. Како и до сега, така и понатаму несебично ќе го споделуваме целокупниот свој потенцијал и знаење секаде каде што ќе биде тоа побарано од нас, во рамки на сопствените можности и квалитети, при тоа не заборавајќи на нашата мисија, визија и крајна цел која сакаме да ја постигнеме. Во насока на тоа се воспоставени партнерства и потпишани меморандуми за соработка со поголем број на општини и институциите на регионално ниво, за реализација на планираните активности. Сето погоре кажано не обврзува и понатака да продолжиме со пружањето на логистичка помош при имплементација на проектни активности на останатите организации од регионот, но и на поединци, ранливи групи или останати заинтересирани бенефициенти. Во исто време, бидејќи и самите сме дел од овој цивилен сектор ќе се потрудиме да опстоиме и да продолжиме со сопствениот раст и развој. Ова ќе го направиме како во соработка и партнерство со останатите организации на локално и регионално ниво, така и со развивање и продлабочување на соработката со локалните самоуправи и бизнис секторот во регионот. Техничка опременост: Организацијата поседува солидна техничка и канцелариска опременост. Располага со канцеларски простор од околу 100м 2, во централното градско подрачје на Кратово. Канцеларијата е погодна за организирање на средби, состаноци и семинари од поголем обем со можност за целосна логистичка покриеност. Организацијата поседува 7 компјутери, LCD, скенер, графоскоп, печатач, фотокопир, библиотека од 1200 примероци, сала за состаноци за 20 лица, телевизор, видео, музички систем, АДСЛ, лап топ, фотоапарат, камера, проекционо платно, сопствена кујна, дополнителна мала опрема во вид на изложбени паноа и друга опрема неопходна за секојдневно и непречено работење и организирање на сите проектни активности. 4

Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Наша мисија Мобилизација и одржливо искористување на сите расположиви ресурси во локалните заедници, за поголем придонес кон социо-економски развој и интеграција на регионот, пред се во сопствени рамки, а со тоа и полесна и побрза интеграција на Македонија во рамки на евро-атлантските асоцијации. Наша визија Развиен, стабилен и независен цивилен и економски сектор, кој во соработка со јавните институции и бизнис секторот, непречено ќе делува кон подобрување на условите за живот во локалната заедница, подобрување на социо-економската состојба, намалување на процентот на невработени, подобрување на популационата политика и создавање на услови за поголем локален и економски развој. Крајна цел Создавање на локални заедници во кои на секој поединец ќе му се пружи можност за изразување на сопствената креативност и потенцијал, заедници кои ќе претставуваат привлечно место за живеење, работење и инвестирање, со максимална искористеност на потенцијалите, кои ќе бидат ставени во функција на социо-економски раст и развој на општина Кратово, но и на регионот во целина. Идни планови Како и во претходните неколку години, така и во оваа нема да има значајни отстапувања од она што генерално е зацртано со програмските определби, Мисијата и крајните цели на организацијата. Како основен извор на финасиски средства е аплицирањето кај домашни и странски представништва и амбасади, донаторски организации во и надвор од Р. Македонија, како и средства кои се нудат од програмата на ИПА за прекугранична соработка со соседните земји. При крајот на 2015 и почетокот на имаме аплицирано за неколку проектни активности за кои очекуваме повратна информација. Имено на повикот за прекугранична соработка со Република Бугарија имаме поднесено две апликации и тоа во една како носители, а во друgа како партнери. Во првата апликација Модерен туризам за одржлив развој наш партнер е организацијата Пирински туристички форим од Благоевград. Во рамки на проектните актвности сакаме да ги промовираме сите недопрени и неоткриени туристички дестинации во регионот на Осоговието од двете страни на граничниот појас, а кои секако можат и треба да бидат двигатели на локалниот и економски развој на регионот. Во втората апликација со наслов Знаење работа е проект кој е планиран со Партнери од Дупница. Во него се третира прашањето за развој на предприемачкиот дух кај малдите и невработените лица. 5

