ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

Similar documents
Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Март Opinion research & Communications

ИЗВЕШТАЈ ВО СЕНКА ЗА ПОГЛАВЈЕ 23. за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската Унија

РЕФОРМИ ОД КЛУПА КОЛКУ МОЖАТ ДА БИДАТ ЕФЕКТИВНИ? ОДРЕДУВАЊЕ ГЛАВНИ ПОКАЗАТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

ИЗВЕШТАЈ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

РАБОТЕН ДОКУМЕНТ НА СЛУЖБИТЕ НА КОМИСИЈАТА ИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во прилог на

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

март - јуни 2006 година

РЕФОРМИТЕ ВО БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕКТОР ВО ФУНКЦИЈА НА МИРОТ И ПЕРСПЕКТИВАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕПОСРЕДНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Забелешки за работата на судството и медиумите според домашни и странски организации од политиката и граѓанството

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА РЕФОРМА НА МЕДИУМСКИОТ СЕКТОР РЕФОРМА НА МЕДИУМСКИОТ СЕКТОР ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА

Трет круг на евалуација

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување

МАКЕДОНИЈА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ МЕХАНИЗМОТ ЗА НЕЗАВИСНО ИЗВЕСТУВАЊЕ (МНИ):

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОРАНЕШНАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Структурно програмирање

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Отворање на владата. Водич за најдобри практики на транспарентност, отчетност и граѓанско учество во јавниот сектор.

ИЗВЕШТАЈ НА ЕКРН ЗА ПОРАНЕШНАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИРАЧНИК ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ИЗБОРИ

Коисмение.Штозначиме.

ЗБИРНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ИНФОРМАТОРИ. Реакции. Случаи на дискриминација. Карактеристики на жртвата: Нееднаков третман оваa година. Реакции.

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

Македонија: завршен извештај за

Годишен извештај 2016

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ПРОЕКТ СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИ НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 14 И 28 АПРИЛ ОБСЕ/ОДИХР Набљудувачка мисија на изборите Краен извештај

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

Од нацрт до закон: КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за демократија Социетас цивилис

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Системот на јавните набавки во Република Македонија

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

Transcription:

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

1 Кога зборуваме за Извештајот на Прибе, најчесто мислиме на Итните реформски приоритети - документ на Европската комисија заснован на Извештајот, кој содржи конкретни препораки за дејствување. Ваквиот приод го носи ризикот да се занемари поширокиот контекст и суштината на наодите изнесени во Извештајот, особено со оглед на новата посета на експертската група најавена за јули 2017 г. Затоа во овој документ најпрво се дава кратка оценка на спроведувањето на Приоритетите, која се потпира на систематскиот мониторинг спроведен од Мрежата 23 во целиот период од изминатите две години. Сепак, исто така ќе се осврнеме на основните наоди и препораките од самиот Извештај, со цел да ги идентификуваме најкритичните прашања и ризиците во новосоздадената ситуација, по формирањето на новата македонска влада, истовремено разгледувајќи го потенцијалите за промена. На крајот, за клучните прашања даваме опции и препораки. 1 Препораки на Вишата експертска група за системски прашања во врска со владеењето на правото во однос на следењето на комуникациите откриено пролетта 2015 г., достапни на https://ec.europa.eu/neighbourhoodenlargement/sites/near/files/news_corner/news/news-files/20150619_recommendations_of_the_senior_experts_group.pdf

