ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Similar documents
ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Март Opinion research & Communications

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Биланс на приходи и расходи

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Биланс на приходи и расходи

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Број ноември 2015, среда година LXXI

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

С О Д Р Ж И Н А Стр.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

Структурно програмирање

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

Број јули 2016, четврток година LXXII

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ОМБУДСМАН)

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ОДГОВОРНОСТ НА НОТАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПР објави во медиуми

Број јануари 2015, среда година LXXI

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

ЗАПИСНИК ДЕВЕТО СОБРАНИЕ СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

С Т А Т У Т НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Време за патување, кое може да биде за бизнис и за задо волство.

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

С О Д Р Ж И Н А. Број 14 год. LXVII 7 февруари 2011, понеделник Цената на овој број е 190 денари. Стр.

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

Коисмение.Штозначиме.

ГЛАВА I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Скопје, август 2017 година

Системот на јавните набавки во Република Македонија

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

2.1. Закон за енергетика и подзаконските акти Закон за енергетика Правилник за енергетски карактеристики на зградите

Елена К. Ангелевска-Скепароска МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД-ОСНОВА ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ЕФЕКТИ.

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

март - јуни 2006 година

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Централна кооперативна банка АД Скопје

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

Transcription:

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН Скопје, јули 2008

1. УСТАВЕН ОСНОВ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Уставниот основ за донесување на законот е член 68 став 1 алинеа 2 од Уставот на Република Македонија. 2. ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ СЕ ПРЕДЛАГА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со децении наназад туризмот е составен дел на човечкото живеење. Оквалификуван како голем феномен, оваа стопанска гранка и кај богатите и сиромашните земји и региони во светот, постојано е предмет на економски анализи и развојни планови. Природните убавини и реткости на некоја земја, културно историските споменици и народните обичаи како и гастрономските специјалитети спакувани во некаков туристички пакет, претставуваат невиден натпревар меѓу земјите во светот, помеѓу туроператорите и хотелиерите, која земја колку големо внимание ќе предизвика на себе и колку ќе успее да привлече туристи во своите метрополи или туристички центри, а со самото тоа и прилив на средства кои би се слеале во целата држава. Иако нема свое море, сепак нашата држава благодарение на својата природна убавина и реткости, езера, планини, национални паркови и пред сé, богатото историско и културно наследство пропратено со многу мали нешта кои би можеле да се пласираат во алтернативни форми на туризам, што претставува и во моментов актуелен светски тренд, има потенцијал за привлекување на клиенти на светскиот туристичкиот пазар. За развојот на туризмот, туристичката пропаганда има најголема улога, и тоа општата и комерцијалната. За успешна реализација на општата туристичка пропаганда која ја води државата, треба 3 основни елементи: - каква туристичка пропаганда - каде таа би се реализирала - и како би се реализирала Причините кои се наведени погоре наведуваат на наопходност од формирање на институција која ќе има главна задача да ја промовира државата и да дава подршка за развојот на туризмот. Државата, преку Агенцијата за промоција и подршка на туризмот треба да го покрене развојот на туризмот на тој начин што ќе го стави во функција и комерцијалното туристичко стопанство како што се хотелите, мотелите, камповите, туристичките агенции и сите други учесници во туризмот како транспортот, ПТТ, малата економија и трговијата со производство, а сé во функција на промоција и развој на туризмот. 2

3. НАЧЕЛА НА КОИ СЕ ЗАСНОВА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ Донесувањето на законот се заснова на следните начела: - развој на туризмот во Република Македонија и негово вклучување во светските туристички движења - законска рамка за вршење на туристичката и угостителската дејност - институционално решение за промоција на македонскиот туристички потенцијал 4. СОДРЖИНА НА ЗАКОНОТ Содржината на законот е дадена во вид на предлог на закон. 5. ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ СЕ ПРЕДЛАГА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ПО ИТНА ПОСТАПКА Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон, а пред се поради брзите економски движења во овој сектор и прилагодување со евроспаката легислатива се предлага согласно член 175 од Деловодникот на Собранието на Република Македонија, Предлогот на законот да се донесе по итна постапка.. 3