6 Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Во очекување сме за повратни информации за апликацијата која е поднесена до програмата Civica Mobilitas за институционален грант, финасирана од Швајцарската агенција за развој, а имплементира од МЦМЦ, SIPU и НИРАС. Во текот на ќе продолжат започнатите активности и соработката со Локалниот младински совет на Општина Кратово во рамки на проектната активност Поддршка за вработување на младите во Кратово. Ова е прва поголема активност после основањето на Локалниот Младински Совет, а финасиски е поддржана од Македонскиот Центар за Европско Образование. Во оваа година, ќе продолжат и редовните активности со младинскиот волонтерски клуб во заедничка соработка со МОФ. Волонтерите кои се вклучени во активностите во младинскиот клуб МИК ќе работат и понатаму на детектирањето на проблемите со кои се соочува младата популација и ќе превземаат мерки и активности за нивна популаризација во јавноста, како и предлагање на мерки за нивно надминување. Дебатните клубови остануваат уште една од редовните активности кои ќе бидат застапени во рамки на овој клуб. Средбите се одржуваат еднаш неделно, а клубот е отворен за секој од заинтересираните средношколци од втора, трета и четврта година. Дваесетина младинци ќе продолжат да ги градат сопствените капацитети во неколку области и тоа: волонтерство и спроведување на неколку локални волонтерки акции (во соработка со мрежата Ајде Македонија ), учиме дебата, како и активности за запознавање на американската култура и усовршување на англискиот јазик во рамки на програмата COEXIST, водена од волонтерот на Мировен Корпус Алисон Смит. Исто така ќе продолжи соработка со филмскиот фестивал Македокс, во насока на промовирање на документаристиката кај различни целни групи. Во соработка со организацијата Finance Think од Скопје, во проект поддржан од Британската амбасада во Р. Македонија, на почетокот на ќе се подготви Cost-benefit анализа на државната политика од областа на инвестиционите проекти во неколку различни области. Нашето здружение во партнерство со здружението Квантум прима од Кавадарци, треба да подготви анализа за оправданоста и финсиските импликации и придобивкиите од изградбата на делницата од Коридорот 10, Демир Капија - Смоквица. Во текот на, треба да финализира и активноста започната претходната година, а во врска со набавката на спортска опрема за Тенискиот клуб Кратово од Кратово. За оваа цел беше објавен повик за доброволно донирање на финансиски средства (crowd funding). Повикот беше објавен во текот на месец номеври 2015г. и треба да заврѓи до крајот на февруари 2016г. Ова ќе биде прва поголема помош која е насочена кон развојот и унапредувањето на тенискиот спорт на младите луѓе во Кратово. Поради изразениот интерес за изучување на германски јазик, од Јануари 2016 година ќе бидат оформени две групи од по 15 лица за почетен и напреден курс по германски јазик. Англискиот јазик ќе се изучува преку активностите кои се организирани од волонтерката на Мировен корпус и преку сесиите за дебата во рамки на Младинскиот волонтерски клуб. За останатите групи по француски,

Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за италијански и шпански јазик немаше доволно интерес и тие оваа година нема да бидат во функција. Во оваа година планираме да аплицираме и за финансиски средства од програмата Европа за граѓаните во соработка со организацијата Bravo Technologies од Стара Загора, Република Бугарија. Апликацијата ќе биде во насока на оформување на волонтерски клуб и активности за користење на Дронови во хуманитарни цели и превенција од елементарни непогоди. Како и до сега ќе продолжиме со пружање на логистичка поддршка на останатите субјекти на локално и регионално ниво. Отвореноста за соработка и коалицирање останува и понатаму како една од можностите преку кои може да се обезбеди поголема промоција и видливост во работата на самата организација. Од друга страна, преку конкретни активности, ќе се обидеме да постигнеме видливи резултати во локалната заедница, со што во уште поголема мера ќе ја зајакнеме сопствената самодоверба и довербата на локалната зедница кон нас. Целни група во нашата работа ќе ни бидат останатите здруженија, претставниците од локалните заедници, локалните институции, младите и бизнис секторот. Стратешки цели Ефективен и брз развој на регионот, во кој дејствуваат ефикасни институции и транспарентна власт, а локална заедница се развива во хармонија, како пример на етнички соживот, толеранција и меѓусебно разбирање. Како индиректни цели се: привлекување на странски капитал и инвестиции, подобрување на социо-економската состојба на населението, намалување на процентот на невработеност и креирање на професионална, ефикасна и транспарентна власт и локални институции. Програмски подрачја Во текот на наредниот период ќе дејствуваме во неколку области и тоа: 7 Промоција на туристичките потенцијали на регионот и нивно ставање во функција на Локале економски развој, Зголемување на степенот на транспарентност и отчетност во работењето на институциите на локално ниво, Потикнување и унапредување на младинскиот иницијативизам, креирање на младински политики, волонтерско работење, аргументирано изразување и развивање на дебатерски способности и вештини Креирање на модел за граѓанско учество во креирањето на локални политики и поттикнување на граѓански активизам; Подобрување на социо-економскиот статус на жителите во локалната заедница и локален економски развој преку развој и имплементација на програми за предприемништво и вработување на млади кадри, Регионална соработка со организации од Балканот во областа на едукација на млади за граѓански активизам и волонтерско работење,

Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Спроведување на програми за енергетска ефикасност на општините и инстуциите на локално ниво и Идентификација на нови области за прекугранична и меѓународна соработка преку ИПА фондовите и останатите програми на ЕУ. Временска рамка за реализација на предвидените активности Акивности: 1. Подготвка на Cost-benefit анализа за оправданоста и финсиските импликации и придобивкиите од изградбата на делницата од Коридорот 10, Демир Капија - Смоквица. Временска рамка: Јануари - Март 2. Имплементација на активностите во проектот Поддршка за вработување на младите во Кратово преку МИК и Младинскиот совет на Кратово. Март Мај 3. Организирање на курсеви и обуки за сите категории на заинтересирани граѓани и членови на организацијата по германски и англиски јазик. 4. Активности во рамки на програмата COEXIST, предводена од волонтерката на Мировен Корпус. 5. Покренување иницијативи и креирање младински политики, волонтерска работа, дебатерство и аргументирано изразување преку младинскиот волонтерски клуб МИК во соработка со МОФ од Скопје. 6. Обезбедување на средства и набавка на спортска помошна опрема за Тенискиот клуб Кратово од Кратово. 7.Логистичка поддршка, помош и евентуално партнерство со останати организации кои ќе изразат желба за соработка за останати активности од заеднички интерес. Јануари - Декември Февруари Ноември Јануари Декември Јануари Април Јануари Декември 8. Продлабочување и унапредување на соработката со медиумите на локално и централно ниво, а во насока на промоција на проектните активности и анимирање на пошироката јавност за спроведените тековни активности и идните планови на здружението. Зголемување на степенот на транспарентност со објавување на официјалните документи и и активности на здружението на сосптвената веб страна www.regionalencentar.org.mk Јануари Декември 8

Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Партнери и соработници Како главен стратешки партнер за остварување на мисијата на организацијата и понатаму остануваат досегашните фондации и меѓународни претставништва во Македонија и на регионално ниво. РОЦР има реализирано и воспоставено партенрства со Општина Кратово, Општина Куманово, Општина Крива Паланка, Општина Пробиштип, Општина Ранковце, Општина Кочани, правните наследници на единаесте центри за подршка на НВО, ФООМ, МЦМС, UNDP, USAID, Мировен Корпус Македонија, Амбасада на САД во Р. Македонија, Канцеларија на Светска Банка, Транспарентност Нулта корупција - Скопје, Глобален Еколошки Фонд Македонија, Младински Образовен Форум Скопје, Центар за Меѓукултурен Дијалог Куманово, Плоштад Слобода - Скопје, Центар за современи уметности Скопје, CeProSARD Скопје, Институт за демократија Социетас Цивилис - Скопје, Балканска Младинска Фондација, Фондација за локален развој на заедницата - Штип, Еднакви за сите - Кочани, Егри Крива Паланка, РРОМА Кратово, ЕКОКРАТЕР Кратово, Црвен Крст Кратово, Здружение на пензионери oд Кратово, Здружение на родители на деца со церебрална парализа, Извор Кратово, HAEMU од Скопје, филсмкиот фестивал Makedox, Ајде Македонија СКопје, Младински Сојуз Крушево, Североисточен плански регион, Членки сме на Локалната Акциона Група ЛАГ Осоговски Лисец, понатаму со Партнери Дупница од Дупница, Пирински туристички форум од Благоевград и Браво технологии од Стара Загора, Република Бугарија, со Куќа на Европа Каен, Долна Нормандија Франција, Универзитет Медитеран Факултет за визуелни уметности од Подговрица, Црна Гора, КОП од Ниш, ART Plus од Призрен- Косово, и други. Извори на финансирање Можностите за прибирање на средства ги гледаме преку: аплицирање на проекти, од домашни и странски донатори, преку делумно наплаќање на услугите, члeнарина, преку средства добиени од програмите на ИПА и бизнис секторот и преку самофинансирачки активности. Оваа година повторно аплициравме за институционален грант преку програмата Civica Mobilitas, со што искрено се надеваме дека ќе го надминеме проблемот со средства за тековно одржување, кирија, режиски трошоци и плата за ангажирање на две лица за непречено и нормално функционирање на канцеларијата. За нормално функционирање на канцеларијата и покривање на неопходните режиски, програмски и проектни активности, проценките се дека се потребни околу 3.000 евра на месечно ниво. Очекувани резултати: Поголема транспарентност, отчетност и одговорност на јавните институции, Намалување на процесот на миграција и подобрување на популационата политика, 9

Програма за работа на Регионален центар за одржлив развој Кратово за Поголема младинска вклученост во креирањето на локални политики, Дополнителни вложувања од страна на државните институции и локалните власти во насока кон зачувување и промоција на културно-историското наследство, Нови иницијативи и решавање на прашања од општ интерес за локалните заедници, Видлив ефект кон напорите за социо-економски развој на заедницата, Изграден имиџ, препознатливост во регионот и пошироко и сопствено промовирање и профилирање, Осоговскиот регион, посакувана дестинација за домашни и странски посетители. Искрено се надеваме дека со целокупниот потенцијал, знаење и сопствени капацитети ќе продолжиме со несмалено темпо и енергија да го градиме имиџот на организацијата во втората деценија од нашето постоење. 25.02.2016г. Кратово Претседател, Здружение Регионален центар за одржлив развој Јасмина Давитковска 10