Судство Спроведување Приоритетите не се постигнати. Наместо деполитизација на назначувањето и кариерното 2 унапредување на судиите, историјатот на назначувања dи одлуките за времени упатувања за 3 вршење на судиска функција од страна на Судскиот совет јасно укажуваат на политичка пристрасност. Притисокот врз судиите се зголемува и преку контроверзното основање на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и покрај спротивното мислење на Венецијанската комисија и реакциите на граѓанскиот сектор. Исто така, донесениот Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната во голема мерка се смета за уште едно ограничување на автономната независност на судството. Највисоките судски органи - Судскиот совет и Врховниот суд не презедоа чекори за заштита на судиите од политичко вмешување. Ова јасно се гледа во случајот на одбивање на приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1 против прераспределбата направена со годишниот распоред, како и на приговорот на поранешниот Претседател на Врховниот суд. Исто така, случајот со годишниот распоред на судиите во Основниот Суд Скопје 1 е приказ на селективниот 4 приод и вмешувањето во независноста на судството од страна на Претседателите на судовите. Поднесените жалби и јавните реакции на некои од судиите претставуваат примери на прекин на претходната практика на само-воздржано однесување на судиите. Претседателот на Советот на јавни обвинители отворено ги бранеше ставовите на Владата и примени селективен и построг приод кон Специјалното јавно обвинителство. Назначувањето на 60 јавни обвинители, врз основа на правен исклучок од утврдените критериуми, заедно со 5 скандалот со фалсификуваните сертификати на кандидатите за јавни обвинители се показатели за примена на политички инженеринг во назначувањето на јавни обвинители. Изразена е дополнителна загриженост во однос на засилената манипулација со системот на 6 распоредување на предметите, но не е ништо сторено во однос на ваквата загриженост. 2 Вклучувајќи го и назначувањето по втор пат на Претседателот на Врховниот суд, познат по тоа што е близок со претходната Влада. 3 Со времено упатување за вршење на судиска функција на судии од основните судови од целата земја во Основниот суд Скопје 1 и временото упатување на седум судии од апелационите судови од другите места во државата во скопскиот Апелационен суд, Судскиот совет директно влијаеше на структурата на судиите кои одлучуваат во случаи во кои се инволвирани високи функционери, а покренати од Специјалното јавно обвинителство. Исто така, изборот на в.д. Претседателите на Основниот суд Скопје 1 и Претседателот на Врховниот суд од страна на Судскиот совет, беше проследен со критики во медиумите, од експертската јавност и од самото судство. Овие практики ги ставаат под знак прашалник основните работни начела на Советот, како независна институција. 4 Претходниот в.д. Претседател и сегашниот Претседател го донесоа скоро истиот распоред за 2017 г. Во првиот случај жалбите на судиите беа уважени од Врховниот суд и пота сите жалби беа одбиени. 5 Под истрага се 33 од вкупниот број на 122 кандидати за основни јавни обвинители. Основното јавно обвинителство најави дека е потребна меѓународна правна помош за прелиминарните истраги на овие случаи. 6 Иако во Извештајот на Прибе се утврдува потребата Судскиот совет редовно да го контролира системот, оваа препорака не е дел од Итните реформски приоритети.