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Општи одредби Член 1 Со овој закон се основа Агенција за промоција и поддршка на туризмот и се уредуваат нејзините надлежности, организација и работење. Правен статус Член 2 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (во натамошен текст: Агенција) има својство на правно лице. Полниот назив на Агенцијата е: АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ. Скратениот назив на Агенцијата е: АППТ. Седиштето на Агенцијата е во Скопје, a може да има организациони делови во Република Македонија и во странство без својство на правно лице. Називот на Агенцијата во меѓународниот промет е: AGENCY FOR PROMOTION AND SUPPORT TOURISM. Надлежности на Агенцијата Член 3 Основни надлежности на Агенцијата се: - Унапредување и промоција на туризмот; - професионално презентирање на сите сегменти и региони од туристичката понуда; - подготвување и реализиција на Програмата за промоција и поддршка на туризмот, која содржи подпрограми за промоција и подршка на вкупниот и пооделни видови на туризам; - обезбедување информативен пропаганден материјал за промоција на туристичките вредности (штампани публикации, аудио и видео материјали, интеренет презентации, сувенири и др.); - подготвување на објективни анализи и прогнози во врска со движењето на туристичкиот промет во функција на насочување на идни активности; - изготвување маркетиншки анализи на домашниот и странскиот туристички пазар; - активно промовирање на вкупниот туристички потенцијал на Република Македонија во земјата и во странство; 4

- формирање и развивање единствен туристичко информационен систем и негово поврзување со други информативни системи во земјата и странство; - развивање и промовирање нови интегрални туристички производи; - комплетирање на целокупната инфраструктура во македонските туристички центри, креирање на комплетна понуда од културно забавниот живот, превозот, патните ознаки и др.; - иницирање и реализирање меѓународна соработка со сродни организации и институции; - предлагање квалитетни мерки и активности за промоција и подршка во туристички неразвиените делови на државата; - помагање во привлекување во инвестиции за големи хотелски компании; - соработување со светски познати турооператори за привлекување на што поголем број на туристи; - соработување со приватни (домашни и странски) претприемачи и - врши други активности согласно законот и статутот. Принципи на работење на Агенцијата Член 4 Работењето на Агенцијата се заснова на следните принципи: 1) стручност 2) професионалност 3) транспарентност 4) одговорност за работењето и постигнатите резултати. Програма Член 5 Владата на Република Македонија на предлог на Aгенцијата, донесува Годишна програма за промоција и поддршка на туризмот (во натамошен текст: Програма) во рок од 30 дена од денот на објавување на Буџетот на Република Македонија во Службен весник на Република Македонија. Средства за основање и вршење на работите Член 6 Средствата за основање на Агенцијата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Средства за вршење на работите на Агенцијата се обезбедуваат од следните извори: -Буџетот на Република Македонија, врз основа на претходно донесена Програма; - донации и - други извори согласно закон. 5