Нови настани/ Оценка Со стапување на власт на новата Влада, постои веројатноста дека ќе се намалат политичките притисоци врз судството. Се менува опкружувањето исполнето со ризици за независноста на судството. Еден од ризиците е веќе инсталираните структури во судството и во независните органи кои го подржуваат ВМРО-ДПМНЕ да продолжат со отпорот кон какви било суштински реформи, со цел: а) да се одбегне кривична одговорност за припадниците на претходната политичка елита за кривичните дела откриени со скандалот со прислушувани разговори; б) давање долгорочна поддршка во судството за политичката и бизнис елита на ВМРО-ДПМНЕ инсталирана во изминатите години на владеење. Во ваква ситуација, одлуките на судовите во предметите покренати од СЈО, иако концентрирани во трите скопски судови (Основен суд Скопје 1, Апелациониот суд и Врховниот суд) ќе бидат испит за судската фела во целина и за потенцијалот на самото судство за неговото реформирање однатре. Другиот ризик е генералниот реизбор на судии (фаворизиран од СДСМ во текот на изборите), па дури и евентуалната проверка на подобноста и одобрување на судиите (vetting), што може да доведе до нови извори на нестабилност. Следствено, доколку Судскиот совет и Советот на јавни обвинители продолжат со досегашното пристрасно однесување и практики, новото владино мнозинство ќе дојде во искушение да интервенира во нивниот состав - малку е веројатно дека тоа ќе го стори со замена на членовите кои ги назначува Собранието (што впрочем е и скоро невозможно според сегашните закони), но затоа може да донесе измени на законите. Ваквиот чекор би бил оценет, особено од меѓународните набљудувачи, како кршење на начелата на независност на овие органи и покрај прашањето во однос на нивната легитимност, со оглед на тоа што не ги извршувале своите должности на независен начин. Сите ризици се остварливи и се штетни за одржливоста на реформите на судството. Дали е можна трета опција? Опции/Препораки -Покренување на инцијатива за донесување на нова Стратегија за судството, која одамна требаше да се донесе. Формирање на Совет за Стратегијата за судството (најсоодветно би било истиот да го формира Собранието), а кој би се состоел од истакнати личности, кои можат делотворно да ја преземат водечката улога; -Започнување на сеопфатна јавна дебата за новата Стратегија за судството; -Обезбедување на активно учество во дебатата на претставници на судството, академската заедница и граѓанското општество; -Јакнење на улогата на Собранието во надзорот на независните органи; започнување на праксата на собраниски расправи за претставниците на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители; -Воспоставување на механизам за обезбедување транспарентност во назначувањето и унапредувањето на судиите; -Укинување на законите за основање на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија; -Укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

Судски и собраниски надзор на следењето на комуникациите Спроведување на Итните реформски приоритети Во оваа област, најголемото постигање е основањето и функционирањето на Специјалното јавно обвинителство. Овој пример го потврдува наодот од Извештајот на Прибе, според кој во администрацијата и во судството има професионалност и посветена служба која е подготвена да ја работи својата работа соодветно Освен оваа конкретна мерка, не се спроведени ниту еден од наодите и препораките од Извештајот, ниту пак Итните реформски приоритети. Во изминатите две години состојбата се влоши. Случаите со прислушуваните разговори покренати од Специјалниот јавен обвинител наидоа на цврст и организиран отпор од владините органи и од судството. Скандалот со следење на комуникациите е симптом/ синдром кој го подвлекува најделикатното и најчувствителното прашање изнесено во Извештајот - функционирањето и (немањето на) контрола врз безбедносните служби. Нови настани/ Оценка 7 Настаните во Собранието од 27 април 2017 г. покажуваат дека политизацијата и партизацијата на безбедносните служби го загрозува функционирањето на демократските институции во земјата. 7 По изборот на Претседателот на собранието на 27 април 2017 г., демонстраторите, многумина со маски, насилно влегоа во Собранието и физички нападнаа пртеници од собраниското мнозинство. Видео снимките од безбедносните камери во Собранието покажуваат дека на групата помагале неколку пратеници од ВМРО од внатре од Собранието. Полицијата не реагираше навремено и соодветно, со што се покренуваат сериозни сомневања во однос на политичкото влијание врз Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи.

Опции Спроведувањето на препораките од Извештајот е еден од најлесните предизвици со кои се соочува сегашната Влада (и со кои многу веројатно ќе се соочуваат и идните влади) формирање на професионални безбедносни служби, во служба на сите граѓани и заедници во земјата и во служба на националните интереси. Краткорочно, главниот предизвик е брзо да се спроведат препораките од Извештајот на Прибе, но без да се компромитира националната безбедност и ефикасноста на борбата против организираниот криминал. При тоа најголемо внимание треба да се обрне на следниве мерки: -Брзо спроведување на итните реформски приоритети, првенствено оние кои се однесуваат на укинувањето на посредничката функција на УБК и укинување на директен пристап кон техничката опрема која овозможува следење на комуникацискиот сигнал; -Формирање на Национален координативен центар за криминалистичко разузнавање, кој делотворно ќе ја овозможи соработката меѓу органите за спроведување на законот и кој ќе биде одговорен за следење на комуникациите во кривични случаи со налог издаден од суд; -Преземање на итни чекори во правец на професионализација на УБК и утврдување на план за реформа на овој орган; -Формирање на координативно одделение / воспоставување на механизам при Владата, кој ќе обезбеди дека сите владини органи ефикасно ги обезбедуваат сите докази побарани од Специјалното јавно обвинителство; -Обезбедување на неопходните ресурси на собраниските надзорни комисии за да се обезбеди капацитетот за ефективен надзор; Среднорочно и долгорочно, Владата треба да се наврати на прашањето на Националната безбедносна стратегија, потпирајќи се на дефинираните национални интереси на земјата и мерките за градење на доверба меѓу заедниците. Исто така, би можел да се преиспита и моделот на собраниска контрола за да се обезбеди поголема ефикасност.