Органи на Агенцијата Член 7 Органи на Агенцијата се: Управен одбор и директор. Управен одбор Член 8 Со Агенцијата управува Управен одбор на Агенцијата кој се состои од седум члена. Членовите на Управниот одбор на Агенцијата ги именува и разрешува Владата на Република Македонија. За членови на управниот одбор се именуваат: еден член на предлог на министерот за економија, еден член на стопанските комори (по принцип на ротирање на регистрираните стопански комори во Република Македонија), еден член на предлог на министерот за транспорт и врски и четири члена на предлог на Владата. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае четири години со право на повторен избор. Членовите на Управниот одбор имаат право на надоместок. Надоместокот го определува Владата на Република Македонија. Членовите на Управниот одбор избираат председател на Управниот одбор на првата седница. Член 9 Управниот одбор на Агенцијата: 1) донесува статут на Агенцијата, 2) усвојува годишна програма за работа и годишен финансиски план, 3) му помага на директорот на Агенцијата со давање на мислење и предлози за имплементација на Програмата, 4) ги донесува општите акти за организација и систематизација на работењето на Агенцијата, 5) ги разгледува и усвојува извештаите за активностите на Агенцијата, 6) врши и други активности согласно овој закон и Статутот на Агенцијата. Член 10 Член на Управен одбор се разрешува во следниве случаи: - по истекот на мандатот, - на негово барање, - ако е осуден за извршено кривично дело со правосилна судска пресуда со која е изречена казна затвор во траење од најмалку шест месеци - ако настане трајна или привремена неспособност за непречено вршење на функцијата подолго од шест месеци непрекинато или смрт и - кога ќе се утврди дека работи спротивно на овој закон. 6

Директор на Агенцијата Член 11 Со работата на Агенцијата раководи директорот. Директорот го именува и разрешува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за економија. За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: - да има завршено најмалку високо образование; - да познава најмалку еден странски јазик; - да има најмалку пет години работно искуство во областа на туризмот Мандатот на директорот трае четири години со можност за повторен избор. Член 12 Директорот доставува извештај за своето работење, најмалку два пати годишно до Владата на Република Македонија, најдоцна еден месец по завршување на извештајниот период. Во извештајот од ставот 1 на овој член директорот е должен особено да достави податоци за видот и обемот на работите извршени при вршење на работите на Агенцијата. Ако од извештајот за работа се утврдат недостатоци во финансиското работење на Агенцијата, директорот е должен истите да ги отстрани во наредните шест месеци. Член 13 Директорот се разрешува пред истекот на мандатот, во следниве случаи: - на негово барање, - ако не работи и постапува според закон, статут и актите на Агенцијата или неоправдано не ги спроведува одлуките на Управниот одбор или постапува во спротивност со нив, - ако со својата несовесна и неправилна работа предизвика нарушување во вршењето на работите на Агенцијата и причини штета, - ако ги занемарува или не ги извршува обврските и со тоа ќе настанат нарушувања во вршењето на дејноста од интерес на Агенцијата, - ако не достави извештај согласно член 12 став 1 од овој закон, - ако и по истекот на рокот определен во членот 12 став 3 од овој закон не ги отстрани недостатоци и/или во тој рок повторно има недостатоци во финансиското работење, - ако поднесе писмена оставка, - ако е осуден за извршено кривично дело со правосилна судска пресуда со која е изречена казна затвор во траење од најмалку шест месеци, - ако кај него настане трајна или привремена неспособност за непречено вршење на функцијата подолго од шест месеци непрекинато или смрт и - се стекне со услови за остварување право на пензија. 7

Член 14 Директорот на Агенцијата ги врши следниве работи: - ја претставува и застапува Агенцијата, - ја организира работата и раководи со стручните служби на Агенцијата, - предлага програма и акциони планови на Агенцијата, - ја информира Владата на Република Македонија за сите постоечки административни и законски пречки за промоција и подршка на туризмот и предлага мерки за нивно отстранување, - ги спроведува одлуките на Управниот одбор, - се грижи за законито работење и трошење на финансиските средства, - врши усогласување на деловните активности на Агенцијата, - изготвува годишна програма за работа и годишен финансиски план за потребните средства и нивните извори, - ги предлага и извршува општите акти за организација и систематизација на работењето на Агенцијата, - донесува поединечни акти за вработените од областа на работните односи и - одлучува и за други прашања утврдени со овој закон и со статутот на Агенцијата. Член 15 Директорот одговара за работата и законитоста во работата пред Владата на Република Македонија. Член 16 Ако мандатот на директорот и членот на Управниот одбор е истечен, а постапката за именување на нов директор и членови не е завршена, постојниот директор и членовите на Управниот одбор продолжуваат да ја вршат функцијата до именувањето на новите. Одредбите од став 1 на овој член се применуваат и кога директорот и членот на Управниот одбор се разрешени пред истекот на мандатот. Права и должности на вработените Член 17 Стручните, административно-техничките, помошните и другите работи за потребите на Агенцијата ги вршат вработените во Агенцијата. Вработените во Агенцијата, правата и обврските од работниот однос ги остваруваат согласно Законот за работните односи. Член 18 За остварување на работите од членот 4 на овој закон Агенцијата може, врз основа на договор, да користи услуги на правни и физички лица од земјата и странство. 8