Независни органи Спроведување на Итните реформски приоритети Позитивен исчекор е измената на Законот за Народен правобранител, со што се трасира патот кон доделување на А статус на оваа институција, во склад со Париските принципи. Иако од една страна во неговите извештаи и јавни настапи, Народниот правобранител остро ја критикуваше Владата, практиката на балансирање со политичките владејачки структури евидентно продолжи преку назначување на два истакнати партиски функционери како Заменици народни правобранители, есента 2016 г. Нема големи промени во начинот на функционирање на Дирекцијата за заштита на лични податоци, која не постапи по препораките содржани во Извештајот на Прибе. Дирекцијата, по поднесена жалба, утврди кршење на правото на заштита на личните податоци во однос на објавувањето на приходите на активисти од граѓанското општество. Сепак, оваа институција не презела никакви активности во однос на скандалот со следење на комуникациите. Нови настани/ Оценка Се очекува посилна поддршка од Владата и преземање активности за исполнување на препораките на Народниот правобранител. Со оглед на тоа што мандатот на Директорот на Дирекцијата за заштитата на лични податоци завршува во јануари 2021 г. (со можност за еден реизбор), функционирањето на оваа институција ќе биде од суштинско значење за исполнувањето на приоритетите во оваа област. Опции/Препораки -Владата треба одново да ги воспостави механизмите за преземање активности за спроведување на препораките на Народниот правобранител и да го зајакне надзорот на нивното спроведување од страна на владините институции; -Исто така, Владата треба да преземе про-активна улога во областа на заштитата на лични податоци, потоа да ја утврди состојбата во владините институции и да дефинира планови за зајакната заштита на личните податоци; Владата исто така треба да поднесува случаи до Дирекцијата за заштита на лични податоци; -Дирекцијата за заштита на лични податоци треба да го истражи кршењето на правилата за заштита на личните податоци во случајот со следење на комуникациите и за истото да објави извештај; -Собранието треба да одржи надзорна расправа за заштита на личните податоци.

Политики за борба против корупцијата Спроведување Главното постигање е основањето и работата на Специјалното јавно обвинителство. Иако соочено со систематска и организирана опструкција од владините институции и судовите, СЈО ги продолжи истрагите. Не беше ништо преземено во однос на барањата за законско продолжување на мандатот за покренување постапки и за заштита на сведоци. Покрај тоа, се донесе Законот за укажувачи, но истиот не се спроведува во пракса. Државната комисија за спречување на корупција не ја исполи својата улога на коректор и чувар и беше очигледно пристрасна и дејствуваше во корист на претходната Влада. Нови настани/ Оценка Владата покрена постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, што е легитимно и потребно, со оглед на големото потфрлање на оваа институција во исполнувањето на нејзината уставно дефинирана улога. Во ситуација во која на Специјалното јавно обвинителство не му се одобрува продолжување на мандатот за поднесување на обвинителни акти, назначувањето на нов Обвинител се смета дека е од суштинска важност за одновото воспоставување на владеењето на правото и отчетноста во земјата. Опции -Треба да се покрена постапка за одговорност на членовите на Државната комисија за спречување на корупција; -Владата треба да формира при самата Влада, одделение за борба против корупција (можеби исто така да назначи и министер без ресор одговорен за политиките на Владата за борба против корупцијата) во целите на промовирање на политика на нулта толеранција за корупција и обезбедување на функционирањето на механизмите во однос на укажувачите; -Унапредување на функционирањето на механизмите за укажувачите, особено во рамките на јавната администрација, паралелно со донесување на измени на Законот за укажувачи.

Избори Спроведување Итните реформски приоритети се делумно исполнети, главно преку новиот состав на Државата изборна комисија и ревидирањето на Изборниот законик. Начинот на работа на Државната изборна комисија не е сменет значајно во праксата и покрај тоа што е зајакната транспарентноста во нејзиното работење. Опции -Државната изборна комисија треба да објави аналитички извештај за изборите, во кој ќе се произнесе со препораки за подобрување на изборниот процес; -Треба веднаш да започне јавна расправа за можните измени на Изборниот законик, со цел да се одбегне ситуација во која измените на Изборниот законик се донесуваат во кус период пред самите избори; -Треба да се зајакне транспарентноста на оваа институција, не само во периодот на изборите, туку и за време на нејзиното редовно работење. Јавна администрација Спроведување Развиената законска рамка, вклучувајќи ги и новите закони за администрација станаа празна фасада. Јавната администрација и натаму се злоупотребуваше како главен инструмент за политички клиентелизам, создавајќи ја критикуваната врска меѓу државата и партијата. Нови настани/ Оценка Новата Влада иницираше дебата за нацрт Стратегијата за јавната администрација, преземајќи го истиот текст на Стратегијата од претходната Влада. Владата засега има умерен пристап кон отпуштање на вработени од администрација.

Опции/Препораки Владата треба: -Да ги преземе сите можни мерки за да ја разбие партиската инсталација во јавната администрација; -Да спроведе механизми со кои во иднина ќе се спречи замаглувањето на линијата на разграничување меѓу државата и партијата, како и злоупотребата на јавната администрација од страна на која било владејачка партија; -Да ги ревидира основите и главните начела од нацрт Стратегијата за реформа на јавната администрација; да разгледа мерки за омоќнување на институциите и за унапредување на интегритетот во јавната администрација; -Да воспостави механизам за надзор на постапките за вработување за да се обезбеди нивна транспарентност; Иако од една страна секако дека е важно да се спроведат различните индикатори (ОБСЕ, СИГМА, итн.), од друга страна треба да се избегне изолираното фокусирање само на техничките аспекти на Реформата на јавната администрација.

Медиуми Спроведување Медиумското опкружување и натаму остана во голема мерка зависно од претходната Владата. Медиумите контролирани од претходната Владата ја фалеа владејачката партија, а ги демонизираа опозиционите партии, ширејќи омраза кон поединци кои се спротивставуваат на Владата и ја дезинформираа јавноста со спин стории и факти. Нови настани/ Оценка Ова е област во која промените се почувствуваа веднаш по формирањето на новата Влада, иако немаше значајни законски измени. Се создаде нова клима, со прекин на напојувањето на приватните медиуми со пари од даночните обврзници, како и со прекин на строгата партиска контрола и со покажаниот нов неселективен приод на новата Влада кон медиумите. По самото формирање на новата Влада, неколку весници ги објавија своите последни изданија, заради затворање под нејасни околности на главната издавачка компанија, која беше инволвирана во скандал со перење пари. Опции/Препораки Сега главните предизвици се да се воспостави одржлив начин да се обезбеди независно известување од медиумите и нивна финансиска независност. Укажуваме на опциите и препораките дефинирани од група на релевантни здруженија на 8 медиуми содржани во документот насловен како Предлог за итни демократски реформи. 8 http://iks.edu.mk/attachments/article/274/bp_eng_final_08.07.2016.pdf