Судир на интереси Член 19 Во случај на постоење на судир на интереси, се применува Законот за спречување на судир на интереси. Статут на Агенцијата Член 20 Агенцијата има статут со кој особено се уредува: - начинот на извршување на надлежностите од делокругот на Агенцијата, - надлежностите на управниот одбор и директорот и нивните меѓусебни односи, - правата, надлежностите и одговорностите на вработените, - внатрешна организација на Агенцијата и - друго. Член 21 На статутот, годишната програма за работа и годишниот финансиски план на Агенцијата согласност дава Владата на Република Македонија. Надзор во работењето Член 22 Министерството за економија врши надзор над законитоста на работењето на Агенцијата. Преодни и завршни одредби Член 23 Владата на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе ги именува директорот на Агенцијата и членовите на Управниот одбор. Агенцијата ќе отпочне со работа во рок од 30 дена од денот на именувањето на директорот. Управниот одбор во рок од 30 дена од денот на неговото конституирање го донесува Статутот на Агенцијата. Вработените во министерството за економија кои вршеле работи од областа на промоција на туризмот ги превзема Агенцијата согласно актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата. Член 24 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. 9

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ Оцена на состојбите и целите што треба да се постигнат со предложениот закон Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија се основа со цел да претставува интегрална целина за остварување на сите активности за унапредување и развој на туристичката дејност. Со предлагањето на овој закон се оценува дека оваа институција ќе биде високо префесионална, флексибилна и ќе има голема самостојност во одлучување за активностите од интерес за развој на македонскиот туризам. Со тоа, Агенцијата ќе има активна улога во креирањето на туристичката политика во земјата, со давање предлози за подобрување на амбиентот за поуспешно одвивање на вкупните туристички активности. Агенцијата која ќе биде самостојна во својата работа, ќе покрива спектар на активности од областа на туризмот и ќе има поддршка на Владата на Република Македонија, реализирана преку Министерството за економија. Резимирано, задачите на Агенцијата за туризам би се синтетизирале во следните основни активности: - да го промовира и равива туризмот во Република Македонија - професионално да ги презентира сите сегменти и региони од туристичката понуда - да иницира и реализира меѓународна соработка со сродни организации, институции и др. - да разработува и предлага програми и планови за промоција на вкупниот и пооделни видови туризам - да подготвува објективни анализи и прогнози во врска со движењето на туристичкиот промет во функција на насочување на идни активности - да врши маркетиншки анализи на домашниот и странскиот туристички пазар - активно да го промовира вкупниот туристички потенцијал на Република Македонија во земјата и во странство - да предлага квалитетна законска регулатива, развојни документи на ниво на држава и сл. Со донесување на овој закон ќе бидат разграничени надлежностите меѓу секторот за туризам при Министерството за економија и Агенцијата на следниов начин: Министерството за економија согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа ќе ја остварува надлежноста дефинирана со член 20 од овој закон и тоа: следење на состојбите и предлагање на мерки за остварување на развојната и тековната економска политика во областа на туризмот и угостителството. Покрај оваа надлежност Министерството за економија преку секторот за туризам ќе подготвува и предлага на Владата на РМ предлог текстови на законската регулатива од областа на угостителството и туризмот со кои би се влијаело на подиобрувањето на окружувањето за бизнис секторот во областа на туризмот и угостителството, а исто така ќе донесува и подзаконски акти со кои се допрецизираат одредени прашања за политиките во овој сектор. Понатаму секторот ја спроведува постапката за лиценцирање на угостителските објекти кои подлежат на лиценца и тоа ноќен бар, кабаре, диско клуб и диско клуб на отворено, како и лиценцирањето на туристичките агенции. 10

Министерството за економија исто таке ќе се грижи за реализација на Стратегијата за развој на туризмот која беше промовирана кон крајот на 2007г. Агенцијата ќе се грижи за остварување на следниве надлежности: - Унапредување и промоција на туризмот; - професионално презентирање на сите сегменти и региони од туристичката понуда; - подготвување и реализиција на Програмата за промоција и поддршка на туризмот, која содржи подпрограми за промоција и подршка на вкупниот и пооделни видови на туризам; - обезбедување информативен пропаганден материјал за промоција на туристичките вредности (штампани публикации, аудио и видео материјали, интеренет презентации, сувенири и др.); - подготвување на објективни анализи и прогнози во врска со движењето на туристичкиот промет во функција на насочување на идни активности; - изготвување маркетиншки анализи на домашниот и странскиот туристички пазар; - активно промовирање на вкупниот туристички потенцијал на Република Македонија во земјата и во странство; - формирање и развивање единствен туристичко информационен систем и негово поврзување со други информативни системи во земјата и странство; - развивање и промовирање нови интегрални туристички производи; - комплетирање на целокупната инфраструктура во македонските туристички центри, креирање на комплетна понуда од културно забавниот живот, превозот, патните ознаки и др.; - иницирање и реализирање меѓународна соработка со сродни организации и институции; - предлагање квалитетни мерки и активности за промоција и подршка во туристички неразвиените делови на државата; - помагање во привлекување во инвестиции за големи хотелски компании; - соработување со светски познати турооператори за привлекување на што поголем број на туристи; - соработување со приватни (домашни и странски) претприемачи и - врши други активности согласно законот и статутот. Средствата потребни за основање и работа на Агенцијата во оваа година ќе се обезбедат од Програмата за развој на туризмот. Со донесување на овој закон, министерството за економија ќе престане да се грижи за донесување и реализација на оваа Програмаза развој на туризмот, бидејќи со овој закон се предлага Агенцијата да предлага и да се грижи за реализација на Програма за промоција и поддршка на туризмот. Со цел за усогласување на активностите при креирањето и реализација на политиките во областа на туризмот, односно нивна кохерентност, Програмата задолжително ќе се доставува до министерството за економија, пред нејзиното усвојување од Владата. На овој начин Агенцијата ќе може да ги спроведува активностите кои ќе бидат определени со Програмата за промоција и поддршка на туризмот, предложена од Агенцијата, а усвоена од Владата. На правата и обврските и одговорностите на вработените во Агенцијата ќе се применува Законот за работните односи. 11

Средствата за плати на вработените треба да бидат обездедени од Буџетот на РМ. Со оглед на тоа што претходно е објаснето дека министерството за економија и по донесување на овој закон ќе ги извршува надлежностите утврдени со закон, во моментов не е направена конкретна проценка како понатаму ќе биде организиран секторот за туризам при министерството и како ќе бидат систематизирани работните места во него. Од тука произлегува дека може да се направи проценка за тоа како ќе бидат организирана Агенцијата и како ќе бидат систематизирани работните места, за што е направен образец на проценка на фискалните импликации. Финансиски средства Потребните финансиски средства за спроведување на овој закон се предвидени во Буџетот. До донесувањето на Програмата за промоција и поддршка на туризмот, Агенцијата ќе се финансира со средствата од Програмата за развој на туризмот за 2008 година, објавена во " Службен весник на РМ бр.11/2008". 12